![]() |
![]() |
![]() |
Приватизација/откуп на државно градежно земјиште |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() Posted: 10-Jan-2013 at 19:30 |
|
Општина Гостивар успешно ја спроведе продажбата на првата градежна парцелаНа првото електронско наддавање по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, Општина Гостивар ја продаде првата градежна парцела ГП бр.17/10-4 со површина 1888 м2, од кои 500 м2 градежна површина во седум ката, продажната цена за метар квадратен достигна 7.000 денари
„Благодарение на коректноста, конзистентноста и непокорувањето пред разни притисоци кои биле карактеристика при купопродажба на земјиште, беше достигната рекордна цена која е речиси за три ипол пати повисока од цената кога парцелата во близина се продаде по цена од 2.400 денари за метар квадратен, кога надлежностите ги имаше Министерството за транспорт и врски", истакна градоначалникот Руфи Османи, подвлекувајќи дека од ова Општина Гостивар ќе има извонредна фискална и финансиска полза. Купопродажбата која ја спроведе Општина Гостивар по преземањето на надлежностите за управување со градежно земјиште, што, како што истакна градоначалникот Османи, претставува уште еден доказ дека Гостивар е „шампион за транспарентност, отчетност и борба против корупцијата" http://www.makfax.com.mk/300526/opshtina_gostivar_uspeshno_ja_sprovede_prodazhbata_na_prvata_gradezhna_parcela?utm_source=daily.mk |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Фабрики и хотел во Горно Којнаре и БедињеЛокалната самоуправа Куманово ќе продава парцели во селото Горно Којнаре и во касарната „Христијан Тодоровски Карпош„ во населбата Бедиње, откако доби ингеренции да управува со државното градежното земјиште. Градежното земјиште ќе биде понудено на јавно наддавање на заинтереираните граѓани кои сакаат да инвестираат во лесна индустија и изградба на хотел.
Во
електронските и печатените медиуми ќе биде објавен оглас за јавно
наддавање. Преку софтвер добиен од Министерство за транспорт и врски ќе
се врши јавното наддавање. Доколку се работи за парцели за индивидуално
домување рокот за доставување документи е од 20 до 40 дена,а другите
процедури ќе траат од 30 до 60 дена. http://www.kumanovonews.com/vesti/ekonomija/fabriki-i-hotel-vo-gorno-kojnare-i-bedinje.html |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
http://mtc.gov.mk/new_site/mk/storija.asp?id=3748 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Три градежни парцели во Аеродром понудени на наддавање26 февруари 2012 12:24 GMT Извор: МакфаксМинистерството за транспорт и врски распиша објава за отуѓување на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање со намена за изградба на мали комерцијални и деловни единици во општина Аеродром.
Во текот на следната недела министерството ќе распише јавни објави за отуѓување на локации во повеќе општини во Македонија. Предвидено е распишување на јавни објави за земјиште наменето за изградба на откупно-дистрибутивен центар во Ресен, откупен центар во Чешиново-Облешево, лесна и незагадувачка индустрија во Василево, колективно домување во Кичево и викенд куќи во Дојран. Право на учество во јавните наддавања имаат физички и правни лица кои ги исполнуваат сите критериуми утврдени во распишаната јавна објава.http://www.makfax.com.mk/#278162%2Ftri_gradezhni_parceli_vo_aerodrom_ponudeni_na_naddavanje |
||
![]() |
||
ivanovski ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Jan-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Бојан ти благодарам на одговорот. Се надевам и јас дека ќе бидам редовен на форумот!
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Најпрвин добредојде на форумов, се надевам дека ќе бидеш наш редовен член и соговорник. Мислам дека интернет порталот www.gradezno-zemjiste.mk би можел да ти помогне околу купувањето на државно неизградено земјиште. И не заборавај дека веќе во 14 општини парцелите се префрлени од државата на локалната самоуправа, така што многу би ти помогнале интернет-порталите на општините и дневните весници, најчесто Нова Македонија и Дневник. |
||
![]() |
||
ivanovski ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 12-Jan-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Здраво, јас сум Александар и сум нов тука. Го разгледував форумот подолго време, но никаде не најдов слична тема. Па затоа што професионално не се занимавам во областа на градежништвото, би сакал да Ве прашам, а и воедно некој што имал искуство да го сподели со мене ако сака, како најлесно може да се откупи државно земјиште.
Значи моето прашање е да се откупи државно неизградено земјиште, а не земјиште на кое што јас имам објект, за да не се забуните со темата 1 еур метар квадтатен. Значи се работи за сосема друга парцела која што имам во план да ја купам. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Продадени првите градежни парцели
Општина Гевгелија ги продаде преку јавна електронска аукција првите градежни парцели откако го презеде управувањето со градежното земјиште. На продажба беа понудени четири локации за индивидуални куќи во населбата „Караорман“ во Гевгелија, со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. На објавениот јавен повик се јавија 35 апликанти, кои согласно условите го уплатија предвидениот депозит. Во едночасовното јавно наддавање беа продадени сите четири парцели наменети за индивидуални станбени објекти. Притоа, парцелата со број 36 која зафаќа 921 метар квадратен и парцелата број 37 од 637 метар квадратен беа продадени за по 1100 денари од метар квадратен. Додека парцелте број 38 од 605 метри квадратни и 39 од 598 метри квадратни беа продадени по 1300 денари за метар квадратен. На 23 декември веќе е закажана и втората јавна
електронска аукција на која за продажба се понудени градежни парцели, односно
31.849 метри квадратни за изградба на Трговски центар кај Милци со почетна цена
од 610 денари за метар квадратен и 3.092 метри квадратни за хотел на просторот
од поранешна Касарна, со почетна цена од 61 метар квадратен. До крајот на
годината ќе биде одржана уште една јавна аукција за продажба на градежна
парцела од 16.244 метри квадратни за хотелски комплекс со почетна цена од 61
денар. Оваа продажба ќе се одржи на 26 декември 2011 година. http://gevgelija.gov.mk/mk/index.php?option=com_content&view=article&id=846:2011-12-12-23-24-44&catid=8:actual&Itemid=1 |
||
![]() |
||
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Со добивањето на правото за самостојно менаџирање со државното неизградено земјиште, Општина Гевгелија започна постапка за продажба на седум градежни локации, со вкупна површина од 53.346 метри квадратни.![]() Почетната продажна цена за еден метар квадратен простор изнесува 61 денар за парцелите наменети за инвивидуално домување, во месноста „Караорман“, за парцелите наменети за времено сместување (хотел) кој треба да се гради на просторот на поранешна Касарна и за мултинаменски стопански комплекс во месноста „Смрека“, додека почетната цена на електронското јавно наддавање за градежната парцели во м.в „Милци “ кај преминот Богородица наменети за големи трговски единици изнесува 600 денари од метар квадратен. Пријавите за учество на јавното наддавање треба да се достават најдоцна до 12 декември, за парцелите на Караорман и истиот ден ќе се одржи и јавната лицитација. Рокот за поднесување пријави за поранешна Касарна и месноста „Милци“ е заклучно со 14 декември, а лицитацијата ќе следува после десет дена, на 23-ти истиот месец. Заклучно со 15 декември завршува рокот за поднесување пријави за купување на атрактивната локација во месноста „Смрека“ што се наоѓа во катастарската општина Богородица, наменета за хотелски комплекс, а јавното наддавање ќе се одржи на 26 декември. Продажбата на градежните парцели ќе се врши преку електронско јавно наддавање кое ќе се изведе на наведените датуми, со почеток во 12 часот и ќе трае еден час, на интернет страната www.gradezno-zemjiste.mk, кога ќе биде утврдена највисоката понудена цена и купувачот на огласените градежни парцели. Депозитот за учество на јавната лицитација изнесува соодветно на почетната продажна цена според големината на парцелата од 7.296 денари за градежните парцели наменети за домување, до еден милион 910.940 денари за комплексот големи трговски единици во месноста „Милци“. http://kurir.mk/republika/opstini/49709-Opstina-Gevgelija-ponudi-gradezno-zemjiste-na-javno-naddavanje |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=93884&kategorija=1
Склучен 331 договор за отуѓување на земјиште во 2010 година
29.
10.2011 - 13:06:24
![]() Во текот на 2010 година, по одржаните јавни наддавања бил склучени
се 331 договор за отуѓување на земјиште со најповолните понудувачи, беше
истакнато на прес конференција за реализираните активности во
управување и документирање со неизградено градежно земјиште во
сопственост на државата.
Од нив, еден договор е спогодбено раскинат, за 21 договор се
поведени судски постапки за еднострано раскинување на договорите, од
причина што не биле почитувани роковите за добивање на соодветна
градежно-техничка документација кои се дадени во истите, а за 5 договори
овие рокови се продолжени заради тоа што е утврдено дека причините за
необезбедување на соодветната документација на време е одолговлекување
на постапката од страна на надлежниот орган, а во случаи кога
најповолниот понудувач навремено достави комплетна документација.
Исто така, во тек е постапка на добивање мислење од Државното
правобранителство за раскинување на вкупно 20 договори со цел правилно
толкување на законските одредби и по добивање на мислењето,
Министерството за транспорт и врски соодветно ќе постапи со овие
предмети. Сите локации за кои се раскинати договорите се враќаат во
сопственост на Република Македонија и истите можат повторно да бидат
предмет на отуѓување по пат на јавно наддавање.+
Од овие активности, односно од уплаќањето на средствата согласно
постигнатите крајни цени на јавните наддавања, остварени се вкупно
1.579.785.984 денари.
Во текот на 2011 година, заклучно со 28.10.2011 година, распишани
се вкупно 175 јавни објави и се склучени вкупно 173 договори за
отуѓување на градежно неизградено земјиште, сопственост на Република
Македонија, со што се остварени средства во висина од 536.413.986
денари.
Согласно Законот за градежно земјиште, овие средства се
распределуваат – 20% за Буџетот на Република Македонија и 80% за буџетот
на општината во која се наоѓа отуѓеното земјиште.
Сите договори кои не се почитуваат, односно сите нинвеститори кои
не ги почитуваат одредбите во истите, Министерството за транспорт и
врски поведува постапка согласно закон за раскинување на овие договори.
По раскинувањето на договорите, земјиштето се враќа во сопственост на
Република Македонија, а на најповолниот понудувач не му се враќаат
средствата уплатени за истото.
Со одржувањето на овие јавни наддавања, меѓу останатото е
овозможена изградбата на вкупно 193 објекти за лесна индустрија, сервиси
и стоваришта, 21 објект за колективно домување, 17 комерцијално-деловни
објекти, 13 хотели, 9 откупни центри за земјоделски производи, 6 големи
трговски единици и 3 катни гаражи.
Во тек се јавни објави за јавно наддавање за отуѓување на локации
на кои е предвидена изградба на хотелски комплекси во општина Центар,
катна гаража во општина Центар, објект за здравствени институции во
општина Карпош, објекти за индивидуално домување во семејни куќи во
населба Козле во општина Карпош, како и за изградба на винарии во
општините Кавадарци и Росоман, викенд куќи во општина Дојран, изградба
на викенд куќи во општина Крушево, хотелски комплекси, викенд-куќи,
објект за мали комерцијални и деловни дејности во „Сончева езерска
населба“ – Мантово во општина Конче, комерцијален објект во општина
Ранковце, и лесна и незагадувачка индустрија во општина Василево.
Исто така, во тек е јавна објава за учество на јавно наддавање за
отуѓување на неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија,
наменето за изградба на големи трговски едининци, лесна и незагадувачка
индустрија, објект за образование и наука во мултифункционалната зона во
општина Петровец, како и за изградба на откупна станица за земјоделски
производи покрај магистралата Тетово – Гостивар во општина Врапчиште. |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Министерството за транспорт ќе продава уште 400 атрактивни парцелиАлександра СпасевскаФормално, општините од 1. јули управуваат со државното земјиште на нивна територија, фактички - немаат дозвола од Министерството за транспорт и врски зашто не ги исполниле условите. Дел од градоначалниците се револтирани Министерството за транспорт и врски во наредниот перид планира да продаде 400 парцели државно градежно земјиште. Во тек е продажба на 174, а се подготвуваат огласи за продажба на уште 230 парцели. Само во последните два дена се дадени на продажба десетина локации во повеќе градови, претежно атрактивно државно земјиште наменето за викенд-населби, за хотелски комплекси и катни гаражи. Со ваквата практика на Министерството практички паѓаат во вода бомбастичните најави дека од 1. јули продажбата на државно градежно земјиште ќе премине во надлежност на општините. Законот предвидува така, но Министерството за транспорт и врски сега се правда дека ниедна општина не ги исполнува потребните услови за да може да управува со земјиштето. Велат дека 48 од вкупно 85 општини го исполниле условот за електронско спроведување на јавно наддавање, но на ниту една општина не и е пренесено правото да управува со државно земјиште поради непотполна документација. Досега шест општини, Гевгелија, Карпош, Кочани, Струмица, Велес и Демир Капија, поднеле барање до Комитетот за градежно земјиште, но биле вратени поради некомплетна документација. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, револтиран од пролонгирањето, вели дека Министерството со банални барања од општините купува време за да може да ги продаде останатите атрактивни парцели. Тврди дека и покрај исполнетите услови, сега се бараат дополнителни документи. “Општина Струмица ги исполнува сите услови. Ја изготвивме Годишната програма за управување со градежно земјиште и ја доставивме до Министерството за транспорт и врски, но сепак, ги вратија документитте со образложение дека не е потполна документацијата“, објаснува Заев. Тврди дека Министерството има банални барања со цел да го пролонгира процесот. “Бараа од нас на секоја страница од програмата за управување со државно градежно земјиште, која има 650 страници, да има печат од општината, да доставиме последна платена сметка од Интернет, како и М1, М2 образец за службениците кои се стекнале со сертификат за електронско наддавање, документи кои веќе се доставени до Министерството. Со тоа само се купува време за да може да ги даде парцелите на веќе договорени инвеститори“, вели Заев. Градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов, се надева дека најдоцна за 15 дена ќе добие одобрение од Министерството за транспорт и врски, кога планираат да ги објават првите огласи за продажба на државно земјиште. “Доставивме барање до Министерството за транспорт и врски, но треба да дополниме дел од документацијата за да можеме да почнеме да продаваме државно градежно земјиште. Очекувам дека најдоцна за 15 дена ќе заврши таа процедура и ќе ги имаме исполнето сите услови за да почнеме да продаваме“, објаснува Франгов. Првите парцели што ќе ги огласи општината се за згради за домување, за хотел и за деловен центар. А тоа што Министерството за транспорт и врски веќе почна да продава земјиште, според Франгов, е за да не се забави процесот и да се продолжи со продажба на државно земјиште. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/72191/ministerstvoto_za_transport_kje_prodava_ushte_400_atraktivni_parceli.aspx?iId=2308 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Нешто подетално
Edited by Cloverstack - 27-Jun-2011 at 20:30 |
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
Од 1 јули само 48 општини ќе управуваат со градежното земјиште
48 општини го исполнија законскиот услов да располагаат со градежното неизградено земјиште. Од 1 јули Министерството за транспорт им ги префрли надлежностите за менаџирање со земјиштето на локалните власти. Секоја општина што ќе сака да го продава земјиштето ќе може тоа да го стори единствено електронски. За таа цел во изминатиот период вработени во локалните самоуправи се обучуваа како во иднина да го менаџираат земјиштето. Од вкупно 231 кандидат сертификат успееја да добијат 192 лица вработени по општините. Ова е еден од условите што треба да го исполнуваат за да управуваат со земјиштето. Друг услов е и да поднесат и план за управување со земјиштето до комитетот кој ќе ја надгледува работата на општините. За останатите општини кои нема да ги исполнат овие услови,со земјиштето ќе управува Министретвото за трнспорт во нивно име. |
||
![]() |
||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
|
„Приходите од надоместокот за уредување на градежно земјиште се распределуваат во сооднос 60% за градот Скопје и 40% за општината во градот Скопје во која се уредува градежното земјиште.“ - Закон за град Скопје Логично би било ова да важи и за изнајмување и продажба на земјиште. |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Државното земјиште се продава десетпати поевтино од приватнотоПарцелите лоцирани во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кои се во сопственост на државата, се распродаваат за 15 евра по метар квадратен, а цената на приватното земјиште се движи од 40 до 90 евра, велат извори од општината Гевгелија. Извори од општината велат дека парцелите лоцирани во непосредна близина на граничниот премин Богородица, кои се во сопственост на државата, се продаваат за почетна цена од 15 евра по метар квадратен, додека цената на приватното земјиште во близина се движи од 40 до 90 евра. Според плановите на општината Гевгелија, во следните две години на потегот од Гевгелија до македонско-грчката граница ќе никне нов туристички град во кој се очекува да бидат инвестирани повеќе од 100 милиони евра. Во новиот туристички комплекс предвидено е да се градат повеќе делукс хотели, брендирани трговски центри, спортски објекти, терени за јавање, мото-крос патеки, спа-центри и нови патишта. Неофицијално, за атрактивните парцели во Гевгелија веќе се интересирале Американци, Руси, Грци, Австријци, но и многу домашни бизнисмени.http://www.kapital.com.mk/mk/magazin/25920/drzhavnoto_zemjishte_se_prodava_desetpati_poevtino_od_privatnoto.aspx |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Државно градежно земјиште ќе се продава по почетна цена од едно евро за квадратДржавно градежно земјиште наменето за изградба на куќи за индивидуално домување и за изградба на катни гаражи во иднина ќе се продава по почетна цена за јавно наддавање од едно евро за метар квадратен, одлучила Владата на последната седница. ![]() - Мерката на многу граѓани во иднина ќе им овозможи полесно и поевтино да можат да купат земјиште на кое ќе изградат куќи, а на многу инвеститори, кои досега се двоумеле поради високата цена на земјиштето или исплатливоста, да изградат катни гаражи со кои во значајна мерка ќе го решат проблемот со паркирањето, изјави премиерот Никола Груевски по давање во употреба на резервен систем на Централниот регистар во Штип. Според премиерот, особено важно е што желбата на многу граѓани за изградба на сопствена куќа која не можела да се оствари поради немање средства сега ќе стане реалност. - Веќе испративме порака до многу градоначалници, а се надевам дека ова мое излагање ќе го чујат сите градоначалници да почнат да урбанизираат се поголем број парцели во нивните општини за изградба на куќи на земјиште кое е во сопственост на Република Македонија. Штом тоа ќе го направат општините, Министерството за транспрот и врски и Владата ќе објават огласи за јавно наддавање за да може секој граѓанин да лицитира земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен, рече премиерот Груевски. Тој додаде дека овие мерки заедно со мерките за продажба на земјиште по истата цена за хотели, откуп на дистрибутивни центри, за земјоделски производи и фарми, индустриски објекти, ќе овозможи голем напредок и раздвижување на економијата. - Веќе се продадени многу парцели, се продаваат се повеќе локации за индустриски капацитети што значи дека ваквите одлуки се поттик граѓаните и фирмите да инвестираат да градат и создаваат, додаде Груевски. Тој, како што рече, верува дека ќе има противници на оваа одлука, но додаде дека ним ќе им порача дека државата има поголема добивка доколку се гради и создава, бидејќи така се создаваат нови вредности, а со тоа и нови работни места. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/drzavno-gradezno-zemjishte-ke-se-prodava-po-pochetna-cena-od-edno-evro-za-kvadrat |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Помало зло од досегашната пракса каде сите требаше да се правиме мутави кога наддаваа татковци и синови, кумови и кумашини, зетови и балдази... Барем да бидеме колку-толку на чисто...
Ама ме интересира како е ова решено во посредени држави. Дали и каква контрола има за театрални лицитации? Сигурно има многу држави каде не е регуларна продажба со еден заинтересиран, а од друга страна потенцијалните намештаљки треба некако да се спречат или барем да се отежнат во разумна мерка.
Edited by Cloverstack - 20-Nov-2010 at 00:17 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Територијална поделба за град Скопје и "Би било логично" не ги ставај во исти пост, најмалку во иста реченица.
![]() Нема ништо логично, очигледно е дека ниедна инстанца нема така лесно да се одважи од моќта со цел ефикасен закон. Тоа си е така со распределбата на моќта што веќе сме си ја поставиле со други закони. Скопје го управува дво-домен парламент со племенски совет од единаесет градоначалници и така ќе се провлекува по сите закони. Додека ова суштествено прашање не го решиме, понатака се е последица. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |