![]() |
![]() |
![]() |
Аеродроми |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 8485868788 124> |
Author | ||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Сликите се направени непосредно после церемонијата на официјално отворање на клучката, така да од некои за мене нејасни причини, сепак не е целосно отворена. Инаку попрецизно затворениот пристап е влез во аеродромот (кога се доаѓа од правец на Петровец).
Хаос и неспособност ![]() Edited by Cloverstack - 22-Apr-2012 at 12:28 |
||
![]() |
||
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
|
Пред две седмици конечно летав од новиот скопски аеродром и се решив за превоз до Скопје да ја искористам нововодената редовна автобуска линија од аеродромот. Беше тотално разочарување. Најпрвин, не се работи за автобус, туку за мало комбе (субстандардно, од турско производство) кое е несоодветно за превоз на патници кои имаат торби/багаж. Комбето не тргна во времето наведено на таблата за распоред на тргнувања, туку шоферот чекаше комбето до последно место да се наполни со патници. Потоа, сите торби ги постави во средишниот дел на комбето што е опасно по безбедноста на превозот - средишниот дел на комбето треба да е слободен и прооден за излез на патниците, особено при вонредна ситуација кога би била неопходна евакуација. На мој голем шок, комбето не вози по автопатот за Скопје, туку од пред наплатната рампа на патарината кај Петровец до аеродромот излегува од автопатот и потоа се движи по локалниот селски пат низ селата Петровец и Идризово, за потоа пред самиот влез во Скопје повторно да се вклучи на автопатот кај хотелот Белви. И сето ова малтретирање само за да се избегне плаќање на патарина (за комбе не верувам патарината дека е повеќе од 70 до 80 денари). Тука малтретирањата не завршуваат - шоферот наместо да го вози комбето по утврдената рута, низ Скопје се движи и застанува каде што сакаат патниците, додеке ние кои сакавме да се истовариме на крајната дефинирана станица кај Хотелот Александар Палас моравме да трпиме патување од аеродромот од цел еден час. Се на се, несфатливо е како ТАВ дозволува ваква субстандардна комби линија од новиот аеродром со која патувањето до главниот град трае колку и повеќето летови кои слетуваат на скопскиот аеродром и згора на тоа патниците имаат прилика да "уживаат" во возење низ селски амбиент низ локален пат со крави, магариња, трактори...жално и сето тоа само со цел за да не се платат пет-шеесет денари за патарина!
|
||
![]() |
||
Obedineta Makedonija ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Aug-2011 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 1744 |
![]() ![]() |
|
Комбе е а не автобус + се движи по стариот пат а не по автопатот = само заради тоа што интересот кај нашите патници е многу мал, и сето тоа што ти го наведе, односно сите тие рестриктивни мерки се за да има некоја рентабилност линијата, првите две недели се сообраќаше автобус и цело време беше празен со не повеќе од 10 патници и затоа се одлучиле на ваков чекор, мегутоа мое мислење е дека и ТАВ треба да имаат трпение и се слагам дека во голем дел имаат непрофесионално однесување, како друг пример ќе го спомнам одржувањето односно апдејтирањето(неодржувањето/неапдејтирањето) на веб-страната која е со стари информации (стара мапа на аеродромот, во делот на авиопревозници стојат уште чех ерлајнс, малев , панорама/блу еир и ред други пропусти. Додека на вебот на охридскиот аеродром ја имаат ставено црвената позадина што беше на страната на скопскиот и за најголемо смеење и како доказ за аматеризмот на охридскиот аеродром си пишува дека се наоѓаме на страната на скопскиот аеродром !!!! ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Создаваме за да имаме, а и тоа што го имаме треба да го чуваме такво какво што е !!!!
|
||
![]() |
||
antigona ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 16-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
|
те молам, па зар со движење по селски пат и избегнување на патарина која е не повеќе од 50 до 70 денари мислат да заштедат пари а воедно и да привлечат патници!? еве јас по ова малтерирање повеќе нема ни да помислам да ја користам оваа линија за превоз од аеродромот. Цената на билетот сега е 100 денари - нека ја зголемат на 150 и нека возат нормално по автопат и со тоа патувањето нека трае нормални 30 мин. и верувам дека ќе има повеќе патници!
|
||
![]() |
||
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
|
Ми треба една информација. На фришопот на скопскиот аеродром има ли цигари и какви се цените на истите? Достапен ли е фришопот од сите гејтови?
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека цигари и алкохол се основни производи на фришоп заедно со парфемите
![]() А што се однесува до достапноста зависи каде леташ, доколку е накај ЕУ т.е. излезите 204/205/206 ДА, таму е сместен, од десната страна на пасошко, додека во првите излези нема Freeshop. Таму има CofeeShop |
||
![]() |
||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
|
http://www.time.mk/read/NONE/d21588c112/index.html |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Едно од двете комбиња кои ги употребува Вардар Експрес. Ова е далеку "покомотно" и на изглед делува попристојно од другото.
|
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
Ebatejuzernejm ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 05-Jul-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Вицепремиерот Пешевски во работна посета на Битола
Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања Владимир Пешевски попладнево оствари работна посета на општина Битола каде се сретна со градоначалникот Владимир Талески и со претседателката на Советот на општина Битола Силвана Ангелевска, со кои разговараше на теми од локалниот економски развој. На средбата со новинарите вицепремиерот Пешевски посочи дека состанокот бил посветен на економските политики кои ги спроведува општина Битола, активните проекти, како и за новите проекти во функција на забрзан економски развој на таа локална самоуправа. - Генериравме повеќе идеи, почнувајќи од иницијативата за изградба на нов откупно-дистрибутивен центар, идеја за изградба на нов хотелски комплекс во потпелистерието кој како Влада ќе го нудиме на потенцијалните инвеститори што би овозможило за заживување на туризмот и на туристичките активности во општина Битола, истакна Пешевски. На предлог на градоначалникот Владимир Талески, вицепремиерот Пешевски оцени дека има кредибилитет идејата за изградба или проширување на спортскиот аеродром во Битола. - Идејата во прв момент е премногу амбициозна но има кредибилитет во неа, а се однесува на изградба на аеродром или проширување на постоечкиот спортски аеродром на ниво на комерцијален аеродром. Ќе преземам обврска да стапам во контакт со консултантски куќи од оваа област, да изработиме физибилити студија за оправданоста на проектот, да се согледа можноста за креирање на бизнис, извоз на производи, но и развој на туризмот посебно со Турција благодарение на врските меѓу Битола и Кемал Ататурк, што укажува дека овој проект би бил со голем потенцијал и затоа ќе го разработиме, посочи вицепремиерот Пешевски на денешната средба со новинарите во овој град. За забрзаниот економски развој на општина Битола треба да придонесат и други владини мерки и поддршка која континуирано ја добива таа локална самоуправа, пред се најавениот нов Закон за индустриски зони што е во подготовка и од кој придобивки треба да почувствува индустриската зона „Жабени“. Пешевски посочи дека со градоначалникот Талески соработуваат на повеќе проекти, а сведок за таа успешна соработка е влезот на германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Според битолскиот градоначалник Владимир Талески, проектот за проширување на спортскиот аеродром на ниво на комерцијален аеродром е реален и со низа показатели за ефикасен и економски оправдан проект. - Убеден сум дека со поддршка на Владата можеме битолскиот спортски аеродром да го трансформираме во аеродром што ќе не спои со првите поголеми аеродроми во регионот. Тоа ќе го промени начинот на живот во општината и пошироко, а географската положба на Битола уште повеќе ќе привлекува. Аеродромот ќе биде во функција на околу 350.000 жители од Пелагонискиот регион, но ќе може да го користат и нашите соседи од Грција. За престој во Битола заинтересирани се голем број ученици и студенти од Турција кои сакаат да ја посетат Спомен собата на Кемал Ататурк, како и други домашни и странски гости, истакна Талески. Градоначалникот Талески на денешната средба со вицепремиерот Пешевски побара да се создадат услови за даночни олеснувања за филмските работници кои имаат намера да снимаат филмови во Битола како филмски град бидејќи интересот е голем, а потврда за тоа е одлуката на една турска компанија во наредните три години да снима филм на подрачјето на таа општина. Хотели секогаш се добра идеја,посебно на места кој изобилуваат со природна убавина како што е Пелистер и Битола. Хотелски комплекс е must do,дури и аеродром и трговски центр како што беше наведено нема да се на одмет,тоест се повеќе од добредојдени. Да се надеваме дека нема да остане работава само на разговори. |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Малце ни беа изгледа 500 години...
Него друг ми е муабетот. Тотална безидејност. Откупни центри, хотели бла бла. Па после Битолчани се жалат што се запоставени. Епа се. Од откупен центар нема економски развој. А да, сеа ќе почнат оние дека 20 години не се градело ништо, сеа барем има нешто... А Битола и понатаму нема ни стадион, ниту сала, ниту затворен трговски, ниту средени фасади во стариот дел и сл. Ама битно ќе има аеродром. Да, треба да има можеби аеродром, ама кога се друго ќе се среди во Битола. |
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Колкав е потенцијалот за патници и за карго операции на хипотетичкиот битолски аеродром? Таков аеродром не би можел да покрие ниту 20% од своите тековни трошоци, а не па да врати толку голема инвестиција. На крајот на краиштата од Битола до охридскиот аеродром има 60-70 километри. Всушност може да се елаборира уште на долго и на широко на оваа тема, ама мислам дека не заслужува ниту време ниту простор. Така што да скратам... едноставно НЕ! Нема никаков кредибилитет во „идејата“ господине Пешевски. Тоа се ординерни глупости. |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Абе тоа е повеќе од јасно зошто НЕ, ама се плашам дека во периодот додека истото стане јасно, ќе се платат дебело неколку физибилити студии, а јавноста ќе биде занимавана на долго и широко со еден вакво безидеен проект.
Инаку стварно аман веќе со Турција, сега ќе доаѓале во Битола заради Атарурк и затоа ни е потребен аеродром. За оние кои незнаат, Турција е една бедна, заостаната и неразвиена држава, а исклучок се само десетина големи градови! |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
|
Уште една голема глупост.
Држава како Македонија со сите нејзини мани и предности со двата аеродроми кои моментално ги има ги задоволува сите потреби па и повеќе од тоа. Освен карго аеродром во Штип за извоз на храна ништо повеќе не би додал. А градоначалникот Талески треба да се потруди во име на своите граѓани кои не се малку да ги поврзе како што доликува со Прилеп и Велес, а потоа и Охрид. Со автопат, а не аеродроми! А тоа се прави со договор со Владата, нормално дека градот не гради автопати. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
ма каков аеродром,незнат што зборуваат и колку тоа кошта
|
||
![]() |
||
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
|
Добро бе, зошто не мислат пред да стресат некоја зелена
![]() Па имаш аеродром на 85 км. во Охрид или на 150-160 во Скопје.Дел линии кон првиот дури и ги укинаа па ги почнаа од вториот.Не очекував и таму ‘децентрализација‘ ![]() За комшиите од Југ нека не му мислат.Баш во тој регион Костур/Лерин е изграден аеродром во Костур (Касториа)или поточно до гратчето Аргос Орестико на точно 100 км. од Битола и 70-на од Лерин, кој патем е поврзан само со Атина.Толку од неговата густина на сообраќај, па ќе сме преземале уште.Солун исто им е блиску како голем центар (нецели 200 км.). Ама ај, избори се ближат - глупости се тресат. Ако е реално загрижен за доброто на своите граѓани, Талески можат во соработка со МЖ да изведат некаква донација од Општина Битола за реновирање на железничката станица, мислам дека е многу пореална и попотребна опција.
Oва е веќе минибус (или по новите ‘стандарди‘ - миДибус, а комбињата се мини ![]() Edited by Тркало - 08-Jul-2012 at 17:15 |
||
![]() |
||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
|
Што туку трескаат глупости Аеродром во Битола ти не си ја гледаат макта патиштата кон градот се катастрофа железницата скоро не фукционална а тие меркаат планови за Аеродроми Охридскиот Аеродром ако се подигни нивото на делницата на Автопат ке биди одалечен 45Мин од Битола еден сат од Прилеп или ако целата делница до спојка со коридор 10 да се подигни на ниво на автопат до Аеродром ке биди 1.30 Мин.
држава со 2 Милиони жители имала потреба од 3 аеродроми живи глупости. Ова ко двајца без работа ке се сретнат во кафеана и по неколку литра алхохол ќе бистрат политика и економија. Тешко на нас со вакви луѓе на вакви важни функции.
|
||
![]() |
||
accipiter82 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Апсолутно се согласувам - нема потреба за аеродром во Битола, 300.000 грагани со ги спомна градоначелникот како потенцијал кои што ќе го користи аеродромските услуги се недоволни + нема јако стопанство кои што ќе го користи аеродромот. Да не спомнувам дека во непосредна близина на Битола има дури 5 аеродроми - Охрид, Скопје, Солун, Кожани, Аргос. До сите нив се стигнува за 2-3 часа.
Но Битно е градиме аеродром а тоа што нема пруга до Грчка граница не е битно, што патот до Охрид е полн со дупки нема врска.... |
||
http://energetskaefikasnost.info
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
еден поранешен градоначалник на Кичево кој неславно заврши,на времето туркаше идеја да се прави аеродром на планината над Кичево,каде има еден терен како висорамнина(одма над с.Кнежино),и тој да работи во случај да има магла на охрискиот и скопскиот аеродром
![]() |
||
![]() |
||
accipiter82 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Абе аеродром за секое место во Македонија - што побргу да побегниме
![]() |
||
http://energetskaefikasnost.info
|
||
![]() |
||
Faciste ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 27-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Да не знае некој да ми каже како да се информирам околу автобускиот превоз до аеродромот, никаде неможам да најдам и да откријам кога трга, од каде трга итн итн а ми е потребно.
Ќе ви бидам многу благодарен. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 8485868788 124> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |