![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 42> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 13-Jan-2025 at 19:49 |
од фб,спалување отпад во руинираниот објект бившиот Дом Ранка Милановиќ спроти Годи во Маџари,речиси цела зима спалуваат разновиден отпад претежно гуми и пластика
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се мијат улици во Скопје и ќе се отстрануваат дизел возила од улиците за да се намали аерозагадувањето
Во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) ги повикува сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје и општините од Градот поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“. Имено, пред почетокот на грејната сезона на предлог на МЖСПП, Владата го усвои овој Акциски план во кој се проектирани краткорочни превентивни мерки што ќе овозможат редукција на емисиите од детектираните сектори што имаат најголем придонес во зголемувањето на емисиите на цврсти честички, а со тоа и високите концентрации, што ги надминуваат пропишаните стандарди. Согласно Акцискиот план ги потсетуваме: – Општинските инспекциски служби да ги засилат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирани еколошки дозволи и елаборати и позасилена контрола, казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи особено во мали сервиси и погони. – Општините и Градот Скопје со општините дека согласно член 27 од Законот за амбиентален воздух и согласано „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“ имаат обврска да подготват и усвојат краткорочни акциски планови што ќе соодветствуаат на спецификите на секоја општина/град одделно и според кои ќе постапуваат во услови на надминат праг на алармирање. – Јавните претпријатија за комунална хигиена на Општините и Градот Скопје за редовно чистење на атмосферските и миење на улици и тротоари – Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспектори за урбанизам и градежништво да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата – Министерство за внатрешни работи, Министерство за економија и труд и Станиците за технички преглед да ги засилат вонредните контроли на станиците за технички преглед на возила, со цел да се утврди дали се спроведува мерење на емисија на издувни гасови, а Министерство за внатрешни работи, односно Сообраќајната полиција да спроведе вонредни контроли на техничка исправност на возилата, особено за оние со дизел горива, и нерегистрирани возила и отстранување на возила од сообраќајот кои се нерегистрирани или чии емисии на издувни гасови не задоволуваат пропишаните стандарди – Граѓаните што ги затоплуваат домите со огревно дрво правилно да го користат, да не употребуваат пластика, гума, обработено дрво и отпадни материјали во интерес на сопственото здравје и здравјето на другите. Министерството за животна средина, во соработка со Државниот инспекторат за животна средина, спроведува засилени и вонредни контроли врз индустриските капацитети со А интегрирани еколошки дозволи. Континуирано се следи и квалитетот на воздухот, а јавноста редовно се информира за состојбата и препорачаните мерки за заштита. Според Извештаите од Државниот инспекторат за животна средина, на територија на град Скопје се поминати со вонредни надзори сите субјекти, продолжуваме со ненајавени контроли кај субјекти кои се задолжени со елаборати за животна средина. На цементарница УСЈЕ се направени два вонредни ненајавени надзори: еден по 19 часот и еден во работно време. Направена е и контрола на отпад кој влегува во цеметара УСЈЕ. Досега нема отстапувања во параметрите кои се зададени во А дозволата. Во Струмица согласно добиените известувања за надминување на прагот за алармирање, вонредни надзори на три субјекти се направени на 02.01.2025 година, еден субјект е задолжен со решение и на уште два субјекта се прават денес 08.01.2025 година. Се известува јавноста дека поголем дел од големите капацитети кои имаат А интегрирана еколошка дозвола на територија на град Скопје, а за кои е надлежен Државниот инспекторат за животна средина не работат или работат со редуциран капацитет. Во моментот комплетно не работат: Макстил АД, Бауер БГ, Гама Градба – Асфалтна база Студеничани, ЈП Улици и Патишта, Радком, Филип инженеринг Асфалтна база, Агреад Дооел Петровец, Асфалтна База Вато Доо Студеничани Скопје. Во Цементарница УСЈЕ АД Скопје работи само една печка (печка 3), а за 20 дена нема да работат и двете заради ремонтни активности. Исто така, МЖСПП И Владата донесоа „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“, со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите. Владата и Министерството за животна средина и просторно планирање работат во правец на воспоставување конструктивна соработка и мобилизација на сите засегнати страни — државни институции, општини, невладини организации и бизнис-секторот за доброто на сите. https://nezavisen.mk/kje-se-mijat-ulici-vo-skopje-i-kje-se-otstranuvaat-dizel-vozila-od-ulicite-za-da-se-namali-aerozagaduvanjeto/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
Густ чад, смрдеа, изгорени пластики и отпад, се палат и гуми и пластика од бакарни жици, но и диви депонии - жителите на Злокуќани покрај загадениот скопски воздух секоја година дополнително се жалат на смрдеата во нивната населба. Проблемот според жителите се 7-8 фамилии кои согоруваат различен вид штетен отпад во нивните дворови. Пријавуваат и во полиција, но отаму им велат дека не се надлежни. Преку отворено писмо бараат итна реакција од општината Карпош, бидејќи институциите немаат слух за нивниот децениски проблем. Секојдневно се јавуваме во полиција и во општина Карпош, град Скопје, а и во пожарна поради палење на гуми и друг вид на отпад. Се јавува невидено загадување, печење на очи, воздух кој не се дише во периодите на палењето. Никаква, ама баш никаква реакција нема од ниту една институција. Ве молиме за итна реакција за проблемот во Злокуќани. Во отвореното писмо, Здружението на граѓани Злокуќани ги посочуваат имињата на семејствата и нивните адреси кои го нарушуваат јавниот ред и мир и придонесуваат за ужасната смрдеа во населбата. Министерот за животна средина вели дека е запознаен со случајот и лично ќе се заложи проблемот во Злокуќани да биде решен. Институциите со години наназад се иземаат од одговорност за проблемот во оваа населба. Ова не е прв пат локалните жители да упатуваат апели за помош со смрдеата и загадениот воздух во Злокуќани, кој како што велат го нарушува нивното здравје, но и на жителите на околните населби. https://sitel.com.mk/chadot-od-otpad-go-gushi-zlokukjani-cela-decenija-zhitelite-baraat-itna-pomosh-od-instituciite |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Злокуќани(од твитер)
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]
![]() ![]() https://meta.mk/skopjani-vo-dekemvri-se-iznadishaa-pozagaden-vozduh-vo-sporedba-so-2022-infografik/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Жителите се жалат на константно палење гуми, кабли и друг отпаден материјал
![]() Во неделата на локацијата каде што се гради новиот мост од страната на приватната болница „Систина“ се издигнал црн густ чад, на што жителите брзо реагирале и пријавиле во Бригадата за противпожарна заштита од каде што им било кажано дека веќе знаеле за тоа. Велат дека проблем е тоа што ова постојано се случувало на оваа локација, па ќе мора да се преземат поригорозни мерки. Сметаат дека се работи за организиран криминал со отпад за кој се знаело уште од 2007 година, поради што во неколку наврати и протестирале на раскрсници, но биле во мал број, па немало ефект Почна сезоната на палење на гуми, но и на топење на каблите од кои се вади бакарот. Ова во неделата на своја кожа го осетиле жителите на општина Карпош, а се случило на локацијата каде се гради новиот мост од страната на приватната болница „Систина“. Тие биле задушени од црн густ чад, на што тие брзо реагирале и пријавиле во Бригадата за противпожарна заштита. -Набрзина ме откачија кога им ја кажав локацијата. Ми рекоа само да, да, знаеме, што значи и други се јавувале – вели Анита Петровска Рајковиќ. Таа додава дека проблемот е што ова се случувало редовно на оваа локација. -Неразбрани се изгледа. Така ќе мора нешто поригорозно да се преземе – вели Рајковиќ. Сеат Соколи коментира дека само казна и затвор за родителите ќе го реши проблемот, бидејќи како што вели, 90 проценти се деца од 8 до 15 години. -Па ова е тој организиран криминал со отпад. Не е ова палење само „онака”, аради неколку кабли. За ова веќе се знае од 2007 година. Штом не е прекинато значи дека се поврзани со сè и сешто. Кога протестиравме (луѓе од Карпош), на неколку наврати пред некоја година, бевме само 30-40 луѓе на раскрсници. Ако бевме барем 3.000-4.000 немаше вака да биде. Веројатно на поголемиот дел од жителите на Карпош не им пречат овие отрови кои предизвикуваат смртоносни болести или може мислат дека некој друг повеќе се грижи за нивниот живот од нив самите… – потенцира Александар Стојчески. Лидија Темелковска додава дека токму поради инертноста на надлежните институции, оние што палат се комотни. –Да беше блокиран еден мост, еден ден, друго ќе беше – истакна таа. Слична е ситуацијата и во Злокуќани. Елеонора Нора вели дека кај телевизијата Канал 5 секој ден се соочуваат со палење на гуми, кабли и друг отпаден материјал. -Со црн чад се труеме. Некој мора да преземе мерки на дивеењето – реагира Нора. Од Општина Карпош велат дека во петокот вечерта околу 21 часот имале пријава за палење во Злокуќани, но инспекциските служби во тој период не се на работа, па пријавиле во полиција, но додадоа оти немале пријава за густиот чад и палењето во неделата. Поради тоа апелираат граѓаните ваквите случаи да ги пријавуваат во општината. https://www.vecer.press/жителите-се-жалат-на-константно-палењ/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Густ црн чад на две локации покрај Вардар попладнево ги вознемири жителите на Карпош | ФОТО+ВИДЕО
![]() ![]() https://sitel.com.mk/gust-crn-chad-na-dve-lokacii-pokraj-vardar-popladnevo-gi-voznemiri-zhitelite-na-karposh-fotovideo |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Денес бев над Скопје, видливоста бше 10/10 од „птичја ерспектива“.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГЛАВНИОТ ГРАД И НАТАМУ ВО ТОП 10: Скопјани се гушат, Скопје 4 ти најзагаден град во светот!
Скопје повторно руши рекорди по загаденост. На листата на најзагадени градови на светот која секојдневно ја објавува апликацијата IQair.com, главниот град вчера се најде на четврто место во светот според загаденоста на воздухот. Главниот градот на Македонија е во друштво на Лакоре во Пакистан, Акра во Гана, и на првото место е Њу Делхи во Индија. Покрај Скопје, зголемено загадување на воздухот е забележано и во Кичево, Кавадарци и Струмица, поради што Министерството за животна средина објави дека во овие градови стапуваат на сила препораки и мерки за заштита од аерозагадувањето. Од вчера овие мерки стапија на сила и во Гостивар. „Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, ве информираме дека тој е надминат на мерното место во Гостивар“, се вели во вчерашното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање. Во овие општини и Градот Скопје стапуваат на сила препораките и мерките за намалување на последиците по здравјето поради зголеменото загадување на воздухот усвоени од Владата во 2017 година информираат од министерството за животна средина. Министерството за здравство е должно да препорача сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Да го реорганизираат работното време, лицата кои работата на отворено да работат од 11 до 17 часот , да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Се препорачува владата да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатија и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат до 50 отсто употребата на службени возила. За граѓаните на главниот град пак проблемот со аерозагадувањето не е изненадување, велат ова се случува секоја година, но не очекуваат решение за проблемот. Инспекторатот за животна средина да започне со зачестени контроли на капацитетите кои имаат А дозвола и да спроведат контролни мерења на воздухот и истите да го намалат просизводството до 50 проценти со исклучок на топланите и капацитетите кои произведуваат електрична енергија. Од „Зелен хуман град” сметаат дека препораките нема да помогне за да почнеме да дишеме чист воздух. -Не се доволни зошто не се обврзувачки. Вие може да препорачате на некој субјект кој има А интегрирана дозвола да го намали капацитетот до 50 проценти. Кој ќе го направи топа, кој проверува дали некој го направил тоа. Тоа е препорака само. Тој може да го зголеми производството за 200 отсто. Со препорака ништо не правиме, изјави Горјан Јованосвки, од Зелен хуман град и советник во Град Скопје. Мерки за справување со загадениот воздух должни се да спроведат и општините. Но, од единиците на локална самоуправа засега нема најава за бесплатен автобуски превоз, почесто миење на улиците, забрана за градежни активности. Јовановски од „Зелен хуман град” смета дека ниту овие краткорочни мерки нема да имаат значаен ефект во намалување на аерозагадувањето. -Локалните самоуправи треба да гледаат на долг рок ако сакаме да дишеме чст воздух. Потребен е плански начин со добар ГУП за наредните 10 години во Скопје, додаде Јовановски. Во меѓувреме граѓаните продолжуваат со сопственото здравје да го плаќаат данокот на загадениот воздух. Веќе има згоменен број на пациенти на Клиниката за пулмологија. https://www.vecer.press/главниот-град-и-натаму-во-топ-10-скопјан/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопје веќе е угушено во загадениот воздух, гледано од птичја перспектива
https://a1on.mk/macedonia/video-skopje-vekje-e-ugusheno-vo-zagadeniot-vozduh-gledano-od-ptichja-perspektiva/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Стотина сензори ќе се поставуваат на градски објекти во Скопје, ќе се бараат изворите на аерозагадувањето
Советот на Градот Скопје прифати амандман на советниците на Зелен хуман град и се обврза од градскиот буџет да инвестира 700.000 денари за поставување на хипер-мрежа на сензори за мерење и локациско мапирање на аерозагадувањето во главниот град. Со овие средства ќе треба да се постават стотина сензори за мерење на аерозагадувањето на градски институции и средни училишта, но и во општини каде што нема ниту една мерна станица, како Шуто Оризари. Советникот на ЗХГ и еколошки активист, Горјан Јовановски вели дека целта на хипер мрежата е да дознаеме од каде доаѓа загадувањето на воздухот и полесно да го спречиме. Сензорите, иако се нискобуџетни, имаат отстапување помало од 10 микрограми на кубен метар, што значи дека даваат точни резултати од кои може да се извлечат информациите кои се потребни. „Овој тип на сензори се користат секаде во светот, а подолго време има и кај нас и нивните мерења може да се следат преку апликацијата AirCare – Air Quality App. Секако дека тие податоци нема да се користат во научно- истражувачки цели како оние од државниот мониторинг, но даваат сосема солидни информации, особено за она што нас ни е цел, да алармираат ако на некоја локација има зголемено загадување на воздухот и со тоа да помогнат да се откријат загадувачите во градот“, вели Јовановски. Тој посочува дека фактот, што покрај овој амандман за хипер мрежата на сензори, Советот прифати уште четири, од 33 колку што поднесе ЗХГ, е мала, но значајна победа. Нагласува дека нема да дозволат да не се реализираат овие проекти и средствата повторно да се пренаменат за нешто друго. „Свесни сме дека прифаќањето на амандманот не значи и дека ќе го реализираат проектот. Но, ние не отстапуваме и постојано ќе го следиме напредокот. Веќе договоривме средба со Секторот за животна средина и подготвени сме со нашето искуство да помогнеме во определувањето на спецификациите на уредите што ќе треба да се набават“, посочува Јовановски. https://meta.mk/stotina-senzori-kje-se-postavuvaat-na-gradski-objekti-vo-skopje-kje-se-baraat-izvorite-na-aerozagaduvanjeto |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Aowek ![]() Groupie ![]() Joined: 22-Sep-2021 Online Status: Offline Posts: 53 |
![]() ![]() |
Све на место кажано друже. За нас гас е на ниво на Америка да постави перманентна база на месечината. Јас сум 100% убеден дека нема да видиме гас во наредни 20 години во куќите и ако го има ќе биде пак прескапо за обичниот граѓанин.
|
|
![]() |
|
Graditelot ![]() Groupie ![]() Joined: 17-May-2016 Online Status: Offline Posts: 77 |
![]() ![]() |
Да бидеме реални, нема решение за загадувањето на воздухот во Скопје.
Просто градот се наоѓа во котлина без никакво струење на воздух и малку дождови во текот на годината. Едино целосна гасификација на греењето на граѓаните би помогнало нешто, но тоа за наши услови е очигледно научна фантастика. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Овие мерки треба да ги има константно а не да се вонредни,зошто да не може да се мијат тркалата на камиони и други возила кои влегуваат/излегуваат по сто пати во текот на денот(пример комплексот што се гради кај Рамстор и Порта Супериум во Аеродром околните улици ги прават лом од кал и земја),авто-школите би било супер да си останат во посочените термини наместо да создаваат хаос во шпицот итн.
А загадувањето ќе се реши кога ќе се покачи стандардот,едноставно екологија без економија не бива,цели населби се греат на отпад,гуми,пластики камо да беа барем на ниво на огревно дрво. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЌЕ ИМАМЕ ПРОБЛЕМ СО ЗАГАДУВАЊЕТО ОТИ ГОЛЕМ БРОЈ ГРАЃАНИ ЌЕ СЕ ГРЕАТ НА ДРВА ПОРАДИ КРИЗАТА, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ
Економската криза и најавеното зголемување на цената на струјата дополнително ќе влијаат врз загадување на воздухот, велат од Град Скопје. Од Градот велат дека голем број граѓани годинава се решиле да се греат на дрва што придонесува за зголемено загадување. „Покрај неодговорната работа на претходното градско раководство, сигурен проблем во справувањето со загадениот воздух оваа зима ќе биде и економската криза која директно удира по граѓаните. По најавите за драстично зголемување на цената на електричната енергија, дел од граѓаните најавуваат дека за огрев ќе користат дрва, што дополнително негативно ќе се одрази на загадувањето на воздухот“, велат од Град Скопје. Во буџетот на Град Скопје за 2022 година, кој треба да се усвои на седницата в среда, се предвидени трипати помалку пари за животна средина споредено со оваа година. Во ставката за животна средина се предвидени 73 милиони денари, а оваа година по овој основ беа предвидени 213 милиони денари. Од Град Скопје велат дека претходната градска власт не направила ништо за решавање на проблемот со загадување, а новото раководство веќе започнало со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух. „Уште во првите денови од својот мандат, градската администрација почна интензивно да ги чисти сите диви депонии кои беа детектирани на територијата на Град Скопје. Преку модернизација на јавниот превоз, директно да се влијае и да се подобри квалитетот на воздухот. Покрај тоа, планирани се нови велосипедски патеки, субвенции за купување на велосипеди и електрични тротинети, со што ќе се мотивираат граѓаните да користат алтернативен превоз. Град Скопје во план има и изградба на пет мега паркови, со што ќе се зголеми зеленилото во градот“, велат од Град Скопје. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ke-imame-problem-so-zagaduvaneto-oti-golem-broj-gragani-ke-se-great-na-drva-poradi-krizata-velat-od-grad-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БЕСПЛАТНИ ЌЕ БИДАТ АВТОБУСИТЕ И НЕМА ГОРЕЊЕ ПЛАСТИКИ И ГУМИ Град Скопје донесе 19 итни мерки за загадувањето
Новиот аларм од Министерството за животна средина и просторно планирање дека ПМ10 честичките го надминале пропишаниот минимум во повеќе скопски населби го натера Град Скопје да донесе мерки од прв степен и препораки за намалување на загадувањето и за заштита на здравјето. Тие се: – Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП и на приватните превозници – Зајакнат инспекциски надзор на инсталациите под надлежност на Град Скопје – Ограничување на градежни активности на објектите во надлежност на Град Скопје – Интензивна контрола на градилиштата, односно возилата што излегуваат од градилиштата мора да имаат измиени тркала и да се покриени со церади заради контрола на прашината. – Зачестено машинско миење на градските улици и булевари што се во надлежност на Град Скопје и препорака на скопските општини да го направат истото на улиците што се во нивна надлежност. – Зајакната контрола на имателите на одобренија за доставување на стока преку Инспекторатот на Град Скопје. Воедно го повикуваме Министерството за внатрешни работи да спроведе засилени контроли на правните субјекти кои поседуваат одобренија за доставување на стоки издадени од страна на Градот Скопје. – Апел до вработените во Град Скопје, јавните претпријатија и институции на работа да доаѓаат со автобусите на јавниот превоз. – Градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла. – Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9,30 до 14,30 и по 18,00 часот. Министерството за животна средина, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции. – Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на почитување на забраната за движење на тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје и кои ќе се упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација. – Министерството за внатрешни работи да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот. – Откажување/одложување на јавни собири, спортски настани и културни настани на отворено. – Препорака градежната механизација да не се става во употреба за време на сообраќајниот метеж. – Да се користи јавниот превоз, возилата да се користат само во неопходни ситуации. – За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинсо масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал. – Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци. – Печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот. – Редовно да се чистат оџаците. Итните мерки и препораки за намалување на загадувањето на воздухот се согласно Краткорочниот акциски план за заштита на амбиентниот воздух во град Скопје кој е донесен од Советот на Град Скопје. Овие мерки ќе бидат во сила сè додека не се намали загадувањето под прагот за алармирање, односно под 100 микрограми на кубен метар. Град Скопје ги повикува граѓаните да се придржуваат до дадените мерки и да го сведат своето движење на отворен простор само на неопходни излегувања, малите деца, бремените жени, хроничните болни, постарите луѓе да не излегуваат на улица и да не се проветруваат просториите во кои се престојува. Градот Скопје веќе започна со сет системски и конкретни мерки за справување со загадениот воздух и токму ова е еден од најголемите приоритети на кој ќе работи новата градска администрација. Овие комплементарни мерки за обезбедување повисок квалитет на живот за граѓаните, ќе придонесат за намалување на нивото на загаден воздух во Скопје, а за секоја настаната промена на состојбата јавноста ќе биде редовно известена. https://plusinfo.mk/besplatni-e-bidat-avtobusite-i-b-ez-gore-e-plastiki-i-gumi-grad-skop-e-donese-19-itni-merki-za-zagaduva-eto |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Не. Ништо не е мрднато. Никој нема волја да го реши овој проблем.
Јас само укажав дека не е за хејтање поставување на мерни станици. |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
И сега од кога видовме дека е загадено дали дишеме почист воздух?
Истиот муабет со години... не се решава ова за година туку за години... Гас, парно, забрана за греење на дрва во град, забрана за тешка индустрија... децениски проблем е ова |
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |