Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#161 Posted: 06-Mar-2009 at 02:23 |
Милиони се излеваат низ Вардар
Според меѓународниот ценовник за води, еден кубик вода се продава по 0,5 евроценти, па затоа губиме милиони ако се пресмета количеството што се испушта кон Грција
 Кон Грција испуштаме тројно повеќе вода од Вардар отколку што сме обврзани со меѓудржавниот договор
Македонија губи околу сто милиони долари годишно од вишокот вода што
ја испушта од Вардар кон Грција, велат експертите што работат на тој
проблем. Македонија и Грција уште во седумдесеттите години на минатиот
век потпишаа меѓудржавен договор со кој се регулира протокот на водите
и заедничкото стопанисување со реките и езерата. Во тој договор е
посочено дека Македонија се обврзува кон Грција да испушта одредено
минимално количество вода од Вардар, но ние секогаш испуштаме тројно
повеќе.Според експертите, земјава би заработила многу ако се почитуваат
меѓународните стандарди и се земе за пример како во нив е уреден
протокот на вода.
- Според меѓународниот ценовник, еден кубен
метар вода се продава по 0,5 евроценти. Ако се пресмета количеството
вода што се испушта и плус приходот што се губи поради тоа што водата
не се користи за наводнување, парите што ги губиме се милионски - велат
експертите.
ВАРДАРСКА ДОЛИНА
Доброупатени
извори велат дека Грција последниве неколку години постојано барала
ревизија на договорот, но досега не дошло до тоа. - До 2050 година
врнежите во земјава ќе се намалат за 30 отсто, а потребите за вода ќе
се зголемат за цели 50 отсто. Затоа во земјава мора интензивно да се
градат хидроцентрали и акумулации за вода. На Вардар има можност да се
изградат 60 акумулации, но досега се изградени само дваесет и тоа само
на притоките, а ниту една на реката, бидејќи за тоа треба да се
консултира и Грција - велат експертите.Според нив, повеќе би се
заработило ако се направат централите и ако наместо вода, извезуваме
струја.
Добрите познавачи на состојбите пак велат дека никој во
земјава не знае колку површина има под вода, колку се наводнува од
реките, а колку од акумулациите. Нема прецизни податоци ниту за
состојбата на каналската мрежа. Според Министерството за земјоделство,
за тоа сведочат и различните податоци од Заводот за статистика според
кои во 2006 година се наводнувале само површините на земјоделските
комбинати без да има податок за индивидуалниот сектор. По пописот
наредната година излегува дека се наводнува само земјиште, кое е
приватна сопственост.
- На сите ни е јасно дека изминативе
години системите за наводнување масовно се уништуваа. Се крадеа делови
од мрежите, се поткопуваа каналските мрежи, поради нередовно чистење на
каналите голем дел не се употребува долги години. Вина има и во
неплаќањето на сметките за користење на водата од страна на
земјоделците - вели Ацо Спасеноски, министер за земјоделство.
ЗАГАДУВАЊЕ
Земјоделците потврдуваат дека е фрапантна бројката колку од површината во земјава е останата без вода.
-
Со години никој не се грижеше што треба да се сади на нашите ниви и
дали за произведеното има пласман. Никој не се грижеше за каналската
мрежа, а уште помалку за квалитетот на водата - велат во Сојузот на
земјоделци на Македонија.Во Федерацијата на фармери велат дека се
свесни за потенцијалите на Вардар бидејќи е река што поминува низ
најсушното подрачје во земјава, но дека со резерва се користи водата
поради големата загаденост.
- Не се прават пречистителни
станици, а сите знаеме колку е загадена водата од Вардар. Единствено
решение се хидроцентралите во кои би се вградиле пречистителни станици
и само така може да се користи водата за земјоделско производство -
велат во Федерацијата.
ИНФО-Хидроцентрали
Македонија губи околу стотина милиони долари годишно од вишокот вода
што ја испушта од Вардар кон Грција. Меѓународната цена е 0,5 евроценти
за кубен метар вода. Експертите велат дека е подобро да се направат
хидроцентрали и наместо вода, да се извезува струја. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=FACD24776B1296409C023BD63F62CEDB |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#162 Posted: 20-Feb-2009 at 13:01 |
Коридорот 8 приоритет само во политичките дебати |
|
|
|
|
Изградбата
на сообраќајниот коридор Исток-Запад долго време стои заглавена во
стратегиите на балканските држави. Овој проект, со големо геополитичко
значење за регионот, останува само приоритет во политичките и
парламентарните дебати, додека на терен малку што е направено за негова
конкретна реализација. Освен краткотрајната еуфорија, од времето на
грчкото ембарго, за железничкото поврзување со Република Бугарија,
досега ништо не се променило од поставувањето на носечките столбови,
кои сега пропаѓаат под забот на времето.
Посакан е Коридорот 10 од 8
Причината
за ова, како што велат од италијанската и бугарската амбасада во
Македонија, лежи во незаинтересираноста на државите низ кои поминува
коридорот, а кои според дипломатските објаснувања сè уште не можат да
излезат од примарната фаза на изработка на проекти и елаборати. Но
затоа во сите програми на македонските влади неизоставно останува
познатата фраза дека Коридорот 8 останува наш врвен приоритет.
-
Изградбата на делниците од Коридорот 8 на ниво на автопат е висок
приоритет во програмата на Владата на Република Македонија. За изградба
на преостанатиот дел од коридорот на ниво на автопат преостануваат 15
делници за кои во изминатиов период интензивно работевме на подготовка
на техничката документација на ниво на главен проект, како и на другите
потребни подготвителни активности. Оптимален рок за завршување на сите
постапки потребни за почнување со градба е две и пол години. Во
моментов почнуваме постапки и интензивно работиме на експропријација на
земјиштето. Делниците од коридорот се предмет на концесија. Доколку по
завршувањето на постапката не се јави интерес за овие делници, Владата
во следниот среднорочен период предвидува изградба на автопат на овие
делници - велат од Агенцијата за регионални патишта.
Од
дипломатските претставништва на Бугарија и на Италија, кои се наоѓаат
на почетната и на крајната станица од овој коридор, велат дека
инфраструктурното поврзување на земјите на Балканот во правецот
исток-запад зависи од другите држави во оваа сообраќајна врска.
-
За Република Бугарија овој коридор е од највисок приоритет. Дел од тој
проект е и изградбата на 400-киловолтниот далновод со Македонија. За
овој проект е одобрена и значителна сума, а нашиот парламент е во
консултации со вашето собрание за донесување документ за унапредување
на активностите за изградба на коридорот. Вие знаете дека на
македонската страна и недостасуваат 52 километри железница до Бугарија
и 62 километри до Албанија. Штом вие ќе дојдете до граничниот премин
Ѓуешево, ние веднаш ќе ја продолжиме железницата од бугарска страна.
Само овде повеќе внимание му се дава на Коридорот 10, но се надеваме
дека ќе го засакате и Коридорот 8 - ни изјави Михо Михов, бугарскиот
амбасадор во Македонија.
Солун против Драч
Роберто
Рицо, прв секретар во амбасадата на Италија во Македонија, вели дека
италијанската влада го поддржува реализирањето на Коридорот 8.
-
Како земја-членка на Европската Унија, нашата држава силно лобира за
негова изградба. За реализација на овој проект постојат на располагање
европските фондови, но земјите што се наоѓаат на овој коридор ќе мора
да излезат од примарната фаза на изработка на проекти и поангажирано да
пристапат во изградбата на сообраќајната инфраструктура што поминува
низ нивната територија - вели тој.
Најмногу што ќе добие од
овој коридор е Албанија, која од сообраќајно слепо црево на Балканот ќе
стане главна транзитна земја. Неговото значење за оваа земја се гледа
во зголемување на улогата на пристаништето во Драч, кое ќе стане
попристапно за товарните транспортери од Македонија и од Бугарија. По
изградбата на сообраќајната мрежа до албанското пристаниште ќе може да
се стигнува за десет часа.
Но за да се реализира ова постојат
многу пречки, како што се малиот технички капацитет на пристаништето во
Драч и ниската патна и железничка инфраструктура кон Македонија. По
давањето на приоритетот на изградбата на автопатот од Тирана до
Приштина, Коридорот 8 за албанската страна падна во „втор план“. Тука
се и силното противење и лобирање на Грција за одолжување на овој
проект на неопределено време поради намалувањето на важноста на
пристаништето во Солун.
За Коридорот 10 кредит од 388 милиони долари
Светската
банка ќе обезбеди кредит од 388 милиони долари за изградба на 158
километри автопат на Коридорот 10, додека другите меѓународни
финансиски организации треба да обезбедат околу 750 милиони евра.
Светската банка со придонес од другите меѓународни финансиски
организации и Хеленик-планот за Балканот ќе финансира 84 километри
автопат помеѓу Просек и Димитровград и 74 километри автопат помеѓу
Лесковец и Левосој, соопштуваат од банката.
Градежните работи на двете траси на автопатот би требало да бидат завршени во периодот од четири до пет години. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=322&ArticleID=18580 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#163 Posted: 09-Feb-2009 at 04:18 |
Originally posted by lslcrew
Браво што ја спомна виа егнација. Уште од дамнешни времиња е приметено дека ова е најповона траса која поврзува исток запад. Трасата со векови си опстанала и своевремено секогаш било современа. Сега е времето кога треба пак да ја осоврмениме и да ја закитиме со автопат!
|
не мислев на историската Виа Егнација туку на модернава Егнација Одос која оди до Игуменица. Често овој автопат кој нема статус на пан европски коридор се спомнува како главен конкурент на нашиот Коридор 10. За да се ревилатизира историската Виа Егнација ќе треба освен комплетирањето на Коридор 10 на наша територија да се изгради и делницата Охрид-Битола на ниво на автопат и потоа сето тоа да се спои на грчка страна со Егнација Одос. Во доста догледно време не гледам логика за ова, Од Егнација Одос ќе се изгради крак кон Албанија кој директно ќе ја држи врската со Тирана и Драч.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#164 Posted: 09-Feb-2009 at 03:45 |
Браво што ја спомна виа егнација. Уште од дамнешни времиња е приметено дека ова е најповона траса која поврзува исток запад. Трасата со векови си опстанала и своевремено секогаш било современа. Сега е времето кога треба пак да ја осоврмениме и да ја закитиме со автопат!
Edited by lslcrew - 09-Feb-2009 at 04:01
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#165 Posted: 08-Feb-2009 at 22:59 |
Originally posted by lslcrew
Не ми се верува само во колку поволна ситуација сме! Кога ќе ја видам онаа картата како некој македонец да ја кроел!!! И така да си играме со шансите, е просто невероватно! Да беше некоја попаметна држава немаше леб да јадат само да ги завршат коридорите!
|
ни изгледа како голема шанса бидејќи сме мала земја а мали земји немаат прилика секогаш да имаат ваква крстосница на својата територија. Во поголеми земји воопшто не е чудо да се вкрстуваат повеќе вакви коридори. Само во соседството Белград, Солун, Софија, Загреб се дури и поголеми крстосници отколку Скопје. мислам дека нема опасност коридорот 8 да го снема од мапата. Виа Егнција спрема мене нема да биде конкурентски автопат спрема мене до таа мера да неможат да постојат двата паралелно. Доволно е што 8цата ги поврзува Тирана, Скопје и Софија да се сфати максимално сериозно. целиот проблем е што губиме страшно многу време ништо друго.
Edited by pbanks - 08-Feb-2009 at 23:00
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#166 Posted: 08-Feb-2009 at 22:44 |
Џабе другар, погледни со кого сме обиколени и каква омраза владее на Балканов... Само времето е лек, за идните "попаметни".
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#167 Posted: 07-Feb-2009 at 05:49 |
Не ми се верува само во колку поволна ситуација сме! Кога ќе ја видам онаа картата како некој македонец да ја кроел!!! И така да си играме со шансите, е просто невероватно! Да беше некоја попаметна држава немаше леб да јадат само да ги завршат коридорите!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#168 Posted: 06-Feb-2009 at 23:20 |
Средба во Тирана за Коридорот 8
06.02.2009 10:00
Изградбата
на Коридорот 8 беше тема на првата интерпарламентарна средба што се
одржа во Тирана меѓу комисиите за транспорт од парламентите на
Албанија, Бугарија, Италија и Македонија и претставници на Европската
комисија. Како што објавија албански медиуми, средбата била
по иницијатива на албанскиот парламент и целта е да се даде поттик и
поддршка на владите за побрза реализација на Коридорот 8. Бугарија, Италија и Македонија биле претставени на ниво на амбасадори, објавија локалните медиуми. http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=104033
|
|
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#169 Posted: 15-Jan-2009 at 07:38 |
незнам дали ова е повеќе за тука или за во сообраќај или можеби за во велосипедски патеки, но кому и каде оди нека оде, важно да го има! конечно им текна, па ова до сега беше навистина катанга, особено ако навечер вози човек, а и преку ден не беше толку песна со оглед дека редовно на патот имаше слалом бариери од пешаци, бар од она што јас го имам како искуство, а од тука одат и пола камионџии кои ја заобиколуваа патарината кај петровец, значи прилично прометен пат, ова колку толку ќе ја олесни опасноста од прегазени пешаци!
ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ИЗГРАДИ ТРОТОАРИ НА РЕГИОНАЛНИОТ ПАТ Р - 103 - Патот убиец скротен - Вечер - 18.07.2008
Патеки ќе никнат покрај „патот на смртта“ - 13.01.2009
Општина Гази Баба издвои 6,6 милиони денари за изградба на пешачка и велосипедска патека на потегот од Автокоманда до Катланово 
Иницијативниот одбор на граѓаните се откажува од најавената блокада на патот и од бојкот на локалните избори
Регионалниот пат Р-103, кој води од Маџари кон Катланово, попознат како „пат на смртта“, ќе добие пешачка и велосипедска патека. На потегот од Автокоманда до Катланово беше доведена во прашање безбедноста на пешаците, особено на децата. На оваа делница се случија неколку сообраќајни несреќи во кои имаше жртви.По протестот на граѓаните од 12 месни заедници, проектот се најде во програмските активности на Општина Гази Баба за годинава. Општината издвои 6,6 милиони денари за изградба на патеките крај овој регионален пат. Позитивен сигнал за решавање на овој 20-годишен проблем дале и од Министерството за транспорт и врски.
По ова, Иницијативниот одбор на граѓаните се откажува од најавената блокада на патот и најавениот бојкот на локалните избори. Жителите со години бараа од општините Гази Баба и Петровец, низ чии територии минува патот, како и од Агенцијата за државни патишта, да се реши овој проблем.
- Од министерот Миле Јанакиески добивме известување дека ќе не' прими на разговор - вели Трајче Георгиевски, претседател на Иницијативниот одбор.Од Министерството за транспорт и врски соопштуваат дека средбата ќе се реализира во рамките на Отворениот ден за прием на граѓани, со цел министерот лично да се запознае со ова прашање и да се разгледаат можностите за негово решавање. Сепак, нагласуваат дека за изградба на пешачки и велосипедски патеки е надлежна локалната самоуправа.
Време е нешто да се преземе, бидејќи на овој регионален пат во 2007 година имало три жртви и 34 повредени во сообраќајни незгоди. Лани на овој пат се случиле 50 сообраќајни несреќи со една човечка жртва и причинета е голема материјална штета. Последната сообраќајка беше кога кај надвозникот во населбата Гоце Делчев, загина Ѓуро Младеновски од Петровец.
Патот до Катланово е долг дваесетина километри, а по него секојдневно минуваат илјадници возила. Тој минува низ Трубарево, Јурумлери, Идризово, Петровец, ‘Ржаничино до Катланово. Од Општина Гази Баба велат дека ќе се гради на дестинации каде што тоа е најнеопходно, и тоа во населените места Трубарево, Јурумлери и Колонија.
- Иако оваа активност е во надлежност на Агенцијата за државни патишта, која е во рамките на Министерството за транспорт и врски, ние како општина се обидуваме колку што можеме да им помогнеме на овие луѓе, бидејќи е доведена во прашање нивната безбедност - изјави Неделчо Крстевски, портпарол во Општина Гази Баба.
Решавањето на проблемот се одолговлечи поради префрлањето на топката за тоа кој е надлежен за реализирање на барањата на жителите. Од двете општини тврдеа дека за тоа треба да се погрижи државата, и обратно.
Општинарите од Петровец ја поддржуваат иницијативата, но сметаат дека се работи за голема инвестиција за да се покрие целиот потег од Автокоманда до Катланово и оти за тоа треба да се погрижи Агенцијата за државни патишта, што не значи дека во финансирањето не треба да се приклучи и локалната самоуправа. Од општината Петровец велат дека нивната општина речии е целосно покриена со современи пешачки и велосипедски патеки и дека остануваат да се изградат уште околу 300 метри во населеното место Петровец.
ИНФО-Четири жртви за две години
На овој регионален пат во 2007 година имало три жртви и 34 повредени во сообраќајни незгоди. Лани на овој пат се случиле 50 сообраќајни несреќи со една човечка жртва и причинета е голема материјална штета. Последната сообраќајка беше кога кај надвозникот во населбата Гоце Делчев, загина Ѓуро Младеновски од Петровец. Патот до Катланово е долг дваесетина километри, а по него секојдневно минуваат илјадници возила. Тој, минува низ Трубарево, Јурумлери, Идризово, Петровец, Ржаничино до Катланово.
Анела Петрова - Дневник - 13.01.2009 |
долниов текст незнам колку е во контекст но малку од малку разјанува кој се смее да вози по Р-103, сепак домашниве камионџии куртулиле, незнам каква е ситуацијата денес! ЗА ДА СЕ НАМАЛИ ОПАСНОСТА ОД КАМИОНИТЕ НА ПАТОТ Р-103 Банкини и купишта земја блокираат кај Катланово - Дневник - 18.03.2006
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#170 Posted: 02-Jan-2009 at 00:18 |
Интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески
1 јануари
За годинава е најавено продолжување на
изградбата на пругата кон Бугарија, што во неколку наврати го побара и
бизнис заедницата. Колку пари се планира да бидат вложени во железничката инфраструктура ?
- Согласно националната програма за железничка
инфраструктура, за 2009 година во буџетот на Министерството за
транспорт и врски се предвидени средства во висина од 180.000.000
денари кои се наменети за надградба и модернизација на постојната
железничка инфраструктура. Паралелно на ова, за 2009 година се
предвидени и 610.000.000 денари за доизградба на железничкиот дел од
Коридорот 8 во Република Македонија. За подобрување на возниот парк на
транспортната компанија, предвидена е набавка на 50 товарни вагони и
два патнички дизел моторни четвороделни воза.
До каде е постапката за издавање на патиштата под концесија и стартот на електронскиот систем за наплата на патарините?
- Го спроведовме повикот за покажување иницијален
интерес за концесии на патишта на кој се јавија четириесетина компании.
Предвидено е предмет на концесија за период од 35 години да бидат
патните правци: Романовце – Узем, Стенковец – Блаце, Гостивар –
Требеништа, Ќафасан – Битола, Велес – Меџитлија, Велес – Обел и
Миладиновци – Штип. Концесионерот ќе има конкретни услови и рокови кои
се однесуваат на изградба на дадените патни правци на ниво на автопат
за период од 6 години, одржување на патиштата и наплата на патарина од
страна на концесионерот, како и предавање на патиштата на Владата по
завршување на периодот на концесија, со тоа што ќе оставиме и простор
за поддршка од страна на Владата во процесот на изградба на
автопатиштата заради рентабилноста и кратките рокови кои ќе бидат
поставени пред идните концесионери.
Колку од општините доставија проекти за
изградба на локалните патишта, кои се роковите и износот на средства со
кои ќе се поддржи подобрувањето на тој дел од патната инфраструктура?
- Со цел подобрување на патната мрежа во Република
Македонија, Владата обезбеди до сега највисоки инвестиции во висина од
120 милиони евра. Само преку проектот со Светска Банка, за
реконструкција на 11 регионални патишта се обезбедени средства во
висина од 34 милиони евра за периодот од 2009 до 2010 година, додека 34
милиони евра се предвидени за општините во Република Македонија со цел
реконструкција на локалната патна мрежа за периодот од 2010 до 2012
година. Исто така, за реконструкција на 9 регионални патни правци преку
проект со Европската банка за реконструкција и развој (ЕБРД) се
обезбедени средства во висина од 25 милиони евра за периодот од 2009 до
2010 година, додека постапката за реализација на проектите за локални
патишта преку проектот со ЕБРД ќе се реализира во периодот од 2010 до
2012 за што се обезбедени средства во висина од 25 милиони евра.
Апликации за искористување на средствата кои ги обезбедивме од Светска
Банка во рамките на проектот за реконструкција на локалната патна мрежа
доставија само 33 општини. Сите пристигнати проекти подлежат на
ревизија од страна на Градежниот факултет во Скопје, со цел да се
испита дали се квалитетно изработени, што претставува основен предуслов
да бидат целосно реализирани. Агенцијата за државни патишта достави
дописи до сите општини чии проекти имаат забелешки во рамките на оваа
ревизија, да ги имплементираат и во најкус можен рок повторно да ги
достават.
Следен чекор по доставување на проектите ќе биде
повторна проверка и откако ќе се добие финално позитивно мислење, ќе се
подготви техничката документација со што ќе може да почнат тендерските
постапки. Доследната имплементација на овој проект ќе значи драстично
подобрување на локалната и регионалната патна мрежа во Република
Македонија, активност со која ќе бидат овозможени повеќекратни
придобивки кои се однесуваат на пристапноста и проодноста од и до
населените места во земјава, но истовремено со подобриот пристап ќе се
спречи засилената миграција од село во град изминативе години и ќе се
овозможи поеднаков локален економски развој, а во таа смисла и подобар
пристап за влез на странски инвестиции.
По пролонгирањето на стартот на
договорот со турски ТАВ за модернизација и изградба на аеродромите во
државава, со каква динамика ќе се одвува тој процес, колку од
земјиштето што е предмет на договорот е спорно и како ќе се надмине
проблемот?
- Во моментот се врши експропријација на земјиштето
на аеродромите во Скопје, Охрид и на локацијата каде е предвидена
изградба на карго-аеродромот во општините Штип и Св. Николе, но целиот
процес е во завршна фаза. По барање на турската компанија, Владата на
Република Македонија, донесе заклучок за продолжување на рокот за
влегување во сила на Договорот за концесија за развој, финансирање,
користење и одржување на аеродромите „Александар Велики“ – Скопје, „Св.
Апостол Павле“ – Охрид и за изградба на новиот карго-аеродром во Штип.
Продолжувањето на рокот е резултат на глобалната економска криза поради
која настанаа непредвидливи случувања. Тие претставуваат настан од виша
сила чие појавување не можеше да биде разумно предвидено на датумот на
потпишување на Договорот за Концесија. Согласно новиот рок, ТАВ ќе
почне со оперирање и инвестирање во аеродромскиот систем во Македонија
на 31 август 2009 година. За таа цел, ќе се потпише анекс кон Договорот
за концесија.
По стапувањето на договорот во сила, почнуваат да
течат роковите за реализирање на предвидените инвестиции – 20 месеци за
завршување на градежните работи на аеродромот „Александар Велики“ во
Скопје, 12 месеци за аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид и 36
месеци за изградба на карго-аеродром во Штип. Инаку, во тек е процесот
за избор на консултант кој ќе врши постојан надзор над реализација на
Договорот за концесија за градба, реконструкција и користење на
аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, аеродромот „Св. Апостол
Павле“ во Охрид и изградба на карго-аеродромот во Штип, со што ќе се
обезбеди постојана и стручна контрола над имплементацијата и
извршувањето на обврските кои произлегуваат од договорот кој го
потпишаа Владата на Република Македонија и компанијата „ТАВ“ од
Република Турција.
Редовниот авиопревозник МАТ неодамна
побара помош од државата со мораториум на дел од долговите и лобирање
за надминување на проблемот со Еуроконтрол? Како ќе настапи државата?
- Односите помеѓу „МАТ“ и „Еуроконтрол“
претставуваат односи помеѓу една приватна компанија и една меѓународна
организација. Оттука, Министерството за транспорт и врски нема директна
надлежност во процесот на решавање на нивните билатерални односи.
Континуирано објавувате огласи за
продажба на градежно неизградено државно земјиште низ целата држава.
Какви се резултатите од тие активности во поглед на привлекување
инвестиции, какви се плановите за наредната година и соработуваат ли
општинските власти?
- Министерството за транспорт и врски активно се
заложува за создавање поволен амбиент за дополнителен развој на
градежништвото во Македонија и создавање услови за проширување на
обемот на работа во оваа област. Во периодот од октомври 2006 година до
октомври 2008 година, Министерството за транспорт спроведе голем број
постапки за отуѓување на неизградено градежно земјиште, сопственост на
Република Македонија, во приближна вредност од 40 милиони евра. Во 2008
година распишавме педесетина објави за отуѓување на градежно земјиште
сопственост на државата во постапка за јавно наддавање и најголем дел
од нив се завршени, а почна изградбата на нова клиника во Ѓорче Петров,
како и на нов трговски центар и на хотелот на Радиссон во центарот на
Скопје, како резултат на постапки за јавно наддавање за отуѓување на
државно градежно земјиште.
Градежниот пазар во Македонија долги
години се врзува со епитетите хаос, дивоградби, вработувања на црно....
Каква е вашата оценка за состојбата со градежништвото и какви се
повратните информации од контролите на Градежниот инспекторат?
- Состојбата со градежништвото во земјава од аспект
на досегашните контроли на Државниот инспекторат за градежништво и
урбанизам вршени по децентрализацијата укажува на слаб капацитет на
поголем број од општините во управувањето со градежниот процес. Имено,
констатирано е дека поголем дел од единиците на локалната самоуправа во
Македонија располагаат и работат со планови постари повеќе од десет
години, кои не се ажурирани согласно позитивната законска регулатива,
што претставува голем проблем и основ за незаконски дејствија. Исто
така, управните постапки не се завршуваат до крај или се
одолговлекуваат, со што не се постапува во законски предвидените
рокови, а општините не се во потполност кадровски опремени како во
надлежниот орган за спроведување на плановите, така и во инспекциските
органи. Согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање и
Законот за градење, единиците на локалната самоуправа треба
континуирано да ја следат реализацијата на планската документација, да
ја ажурираат и усогласуваат согласно со Законите и подзаконските акти и
да отпочнуваат постапки за измени и дополнувања или донесување на нови
планови. Токму од овие причини, Министерството за транспорт и врски,
како ресорно Министерство ги предложи усвоените измени во законската
регулатива од оваа област со што очекувам дека дополнително ќе се
воведе ред во сферата на градежништвото и урбанизмот, а Државниот
инспекторат за градежништво и урбанизам во 2009 година континуирано ќе
врши зајакнати контроли над сите учесници во процесот на градење на
територијата на целата држава, со цел доследна имплементација на
законските решенија. Со цел засилување на контролата во делот на
просторно планирање, во тек е изработката на измени и дополнувања на
Законот за просторно и урбанистичко планирање, кои ќе ги предложиме, а
со нив ќе се елиминираат недореченостите во постојната законска
регулатива во однос на контролата и одземањето на ингеренциите на
локалната самоуправа, а ќе се воведат и построги санкции за одговорните
лица кои нема да постапуваат во согласност со законот.
До каде е постапката со евалуацијата на
доставените понуди за физибилити студијата за гасоводниот систем и кога
македонските граѓани ќе можат да ги намалат трошоците во домаќинствата
со користење на природен гас?
- Ние го започнавме капиталниот проект за
гасификација на Република Македонија, со кој е предвидено да се доведе
гасификациска мрежа до индустриските капацитети и домаќинствата во
поголемите населени места во земјава. Со искористувањето на природниот
гас како алтернативен енергенс ќе се намали побарувачката за електрична
енергија. Изработката на физибилити студијата треба да ја покаже
економската и финансиската оправданост за изградба на целата гасоводна
мрежа, но и да ги дефинира стратешките услови и фазите на временска
реализација на гасоводниот систем. На меѓународниот тендер кој го
објавувме понуди доставија 3 конзорциуми составени од компании од
Германија, Полска, Бугарија, Словенија и од Македонија. Наскоро треба
да заврши целокупната тендерска процедура и да го објавиме најповолниот
понудувач. Во меѓувреме, Владата формираше Меѓуминистерски комитет, кој
ќе ги одобрува периодичните извештаи доставувани од економскиот
оператор кој ќе ја изготвува студијата. Ова тело ќе дава согласност и
насоки за најбрза реализација на предложените магистрални гасоводи кои
паралелно би се проектирале на повисоко ниво и најбрзо би се извеле.
Најповолниот понудувач ќе има обврска во рок од два месеца по
склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од
магистралните гасоводи, за кој, по давањето согласност од страна на
Меѓуминистерскиот комитет за негова реализација, ќе изработи тендерска
документација во која ќе бидат утврдени и критериумите за избор на
компанија која ќе ја изготвува проектната документација, како и
критериумите за избор на ревидент на проектната документација на
приоритетни делници од магистралниот гасовод.
Кои се следните активности во телекомуникацискиот сектор ?
- На почетокот на 2009 година очекувам дека ќе биде
заокружена изработката на Стратегијата за развој на широкопојасен
интернет. Со воведувањето на широкопојасниот интернет ќе се овозможи
воведување на информатичкото општество во сите општествени сегменти.
Оваа стратегија ќе ги дефинира насоките и конкретните мерки за забрзано
воведување и користење на широкопојасниот интернет во Република
Македонија. Исто така, ќе предложиме измени и дополнувања на законската
регулатива во оваа област со цел имплементација на новите
пакет-директиви на Европската Унија кои се однесуваат на електронските
комуникации и медиумите, од кои е најважна Директивата за аудиовизуелни
медиумски услуги. Измените во Законот за електронски комуникации и
Законот за радиодифузна дејност ќе придонесат и за подобрување на
состојбите во секторот за електронски комуникации, во насока на
создавање на амбиент за развој на информатичкото општество, односно
спроведување на политиката и програмата на Владата и ќе се отстранат,
односно допрецизираат одредени решенија во постојниот закон кои
создаваат бариери за влез на нови инвеститори и нови технологии. Во
Македонија веќе е почната постапката за дигитализација на медиумите.
Имено, Агенцијата за електронски комуникации веќе објави оглас за
доделување три комерцијални мултиплекси за дигитална телевизија, а ЈП
„Македонска телевизија“ ќе добие еден мултиплекс за пренос на
содржините на јавниот радиодифузен сервис.
http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=60468904&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#171 Posted: 22-Dec-2008 at 23:55 |
МЕПСО стана член на европска асоцијација
МЕПСО
стана член на новата европска асоцијација на преносни систем оператори
ENTSO-E (European network of transmission Sistem Operators for
Electricits). Оваа асоцијација е единствена на ниво на Европа, која ќе
ги замени сите досегашни асоцијации на преносни систем оператори кои
управуваат со државните или националните електроенергетски системи.
Владимир
Здравев, генералниот директор на МЕПСО, го потпиша договорот за
полноправно членство на нашиот национален електропреносен
систем-оператор со генералните директори на 42 компании оператори од 34
земји на Европа. Ова потпишување е чекор до посигурен и поефикасен
европски и регионален пазар на електрична енергија. Една од главните
цели на оваа асоцијација е да се забрза развојот на европскиот
единствен пазар на електрична енергија, што ќе придонесе за сигурна и
координирана работа на целиот европски преносен систем на електрична
енергија.
ENTSO-E ќе работи врз база на консултации со
Европската комисија, државните регулаторни комисии за енергетика и сите
учесници на пазарот.
http://vecer.com.mk/?ItemID=5D101B12C309474D8140EDCF2CDF1226 |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#172 Posted: 22-Dec-2008 at 20:31 |
Уморен сум од тоа да бидам негативен во 90% од случаите, но реалноста не ми остава избор - уморен сум и од лагите и бомбастичниот егзибиционизам на оваа влада. Еве одличен пример:
Што се однесува на буџетските средства, во предложената програма на
Агенцијата за државни патишта се предвидени 130 милиони евра, кои ќе
бидат употребени за изградба на повеќе патни правци во Македонија, меѓу
кои и Радовиш – Струмица, Коњско – Кожув, обиколницата на Охрид, Куклиш
– Банско, Тетово – Јажинце, Градско – Прилеп до Росоман и патот до
Порече, а ќе се заокружи и изградбата на автопатите Табановце –
Куманово и обиколницата на Скопје. |
Каква е таа дрскост обиколницата да се става во ист кош? Колку пати ќе ја рециклираат? Зарем мислат дека сите сме глупи, па ако постојано ги пробиваат роковите ќе можат постојано да се чукаат во гради со истите „нови“ ветувања и да ги користат неуспесите за добивање на политички поени??? Господа, обиколницата веќе одамна требаше да се комплетира... Пробивте неброени рокови кои сами ги зацртувавте. Вие можете да сечете ленти и 10 пати ако сакате, ама нема никого да излажете - ептен ја потценувате нашата интелигеенција. Со тоа што господинот министер ја вметна обиколницата во ова интервју, го поткопа кредибилитетот на се друго што најави (не дека имаше којзнае каков кредибилитет, но вака и најголемите оптимисти тешко дека ќе ги убеди) Еве и друг пример, кој е стара вест, но симптоматично е што и министерот ја зацементира оваа сума без никаква забелешка дека кога ќе се допрецизираат работите ќе се издвојат повеќе пари или дека овие 10 милиони се наменети само за некаква специфична потреба во врска со оваа пруга. Значи буквално пругата кон Бугарија во 2009 ќе ја градиме со 10 милиони евра... Ај да видиме што ќе се направи со тие пари, ако воопшто бидат навистина таму инвестирани...
Предвидуваме
инвестиција во висина од 10 милиони евра за доизградба на врските што
недостасуваат кон Бугарија. |
Лаги, фалби, фарбање... без престан... Затоа е прекрасен овој форум - убаво и хронолошки ги евидентираме сите политички манипулации, така што ни оние со краткотрајно памтење нема веќе да подлегнат на ова срање!
Edited by Cloverstack - 22-Dec-2008 at 20:36
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#173 Posted: 22-Dec-2008 at 15:20 |
Нема некои којзане какви нови информации! Само некоја ретроспектива на најави! Повторно никави рокови и конкретни дати за автопатиштата а што се однесува до коридрите одговорот на министерот е чиста хипокризија. Владата одвоила дууури 3 милиони евра за патот што ги поврзува, како што кажа министерот, Европа и Азија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#174 Posted: 22-Dec-2008 at 14:29 |
Интервју со министерот (итегрална верзија) дадено за "Нова Македонија"....
Првпат во Македонија сериозно се вложува во инфраструктурата |
|
|
|
Автор: Владимир Николоски |
|
Се
чини дека од осамостојувањето до денес во Македонија наеднаш не биле
почнати повеќе инфраструктурни проекти. Актуелната влада најавува дека
2009-та ќе биде година на изградба на патишта, на железнички пруги и на
аеродроми. Конечно се активира и проектот за гасификација на земјава.
Амбициозните проекти беа доволен повод за разговор со Миле Јанакиески,
министер за транспорт и врски.
Во буџетот за 2009
година се одвојуваат средства наменети за проекти за реконструкција и
санација на патната инфраструктура. Ќе има ли идната година изградба на
нови патни правци или се работи за проекти за реконструкција и санација
на постојните патишта?
- Со многу проекти што како
Влада на Република Македонија ги почнавме, а некои од нив веќе се
реализирани, докажуваме дека изградбата на здрава патна инфраструктура
во земјава е еден од нашите приоритети. Во оваа насока веќе се работи
на изградбата на голем број делници, некои беа завршени во текот на
изминатите две години, а и идната година ќе почне реализацијата на
повеќе проекти што се однесуваат на изградба на патишта. За оваа намена
веќе обезбедивме средства, кои треба да бидат искористени како за
изградба на регионални, така и за локални патишта во самите општини.
Што се однесува на буџетските средства, во предложената програма на
Агенцијата за државни патишта се предвидени 130 милиони евра, кои ќе
бидат употребени за изградба на повеќе патни правци во Македонија, меѓу
кои и Радовиш – Струмица, Коњско – Кожув, обиколницата на Охрид, Куклиш
– Банско, Тетово – Јажинце, Градско – Прилеп до Росоман и патот до
Порече, а ќе се заокружи и изградбата на автопатите Табановце –
Куманово и обиколницата на Скопје. Во оваа програма се предвидени и
средства за тековно и инвестициско одржување на патната мрежа. Исто
така, со средства од Светската банка во висина од 34 милиони евра ќе се
врши рехабилитација на 11 најприоритетни регионални правци, а 34
милиони евра се предвидени за општините во Република Македонија за
реконструкција на локалната патна мрежа.
Како оди проектот за концесии на македонските патишта?
-
Министерството за транспорт и врски во јули годинава, во домашните
весници и во реномираниот „Фајненшл тајмс“ објави повик за покажување
иницијален интерес за концесии на патишта. Заинтересираност покажаа 48
компании од сите делови на светот. Патишта од почетна мрежа на
Република Македонија што ќе бидат предмет на концесија се патните
правци: Романовце – Узем, Стенковец – Блаце, Гостивар – Требеништа,
Ќафасан – Битола, Велес – Меџитлија, Велес – Обел и Миладиновци – Штип.
Предвидено е концесијата да биде за период од 35 години, но
концесионерот ќе има конкретни услови и рокови, кои се однесуваат на
изградба на дадените патни правци на ниво на автопат за период од 6
години, одржување на патиштата и наплата на патарина од страна на
концесионерот, како и предавање на патиштата на Владата по завршување
на периодот на концесија. Моделот на концесионирање предвидува поддршка
од страна на Владата во процесот на изградба на автопатиштата, со оглед
на предвидените кратки рокови за идните концесионери.
Какви се проблемите што ја одолжуваат реализацијата на проектот Сончев град?
-
Владата нема да се откаже од изградбата на населбата Сончев град.
Очекуваме сите административни бариери да бидат надминати, а со тоа да
се создадат услови за реализација на овој проект.
Кога може да се очекува новиот лик на аеродромот „Александар Велики“?
-
Во согласност со Договорот за концесија се утврдени временските рокови
во кои ќе треба да бидат завршени инвестициските зафати со кои
Македонија ќе добие модерни и конкурентни аеродроми. Конкретно, во
период од 20 месеци, на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје треба
да се изгради нова терминална зграда, да се продолжи полетно-слетната
патека, да се изгради паркинг за автомобили, пристапен пат, заедно со
нова клучка, да се изврши инсталирање на системите за земска
навигација, да се изгради потребната комунална инфраструктура, да се
изврши доградба на административната зграда, нов карго-терминал, нова
противпожарна станица и нов паркинг за воздухоплови. Во тек е процесот
за избор на консултант што ќе врши постојан надзор над реализација на
Договорот за концесија за градба, реконструкција и користење на
аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, аеродромот „Св. Апостол
Павле“ во Охрид и изградба на карго-аеродромот во Штип, со што ќе се
обезбеди постојана и стручна контрола над имплементацијата и
извршувањето на обврските што произлегуваат од договорот што го
потпишаа Владата на Република Македонија и компанијата „ТАВ“ од
Република Турција. Во моментот се врши експропријација на земјиштето на
аеродромите во Скопје, Охрид и на локацијата каде што е предвидена
изградба на карго-аеродромот во општините Штип и Свети Николе. По
предавањето на земјиштето од страна на Владата на Република Македонија
на концесионерот, почнуваат роковите за реализирање на предвидените
инвестиции – 20 месеци за завршување на градежните работи на аеродромот
„Александар Велики“ во Скопје, 12 месеци за аеродромот „Св. Апостол
Павле“ во Охрид и 36 месеци за изградба на карго-аеродром во Штип.
Кога може граѓаните да очекуваат гасоводни цевки до нивните домови?
-
Во септември објавивме меѓународен тендер за изработка на студија за
оправданост, која треба да ги покаже економската и финансиската
оправданост за изградба на целата гасоводна мрежа, но и да ги дефинира
стратегиските услови и фазите на временска реализација на гасоводниот
систем. На тендерот понуди доставија 3 конзорциуми составени од
компании од Германија, Полска, Бугарија, Словенија и од Македонија. За
следење на работата на економскиот оператор со кој ќе биде склучен
договор откако ќе заврши целокупната тендерска процедура, Владата
формира Меѓуминистерски комитет, кој ќе ги одобрува периодичните
извештаи доставувани од економскиот оператор што ќе ја подготвува
студијата. Ова тело ќе дава согласност и насоки за најбрза реализација
на предложените магистрални гасоводи, кои паралелно би се проектирале
на повисоко ниво и најбрзо би се извеле. Економскиот оператор што ќе
биде избран за носител на набавката ќе има обврска во рок од два месеца
по склучување на договорот да предложи најмалку еден правец од
магистралните гасоводи, за кој, по давањето согласност од страна на
Меѓуминистерскиот комитет за негова реализација, ќе изработи тендерска
документација со критериуми за процена на понудите за избор на
проектантска фирма за проектирање проектна документација на утврдени
делници или делница, предмет на програмата, како и тендерска
документација со критериуми за избор на ревидент на проектната
документација на приоритетни делници од магистралниот гасовод. Рокот за
извршување на услугата е 9 месеци по склучување на договорот.
Ќе се гради Коридорот 8
Ќе се гради ли идната година нова железничка инфраструктура?
-
И во сегментот на железницата оваа влада инвестира најмногу средства од
осамостојувањето на Република Македонија. Нашата цел е железничкиот
транспорт во земјава да застане на здрави нозе и да функционира
профитабилно. Освен за тековно и инвестициско одржување на железничката
инфраструктура, за што во 2009 година се обезбедени 3 милиони евра,
предвидуваме и изградба на нови делници по должината на Коридорот 8.
Целта е да се заокружи изградбата на овој значаен дел од европската
транспортна мрежа, кој ги поврзува Европа и Азија. Предвидуваме
инвестиција во висина од 10 милиони евра за доизградба на врските што
недостасуваат кон Бугарија. Во текот на 2009 година ќе биде утврдена и
конкретната финансиска конструкција. Во однос на изработка на
техничката документација за железничкото поврзување кон Република
Албанија, ЈП „МЖ Инфраструктура“ на 24 ноември 2008 година распиша
меѓународен оглас за доделување договор за јавна набавка за изработка
на студија и идеен проект за пругата Кичево - граница со Република
Албанија. За спроведување на оваа јавна набавка се обезбедени средства
од буџетот на Република Македонија, а се очекува изработката на
целокупната потребна документација да заврши во следните 3 години.
Општините треба да бидат поажурни
Според
вас, општините имаат мал капацитет кога станува збор за изработка на
проекти за изградба и санација на локални патишта. Ќе се искористат ли
парите од кредитот на Светската банка или постои можност Македонија да
ги загуби овие средства?
- За реконструкција на
локалната патна мрежа со средствата што ги обезбедивме од Светска банка
во првата фаза интерес пројавија само 33 општини, кои доставија вкупно
81 проект. За овие проекти се врши ревизија на Градежниот факултет во
Скопје, за да се испита дали се квалитетно изработени како услов за
аплицирање пред Светската банка. Агенцијата за државни патишта достави
дописи до сите општини чии проекти имаат забелешки во рамките на оваа
ревизија, да ги имплементираат и во најкус можен рок повторно да ги
достават. Следен чекор по доставување на проектите ќе биде повторна
проверка од страна на Градежниот факултет и, откако ќе се добие финално
позитивно мислење, ќе се подготви техничката документација, со што ќе
може да почнат тендерските постапки.
Морам да кажам дека не ми е
јасно на што се должи инертноста на некои општини во однос на
подобрувањето на патната мрежа, затоа што овие средства Владата ги
обезбеди за нив, односно за сите граѓани што сè уште, и во 21 век,
имаат проблеми со патната поврзаност до нивните населени места. Затоа
уште еднаш апелирам до градоначалниците за поголема ажурност и поголемо
залагање, овој проект со кој Македонија ќе добие здрава локална патна
инфраструктура заедно да го реализираме. |
http://www.build.com.mk/forum/forum_topics.asp?FID=4 |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#175 Posted: 16-Dec-2008 at 23:16 |
|
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#176 Posted: 09-Dec-2008 at 11:10 |
najmnogu me raduva prugata kicevo - albania .... da pravat nesto vo kicevo deka tamu se e raskapan zeleznicata e i avtobuska stanica i ne za gradski prevos tuku za privatni avtobusisto doagat , so vlaga iskerseni penceri necist katastrofa e nikoj ne investira
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#177 Posted: 09-Dec-2008 at 01:47 |
Стадионов на ништо не личеше со една трибина и редно беше да се комплетира но секоја недела идат 500-1000 луѓе и само една англија или холандија го полнеше стариот (18,000) додека новиов (32,500) мислам и тие репрезентации нема да го наполнат скрос. Е сега незнам дали треба баш сега да се фрлаат толку пари за нешто што не се користи толку често кога улиците/пругите ни се катастрофа а возовите/автобусите преполни и стари. Но ако идеме по таа логика сигурно уште едно 10-20 години немаше да го чепнат а тоа е премногу 
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#178 Posted: 09-Dec-2008 at 01:14 |
Незнам јас мислам дека за комплекс кој ќе се полни еднаш годишно (АКО се полни) не требаше точно сега во време на крајна неопходност од патна и жп инфраструктура, да се налеат толкави милиони за таа цел. Мислам дека тоа е еден детал што не го подигнува квалитетот на живот во толкава мерка како нпр. автопат до Штип по што кој плаче половина држава со децении.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#179 Posted: 09-Dec-2008 at 01:00 |
И мене ме збуни ова со автобусите.
Иначе за стадионот мислам дека беше крајно време да се догради.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#180 Posted: 09-Dec-2008 at 00:46 |
8 милиони евра за набавка на 100 автобуси??? Дајте кажите кој е тој двокатен автобус што чини 80 000 евра да си купам и јас еден! Плус мислам дека премногу пари (15 милиони) одат за изградба на не толку нужен комплекс како Стадион Скопје, наместо за пруги и патишта...
|
 |