![]() |
![]() |
![]() |
Хаварисани возила |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 4> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 12-Feb-2025 at 19:23 |
Започна акција за подигање на хаварисани возила низ Карпош
Жителите на О. Карпош ќе се спасат доколку ваквите хаварисани возила бидат отстранети од паркинг-местата. Тие зафаќаат огромен простор кој е наменет за жителите на околните згради Процедурата за отстранување на возилата оди во неколку чекори. Најпрво на возилата се поставуваат налепници на кои е напишано известување до нивните сопственици, дека во рок од 10 дена се должни да го отстранат отпадното возило. Доколку тие не го отстранат возилото, инспекторите доставуваат записник за идентификација и Решение за опомена со рок од пет дена истото да се отстрани Доколку и по тој рок не се реагира, возилото ќе биде подигнато од надлежната служба. Сопствениците на возилата кои добиле налепница, а не го поместиле возилото во предвидениот рок, ќе добијат глоба во висина од 250 евра, која ќе ги покрие трошоците за транспорт и складирање до депото во Маџари. Ваквите возила зафаќаат огромен простор во Карпош, во ситуации кога жителите се соочуваат со недостиг на паркинг места, вели градоначалникот Стевчо Јакимовски. Дополнителен проблем според него се и службените возила на дел од фирмите и претрпијатијата. Освен во општините Центар и Карпош, ваква акција од лани почна да се спроведува и во Аеродром, но и во Куманово. Целта е да се ослободи просторот, кој со децении е узурпиран од стари и заборавени возила кои со децении не сообраќаат по улиците. https://kanal5.com.mk/zapochna-akcija-za-podiganje-na-havarisani-vozila-niz-karposh/a684492 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Напуштени автомобили и сообраќаен хаос, опасност по животот и безбедноста во кичевско Длапкин Дол
![]() Расипани и хаварисани автомобили покрај магистралниот пат во селото Длапкин дол во Кичево. Автомобилите што чекаат редици за поправка кај автомеханичарот во селото се паркирани насекаде по улицата се до пешачкиот премин на патот. И не само тоа, старите и расипани автомобили овде се со години, и на овој паркинг во селото но и пред протите на куќите. „Се наоѓаме во селото Длапкин дол каде минува магистралниот пат. Во ова село има автомобили кои се паркирани во дел од селото покрај магистралниот пат а е узурпиран е дел од паркингот во селото. Жителите иако не сакаа да зборуваат пред камерата на ТВ21, бараат автомобилите да се дислоцираат“, вели репортерката на ТВ21 Салије Садику Пињоли. Ваквата состојба покрај магистралниот пат со години е непроменета. Многу често имало незгоди како последица на тоа што патот е стеснет од двете страни поради паркираните автомобили. Прашавме во СВР Охрид дали се занимаваат со овој проблем. „Ќе преземеме мерки за оваа ситуација. Идејата е да се оствари координативна средба со локалната канцеларија за сообраќај и патишта, заедно со полицијата да се спроведат мерки со цел да се елиминира овој проблем кој претставува опасност за возилата кои сообраќаат по оваа магистрала.“, рече Стефан Димовски, портпарол во СВР Охрид. Некои граѓани за ТВ21 зад камерата рекоа дека виделе случаи да поминува Брза помош со голема брзина, или високи владини делегации, а возачите не можеле да се тргнат настрана за да ослободат пат поради автомобилите покрај патот. https://mk.tv21.tv/napushteni-avtomobili-i-soobrakaen-haos-opasnost-po-zhivotot-i-bezbednosta-vo-kichevsko-dlapkin-dol/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ова е одлична вест. Уште само да се охрабри ромското население во близина преку Вардар да ги "решат" хаварисаните возила така што би се намалило полициското присуство и би се заташкувале случаевите на ограбени возила од паркингот за хаварисани возила. Само напред, па нека фаќаат "граѓаните" после функционални паркинг места со ѓубре. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Под Железничка ќе се прави депо за хаварисани возила
![]() Просторот под Железничката станица во Скопје ќе стане депо за хаварисаните возила кои се отсртануваат од паркинзите во Општина центар и Општина Аеродорм. Откако Општина Центар, на свој трошок почна да ги отстранува хаварисаните возила од паркинзите и улиците на територијата на општината и ги замоли граѓаните да го направат истото, потребно е место за нивно чување, додека не помине периодот за граѓаните евентуално да си ги побараат. Потоа тие возила ќе оодат на топење, како што пропишува законот, појасни градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски на денешниот брифинг со новинари. Тој рече дека заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, сега веќе министер за надворешни работи Тимчо Муцунски, пред повеќе месеци ја почнале постапката за да им се отстапи просторот под Железничката станица за таа намена. Планира местото да се загради, да се обезбеди, а потоа сите хаварисани возила да се носат таму. https://nezavisen.mk/pod-zheleznichka-kje-se-pravi-depo-za-havarisani-vozila/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СО ПАЈАК СЛУЖБАТА НА ЈП ПОЦ И МВР ГИ КРЕВАМЕ ХАВАРИСАНИТЕ ВОЗИЛА КОИ СО ГОДИНИ УЗУРПИРААТ ЈАВЕН ПРОСТОР
Започнавме со спроведуваме акција за отстранување на хаварисани односно неисправни или нерегистрирани моторни возила од јавните површини на целата територија на општината. Пајак службата денес отстрануваше возила спроти Соборниот храм и кај бараките на општината. ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАЕДНО СО ЈП ПОЦ И МВР ЗАПОЧНАВМЕ АКЦИЈА ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ХАВАРИСАНИ ВОЗИЛА НИЗ ЦЕЛА ОПШТИНА
Спроведуваме акција за отстранување на хаварисани односно неисправни или нерегистрирани моторни возила од јавните површини на целата територија на општината. Ги повикуваме сопствениците на хаварисаните возилата да се јават на телефонскиот број 076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат и го однесат во отпад. Со оваа постапка нивното возило ќе биде проценето согласно откупната цена за старо железо. Граѓаните кои нема да ги пријават своите возила ќе добијат пријава за сторен прекршок согласно член 63 став 1 и став 2 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и парична казна од 45 евра или согласно член 14а став 2 Алинеа 7 од Законот за Јавна чистота и парична казна од 150 евра. Нашата цел е да ги отстраниме хаварисаните возила кои со години го узурпираат јавниот простор, го попречуваат движењето на пешаците или зафаќаат простор на паркинзите. Верувам дека оваа акција ќе вроди со плод и ќе ја промени грдата слика во нашите маала. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТОВЕСТ: Нова уметничка инсталација, ѓубре во комбе!
Уметничката инсталација се наоѓа во близина на Гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ во Карпош. ![]() https://www.vecer.press/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D1%83%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0-%D0%B8%D0%BD%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Општините започнаа акции за отстранување на крнтиите
![]() ![]() Во изминатиот период, во соработка со „Пајак службата“, се организирани акции во сите населени места во урбаниот дел и притоа се подигнати повеќе од 50 хаварисани возила од јавни површини. Се молат граѓаните за соработка при лоцирање на хаварисаните возила со цел полесно и поефикасно справување со овој проблем. Тие можат да се пријават на дежурниот инспекциски телефон 075-346-932, одговорија од Инспекторатот на Општина Гази Баба. Пред неколку дена ваква акција започна и Општина Аеродром каде што беа поставувани опомени на хаварисаните возила. Инаку, како што соопштија од Општина Аеродром, со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во општината. ОД ЈП ПОЦ ваква акција најавуваат од септември Жителите на општина Гази Баба бараат да се спроведе акција за отстранување на хаварисаните возила по примерот на општина Аеродром. Реагираат дека населбата Железара како што велат треба да се исчисти од крнтии. А други пак велат дека треба да се преземе нешто и за трговците со автомобили, кои како што потенцираат, имаат паркирано и по десетина, бидејќи го нагрдуваат просторот и зафаќаат место. Од Инспекторатот на Општина Гази Баба велат дека ваквата акција е редовна активност на Комуналната инспекција на Општина Гази Баба. – Во изминатиот период во соработка со „Пајак службата“ се организирани акции во сите населени места во урбаниот дел и притоа се подигнати повеќе од 50 хаварисани возила од јавни површини. Се молат граѓаните за соработка при лоцирање на хаварисаните возила си цел полесно и поефикасно справување со овој проблем. Тие можат да се пријават на дежурниот инспекциски телефон 075 346 932 – одговорија од Инспекторатот на Општина Гази Баба. Пред неколку дена ваква акција започна и Општина Аеродром каде што беа поставувани опомени на хаварисаните возила. Оттаму објаснија дека хаварисаните возила треба да се отстранат во рок од 7 дена од добиената опомена. Во спротивно, ќе бидат дислоцирани од страна на надлежните служби на трошок на сопствениците, а во наредниот период вакви опомени ќе добијат сите хаварисани возила на ниво на целата територија на Општината. Инаку, како што соопштија од Општина Аеродром со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во општината, што дополнително ќе придонесе за намалување на недостигот на паркиралишта. В.д. градоначалникот на Општина Аеродрoм, Дејан Митески, апелираше до граѓаните на совесно однесување и ги потсети дека паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането со закон. Хаварисаните возила, покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност како за граѓаните, така и за животната средина. Директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски. вели дека веќе повеќе месеци континуирано тече акцијата за бесплатно подигање на хаварисаните возила која се спроведува заедно со Општина Центар. – Во согласност со сопственикот хаварисаното возило го носиме во лиценцирани отпади кои селектираат суровини. Сопственикот може да присуствува на проценката и за возилото добива надоместок, во зависност од големината и тежината на возилото – објаснува Коцевски. Што се однесува до поставувањето опомени на оставените хаварисани возила, Коцевски најавува акција од септември. Жители на Општина Карпош, пак, велат дека на нивните пријави за хаварисани возила инспекторите од Општината веднаш реагираат и оти пријавувањето е основен начин инспекцијата да делува и треба да се практикува, иако, како што велат некои кај нас владее мислење дека тие што пријавуваат се злобни. – Не, тие сакаат ред, злоба е неоправдано пријавување – коментираат жители на Општина Карпош и додаваат дека во Карпош 1 пред две години биле расчистени сите хаварисани возила. https://www.vecer.press/opstinite-zapocnaa-akcii-za-otstranuvanje-na-krntiite/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Митески најавува решавање на проблемот со хаварисаните возила во Општина Аеродром
В. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, на денешната теренска посета заедно со инспекциските служби од општината, најави решавање на проблемот со хаварисаните возила што со години узурпираат јавни површини и зафаќаат паркинг-места со што го попречуваат секојдневието на аеродромци. Во текот на денешната акција, согласно со законските регулативи, оставени се околу 60 опомени за отстранување на хаварисаните и нерегистрираните возила од јавните површини. Хаварисаните возила треба да се отстранат во рок од 7 дена од добиената опомена. Во спротивно, ќе бидат дислоцирани од страна на надлежните служби на трошок на сопствениците, а во наредниот период вакви опомени ќе добијат сите хаварисани возила на ниво на целата територија на Општината. Со оваа акција се очекува да бидат ослободени од 100 до 150 паркинг-места во Општината, што дополнително ќе придонесе за намалување на недостигот на паркиралишта. Митески апелира до граѓаните на совесно однесување и ги потсетува дека паркирањето на вакви возила на јавни површини е забрането со закон. Хаварисаните возила, покрај тоа што ја нагрдуваат сликата за Општината, претставуваат и опасност како за граѓаните, така и за животната средина. ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=509957984918055&set=pcb.509958378251349 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кој е одговорен за старите и расипани возила паркирани по тротоарите и улиците низ цело Скопје?
![]() ![]() ![]() Скопските улици и паркинзи се полни со хаварисани коли, кои со години стојат неподвижни и го попречуваат движењето на луѓето во јавни простории како тротоари и улици, а некои исто така зафаќаат места за паркирање на други исправни коли, имајќи предвид дека во Скопје се помалку има места за паркирање. Ова година скопските општини покренаа активности за нивно отстранување со претходно предупредување на сопствениците првично сами да ги отстранат, во спротивно ќе ги отстранува општината. Но општините се сочувале со проблеми и не добиле поддршка од Град Скопје кои не им најде место кај да се носат собраните коли. Случај беше Општина Карпош кои во март оваа година имале акција за собирање на хаварисани коли, од Град Скопје им беше кажано дека општината сама треба да се погрижи за локацијата каде ќе завршат собраните возила. Моментално во Град Скопје не се знае колку ги има во број хаварисаните коли кои стојат со години во паркинг места, или пак на тротоари или други јавни површини. Градска редакција успеа да слика десетина коли во Општина Чаир кои со години стојат на истите места. Од Општина Чаир за Градска редакција велат дека постојано спроведуваат акции за собирање на стари возила кои стојат на јавни површини, но се повторува истата слика со поминување на времето. Според нив последната акција беше спроведена во мај 2021 година. Општина Центар пред две години спроведе успешна акција за собирање на хаварисаните возила. Тие бесплатно беа однесени во депото на фирмата „Васкони скрап“ каде што беа исечени и продавани како старо железо, за што сопствениците добија надоместок од фирмата согласно нивниот ценовник за откуп на отпад од хаварисани возила. Град Скопје во септември 2020 година донесе одлука за масовно отстранување на хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини на територијата на главниот град. Тогашниот градоначалник Петре Шилегов имаше план во населбата Драчево да направи депонија за метал, отпад на Град Скопје. Во предлогот стоеше дека Градот се согласува „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да се користат за отстранување на напуштените возила во сите општини, освен во Центар каде што оваа услуга би ја извршувала ЈП ПОЦ. Притоа се предлагаше возилата што ќе бидат отстранети од јавните површини да бидат времено депонирани на одредена локација во Драчево. Сепак, оваа одлука не беше поддржана на седницата на Советот на Град Скопје, односно за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Општините се со „врзани раце“ затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Општините не можат да сторат ништо освен да ги предупредат сопствениците да ги тргнат автомобилите од јавните површини. https://gradska.mk/ko%D1%98-e-odgovoren-za-starite-i-rasipani-vozila-parkirani-po-trotoarite-i-uliczite-niz-czelo-skop%D1%98e |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Исчистен од хаварисани возила просторот под железничка
![]() Раководството на јавното претпријатие „Градски паркинг“, со цел да им излезе во пресрет на граѓаните од околните згради, како и на граѓаните и децата, кои секојдневно поминуваат покрај депонијата од хаварисани возила полни со смет, ангажира екипа од вработени, во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, коишто излегоа на терен и привремено ги префрлија хаварисаните возила под железничката станица во простор на претпријатието. – Освен што се дислоцираа овие возила, исчистен е и огромниот смет кој беше насобран во возилата, под и околу нив. На овој начин, граѓаните добија чист и преоден простор, кој е доста прометен во текот на денот, а овој дел од центарот на градот е лишен од една грда глетка, што претставуваше и закана по здравјето, бидејќи од насобраниот смет не само што се ширеше реа, туку се ширеа и бактерии – соопштија од ЈП „Градски паркинг“. Овие хаварисани возила веќе со години стојат под железничката станица во центарот на градот, а припаѓаат на одредени министерства, за што е покренато правна постапка за нивно дислоцирање, при што ЈП „Градски паркинг“, нуди бесплатен превоз до потребната дестинација. https://www.vecer.press/исчистен-од-хаварисани-возила-просто/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скапаници ги зафаќаат паркинзите, граѓаните нема каде да паркираат
![]() Хаварисани возила со години стојат на паркинзите во Карпош и граѓаните се жалат дека нема слободно место каде да ги паркираат своите автомобили. Жителите на Карпош 1 велат дека по 16 часот, кога се враќаат од работа, не може да најдат паркинг-место, бидејќи просторот го зафаќаат возила пред распаѓање, покриени со церада. – Кај мене има најмалку три такви автомобили, а ние останатите не можеме да најдеме слободно паркинг-место, па сме принудени да ги оставаме на јавни површини, што е непрописно – реагира Д.П. и додава дека некои од хаварисаните автомобили сè уште стојат иако Општината лепи известувања на нив, за сопствениците да ги отстранат. Проблемот со хаварисаните возила е застапен и на територијата на Општина Центар. Според податоците на ЈП ПОЦ, на територијата на оваа општина има 236 хаварисани возила, а досега се отстранети околу 40, кои се дадени на отпад Хаварисани возила со години стојат на паркинзите во Карпош и граѓаните се жалат дека нема слободно место каде да ги паркираат своите автомобили. Жителите на Карпош 1 велат дека по 16 часот, кога се враќаат од работа, не може да најдат паркинг-место, бидејќи просторот го зафаќаат возила пред распаѓање, покриени со церада. – Кај мене има најмалку три такви автомобили, а ние останатите не можеме да најдеме слободно паркинг-место, па сме принудени да ги оставаме на јавни површини, што е непрописно – реагира Д.П. и додава дека некои од хаварисаните автомобили сè уште стојат иако Општината лепи известувања на нив, за сопствениците да ги отстранат. Други жители на Општина Карпош, пак, на социјалните мрежи потенцираат дека има оставени возила веднаш до зградата на Министерството за економија уште од времето кога Стефан Богоев беше градоначалник. – Ниту Општината ниту МВР сакаат да ги отстранат, бидејќи нема кој да ја плати казната. Погрешно и неправилно паркираните возила се отстрануваат со „пајак“ возило без никакво предупредување, додека отпадот, и по истекот на опомената, нема кој да го собере – вели Гоце Игновски. Викторија Чавкоска вели дека и во населбата Влае го има овој проблем и потенцира дека во Општината изјавиле дека нема правни механизми да се отстрануваат хаварисаните и запуштени возила. Од Општина Карпош одговорија дека во моментот тече акција за известување и опоменување на сопствениците на хаварисаните возила да ги отстранат сами. – Поставени се известувања и опомени на 250 хаварисани возила, а 60 проценти од нив се веќе отстранети од сопствениците – нагласија од Општина Карпош. Оттаму додаваат дека е евидентно дека оваа акција дава ефект, поради што ќе продолжи и во наредните месеци. При тоа, објаснуваат дека нивните ингеренции се дотука, бидејќи треба да се обезбеди простор каде што би се чувале отстранетите хаварисани возила. Што се однесува до напуштените возила оставени веднаш до зградата на Министерството за економија, од Општина Карпош одговорија дека нивните инспекциски служби веќе имаат испратено допис до наведеното министерство во кој се бара во најскоро време да ги отстранат спорните возила. – Од Министерството ни возвратија дека возилата се во постапка на отстапување на СОЗР на Владата и замолија да им дадеме разумен рок за отстранување. Постапката е во тек – образложија од Општина Карпош. Оттаму најавија решавање на овој проблем со воведување и на зонското паркирање во Карпош 1 и во Карпош 2, кое се очекува да профункционира во текот на наредниот месец. Проблемот со хаварисаните возила е застапен и на територијата на Општина Центар. Според податоците на ЈП ПОЦ, на територијата на оваа општина има 236 хаварисани возила, а досега се отстранети околу 40, кои се дадени на отпад. – Претпријатието уште одамна, во повеќе наврати има организирано акции за отстранување хаварисани возила и во континуитет работи за подготовка на следната. Исто така, во рамките на проектот „И отпадот има вредност”, во континуитет ја нудиме услугата за бесплатно отстранување на хаварисаните возила и приколки од јавните површини во Општина Центар, со согласност од сопственикот, и нивно носење во лиценциран отпад. При тоа, возилото ќе биде рециклирано како старо железо, а средствата од откупот целосно му припаѓаат на сопственикот на хаварисаното возило – објаснуваат од ЈП ПОЦ. Во однос на новата акција, која се подготвува во координација со останатите институции, од ЈП ПОЦ велат дека прибирањето податоци е во тек со цел да се исчисти Центар од отпад. – Но, сè уште е отворена можноста сопствениците да пријавуваат за своите хаварисани возила за да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територијата на Општина Центар кои се зафатени од нив и од приколки, а кои претставуваат опасност за жителите и за животната средина – нагласуваат од ЈП ПОЦ. Оттаму ја објаснуваат постапката за отстранувањето на оставените и хаварисани возила. – Службите на ЈП ПОЦ, во соработка со комуналните служби при Општина Центар, поставуваат известување на секое хаварисано возило по претходно евидентирање на возилата, доколку сопственикот изврши пријава за дислоцирање на возилото, бидејќи законското уништување хаварисани возила е со претходно одобрение од сопственикот. Затоа, во првата фаза на акцијата се остава простор сопствениците да пријават за своите хаварисани возила и да ја искористат можноста за бесплатен транспорт до депото на компанијата која врши откуп на отпад од хаварисани возила и да добијат надоместок за нив. Во втората фаза, во соработка со МВР, се започнува со отстранување на хаварисаните и напуштени возила кои немаат сопственици, а ја узурпираат јавната површина на територијата на Општина Центар – образложуваат од претпријатието. Оттаму велат дека, бидејќи се работи за возила што не се употребуваат веќе подолго време, наидуваат на проблем за да стапат во контакт со сопственикот поради застарени податоци (адреса на живеење и контакт). – Возилото се отстранува од обележаното паркинг-место и се носи во нашето депо, каде што ќе остане сè додека не се утврди неговата сопственост – додаваат од ЈП ПОЦ. Од претпријатието сметаат дека се потребни законски измени, бидејќи чувањето неограничено во депо не е решение со оглед на тоа дека големината на депото е лимитирана и нема простор за сите хаварисани возила. – Потребно е законско решение со кое ќе се овозможи отстранување и по одреден период носење во отпад, по примерот на повеќето западни држави – децидни се од ЈП ПОЦ. https://www.vecer.press/скапаници-ги-зафаќаат-паркинзите-гра/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Битола се отарасува од хаварисаните возила
![]() По отстранувањето на диво поставените монтажни гаражи во центарот на Битола, локалната самоуправа реши да се отараси и од хаварисаните возила. ЈП „Паркинзи“ Битола во соработка со Општина Битола почна со дислоцирање на хаварисани возила. Најголем дел од возилата граѓаните требаше самостојно ги отстрануваат по доставувањето на првата опомена. Но со оглед на тоа што многу од граѓаните се оглушиј на таквата обврска, ЈП „Паркинзи“ Битола по изминувањето на роковите со својата пајак служба истите ги дислоцира. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/republika/opshtina-bitola-se-otarasuva-od-havarisanite-vozila/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се отстрануваат хаварисаните возила во Аеродром
Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Бојан Христовски денеска потпишаа договор за поделба и утврдување на меѓусебните надлежности со што значително ќе се олесни начинот за остранување хаварисани возила и возила паркирани на плочници и зелени површини. Со овој договор, комуналните инспектори од Општина Аеродром добиваат овластување да побараат од ЈП „Градски паркинг“ подигнување и транспорт на хаварисани и непрописно паркирани возила кои ќе бидат дислоцирани на трајна локација. Градоначалникот Муцунски истакна дека со ова, конечно ќе се реши проблемот со големиот број хаварисани возила, кои покрај тоа што зафаќаат паркинг места, претставуваат и опасност за граѓаните и се лоша слика за Аеродром. Договорот беше потпишан по отворањето на новата канцеларија на ЈП „Градски паркинг“ што почна со работа во објектот на Рударски институт во Аеродром, а на настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Со новата канцеларија се очекува да се олесни пристапот на аеродромци до услугите за паркирање, а Општина Аеродром заедно со другите релевантни институции интензивно работи на изнаоѓање трајно и одржливо решение со паркинг местата, а едно од тие решенија е и воведувањето зонско паркирање, кое ќе биде бесплатно за аеродромци. https://nezavisen.mk/kje-se-otstranuvaat-havarisanite-vozila-vo-aerodrom/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
До крајот на март да се отстранат сите хаварисани возила во Кисела Вода
![]() Општина Кисела Вода известува дека во вторник, 15.03.2022 година, во заедничка соработка со ПСОН –Кисела Вода и РСБСП- Скопје, започнува со акција за изрекување на опомени до имателите на хаварисани возила за отстранување на моторното возило поради попречување на одвивање на сообраќајот и загрозување на човековата околина. Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30.03.2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото. Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата, информираат од општината. https://nezavisen.mk/do-krajot-na-mart-da-se-otstranat-site-havarisani-vozila-vo-kisela-voda/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се отстрануваат хаварисаните возила!
Објава на Општина Кисела Вода: ![]() https://www.facebook.com/101461728384363/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Aкција во Гази Баба: Ќе се подигнуваат хаварисани возила и нерегистрирани возила повеќе од две години
Општина Гази Баба започнува со акција за подигање на хаварисани возила и возила нерегистрирани повеќе од две години кои се оставени на јавни површини, информираат од општината. -По направено скенирање на теренот дел од направените јавни паркинзи се зафатени од возила кои не се во возна состојба. Акцијата е со цел ослободување на паркинг простор особено во урбаниот дел. Апелирам до граѓаните кои се сопственици на вакви возила самостојно да ги отстранат од јавните паркинзи.Акцијата во следните денови ќе започне од Урбаната заедница Автокоманда, велт од Општина Гази Баба. https://novlist.mk/akcija-vo-gazi-baba-ke-se-otstranuvaat-havarisani-i-neregistrirani |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
У казан у железара!
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Депото на ПОЦ премало да ги собере сите хаварисани возила, се бара нова локација
Досега се отстранети околу 40 возила кои завршиле на отпад, граѓаните ги пријавуваат своите хаварисани возила, но се јавуваат и граѓани што пријавуваат хаварисани и напуштени возила за кои не се знае нивната сопственост. Околу 40 стари хаварисани возила се отстранети од јавните површини низ општината Центар за една година откако започна акцијата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“ со поттикнување на сопствениците сами да си ги пријават своите автомобили што повеќе не се во функција или старите приколки. Интересната акција што ја спроведува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во обид да се ослободат паркиралиштата и тротоарите од неупотребливите возила што зафаќаат слободни паркинг-места, подразбира хаварисаните автомобили да бидат бесплатно подигнати и да се продаваат како старо железо, а парите да му бидат дадени на сопственикот. Доволно е тој само претходно да се јави во ПОЦ и да пријави дека сака да се ослободи од своето неупотребливо возило. Во рамките на акцијата „Да го исчистиме Центар од хаварисани возила“, досега се отстранети околу 40 возила и се дадени на отпад. Оваа акција е одлично прифатена од жителите на Општина Центар, редовно има пријави од граѓани што ги пријавуваат своите хаварисани возила, но и граѓани што пријавуваат хаварисани и напуштени возила за кои не се знае нивната сопственост – велат од ПОЦ. Најголем проблем претставуваат возилата за кои не се знае сопственикот и кои ги пријавуваат други граѓани, затоа што според законските прописи, хаварисаните возила не можат да се уништат без претходно одобрение од сопственикот на возилото. -Од таа причина, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ е принудено да ги складира хаварисаните возила во своето депо, кое е со ограничен капацитет и нема доволно простор да ги смести. Капацитетот на депото е доволен само за секојдневните потреби на службата „Пајак“. Со цел да го решиме овој проблем, отпочнавме постапка за барање нова локација на депо за хаварисани возила каде што ќе може да се сместат сите хаварисани возила што во моментов се наоѓаат на територијата на Општина Центар – објаснуваат од претпријатието. Оттаму велат дека според нивната евиденција, на јавните површини во општината има околу 230 стари и нефункционални возила, па поради тоа акцијата продолжува и годинава. -Апелираме до сопствениците на хаварисани возила да ги пријавуваат своите автомобили на 075 476 762 со цел да се ослободат паркинг-местата и јавните површини на територија на општината Центар што се зафатени од хаварисани и напуштени возила и приколки, кои претставуваат опасност за жителите и за животната средина – велат од ПОЦ. Проблеми со ваквите автомобили оставени по паркиралиштата и на тротоарите има низ целиот град и досега не се најде никакво решение, иако граѓаните постојано бараат од локалните власти да преземат нешто, особено во оние населби каде што е навистина тешко да се најде слободно место за паркирање. Досега општините единствено оставаа предупредување до сопствениците сами да ги тргнат хаварисаните возила, но тоа не доведе до решение. Општинските раководства се правдаат дека се немоќни затоа што законите не им овозможуваат целосна ингеренција за да можат да интервенираат, но проблем е и фактот дека во Скопје нема соодветна локација каде што можат да се носат ваквите автомобили. Во мандатот на градоначалникот Петре Шилегов се поведе иницијатива за меѓуопштинска соработка помеѓу Град Скопје и десетте скопски општини за отстранување напуштени, хаварисани и нерегистрирани возила од јавните површини. Се предлагаше „пајаците“ на ЈП „Градски паркинг“ да ги отстрануваат напуштените возила во сите општини, освен во Центар, и тие да се складираат на одредена локација во Драчево. Предлогот не помина на Советот, поради жестокото противење на советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои сметаа дека депонија од хаварисани возила ќе го наруши квалитетот на живот на жителите на Драчево и Батинци. https://www.slobodenpecat.mk/depoto-na-poc-premalo-da-gi-sobere-site-havarisani-vozila-se-bara-nova-lokacija/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Зашто уопште кога ќе дојде до темава хаварисани возила стално се наметнува како прашање сопственоста? Нема врска тој муабет, решението е едноставно. НЕРЕГИСТРИРАНО ВОЗИЛО ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА ПАРКИРАНО НА ЈАВЕН ПРОСТОР, ете го основот! Немаш платено такса за јавни патишта, ќе ти биде возилото тргнато од јавен пат. Ќе седат на плац некаде надвор од Скопје, кога сакаш дојди регистрирај го и подигни си го. Пак ќе биде на истиот сопственик и додека седи на плац.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 4> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |