![]() |
![]() |
![]() |
Скопско Кале |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 32> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ПАСКО КУЗМАН, ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО, НА РАБОТНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА ВО ОХРИД Место црква, три музеи на Скопското кале Едниот објект е посветен на праисторискиот период, што Албанците си го нарекуваат дека е период од Дарданците
Паско Кузман го затековме со колеги археолози од Бугарија и од САД во
родниот Охрид, во близина на црквата "Св.Софија" каде што закрепнува по
операцијата од минатиот месец.
Еден од омилените проекти на Паско Кузман е Заливот на коските, за
кој вели оти е целосно завршен проект, но најавува дека во иднина
планираат да отворат национален ресторан. Ресторанот, додава Кузман, ќе
биде целосно вклопен во просторот каде што туристите ќе можат да јадат
повеќе домашни јадења, како ѓомлезе, питулици, гравче. |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Шехапи: Кале без верски објестиНационалниот центар за конзервација бара вклучување на свои експерти во решавање на проблемот околу скопското Кале, каде претходно се случи меѓуетнички инцидент, заради изградба на црква-музеј.Директорот, Бехиџудин Шехапи вели дека во темелите на Калето се најдени траги од два исламски верски објекта, но тој ја брани позицијата дека на калето не треба да има верски објекти, бидејќи тој простор треба да служи како туристичка атракција. Градежните работи на црквата беа стопирани по интервенцијата на граѓаните, цивилното општество, но и на функционери од ДУИ. "Ветено ни е дека наши експерти ќе бидат вклучени во регулирањето на прашањето на калето, чекаме редефинирање на проектот и како што најави премиерот, ќе има јавна дебата и мултидисциплинарен пристап за решавање на прашањето. Мислам дека ќе се избере решение кое ќе одговара на глобалните стандарди и закони и скопското Кале ќе биде место за посетители, атрактивно место без верски објекти", изјави Бехиџудин Шехапи, директор на Националниот конзервациски центар. http://alsat.mk/vesti/zemja/2378242.html |
||
![]() |
||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
|
Актуелизирајте ја борната дилема со ваши написи по разни форуми - за да го заштитиме можното уништување на археолошки локалитет долен град ...
|
||
волан
|
||
![]() |
||
волан ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Dec-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 192 |
![]() ![]() |
|
Дали управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје - ке се гради врз археолошки локалитет Долен град ?!!Сл.1.
Позната средновековна гравура на Скопското Кале, од холандски патеписец
- кој направил скица во која јасно се гледаат контурите на Горниот Град
т.е. сегашното Скопско Кале и со зидини ограден Долен Град, на местото
на бараките на ЈП Водовод и Канализација Скопје ... Доста долго време ги следам сите написи и случувања поврзани со археолошките истражувања на Скопското Кале. Во изминатите неколку години многу работи околу историјата на скопското кале делумно се разјаснија. Во текот на археолошките ископувања се убицира една од трите цркви во рамките на Горниот град - Кале.
Јасни индиции постојат дека под ресторантот на Скопското Кале е уште
поголема Црква. Веројатноста дека некаде во средишниот дел на Калето е
уште една црква е голема. Написот го посветувам на можниот археолошкиот локалитет Долен Град - Кале,
кој на првата слика холандскиот патеписец на гравурата го нацртал под
западниот бедем на Горниот Град Кале. Онака како е нацртано од
патеписецот се гледа јасно Долниот град Кале е утврден на сличен начин
како и Горниот Град - но со нешто пониски зидови. На сите агли постојат
Кули како и во Горниот град. Во внатрешноста на Долниот град патеписецот
одсликал многу профана градба. Во средината на Долниот град се гледаат
контури на уште една Црква. Сл. 2 Сегашен Гоогле изглед на Скоското Кале и можната локација на Долниот град.
Вистинска мистерија се неистражените долни слоеви на Старата скопска чаршија.
Многу мина мислат дека под тука е и изгубениот Град Јустинијана Прима.
Повеќе можете да прочитате на подолу линкован напис од археологот
Василка Димитровска Метаморфозите на Скопското Кале Сл. 4 Изглед на најстарата гравура на Скоското кале,
која воедно е и најстар графички приказ на Скопското утврдување. И тука
јасно се гледа дека осем Горен Град, постои и утврден долен град. Сл. 5 Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... Сл. 6 Симулација на Долниот град, преземена од форумот www.build.mk ... И на двете горни симулации јасно се гледа местоположбата на Утвредниот Долен Град под Скопското Кале ... Сл. 7 Сегашна Гоогле Мапа на Скопското Кале Горниот град и можните локации на Долниот Град ... Деновиве Градот Скопје и ЈП Водовод и Канализација Скопје, се во трка со времето за изградба на нова Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација Скопје. Од старите бараки веќе се иселени сите вработени на ЈП Водовод и Канализација, како и ЈП Јавна Чистоќа. Веќе е распишан оглас за проект и изградба на новата Управна зграда на ЈП Водовод и Канализација. ![]() ![]() Деновиве се прошетав околу можната локација на новата Управна зграда на ЈП „Водовод и Канализација“.
Подолу ке Ви представам неколку мои нови фотографии од местото кои
потврдуваат дека старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје се
иселени. Чуварите ме информираа дека веќе се извршени геолошките
испитувања на локацијата и дека секој ден чекаат да се појават луѓе со
лопати да фрлат камен темелник на новата зграда на ЈП Водовод и
Каналуправна Скопје. Прашав дали случајно виделе
луѓе од Заводот за заштита на споменици на Македонија, кои се надлежни
да дадат согласност за Дозвола на градба над можен Археолошки локалитет - ми потврдија дека такви луѓе не сретнале во блиското минато. Јавно ги повикувам сите археолзи и загрижени Скопјани да
се спротивставиме на почеток на градба на новата зграда на ЈП Водовод и
Канализација Скопје, без претходно да се извршат темелни археолошки
истражувања на теренот. Сл 10 Поглед кон Кале и старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје, кои се можна локација на Долниот Град Кале ... Сл. 11 Старите бараки на ЈП Водовод и Каналуправна Скопје Сл. 12 Сл. 13 Рушењето на бараките и расчистување на теренот е започнато Сл. 14 Остатоци од амамот на чошот од новата зграда на Царинарницата под Кале ... Сл. 15 Поглед од Горнот кон Долниот град Кале ... сегашност
|
||
волан
|
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
а знаат ли овие од друштвово што е конзервација а што реконструкција? и знаат ли воопшто по кој принцип оди реконструкцијата на објекти кај нас? ...зборам за објекти стари стотици или илјадници години за кои немаме друга претстава како изгледале освен од нивните темели
а како музеј или изложбен центар може да служи било кој објект, постоечки или новоизграден се согласувам со тоа што го кажале во однос на уништувањето на културното наследство, но самите си го побиваат кажаното со останатите изјави |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
15.02.2011. - Реакција на Македонското археолошко научно друштво по повод последните случувања на Скопското Кале
По повод последните случувања на скопската тврдина Здружението на археолозите на Македонија (Македонско археолошко научно друштво - МАНД) е испровоцирано најостро да реагира на низа дејствија и активности, за кои сметаме дека сериозно и штетат не само на сликата за Македонија како цивилизирана европска средина, но и на тешко стекнатиот углед на археологијата во Македонија, како една од ретките дејности чии резултати се почитувани во европски и светски рамки. Скопското Кале е еден од водечките археолошки локалитети во Македонија. По обемните истражувања во последните 4 години тој веќе е нашироко афирмиран како незаобиколив пункт во познавањето на балканската праисторија, средновековие и отомански период. Повеќеслојноста на локалитетот, модерниот методолошки пристап во истражувањата, како и севкупните откриени културно-историски вредности, го прават вистинска гордост на македонската археологија, која очекуваме во целост да се експонира по конзервацијата на откриените движни и недвижни објекти и нивната трајна презентација во рамки на финалното уредување на внатрешниот простор на Калето. Во секој случај, Скопската Тврдина претставува споменик на култура од прва категорија, со што подлежи на строгите меѓународни критериуми за негова заштита и презентација. Во таа смисла, единствено археолозите - истражувачи, на основа неговите карактеристики, потенцијали и откриени културни вредности можат да сугерираат решенија за негово идно уредување и да предлагаат солуции за откриените градби, кои утре ќе бидат јавно презентирани и ставени во идна туристичка, културна и научна експлоатација. Силно реагираме на можноста секоја една група граѓани, било да се тоа од типот на “Разбуди се”, политичка или етничка група, да решава за судбината и иднината на еден ваков споменички пункт. Без да се познаваат и почитуваат вредностите на споменикот како и меѓународните принципи за негова заштита и презентација и да се изнесуваат неосновани желби потикнати единствено од политички потреби, ја доближуваат нашата земја до некои од азијатските земји, а нашата археологија ја претвараат во слугинка на политиката. Идејата за реконструкција на црквата од 13 век, откриена 2007-та година во југоисточниот агол на тврдината и нејзината намена за изложбен простор, нашето здружение во целост ја подржува и ја смета за оптимално решение. Тоа е без сомнение најдобрата солуција, не само за заштита на оргиналните остатоци на самиот објект, туку и за остварување на потребата за експонирање на откриените наоди и документација, на самата Скопска Тврдина. Уште повеќе, очекуваме и ги охрабруваме надлежните, тој простор да биде наменет за постојана музејска експозиција само на наодите поврзани со Средновековно Кале, така што за останатите два големи периоди на употреба на Калето (Праисториско и Отоманско Кале) да се изнајдат исти такви соодветни објекти, кои по конзервацијата и реконструкцијата би се намениле за изложбени простори за артефактите од праисториските култури и од отоманската култура. Сето тоа, потенцијалите на Скопската Тврдина го овозможуваат, но и го налагаат како неопходност. Од Членството на Македонско ахеолошко научно друштво http://www.mand.org.mk |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Sale SK ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 16-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 258 |
![]() ![]() |
|
Па за тие пари беше изградена Црквата на Плаошник.Да не е помала цифра?Или запишуваат на каса-прими... |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Калето е затворено од безбедносни причиниКалето веќе три недели е затворено за посетителите и пошироката јавност поради безбедносни причини.http://www.makfax.com.mk/#2%2F248213%2Fjankuloska_kaleto_e_zatvoreno_od_bezbednosni_prichini |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Observer ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-Oct-2010 Location: MK Online Status: Offline Posts: 271 |
![]() ![]() |
|
Ако некого го интересира, Кале е затворено за посетители. Прееска бев полицaецот ми рече дека не е отворено :-)
|
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека 1 и пол милиони евра. |
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Праисторија
Повеќе населби од различно време меѓусебно јасно се издвојуваат според урбанизацијата, архитектонските белези и културните манифестации. Така, праисториското живеење се одвивало во најмалку 3 населби (енеолитска, бронзено временска и железновременска), додека во текот на средниот век и на турскиот период се живеело уште во најмалку 3 последователни населби (првата од X-XIII / XIV, втората од XIV-XVI век и третата од XVII-XX век). Најстарите остатоци од човековата активност на Скопското Кале директно се врзани за археолошката здравица, во која се откриваат вкопани различни објекти, како и остатоци од иницијалната населба од бакарното време - енеолитот или од 4 милениум пред Христа. Се работи за земјенки или полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти или отпадни и складишни јами. Инвентарот го сочинуваат бројни форми на керамички садови за различна намена, култни предмети, глинени скулптурки, но и алатки и сечива од коска, камен и кремен. Низ следниот период на бронзеното време или во текот на III и на II милениум пред Христа, праисториското живеење продолжило, но на помал простор, главно, ограничен во североисточните делови на Калето каде, покрај бројните движни наоди и остатоци од печки за керамика од раното бронзено време се документирани делови од стамбени објекти од средното бронзено време и една куќа од доцното бронзено време. Најмладата праисториска населба од железното време (прва половина на првиот милениум пред Христа), значела продолжување на животот. Иако на многу мала површина, сепак откриени се остатоци од вообичаената праисториска архитектура или куќи на правоаголна основа, градени и со дрвена скелетна конструкција од колци и плет. Според истражувањата констатирано е дека поинтензивни остатоци од живеење во следните векови од втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не се откриени но поедини наоди потврдуваат одредени активности на Калето во текот на IV век пред Христа. Во таа смисла, откриен е култен простор, една ритуална јама со остатоци од животински жртви, ритуално јадење, керамика, вообичаена за IV век пред Христа во Скопско, заедно со една бронзена монета на Александар III, досега најстарата откриена монета на Калето. Среден Век Повеќе населби од различно време меѓусебно јасно се издвојуваат според урбанизацијата, архитектонските белези и културните манифестации. Така, праисториското живеење се одвивало во најмалку 3 населби (енеолитска, бронзено временска и железновременска), додека во текот на средниот век и на турскиот период се живеело уште во најмалку 3 последователни населби (првата од X-XIII / XIV, втората од XIV-XVI век и третата од XVII-XX век). Најстарите остатоци од човековата активност на Скопското Кале директно се врзани за археолошката здравица, во која се откриваат вкопани различни објекти, како и остатоци од иницијалната населба од бакарното време - енеолитот или од 4 милениум пред Христа. Се работи за земјенки или полуземјенки со функција на живеалишта, култни објекти или отпадни и складишни јами. Инвентарот го сочинуваат бројни форми на керамички садови за различна намена, култни предмети, глинени скулптурки, но и алатки и сечива од коска, камен и кремен. Низ следниот период на бронзеното време или во текот на III и на II милениум пред Христа, праисториското живеење продолжило, но на помал простор, главно, ограничен во североисточните делови на Калето каде, покрај бројните движни наоди и остатоци од печки за керамика од раното бронзено време се документирани делови од стамбени објекти од средното бронзено време и една куќа од доцното бронзено време. Најмладата праисториска населба од железното време (прва половина на првиот милениум пред Христа), значела продолжување на животот. Иако на многу мала површина, сепак откриени се остатоци од вообичаената праисториска архитектура или куќи на правоаголна основа, градени и со дрвена скелетна конструкција од колци и плет. Според истражувањата констатирано е дека поинтензивни остатоци од живеење во следните векови од втората половина на првиот милениум пред Христа, засега не се откриени но поедини наоди потврдуваат одредени активности на Калето во текот на IV век пред Христа. Во таа смисла, откриен е култен простор, една ритуална јама со остатоци од животински жртви, ритуално јадење, керамика, вообичаена за IV век пред Христа во Скопско, заедно со една бронзена монета на Александар III, досега најстарата откриена монета на Калето. Археологија Скопското Кале претставува еден од најпривлечните, и најпровокативни, но во исто време и најконтроверзни и најсложени локалитети за археолошко истражување. Иако се неспорни и сосема доволно документирани неговите големи археолошки потенцијали, сеуште се непознати неговите основни културни и историски параметри. Иако претставува локалитет на кој се вршени најголем број археолошки - конзерваторски интервенции сеуште е третиран како обично излетничко место, многу повеке отколку како вистински археолошки локалитет. Археологијата, конзервацијата и ревитализацијата на Скопското кале е повеќегодишен проект на Владата, планот е следната година да се конзервираат бедемите кои ги гледаме од сите страни на градот, а со поголема археолошка акција ќе се продолжи во 2009 година. Во досегашните археолошки истражувања меѓу најзначајните предмети се земјанки од 4 милениум пред Христа, печки за керамика од раното бронзено време, најстарата монета од стотиците пронајдени, со ликот на Александар Трети од 4 век пред наша ера. Според наодите од 12 век и византиското време, на Калето се живеело во благосостојба и мир. Пронајдени се луксузни трпезни садови кои се вистински уметнички дела. Почнале да се градат цркви, а се претпоставува дека во 13, 14 век таму имало 4 цркви, меѓу кои е и крстообразната или соборна, од каде што се фрагментите од фрески. Средновековниот период бил со најбогат живот на Калето. Со доаѓањето на Турците, се градат бедемите кои сега ги гледаме, и Калето е повторно во воена функција. |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Sale SK ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 16-Aug-2009 Online Status: Offline Posts: 258 |
![]() ![]() |
|
Дали некој знае колку чини изградбата на тој музеј на Кале?
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
Без разлика што требало да биде, дали црква, музеј или само заштитна конструкција мене естетски некако не ми се допаѓа. Мислам дека ја нарушува визурата на ѕидините и дека ако веќе мора да има некаква заштита врз тој простор тоа да биде доволно ниско за да не штрчи барем гледано од главните правци на движење во тој дел.
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Mislam deka zavrshivme so proceduralniov del, ako ima navredi ke reagirame vo brzo vreme. Noramlno nema nikoj dezuren na forumov za dve minuti da skrati no sigurno na zeshka tema kako shto e dnovie nema da bide ostaveno tuku taka da se sluchi zbrljotka i tuka.
I ne si svakajte se pri srce, sekoj si ima pravo na mislenje, malku pogolema demokratichnost i tolerantnost bla bla.... And keep to the topic. ![]() Edited by lslcrew - 17-Feb-2011 at 12:35 |
||
![]() |
||
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
|
Доволно е некој да отвори профил и да стави еден пост - отиде све у мајчину...убаво си беше затворена темава...
|
||
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Ne znam od kade ova preterana praksa!Sk2014 100 pati poloso bese pa nikomu nisto, nemase kluc osven brisenje komentari i mislam deka i kaleto zasluzuva vakvo nesto.
Ne preterajte ![]() |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Беше заклучена неколку дена и вчера со текстот ја отворив да видиме колку паднале страстите. Сега за сега добро иде смирено.Ако треба брзо ќе реагираме.
Edited by lslcrew - 17-Feb-2011 at 11:34 |
||
![]() |
||
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
|
Не би се согласил дека нема потреба од заклучување на темава. Сепак имаме негативно искуство од пред 1 недела со оваа нишка, пред и да се случат тепачките на Кале. Имаме лошо искуство и со други нишки, а судејќи според последниот објавен текст за Калето од дневник кој е 99% политички и коментарите кои би произлегле од него апелаирам до модераторите, подобро да се спречи отколку да се лечи. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 32> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |