![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 29> |
Author | ||
Delyno ![]() Newbiе ![]() Joined: 15-Mar-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Бугарија е почнала од пониско ниво од Македонија поради банкрот 97 година, па не е многу за фалење дека се уште не е многу далеку од нас.
Според податоците на Еуростат Македонија била на 27%, а Бугарија на 26% 1997 година, сега 15 години подоцна Македонија е на 36%, Бугарија на 45% ... Со тоа темпо по 10 години Бугарија ќе е на 20% напред, по 20 години на 30% и сл. ![]() Edited by Delyno - 10-Jul-2012 at 14:14 |
||
![]() |
||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
|
За да аплицираш, за да направиш тендер, да завршиш един проект и да предадеш целата документациja како финале за един автопат или един дел от метро или за голем инфраструктурен проект ти требат неколко години. ЕУ има програмни периоди от 7 години и се уште тоа е првиот програмен период за државите кои влезаха во ЕУ 2007- тоа са Руманиja и Бугариja. Оценките се дека во вториот програмен период повекето држави почувствуват резултати. Коj докаде е стигнал до своja развоj от државите во ЕУ и кандидатките можеш да видиш овде. http://epp.eurostat.ec.europa.eu/tgm/table.do?tab=table&init=1&plugin=1&language=en&pcode=tec00114 Относно заплатите-тоа што читаш за 1лев за час е наплата над платите им,а не тоа да им са платите. И ке ти бидам благодарен ако запреш со навредливите си приватни пораки на етничка основа. Edited by ink - 10-Jul-2012 at 13:29 |
||
![]() |
||
Block ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
![]() ![]() |
|
За градовите се согласувам,за жал поцентрализирана држава од Македонија нема,така да тоа може да важи за Македонија а не за Бугарија. Но ти не би се согласил дека треба да се очекува повеќе од држава која е 6 години во ЕУ? Андреј пред некој ден читав баш околу Бугарија дека ќе има покачување на платите во здравствениот сектор и покачување на еднократната наплата за дежурања која со покачувањето ќе изнесува 1 лев од час! 8 часа да речеме=8 лева! Во Македонија моментално е 500-600 денари од ден дежурање,незнам точно но тука е накаде,10 евра значи. ова нема врска со јавен превоз но индиректно е поврзано. И ова е само еден пример,и по 6 години во ЕУ,Бугарија економски не успева да се одалечи од Македонија а во некои работи ни да ја престигне! Edited by Block - 10-Jul-2012 at 12:39 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Нова инвестиција на „Арчелор Митал”Најголемиот произведувач на челик во светот „Арчелор Митал”, кој е
присутен и во Македонија, инвестира во фабриката во Скопје. Компанијата
од Луксембург ја пушти во функција реконструираната печка од линијата за
производство на поцинкуван лим, инвестиција вредна 3,5 милиони евра,
обезбедени од сопствени средства на компанијата. http://www.plusinfo.mk/vest/47700/Nova-investicija-na-Archelor-Mital |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
„Ригоимпекс“ извезе 50 илјади литри вино во КинаВинаријата „Ригоимпекс“ од Гевгелија располага со капацитет за производство на 15 милиони литри наливно вино, а околу 80 проценти од произведените количини се извезуваат во земјите членки на Европската унија, додека останатите се наменети за пазарите во Србија и Канада. Сопственикот Ристо Маркулов изјави дека винаријата во последно време прави напори за проширување на пазарот во Кина за што веќе се испратени првите две цистерни со 50 илјади литри вино. Според него, доколку извезената пратка биде прифатена од кинескиот пазар, тогаш постојаните капацитети на винаријата ќе бидат мали за задоволување на потребите на овој пазар. http://www.plusinfo.mk/vest/42241/Rigoimpeks-izveze-50-iljadi-litri-vino-vo-Kina |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
„Иднина Змеј“ се враќа на странските пазарипонеделник, 30 април 2012, 20:23Сопственикот Борис Змејковски во фабриката досега инвестирал над четири милиони евра. Мотивот за инвестицијата како што вели му бил да го возобнови познатиот бренд кој излегувал од овие погони изминатите децении. Исто така и да помогне на овој рурален предел на Македонија и да помогне со нови вработувања. По етаблирањето на домашниот пазар клучниот предизвик за Иднина е извозот. Веќе се присутни во Србија, БиХ и Косово од регионот, како и во Иран и други делови на Средниот исток. Интерес за соработка има од Русија, Турција и од неколку германски фирми. Иако засега е соочен со одредени потешкотии при извозот на дел од странските пзари и се уште се чувствуват последиците од кризата, Змејковски е оптимист дека проектот ќе биде успешен. Инаку освен брусните плочи за сечење и брусење кои се користат за потребите на металургијата, во фабриката се произведуваат и стаклени влакна за градежништвото. http://www.vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=37&eventId=49339 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Срби сакаат да произведуваат цигари во МонополБелградска фирма, деловен партнер на Виенската берза, зад која стојат американски инвеститори сака да ја рестартира фабриката и да ги врати отпуштените работници. Акционерите на Тутунскиот комбинат, одржаа состанок на кој ги започнаа подготовките за избор на управни тела и ново раководство на фабриката, кое во иднина ќе одлучува на кого и под какви услови ќе ги продаде акциите. На состанокот дојдоа повеќето акционери, како и претставници на Владата. Рестартот на фабриката го подржува и Регионалниот синдикат Куманово.
Белградската фирма Штајнберг, деловен партнер на Виенската берза зад која стојат американски инвеститори сака да ја рестартира фабриката. Тие ветуваат дека ќе ги вратат отпуштените работници и ќе вработат нови, а процесот на производство ќе го oсовременат.
Работниците во Тутунскиот комбинат повеќе од 7 години се на улица, а се водат како вработени. Откако беше спроведена акцијата „Пепел„, извршена е ревизија на приватизацијата, и со судска одлука на Кумановскиот суд акциите се вратени на државата.
Во државна сопственост се 56 проценти од капиталот, а останатите 44 отсто се на акционерите, кои во отварање на комбинатот гледаат излез од повеќегодишната агонија. Во комбинатот има над 300 акционери, а собранието ќе се одржи на 11 мај. Тогаш треба да се изберат раководните тела, кои ќе имаат задача да го оправат комбинатот. Имотот и зградите на Монопол сеуште го обезбедува полицијата. http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/srbi-sakaat-da-proizveduvaat-cigari-vo-monopol.html |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
„Микросам“ ќе произведува делови за нов руски комерцијален авион„Микросам” од Прилеп ќе произведува делови за нов руски комерцијален авион, кој треба да биде изработен до 2014 година. Според менаџментот, руска фирма ќе ја купи производната технологија на „Микросам“ и со неа ќе ги произведе крилата на новиот авион. Самоил Самак, потпретседателот на Управниот одбор, најави дека „Микросам“ е во преговори да извезува ваква технологија и за други авиокомпании, меѓу кои „Боинг“ и „Ербас“. - Наша цел е да влеземе во авионската индустрија. Засега произведуваме автоматски машини за производство на крилата на авионот. Во иднина, наш предизвик ќе биде производство на роботи за креирање на труп на авионот – изјави Самоил Самак, потпретседател на Управниот одбор на „Микросам“. Новата зделка склучена од „Микросам“ се однесува на испорака на машини за производство на резервоари за гас за индискиот пазар. Димитар Богдановски, директор на продажба во „Микросам,“ изјави дека во почетокот на идниот месец, за Германија ќе бидат натоварени 24 камиони со машини за производство на плинските боци, кај нивниот тамошен партнер во овој проект и потоа тие ќе патуваат за крајниот потрошувач, Индија. - Наскоро ќе склучиме вакви договори за Русија, Бразил, Кина и Јужна Америка – рече Богдановски. Менаџментот не сакаше да открие колку чини инвестицијата во новата производна линија и само наведе дека во неа вложиле неколку милиони евра. Според нив, цената на оваа технологија на пазарот чини од 6 до 20 милиони евра. Менаџментот најави дека до крајот на годината ќе изгради нова хала за производство и монтажа и за таа цел дополнително ќе вработи 20 нови инженери и работници. Во моментов, во „Микросам“ работат 80 работници. http://www.plusinfo.mk/vest/40940/Mikrosam-kje-proizveduva-delovi-za-nov-ruski-komercijalen-avion |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Империал Тобако најавува нова инвестиција во СкопјеСо инвестиција од 23 милиони евра во фабрика во Скопје, Тутунската компанија Империал Тобако (ТКС) ќе го одбележи 10-годишното присуство на македонскиот пазар. Според првичните информации, оваа компанија, ќе инвестира во нови машини за изработка и пакување цигари, со што ќе биде една од најмодерните фабрики во регионот. Покрај комплетниот редизајн на фабриката, ќе биде набавена и нова опрема за следење на производот. Генералниот директор Ричард Парат, денеска информира дека со инвестицијата, производството од 6 милијарди ќе се зголеми на 10 милијарди цигари. Инаку, досега од вкупно производените, три милијарди цигари се продаваат на македонскиот пазар, а останатите се извезуваат во балканските земји.http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/82909/imperial_tobako_najavuva_nova_investicija_vo_skopje.aspx |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
„Проработи Југохром Фероалојс“ - 700 работници вратени на работаКомбинатот за производство на феросилициум од тетовско Јегуновце, „Југохром Фероалојс“, од април вклучи три големи и две помали печки и врати на работа околу 700 работници - објави денешен „Капитал“. Менаџментот на компанијата најавува дека за првиот квартал склучиле договор за набавка на струја од околу 70 мегават-часови. Првите производи, компанија очекува да бидат готови кон средината на овој месец. Во октомври минатата година „Југохром Фероалојс“ го прекина производството на четири од шест печки и без работа останаа 400 вработени. Ваква одлука донесе менаџментот на компанијата поради зголемените трошоци во производството и намалената побарувачка на феролегури. http://www.time.mk/read/995623e1ff/ca78e3d5f1/index.html |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
Општо познато е дека Велија Рамковски играл своја улога во уништувањето на Сведмилк набавувајќи млеко од млекарницата преку Хедис маркетите, поради што млекарницата се задолжувала за да набави нова и посовремена опрема за да го задоволи квалитетот на побарувачката на Хедис маркетите, за да на крајот Рамковски не го плати воопшто млекото кое млекарницата Сведмилк му го доставила.
Не сакам да навлегувам во политика, но повеќе од јасно е дека актуелната власт беше пријателски наклонета и кон Рамковски и кон Сведмилк за време на тој краток временски период, наводно односите со Рамковски се влошиле откако не успеал да добие амин од власта за тој да го купи Сведмилк, а не израелскиот инвестициски фонд Феникс Енерџи. Но настрана минатото, кое и онака е доста сомнително и околу Рамковски и околу актуелната власт која ништо не превзеде уште пролетта 2008 кога јавно беше обелоденето дека во Шведска е започната истрага за проневера во шведскиот инвестициски фонд Сведфунд, кој всушност го создаде и инвестираше во Сведмилк во Македонија, а беше спомнато дека една од главните жртви на таа проневера е и Сведмилк. Како да не е доволно сомнително минатото на Сведмилк, сега и продажбата на имотот и опремата на Сведмилк е сомнителна. Каква е таа банка и со кој памет ја прифаќа пониската понуда за да продаде имот и опрема на поранешна млекарница, кога истовремено има понуда повисока за цели 1 милион и 100 илјади евра ? Како да не е доволно сомнително тоа што турските инвестиции се туркаат во повеќето сфери на живеењето во Македонија (македонските аеродроми, скопските облакодери, телевизиската програма), па сега дури и се форсира турска инвестиција, само затоа што наводно станувало збор за лидер во турската млечна индустрија. Каква банка е таа која не ја прифаќа повисоката понуда при продажба на имот и опрема, со кој памет се откажува од плус 1 милион и 100 илјади евра ? Не за нешто друго туку, повисоката понуда доаѓа од домашен инвеститор, кој заработувачката од Сведмилк ќе ја задржи во Македонија, а можеби дури и ќе ја инвестира таквата заработувачка во Македонија, во споредба со пониската понуда со која странци ќе профитираат од продажбата на македонското млеко, а не верувам баш дека ќе бидат заинтересирани за инвестирање на заработувачката во Македонија. На мене лично бизнисот со и околу Сведмилк ми е сомнителен уште од пролетта 2008 кога јавно беше обелоденето дека имало проневера во шведскиот инвестициски фонд Сведфунд, а сега со оваа сомнителна продажба на имотот и опремата на Сведмилк, новите сопственици на Сведмилк и нивните бизниси во Македонија уште сега ми се сомнителни, уште пред да ја рестартираат млекарницата. Edited by Dexter26 - 03-Apr-2012 at 20:58 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
и со Сведмилк нешто да тргни на добро,ќе биде нешто
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Турската компанија „Суташ“ е новиот газда на „Сведмилк“Турската компанија „Суташ“ ја купува млекарницата „Сведмилк“ за 4,4 милиони евра. Менаџментот на компанијата денеска потпиша договор за купопродажба со „НЛБ Тутунска банка“. „Суташ“, покрај шведската млекарница, ја купува и фармата „Еуроленд“ која е во сопственост на Трифун Костовски. Планирани се дополнителни инвестиции во овие два капацитети, при што во „Сведмилк“ се планира доградба на капацитет за производство на сирење и кашкавал, а рестартирањето се очекува за 6 месеци. За „Сведмилк“, покрај„Суташ,“ беше заинтересирана и ЗК „Пелагонија“ во конзорциум со дистрибутерската компанија „Еуротабак,“ која понуди поголема сума од турската компанија, тешка 5,5 милиони евра. „НЛБ Тутунска банка,“ која има хипотека врз имотот на млекарницата, пресече во полза на турската „Суташ“. Побарувањата на „НЛБ Тутунска банка“ од „Сведмилк“, се проценуваат на околу 9,5 милиони евра. Стечајот во „Сведмилк“ почна во јуни 2009 година, кога судот го прифати барањето на стечајниот управник, Богољуб Макревски, и на четворица доверители за отворање стечајна постапка. Млекарницата стартуваше како гринфилд инвестиција, но по само 18 месеци работење отиде во стечај. Долговите се проценети на околу 35 милиони евра. Најпогодени се фармерите, нејзини кооперанти, кои не добија пари за предаденото млеко. Долгот кон нив изнесува околу четири милиони евра. „Суташ,“ новиот сопственик на млекарницата, се смета за лидер во турската млечна индустрија и е меѓу 66-те најголеми компании во Турција со годишен приход од околу 500 милиони долари. Дневно преработува по 2.500 тони млеко. http://www.plusinfo.mk/vest/38942/Turskata-kompanija-Sutash-e-noviot-gazda-na-Svedmilk-- |
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
Bas toa me interesirase,znaci ako investicijava se ostvari bi trebalo da imame polza,sepak se raboti za golem igrac. |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
![]() Читав баш пред некој ден, веројатно во Капитал, и се зачудив дека регулаторната комисија оставала простор на бензинските компании да си изберат маржа од 0,5 - 3,5 денари, или некој друг сличен ценовен интервал. Тоа значи дека теоретски може да постојат разлики во цените, но според напишаното во весникот, намалувањето на цената би значела за некои компании дури и дека би влегле во загуби поради тоа што реално во моментов само 2-3 компании во државата имаат доволно голем продажен ланец за промена во цената да им донесе реално зголемен број на потрошувачи за да се анулира загубата поради намалувањето на цената, но истовремено тие 2-3 компании држат најголем дел од пазарот, така што не им се исплати воопшто да работат со помала маржа, кога и онака имаат неверојатен профит. Во секој случај, теоретски, флуктуација на цените е дозволена од комисијата. Edited by гитардемон - 27-Mar-2012 at 15:32 |
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
Ima eden kup najavi za investicii od Katar od koi sigurno poveketo ke bidat brzo zaboraveni,no tuka pisuva deka veke ima obezbedeno lokacii.
Znam deka kaj nas ima nekakva regulatorna komisija koja gi odreduva cenite na benzinot,vleguvanjeto na vakva kompanija bi mozelo li da smeni nesto ili ne?
http://kurir.mk/makedonija/vesti/65714-Katar-Petroleum-ke-otvora-benzinski-vo-Makedonija |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
По две години реконструкција пуштени во погон новите капацитети на Пивара БитолаПо двегодишна подготовка, реконструкција и модернизирање на производните капацитети, кон крајот на овој месец Пивара Битола повторно ќе почне со продажба на пиво кое изминативе месеци поминуваше низ процес на производство. Во периодот од преземањето на фабриката во 2010 година до сега, за реконструкција се вложени повеќе од 10 милиони евра, најголем дел во нова опрема која овозможува мониторирање и комплетно автоматизиран процес на производство согласно европските стандарди. Реконструкцијата на фабриката се работеше по германски проект и сега Пивара Битола поседува сопствена котлара, ново одделение за подготовка на квасец, нова врвна опрема за третман на вода од светски познатиот германски производител Беркефелд, како и комплетно нова линија за производство на транспортна амбалажа. Исто така беше извршена замена на постоечката стара амонијачна и алкохолна цевоводна инсталација, а заради високо ниво на хигиената, заменети се и водоводната и пивоводната инсталација, односно цевоводите се комплетно заменети со 10.000 метри нови иноксни цевки и 3.000 метри хигиенски вар. Моментално во Пивара Битола се вработени 80 луѓе, меѓу кои и двајца врвни технолози со 35 годишно работно искуство, а планирани се уште 20 нови вработувања. Предвидено е годишно да се произведуваат околу 30.000 тони пиво кои ќе бидат дистрибуирани во Македонија, како и во соседните земји. Изградбата на Пивара Битола почна во 1970 година, а за прв пат беше пуштена во употреба во 1972 година кога беше во сопственост на ЗИК Пелагонија, која потоа се подели на шеќерана, квасара и пивара. Во период од две години пиварата беше во сопственост на Силекс. Во март 2000 година овој индустриски капацитет беше превземен од компанијата Кенри од Швајцарија, кога беше откупен државниот капитал од пиварницата. Од 2010 година таа е во сопственост на компанијата Марди од Радовиш, која ја купи фабриката на лицитација за два милиона евра. http://www.plusinfo.mk/vest/36622/Po-dve-godini-rekonstrukcija-pushteni-vo-pogon-novite-kapaciteti-na-Pivara-Bitola |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Обем на стоковната размена со странство
понеделник, 05 март 2012 Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во јануари 2012 година, изнесува 247 177 илјади САД долари, а на увозот 417 605 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 59.2 %. Трговскиот дефицит, во јануари 2012 година, изнесува 170 428 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивните соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката, како и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, суровата нафта, моторните возила за превоз на лица и електричната енергија. Во јануари 2012 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27 (60.9%) и земјите од Западен Балкан (21.0%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 27 (56.2%) и земјите во развој (25.1%). Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Бугарија и Кина (45.6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји). http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=78 |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Британска компанија го купи „Голдмак“ од Радовиш(ПС:требаше во `економски вести ама не знам каде се)
Зделката е резултат на посетата на принцот Мајкл од Кент, кој предводеше британска бизнис-делегација во Македонија, во чии рамки беа и претставници од британската компанија. Во „Бордерлес Јуроп“ најавуваат проширување на капацитетот на „Голдмак“ за да се зголеми услужната дејност на компанијата, која ќе соодветствува со барањата на странските клиенти за преработка и за трговија. Новиот бизнис-модел ќе има потреба од производство на рачно изработен накит за европските продавачи и ќе го стимулира локалното население, воедно подобрувајќи го имиџот на Македонија како земја со стручна и квалификувана работна сила за бизниси од сите индустрии. - „Голдмак“ е класичен пример на компанија каква што се бара од страна на потенцијален инвеститор. Компанијата може да се процени на транспарентен начин и да се инвестира во сите нејзини погони, технологија и стручност, за да се зголемат нејзината конкурентност и извозниот потенцијал на европските пазари - изјави Рај Пауер, претседател на Британската бизнис-групација. Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, Висар Фида, посочи дека Радовиш има долгогодишна традиција на изработка на накит. http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32122355258&id=10&setIzdanie=22521 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
итаме кон рецесија
Индекси на индустриското производство вторник, 28 февруари 2012 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во јануари http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=1 |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 7891011 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |