![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 63> |
Author | |
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Напредува конзервацијата на црквата „Свети Никола“ во охридското село Косел
Охрид, 15. мај 2013 (ИНПРЕС) извор: Супер радио фото: Супер радио Конзервацијата на фреско живописот и архитектурата на црквата „Свети Никола“ во село Косел годинава е во шеста фаза, јавува охридското Супер радио. Во првата година од реализацијата на проектот за оваа црква, се заврши со конзервација на архитектурата, а останатите години интензивно и етапно се работи на конзервацијата на вредниот фрескоживопис, информираат од НУ Завод и музеј Охрид. Конзервацијата опфаќа повеќе активности. Сликата од пред почетокот на проектот за нејзина заштита и она што е постигнато до ден денес, е многу различна. Освен интервенцијата на самата црква, уредување имало и на просторот, бидејќи директно влијаел за запуштената состојба. - Претежно се работи во олтарниот простор. Црквата беше целосно распадната и имаше опасност да дојде и до нејзино целосно рушење. Меѓутоа сега состојбата е сосема поинаква, црквата статички се зајакна. Архитектонски комплетно се среди, направено е целосно препокривање, фугирање на отпадните делови, расчистување на околината, на просторот, објаснува директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали - Бунташеска. Исто така, отстранета е земјата, која долги години пристискала на ѕидните маси и полека како да ја затрупувала црквата. Продолжуваат активностите со конзервацијата на фрескоживописот во внатрешноста на црквата. Конзервацијата се изведува под раководство на советник конзерватор Ленче Мојсоска, а на објектот работат конзерватори од Белград. Црквата „Свети Никола“ датира од 15-от век. Во Охрид и околните села има повеќе цркви кои го носат името на светецот Никола, но оваа во селото Косел има специфична архитектура и други карактеристики, по која е препознатлива. Поседува мали димензии и со својот облик е сродна на повеќе рустично ѕидани и грубо малтерисани споменици од 15-от век од околината на Охрид. Токму поради димензиите е особено интересна за посетителите, но и самите жители, кои раскажуваат дека за да се влезе во внатрешноста, верникот треба целосно да се наведне пред портата. Портата, пак, која е оригинално зачувана, е со резе, какво со векови не се произведува. И покрај посебноста на оваа црква, таа многу не е застапена во промотивните материјали за туристичките места во Охрид. Освен познавачите на културните споменици во Македонија, обичните туристи не знаат за неа. - Претежно се интересираат стручните лица кои знаат дека постои црквата. Случајни минувачи не се обратиле до нас како институција да се заинтересираат за црквата. Но ние, како еден од највредните споменици на културата, должни сме да го заштитиме, без разлика дали привлекува туристи, или не, додава директорката Паскали Бунташеска. Верниците во село Косел имаат убави спомени поврзани со оваа црква, а во последните години воопшто не ја користеле за богослужби и други обреди, поради стравот дека може да се сруши, или дека ненамерно ќе се направи некое несакано оштетување. „Света Троица“, „Рожденство Христово“, „Сретението“, „Кршевањето и Воскресението Лазарево“, се само дел од фреските кои се среќаваат во оваа црква. Постојат записи дека фреските ги извел ист уметник кој во 1487/8 година ја украсил внатрешноста на храмот „Свети Димитрија“ кај Бобошево - Бугарија. (Крај) http://www.inpress.com.mk/default.asp?ItemID=ED5ACA560EEFE643A302D2C579FA103D |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
03.06.2013 - Прилеп после сто години доби нов свет храм - „Св. Константин и Елена“
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
За архива
![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Браво за сликава. Мислам дека досега не сум видел фотографија од изградбата на оваа црква.
|
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Коа сме веќе кај соборната ,дали некој знае што се прави на соборната ?
Односно зашто од двете страни покрај главниот влез во црквата беше ископано и направени темели за армирано бетонско платно и сега се армира ? |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Копаничари од Пробиштип ќе го изработат иконостасот во новата црква во штипско Ново Село
» четврток, 04 јули 2013 15:21 � Мајсторите на тајфата од Пустец привршуваат со градбата на новата црква „Покров на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село. Деновиве се работи на куполата, а веќе се знае кој ќе го изработи иконостасот и иконите, кои ќе бидат поставени во новоизградениот храм. Останува уште да се договори изработката на фреските. -„Иконостасот е порачан и ќе го изработат мајстори - копаничари од Пробиштип, Слободан и Зоран Моневски. Иконите за иконостасот ќе ги цртаат монахињите од манастирот Св. Богородица - Елеуса од Вељуса - вели Добрица Јанев, старешина на црквата Света Богородица. Од Брегалничката епархија се надеваат дека црквата ќе биде осветена оваа година во октомври. Црквата се гради скоро една година, со донација на штипскиот бизнисмен Сашко Миладинов. Се гради од камен, а според архитектонскиот изглед совршено ќе се вклопи во старата архитектура на Ново Село. По цели два века, лани во штипско беа удрени темели на новата црква, на локацијата каде порано се наоѓаше верскиот објект, во кој се собираа верниците на празникот - „Покровита Богородица“. http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/7702-2013-07-04-13-27-35 |
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Немам ништо против... но, која е потребата од толку нови верски храмови низ Мк? Стварно не можам да разберам, никаде не сум видел (надвор од Балканот) новоизградени цркви...
|
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
За кога ќе банкротираме, пропаднеме, се поделиме да има каде да се молиш. Друго и така нема што да правиш тогаш.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Ахахахах! ![]() Па добро, им текнало ондак... Со забрзано темпо ги градат, близу сме до поаскуваната цел. |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Почна изградбата на нов православен храм во БеровоДенеска започна изградбата на нов православен храм посветен на „Свети Гаврил Епископ Велички Светогорец Македонски“ во месноста Црвен брег кај Берово. Камен-темелникот на црквата го положи амбасадорот на Руската федерација во Република Македонија Шчербак Олег Николаевич, а го освети и градбата ја благослови неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македоснки г.г. Стефан. Притоа поглаварот на МПЦ-ОА истакна дека треба да се чуваат и негуваат традициите на македоскиот народ, а особено да се негува традицијата на многудетни семејства, кои ќе бидат идните носители на животот во државата и црквата македонска. Гостите и присустните на настанот од името на градот домаќин ги поздрави градоначалникот на Берово Драги Наџински. На осветувањето на камен-темелникот на црквата присуствуваа илјадници беровчани, голем бврој туристи од земјава и станство, како и претставници на сите монашки сестринства и братства од повеќе манастири на МПЦ-ОА. http://regioni.mk/pocna-izgradbata-na-nov-pravoslaven-hram-vo-berovo/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Стани… Оди и осветли ме… Сите ме газите, а никој не ме отвора…“
Oвие зборови пред повеќе од осум години го разбудиле од сон сега покојниот ѕидар Тихомир Крстовски од село Туденце, општина Јегуновце, и му го осветлиле патот до пространо ритче на 900 метри од неговиот дом. Возбуден од мистериозниот глас, кој му порачал да копа под јасените, Крстовски останал вчудовиден кога на половина метар под трите стебла пронашол камени столпчиња, остатоци од некогашен православен храм ги пренесува неговите кажувања Република. - Стануваше рано затоа што се грижеше за добитокот. Тоа утро, паметам, беше седми февруари, прилегна да одмори некаде пред десет часот. Секогаш спиеше на долниот кат и не знам зошто токму тој ден прилегна на горниот дел во соба во која никогаш не одморал. По некое време стана возбуден, ги зеде лопатата и копачот и замина некаде. Кога се врати, вознемирен и возбуден ни објасни што пронашол – раскажува Илинка Крстовска, сопруга на Тихомир. Соселаните и најблиските му се придружиле на Крстовски во копањето и од под земјата таложена со векови, на ридот викан Бучало Црквиште, по многу години светлината на денот ја здогледал, во тој момент, неидентификуван црковен објект. Но, мистериозната приказна, која предизвикала морници кај жителите на дотогаш мирното и спокојно полошко село, не завршила тука. Три дена по откривањето на долго чуваната тајна закопана во подножјето на Жеден, мистериозниот глас повторно му се јавил на Тихомир на сон. - Легна во истата соба и повторно се разбуди возбуден. Рече, ми се јави истиот глас и ми рече „ти кажав каде сум, но не ти кажав кој сум… јас сум свети Ѓорѓија и така да ме викате…“ Од тој ден натаму, Тихомир постојано одеше на темелите на црквата на ридот. Не беше преголем верник, но не беше ниту неверник. Беше чесен, добар и кроток човек. Ги почитуваше религијата и верата, а по гласот на Ѓорѓија Победоносец и по откривањето на црквата, постојано размислуваше како да го возобнови заборавениот храм и да го послуша аманетот од сонот – објаснува Илинка. Храмот, кој го испитувале сите стручни домашни институции и специјалисти, се претпоставува дека потекнува од рановизантискиот период, меѓу третиот и шестиот век. Се наоѓа на излезот од селото Туденце по еден од старите патишта за Скопје, денес коњска патека. Селаните раскажуваат дека во минатото денешните полошки села биле под вода, а над храмот на свети Ѓорѓија, на патот за главниот град, се наоѓало селото Селиште, кое одамна заминало во историјата. Интересно е што не постои ниту еден пишан, ниту, пак кажан податок за постоењето на мистериозно откриената црква под Жеден. - Проверувавме во историски архив, во музејот во Тетово, како и во црковните книги и архиви и никаде не стои ништо запишано за постоењето на црквата што ја откри татко ми. Уште помистериозно е што никој од селаните во регионот не памети дека барем слушнал приказна за постоење на сличен објект на местото или во подножјето на Жеден – раскажува Душко Крстовски, син на Тихомир. Тој објаснува дека не е случајно што свети Ѓорѓија побарал да биде откриен по толку векови. Според Крстовски, на тој начин е спасен најстариот триконхален храм во Македонија. - Непосредно пред да се случи сонот, екипи на телефонскиот оператор Космофон беа дојдени и го обележуваа местото за поставување базна станица. И тие останаа со замрзнати погледи кога татко ми ја откри црквата. Веднаш ја преместија станицата подолу од местото и дури и донираа пари со кои беше направена конзервацијата на остатоците од темелите. Беа уплашени и ни рекоа „леле луѓе што ќе направевме“. Сите случувања околу оваа приказна на некој начин нѐ вознемирија и нас, па долго време беше одложуван почетокот на градбата, а едно време се преиспитувавме себеси дали воопшто да почнеме, затоа што наидувавме на пречки, кои ни зедоа многу години – раскажува Душко. Повеќе во Република http://republika.mk/?p=108419 |
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
Veles
![]() Prilep ![]() Vevchani ![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Прв пат слушам за овој Манастир ако некој бил нека сподели впечатоци , евентуално и фотографии. МАНАСТИРОТ СВ. ЃОРЃИ КАЈ НЕГОТИНО НАЈПОСЕТЕНА ДЕСТИНАЦИЈА НА КОРИДОРОТ 10 http://www.patokazmagazin.com.mk/arhiva/2012-2/juli-2014/item/манастирот-св-ѓорѓи-кај-неготино-најпосетена-дестинација-на-коридорот-10 Еве нешто и од википедија Манастир „Св. Ѓорѓи“ - Неготино http://mk.wikipedia.org/wiki/Манастир_„Св._Ѓорѓи“_-_Неготино Edited by kultuzin - 21-Aug-2013 at 13:09 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Почнува изградбата на нова црква во Скопје
![]() Во населбата Бутел во Скопје денеска ќе биде поставен и осветен камен темелник за изградба на црква посветена на Свети Јован Крстител. Црквата ќе се гради на местото на ракометното игралиште на некогашниот клуб „Бутел“, а ктитор е Мите Јовановски, сопственик на „Мак оил“. Според проектот, површината на црковниот објект е над 500 квадратни метри, а нејзиниот највисок дел ќе биде 25 метри. Ќе се изградат и помошни простории за крштевање. Заедно со нив таа ќе зафаќа вкупна површина од над 1.000 метри квадратни. Камбанаријата, пак, ќе биде висока 36 метри. Планирано е храмот да биде готов за четири години. http://skopjeinfo.mk/gradot/1479563328/pocnuva-izgradbata-na-nova-crkva-vo-skopje |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
Novo Selo, Shtip
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Џамија во Риека, Хрватска, неодамна пуштена во употреба. Би сакал да видам нешто слично во Македонија, а не оние грдосии што ги градат и што не личат на ништо, а некои дури и го нагрдуваат просторот околу себе.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Свети Никола, Катланово
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се работи на фасадата на црквата „Св Наум Охридски“ во Прилеп
![]() Во тек се градежните активности околу изградба на фасадата на црквата „Св Наум Охридски“ во Прилеп. Од иницијативниот одбор за изградба на оваа црква која е во непосредна близина на спортската сала „Македонија“ истакнале дека обложувањето на фасадата со украсен камен би требало да заврши до крајот на месец ноември. Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески за време на посетата на објектот истакнал дека изградбата на црквата е со поддршка на граѓаните и Општината. Оваа црква која започна да се гради минатата година е по барање на жителите од овој дел на градот. http://lokalno.mk/se-raboti-na-fasadata-na-crkvata-sv-naum-ohridski-vo-prilep/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2829303132 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |