![]() |
![]() |
![]() |
Вистината за Велес и велешката топилница ! |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 12> |
Author | ||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() Posted: 27-Nov-2012 at 18:17 |
|||||||||
Топилницата во изградба: ... и во распаѓање: |
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
20.01.2012, 17:50 „Метрудхем“ сам ќе си избира локација за Топилница! За да ја изработи студијата за влијание врз животната средина, на компанијата и' треба и алтернативна локација |
||||||||||
![]() |
||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||
јас мислам дека на крај владата ќе даде пари за трошокот за преселба на фабриката на друга локација и така среќно ќе си живеат до....
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||
една вест што е можеби индирекно поврзана со ескалацијата на проблемот во Велес
вторник, 13 декември 2011, 19:19 Свет Кина ги исцрпи глобалните залихи на олово Глобалниот вишок на олово наскоро би можел да падне на најниско ниво во последниве пет години, како последица на зголемената кинеска потрошувачка на овој метал, кој главно се корсти за производство на акумулатори, соопшти американската инвестициска банка „Морган Стенли“ ![]() Според проценките на банката, суфицитот во снабдувањето со олово во текот на 2012 година ќе се намали на околу 8.000 метрички тони, од овогодишните 78.000 тони. Кина, која е главен потрошувач на олово во светот со 44 отсто учество во глобалниот пазар на овој метал, во текот на 2012 година се очекува да ги зголеми потребите за олово за 9,5 отсто, што пак би резултирало и со раст на неговата цена за 19 отсто на 2.500 долари за тон. Во текот на 2011 година оловото поевтини за 18 проценти поради зголемента загриженост на инвеститорите дека успорениот економски раст ќе ја намали неговата потрошувачка. Сепак, аналитичарите проценуваат дека побарувачката на олово ќе продолжи да расте во 2012, што би била десетта година на постојан раст на потрошувачката на овој метал. - Производството на акумулатори помалу или повеќе ќе продолжи да расте со исто темпо, независно дали ќе има нова рецесија или не, изјави аналитичаеот на банката „БНП Париба“, Стивен Бригс. Експертите проценуваат дека побарувачката на олово ќе продожи да расте и во следните четири години. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=1600 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||
уште еднаш ке кажам,јас имам близок роднина што живее близу до топилницата и за жал на 27 години заврши во инвалидска количка без одговор од лекарите зошто,која е причината за болеста и на што се должи трагедијата.за мене и за другите во семејството неважат никакви бројки ни објаснувања,тие важат за луѓе што немаат никакви маки па разгледуваат статистички показатели на хартија.нас хартија не не интересира,пред нас го следаме резултатот на топилницата
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|||||||||
Иако моето место на живеење не е Велес, не сакам да слушам никакви бројки или статистики.Таа топилница доволно била штетна досега и при рестарт би била истото - тивок убиец.
Малку ми е нелогично (да не користам потежок збор) во некаков неврзан муабет да чујам луѓе кои не се жители на Велес, па велат нешто во смисла па ќе имаат работа, а се бунат за околината итн.И во такви муабети ги прашувам таквите луѓе каков би бил животот на работник во Топилница со висока плата ако не дај Боже тој работник би ја потрошил на лекување на своето дете, заболено како последица на истата фабрика? Секој проблем на градот Велес е проблем и на државата Македонија и обратно. Против рестартирање! |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
Селење на Тополница ќе чини над 150 милиони евра! Кој ќе плати?imitrov@kapital.com.mk">Петре Димитров / Биљана Здравковска-СтојчевскаАко Метрудхем се согласи со предлогот на премиерот Груевски за дислокација на Топилницата од Велес на некое друго место, државата ќе треба да покрие дел од дополнителните трошоци. Измената на генералниот урбанистички план на Велес, која ја подготвува градоначалникот Горан Петров, дава сигнали дека опцијата за дислокација е сè поверојатна Евентуалната дислокација на Топилницата од Велес на некоја друга локација, за која деновиве на големо се дискутира во јавноста, би чинела најмалку 150 милиони евра, покажува пресметката на неколку менаџери и инженери, поранешни вработени во Топлницата, кои ги ангажираше „Капитал“, а кои поради чуствителноста на темата побараа да останат анонимни. „Целокупната дислокацијата на дел од постројките од Топилницата, заедно со изградбата на нови делови би чинела најмалку 150 милиони евра, што е речиси иста сума која новите сопственици планираат да ја инвестираат во рестартирање на Топилницата. За да се дислоцира една инсталација каква што е Топилницата во Велес треба прво сопствениците да се сигурни дали остануваат на технологијата која досега се користеше или ќе направат некои измени и подобрувања, дали новата локација која ќе им биде понудена ќе им ги задоволува основните потреби за работа пристапен пат, железница, доволно вода за процесот, доволно голем реципиент за прифаќање на отпадните води и снабдување со електрична енергија и други енергенти и дали новата локација ќе биде доволно оддалечена од населено место или објекти на кои ваквата индустрија би имала штетно влијание“, објаснуваат експертите за „Капитал“. Според нивните проценки, мал дел од средствата би се обезбедиле со сечење и продавање како старо железо на дел од опремата која е дотрајана и таа која не може да се дислоцира. „Зградите кои не мораат да се рушат исто така можат да се продадат или пренаменат. Тоа на сопствениците на Топилницата може да им донесе многу повеќе од сумата потрошена за купување на истата и тоа да им биде почетен капитал за да започнат со некои активности. Можат дури и да заработат, со продажба на старото железо, на објектите и на некои од машините, ако не сакаат да се плеткаат во дислокации, кампањи, обезбедување дозволи“, велат експертите кои ги ангажиравме, кои потенцираат дека проценката која ја објавуваме ексклузивно е направена за многу кратко време со претпоставки, без да се прават детални пресметки за кои се потребни многу податоци, подолго време и треба сериозно да се вложи труд. При евентуалната дислокација на Топилницата се отвора и прашањето дали обврската за чистење на фабричкиот простор и депонијата ќе ги преземе државата, која е сопственик на земјиштето на кое се наоѓаат погоните на Топлницата. Градоначалникот на Велес ШТО МОЖЕ ДА СЕ ДИСЛОЦИРА?Експертите велат дека нема многу што да се дислоцира од најзагадувачкиот дел на Топилницата, односно погонот за окрупнување на олово-цинковиот концентрат и согорување на сулфур и погонот за производство на сулфурна киселина. Дислокацијата на овие погони според експертите кои ги ангажиравме би чинело околу 40 милиони евра. Во евентуално новата локација инфраструктурата би чинела повеќе од 20 милиони евра, а погонските згради со конструкција за поставување на опремата би чинеле околу 25 милиони евра. „Системите за суво отпрашување би можеле да се дислоцираат во новата локација. Печката за олово и цинк секако треба на ново да се гради така што трошокот за тоа може да се каже дека е тековна работа, но опремата може да се демонтира и пресели. Рафинеријата за цинк и кадмиум исто така треба да се преѕида ако се користи старата постапка, а ако се избере друга постапка тогаш тоа би била нова инвестиција која би чинела околу 10 милиони евра. Во секој случај ливните машини, системите за отпрашување и некои други помали агрегати можат да се дислоцираат. Рафинеријата за олово и рафинеријата за сребро и злато можат да се дислоцираат комплетно“, коментираат експертите кои ги ангажиравме. Од Метрудхем велат дека тие воопшто не размислуваат за дислокација. Во барањето кое го доставиле до Министерството за животна средина тие бараат да добијат дозвола за рестартирање на локацијата и инфраструктурата на Топилницата за цинк и олово во Велес, која престана со работа во јули 2003 година. “Во текот на минатите речиси 8 години голем дел од објектите и опремата се руинирани и не може да се инсистира на тоа дека на локацијата има постоечка инсталација. Затоа, Проектот за производство на олово и цинк ќе се третира како проект за нова инсталација“, пишува во писменото известување кое управителот Тони Димитривески го доставил до Министерствто за животна средина, а во кое бара Министерството да го определи обемот на оцена на влијанието на проектот врз животната средина. Управителот на Метрудхем, Димитриевски во јавноста важи за близок соработник на премиерот Груевски, кои во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт беше директор на УЈП. Кој е Метрудхем? Ако се оди на дислокација, |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|||||||||
![]() Истиот човек во чиешто директорување МХК Злетово тонеше во долгови, нашол да зборува за технолошко-еколошки решенија ? Велешани воопшто не ги интересира со колкав капацитет работела топилницата во минатото, исто како што и сега воопшто не ги интересира со колкав капацитет би работела доколку биде рестартирана. Единствениот рестарт на топилницата е можен надвор од Велес и надвор од било кое место населено со живи растителни и животински организми. Надвор од било кое место населено со живи растителни и животински организми, топилницата слободно нека си работи со колкав капацитет ќе им текне на нејзините сопственици, но истовремено и со исполнување на најстрогите и најригорозните еколошки стандарди, бидејќи и во пустината има ред кој природата си го воспоставила и не смее да се оди против тој ред. Edited by Dexter26 - 23-Nov-2011 at 00:53 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||||
Чедо Петров: На Македонија и' треба топилница Поранешниот директор на велешкиот комбинат е убеден дека ако „Метрудхем“ вложи две третини од 150 милиони евра во екологијата, нема да има никакви проблеми по животната средина Иван Бојаџиски |
||||||||||
![]() |
||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||
јас имам близок роднина што живее одма до топилницата и пред 6-7 години заболе од мултиплекссклероза,па сега дали е топилницата причина или нешто друго незнам,само знам дека млад човек лежи безпомошен закован во кревет за навек
Edited by gjoko - 02-Nov-2011 at 21:01 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
elektricar ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2011 Location: Veles Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|||||||||
Пред скоро една година разговарав со еден инспектрор за животна средина кој е задолжен за големи компании и иако тогаш немаше никакви индиции дека е можно рестартирање на топилницата отворифме дискусија за ова на кое тој ми рече дека практично е невозможно они да добијат еколошка дозвола затоа што ако ги исполнат сите услови да ја добијат ќе ги коштала колку нова па и повеќе одколку нова да изградат, што значи нема да проработи, но во тој разговор исто така човекот ми напомена дека постои можност и бес таа дозвола да проработи ако тоа на референдум го дозволат граѓаните на Велес или ако тоа го дозволи државата особено ова фторово многу ме плаши бидејќи ако проработи многу корист може да има буѕетот и којзнае што може да се очекува во иднина .
|
||||||||||
АКО СИ ПОСИЛЕН ОД МЕНЕ НЕ ЗНАЧИ И ДЕКА СИ ПОПАМЕТЕН !
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
|||||||||
Значи, каква и да се извади дозвола, и под ЕУ стандарди да е (а кај нас не е), кога имаш топилница практично во центар на населено место (<5км од центарот), џабе ти е и филтри и пречистителни станици и интегрирани еко дозволи. Џабе!
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Една од забуните што предходни ги набројував е и тоа што од компанијата има целосен молк што планираат да биде различно во работењето и загадувањето од тоа предходно. врз основа на што планираат да извадат интегрирана еколошка дозвола. Ако тоа е транспарентно нема причина да не се восди здрава дебата. Да е до мене ја би оставил простор да како што е зелената коалиција и оние кои што се за поддршка на рестартирањето се организиараат исто така и после одреден период кога ќе се изнесат сите аргументи да биде и првиот случај на локален референдум. Зашто сегашната ситуација каде што една организација постојано присутна медиумски, таквиот амбиент создава погрешна слика за целокупното расположение околу рестартирањето, дали тоа на општинско или градско ниво како ќе се договорат. Пак ќе ја повторам една реченица од предходно. Дали е некој до толку будала да помисли
дека некој ќе фрла Кадмиум во воздух, и дали е некој уште толку
побудала на помисли да фрла кадмиум во воздух, јас мислам не.
|
||||||||||
![]() |
||||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||||
без замерка,така ја најдов информацијава,така ја ставам-не е моја идеа
Велешани vs. Топилница! (фото) недела 30 октомври, 2011 во 20:44 | Објавено во Македонија, Фото & Видео од Здраво Велешани на оригинален начин го изразуваат својот револт и се спротиставуваат на рестартирањето на Топилницата. Тие пред некое време со симнати гаќи позирале за оваа фотка која денеска е вистински хит по социјалните мрежи, a и добро се вклопи во сегашните активности и целата иницијатива против рестартирањето ![]() Инаку, тие на денешната средба со министерот за животна средина Абдилаким Адеми и со градоначачникот на Велес Горан Петров, биле уверени дека министерството нема издадено одобрение за започнување со работа на Топилницата во Велес, туку од страна на инвеститорот било доставено писмо за целта на компанијата. На средбата, Адеми бил запознаен со актуелната состојба околу рестартирање на Топилницата во Велес од страна на фирмата „Метрудхем“ и проблемите со кои се соочуваат велешани од нејзината работа. Тој ја изразил својата заложба за решавање на овој проблем, образложувајќи ги надлежностите на министерството за животна средина во делот на постапката за оценка на влијанието врз животната средина која треба да ја спроведе министерството со засегнатите страни. На средбата, како што информираат од ресорното министерство, бил донесен заклучок за континуирана комуникација на министерството, локалната самоуправа, граѓанскиот сектор и граѓаните со цел носење на соодветни решенија за надминување на состојбите со загадувањето во Велес, предизвикани од работењето на Топилницата. http://daily.mk/cluster3/0d4c1ef2f9547c376f2f6128f8f8b4d0/972318/veles-e-mobiliziran |
||||||||||
![]() |
||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||
@ elektricar
Зошто не ја поканите целата таа екипа што сака да ја рестартира топилницата, ако се толку убедени во нивните аргументи, да се преселат со нивните фамилии и да живеат во Велес, и тоа баш во некоја од населбите каде што би била највеќе на удар од загадувањето. Ако се согласат, нема зошто да не им верувате на слатките зборови. Но бидејќи јасно нема да се согласи никој од нив, ниту најнаивните ќе нема веќе на што да им веруваат. Велешани, многумина се со вас! Бидете сложни и одете до крај во борбата. Рестартирање на топилницата би било злосторство од колосални размери. Ако сте единствени, ако цел град се дигне на нозе, мислам дека „рестартирачите“ немаат шанси. Но имам слушнато муабети (барем на времето), дека доста Велешани не се против, туку баш преферираат топилницата повторно да проработи (поради можност за вработување, а и општиот економски ефект врз градот). Тоа се разбира е многу кратковидо, но доколку е точно, борбата за спречување на рестартирањето нема да биде толку лесна. Сепак мора да се добие.
Не се работи за железарница, туку за топилница на олово и цинк. Таков извор на загадување е во врвот на најопасни индустриски капацитети кои може да го „задесат“ некој регион, а камо ли да биде практично во самиот град: 41°43'40.53"N 21°45'44.39"E (и со неповолна ружа на ветрови) А тоа со еколошките дозволи и стандарди, сето тоа звучи многу убаво, но проблемот е што во пракса извесно нема да функционира ништо налик на тоа. И воопшто нема потреба да ја гледаме работата низ призма кој бил од Велес, а кој не. Рестартирање на таа топилница, ова општество и оваа држава ќе ги чини многу повеќе од нејзиното неработење. Ние треба да се фокусираме на справување со последиците од нејзиното работење во минатото. Edited by Cloverstack - 30-Oct-2011 at 22:56 |
||||||||||
![]() |
||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||
Електричар префлрив некои постари постови за оваа тема во нишкава има погоре го има и мојот став. Ако ви текнува уште некој пост може да го посочите, ќе го префрлам.
Да се дополнам има една нелогика во целава работа. Зашто постојано се кризира и се плаши населението дека ако се рестартира ќе работи под исти стандарди како и предходн. Јас немам никакви технички детали, ама знам дека за да проработи треба интегрирана еколошка дозвола, а таква сигурно нема да ја добие со иста заштита како од пред 4 децении кога се пуштала. Дури еве и да се дислоцира, пак каде воопшто ќе се најде место за ваква топилница кога па тамошното локално население ќе биде тенденциозно информирано и плашено дека истиот велешки убиец сега нив ќе им се сервира. Дали ние некогаш планираме да градиме железарница некаде или ќе бидеме првата држава без железарница. Па неможеме такви луксузи да дозволиме, дури и да се гради нова, треба некоја будала јавно да каже дека тоа ќе биде велешката преместена и готово да тргне бранот, стадото. Се е ствар на терминологија и се манипулир амногу со овој случај. Дали е некој до толку будала да помисли дека некој ќе фрла Кадмиум во воздух, и дали е некој уште толку побудала на помисли да фрла кадмиум во воздух, јас мислам не. Железарницата има поддршка од мене да се рестартира, со притоа без никакви забушавања да ги исполнат сите еколошки очекувања и ако треба месечно да се констролира екологијата од неколку независни комисии, дали од зелена коалиција, од општина, од министерство, кој што сака да му дозволуван пристап до терен и до информации, да се постават јавни мерачи и тогаш слободно да се стартува. Само се сее страв, и општината ја сваат пред свршен чин да изиграва популизам и да се солидаризира со зелена коалиција, иако сум сигурен дека и они искрено сакаат да се рестартира. Знам дека сега ќе има одговори, гајле ти е тебе од Скопје да збориш за Велес, или некои слични коментари, само не на темата дали треба или не треба да се пушта во употреба. Да ве замолам да се воздржиме од тие "дебати". |
||||||||||
![]() |
||||||||||
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
|||||||||
За ова мислам дека терба да се ангажираме сите ние, како индивидуи, да не се дозволи рестартирањето на топилницата!
Ако има некој добра идеја што како да се прави, нека споделува овде. |
||||||||||
![]() |
||||||||||
elektricar ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 01-Aug-2011 Location: Veles Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|||||||||
Бидејќи деновиве е актуелен рестартот на топилницата за цинк и олово во Велес сакам со сите да споделам зошто Јас лично и повеќето Велешани сме против рестартирањето на овој ’’УБИЕЦ’’
Topilnica Good Veles Kaput video #1 Topilnica Good Veles Kaput video #2 Topilnica Good Veles Kaput video #3
п.с Не дека на Велес и Велешани не ни требаат работни места и работанапротив ни требаат многу ама ова е премногу изворите се гледаат во самите веб адреси а користени се статии од дневник,вест,утрински,тирековмирече, јутјуб..... |
||||||||||
АКО СИ ПОСИЛЕН ОД МЕНЕ НЕ ЗНАЧИ И ДЕКА СИ ПОПАМЕТЕН !
|
||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 12> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |