![]() |
![]() |
![]() |
Железнички сообраќај (статистики) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() Posted: 04-Aug-2015 at 22:16 |
ЗОШТО ЖЕЛЕЗНИЦАТА ВО МАКЕДОНИЈА НЕ СЕ КОРИСТИ ВО ПОГОЛЕМ ОБЕМ?
На светско ниво важи правилото дека железничкиот транспорт е скоро секогаш поевтин од камионскиот. Во поразвиенитедржави тој е и побрз и постабилен. Кај нас за жал важат некои други правило и норми кои според бизнисмените и познавачите на состојбите сериозно се одразуваат на конкурентноста на бизнисот. Според сопственикот на Металопромет од Струмица Митко Шапковски инфраструктурата е клучен проблем,кој ги прави македонските компании неконкурентни и кој ги ограничува надолг рок во битката со странските конкурентски компании. „За илустрација, камионски превоз од Струмица до Бургас нe чини 28 евра по тон,а доколку го има, железничкиот би нe чинел 12 евра по тон. За да бидам конкурентен во однос на некоја компанија од Пловдив или од Солун, кои имаат железница, мора да ги рационализирам трошоците до минимум, да барам работниците да работат повеќе и да смалувам трошоци каде што реално не може да се смалат“ Сепак не се проблем само компаниите до кои нема железнички транспорт, туку и оние до кои има многу ретко го користат. Никола Деребанов од компанијата Перминдекс која во своето портфолио обединува повеќе бизниси од областа на земјоделството вели дека причините за малото користење на железницата треба да се бараат во недоволната пропратна инфраструктура и во малата разлика во цена. „Прв и основен проблем ако користите железница е во товарањето. Ако немате во близина не само пруга туку и станица која е соодветна за утовар или растовар на вагони, тогаш работата се комплицира. Треба да изнајмувате и да товарите камиони кои ќе го однесат товарот до соодветното место за утовар кое некогаш може да е и многу далеку. Е сега доколку цената е драстично пониска тоа се исплаќа. Но во Македонија се уште камионскиот транспорт е доста евтин поради ниската цена на нафтата и работната сила што значи дека железницата по оваа цена ретко кога е атрактивна. Ние како Перминдекс ја користиме железницата многу ретко само за набавка на поголеми количини ѓубриво или слични габаритни товари “ Дејан Трпевски експерт за железнички транспорт кој има работено во повеќе странски железници тврди дека со постоечката цена на транспорт, железничкиот систем во Македонија не само што не е конкурентен на соседниот коридор 4, туку не е конкурентен ниту на друмскиот превоз. „Еклатантен пример за тоа претставува цената за превоз од Скопје до Солун. Најниската цена за превоз на еден тон стока од Скопје до Солун изнесува 14 евра со железница, а превозот со камион изнесува 12 евра по тон. Ова е парадоксална состојба, поради што компаниите се повеќе се ориентираат на друмскиот превоз. Единствено како корисници на железничкиот превоз остануваат оние компании кои мораат да ја користат железницата само поради технички ограничувања при превозот со друмските превозни средства“ тврди Трпевски. Околу последиците од ваквата состојба тој е дециден дека уделот на транспортните трошоци во крајната цена на производот на секоја компанија зазема релативно висок процент што само по себе значи дека оние компании кои немаат пристап до железница се помалку конкурентни. „Цената на транспортот може да достигне и 15% од крајната цена на производот. Поради тоа обезбедување на квалитетен и евтин превоз е од клучно значење за конкурентноста на Македонските компании на странските пазари. Доколку се успее да се намали цената на транспортот, во тој случај имате поконкурентен производ на странските пазари. Со поконкурентен производ, имате повеќе можности за порачи од странските пазари за Македонските производи. Повеќе порачки значат и повеќе работа а со тоа и повеќе приходи“, вели Трпевски. http://kapital.mk/zoshto-zheleznitsata-vo-makedonija-ne-se-koristi-vo-pogolem-obem/ |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Кловер, се разбира дека е така. И не само што овие две компании извезуваат, туку МЖ-Транспорт им има ставено на секојдневно располагање дизел локомотива што ги превезува композициите по неелектрифицираната пруга до Коридорот 10. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Еве и за железничкиот товарен сообраќај (во илјади тони), за истата година
Интересно како значително се зголемува тонажата од Неготино кон Грција. Претпоставувам се работи за Фени и за ИГМ трејд. Ако е случај со вториве, ете уште еден силен аргумент за железничко поврзување на Кавадарци: http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1198 Edited by Cloverstack - 21-Apr-2014 at 01:20 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Број на патници (во илјади) во железничкиот сообраќај во земјава, во 2011 година
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Cloverstack браво, честитки за пронаоѓањето на резултатите, но најмногу за графиконите кои си се потрудил да ги направиш, навистина детално
![]() Мислам дека како твоја недоумица за тоа зошто од 2007 година па наваму товарниот железнички сообраќај оди надолу можеби треба да се побара во Коридорот 4. Треба да ги пребараме статистичките резултати од бугарските и романските статистички центри и да ги споредиме, особено на бројките за товарот што минува помеѓу Бугарија и Грција. Мислам дека влегувањето на Бугарија и Романија во ЕУ сепак придонесе за дел од превозот на стоки со воз да се одвива преку конкурентскиот коридор. Втората работа што треба да направиме е споредба со патниот сообраќај. За жал, не само во Македонија, туку и во соседните балкански земји севкупниот железнички сообраќај оди кон пропаст. Во Македонија е забележан континуиран раст на превозот на стока со камиони. Состојбата не е катастрофална само кај нас, во Унгарија на пример половина од локалниот железнички сообраќај го укинуваат, слично нешто се токмеше и во Хрватска, а за следниот меѓународен возен ред за 2013 година уште од сега се предвидуваат укинувања на меѓународни возови помеѓу балканските и европските метрополи. Дефинитивно овие графикони треба да се испратат во Министерство за транспорт и врски и до Влада, за да одговорат каде се движи овој вид транспорт во Македонија. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Најдов постари податоци за железничкиот сообраќај во Македонија, ги искомбинирав со поновите и излегоа интересни резултати. Би било супер доколку најдеме податоци и постари од 1982 година. Ако некој има, молам нека сподели.
Инаку податоците од различни извори малку варираат, но сепак тоа кај железницата беше во минимални рамки. Во воздушниот сообраќај има огромни разлики од разни извори (и за старите и за новите статистики), што ме натера да се откажам од креирање на сличен статистички приказ за цивилната воздушна пловидба. Да се вратам на железницата... Историските трендови за жал не можам да ги наречам никако поинаку освен катаклизма! Проблемите се насетуваат уште во доцните 80-ти, со процесот на тивка дезинтеграција на СФРЈ и паралелната социо-економска криза. Но војните и блокадите кои следат во 90-тите ја фрлаат целата македонска економија на колена, а со тоа и железницата. Со смирувањето на состојбите во средината на 90-тите следува благо опоравување, кое е доказ дека е лесно нешто да се расипе, а тешко е да се поправи. Но на балканот лекциите слабо се учат, па на почетокот на милениумот, железницата повторно ги трпи последиците од нови воени кризи. Повторно следува благо опоравување, успорено меѓудругото и со пуштањето во употреба на нафтоводот Солун-Скопје, кој сигурно битно го намали товарниот сообраќај на МЖ. Глобалната криза и банкротот на јужниот сосед, проследен со тамошните секојдневни штрајкови и блокади, дојде како капак на 20-годишнава агонија. За мене енигма е единствено значителниот пад на товарниот сообраќај кој следи по 2007 година, иако тогаш околностите генерално беа поволни, а светската финансиска криза сеуште беше далеку. Како ќе изгледаа овие податоци доколку вложувавме во разни сфери од железницата и особено во К8, и воопшто доколку бевме политички помудри во годините на нашата независност, оставам да си процени секој сам за себе. А овие бројки не се за украс, туку се многу битен индикатор за состојбата и за потенцијалите на економијата. Нашето однесување (мислам на државата), најизразено во последните неколку години, не можам да го протолкувам никако поинаку освен како некој чуден коктел од мазохизам и суицидност. Табела - Превезени патници и превезен товар во железничкиот сообраќај во Македонија (1982-2011): ![]() График - Превезени патници и превезен товар во железничкиот сообраќај во Македонија (1982-2011): ![]() Еве и со поочигледна корелација, бидејќи и во државава и во регионов со лопата може да се ринат тупи луѓе кои сеуште ништо не сфатија од последниве две децении: ![]() Edited by Cloverstack - 09-Apr-2012 at 01:16 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Во железничкиот превоз, во периодот јануари - декември 2011 година, во однос на истиот период од 2010 година, количеството на превезената стока е намалено за 10,6%, а нето-тонските километри се намалени за 8,5%.
Во истиот период, бројот на превезените патници со железница е намален за 6,0%, а на патничките километри за 6,1%. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/1.3.12.02.pdf Edited by OCB - 09-Mar-2012 at 00:00 |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
За жал токму железничкиот сообраќај захтева најголеми, најсеопфатни и најкомплицирани инвестиции. Доколку сакаме да сме конкурентни треба да се размислува за пруги со дозволена брзина од 160 км/час во делови од К10 и К8, кои се многу поскапи и потешки за изведба од автопатски делници или хангар-терминали на аеродроми. Ова е надвор од капацитетот и визионерството на нашите надлежни и мислам дека ќе биде така уште долго време...
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Ќе сложам и со двајцата и ќе додадам дека мора се вложува во железницата наредната година, еве воздухопловниот сообраќај оди напред, ќе се увезуваат уште повеќе половни автобуси со ЕУРО 2 мотори, железничкиот сообраќај ќе има уште поголеми предизвици наредните години доколку нешто не се преземат позначителни зафати.
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Не, да и заблагодариме на нашата неспособност да си најдеме/изградиме дуги алтернативи! Неможе нас се некој друг да ни е вечно крив!!!
|
|
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Со еден збор,
да му заблагодариме на јужниот сосед |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
ме чуди ни расте извозот а пага превезената стока
Намалено количеството на превезена стока во товарниот патен превоз
30.11.2011 - 13:55:26
![]() Количествотот на превезена стока во товарниот патен превоз, во
третото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани, е
намалено за 33,6 отсто, стои во податоците на Државниот завод за
статистика.
Намалувањето на количеството на превезена стока во железничкиот
превоз е за 14,3% отсто, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето
изнесува 6,3 отсто.
http://www.stat.gov.mk/PrikaziSoopstenie.aspx?rbrtxt=72 |
|
![]() |
|
build.mk ![]() Senior Member ![]() Joined: 13-May-2010 Online Status: Offline Posts: 216 |
![]() ![]() |
Edited by build.mk - 20-Nov-2011 at 23:23 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Гледам си стигнал до 2005, па да продолжиме
![]() ![]() Учеството на железничкиот сообраќај во целокупниот број на превезени патници во РМ изнесува 1% додека преку овој вид на транспорт се превезува 8% од целокупната превезена стока. Подетални информации во публикацијата „Транспорт и други услуги 2010“ на Заводот за статистика, стр. 16-19: http://www.stat.gov.mk/Publikacii/8.4.11.03_700.pdf |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Еве некои железнички статистики што ги најдов во нацрт-просторниот план на Скопје. За жал нема понови податоци и не ми е јасно како може документ со таква тежина да се изработува без свежи податоци, но тоа е друга тема...
![]() ![]() ![]() Edited by Cloverstack - 20-Oct-2011 at 10:03 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |