![]() |
![]() |
![]() |
Св. Константин и Елена - Центар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Online Posts: 6554 |
![]() ![]() |
не само таа локацја,сите слободни локации во центарот со тек на време ги чека иста судбина,ако не сега,за некое време некоја друга гарнитура со други моќни луѓе,со тек на време све ќе се завземи од страна на урбаната мафија.Да се зачува ако се можи градскиот парк и тоа е тоа.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Што и јас се расправам, а здравје времето ќе ги зациментира ионака потврдените позитивни придобивки на целиот проект.
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
![]() |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
@ kultuzin
Се спомнуваше висина од 30 метри, но не се сеќавам дека беа објавени бројки за површината на црквата што се планираше на плоштадот. Од она што се обидов да пресметам, квадратот во кој ќе беше сместена основата на црквата е со површина од 576 квадрати. Помеѓу Типо и Пелистер има 43 метри, а во ДУП-от се предвидени пролази покрај црквата од 9 и 10 метри... (43-9-10)^2=576
А ако продолжиме вака, нема што да го спаси ниту градскиот парк. Почетните метастази се ионака веќе пуштени, така да ако не се случат радикални промени во оваа сфера, судбината на градскиот парк исто така не е воопшто сјајна, односно нема граница која урбаната мафија нема да ја премине. |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Мислам дека добро стоиме со проценката, неофицијално дознав дека се работи за основа 25 со 25 метри или околу 600 метри квадратни. Со што дефинитино добро би се вклопила во околината со можност боровите од страната на улица Македонија да „преживеат„ што секако би било пожелно.
|
|
![]() |
|
antiuser ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 204 |
![]() ![]() |
Ako ne se izgradi crkvata na plostad , ke bide sramno i glupo
|
|
![]() |
|
strajk ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 19-Mar-2011 Location: Skopyeah Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Taka e !!! |
|
ФК Вардар гордоста на Скопје
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Еве според сликите опд пред некој ден што е за ориентација 25х25. Како тоа на терен прилега.
![]() |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
Малку ќе допрат реченициве во политика, ама ќе се обидам да го спакувам помалку болно тоа - Ова дека на сите други места ја изгубивме борбата, па ова мора да се прогура!? Кај ви е паметот бе!? Не гледате дека работата е „не може на магарето, па удри на самарот“...и доста глумите патриоти и христијани со вакви малоумни изјави - гледајте каде се обидуваат да ја „спикаат“ црквата - па ЦРКВА НЕ СЕ СПИКУВА И ПРОБУТКУВА, туку се наоѓа соодветно место, кое ќе биде прво достојно за нејзе и за луѓето што ќе одат во неа и ќе може да ја истакне и грандиозноста и убавината на објектот, а не меѓу ѕидови од трговски центри и станбени згради!? Како може да доживувате нешто херојски и патриотски, нешто што се гради навечер, нешто за кое ДУП-от се менува на „тајна вечера“ - тоа ли е патриотизам, „мажишта“!? |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
|
kitkiritki1 ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 28-May-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
за lslcrew ![]() Ептен ме инпирира еден реферат од контрапост да ти вратам, но Cloverstack доволно ти возврати, па може само да му се приклучам кон оценките за твоите крајно тврдоглави постови и да додадам неколку реченици Архитектурата е за сите, сите имаат право да ја коментираат, но нема место да ја проектира било кој....посебно не урбанизмот....... Твојата навидум воздржана подршка на Скопје 2014, кажува само за политичко размислување, а ни приближно став за околу работите и случувањата.... т.е твојата политичка обоеност, што веќе ти излегува на површина....... Немам против политички обоените.. али слепо тегнење на ставови... скоро слепа партиска послушност, не води кон дискусија со плод...... А инаку извини што ти ги разиграв комплексите за твоето непознавање на архитектурата и урбанизмот, и тотален естетски безвкус, па така јадно се истопори со муабетот = да се пратат скопјани во гасна комора, и со макрадули ставот од еднооки,, е ми е гајле, ќе се гради и готово.. колку емо потег .... Најискрено жалам за твојот потенцијал, али ако не си го исклучиш тоа едноумието... . компатибилна емисија за тебе би била Урбани вести на МТМ и ти преостанува во иднина да станеш дел од калапот партиски градоначалници........... За било кој проект во Скопје 2014, како не ја препознавате грешката што ја повторуваме во континуитет....... по земјотресот, грешката беше што се прегази преку стариот град..... сега повторно грешка, газење на новиот град.... Токму денес, ваквиот потег е фашизам, а не стручните дискусии и контраставови...... Проектов има идеолошка вредност, но за жал заради вака поставените работи- утната архитектура, урбанизам и газење на постојниот идентит на градот, иде во прилог на сите од надвор што си играат мајтап со македонскиот народ.......... незрелост е токму ова, а таа незрелост ќе потрае изгледа уште долго, бидејќи постојат млади луѓе како тебе lslcrew ![]() Edited by kitkiritki1 - 09-Aug-2011 at 03:13 |
|
![]() |
|
kitkiritki1 ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 28-May-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
конкретно за проектов.... Оваа локација во споредба со претходната е убедливо сооднос 2/1, ке понуди поинаков третман, поприфатливи визури и непречење на пешачките сообраќајни правци на движење..... И јас се нервирам, кога некој брани едно дрво, за проект кој вреди ........ но овде станува збор за зелена површина, оформена вредност, која ја жртвуваме за упорно да се прогура идејата на премиерот......... Од толку препукувања, магаре да беше ке разбереше дека треба да се свика архитектонско-урбанистички меѓународен симпозиум, или да се организира конкурс, кој јавно ќе биде презентиран, и ќе се почека граѓаните да се ијзаснат пред да се прифати........... Не може да биде тема на лидерски договор, ејјј и тоа политички ......... мене ми е дури навредливо..... да барам дозвола од Ахмети дали да се гради црква.......... Значи треба да застане маратонов со прекројување на урбанистички планови, и квази конкурси........ да се успори темпо и да се седне на масаа..... доста со трчањево, само глупости правиме................. народот се навикнува на што и да е..... не ја сваќам злоупотребата на таа вистина во контекст на одбрана на проектов.... кампањски муабет....
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Добро сега од кога ти и гахан истресовте ѓутуре фрази и демгогија дајте локација. И тоа салонското сваќање за архитектура дека не смее никој да помисли на идеја да си го смените малку, зашто само ќе се фрустрирате. Сте одбрале јавна професија, јавно и ќе ја практикувате.
Стварно не сакам да отворам стари муабети, ама кога и по толку време продолжува овој однос без да се дадат конкретни предлози. Дајте локација дајте проект. Циркузи и паради на плоштад не ни требаат, мрднете од дебата дали треба црква или не, тоа е заокружено од почетокот на ова прашање. Зашто повторно таа дебата ја оптварате. Толку време пројде, уште колку време ќе треба да излезе еден со предлог простор, со предлог проект. |
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
Има само еден податок кој кажува се' - „измислена“ е нова локација (изнудена, истерани сте од сопствениот плоштад), новава е комплетен урбанистички промашај, на 100м е од старата и вие, „фалангата“ сега сте повторно продуховени, да не речам дека доживувате нирвана на новово принудено решение. Пошто јас салонски сум ја разбирал архитектурата, кажете ми што ќе се случи, ако пак добиеме некоја заушка од Брисел (или не знам каде) и пак треба да се премести црквава и од оваа локација - што!? Вангел ќе треба да најде некоја трета!? Ќе си „играме“ урбанизам? Ќе бараме зелени ливади за да спикуваме објекти во нив??? Не моето, туку ова е салонско гледање на архитектурата...очигледно е дека ни во овој, ни во претходниот случај тој што уцртал градежна површина (намерно не го нарекувам урбанист, затоа што е обичен копук), нема допирни точки со урбанизмот што е видливо од авион - не знае да препознае оформени блокови од пред 60-70 години, туку гледа една тревната површина и си мисли дека на нејзе е убаво да се гради, само затоа што е ептен блиску до претходната „локација“, која не постоеше како таква, туку беше измислена...
Што се однесува до предлагањето локации, има едно непишано правило кое вика дека архитектите треба да размислуваат понапред од другите луѓе, а урбанистите многу, многу понапред и од архитектите...урбанизмот во голема мерка е наука, која во светот ја практикуваат најспособните во професијата, ама во светот, не кај нас - кај нас урбанистичките планови се доживуваат како детска боенка, за што овој случај е класичен показател....позиционирање на еден објект од ваков карактер секаде во светот се базира на долгогодишна темелна анализа, која во нашиов случај е прескокната и е преминато на начинот „покажи со прст“ што во старт е генератор на милион проблеми...не очекувајте дека овде на форумов некој треба да истресе некоја локација, затоа што тогаш би се направила потполно истата грешка што се прави во пракса - не салонско, туку инфантилно, детско сфаќање на архитектурата... Вклучете ја левата страна на мозокот, доста размислувате со партискиот центар...и така овде не сте со име и презиме и можете барем за некој од објектите да признаете какви глупости праите... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
|
kitkiritki1 ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 28-May-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
lslcrew , за тебе, на кого и лично му е објаснето, за да задоволам твоја суета и да одговорам на типично политичка провокација, јас треба да седнам дома и да работам со денови и денови и да ти презентирам тебе проект?!!! .....
Edited by Cloverstack - 09-Aug-2011 at 15:05 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Па како може да стане збор за изтерување кога цел проштан се преуреди, зарем ќе го имаше се тоа? Брисел веќе ни на памет не му паѓа да моделира легитимни проекти на локални население преку такви заушки, и да сака веќе јасно им е и на нив и на сите дека не им проaѓа, а ти тука се понашаш како да ти дале лиценца да се закануваш во нивно име, па ни се закани, брее! (немам такво смајли) Од Брисел дα зависеше немаше ништо да има на плоштад, толку за тоа.
Архитектите гледале понапред од другите луѓе, прво од ова посалонско нешто немам чуено и да не употребам некој друг посилен збор. И да го кажал ова некој друг за архитектите, ане самите за себе, кажано е за некои архитекти некаде во свет што врска немаат со скопската школа која е заглаведна некаде пред четириесет одприлика години и сеуште мисли дека пошта и моб се којзнае какви дела, а никој рецка не им мава за чир ги третира народов. Ако може да не се шлепате на фразите и славата за архитектура и архитекти кажани за некој многу оддамна многу далеку. кикиритки, јас ти кажав си избрал јавна професија јавно ќе бараш легитимитет. Добро ајде уште еднаш да го поставам прашањево, па да не го тупам веќе очигледно не се разбираме или не сакате да се разбереме. Без да го оспорувате прашањето требало или не црква, понудете решение како тоа да го направиме, а по вас да биде архитектонски правилно, зашто за се досега се кажало дека не чини и не требало така. Edited by lslcrew - 09-Aug-2011 at 18:15 |
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
Јас не зборувам во друго име и црно на бело стои што сум - тоа работам, тоа е моја преокупација и тоа е тоа...предлог проекти неам намера да се потегам да праам затоа што тоа во пракса не функционира така, а тоа меѓу другото и малите деца го знаат, посебно не за нешто што му се сонило на некој пастир во кој ти се крстиш и ни продаваш демагогии овде на отворени очи на сите...
Тоа што не можеш ти да оствариш однос спрема модерната архитектура е твој проблем, а не нечиј друг - што ќе му е ЛЦД телевизор на некој во Сомалија што не видел ТВ во животот!? - па сакаш јас да те просветлам и продуховам со некаков проект, кој ќе се бави со измислен проблем - демек испоумираа скопјани без црквата до сега и тоа се' исфорсирано од политички функционер...што не се зафатиш со конкретните забелешки на проблемов, туку се занимаваш со чирови, некакви скопски школи и салони - еве јас не верувам во твојот „месија“ и не само што не верувам, туку мислам дека е обичен исфрустриран петел што надокнадува на местата каде може, а таму каде не може ја витка опашката - ова воопшто не е прашања на никаква архитектура и урбанизам, туку покажување рогови и тоа воловски, големи - по секоја цена да се направи нешто, па ако треба и во гаќи да се олесниш... Престани да гледаш толку субјективно на работите и не ја гуши дискусијата, на крај краева, последниве постови се занимаваат повеќе со твоите партиски ставови, отколку со некакво прашање во врска со објектот.... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
да набројам, првите коментари беа за тоа како не бивало плоштад без црква, па потоа (не знам по која логика) се поврзуваше со Св. Константин и Елена, па на крај дури и направивме ерусалим од плоштадот што е тотално срамно и сега, зошто некој да се мачи да му наоѓа локации на објектот, кога нема никаква основа тој проект, и да му се смени локацијата, ништо нема да биде променето, уште помалку пак ако го поместиле за 100 метри... црквава има многу негативни аспекти, најпрво онакви кои удираат во глава на општеството, архитектонските нелогичности на објектот беа најмала грижа на пошироките маси и знам дека не им е место тука на вакви дискусии, ама мора да се расчисти и тоа, многу објекти за кои дискутираме тука имаат многу поголеми значења и влијанија од архитектонското, за главните дискусии да бидат фокусирани на тоа каде се наоѓа објектот, како е поставен и како изгледа |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
Па тука многумина ве засега прашањето „дали треба да има црква?“ без реално да сфатите (бидејки најверојатно не сакате) дека овој проект (на некој начин) ќе се оствари. Значи вашите аргументи се валидни за тоа дали треба или не треба да има црква, но прашањето (проектот) е во друга фаза а тоа вие не сакате да го прифатите. Никој нема да каже овој, тој и другиот се сега за црквата ако како архитекти понудите решение кое ќе ја „намали“ вашата одбивност кон проектот. Сите се претставувате како реални а не сакате да го прифатите реалниот факт дека проектот ќе се реализира. Јас не гледам како е тоа трошење време на еден архитект, ако истиот (макар и овде на мала група луѓе) визуелно го прикажува своето мислење за проект кој (така-речи) секако ќе се гради. Па нели за архитектура се живее, како што другите си ја сакаат својата професија. Не ме сфаќај лошо, но зошто не му постапувате на проектот како „проблем“ кој постои и мора да се реши, па така да му најдете соодветно решение кој ќе го задоволува вашиот личен (според тебе - на пошироката маса) став? |
|
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|
![]() |
|
Dave Gahan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Oct-2008 Location: 42°0′N,21°26′E Online Status: Offline Posts: 986 |
![]() ![]() |
Е овој дел страшно ме провоцира - МОРА!??? Државата наша колку се сеќавам има демократско уредување, што значи дека вакви фараонски потези не треба да се практикуваат...во културни земји вакви потези се праат посуптилно, да не се разгоруваат страстите, а овде е јасно и гласно дека целава идеја е желба на еден човек (ај погодете кој) и дека само заради тоа МОРА ДА СЕ ИЗГРАДИ - види мајката! Можеше МПЦ да земе главно место во целата улога, па веројатно ќе добиеше целиот проект многу поголема тежина, ама проблемот е што МПЦ нормално не оди на избори, туку тоа треба да го направи некој кој ќе придобие симпатии од народот и меѓудругото ќе покаже и дека знае да истепа некого за да си го реализира сонот - млади студенти и професори по архитектура во случајов... Колку и да е неизбежно, моите коментари секогаш ќе бидат против овој проект...апсолутно сум за градење цркви, ама достојно, за да и тие не бидат омаловажени и спикани некаде со што дополнително би покажале колку немаме никаков однос кон религијата и воопшто животот, а факт е дека гребеме по дното на тој план... |
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 22> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |