build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања > Јавен превоз
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Јавен автобуски превоз (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  123 86>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #1 Topic: Јавен автобуски превоз (општо)
    Posted: 01-Apr-2025 at 18:32
Ќе се набават 120 еколошки автобуси – 80 се за ЈСП

Владата ја разгледа и усвои информацијата од Министерството за транспорт во врска со доставените писма за интерес од единиците на локалната самоуправа за потребата од набавка на еколошки автобуси за јавен превоз.

– Имајќи ги предвид финансиските средства обезбедени во рамките на буџетот на Министерството за транспорт за оваа намена, предвидена е набавка на 120 еколошки автобуси, од кои 80 се ургентно потребни за обнова на возниот парк на ЈСП – Скопје и за подобрување на јавниот превоз, а другите 40 ќе бидат распределени согласно со економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа – велат од Владата.

Набавката на еколошки автобуси за јавен превоз ќе придонесе за подобрување на квалитетот на услугите за граѓаните, како и за намалување на загадувањето на воздухот во општините, за одржлив развој и за заштита на животната средина.


https://www.vecer.press/ke-se-nabavat-120-ekoloshki-avtobusi-80-se-za-jsp/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #2 Posted: 04-Feb-2025 at 09:50
Вчера ги видов новите екоавтобуси пуштени во сообраќај.

Еве, две фотки од Слободен печат:





статијата

https://www.slobodenpecat.mk/gragjanite-konechno-gi-probaa-doniranite-avtobusi-sega-gi-ochekuvaat-stotinata-shto-gi-veti-vladata/

Edited by Џоле - 04-Feb-2025 at 09:58
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #3 Posted: 01-Feb-2025 at 20:00
Екоавтобусите добија осигурување, од следната недела ќе возат по скопските улици

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, истакна за весникот ВЕЧЕР дека веќе нема пречка да почнат тие да сообраќаат по улиците во градот. Тој очекува наредната недела да бидат пуштени во сообраќај, иако на денот на примопредавањето на донацијата, 26 ноември 2024 година, беше речено дека ќе бидат пуштени во сообраќај за една недела, а оттогаш поминаа повеќе од два месеци. Кушовски информираше дека вчера почнале и обуките на возачите за да можат да управуваат со возилата



Откако првиот јавен повик за избор на фирма за каскоосигурување на шесте еколошки автобуси, донација од ЕУ, пропадна, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, конечно, го избра економскиот оператор, со кој е потпишан и договор.

Директорот на ЈСП, Драги Кушовски, истакна за весникот ВЕЧЕР дека веќе нема пречка да почнат тие да сообраќаат по улиците во градот.

Тој очекува наредната недела да бидат пуштени во сообраќај, иако на денот на примопредавањето на донацијата, 26 ноември 2024 година, беше речено дека ќе бидат пуштени во сообраќај за едена недела, а оттогаш поминаа повеќе од два месеци.

Кушовски информираше дека денеска почнале и обуките на возачите за да можат да управуваат со возилата. За тоа на кои линии ќе бидат распоредени еколошките автобуси, тој рече дека се прави анализа за да се види каде се најпотребни. Инаку, шесте еколошки автобуси, донација од ЕУ, се во гаражите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ повеќе од два месеци.

По примопредавањето на автобусите, донирани во рамките на проектот „ЕУ за чист воздух“, се појавија помали, но и поголеми грешки во документацијата, кои требаше да бидат отстранети во изминатиот период.

Така, едноподните автобуси на компримиран природен гас, произведени од турската компанија БМЦ, пристигнаа со налепници на кои беа забележани правописни грешки на албански и на македонски јазик, па беа направени нови, кои, како што соопштија од Министерството за животна средина, ќе бидат заменети пред нивното пуштање во употреба.

Но, поголем проблем настана во документацијата, поради погрешниот број на шасијата на еден од автобусите, но и поради нивната боја. Наместо црвена, била впишана сина.

Поради тоа, на последната седница на Советот на Град Скопје, одржана кон крајот на декември 2024 година, повторно беа изгласани две одлуки за надминување на овој проблем. Едната е одлука за изменување на одлуката за примање на донацијата од УНОПС, а другата за изменување на одлуката за пренесување на правото на сопственост на шесте автобуси со компримиран природен гас на ЈСП „Скопје“, со кои се решаваат овие грешки во документацијата.

– Град Скопје и УНОПС на ден 6.8.2024 година потпишаа меморандум за разбирање, со кој се согласија заедно да работат на проект што има цел подобрување на јавниот превоз. Донацијата од УНОПС се состои од шест автобуси со компримиран природен гас (ЦНГ), со цел подобрување на јавниот превоз на жителите на Град Скопје. Од донаторот УНОПС беше доставено барање до Град Скопје за донација, каде што е направен превид со гореизнесените измени, односно бројот на шасијата за еден автобус не одговара целосно со документацијата добиена при испораката, како и бојата – наведуваат од Град Скопје во образложението на одлуките.

Засега се молчи за тоа што се случува со автобусите од марката „соларис“, кои Белград требаше да му ги донира на Скопје, но и на другите градови во Македонија што имаат јавен градски превоз, бидејќи тој ќе набави нови.

И премиерот Христијан Мицкоски, на крајот од ноември минатата година, најави дека Владата ќе набави 100-120 електрични автобуси, од кои поголемиот дел за Скопје, но и за другите градови што имаат јавен градски превоз, за кои тендерот требаше да биде распишан до крајот на 2024 година.

– Условите за плаќање ќе бидат такви што ќе почнеме да ги отплаќаме некаде во првата половина од 2028 година, на осум полгодишни рати, што ќе се одвива во период од четири години или во период од три години грејс-период, така што мислам дека ќе биде добро. Ги подготвуваме тендерот, техничката документација, очекувам до крајот на годината да се распише – кажа тогаш Мицкоски.

Останува да се види дали ќе се реализира тоа.

https://www.vecer.press/ekoavtobusite-dobija-osiguruvane-od-slednata-nedela-ke-vozat-po-skopskite-uliczi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #4 Posted: 23-Jan-2025 at 19:02
Во „подвижните реклами“ на ЈСП, патниците не знаат ни до каде стигнале ни каде да се симнат од автобус



ЈСП има договор за рекламирање со фирмата „Маратон“ потпишан на 10 години, кој важи до 2028 година, во кој очигледно не е забрането со реклами да се залепи целиот автобус. Дали воопшто претпријатието може да влијае врз начинот на рекламирање не е познато, бидејќи оттаму се целосно нетранспарентни кон јавноста.

Во дел од автобусите на ЈСП чувството е како да се возиш во затворена конзерва, во која патникот нема ориентација до каде стигнал на својот пат до саканата одредница. Автобусите што се подвижни реклами, облепени и преку прозорците, создаваат непријатно чувство кај патниците, кои мораат да ѕиркаат низ прозорецот на возачот за да видат дали се ближи нивната станица или можат да видат каде се дури кога на станица ќе се отвори вратата.

Неодамна случајно бевме сведоци кога жена, зборувајќи на телефон, на својот соговорник се обидуваше да му каже каде се наоѓа во моментов. Откако безуспешно се обиде да види нешто преку прозорецот, потстана па го отвори прозорчето и ѕиркајќи констатира дека автобусот поминува покрај Соборниот храм.

Не знам кој им дозволува со рекламите да ги покријат сите прозорци, зарем не е доволен останатиот дел од автобусите што нема да им пречи на патниците. Ужасно е чувството кога се возам во таков автобус, човек е комплетно дезориентиран. Особено е лошо кога е гужва во возилото, па не може да се види ниту преку шофершајбната. Ги бројам станиците за да знам кога треба да се симнам. А што е со луѓето што не го познаваат доволно градот и кои се ориентираат по некои знаменитости или познати објекти? Ова е навистина недозволиво и никому ништо. Никој ништо не презема за да им се овозможат на граѓаните нормални услови за превоз – вели револтиран граѓанин.

Од ЈСП „Скопје“ како и на многу други прашања, не одговараат ниту на тоа кога ќе престане практиката да се лепат реклами на автобусите што ги покриваат целите прозорци, од кои луѓето не можат да видат до каде се стигнати додека се возат во автобус.

Колку за потсетување, ЈСП има договор за рекламирање со фирмата „Маратон“ потпишан на 10 години, кој важи до 2028 година, значи уште цели три години, во кој очигледно не е забрането со реклами да се облепи целиот автобус. Дали воопшто претпријатието може да влијае врз начинот на рекламирање исто така не е познато, бидејќи оттаму се целосно нетранспарентни кон јавноста или едноставно, не се грижат за проблемите што ги имаат патниците иако тие јавниот превоз не го добиваат бесплатно туку уредно си плаќаат за услугата.

Друг проблем со кој се соочуваат граѓаните што секојдневно користат автобуси е нечистотијата на возилата – и однатре и однадвор. Ретки се тие во кои има пристојни услови за транспорт. Кај некои автобуси надворешноста е толку валкана, што иако на прозорците нема реклами, низ нив не се гледа од нечистотија.

Во врска со ова, од ЈСП досега повеќепати посочиле дека секојдневно се одржува хигиена во сите возила што се пуштаат во сообраќај, дека автобусите се мијат надворешно на крајот од денот и се собира ѓубрето од возилото, но притоа никогаш не забораваат за нехигиената во автобусите да ги обвинат граѓаните кои, како што тврдат, се однесуваат несоодветно во однос на хигиената. Но, доколку возилата се мијат секоја вечер, тогаш како успеваат да наталожат толку нечистотија до првата станица?



Многу недостатоци и проблеми има со јавниот превоз во изминативе две години. Состојбата со редовноста малку се промени откако пред два месеца почнаа повторно да возат приватните превозници, што значи патниците повеќе не чекаат по цел час на автобуските станици. Но, сѐ друго останува исто – истиот стар возен парк, „прикрпени“ автобуси возени со децении, некои со издупчени каросерии, со расипани трепкачи и задни светла, со броеви на линии испишани со маркери на хартија.

Утрово, на пример, на булевар Партизански одреди автобус на линија 7 ги истоварил патниците со објаснување дека автобусот се расипал, иако според патниците, автобусот не покажал такви „знаци“ додека се возеле.

Потоа, еден од контролорите, кои исто така беа присутни во 7-мицата, му „мавна“ на еден од автобусите што поминуваше, кој застана на средната лента на булеварот, ги отвори вратите и ние се протнувавме меѓу автомобилите за да се качиме и да стигнеме навреме на работа. Значи, ужасно е ова што се случува со превозот, не ги интересира безбедноста на патниците. Ќе настрада некој поради нивните импровизации – раскажува еден од патниците за вчерашната случка.

Непроменет останува и односот на некои од возачите кон граѓаните, кои за многумина е многу понижувачки.

На станицата кај Рекорд во правец кон Центар речиси ниеден автобус не застанува точно на станицата, на која редовно чекаат многу граѓани. Продолжуваат да возат уште 20-ина метри и повеќе после станицата и тогаш ги отвораат вратите и луѓето се принудени да трчаат по автобусот за да влезат во него. Па кој стигне, стигне. Срамота, ај што мора да ги чекаме, ај што им се „крш“ автобусите, па уште си поигруваат со нас – вели Дејан Б. од Ѓорче Петров.

https://www.slobodenpecat.mk/vo-podvizhnite-reklami-na-jsp-patnicite-ne-znaat-ni-do-kade-stignale-ni-kade-da-se-simnat-od-avtobus/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #5 Posted: 18-Jan-2025 at 19:23
ОПШТИНА ШТИП ЌЕ ГО ЗАСИЛУВА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ СО НОВИ АВТОБУСИ И СО ВОЗЕН РЕД НАЈМАЛКУ НА ЕДЕН ЧАС, ОСТАНУВА ПРАКСАТА УЧЕНИЦИТЕ ДА ИМААТ БЕСПЛАТЕН ПРЕВОЗ, А ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ПЕТОК КОГА Е ПАЗАРЕН ДЕН

Општина Штип преку ЈП „Стипион“ во септември 2023 година набави шест нови автобуси за потребите на јавниот превоз кој беше укинат пред повеќе од три децении кога јавниот превоз функционираше преку Автотранспортното претпријатие „Балкан Експрес“ кое повеќе не постои. Денес, цената на превозот ја утврдува Советот на Општина и за поголем дел од градските линии билетот чини 30 денари, повратниот е 50 денари, а за приградските населби цената, на билетот е 40-70 денари во зависност од оддалеченоста. Месечните билети чинат 500-600 денари, без ограничување на возењето.

„Со набавените шест нови автобуси веќе една и пол година јавниот превоз бесплатно го користат и учениците, но и голем број граѓани кои за малку пари сега можат да патуваат од своите домови до саканите дестинации во градот или од градот до населените места во Општина Штип, но и во Општина Карбинци. Анализата на комуналното претпријатие зборува дека возобновениот јавен превоз по толку години е полн погодок. И граѓаните се задоволни и финансиските ефекти обострано се над очекувањата“ вели директорот на ЈП „Стипион“ Панче Стефановски.

Тој објаснува дека е востановен возен ред и се знае во кое време од населбите може да се патува до центарот на Штип и обратно. На сите попатни станици се поставени нови автобуски постојки, покриени и со клупи за чекање според потребите на граѓаните, без разлика на временските прилики. Постојките се со сигнализација за возниот ред во колку часот има автобус за населбите во градот и блиските села. Според планот и поддршката од Советот на Општината, „Стипион“ веќе покренува постапка за набавка најмалку на два нови автобуси и придружни возила за вработените кои ќе се добијат на почетокот на пролетта.

„Со севкупниот возен парк од десетина автобуси и комбиња можеме да организираме погуст јавен превоз со повеќе возни линии и намерата е на сите релации да имаме автобуси на секој час. Ќе продолжиме со праксата во петок кога е пазарен ден, пензионерите да имаат бесплатен јавен превоз, а за нив ја одржуваме линијата до бањата „Кежовица“, посебно во вторник кога пензионерите имаат бесплатни бањски услуги, а цената на превозот чини 30 денари. Во петок, пензионерите не плаќаат за превоз што важи и за бањата „Кежовица, но за бањските услуги било кој ден имаат попуст, па наместо 80 денари плаќаат само 50 денари“, вели Стефановски.

Од нова година воведени се линии и до селата Лакавица и Лесковица“ во Лакавичкиот крај, потоа до селата Козјак и Аргулица во потплачковичкиот регион и до селата во овчеполието, како што е селото Долни Балван и приградската населба „Три Чешми“ , велат од ЈП „Стипион.“

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-shtip-ke-go-zasiluva-javniot-prevoz-so-novi-avtobusi-i-so-vozen-red-najmalku-na-eden-chas-ostanuva-praksata-uchenitsite-da-imaat-besplaten-prevoz-a-penzionerite-vo-petok-koga-e-pazaren-den/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #6 Posted: 16-Jan-2025 at 19:34
Originally posted by stef4o

Originally posted by Џоле

ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси, донација од ЕУ

Јавното сообраќајно претпријатие денеска добива шест нови еколошки автобуси кои ќе возат на компримиран природен гас. Овие автобуси се донација од Европската унија, преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека новите автобуси ќе бидат значаен чекор кон намалување на емисиите и подобрување на воздухот, како и промовирање на урбана мобилност во Град Скопје.

Примопредавањето на автобусите ќе се одржи во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие Автокоманда.


https://www.slobodenpecat.mk/jsp-kje-dobie-shest-ekoloshki-avtobusi-donacija-od-eu/


Згрешен број на шасија ги паркираше шесте нови еко-автобуси

Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил заведен со погрешен број на шасија. Грешката наводно била утврдена откако ЈСП ги презело автобусите. Втората причина за доцнењето е блокираната сметка на претпријатието, што го одложило плаќањето на осигурувањето за новите возила.

„Ни беше замрзната сметката поради долг кон „Пуцко петрол“ и затоа не можевме да го платиме осигурувањето за автобусите. Моравме да ја одблокираме. Освен тоа требаше да се допреведат уште некои документи од турски јазик за хомологација. Сега само чекаме да заврши постапката за каско осигурувањето. Во вторник, на седница на совет на град Скопје, како седма точка на дневен ред треба да помине Одлуката за изменување на Одлуката за пренесување на правото на сопственост на 6 автобуси“, велат од кабинетот на директорот. Оттаму додаваат дека е всушност потребно да се изгласа Одлуката во која е наведен точниот број на шасија на автобусот оти внесениот е погрешен.

„Тоа го забележавме при увозот“, ни објаснија во кабинетот на директорот Драги Кушовски.

Во ЈСП рекоа дека според очекувањата, граѓаните ќе можат да се возат во новите автобуси за десетина дена.

Инаку, промоцијата на новите автобуси на метан се одржа на 26 ноември во седиштето на ЈСП – Скопје каде покрај евроамбасадор Михалис Рокас, присутвуваа и градоначалничката Данела Арсовска, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и претставничка на УНОПС во земјата, Микела Телатин. На настанот имаше десетици новинари и сниматели.

Донираните еко-автобуси се произведени во Турција. За нив има гаранција две години, а одговорните тврдат дека кај нас има фирма во која би се вршел сервис и која би обезбедила резервни делови ако за тоа има потреба. Автобусите возат на метан и имаат автоматски менувач. Од ЈСП велат дека на возачите нема да им биде потребна обука околу управувањето со нив.

Оваа донацијата дојде непосредно по расправијата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кога градот доживеа колапс на јавниот транспорт. Поради поништување на тендерот за набавка на нафта, сите автобуси на ЈСП престанаа да сообраќаат, што предизвика хаос на скопските улици. Автобуските станици беа преполни со патници, улиците блокирани од возила. Потоа, следуваше владина одлука со која му се овозможи на градот Скопје да користи нафта од државните резерви. Еден ден потоа, граѓаните на Шуто Оризари протестираа пред градските бараки, бидејќи 730 дена немаат никаков јавен превоз во нивната општина

https://nezavisen.mk/zgreshen-broj-na-shasija-gi-parkirashe-sheste-novi-eko-avtobusi/


Донираните автобуси ќе „остарат“ паркирани, им фали уште каско осигурување

СП „Скопје“ објави јавен оглас на кој бара понуди за каско осигурување на шесте возила, кој е во тек и ќе трае до 23 јануари. Тогаш дури ќе се отворат пристигнатите понуди, па следува законскиот период за жалби, што значи автобусите донирани уште пред два месеца, паркирани ќе го дочекаат и февруари.

Два месеца останаа гаражирани шесте донирани еколошки автобуси, кои според најавите на церемонијата на примопредавањето требаше за една недела да станат дел од јавниот превоз. Сега, како што стојат работите, овие автобуси нема да возат по скопските улици најмалку до крајот на месецов.
Во моментов автобусите сѐ уште не се осигурени, па поради тоа не можат да се пуштат во сообраќај. ЈСП „Скопје“ објави јавен оглас на кој бара понуди за каско осигурување на шесте возила, кој е во тек и ќе трае до 23 јануари. Тогаш дури ќе се отворат пристигнатите понуди, па следува законскиот период за жалби, што значи автобусите паркирани ќе го дочекаат и февруари, доколку дотогаш не се открие дека недостасува уште некој потребен документ пред тие конечно да се пуштат на редовните линии.

Во очекување на понудите од осигурителните компании што треба да понудат меѓу другото осигурување од превртување, судар, удар, лизгање, пожар, удар од гром, експлозија, од последици од снежна лавина и други несакани ситуации што можат да го снајдат автобусот, од ЈСП вообичаено не се огласуваат да соопштат зошто толку долго се одолговлекува со процедурите. Особено што јавно е познато дека секој нов автобус му е неопходен на претпријатието, во услови кога располага со стар и „проретчен“ возен парк.

https://www.slobodenpecat.mk/doniranite-avtobusi-kje-ostarat-parkirani-im-fali-ushte-kasko-osiguruvanje/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #7 Posted: 20-Dec-2024 at 18:16
Originally posted by Џоле

ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси, донација од ЕУ

Јавното сообраќајно претпријатие денеска добива шест нови еколошки автобуси кои ќе возат на компримиран природен гас. Овие автобуси се донација од Европската унија, преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека новите автобуси ќе бидат значаен чекор кон намалување на емисиите и подобрување на воздухот, како и промовирање на урбана мобилност во Град Скопје.

Примопредавањето на автобусите ќе се одржи во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие Автокоманда.


https://www.slobodenpecat.mk/jsp-kje-dobie-shest-ekoloshki-avtobusi-donacija-od-eu/


Згрешен број на шасија ги паркираше шесте нови еко-автобуси

Шесте нови еколошки автобуси кои се донација од Европската унија за Градот Скопје, речиси еден месец откако беа промовирани и претставени на јавноста пред бројни политичари и медиуми, останаа паркирани во депото на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП). За тоа, според ЈСП, има најмалку две причини. Првата е тоа што еден од автобусите бил заведен со погрешен број на шасија. Грешката наводно била утврдена откако ЈСП ги презело автобусите. Втората причина за доцнењето е блокираната сметка на претпријатието, што го одложило плаќањето на осигурувањето за новите возила.

„Ни беше замрзната сметката поради долг кон „Пуцко петрол“ и затоа не можевме да го платиме осигурувањето за автобусите. Моравме да ја одблокираме. Освен тоа требаше да се допреведат уште некои документи од турски јазик за хомологација. Сега само чекаме да заврши постапката за каско осигурувањето. Во вторник, на седница на совет на град Скопје, како седма точка на дневен ред треба да помине Одлуката за изменување на Одлуката за пренесување на правото на сопственост на 6 автобуси“, велат од кабинетот на директорот. Оттаму додаваат дека е всушност потребно да се изгласа Одлуката во која е наведен точниот број на шасија на автобусот оти внесениот е погрешен.

„Тоа го забележавме при увозот“, ни објаснија во кабинетот на директорот Драги Кушовски.

Во ЈСП рекоа дека според очекувањата, граѓаните ќе можат да се возат во новите автобуси за десетина дена.

Инаку, промоцијата на новите автобуси на метан се одржа на 26 ноември во седиштето на ЈСП – Скопје каде покрај евроамбасадор Михалис Рокас, присутвуваа и градоначалничката Данела Арсовска, вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити и претставничка на УНОПС во земјата, Микела Телатин. На настанот имаше десетици новинари и сниматели.

Донираните еко-автобуси се произведени во Турција. За нив има гаранција две години, а одговорните тврдат дека кај нас има фирма во која би се вршел сервис и која би обезбедила резервни делови ако за тоа има потреба. Автобусите возат на метан и имаат автоматски менувач. Од ЈСП велат дека на возачите нема да им биде потребна обука околу управувањето со нив.

Оваа донацијата дојде непосредно по расправијата меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, кога градот доживеа колапс на јавниот транспорт. Поради поништување на тендерот за набавка на нафта, сите автобуси на ЈСП престанаа да сообраќаат, што предизвика хаос на скопските улици. Автобуските станици беа преполни со патници, улиците блокирани од возила. Потоа, следуваше владина одлука со која му се овозможи на градот Скопје да користи нафта од државните резерви. Еден ден потоа, граѓаните на Шуто Оризари протестираа пред градските бараки, бидејќи 730 дена немаат никаков јавен превоз во нивната општина

https://nezavisen.mk/zgreshen-broj-na-shasija-gi-parkirashe-sheste-novi-eko-avtobusi/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #8 Posted: 19-Dec-2024 at 20:01
Скопје кубури со автобуси, а привилегијата на бесплатен превоз може да ја изгубат и пензионерите и студентите      

Додека нашата метропола кубури со јавниот градски превоз, со недостиг од автобуси, а скопската градоначалничка, Данела Арсовска, на почетокот од својот мандат вети и ја доби довербата на граѓаните со проектот „Бесплатен превоз за сите“, Белград ќе го реализира тоа од 1 јануари. Не само тоа, туку и до крајот на идната година на градските улици нема да има автобуси постари од две години. Приватните превозници, исто така, се обврзани да купат нови автобуси. Тоа го соопшти градоначалникот на Град Белград, Александар Шапиќ, кој посочи дека е во тек најголемата реформа во јавниот градски превоз и дека во следните три години целосно ќе се обнови возниот парк.

И додека Белград оди напред, Скопје тапка во место. Наместо бесплатен превоз за сите, сега се доведува во прашање и бесплатниот превоз и за пензионерите (вторник, петок, сабота и недела) и за студентите, на кои таквата можност воопшто не им се допаѓа. Реагираа и од Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија и од Партијата на пензионери.

Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје упати барање за јавна информација за бесплатен јавен превоз за студентите во 2025 година. Барањето е во име на сите студенти, а, како што велат, го праќаат по бројни прашања и поплаки дека картичките за бесплатен јавен превоз не им се продолжени за 2025 година. Барањето го испраќаат до Драги Кушовски, директор на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје; Трајко Славески, претседател на Советот на Град Скопје; Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија; Весна Јаневска, министерка за образование и наука и Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека останува да почекаат одговор од институциите. Доколку не добијат, УСС на УКИМ ќе преземе соодветни реакции и мерки со кои ќе го искаже ставот.

– Смешно е студентите да немаат бесплатен превоз, мерка што е обезбедена десет години по ред од страна на Владата. Навистина не би било во ред за студентскиот стандард – изјави Николоски.

Тој нагласи дека од дел од институциите им било кажано дека нема да има бесплатен градски превоз, додека од ЈСП, во телефонска комуникација, им било одговорено дека сè уште се чека одлука од Град Скопје.

– Одговорот од МОН е дека има предвидено средства, чекаме да се произнесе дали ќе има или ќе нема за веќе да може да им ги продолжат картичките на студентите. Во текот на идната недела, треба да има одговор од институциите – изјави Николоски, нагласувајќи дека доколку останат без бесплатен превоз, една од опциите е да протестираат пред институциите, а друга е да се комуницира и да се притиска мерката да продолжи.

Заменик-министерот за образование и наука, Лулзим Алиу, на одговор на прашањата за проблемот со бесплатниот превоз на студентите во Скопје, колку пари должи МОН и дали се обезбедени средства во буџетот, кој Собранието го усвои минатата недела, упати кај скопската градоначалничка.

– Можам да кажам дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за транспорт на студентите, но за тоа ќе треба да се донесе дополнителна одлука од Владата. Буџетот треба да помине на Собрание, да не кажуваме бројки што може да бидат изменети и додека се носи буџетот – рече Алиу.

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, повика „институциите да престанат да си ја подаваат топката едни на други“ и, како што рече, „во најкраток можен рок, до крајот на неделава или наредната, да го решат ова прашање на студентите“.

https://www.vecer.press/skopje-kuburi-so-avtobusi/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #9 Posted: 01-Dec-2024 at 18:18
На линкот подолу има повеќе фотки од шесте подарени автобуси, има и неколку од нивната внатрешност:



https://mia.mk/album-gallery/%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD-%D0%B7%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D1%88%D0%B5%D1%81%D1%82-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B5%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%B1%D1%83%D1%81%D0%B8-%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%BC%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D0%B3%D0%B0%D1%81-%D0%B7%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D1%98%D1%81%D0%BF-%D0%BD%D0%B0-%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4-%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B5-WzXt

Edited by Џоле - 01-Dec-2024 at 18:20
За сè има вторпат
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #10 Posted: 26-Nov-2024 at 17:44
BMC турски автобуси, веројатно овој модел PROCITY 12 M CNG


Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #11 Posted: 26-Nov-2024 at 09:18
ЈСП ќе добие шест еколошки автобуси, донација од ЕУ

Јавното сообраќајно претпријатие денеска добива шест нови еколошки автобуси кои ќе возат на компримиран природен гас. Овие автобуси се донација од Европската унија, преку проектот „ЕУ за чист воздух“.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека новите автобуси ќе бидат значаен чекор кон намалување на емисиите и подобрување на воздухот, како и промовирање на урбана мобилност во Град Скопје.

Примопредавањето на автобусите ќе се одржи во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие Автокоманда.


https://www.slobodenpecat.mk/jsp-kje-dobie-shest-ekoloshki-avtobusi-donacija-od-eu/
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #12 Posted: 20-Nov-2024 at 19:06
ОД ПОПЛАДНЕВО ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ЈСП НЕМА ГОРИВО ПОРАДИ ДОЛГ КОН „ПУЦКО ПЕТРОЛ”

Од попладнево нема да има јавен превоз во Скопје оти нема гориво за автобусите. ЈСП „Скопје” има долг кон фирмата добавувач „Пуцко петрол” и поради тоа веќе не се испорачува нафта.

Ќе можат да возат само автобусите на гас, односно 25 возила.

Вработени во ЈСП за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека автобусите веќе почнуваат да се исклучуваат од сообраќај оти во базите нема нафта.

„Во понеделникот имаше мала испорака, но долгот пак не е платен и нафта веќе не се носи во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров”, велат вработени во претпријатието.

Од Град Скопје нема никакво соопштение дека градот ќе остане без превоз и дека граѓаните ќе мора да се снаоѓаат за да се вратат дома од работа и училиште.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/od-popladnevo-ke-nema-avtobusi-vo-skopje-jsp-nema-gorivo-poradi-dolg-kon-putsko-petrov/
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #13 Posted: 30-Oct-2024 at 09:40
Originally posted by phenomenon


ЈСП ќе добие нови или ќе добие употребувани автобуси од Белград?


Во текстот се спомнува дека ќе добие шест нови ВМС автобуси + донација на постари автобуси.

---------------------------------------------------------------------------------

НОВ НАЧИН НА КУПУВАЊЕ БИЛЕТ И НОВА АПЛИКАЦИЈА

Подобра услуга со двата новитети на ЈСП

Од вчера ЈСП „Скопје“ воведе нов начин на плаќање на билети за едно возење со вртење на бројот 185 при што ќе се добие СМС порака. Цената на билетот останува непроменета, 40 денари со вклучен ДДВ. Со цел да се подобри корисничкото искуство, истовремено ќе биде лансирана и новата мобилна апликација „Skopjebus“, која ќе ја замени старата “Skopska”.

Според новиот систем за плаќање, патниците само треба да повикаат бројот 185, по што ќе слушнат „бип“ сигнал и говорна порака потврдувајќи дека купиле билет.

„Нема потреба телефонот да се приближува до валидаторот, а наплатата се врши веднаш по повикувањето на бројот. Патниците добиваат потврдна СМС порака со детали за купувањето“, информираат од ЈСП.

Во случај на проблеми со телефонската сметка, корисниците можат да добијат различни пораки, како што се „немате доволно средства“ или „трансакцијата е неуспешна поради технички причини“.

Паралелно, старата апликација „Skopska“ ќе биде исклучена, а новата „Skopjebus“ ќе биде достапна од 30 октомври 2024 година преку „Play Store“ и „App Store“.

„Со инсталирањето на новата апликација, средствата од паричникот на корисниците автоматски ќе се префрлат на новата сметка. Упатствата за користење на апликацијата може да се најдат со скенирање на QR кодови кои се поставени во сите автобуси за градски превоз“, соопштија од претпријатието.



https://plusinfo.mk/nov-nachin-na-kupuva-e-bilet-i-nova-aplikaci-a-podobra-usluga-so-dvata-noviteti-na-sp/
За сè има вторпат
Back to Top
phenomenon View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Oct-2010
Location: Kumanovo
Online Status: Online
Posts: 2691
  Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #14 Posted: 29-Oct-2024 at 13:19

ЈСП ќе добие нови или ќе добие употребувани автобуси од Белград?
開始されていないだけの戦いが失われ、
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #15 Posted: 28-Oct-2024 at 20:01
Шест нови автобуси од Белград ќе добие ЈСП за празникот „13 Ноември“?



Ленин Јовановски првиот човек на „Слобода превоз“ на неговиот Фејсбук профил вели дека имал можност да има увид во потпишаниот договор за Јавно приватно партнерство помеѓу Градот Белград – Секретаријат за јавен превоз и приватните превозници кој може да биде и добра основа за подобар јавен градски превоз и за Скопје.

Тој најавува и враќање во јавниот превоз, затоа ќе конкурира на јавниот оглас за приватни превозници што ќе го распише Град Скопје. Смета дека ќе понуди подобри услови, па можеби нема да биде одбиен од Градот.

За веста дека Беград планира да му донира автобуси за јавниот градски превоз, автобуси кои во моментот сообраќаај по белградските улици, но не се премногу стари и се употребливи, вели дека го видел потпишаниот договор меѓу Град Белград и приватните превозници од Скопје.

„На разговори и преглед на функционирањето на Јавниот превоз во Белград каде имав можност да имам увид во потпишаниот договорот за Јавно приватно партнерство помеѓу Град Београд – Секретаријат за јавен превоз и приватните превозници кој може да биде и добра основа за подобар Јавен градски превоз и во нашево Скопје. Меѓу другото во Белград договорена средба и пружена рака за соработка и со Тарик Озелер директор за извоз на фабриката за автобуси Bristish Motor Corporation (BMC) моментално присутни во Белград со 170 автобуси во ГСП кои се набавени дел 2019, дел 2022 и сега во 2024 со што ќе бидат веќе 270 автобуси, “BMC” кај приватните превозници е застепен со 200 автобуси од кои 150 се купени оваа година“, напиша Јовановски на Фејсбук.

Тој додаде дека добра вест е што градот Белград планира да донира автобуси од марката „Соларис“.

„Добра вест е она што е постаро од Соларис автобусите очекуваме да се донира во Скопје. Инаку нови 6 автобуси од BMC со мотиви од Град Скопје ќе добие и ЈСП Скопје за празникот 13 ноември благодaрение на UNOB (United Nation office in Belgrade). Работиме посветено PRO BONO за Скопје од желба и за инат на сите тие што не знаат како да работат и оние што не сакаат да работат , а платени се за тоа. Ете кој колку може во целава лакрдија со јадниов превоз во Скопје“, потенцираше Јовановски.

Веста дека Белград планира донација на автобуси во Скопје, но и други градови низ Македонија ја објавија српските медиуми, повикувајќи се на извори од управата на ГСП.

Градот Скопје, друиот ден реагираше и обвини дека „лице блиско до руските структури во земјава и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да отпочне повторно со вршење на оваа дејност“.

„Се потврдува информацијата пласирана во јавноста во изминатите денови од лице блиско до руските структури во земјава и истовремено блиско до ВМРО-ДПМНЕ, на кое пред две години му беше оневозможено да врши дејност во Скопје поради сомнеж за финансиски малверзации, кое изјави дека планира со 100 автобуси да отпочне повторно со вршење на оваа дејност. Дали со оваа донација од Белград се подготвува ова лице, блиско до ВМРО-ДПМНЕ и руските безбедносни служби, повторно да влезе во дејноста со јавен превоз и со помош на ВМРО-ДПМНЕ да го приватизира ЈСП“, пишуваат од Град Скопје.

Состојбата со јавниот превоз во Скопје е сѐ полоша, особено во последните две години. На ЈСП му недостасуваат голем број автобуси, таблите на постојките на кои пишува за колку време ќе дојде автобус не се точни, па граѓаните се жалат дека се случува да чекаат и повеќе од еден час. Приватните превозници пак, во сообраќај се вклучуваат дури од 17 часот попладне.

Барањата на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови еколошки автобуси со кредит, не наидува на разбирање кај советниците, а предизборното ветување за бесплатен градски превоз за сите, одамна веќе никој не го спомнува.

https://nezavisen.mk/shest-novi-avtobusi-od-belgrad-kje-dobie-jsp-za-praznikot-13-noemvri/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #16 Posted: 23-Oct-2024 at 15:40
Донација на автобуси од Белград ќе го спасува скопскиот јавен превоз?

Белград планира да ги отстапи автобусите ,,соларис” на Скопје и на другите градови во Македонија, соопшти денеска Центарот за локална самоуправа. Невладината организација Центар за локална самоуправа се противи на оваа најава, затоа што како што велат, градскиот превоз во Белград е во криза. Според нив и граѓаните на Белград се назадоволни од градскиот превоз. Автобусите ,,соларис” се зглобни автобуси дизајнирани за јавен градски превоз, кои се изработуваат во Полска.

Од невладината организација изразија сомнеж дека мотивот зад донацијата е создавање простор да се увезат турски автобуси на гас кои ќе возат по белградските улици, а кои според нив се субстандардни.

https://www.slobodenpecat.mk/donacija-na-avtobusi-od-belgrad-kje-go-spasuva-skopskiot-javen-prevoz/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #17 Posted: 20-Sep-2024 at 17:58
ЈСП како енциклопедија на дефекти

Во само еден ден, на 27 мај годинава, вкупно 14 автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје се исклучиле од сообраќај затоа што им снемало нафта. Сообраќале на линиите 2, 7, 41, 57 и други. Пропуштиле вкупно 40 т.н. полуобрти, како што во документите на ЈСП се нарекува возењето од почетната до крајната станица, во еден правец.

Тоа значи дека 40 пати тој ден патниците не го дочекале автобусот што требало да им дојде според возниот ред и останале на станиците 20-30 минути подолго. Само поради нафтата. А имало и откажувања од други причини – проблеми со гумите, прегревање на моторите, откажување на менувачите или на сопирачките, паѓање на вратите, дефекти на греењето, климите, бришачите итн. Во тој ден имало пропуштени речиси 500 полуобрти.

Дневните извештаи од диспечерскиот центар на ЈСП, во кои се содржани податоците за секој автобус што бил повлечен од сообраќај (во колку часот, поради која причина, на која линија возел, колку пати пропуштил да ја извози трасата), се своевидна енциклопедија на дефекти. Речиси нема дефект познат во автоиндустријата што не е забележан во нив.

Преку барање за пристап до информации од јавен карактер, БИРН ги доби дневните диспечерски извештаи за февруари, мај и јуни. Станува збор за околу 700 документи со над 2.000 страници.

Додека оваа неславна енциклопедија секој ден се полни со нови содржини, одлуката за набавка на нови автобуси со кои би се олеснила сегашната ситуација редовно сообраќа на релацијата градоначалнички кабинет – Совет на Град Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска, повеќе од 20 пати ја предлага точката на дневен ред, но таа не добива поддршка од мнозинската советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред изборите, тие заедно ветуваа 250 автобуси повеќе. Денес ЈСП има дваесетина помалку од изборната 2021 година.

Детален опис на едно големо пропаѓање

Сите дневни извештаи од диспечерскиот центар во кои имавме увид почнуваат со список на 20-30 автобуси што воопшто не се вклучиле наутро, а продолжува со тоа кои од вклучените се исклучиле во текот на денот.

Така, една од петките на 6 мај морало да одмори два часа поради прегреан мотор, а патниците во тој период да имаат автобус помалку. Три дена подоцна, еден од автобусите со број 58 бил надвор од сообраќај четири часа поради течење масло. Автобус со број 22, пак, пропуштил еден полуобрт на 22 мај бидејќи не му работела предната врата.

Кога е топло, откажуваат климите, како на три линии на 9 мај, поради што пропуштиле девет полуобрти. Кога е студено, пак, откажува греењето.

Последното место каде што некој би посакал да му откажат сопирачките на автобусот би била линијата број 16, која поврзува две ридски населби – Пржино и Железара. Токму тоа ѝ се случило на една од 16-ките на 14 мај, па ја немало три тури.

Речиси два часа, една 58-ка на 10 мај, пак, не возела поради дефект на бришачите во врнежлив ден, па патниците морале подолго да чекаат на дождот.

Дефектите не се единствената причина поради која автобусите се исклучуваат. На 7 мај биле повлечени една 50-ка и една двојка затоа што за нив немало возачи за втора смена. На 10 мај, поради тоа се исклучила една 57-ка, а следниот ден една седумка морала да се повлече зашто возачот се разболел и немало кој да го замени.

Големата слика – пад за стотина автобуси

Денешната состојба со јавниот превоз е резултат на децениски пад, документиран во годишните извештаи што ги објавува ЈСП Скопје на својата интернет-страница. Од нив може да се види дека пред десетина години, претпријатието имало речиси 450 автобуси, од кои во просек, исправни биле 350, а во сообраќај дневно се пуштале по 230-240.

„Сите пееја во ЈСП меѓу 2012 и 2015 година“, вели Миќо Стојановски, долгогодишен прв синдикалец на јавното претпријатие и претседател на Синдикатот на работниците од сообраќајот и врските при ССМ. Тој го нарекува овој период „златно време“, кое следувало по еден тежок период, во кој старите автобуси од 1980-тите и 1990-тите често откажувале, слично како и денес.

Тогаш беше направена големата набавка на автобуси од владата – 100 од марката ЛАЗ од Украина и 200 двокатни од кинеската компанија „Јутонг“, и сè се сменило.

Во меѓувреме, остареа и тие автобуси, се набавија само 33 нови МАН и претпријатието се врати во старата состојба. Според последниот извештај, за првите четири месеци од 2024 година, ЈСП има вкупно 356 автобуси, од кои просечно на дневно ниво се исправни 223, а во сообраќај се пуштаат по 182. Падот бил значителен во последнава година, кога бројот на исправни автобуси паднал за речиси 30.

„Кога почнаа да стареат, кога веќе требаше да се вложат многу пари за да се репарираат, да се обноват, пари нема. Правиме разни фискултури да ги оспособиме тие автобуси“, вели Стојановски, на прашањето дали се расклопуваат автобуси за да се поправат други.

Јавен превоз за тие што немаат друг избор

Една од бројките што често се сретнува во дневните диспечерски извештаи е 57, линијата што сообраќа од Радишани до Козле. Поминавме едно утро со патниците во овој автобус и ги прашавме дали често се случуваат дефекти.

„Не само што се случуваат, туку тоа веќе е пракса“, ни рече една средовечна жена додека чекаше на една од почетните станици во Радишани.

Нешто по 8 часот, една од 57-ките впишана во возниот ред не се појави, што беше доволно за на станицата да се создаде голем метеж.

„Секој ден се доцни на работа, со нервози“, револтиран е и Никола Макаровски, кој секојдневно патува оттаму до Кисела Вода.

Кога автобусите возат според возен ред, за еден час стигнува до работа. Во последниве месеци се вози и по два часа поради честите доцнења на автобусите, метежите и по некој дефект.



Лошо искуство со јавниот превоз споделија и 170 граѓани што одговорија на прашалникот на БИРН. Се жалат на стари и нередовни автобуси во кои патниците се возат како „вреќи со компири“, без парно во зима и „како стока во штала набутани без клима“ во лето . Се жалат и на нехигиена и огромни гужви, кои одат дотаму што понекогаш се вози со отворени врати и „често се случува некому да му се слоши“.

Листата е долга, а проблемот кулминира во последниот период. Најголеми поплаки има од оние што се возат на подолгите линии, како 2, 7, 57 или 18.

„Јас се возам со автобус од кај 23 април оваа година, автомобилот ми е на сервис и немам друга опција освен јавниот превоз, а не паметам да било олку лошо со автобускиот превоз“, пишува во еден од одговорите.

Дел од оние што одговорија на прашалникот, велат дека веќе се откажале од возењето со автобус, а повеќето велат дека го користат јавниот превоз бидејќи немаат друг избор.

Гробница за автобуси

Во јавното претпријатие, за три години се сменија пет директори. Последниот, Драги Кушовски, на директорската фотелја седна пред три месеци. Од ЈСП го одбија барањето на БИРН за разговор со директорот, а не одговорија ниту на прашањата испратени по имејл.

Единствено ги подотворија вратите на дел од автобазата во Автокоманда, за да покажат дека навистина се работи на поправка на дел од автобусите. Им стигнала нарачка со нови делови.

Неколкумина работници ги менуваа стаклата на два од старите двокатни автобуси, кои ги држат најголемиот дел од линиите во градот. Планот им било да репарираат триесетина, за да може да се работи според важечкиот возен ред.

Освен кинеските, на сервис беше и еден од уште постарите, украински автобуси, кои според повеќе сведоштва се покажаа со најлош квалитет.

Остатокот од автобазата личи на гробница за автобуси. Во тој дел не ни беше дозволен пристап за снимање, иако и однадвор може да видат соголените школки, меѓу кои и на десетина панорамски автобуси.

Како што брифираат извори од ЈСП за БИРН, кога почнале да откажуваат двокатните автобуси, за резервни делови почнале да се растураат 15-тината панорамски, направени од истиот производител. Според последниот извештај на ЈСП, во функција е останат само еден од нив.

Пропаѓаат половина од тендерите за делови, гуми, масло…

За состојбата во ЈСП, синдикалецот Стојановски вели дека е резултат на „гола политика“.

„Мнозинството и градоначалничката, додека беа во љубов, си течеше сè, кога се раскина љубовта, секој си тргна на своја страна, и кој трпи? Граѓаните и јавните претпријатија“, вели Стојановски.

Освен очигледната причина – дека не се купуваат нови автобуси, тој посочи и неколку други за сè поголемото пропаѓање. Една од нив е пречестата смена на директори.

„Тамам со еден директор ќе се навикнеме да работиме, ќе го сменат“, додава.

Друг проблем е што тендерите многу доцнат или пропаѓаат, па претпријатието често нема доволно резервни делови за да ги одржува возилата.

„Или никој не се јавува, затоа што сите знаат каква е состојбата во ЈСП, или ако се пријават двајца или тројца, тој што ќе добие, го тужат останатите“, објаснува Стојановски.

Дека тендерите често се поништуваат, покажуваат и податоците од системот за јавни набавки. Така, на пример, во првите осум месеци од годинава, ЈСП објавило 82 огласи, како и дури 40 поништувања на постапки. Тоа покажува дека претпријатието има сериозен проблем со многу набавки, од гуми и алати, до турбини за воздух, алтернатори, стартери, светилки и друго, односно делови недостасуваат со месеци.

Така, мартовскиот тендер за репарирање на менувачите на четири двокатни автобуси, и за набавка на резервни делови за минибусите, бил поништен поради недостатоци во техничката спецификација. Нов бил распишан во мај, но ЈСП повторно немало среќа. Дел од тендерот го поништиле поради немање добра понуда.

Сагата, пак, за набавка на делови за климите во кинеските и во украинските автобуси почнува во 2022 година и сè уште трае. Распишани се дури шест огласи и сите се поништени. Првите два, поради тендерски пропусти, а останатите бидејќи, или немало никаква, или немало добра понуда.

„Како се снаоѓаме, само ние си знаеме“, вели Стојановски.

https://prizma.mk/jsp-kako-entsiklopedija-na-defekti/
Carpe diem
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #18 Posted: 29-Aug-2024 at 17:42
Советот на Град Скопје не ги донесе одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси

Нема решение за јавниот превоз во главниот град. Ниту предлогот за набавка на нови еко автобуси, ниту за воведување брз автобуски превоз не добија зелено светло од мнозинството на советот на град Скопје. На денешната седница советниците од ВМРО-ДПМНЕ беа против предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска да почне постапка за набавка на нови возила за ЈСП. сите други советнички групи гласаа „за“.

Претседателот на Советот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески кажа дека нема да ја гласа одлуката затоа што во буџетот за 2024 немало пари за оваа намена, а советниците од владејачката партија имаа замерки и за недостигот на информации од за тоа колку автобуси треба да се купат и колку тоа би чинело. Арсовска, пак, со критики до ВМРО-ДПМНЕ за намерни блокади на штета на граѓаните.

Не помина ниту точката за воведување на брз автобуски превоз, на што инсистираа советниците од СДСМ, како добро решение за градскиот сообраќаен хаос, проект за кој од ЕБОР е земен кредит од 70 милиони евра.

Иако според најавите на денешната седница требаше да се дискутира и за пренамена на средства од градската сметка кои ќе се употребат за поправка на 30 автобуси на ЈСП, ваква точка не се најде на дневен ред.

Советниците попладнево треба да одлучат и дали ќе ги поддржат дополнителните програми за работа на Комунална хигиена и вработување на околу 120 лица кои треба помогнат за поголема јавна чистота.

https://kanal5.com.mk/sovetot-na-grad-skopje-ne-gi-donese-odlukite-za-voveduvanje-na-brt-i-nabavka-na-eko-avtobusi/a656732
Carpe diem
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #19 Posted: 23-Aug-2024 at 12:25


Автобусите што ги купила Општина Струмица:


https://emagazin.mk/%D1%84%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D1%81%D1%82%D1%80%D1%83%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%B0-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8-%D0%B4%D0%B5%D1%81%D0%B5%D1%82-%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BA%D1%82%D1%80%D0%B8%D1%87%D0%BD%D0%B8-%D0%B0/
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15368
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #20 Posted: 23-Aug-2024 at 08:36
Струмица добива електричен јавен превоз

Општина Струмица денеска ги добива десетте автобуси за воведување на електричен јавен превоз. По тој повод во просториите на „Аутомакедонија“ во Скопје ќе се одржи информативна средба на која може да се погледнат пристигнатите автобуси.

На настанот ќе присуствуваат и изјави ќе дадат градоначалникот Костадин Костадинов и Драги Поп Стојанов, директор на ЈСП „Струмица-Транспорт“.

Инаку, Општината набави десет електрични автобуси, кои чинат седум милиони евра и се купени по пат на лизинг.

Според информацијата од директорот на ЈСП „Струмица-Транспорт“, Поп Стојанов, од 1 до 6 септември е договорено електричните автобуси да стасат во Струмица, а на 11 септември, на Денот на ослободувањето на градот, ќе почне пробниот период на возење на автобусите.

https://nezavisen.mk/strumica-pred-skopje-so-elektrichen-javen-prevoz/
За сè има вторпат
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  123 86>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.676 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.