![]() |
![]() |
![]() |
Новогодишно украсување |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 10> |
Author | |
Супа со кне ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 21-Dec-2024 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() Posted: 23-Dec-2024 at 19:47 |
Не е лошо украсен плоштадот Македонија. Баш е фино.
|
|
Чистокрвен скопјанец
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Плоштадот Македонија новогодишно украсен
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=1014130404086071&set=pcb.1014130484086063 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
+Protagorist ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Nov-2012 Online Status: Offline Posts: 3588 |
![]() ![]() |
думајќи за евентуална плоштадска маркетинг Лед Билборд понуда [1] можеби треба да се размислува како на три згради на или над нив да се оптегнат такви екрани, 1. Нама 2. Ристиќева 3. то пиедестало за МајкаТ меѓу Мериот и Кондоминас ... некако симетрично тоа да се изведе ... не дека особено така ќе се опраи плоштадската визура, сеуште сметам Алексо треба да го јавне Букефал на Кале инт., сепак потенцијално вака може и тоа да се опраи та ОЛЕД прозирни екрани да виснат околу неговио пиедестал од толчник та да се добие некаков апстрактен моментум од интерактивен стол ем волуменозно над фонтаната правилно пополнувајќи ја постојната недоносеност од визура ... хм ОЛЕД моит да е скапо, та може интересно би било да се размислува за Сув Мраз (тешка магла (сигурно сте глеале по филмои) ојте со фрижидерче во ТГС ќе ви приклаат и за дома на трпеза шоу да стркалате) пр. да тече од то ајнцеро на толчнико од пиедестал за Алексо, а нормал врз неа да се оди со ласерски проектори [2] што би било и екстра практично и супер уникатно ко Метропола која прва би стркалала таков спин од интерактивна визура!, незнам само што би било поефтино виснати ОЛЕД Екрани од 4 страни, или пак 4 ласерски проектори и целовечерна река од тешка магла, хм хм хм!?, мислам ова што го имаме сега е се' само не достоен паметник за Алексо, но ето и за то имало чаре ... во секој случај многу малку фали за да Скопје испегла постојните турни ме да кинисам центарски визури, а ќе остане само уште од ПИМП (патриотско исконско македонска пица) да сториме туристички спин [3] и евала додека светска економија сеуште ет на нозе малу од малу да ви наголемат гостувања а и од то да ви капнат тро отпојќе шушки шишарки а сигурно и смола ![]() Edited by +Protagorist - 15-Feb-2024 at 01:32 |
|
HaјсилнoтoOpужјe е вo caмитeHac cинaпoвo3pнo co НaдeжВepaЉубoв
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
![]() ... но што да се праи кога едикојси папа менал календаро, а бидејќи западо по падот на Византија се наметнал како европска водилка на трендои та и опстанал истиот тој календар за подоцна и во модерно време се наметне на сите безусловно во светот нали бидејќи главни лихвари и трговци станале западните европеи!, подоцна ето има во еден од линкоите советите пр. дале посебен акцент на таквиот циклус иако и на запад во минатиот век добил конзумеристички спин, та денес така речи Нова Година (грегоријанска) во време на духовна хипокризија биднала главна лумперај веселба која им дава на мнозина повод фестивалски да се располжат, на тоа ме чуди само како карневалски не пристапуваат, ама во Православие и таквите обичаи поранешни сме ги супституирале праводобно празнично со Василица и Прочка!, реално животот по духот од овој свет дури и кога сме испраени здраво Православно нели од Љубов кон блините чиниме чест та и ние не глумиме лудило и веселбата да им ја изреметиме дрско ко ако си поканет на прослава за Нова Година или пак некој сака да слави да не наздравиш, бар здравицата не е во очи Божиќ та поднапиен да одиш да се Причестиш што вели Свети Јован Битолски Шангајски и Санфранциски имајте бе бар малу акал кога што праите за да не ви биде ко полупусмени а не пак непусмени за осуда [1][1][1] е сега кога веќе станала некоја модерна навика за цел свет да слават тогај даден годишен циклус, проблем е само како ет искомерицијализиран конзумеристички а за што има и основа дури и метафизички како западот е наштиман духоносно [2][2] та сега што да праиме кога Радост за Деца кајнас биднал таквио циклус, оди терај ги сосила славете Православна Нова Година, хм дури и сите ко возрасни тоа да го затераме така ко забрането овошје уште послатко ќе им бидне та до бесвест ќе се навлечат на постојниот тренд!, та единствен правилен начин е да се поучува Народ дека веселбата на самиот циклус сам по себе не е нешто особено битно, туку дека ко Православни за разлика од сите останати ето имаме ксмет ние да славиме и отпојќе та правилно фестивалски да се развлече таквата прослава од греоријански Божиќ и Нова Година се до Водици при што за цел овој период ќе има постојано корисни културни манифестации за Деца ем да се Радуваат ем Поучуваат на Култура Спорт и Ора (ајде тнацои) а како би имале зошто и в зима од тоа тенеќињата подома да им киднат!, практично ако се димензионира вака фестивалски овој период наместо еден ден џумбус изулавеност ќе си добие овој период можеби поскримен но ко подолг пригодно организиран празничен период правилна Радосна Атмосфера за Сите а не само Децата!, ех секој ден да бидат поучувани на Марко Цепенков во милион верзии од перформанси инсталации улични театри Сите што е смислата на Живот како Заедништо кое произлегува како Срешта од Средба а што впрочем ни носи односно ет Среќа во полна смисла на зборот!, но повторно доколку немаме осет дека забавата треба да е подредена на едукацијата сета добра волја ќе забега во кичофоничен конзумеристички спин од заедништво, а кој за да не не' фтаса мора да се смогне сили 24/7 на ето институционален правилно категоризиран еФорум да се полира правилно градско димензионирање на ваквиот празничен период!, при што имаме прилика така и туристички подобно да влијаеме како би биле Забавно Едукативен новогодишен хотспот за сите во регионот та и потака а така и други Деца а не само нашите да видат аир од она што како Заедница ќе го органзираме фестивалски, тука влегува украсувањето, па и книжарите под отворено, па и уличнио театар, ем зимските спортски настани, при што мора да се стави приоритет сега како подобно да се стигне до заокружени локации од центарски плоштади каде ќе има правилна анимација на Сите присутни, за што исто кубуриме терсене и во однос транспортни модови а и' паркинзи или логична поврзаност помеѓу истите како и за регионален туризам би биле атрактивни [3][3][3][3] хм ко намерно да ет саботирана примарната сообраќајна мрежа а не пак подобна поврзаност меѓу сите транспортни модови нели бидејќи наплив и на скопјани масовно во Центар ((а не пак туристички бум) ем капак тоа долгорочно завозено како зимска ОпенЕр манифестација која би траела речиси месец дена)) ќе бидне супер безбедносен ризик кој знаејќи како кубури МВР со токму опрема и капацитети чинам дополнително може да бидне гајрет во недоглед т.е. мора најнапред на ова да се мисли дали и како МВР ќе може да одговори на таков предизвик најефективно а тоа да е главен пивот во евентуални идни дебати апропо каква и да саглам фестивалска атмосфера која би сторила некаков уникатен белег за Градот во овој век (нели не можеме да се пофалиме со ултра модерни визури, но можеме тоа да го надминеме со правилна културна понуда за Сите а особено Децата), мислам спомнав ако вакво нешто бидне реалност сакале или не мора секое Дете ем Родител да ет со sos алка или прстен обележен штом влези во Мал Ринг тогај, а на пунктовите за влез да се чекира секој сограѓанин или турист со лична карта биометриски, така нормал МВР и некако подобно би одговорило на безбедносните предизвици (хм за џумбус денои сите со gps алка маркирани та да може секој бивш регистиран криминалец насилник или шизо да си имаат брз мапиран увид каке како се движи или движел во Мал Ринг при ултра гужви, хм при така осигурана јавен градски простор се' повеќе бизниси и уметници ќе одлепат креативно а тоа и дополнителен магнет за посетеност!, замисли пола милион гости џумбус затерале на новогодишно веселење кој како сите нив ефективно да ги амортизира во својта летс гет хај еуфорија ето и само опиено, а каде ет опиено аздисан вајб, а каде е сиромаштво сред таков џумбус, та берете памет што како димензионирате безбедносно т.е. мора да антиципирате унапред евентуални ескалации и како уште од старт истите да се осигурани правилно за да инстант се ресетираат пр. тепачка меѓу навијачки тајфи баш тогај итн. итн.), кусур на сето ова би била Урбана Опрема [4]4][4] при што мора некакви мобилни а захефтани привремено склопливи бенчои по сите страни пр. околу бедемот на Кеј (ако огaрдите кои и така се терсене биднат метални може од старт да се димензинираат за брзо надодавање склопливи метални клупи нанив а да се фиксирани и неможат лесно да да се уништат од несовесни сограѓани) хм можеби фотељи и душеци на надувување на Црвен Крст Пунктои за снеарнети посетители, фосфоресцентни исто како би биле и од далеку воочливи ко понастрана од улично осветлување спрострени т.е. фотељи би имало на најраздвижените коридори додека душеци може понастрана дали, просто некој од слаба циркулација може да не му додржат нозе и се струполи а ко свесен не е за во Болница но му треба некаде да се поттргне настрана и дојде на себе!, бреј во еден пост оди некој нека смисли како вакви манифестации најлезет би се осигурале и реосигурале, зато и треба Институционале еФорум при Град Скопје каде бар во одно секоја манифестација ќе има засебна категорија а таму засебни подфоруми за секоја врзана област пр. во подфорум Безбедност на дадена манифестација има најразлични теми кои може да се отворат од неопходни чекпоинти преку идеи за тековно пазење или волонтирање па се до стандардизирано задолжителна угостителска опрема пр. во зелени стиропор чаши се точи при кафиќи и шанкои само во еден дел од Мал Ринг итн. итн. односно мора педантно сe' да е јавно издебатирано во најмала рака да им е на сите јасно зошто нешто вака или онака е димензионирано а така и со лесно да си го прифатат, бреј само то sos алкализирање како појава може некој конспиративно да го забегуе та на сите расположението да им го расипе налик со фејкбук шервер параноја "Ало Сите Ќе Ве Учипат" зато треба и дебата а не само на јуриш некој да истоварува идеи решенија и проекти, навистина се чудам кој век живееме да ваква уникатна еАлатка ко што се еФоруми не можеме уникатно правилно да ја врпегнеме за општо добро!, та нели транспаретност сите бараме, тогај зошто бар за вакви работи се' да не ет на ачик!?, и кој што предложил и кој што треба да примени, ем како тоа со минимум енергија и средства да повлече максимум корисени и подобни ефетки ко што велам за Правилен Социјален Инжињеринг во однос Млади и Деца низ празнични културни манифестации каде поголем дел би отпаднал на научно спортско едукативна забава него медиокритет од дедомразовци и дедомразулки разденсани со вреќи поглаи, нели мозок да не им истече додека сосила на сите мора да им дигаат расположење а заради ситниш од компензација, жалосно!, ех ова само и волонтери можат да го чинат ако правилно се стокми такво целомесечно шоу та чисто да им е мило што зеле учество во манифестација која и Радосна Атмосфера донела ем така туристички спин се испилил!, а доколку на ачик се нешта нема ни да може некој со задни намери да истера конзумеристичка лоботомија ниту пак кичофонични инсталации ќе го красат Мал Ринг, но ајде де кој да впрегне Институционален еФорум в Град Скопје!?, да не се глуви надлежните, или сеуште не дошле нивните 5 минути!? Edited by beTon - 03-Jan-2024 at 20:51 |
|
![]() |
|
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
Давање на поголемо значење на Нова година отколку на Божиќ е комуњарска направија од која уште не можеме да се отарасиме.
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
има ли некој да склепа компарација колку се трошело низ минатите три децении за новогодишна прослава, логично ова би требало да е јавно достапно инфо на портало на Градо, но најверојатно немаат кој да копа по архива та ќе почекаме на некој хроничар!, евен (на крај цитиранио) тазе текст ко лапни голтни абер за 1990-та дека 600k денари чинела прославата, та донекаде 10k евра има логика со онаа бројка кога градот остаил на други приватни фирми во своја режија да организираат прославата (претпоставувам веројатно компензирале со шанкои ала Виноскоп Пивоскоп и сл.) кога 2020-та се потрошиле 20k евра така но не од градска каса [1] незнам како било и дали ко и во 90-ти организацијата била слична во својот распон на понуда, нешто побајаѓи време немам абер како ет на Плоштад, но доколку сака Народ уникатни ивенти Мора Отворање на Градот и 24/7 дебата кој што како би требало да организира волонтира и профитира од таквиот настан, а во костец тоа да се стави главен акцент на Децата и нивно Радување отколку возрасните кои пак комотно можат да подготвуваат засебе цела година волонтерска музичка програма (ремиксои ако не друго на локални и регионални хитои ко Адио Памет пример) а озвучењето треба и мора да се купи со донации та и буџетски гаранции дека навреме ќе се исплаќа како еднаш за секогаш би се имало какви такви Маерки не само кои на нова година ќе се дрмаат ами на секоја една побитна градска или државна манифестација, нормал кусур ќе биде дали и мтв има достатна опрема за саунд инжињеринг та да може од таквите ивенти евентуано и да се профитира доколку волонтираат пејачи од балканите или кајнас, пр. Џони и да дојде некогаш некако ко скопјанец ние нели најонака скотски од тоа ќе видиме аир долгорочно, а не пак да се избацат ликои ко Ману Чао и сл. можеби алтер егото на Витни Хјустон ... но, што и да биде како и да биде натака доколку немате акал дека заради Деца пред се' се организира ваков настан, тогај вие сте навистина за жалење!, тинејџери ко што велам секогаш и сами ќе се организираат доколку тоа е оставено нанив невладино во однос музичкиот дел, а конечно тие и треба да се претставуваат и промовираат доколку имаат гласои на Билбили или пак прсти на Соколи!, додека ДиноМ алајк филмои се што да кажам дури ни за во очај подобна појава кусур па и ултра скапа!, ајт заради туризам може да се строи некој спин, но тоа се чини низ честитки по видеобимои налик Поздрав од дипфејк ехоа од наши заминати сограѓани пр. Васка Илиева или Влатко Илиевски итн. но да небидам гротесно морбиден сепак социјалнио инжињеринг и за возрасните е неопходен наик Ало пазете како се одепуете да не ви биде последна веселба бидејќи се' повеќе и повеќе забегуе работата како генетика и биотехнологија се ремети а во однос аздисани појави кои дури некој и не милувал аздиси доаѓа време чинам кога ако не друг пат тогај ќе се откачи!, но ајт да не ме обвини некој за душегрижник та ќе речам имајте Осет бар за Децата!, кој сака да одлепуе нек си се залепи за подиум во некое диско, додека на Плоштад треба веселбата да е повеќе релаксирана него еуфорична во однос музиката, правилно би било да има повеќе Плоштади наоколу та на главнио да биде велкоминг и за Родители со Деца касно навечер, додека по околните ајде ќе разберев дрмај брате секо и турбофолк ако ви драго пр. кај Влада!, бреј замисли ремикс на Филхармонија за на главнио од македонски народни и попрок хитои било во комбинација со Танец ко етно или Леб и Сол ко фјужн итн. соработки та ето и екстра профит дури за да со лесно натака им капе тантиеми на музичари што волонтирале празнично!, но мтв уште ли то олдскул комбето го имет или се подновија!?, како поинаку да извадат добра лајв снимка [2]
доколку пак се издвојуваат градски буџетски средства нек се стокмуваат за целодневни празнични дешавки пр. Скуптурна Ледоина која може и сред Вардар да ет испраена доколку се тера масивно [3] хм ко пазл може на сплавчиња да се раздвижуваат па така различни поставки секој нареден ден да има, а така пак и пак атрактивна атмосфера, ето Шахофски Фигури се добра поука или пак Историски Ликои за кои немаме паметник може така да се поздрават пр. Итар Пејо и Насредин илити Марко Цепенков и Силјан Штрко итн. итн. та и Ристо Бомбата со се Кучешка Тенија доколку затера со лесно таквио фестивалски спин!, Нулта Позитив со се' Трансфузиологија не ги заборавајте!, но оди ова некој приватно нека го организира и од тоа да излезе туристички а не само локален празничен магнет!, просто после Ск'14 центаро е налик тематски парк но недозаокружен, та паметно ќе биде тоа да се искористи докрај ето бар за вакви настани, но повторно како ако таквио фестивалски вајб ет остаен строго во режија на Градо, помирете се мора Сите кој што може да помогне доколку навистина ви ет на Деца и Млади да им сторите Радосни Празнични Денои а не само ден!
|
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
ХМ, ево интересен спин за социјален инжињеринг!, За Новогодишни Празници вработените во Комунална Хигиена да имаат бонуси па и цела плата за новогодишните забави при навала на Гости, но при што би биле натнати во Холографски Маскота Костуми како би биле од секој агол забележани а шетајќи со вреќи да бидат налик подвижни корпи!, можеби со Флаери на појас За Чист Живот не биде ѓубре фрли отпадот во корпа!, така речи дури и ето на највеселата ноќ да се потсетуе Народ на табиет за Хигиена! друга варијанта би била со пластични гребла да се шетаат низ Плоштад а сега то партерната фонтана и така ет вон функција та може некако да се импровизира подземен дампстер таму со спуштени корпи, а заменети тук таму то гранитните плочи со решеткасти поклопци ко за амотсферски шахти!, и не дека ко граѓани сме нешто ептен терсене, ама ако имаме в Градо уникатна атмосфера и навистина наплив на Гости негледам друго чаре него инстант подземно ресетирање отпад како би бил Плоштадот џилитка макар милион празникари сркале ето дури и Домашна Чорба во ниедно време!, мислам ако онаков уникатен Елка Камен Мост градот има посекако ќе стане полуостровска атракција за мнозина, иако треба уште побајаѓи што да се стокмует правилно за тие мнозина да не наминваат само за еден ден туку подостанат тро отпојќе!, бреј СРЦКА и Кале мора итно да се стокмат подобно некако, а и' она Крово на ГТЦ да добие некаква интересна содржина пр. Кино на Отворено и сл., но без еФорум на Портало на Град Скопје каде постојано целогодишно ќе се дума од Народ (при НВО-а зачленете за да нема гужви за збор) за ивенти ако не друго чинам инвентивноста на градските власти ќе добацуе само за издавање лиценци за настани во приватна комерцијална режија!, ех ако за нешто и со нешто може сегашната Градоначалникчка да се искупи ко натисната меѓу чекан и наковална тоа ет со ваков еФорум, та Сите што се волни да помогнат со идеи дебати проекти од локални Граѓански Здруженија, а што немам двојби ќе и донесе и втор мандат ко независна!, само треба да има трпение и остави дебатата да тече слободно иако дефакто таму и ќе ја прозват дебело за многу што ко официјален институционален простор за 24/7 Јавна Дебата во однос сето работење на Градо!, мислам што има да изгуби!?, може само да бидне прв Политичар кој турнал инерција кон Непосредна Демократија на локално ниво, а сетне капка по капка Лавина од Притисок да се Отвараат и Партии соодветно а конечно и Државни Институции!, хм хм хм како поинаку да се очистиме од џубрето него да се пролуфтируе систем вака!?, бреј што почне и да се подотвора има самото да фати пуста пустина оттука!, но ајде да видиме дали навистина Данче е Арслан или само глуми индепендент насукана! |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
него Лајтшоуа Огномети Петарди, во првио случај Камен Мост ем МОБ моит комотно да се стокмени со новогодишни лајт графити, додека Огномет да е редовна фора по Кале или кај СРЦКА (доколку се стокми ко што треба), а петардите ко кракери во сите форми може да се дозволат на места ко МКЦ или Музеи каде за да се анимира посетеност навечер би имало пиротехнички шоуа уз редовната програма!, така речи уз ритам да им крцка под нозе на гости рајатот!, бре цветен фаерворкс хоризонтално сте виделе ли како изгледат, онака огномет врз Вардар ниско да распукует по сите страни а никому очи да не му извади!?, но каде бе кој тоа да организира кај нас, можеби воени разузнавачи со Пица Хат на глава, може и Кинг Бургер роштиљ у дисаѓи!?, вистина зошто стрит фуд да не им е дозволено на регистрирани занаетчии од Домакини и Домакинки кои ето онака Домашна Храна по стандардизирана цена за вакви и слични празници не би продавале На Точак!?, нека им стандардизираат и пакувања ако треба ем штембил у тесто, ама за сите да има нормални цени за закуски и јадења на улица при вакви празници!, ах што лиги ќе ви течат потем што сте си украсиле утроба со мевлеми пример од ајурведска макробиотска посна Православна Кујна!, мислам и само на сендвичари како Хармонија да им допуштаат таков вело шатл сервис ко сквер испостави та бар празнично нема да мора да се чуди Народ со што уникатно да израдува Деца ем поучи зошто е Убо да олабават од џанк фудоина!
но Корпи Бе!?, каде кој да клаи екстра церадни топки за џубар при масовни навали на Плоштади!?, многу пати и пред да завршат такви утра денои ноќи шеташ така празнично и цапаш во секаков смет, та не најуба Елка да има ем украси во сите фрактални одблесоци и бои пак бадијала кога памето ти заминал тро по тро во она што ти се сметнало на патика, бидејќи нели одтаму некаде продолжуе весеље, та веројатно мнозина се приморани и заради вакви банални работи на џа-или-бу табиет, илити си носат резервна обуча сосебе!, бреј бар да шиткаат некои фестивалски најлони за на нога, хм и за на глава може ![]() друга битна работа која не ни мора да се спомне но може да бидне супер фора е да има плински греалки наоколу за сограѓани со слаба циркулација, зар ним не им е до славје!?, хм можеби тајфуни на пола плоштад да збрчуваат ниско топол воздух ко побезбедна опција, но каде бе Градо едвај камен за то наКривената Елка нашол а не пак нешто револуционерно!, а и да ги има чиниш ќе ги задскријат правилно густо сунгересто ко топли маскоти та дури и некој ако му се слоши да моит да се подоптегни додека интервенираат ПП-ници, туку ќе ги расфрлаат ко вишок урнама опрема од која сопнувајќи се може чело ќе си остава Народ на плочник!, вистина колку треба во онака затворен Плоштад Македонија да се наштима уникатно фина клима!?, минимум Две Африканки во традиционална носија (пред или на стејџ) за плацебо да си решите подобна регулација на циркулација у организам!, мислам кога ќе видиш некоја летно необуена наметната и разиграна нормално нема да кршиш клечки колку ти студело зш трезен ѕенѕаш! Edited by beTon - 29-Dec-2023 at 00:00 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
кога ќе размислам подобро така ризикот од преголема оптовареност врз Камен Мост бара или негово затворање, доколку таму висни или се исправи Елка, или евентуално дозвола за премин да имаат Деца со Родители или Роднини та таму да се фотнат т.е. да е дозволено помала раздвиженост на мостот во зимски празнични денови кога Елка ет таму испраена, а конечно доколку постои сенс дека околу Плоштад може и треба да има помали скверови и на секој соодветна панаѓурска поставка та ова нема да биде некаков проблем, ете бар еднашка во годината Децата да имаат поголема привилегија од сите останати!, плус ова ќе биде прилика самите скопјани да впрегнат инерција за разни скверови и сврталишта дури Градо е нем за таква потреба, а при што мора да внимавате и некој да не ја злоупотреби ваквата идеја за некаков ефтин маркетиншки хајџак та наместо народни скверои да биднат таквите локации кока-кола-лоботомија а вам склет зошто нема да можете на сите Деца да им приуштите полни чаши сок бидејќи на тоа и ќе се сведи доколку не внимавате кому како таму ќе му дозволат да точи напитоци!, чунки најтокму би било одредена невладина која ќе има дозвола за организирање новогодишен ивент на даден сквер да има сите профит од продажба на топли напитоци и костени пченки ем шекерна волна!, так на пример кај Опера и Балет (дал напред партерот кај музилките ил одзади паркчето) да има Панаѓур на уметнини ракотворби и книжари како пригодни тезги или куќарки како акцентот би бил на култура, а каде комотно може и некое друго автентично дрво да се испраи, на кое пр. може да се закачуваат честитки за Сите Ништи Духом т.е. Молитви вонив Занив, нешто налик то јапонската танабата традиција [1] потем кај Лумикс може да ет сквер и новогодишно дрво ко Бел Бор како Молитва за Сиромашни во контекст родната куќа на Мајка Тереза [2][2] а пр. под Кале може да се склепа Спортско Дрво налик каква и' да е инсталација на зимско дрво, на кое би имало пр. Лулашки по сите страни, бреј ако ет ротационо може да заличи и на Рингишпил комотно во некоја идна верзија при ревитализиран СРЦ Кале [3] практично идејава е повеќе за целогодишна поставка та 7/8 скверои се стокмат околу Плоштад Македонија [4] а ако ништо друго бар ето така во Зима заради Детска Радост во различни перформанси секоја година Сите да сетат дека се Заедница во која иако оладила Љубовта пак се трудиме да развиори истата некако поуникатно него моловски постојно!, та ето интересна и локална и туристичка мотивација за Дружба низ практична смила за ологосување Заедништво и Сочуствување со Сите кои сме ги забораиле т.е. каде таквите новогодишни скверои би биле дел од даден Социјален Инжињеринг за бар тогаш Деца да можат да заборават на сета постојна безидејност која не заплиснала во овие времиња!, конечно социјален инжињеринг може да тера во разни комбинации пр. ваквите скверои да се сплотат во еден фрактал на Љубов та секое Дете низ дадена Маршута од сквер до сквер со по еден пазл на крај да стокми Лампион Снегулка за Дома која може секоја недела да е во различна боја се до Православна Нова Година кога пр. Православна Невладина би им делела на Деца пред Соборниот Храм Сотиролошки Сликовници Боенки Киригамиа!, во основа поентата е како Сите да се свестат та дури и Децата дека Сите сме Гости на Овој Свет та се' што чиниме во својот Живот да ет заради Љубов Мир и Спасение ...
... хм атеисти сигурно ќе срипаат како бе таква индоктринација, но Референдум решава подоста гајрети од ваков вид, доколку и навистина има такви кои мислат дека Верата Православна е промашена смисла на живот, хм за жал има и' такви, но слободна волја та нивното би било нивно но само доколку се мнозинство, а доколку такви некако дигнат џева та логично би било компромисот да ет Референдумски стасан по што сигурен сум никој нема да треба за убава идеја да крева во недоглед џева, иакo паметно е да постои и 24/7 филозофско метафизичка дебата во општествово како полуписмени сограѓани не ви биднувале импакт фактор на штимање свест пропагандно т.е. да постои Дијалог помеѓу различните граѓани со контра Идеали!, бреј може таквио вајб да тера и онлајн пр. ко што се то дебатите на ЏејД [5] мислам како поинаку би се зауздала ароганцијата на неопаганите и безидејноста на атеистите кои од таквиот новогодишен моментум единствено што максимум ќе повлечат ет празна конзумеристича еуфорија, небаре одбројување до одредено завршување на годишен сончев циклус е ултимејт радост за постоење следната година, онака суеверно налик забораваш се' што било претходно и од 1-ви јануари ресетирани почнувате очистени од гајлињата, бреј бреј бреј зар не ет тоа најтривијална лоботомија од смисла за некаква општествена прослава!?, но ко за беља ни на Свадба таква еуфорија нема Чоек да види ама за новогодишната ноќ опиени од безидејни здравици отчукувањето на саатот новогодишен лупнуе фантастично нали Ура Ура Ура Среќна Нова Година ко главна здравица, И Аирлија камо така да се радувавме секој Ден што не обденал!, но ова бе прејде во тешка лакрдија без никаква освен конзумеристичко аздисана смисла!, та бар да распределеа Родители буџето и од католичка до Православна Нова Година цел тој период да им го чинат од весел повесел како зимски распуст, но ко за беља не е како во титоизмот кога можеше таков вајб да се втаса бидејќи фамилијарно сите беа сплотени здраво та и за сите постојано секаде бар весела трпеза да ги дочека, сега бреј едвај една недела таков вајб да здрма, но затоа сега пак имаме каде каде повеќе можности да се сплотиме низ Граѓанско Здружување и осигураме фестивалски пакет аранжман на различни нивоа ето стрит левел ако не друго, Но за такво нешто да бидне реалност мора Град Скопје да спрости еФорум за содветни ивенти каде нво-а би сплотиле сили и срочувале постојано бар празнични проекти!, но каде бе, уште од времето на Коце некој им ја дал идеја ама ко што гледам освен рубрика за обичен коментар ко на инфопортал ништо друго нема од Тематски еФорум, кусур каде содома&гомора ботови си лепнуваат спамои ко нигде другде по европите та и потака [6] ех бар во нешто сме уникатно ефективни во однос останатиот Свет!, си викаш вистина колку безгрижни градоначалници си имаме што ама мува не ги лази каде заседнале на што се насадиле врз кого зеле Околија а не па Живот да му оправаат!, та до толку ли бе никој немало да ги предупреди досега!?, хм еве бонус предлог ~ кај Лотосо в Парк може да се пресади Елка од некој Поправен Дом за да ги потсеќа натака сите идни скопски началнички наоро потфатени абер налик "Ало не' значи дека оние пред вас ако заспале, дека и вас дремеж треба да ви е норма у градскио домакинлук!", практично идеално би било Град Скопје да има 24/7 за сите теми Отворен еФорум модериран и дебатиран од локални невладини организации со оглед дека за такво нешто сами немаат капацитет, та може така да видиме и екстра волонтери утре, и не само за градски манифестации, туку и за тековното работење на Градо!, Аирлија Натака, но како ви ет обичај да си терате со памето, пазете да не се насадите на некоја екс удбашко-убалитичарска стапица и ко волонтери!, десет пати премерувајте пред да се нафатите на сите оние в Парк паркирани в то бараките карши-кермески!, ех Трифка уште ли го обновуе Кермез или ојде и тој проект под стечај заедно со банката!?, та бар ко Куќа на Страво да го стокмеа запуштенио објект, ко ќе видиш слични хотспотои еден куп во градов, та бар од таков келепурлук да се стори така туристички спин, а може тогај ќе им текне закон да сменат и се' што е во и околу Центар од параспур напуштени објекти со Маркетинг Боксои да се среди, та ако не сакаат стопаните, од тоа да му капе на Градо што оптегнал скелиња со маркетинг тараби или церади!!!, бреј на Плоштад нели сеуште имаме два такви егземплара а не па другде, Риспект Параспур Јуник ни ет реалност стрит левел центарски а то преведено во олдскул фраза би било """"Живот Пише Романе", а кај нас Кучина Скитковци ни у Стационар", на позадина од Суперхикс Африка Шампаста од сладок соживот!", со параф на Дедо Марко Цепенков" ... Се Е Бе Супер само ни фали тро отпојќе суво грозје домашно, ко за меѓу редои бисквит колач, попарени со Компот од Мушмули, та нели немајќи автохтоно банани не ни можеме да биднеме БананДрж ами МушмулДрнч!, додека военото ни разузнавање не си спрасти отанизирани вијуги, а затим Спектакл! Edited by beTon - 28-Dec-2023 at 23:16 |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
ех осмио фус го испуштив а?, та ево прикладен пост занего!, односно она идејана наивно да им се угоди на Деца дури до степен Алексо да ет сторен елка кога веќе не моит да се најде соодветно место занеа, чинам може и треба да се стори и другде така тензилно на или околу плоштад, а некакви сајдкик кандидати би биле Лумикс ил Триумфалката т.е. врзнив да лебдит таков муабет, арно ама така ќе затераме Карачи алајк та на оние кои ценовно струјата ни ја таманат да им украсиме предпорти што би било тро сиромашки земено дебакл од симболика, та мошне веројатно таков спин може да се стори тензилно врз КосиоМост в сред Вардар, ем Народ ќе може да врви поднеа кога по Камен Мост поминува та и космички да се подосети празнично!, е сега дали и каков тип на елка треба формално да се стокми тоа ет друг муабет, ем дали горе да има пентаграм или Сонце илити комета то исто референдумски може да се зацементира како долготраен параф со оглед дека таква елка ќе биде тро поуникатна појава меѓу сите досега а и бидејќи немаме нешто идеална локација за в Центар та и доколку види бел ден некогаш остана изгледа муабето така трајно!, е сега дали да се врти
![]() ![]() хм, ако споредам од каде ми идејата, хм хм хм, Саем ни го рушија дали, а ко за беља Саем уште од најмали нозе ми беше Идила у мал мозок ако ориентир што треба да ет современа инсталација од масивна скулптура на отворено т.е. то рекламните Кјубои потпрени на ивица т.е. налик искосен тесеракт [1] само што тогај ко за прва таква општонародна инсталација ем тро потрајна та морало да се оди со профили како основа!, но сега кој век сме?, комотно може да се изведе и само wireframe конусна конструкција за да носи илјадници ледои кои би ја оформиле таквата елка со најспектакуларна визура од Кале кон Плоштад та ето и Кале така подобно може да се анимира доколку кај МСУ или паргингот помеѓу има подополнително Новогодишна Програма можеби со вештачки снег правење Снешковци итн. итн. Замрзнати Замоци и слично!, хм на то мосто кај МНТ клајте 3 Големи Ирваси!!!, само за да не уапат некого глејте на надувување да се!, за малу еден астрал не ме беше зобал!, та пазете како со паганизми си играте! ![]() |
|
![]() |
|
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
не дека лично имам против да се има штедиша табиет кај гратските власти, но доколку сакаа да извлечат максимум со минимум вака тендерски чинам освен за дебакл од новогодишна атмосфера подалеку ако се добаци тоа би било навистина јуник, дотогаш јуникорн фантазмагории ќе биде муабетот само за по сеир, во случајов пак бидна и белосветски, на што ако воопшто утеха ет е дека живееме в каузален свет та не значи ако сега не сеират [1] дека утре нема да се сврти тркалото, но ние треба да сме свесни дека вака укажуваме на еден феномен колку нам Стара Нова Година Изворно ни ет Помила та пооригинално за Православен Божиќ се спремаме [1][1][1] ем бидејќи сеуште топтан не сме препарирани евроатланско конзумеристички (нормал што од скромност што од сиромаштво) та комотно можеме да им фрлиме и ние одма сеир на европеи за нивнио метросексуален мајндсет!, та зар не е побитно Градо да има одблокирана трансакциска сметка него Дино Мерлин скотјани новогодишно да ги забавља, на страна што и така и вака кусур ќе бидеме турбофолкерски!
ако е за урнек утеха скотската кичофонија од елки (без соодветно место за елка) [2] доколку се има соодветен пристап дури и во ваква форма може некако подобно да се стокми, а за што урнек ет истоветната елка лани в Битола [3] незнам само дали за кинеска направија е збор, та ако испадне поефтино сами ко Сограѓани да си нарачавме елињата от АлиБаба [4][4] та сеиро да бидне и помалу кусур по резило!? некој пооригинален со минимум максимум пристап би бил, да секое Основно Училиште донираше некој свој сегмент за Елка сторен, а за некоја мега поставка од тензилни елки кои на сајли би виснале врз да речеме Мериот, потем МСУ, па ГТЦ, па платото зад Опера и Балет (можеби место Кале стоковна Мост итн.), а на то единствено што би фалело навечер Блеклајт рефлектори да осветлуваат флуо или фосфоресцентни лампиони, евентуално на секои 10 минути да се палат пазарџиски алајк ласерчина или стробоскопи кои контурите од лампионите по тензилните страни на пирамидалните елки би ги осветлувале!, не дека не е изводлива ваква направија само треба добро анкерисуење соодветни лесни сајли наместо пвц ко на следнио фус [5] а може да одат на пр. зелени киригами банери за таквите тензилни скулптури и лајтграфити [5] кусур имаме и слично та и поризично искуство [5] а некому сигурно ќе му текне и плинско да зафрчи пламен у боја штом саатот куцне час!?, огномет де!, но кога се нема пари за спектакли зошто не и плинско да не фрла димни сигнали ![]() сепак греота е да се сеири ваквио тренд, и не заради друго туку и така мнозина загинале воља за Спасение Душа та уште да им мериш ут вијуга зошто припаѓале во транс ако фестивало зимски им бил терсене очобол!, иако за волја на вистината Деца треба да се веселат постојано та Фестивали да има што почесто, а Сите како Заедница токму заради Нив што повеќе да се потрудиме секој еден месец при секој празник да им угодиме бар со уникатни перформанси, а каде самовилски соништата и бајки помалку би имало, туку отповоќе судбински та и ријал политички џумбус би врвело, нели за што побрзо да пораснат бидејќи Печалба ги чека се' порано него подоцна!!!, во спротивно ризикуваме да ги искривиме небаре реалноста им е мед&млеко сестрано!, ех сигурно ќе ме обвинат види го теле без осет&ред како сеиро го надградил?, НОУ НОУ НОУ!, ојте на рихаб АЛО!, во наше време Елка у Маало имавме само онаква природно засадена, а на Плоштад и да ја има бидејќи еден беше па ко и да ја нема, особено бидејќи таму ме носеле само еднаш во година!, нешто покасно 6-то или 7-мо одделение да бев одел почесто, ама пак тогаш до елка ми било само Дома!, и не дека треба и денешниве Деца соодветно да се челичат, но кога во титоизам кога имаше за сите нали се' па нешто многу многу поуникатна атмосфера немаше, што пак денес кога за сите се' нема!?, колку само Деца ќе немаат топол оброк или кров над глава за новогодишната ноќ а вам ви било кусур што елката околу Алексо ко тензилен конус не е оптегната!, бреј така и поефтино ќе се помине него сега тендерски!, та бар еден ден во годината и така паметникот не е некој монументален штембил за посебност ами конзумеристички испринтан реализам речиси идеален ко за 3Д Детска Сликовница в скопски тематски парк, та и навистина зошто еднаш во годината Деца на таква фора да не се израдуваат!?, може и да лебди тро над лавоите конусо за нанив капчина од ДМ да се поредат ем поклони во фонтана нафрлат!, и оп ето туристички спин кој и така не сме католици мнозинството та и нема нешто трагично да го доживееме муабето!, ех уште таквио тензилен конус од елка врзнего да ротира и топ, ето рингишпил од лампиони срочени од секое едно ОУ во земјава та и од по некое наше в туѓина!!!, да можевте да го прашате Алексо а тој и да ви одговори дали би се налутил сигурно ќе речеше Ало Нек Се Радуваат Деца О вие акмаци кичоосани!, ама нали вие би се за Децата ама Алексо онаков испринтан ви е помил да не сте го навредиле у принтана монументалност од паметник!, хм може за следнио ако не овој новогодишен Панаѓур в Центар да се досетите на постов ко одговорни, ама прво сторете Јавна Дебата за да не се најди некој одлепен партиот та да ви удри уште поодлепен белосветски сеир зошто Алексо сте му го елкнато јавнале!, просто имаме сешто од македонштинлук во скотјево дали!?, е сега, ако некако некогаш ми било ко Дете радост в Центар ваква новогодишна атмосфера то беше гужвата по тезгите на ул.МКД т.е. таквио спин правеше посебен штимунг, а сега то на сред Плоштад куќарите каде бе оди спореди со она што беше порано по цела ул.МКД па се до Чаршија од тезги и понуда!, на плоштад незнам зошто пак и пак лизгачки ринг нема ама каде профи Уметнички Лизгачи перформанси на Деца ќе им прават (додека навечер само по кондури брејкденсери да шизат!), но нали безбедносно склет времина а Милиција сеуште све не' учипила за со лезет да пази не само локален наплив ами и интернационален при евентуална слична новогодишна тезга авенија, та и разбирливо!, бреј ко новогодишен бувљак беше тогај муабето, прва плоча од Марли таму си ја бев начекал у Живот замисли и то Не Се КајаМ, а сега ни у продавница ќе ја најдеш!, е сега x2 со минимум максимум до година ако сеуште светска економија е нанозе, а и сега и тогај не заборавјте дека Деца Приказни Ги Радуваат но сними ли некој некоја весела општонародна налик Силјан Штркот алајк со Ирваси оолунего ко кросовер за весел рипит на лектирите, или можеби за постарите стори зевзекманија алајк хор да пофали градоначаниците, илити за најстарите да им препее некоја Изворна од младоста празнично, хм некако ко да не сме веќе Заедница ами само конзумеристички бројлери кои берат гајле в кој мол паркинг место ќе дофатат!? hm mozhno li et nad Kale bar tro potro nekoj da im stori niet na Deca i novogodishno lajtshou da im sklepa nali ko shto et trend po sveto kale zsh ako popagjaat bar samo MSU eventualno da zakrcka [9] posekako potencijal imame nekogash i kajnas takvo neshto Deca da vidat ta bilo toa i so mini~dronchinja [10] |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ, АРСОВСКА НЕ КАЖУВА ДАЛИ ЌЕ ГИ КИТИ ПЛОШТАДОТ И УЛИЦИТЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ
Скопје е без новогодишно украсување, ниту се знае дали градот ќе има новогодишен амбиент како сите останати главни градови. Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот зјаат празни, без елка, светилки и новогодишни украси. Со доаѓањето на функцијата на градоначалничката Данела Арсовска повеќе не се распишува тендер за новогодишно украсување, ниту се организира новогодишен базар. Во изминатите две години, на десет дена пред Нова година се поставуваа елка на Плоштадот и неколку светилки, но кој ги поставуваше и како се плаќаа со оглед дека нема тендер, Арсовска не кажуваше. Кусо одговараше дека украсувањето е донација на општествено-одговорни компании. Ниту годинава Град Скопје не распиша тендер за новогодишно украсување или за набавка на украси. По доаѓањето на функцијата, Арсовска кажа дека повеќе немало да се даваат пари на приватни фирми за изнајмување украси, туку Градот ќе набави свои. Но, тоа не се случи. Од кабинетот на Арсовска, како и цел нејзин двегодишен мандат, не добивме одговор на прашањата дали градот ќе се кити и дали ќе има новогодишна прослава. За разлика од Град Скопје, со новогодишни украси и светилки е накитена Општина Центар, односно поголемите улици и паркови на нејзината територија. И годинава, новогодишен амбиент и новогодишен базар има во Крива Паланка. Општината и годинава ги украси плоштадот и главните улици, а се најавува и новогодишна програма. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/skopje-bez-novogodishno-ukrasuvane-arsovska-ne-kazhuva-dali-ke-gi-kiti-ploshtadot-i-ulitsite-vo-tsentarot-na-gradot/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТОВЕСТ: Нова атракција на Плоштад
![]() ![]() Од синоќа со нова атракција градоначалничката Данела Арсовска ќе ја подига предновогодишната атмосфера. На плоштадот вози вовчето од Луна Парк. За билет од 40 денари по човек, вовчето тргнува од мини забавниот парк и движејќи се по сивата лента врти цел круг околу плоштадот. Вовчето за најмладите, но и за возрасните е на располагање од 10 до 22 часот. При тоа, локомотивата на вовчето не работи на еколошко гориво. https://www.vecer.press/фотовест-нова-атракција-на-плоштад/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
Тирана во меѓувреме:
https://twitter.com/VisitTirana/status/1600198819903406080 |
|
ಠ_ಠ
|
|
![]() |
|
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
Aма од друга страна ни факинг елка ако немаме, тогаш па за каде сме
![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ме иритира дискусијата за украсување секоја година... имаме ко прво далеку поголеми проблеми... со месеци веќе не работи уличното осветлување на одредени локации, а таму каде што работи светилките се неодржувани или запоставени меѓу зеленило
украсувањето што се збори треба да се стави на плоштад со одвратен плочник, недоврпени карабини, јавни обраснати или оштетени површини и соголени фасади и полу-градилишта |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Конечно почна новогодишното украсување на главниот град
https://kanal5.com.mk/konechno-pochna-novogodishnoto-ukrasuvanje-na-glavniot-grad/a560443 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ ЗА ПРВПАТ ОСТАНА БЕЗ НОВОГОДИШНО УКРАСУВАЊЕ ВО МАНДАТ НА АРСОВСКА
![]() Скопје годинава за првпат остана без новогодишно украсување. На улиците нема ниту една светилки и украс, на Плоштадот Македонија нема елка, ниту новогодишен базар. Во главниот град единствено новогодишната атмосфера ја доловуваат кафулињата и дуќаните кои се украсени и осветлени. Со години, Скопје кон почетокот на декември веќе бил украсен, елката на Плоштад пуштена да свети или пак украсувањето било при крај, но строгиот центар на градот веќе бил во новогодишна атмосфера. Сега нема никакви активности за украсување ниту пак најава дека тоа ќе се случи. Сите главни градови низ Европа веќе одамна се украсени, се одржуваат новогодишни базари и Дедо Мразовци пејат и се сликаат со децата. Во Штип украсувањето почна пред една недела, а Општините Охрид и Струга најавија дека ќе има новогодишно украсување и покрај енергетската криза бидејќи очекуваат голем број гости. Во главниот град нема ништо, ниту пак градоначалничаката Данела Арсовска кажува дали ќе има новогодишна програма и зошто градот не е украсен. Лани Арсовска кажа дека Градот веќе нема да дава пари на приватни фирми, туку ќе се купат лампиони и со нив ќе се украсува. Но, според податоците од Бирото за јавни набавки, не е спроведена ниту постапка за набавка на украси. САКАМДАКАЖАМ.МК два пати ја праша Арсовска дали Градот ќе биде украсен и дали ќе има новогодишна прослава. Градоначалничката ги игнорира нашите прашања и кусо ни одговора „ќе има прес-конференција и тогаш поставенте ги овие прашања“. Прес-конференцијата што ја најави на 29 ноември уште не е одржана. Со доаѓањето на Арсовска на функција престана традицијата на новогодишно украсување на градот и организирање на новогодишен базар со програма за деца и возрасни како во сите европски земји. Лани само симболично беше украсен градот со елка и неколку украси кои, како што рече Арсовска, биле донација од општествено одговорни компании. Лани за првпат немаше новогодишна програма за деца и на Плоштадот Македонија не дојде Дедо Мраз. Беше организиран само новогодишен дочек со домашни музичари. https://sdk.mk/index.php/naslovna/skopje-za-prvpat-ostana-bez-novogodishno-ukrasuvane-vo-mandat-na-arsovska/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
За работната сила дефинитивно, но тоа се менува ако се сака за 2-3 декади. Ако можело од 45-90 од неписмено население да се стигне до илјадници инжењери, архитекти, доктори итн., може и од оваа ситуација да се излезе. Доволно е до точка да копираме успешни мали земји каде и да се во светов со <5м жители. Шансите се мали, нормално. Он топик, муабетот ми беше дека популистички (штедливо и одговорни) и едни и други се вадат на криза, како во 90-ти мед и млеко да течеле па сме имале за украсување. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |