![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Штип |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 7> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() Posted: 02-Apr-2025 at 12:44 |
|
Мицкоски: Започна со работа фабриката „Магна Мехатроникс“, инвестиција околу 40 милиони евра и вработувања на 600 лица
![]() ![]() https://www.facebook.com/VladaMK |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
СО РАБОТА ПОЧНУВА НОВАТА ФАБРИКА ЗА АВТОДЕЛОВИ КАЈ ШТИП, КАНАДСКА ИНВЕСТИЦИЈА ВРЕДНА 45-50 МИЛИОНИ ЕВРА
Следната недела со работа ќе започне нова странска инвестиција во Технолошката индустриска развојна зона кај Штип (ТИРЗ-Штип). Станува збор за фабрика на канадската компанија „Магна“, која почна да се гради во 2023 година, а ќе произведува компоненти за автомобилската индустрија. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека оваа компанија ќе вложи околу 45-50 милиони евра и ќе вработи од 500 до 600 луѓе. Уште кога почна да се гради оваа фабрика беше најавено дека вработените ќе имаат просечни плати од 850 евра и дека намерата е со проширување на производствените капацитети бројот на вработени да се зголеми за уште толку. Мицкоски кажа дека покрај оваа инвестиција, во процес на развивање се уште 15 странски инвестиции и очекува најмалку половина да бидат успешно реализирани, а зошто да не и сите. „Со ова само се потврдува фактот дека Македонија во регионот ќе апсорбира најголем број странски инвестиции по глава на жител“, рече Мицкоски. Како што најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, по средбата со италијанскиот амбасадор и италијански бизнисмени во Штип, наскоро и една италијанска компанија ќе отвори фабрика за производство на елементи за базени, во која ќе бидат вработени најмалку 50 лица. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/so-rabota-pochnuva-novata-fabrika-za-avtodelovi-kaj-shtip-kanadska-investitsija-vredna-45-50-milioni-evra/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Да, иселувањето е битен фактор зошто е падната невработеноста, но ниту е тоа уникатно за нас ниту е толку битно во муабетов. За да тргне работата, мора прво да го допреме дното, да постаивме некој 'baseline' па да почнат работите да се движат напред. Реструктуирање на работна сила е една од најбитните операции што се случила од независноста навака а фабриките во зоните многу доприинесоа за тоа. И затоа секоја нова најава како Магна, особено кога истата не е во Скопје е убава вест. А платата дали е ниска или висока.... нормално дека не е висока во апсолутна вредност, од најсиромашни земји во европа сме, не може да биде инаку. Но дали е релативно толку ниска? Не би се согласил. На крајот на краиштата плата од 20 илјади е 20 илјади пати повеќе отколку да немаш работа и да дремеш дома и да зимаш евентуално некакви социјални пари на државен грб.
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Нема да ја должам,се сложвам со појќето работи шо си ги пишал,ама факто стои дека генерално платите се ниски а дека немат невработеност,или дека е најниска,не знам баш,можи немат зошо немат љуѓе останато овде. Конкретно за фабрикава ќе видиме колкај ќе бидат платите,немам надеж дека ќе бидат близу или над 30к,камо да се. Еве џоле пишал не била 20,21 една била ![]() ![]() |
||
![]() |
||
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
|
Јас работам како инженер во Амфенол Кочани и земам плата околу 33к со една година работа овде. Се збори дека во Магна ќе бидат значително поголеми платите.
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
па тоа ти е генералниот призвук на сите постови. Ајде малку 101.... За да има повисоки плати треба да има повисока продуктивност и повисока додадена вредност. Македонската работна сила е или барем беше исклучително неквалификувана. Знаењата што некои луѓе ги имале во некои стечајни фирми се застарени и никој не ги бара. Овие фабрики нудат нова шанса за тој што сака. Освен преквалифкување и обучување според тековни стандади на тие луѓе им се дава шанса да работат на проекти/продукти кои се пласираат на светски пазар. Учат како да комуницираат со странски добавувачи и купувачи, како да продуцираат и гарантираат квалитет итн. И за сето тоа добиваат веројатно барем нешто поголемо од просечна плата. Истовремено тие луѓе живеат во околина со исклучително ниски животни трошоци. Ако Скопје е еден од најефтините ако не и најефтин град во Европа, Штип многу поефтин во Скопје. Моментално во Макеоднија невработеноста е на најниско можно ниво во својата историја, вклучувајќи ги и југословенските години. Оние што не работат се 90% не само неквалификувани туку и необразовани. Како дојдовме до овој процент на невработеност е друга приказна, но освен големиот број на иселени луѓе (што воопшто не е ненормално) голем удел во сето тоа имаат и проектите како овој во комбинација со услужен сектор, пред се ИТ. Така да ова може да е само и само добра вест. Останува на Штип и Македонија да ги искористат овие прилики и да работат за да утре станат поконкурентни па да имаат поголеми плати.
|
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Отворен пазар на труд е најдобра работа што може да и се случи на една земја. Само треба услови за брзи преквалификации, дообуки, неколкумесечна финансика поддршка за тие што решиле да сменат струка. Само со таков пристап може масовно да се прелеваат работници од една во друга бранша, од струка со помали примања кон струка со поголеми. Сите приказни за минимална плата, синдикати, државата ова, државата она, све се тоа глупости за у ѓубре. Ситуацијата е иста и од обратниот пристап ако ги гледаме тие со поголеми примања. Џабе тука ве лажат локалните влади дека ќе удрат стап по програмерите и ќе им ги земат парите, само сакаат да ја задоволат љубомората и злобата на широките простачки и злобни народни маси. Сега пред некој ден читав како се фрлаат дрва и камења по Орце Камчев зашто вработил доктор од државна во Систина за поголема плата, и наводно сакал да го уништи државното здравство што ете го лечело правдоњубивиот маќедоњец. Притоа, не гледајќи го фактот дека всушност задржал еден доктор во државата, зашто изборот му е Германија или Систина.
Така да кучињата си лаат, карванот си врви. Платите се толку колку што се, според заслуги за секоја струка. Нема магично стапче ни за нагоре, ни за надоле. Поповолно време за да се уживаат плодовите од пазар на труд немало до сега во Македонија. Некогаш тоа значеше работна сила на претек, денес тоа се повеќе значи притисок кон работодавците. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Од пред неколку месеци минималната плата се зголеми на 21.000 денари, така што или тролаш или тропаш глупости. А за фабрики од ваков профил просечна плата стига до околу 30.000 поради недостиг од квалификувана работна сила во земјава. Инжинери и слично имаат многу поголеми плати од 500 евра, ова ти го кажувам од прва рака добиени информации (иако лицата работат во зоната во Бунарџик). |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|
Источниот регион има најмала невработеност во државата помала од 5%, освен со поголеми плати не верувам дека на друг начин ќе најдат работници. Просечна плата за 2024 кога ќе почне фабриакта со работа на целиот тој регион ќе биде околу 600 ЕУР, што значи далеку над 20.000 ќе треба да се понудат. При тоа и другите околни фабрики ќе зголемат плати за да ги задржат вработените. Накратко конкуренција на пазар на труд е најголема придобивка за работниците и ниедна минимална плата не може да помогно колку конкуренцијата на пазар на труд.
Просечната плата во Источниот регион за минатата година според ДЗС е околу 400 еур а оваа година со раст на минималец и покачувања во јавен сектор ќе биде околу 500. Па од таму предвидов околу 600 за 2024. |
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Не е убо да охрабруваш љуѓе на таков чин,макар и сатирично или иронично.
Платата е премала,шо е проблемо ако се кажи ? Лага е то ? |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Епа ај да се убиеме ако не
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
И шо,ко плата ќе биди 20.000....
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() Почна изградбата на „Магна мехатроникс“ во ТИРЗ Штип
https://www.slobodenpecat.mk/pochna-izgradbata-na-magna-mehatroniks-vo-tirz-shtip/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Канадски „Магна мехатроникс“ ќе инвестира 40 милиони евра и ќе вработи 600 лица во ТИРЗ Штип
Нови 40 милиони евра инвестиција и најмалку нови 600 работни места во Технолошко индустриската развојна зона во Штип ќе донесе фабриката која што ќе ја изгради канадската компанија „Магна мехатроникс“ и во која же се произведуваат компоненти за автомобилската индустрија. Инвестицијата денеска на прес конференција ја најавија премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски, посочувајќи дека тест производството ќе стартува веќе годинава, а сериското во првата половина од наредната година. „Канадската компанија ‘Магна интернационал’, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи модули и компоненти кои се испорачуваат на сите најзначајни производители на автомобили во светот оствари стабилен раст на европскиот пазар и се појави потреба од нова фабрика на една од деветте групации“, рече премиерот Ковачевски. Тој посочи дека по спроведеното истражување на потенцијални локации за отворање на нова фабрика во Европа кое опфати повеќе држави, компанијата одлучи да инвестира и да отвори фабрика во нашата земја на понудената локација во технолошко развојната зона во Штип. Значи, по отворањето на фабрика во ТИРЗ Струга за производство и склопување ретровизори, и други технолошки продукти за автомобилската индустрија, каде според бизнис планот на компанијата ќе се вработат илјада луѓе, во ТИРЗ Штип компанијата ќе отвори нова фабрика каде тест производството се планира да започне годинава, а сериското производство ќе започне во првата половина од 2024 година“. Рече Ковачевски. Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовски рече дека во фабриката на „Магна мехатрионикс“ ќе изнесува 40 милиони евра и дека во неа се превидени најмалку нови 600 работни места. „Ова е ветување кое што го дадовме минатата година и го исполнуваме денеска“, рече Деспотовски. Тој посочи дека извозот од ТИРЗ лани достигна 3,7 милијарди евра, односно е за 25 проценти повисок од претходно највисоката сума. „Увозот расте, но со побавна динамика од извозот, така што 2022 година е завршена со нето ефект од 350-400 милиони евра позитивна разлика помеѓу извозот и увозот, пари кои што се останати во домашната економија. Според првичните пресметки, 40 отсто од овие средства останаа во Буџетот на државата и во џебовите на повеќе од 16.300 работници кои што се веќе ангажирани во компаниите кои што оперираат во ТИРЗ“, рече Деспотовски. Тој додаде дека обемот на државна поддршка се зголемува, а за секој денар дадена поддршка, во Буџетот се слеваат четири денари. „Тоа значи дека имаме зголемен обем на инвестиции, но и зголемен квалитет на самите инвестиции“, рече Деспотовски. Премиерот Ковачевски рече дека изминатата 2022 година компаниите во ТИРЗ ја завршиле со нови 2.300 нови работни места, над 430 милиони евра нови инвестиции и рекорден извоз. „Верувам дека Северна Македонија може повеќе да напредува и да се развива и среќен сум што такви можности препознаваат и многу странски инвеститори и одлучуваат да инвестираат токму овде кај нас“, рече премиерот Ковачевски. Инаку според податоците од интеренет страницата на ТИРЗ, зоната во Штип е најголемата зона со површина од 206.45 хектари. Лоцирана е северозападно од градот Штип, при влез од правец на Скопје. Во зоната активно оперираат три компании од кои две компании произведуваат делови за автомобилската индустрија, а една компанија произведува топлотни разменувачи за бојлери. https://nezavisen.mk/prva-golema-investicija-vo-2023-kanadski-magna-mehatrioniks-kje-investira-40-milioni-evra-i-kje-vraboti-600-lica-vo-tirz-shtip/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Малце провладина пропаганда...
![]() ![]() ![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|
нема потреба, нема паузи.
![]() |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Не би било лошо инвеститорите да инвестираат некое евро да ја средат околината на халите евентуално во вид на некое паркче каде што би можеле вработените за време на паузите малку да се „пролуфитараат„.
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ти благодарам за фотографиите, ретко можат да се видат фотографии од индустриските зони и тамошните капацитети.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Johnson Controls
![]() ![]() Technical Textiles ![]() Condevo ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
|
Jony олади малку - испиј една газирана вода ![]() Edited by Obedineta Makedonija - 31-Oct-2015 at 16:10 |
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123 7> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |