![]() |
![]() |
![]() |
Верски објекти (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 63> |
Author | ||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Џоле,
татарите од Уфа си ја именуваат својата земја понекогаш и попросто, Република Башкирија. Верските објекти се многу симпатични. Треба да се земе во предвид дека верската одежда на овие луѓе е поприлично различна од онаа што сме ја гледале на овие простори. И поприлично се умерени во своите верски убедувања, имав можност да разговарам со една познаничка од таму пред месец и пол. Многу интересен народ. Убаво што ти текнало на вакви фотки ![]() Edited by BOJAN - 22-May-2014 at 16:56 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
Џамиите имаат најфлексибилна каноника во поглед на формата и архитектонскиот стил... кај нас се градат џамии во потрадиционален стил
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Ти изгледа не си видел евангилистички цркви, да видиш што е флексибилитет. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
|
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
св Пророк Илија - Аеродром
![]() |
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
Новата црква "Успение на Пресвета Богородица" - Маврово
![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Иако ми се допаѓа изгледот на црквата, не ми се допаѓа тоа што во последно време забележувам како да има тенденција во земјава да се градат цркви во стилови што не се својствени за ова поднебје.
|
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Кај мене е баш спротивното. Ми се допаѓа да видам новоизградени цркви и манастири со поинаков изглед кој скршнува од традиционалниот. Тоа што не ми се допаѓа е тоа што се мали и зафаќаат многу мал простор, исто како да сме повторно во турско време кога црквите не смееле да надминат одредена висина и задолжително морало да се симнуваат верниците кон влезот на црквата, наместо да се качуваат. |
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Dexter26, тоа што Џоле сакаше да го каже е дека му наликува на руска црква, а не на македонска. Истотака, би сакал да се сложам со тебе во делот во кој што велиш дека треба да има нови стилови кои скршнуваат од традиционалното. Таков беше предлогот за црквата во Аеродром (таа стаклено-бетонската, ако најдам слика ќе ја прикачам), а горе-долу таква ќе биде и новата св.Константин и Елена до Домот на АРМ, приметив дека има интересна нетрадиционална фасада. Но, превземање на стил што очигледно не е од нашето поднебје непогрешливо ме потсеќа на новите џамии кои се градат во некаков саудиски стил наместо традиционалниот византиско-отомански.
|
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
|
Фала Makedonij, токму на таа црква мислев. Требаше да ја изградат таму каде што сега е паркчето и споменикот на Јане Сандански.
Она што го зборев за новата црква кај Дом на АРМ, еве го и поткрепено со слика (се надевам имате умствена способност да ја „продолжите“ фасадата нагоре): ![]() |
||
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Со ова не се согласувам, големината на македонските цркви не е физичка туку духовна. Неколку пати сум се сретнал со католички поови од Хрватска кои се воодушевени токму од духовноста на нашите цркви. Она што им дава монументалност е нивната позиционираност. Како на пример Јован Канео, толку мало црквиче но на такво место што му дава неверојатна големина. Исто е и со безбројните манастири низ државата. |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Што се однесува до цркви со модерна архитектура тоа не го подржувам во целост. Затоа што македонската православна црква не е од вчера туку има корени, канони и строги правила како треба да се гради и кои форми треба да ги следат црквите. Не би сакал да се обезличи архитектурата по која се познати нашите цркви. Може да се додадат некој креативни фасадни или материајали но обликот на црквата мора да биде по веќе утврдените правила. Не би сакал да гледам православни цркви во Македонија кои личат на оние новокомпонираните цркви на разноразни новоформирани секти.
Минатата недела бев на венчавање во евангелистичка црква во Германија. Се осеќав како да сум во сала за концерт а не во некој религиозен објкт, тоа чуство не би сакал да го имам и во нашите цркви. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() мислам дека Декстер збори за практична големина на црквите, а не духовна или докажувачка... црквите треба да служат за собирни настани на народот и религиозни празнувања, а да запалиш свеќа и да се помолиш, можеш било каде и пак ќе ја има истата духовна тежина, а како капела може да послужи било каков објект... затоа е попрактично секоја доминантно христијанска населба да има свој централен храм соодветен на големината на населението и урбанистичките норми, изградена соодветно на потребите и барањата на тоа население (затоа што сепак се гради за нив) строго сум против тоа безвезно да се расфрлаат параклиси насекаде од тој аспект што се однесува до стилот, канониката се состои во формата и позицијата на објектот и цртањето на икони и фрески, нивна позиција, олтар и т.н... за се друго, нема правило причината поради која повеќе ги почитуваш и ги чувствуваш старите цркви и манастири е поради нивната историја и уметност... каменот и циглата немаат никаква улога во тоа а и навистина е нелогично да се зборува за традиционален стил, затоа што во Македонија постојат многу стилови низ историјата... дури и византискиот стил кој кај нас најмногу се почитува, има свои најразни варијации и тоа е видливо и на око... ако бараме традиција во македонија, таа се содржи во фреските, иконите и резбите, кои немаат допирни точки со надворешниот лик па зошто не би оставиле и ние белег во историјата со современи стилови, онака како што оставиле сите пред нас? експлоатацијата на византискиот стил (кој е крајно пластичен во новоизградените цркви) повеќе ми личи на плагијатура и кич, отколку на одржување на традиција |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Манастирот во Зрзе... Се градат конаци
![]() ![]() ![]() ![]() фотографиите се преземени од фејсбук страницата на Управа за заштита на културното наследство Edited by Џоле - 02-Jun-2014 at 07:06 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Поставен мермерниот иконостас во црквата „Св.Константин и Елена“
Во пресрет на утрешниот верски празник во истоимената ново изградена црква „Св.Константин и Елена “ се постави новиот иконостас со димензии 6 на 3 метри изработен од бел мермер кој е донација од верниците. Овој верски храм кој се наоѓа во У.З. Аличаир минатата година на храмовиот празник беше осветен, а оваа година во чест на утрешниот празник ќе се одржи боженствена литургија. Градоначалникот Ристески честитајќи им го именденот на славениците истакна дека наскоро се очекува во Општина Прилеп да започне изградбата на уште неколку помали црковни храмови во населбите Сточен Пазар, Жабино маало, Тризла и Марино маало. Воедно во месноста „Песјобрце“ во близина на Градската Капелата ќе се гради и црквата „Св. Тројца“ која ќе служи само за погребни обреди. ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.prilep.gov.mk/news/mk/postaven-mermerniot-ikonostas-vo-crkvata-svkonstantin-i-elena/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Се истражуваат пештерната црква и монашката населба во Зрзе
Почнаа истражувања на локалитетот „Св. Преображение“-Зрзе за да се добијат продлабочени познавања за значењето, хронологијата и програмските решенија на фрескодекорацијата на пештерната црква и на параклисот во монашката населба. Истражувањата се вршат со поддршка од Министерството за култура и на Институтот за старословенска култура од Прилеп. Предвидени се документирање и хемиска анализа на малтерот и на сликарските бои врз фрагментите од фрескодекорацијата, по што ќе биде направена компаративна анализа со сликарството од манастирската црква „Св. Преображение“ и мирската црква „Св. Никола“. На овој начин ќе се создадат услови да се определи хронологијата на сликарството, да се утврди неговото потекло, по што ќе се направат графичка и дигитална реконструкција на дел од програмата на живописот на пештерната црква и на параклисот. - Со ваквите истражувања ќе се понудат продлабочени познавања за животот, карактерот и за другите аспекти на монашката населба и на културниот комплекс „Св. Преображение“-Зрзе, а преку хемиските анализи и конкретните идејни решенија ќе се овозможат конзервација, реставрација и презентација на овие фрагменти како следен чекор за нивна заштита - велат од Министерството за култура. Вовлечен во планинските пазуви во северниот агол на висорамнината Пелагонија се наоѓа прастариот силен планински извор над селото Зрзе. Уште од раноантичките дамнини ова место било оградено со силен одбранбен ѕид. Првите истражувања открија силен културен хоризонт од хеленистичко време, монети, теракотна статуетка. Вториот културен хоризонт веќе ѝ припаѓа на доцната антика. Врз хеленистичкиот ѕид бил подигнат уште посилен малтерен одбранбен ѕид. Во непосредна близина, околу 100 метри северно на малото плато, била подигната ранохристијанска базилика. Во средниот век ова место станува величествен црковен центар и значаен свет за монасите-пустиножители. - Токму поради сите овие комплексни вредности, археолошкиот комплекс Зрзе е третиран во рамките на владините капитални проекти, со идеја да се истражи и афирмира како една од врвните културни туристички и археолошки атракции во Македонија - велат од Управата за заштита на културното наследство http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=63141128214&id=16&setIzdanie=23190 |
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Конзервација на црквата „Св. Никола“ во сeло Манастир
Објавено: 13:07, 03/06/2014 Прегледано: 27 пати. sv-nikola-manastir Со поддршка од Министерството за култура продолжува конзервацијата и санацијата на црквата „Св.Никола“ во село Манастир, Мариово, која е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период. - Заради адекватна заштита и презентација на овој значаен споменик на културата од 11 до 13 век, стручните екипи на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп во изминатиот период изработија опсежна студија за конзерваторско-реставраторските зафати на фрескоживописот и за архитектурата на објектот. Во рамките на заштитата интензивно се работи на конзервација на фрескоживописот, како и на конструктивна консолидација на темелите при што ќе се извршат и археолошки истражувања на црквата „Св. Никола“, соопшти денеска Министерството за култура. Црквата „Св. Никола“ во селото Манастир е подигната во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Според архитектурата, претставува трикорабна базилика и е еден од најзначајните споменици на културата од византискиот период кој содржи извонредни фрески, какви што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Ваквиот тип сликарство, како што истакнуваат од Министерството за култура, кој е многу редок, е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид. Според археолозите, историјата на манастирот се дели на две етапи. Во првата е конституиран монашкиот живот, а во втората од крајот на 14 и почеток на 15 век, манастирот прераснал во развиен цивилизациски, економски, културен и духовен центар на Мариово. http://a1on.mk/wordpress/archives/339794 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Предворјето на Свети Наум, Охридско
![]() ohridpress.com Edited by Џоле - 03-Jun-2014 at 16:36 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 63> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |