![]() |
![]() |
![]() |
Помали спортски сали |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 14> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 06-Mar-2025 at 16:57 |
|
Пинтија за првпат доби спортска сала и ќе го носи името на загинатиот херој од 2001, Александар Стојчев
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/1OrceGj |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
|
ајде ишала некој нешто и во н.Пинтија да направи...
https://opstinakiselavoda.gov.mk/%D1%93%D0%BE%D1%80%D1%93%D0%B8%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%BF%D1%80%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D1%82%D0%B2%D0%BE%D1%80%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%BF%D0%BE%D1%80%D1%82%D1%81%D0%BA/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Нова училишна спортска сала во населено место Црешово во Општина Гази Баба, проект вреден 34 милиони денари.
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=1192103892271535&set=pcb.1192106068937984 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ОДЛИЧНА ВЕСТ ЗА ХРОМ, ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ПО ДЕЦЕНИЈА, ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ „ДИМИТАР ПОП ГЕОРГИЕВ БЕРОВСКИ“ ДОБИВА СПОРТСКА САЛА
На вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри денеска со задоволство можам да најавам дека ја стартувавме изградбата на училишната спортска сала во подрачното училиште во Хром, „Димитар Поп Георгиев - Беровски“ ! ![]() ![]() https://www.facebook.com/aleksandarstojkoskidr |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Денеска,во населеното место Огњанци се постави каментемелник на нова спортска сала .
Спортската сала е од огромно значење за учениците од Подрачното Основно Училиште ,,Кочо Рацин,, - Огњанци , каде непречечено ќе можат да ја изведуваат наставата по физичко воспитување .Финансиските средства за изградба на оваа сала во висина од 12.000.000 денари се обезбедени од дотациите од МОН, додека останатите 6.000.000 денари се средства обезбедени од Буџетот на Општина Петровец. Спортската сала е со површина од 472 м2 и истата треба да биде готова за шест месеци. ![]() https://www.facebook.com/borce.mitevski.927 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
„Изградбата на спортската сала во состав на основното училиште „Кире Гавриловски Јане“ во Прилеп, објект со површина од 650 квадратни метри, за кој се издвоени 24,5 милиони денари е започната во текот на месец февруари, а на радост на над 900 ученици од ова училиште, салата ќе биде готова во последното тримесечје од оваа година“, истакна Царовска.
![]() ![]() https://www.facebook.com/VladaMK |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Се гради новата сала за училиштето во Стајковци
![]() ![]() Завршена е првата фаза од изградбата на новата училишна сала за ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, на површина од 430 квадратни метри, што ќе може да се користи за кошарка, ракомет, мал фудбал, одбојка, пинг-понг и гимнастички спортови и располага со две соблекувални и помошен простор. Вкупната вредност на оваа инвестиција е 17 милиони денари, средства на општина Гази Баба. – Учениците од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стајковци од оваа учебна година ќе имаат можност наставата по физичко образование, да ја следат во спортска сала, наместо во прилагодена училница како што беше до сега. Ова основно училиште од кога е изградено, не располагаше со спортска сала, па наставата по физичко се одржуваше во прилагодена училница и во училишниот двор – се вели во соопштението од општината. Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, се вели во соопштението, изврши увид на објектот на кој се завршени градежните активности предвидени во првата фаза. Во втората фаза се предвидува покривање и изолација на објектот, изведба на внатрешните и надворешни инсталации и уредување на просторот околу објектот. Третата и последна фаза од проектот предвидува набавка на потребната опрема и реквизити за салата. https://www.vecer.press/се-гради-новата-сала-за-училиштето-во-с/ |
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
Interesen naslov
![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Салата во Јегуновце е дел од проектот за изградба и опремување на 145 спортски сали од кои досега се завршени 30 во средните училишта, 60 во основните училишта, а уште 7 во основните се во фаза на изградба.
![]() ![]() https://www.facebook.com/VladaMK |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Одлично напредува изградбата на новата училишна спортска сала за ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци.
![]() ![]() https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Ветено, но несторено , салата „Партизан“ во Чаир претворена во засолниште за бездомници
https://mk.tv21.tv/veteno-no-nestoreno-salata-partizan-vo-chair-pretvorena-vo-zasolnishte-za-bezdomnitsi/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Нова спортска сала во ООУ „Јоаким Крчоски“
![]() ![]() Во соработка со Министерството за образование е изградена нова, модерна спортска сала во основното училиште „Јоаким Крчоски“ во населеното место Волково. Како што информираат од Општина Ѓорче Петров, училиштето е изградено пред шеесетина години и годинава првпат доби спортска сала. – Сега, 400 ученици добиваат место во кое ќе можат во соодветни услови да ги следат часовите по физичко образование, а Волково добива нов спортски објект кој ќе можат да го користат рекреативците-велат од локалната самоуправа. https://www.vecer.press/нова-спортска-сала-во-ооу-јоаким-крч/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
МЗТ СКОПЈЕ СО КАПИТАЛНА ИНВЕСТИЦИЈА ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР
Изминативе неколку месеци, паралелно со борбата за обезбедување адекватни услови за тренинг и натпревари во услови на глобална пандемија, како и за формирање конкурентен тим за новата сезона, управата на МЗТ Скопје Аеродром, заедно со предводниците на вториот тим и на младинската школа, паралелно работеше на исклучително значаен проект – модернизирање и средување на спортскиот центар „Ново Лисиче“ односно популарната „Дупка“ и тоа со сопствени средства. Станува збор за спортски објект кој, меѓу другото, се користи како тренинг центар и сала за официјални натпревари на младинските селекции на нашиот клуб. Со цел талентите од нашата младинска школа, но и сите останати спортски вљубеници во општина Аеродром, да имаат најдобри можни услови за работа, предводниците на МЗТ Скопје Аеродром вложија голем напор и обезбедија средства за реновирање на салата за тренинзи и натпревари, како и на соблекувалната и на теретаната. „Уште при моето доаѓање на чело на управата на клубот реков дека паралелно со борбата за најдобри можни спортски резултати и освојување трофеи, еден од приоритетите ќе ми биде и кревањето на младинската школа на највисоко можно ниво и обезбедување идеални услови за работа не само на сегашните генерации туку и на многу други кои ќе дојдат по нив. Реновирање и модернизација на СЦ 'Ново Лисиче“ е еден од проектите во кој, заедно со Огнен Стојановски, координаторот на младинската школа и прв човек на вториот тим, вложивме најголем труд, со цел општината Аеродром да има во владение спортски објект со кој може да се гордее. Добиваме своевиден кошаркарски храм, кој ги исполнува сите светски стандарди за работа на младинските категории, на кој само може да ни завидуваат другите. Уверен сум дека со вакви одлични услови, само ќе го зголемиме производството на квалитетни кошаркари, со цел МЗТ Скопје Аеродром да биде тоа што и треба да биде, а и што го заслужува – расадник на најдоброто со што македонската кошарка може да се пофали“, вели Тони Грнчаров, извршниот директор на МЗТ Скопје Аеродром. Салата е варосана, а воедно е промената целата инсталација во неа, со цел да биде максимално безбедна од секој апсект, за нејзино безгрижно користење на децата кои се наша иднина. Променети се светлечките рефлектори со со нови ЛЕД-светла, кои даваат подобра светлина, а кои воедно носат поголема заштеда на електрична енергија. А, решен е и најголемиот проблем, пред сѐ за родителите и останатите вљубеници во кошарката, а тоа е поставување мини-трибини на кои тие во иднина би можеле да седат додека ги следат тренинзите односно натпреварит Соблекувалната, пак, е реновирана според стандардите на најголемите европски и светски клубови, со обележја со цитати како и со логовци на нашиот клуб. Теретаната, пак, е максимално модернизирана, а дел од справите се заменети со нови и модерни реквизити, кои ги исполнуваат барањата за тренирање според најновите светски стандарди. Исто така и таа е варосана и средена како нова, со цел нашите млади кошаркари да не се чувствуваат ништо полошо од што би се чувствувале во најмодерните вакви центри не само во градот и државата, туку и пошироко. Во склоп на тоа, како следен чекор, е промената на подлогата во салата, што е сериозен зафат, кој МЗТ Скопје Аеродром ќе го направи во соработка со општина Аеродром, а што ќе биде реализирано по донесувањето на новиот ребаланс на општинскиот буџет кон крајот на годината. Сето ова треба да биде само почеток на инвестицијата што ја планираме во овој спортски центар, кој во иднина треба да биде своевидно светилиште на сите на кои сино-белата боја им е при срцето, но и на сите останати места каде што тренираат нашите најталентираните кошаркари, бидејќи сѐ што прави клубот е за нив и за генерациите кои понатаму ќе доаѓаат. ![]() ![]() ![]() ![]() http://mztskopjeaerodrom.mk |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Во склоп на ООУ Вера Јоциќ-Гази Баба
![]() https://www.facebook.com/opstinagazibaba/ |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Од 145 училишни спортски сали изградени само половина
Наместо 145 училишни спортски сали, до сега се пуштени во употреба само 76. Односно, во периодот од 2009 до 2019 година реализирани се само 51,72 отсто од објектите предвидени со проектот за изградба на училишни спортски сали, констатира Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за успешност на проектот за подобрување на условите за спортување на децата од основното и од средното образование. Ова е само една од бројните забелешки што ги констатираат ревизорите во извештајот за успешност. Покрај другото, се наведува дека договорот за изведба на градбите – 145 училишни спортски сали, склучен со изведувачот, не соодветствува со моделот на договор од тендерската документација, потоа дека роковите на изведба на сите завршени градби и на оние во тек се надминати… Ревизорите констатирале и дека роковите за реализација на изведбените работи се пролонгирани неколку пати, од предвидените 3 години рокот на завршување на проектот е пролонгиран до 2024 година, или во период од 15 години. Поради бројни пропусти ревизорите не можеле да ја оценат успешноста во спроведување на проектот, што е и целта на ревизијата. Сепак, велат дека со оглед што проектот уште се спроведува постои можност и време да се надминат слаабостите и неусогласеностите, како и да се забрза реализацијата на активностите. Станува збор за проектот за Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали како дел од Програмата на Владата за 2006 – 2010 година чија цел беше да се подобрат условите за физичко образование во основните и во средните училишта, како и да се поттикнат младите на спортски активности. Со проектот беа опфатени сите 80 општини и Градот Скопје, за што беа изготвени две физибилити студии, едната во 2007 година која опфаќаше изградба и опремување на 30 спортски сали, а другата во 2010 година за изградба на 115 спортски сали и рехабилитација на училишта. Во извештајот на ревизорите се елаборираат и другите компоненти на проектот кој опфаќа и изградба на училишта, обука на кадрите и тн. Основниот договор за изградба и опремување на 145 училишни спортски сали е склучен со економски оператор уште во 2009 година, но потоа се склучени пет анекси (во 2010 година, во 2014, па во 2018 два пати, со што постојано се пролонгирал рокот за реализација, за на крај тој сега да биде дури во 2024 година. Анекс бил склучен и за да се усогласи основниот договор со новиот Закон за јавни набавки. Во меѓувреме била отворена и стечајна постапка кон операторот што го спроведувал надзорот, па било пристапено кон раскинување на договорот и активирање на банкарската гаранција, а со оглед дека била во тек изградба на девет спортски сали, за да се избегнат дополнителни трошоци заради прекинување на градежните работи, без јавен тендер бил склучен договор со друг економски оператор за надзор, за што имало согласност и од Советот на јавни набавки. Во меѓувреме било овозможено и намалување на финансискиот товар на економскиот оператор преку намалување на вредноста на банкарската гаранција. „Во досегашниот период завршени се и пуштени во употреба 76 училишни спортски сали, во тек е изградбата на 14 сали, а минатата година била почната изградба на сали во 12 основни и едно средно училиште“, се вели во ревизорскиот извештај. Истовремено, до сега се доопремени 49 училишни спортски сали со потребната спортска опрема и рекввизити. Во извештајот исто така се објаснува детално и финансиската конструкција односно заемите земени од Банката за развој при Советот на Европа за оваа намена, но и дека дел од рехабилитациите на училиштата предвидени со проектот биле реализирани од страна на Град Скопје, од општините и со разни донации. Покрај буџетски средства, за реализација на проектот се добиени и два заеми од Банката за развој при Советот на Европа, едниот во износ од 12,5 милиони евра (при што предвиденото буџетско учество изнесува 1,8 милиони евра), а другиот заем е во износ од 30 милиони евра плус буџетско учество од 15 милиони евра. И покрај тоа што станува збор за сигурен извор на финансирање (заем и буџет) поради необезбедување на буџетски средства МОН повеќе пати не успеало да ги обезбеди планираните финансиски средства што е една од причините за ненавремена реализација и пролонгирање на рокот на изведба на градбите, се вели во ревизорскиот извештај, при што се наведуваат и конкретни периоди кога од Буџетот биле одобрени само 2,21 отстоод бараните средства од МОН, како што на пример бил случајот во 2018 година. Поради енормно пролонгираниот рок на изведување, очекуваните ефекти изминатиот период не можат да бидат потврдени, се вели во заклучокот на ревизорскиот извештај. Притоа, се додава дека со ревизијата се констатира дека за наведената состојба постојат повеќе причини – од недоволно подготвениот економски оператор како изведувач, потоа во реализацијата на проектот, недоволно ангажирани човечки и технички капацитети, нецелосна поддршка од Министерството за финансии при одобрување на планирани и проектирани средства, недоследности во изведбата потврдени од надзорот и тн. (М.Ј.) https://nezavisen.mk/od-145-uchilishni-sportski-sali-izgradeni-samo-polovina-drzhavnite-revizori-otkrivaat-zoshto/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Се гради новата спортска сала во ООУ „Вера Јоциќ“
![]() Според градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски, одлично се одвиваат градежните работи за изградбата на новата сала во основното училиште „Вера Јоциќ“. Тој информираше дека оваа сала се гради со поддршка на Владата. https://www.vecer.press/се-гради-новата-спортска-сала-во-ооу/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |