![]() |
![]() |
![]() |
Скупи |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Author | ||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() Posted: 10-Jan-2010 at 11:09 |
|||||||
Почетоците на римскиот град Скупи се поврзани со римската војска,
односно стационирањето на 5-тата Македонска и 4-тата Скитска легија на
теронот на новосвоената Дарданија во времето на Тибериј
(14 г. п.н.е.-37 г. н.е.), веројатно во 13-11 год. пр. н.е.
Поинтензивна колонизација и урбанизација на градот веројатно се случила
после 15-та год. од н.е., по формирањето на провинцијата Мезија
Според положбата, големината, четвртестата основа, маркантните
фортификациски елементи и др. постои голема веројатност дека градот се
развил од легиски логор (каструм). Во време на царот Домицијан (84-85год.) Стоби добил статус на колонија и неговото полно име било Colonia Flavia Scupiorum
и во него биле сместени дедуцираните ветерани од 7-та Клавдиева легија.
Во градот имало и домашни староседелци со пајонско и дарданско потекло.........
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Гробници ![]() ![]() Театар ![]() ![]() Катедрала-базилика ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Инфо: http://users.stlcc.edu/mfuller/scupi.html http://www.mymacedonia.net/gradovi/skupi.htm Edited by Makedonij - 10-Jan-2010 at 11:10 |
||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||
![]() |
||||||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
|||||||
Убаво ти текна да пуштиш за скупи , ја одамна планирам да отидам да фоткам нешто натаму ,само жалам за овој голем споменик на културата досега скоро ништо не е направено, само на некој начин го откопаа да не кажам го ограбија, од него добиват пари,а на него ништо не се вложува. Слушнав дека имаше донација од италија за скупи ако има некој информации дали тие средства се примениле некаде низ Скупи или не.
Сепак тоа било голем град во тогашно време, се секавам дедоми имаше нива низ овие предели , он често кажуваше дека секој пат кога орал нивата испагале некакви цигли и големи блокови камења ,значи овој дел го зафака и тој убавиот дел од злокукани. |
||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
||||||||
![]() |
||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||
Римски квартови се откриваат на Скупи КАТЕРИНА БОГОЕВА
![]()
Во центарот на стариот
град се истражува инфраструктурата на улицата Кардо и на попречните
улици
Пријатно е и деновиве да се појде на археолошкиот локалитет Скупи и
да се види како древниот град продолжува да се открива, да ги покажува
своите улици. Иако температурите на воздухот се високи, сепак
археолозите од Музејот на град Скопје, работат на терен веќе десеттина
дена, реализирајќи два проекти, за кои добија 500 илјади денари од
Министерството за култура и Град Скопје. До крајот на јуни, во
централното градско подрачје ќе се истражува инфраструктурата на улицата
Кардо и две, на неа попречни улици- декумани. Во текот на септември и
октомври, ќе се истражува западната некропола на Скупи.
„Во текот на оваа година продолживме со истражување на една од
главните улици, наречена Кардо, откриена во минатите години, долга околу
150 метра. Структурата на римските градови, урбанистичката мрежа обично
има еден првоаголен систем во кој, прво се поставуваат две главни
улици, кардо - максимус и кардо - декуманус, поставени под прав агол.
Паралелно на нив се поставуваат помошни улици, кои формираат градски
квартови. Скупи не е исклучок, но ние сеуште не можеме да кажеме дали
овој римски град има некоја специфика, затоа што, само врз основа на
аналогии претпоставуваме каде би се наоѓал неговиот форум. Токму од тие
причини, со својата местоположба, не' изненадуваат улиците кои сега ги
откривме и димензиите на квартовите. Сега имаме реални димензии на
квартовите, според добиените резултати на теренот.
Годинава се откри уште една попречна улица на улицата Кардо, која од
неа е оддалечена околу 65 метра, така што сега ја знаеме должината на
еден од градските квартови кој се протегал во правец исток- запад. Би
требало понатаму да се открие уште една улица, со што би се дефинирал
еден цел градски кварт и објектите што се наоѓале во него. Ние го знаеме
кореиумот и градската бања, но очекуваме да се појават и други објекти“
- вели раководителката на истражувањата, археологот, виш кустос Ленче
Јовановска, која не е задоволна од динамиката со која се открива градот,
и потенцира дека главна причина за тоа се малите финансиски средства.
Улицата Кардо како улицата во Ефес ![]()
Според Јовановска за да се истражи еден римски град со големина на
Скупи, треба да поминат низа години за да се дефинира само еден објект.
„Со финансиските средства кои ги добиваме може да дефинирате само еден до два ѕида, во текот на истражувањата. Од тие причини, и поради тоа што конзервацијата доцни зад ископувањата, ориентирани сме кон дефинирање на стратиграфијата и инфраструктурата на уличната мрежа и користиме сондажно истражување, по кое земјата се враќа назад. Сакаме да ја додефинираме и доистражиме улицата Кардо, за да може идната година таа и да се конзервира. Тоа е улица со импозантни димензии, со широчина од осум и пол метри и западен и источен тротоар со димензија од два и пол до три метри, со колонада која ги дели тротоарите од улицата. Ги имаме сите елементи за реконструкција и тоа дури во две фази. Кога би се реконструирала во должина од 150 метри, може да биде и поатрактивна и поубава од улицата во Ефес, на кој сите и се воодушевуваат. Таква улица може да добиеме за неколку години“ - вели археологот Ленче Јовановска. Атрактивноста на Скупи ![]() Скупи е навистина атрактивен локалитет. Додека се очекуваат одобрените средства од италијанската влада со кои истиот треба да се уреди за културен туризам, неговиот сегашен пријатен амбиент го прават и зелената трева, насадените цвеќиња, уредените бараки, што е реткост на археолошките локалитети во Македонија. Атрактивноста лежи во неговвата површина и напластената историја. Во обѕидието има 43 хектари, но поради малиот обем на истражувачките работи на Скупи, досега археолозите отвориле, само 2- 3% од просторот, датиран од 4-6 век. „Од 1- 4 век имаме откриено само нешто малку од театарот, значи ниту еден процент од тој период“ - потенцира Јовановска, која, во оваа прилика, го истакна и задоволството од покажаниот интерес на британската група археолози, кои пролетва држеа семинар во Скопје, а од сите локалитети во земјава, го одбраа Скупи за есенва на него да реализираат пилот - проект, кој подразбира површинско истражување на теренот со геомагнетни сонди за лоцирање и утврдување на обзидието на градот и евентуално лоцирање на објекти во него. Се очекува тоа да овозможи во иднина, британските археолози во соработка со Музејот на град Скопје да реализираат и заеднички истражувања. |
||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||
![]() |
||||||||
gorco ![]() Senior Member ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 22-Oct-2009 Online Status: Offline Posts: 642 |
![]() ![]() |
|||||||
Еве неколку и од мене. Штета што е целиот комплекс под клуч и не може да се влезе во секое време, исто и што е неистражен доволно.
![]() http://www.panoramio.com/photo/37773164 ![]() http://www.panoramio.com/photo/37773547 ![]() http://www.panoramio.com/photo/37773565 ![]() http://www.panoramio.com/photo/37773534 ![]() http://www.panoramio.com/photo/37773542 |
||||||||
![]() |
||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||
|
||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||
![]() |
||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|||||||
Архитектонскиот водич на Скопје
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2281110604&id=14&prilog=0&setIzdanie=22218 |
||||||||
![]() |
||||||||
spaceman091 ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 516 |
![]() ![]() |
|||||||
me interesira dali seuste na ovoj lokalitet se istrazuva?
btw. kade moze da se kupi ovoj arhitetonski vodic na skopje ? |
||||||||
![]() |
||||||||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|||||||
Makedonij, ќе можеш ли подетално да ги објасниш објектите на фотографиите?
|
||||||||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||||||||
![]() |
||||||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|||||||
![]() |
||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||
![]() ![]() ![]() http://www.flickr.com/photos/30157446@N03/2825053597/in/photostream/ |
||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||
![]() |
||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||
Skup - skupaj(slovenski) - zaedno Skopinorum - skupina(slovenski) - grupa-zaednica Skopje - s' kopje - so kopje (poradi toa šo osvojen bil so kopja - sarisi |
||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||
![]() |
||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||||||
A DAY WITH MACEDONIAN ARCHAEOLOGY – ROMAN THEATER IN SCUPI
The impressive dimensions of this monumental architectural structure make it the largest surviving roman theater on the territory of R. Macedonia. The theater is built during the reign of Hadrian, in the first half of the second century AD. Photos of this year excavations of the Roman Theater in the ancient town of Scupi, (Skopje, R. Macedonia) Project Manager – PhD. Antonio Jakimovski Two seats from the theater ![]() Corridor ![]() Panoramic view of the Theater ![]() The theater building ![]() View of the theater ![]() http://www.dayofarchaeology.com/a-day-with-macedonian-archaeology-roman-theater-in-scupi-photos/ |
||||||||
За сè има вторпат
|
||||||||
![]() |
||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||||||
![]() ![]() ![]() |
||||||||
За сè има вторпат
|
||||||||
![]() |
||||||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||||||
![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||
За сè има вторпат
|
||||||||
![]() |
||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|||||||
Римскиот театар на локалитетот Скупи обновен до 2017 годинаЌе бидат обновени сценската зграда и околу 10.000 седишта во гледалиштето, со што локалитетот ќе биде осособен за културни манифестации. На терен интензивно се работи под директна надлежност на Музеј на Град Скопје и, според планот, оваа година треба целосно да се истражи амфитеатарот и сценската зграда, кои потоа ќе се реставрираат. Во ископувањата се најдени гробови и значајни наоди Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го посетија локалитетот, кој е пранаселба на денешниот главен град. Задоволни се од активностите од овој капитален проект на Владата на РМ. - Римскиот театар беше покриен од големи наноси на земја и истражувањето беше многу сложено. Резултатите се огромни и видливи и, според динамиката и додека дозволуваат временските услови, оваа година ќе се заврши целокупното истражување на Римскиот театар. Интензивно се работеше и на сценската зграда на театарот и во септември ќе се изработи проект за нејзина конзервација, рече Канческа-Милевска. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски денеска го посетија локалитетот, кој е пранаселба на денешниот главен град. Задоволни се од активностите од овој капитален проект на Владата на РМ. - Римскиот театар беше покриен од големи наноси на земја и истражувањето беше многу сложено. Резултатите се огромни и видливи и, според динамиката и додека дозволуваат временските услови, оваа година ќе се заврши целокупното истражување на Римскиот театар. Интензивно се работеше и на сценската зграда на театарот и во септември ќе се изработи проект за нејзина конзервација, рече Канческа-Милевска. Скупи е прогласен за споменик на културата и е под надлежност на Музеј на Град Скопје. Директорката на установата Љубица Кондијанова информираше дека се очекува потешко да оди реставрацијата и конзервацијата на гледалиштето, затоа што од автентичните седишта од вториот век зачувани се само две. Тие ќе послужат како примероци кој камен е најсоодветно да се употреби при реконструкцијата. - Двете седишта се зачувани благодарение на тоа што биле паднати во еден од коридорите, покриени со доста земја. Според наши сознанија, а тоа треба да се потврди, целиот тој материјал е однесен на Скопското кале, каде што се пронајдени исти такви камења. Анализите ќе покажат од кое место е носен каменот овде, и од таму ќе се потрудиме што поавтентично да биде прикажан театарот, а потоа и целиот локалитет. Тоа е и главна цел на нас како археолози, конзерватори и реставратори, истакна Кондијанова. Покрај истражувањето на објектите на локалитетот, најдени се и артефакти од неколку периоди. Предметите се конзервираат паралелно со истражувањата на терен. При ископувањата се најдени интересни и значајни наоди. Меѓу нив би ги издвоил праисториските наоди на два гроба од железно време, потоа над 50 гробови од средновековниот период, датирани со монети, над три и пол илјади предмети кои ги инвентариравме, кои се конзервирани и чекаат да бидат изложени пред јавноста, рече Антонио Јакимовски, раководител на истражувањата на Скупи. Градоначалникот Коце Трајановски се заблагодари на Владата и Министерството за култура што го финансираат истражувањето на Скупи. - Задоволство ќе биде во првата половина на 2017 година да ги имаме првите културни настани овде, во амфитеатарот Скупи. Се наоѓаме на огништето на старото Скопје и затоа Скупи е од огромна важност за историјата на градот Скопје, од каде потекнуваме и од каде градот почнал да се развива. Тоа ќе придонесе и за поголема културна афирмација на Скопје, рече Трајановски. http://cooltura.mk/?p=53162 |
||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||||||||
![]() |
||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||
Скупи исфрли на виделина 5.000 артефакти и 2.000 монети
![]() Објектот зафаќал површина од 22.500 квадратни метри собирал меѓу 8 и 10 илјади гледачи. Во римско време Скупи бил главен град на ова подрачје и имал статус на колонија. Театарот бил изграден околу 125 година во чест на римскиот император Хадријан кој во тоа време поминувал низ овие простори Археолозите привршуваат со истражувањата на античкиот театар во Скупи, една од капиталните инвестиции во чии рамки се извојуваат повеќе пари од вообичаено за истражување на одреден археолошки локалитет. До средината на идниот месец се планира сосема да биде истражен театарот, кој според својата големина бил најголемата античка градба, од првите векови од новата ера на денешна Македонија. Според раководителот на ископувањата, Антонио Јакимовски од катедрата за историја на уметност и археологија при Универзитетот „Св. Kирил и Методиј“, во моментот ја работат последната, третата фаза од истражувањата, која подразбира целосно истражување на театарот. Според предвидената динамика, целосно ќе го истражиме театарот до средината на април. Досега целосно е откриен театарот, фазите на негова изградба, како функционирал театарот и кога завршила неговата функцијата. Откриени се голем број културни слоеви, градби и археолошки предмети. Регистрирани се неколку фази на живеење на овој простор. Најраните траги се од железното време, 8-7 век пред новата ера. Од овој период пронајдовме два гроба, кои биле делумно уништени со подоцнежната изградба на театарот. Следуваат слоевите од доцноантичкиот период. Тоа е времето откако завршило функционирањето на театарот, кон крајот на 4 век. Тогаш на овој простор е изградена населба, која во неколку фази трае до 6 век. Потоа следува хијатус, по кој во средниот век имаме населбинско живеење и некропола со околу 70 гроба - објаснува Јакимовски.Најголем антички театарНа територијата на денешна Македонија досега се пронајдени четири антички театри - во Скупи, Стоби кај Градско, Хераклеја Линкестис кај Битола и во Варош, Охрид. Најголем и досега најмалку истражен беше тој во Скупи. Според археолозите, објектот зафаќал површина од 22.500 квадратни метри собирал меѓу 8 и 10 илјади гледачи. Во римско време Скупи бил главен град на ова подрачје и имал статус на колонија. Театарот бил изграден околу 125 година во чест на римскиот император Хадријан, кој во тоа време поминувал низ овие простори.Јакимовски вели дека од почетокот на истражувањата во 2013 досега пронашле и инвентарирале околу 5.000 артефакти од камен, стакло, метал, керамика и коска и околу 2.000 монети. Откако ќе завршат ископувањата, најрепрезентативните предмети ќе бидат изложени пред пошироката јавност. Највредниот момент во овие истражувања е самиот театар со својата импозантна архитектура. Kако најексклузивни и научно највредни наоди би ги издвоил предметите од железното време. Освен за раното живеење на овој простор, тие зборуваат за етничката припадност на овие покојници - вели Јакимовски.Театарот во Скупи парцијално е истражуван во повеќе наврати, но со овој проект наречен „Антички театар Скупи 2013-2017 година“ планирано е да се спроведе целосно истражување, реставрација, конзервација и презентација и да биде пуштен во употреба. Потврда за културното богатствоСпоред Јакимовски, во изминатите две години целосно археолошки е истражен објектот, направен е проектот за конзервација на театарската зграда и наскоро треба да почне нејзината конзервација. Во моментот се прави документацијата за гледалиштето, по што ќе биде изработен проектот за реконструкција и конзервација на овој дел од објектот. Според планот, конзервацијата на театарската зграда и реставрацијата и конзервацијата на гледалиштето треба да биде готова до крајот на идната година. Тогаш театарот треба да биде пуштен во јавна употреба. Освен што ќе биде потврда за нашето огромно културно наследство, овој грандиозен објект ќе го привлече вниманието на многу туристи и љубители на археологијата. Секако ќе понуди богата културна програма и разни манифестации кои би можеле да се организираат во театарот во Скупи - вели Јакимовски.Од Министерството за култура велат дека со целосното истражување, заштита, конзервација, реставрација, реконструкција и презентација на античкиот театар во Скупи, овој археолошки локалитет ќе добие значајна содржина кој ќе го зголеми бројот на туристите. Паралелно со истражувањата се спроведуваат и конзерваторско-реставраторски работи. Проектот за конзервацијата на сценската зграда е изработен и се наоѓа на стручна комисиска проверка. Откако проектот ќе биде одобрен, Музејот на град Скопје ќе објави јавна набавка за негова реализација. Во меѓувреме во завршна фаза е изработката на комплетната техничка документација за гледалиштето. По изработката на идејниот и на основниот проект, ќе почне негова конзервација - велат од Министерството.Реконструкција според оригиналните блоковиМеѓу поважните откритија од театарот во Скупи лани беа и оригиналните камени блокови - седишта од гледалиштето. Беа пронајдени само две седишта, но и тие се доволни за да може да се направи реконструкција на останатите. Долги години домашните археолози сметаа дека седиштата и другиот градежен материјал од театарот биле однесени и вградени во скопското Kале. Во меѓувреме, треба да се направи анализа на каменот и да се одреди неговото потекло http://dnevnik.mk/?ItemID=A8DB13932871AE4B999346DE71F944AD |
||||||||
![]() |
||||||||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|||||||
ПРОНАЈДЕН АРТЕФАКТ
Ретка статуа од 2 век откриена на Скупи! 2 април 2015 - 15:17 Ова е навистина возбудливо. Тимот откри една некропола која засега содржи два-три гроба, најверојатно од 4-5 век кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна, врвна религија во Римското царство. Нас не интересира кои се овие христијани - дали се луѓе кои пострадале или се роднини на луѓето кои пострадале во оркестрата. Во доцната антика, во текот на 3-ти и 4 век, христијаните биле жртвувани во театрите, изјави директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ ![]() Археолозите кои го истражуваат скопскиот локалитет Скупи вчера откриле редок артефакт од 2 век наша ера - статуа во облик на обезглавена женска фигура, со која е покриен гроб за кој се претпоставува дека е од доцната антика, 4-5 век. Статуата веројатно е донесена од друг локалитет, извадена како предмет од некој постар објект (сполија), подоцна реупотребена како покривен елемент - капак на саркофаг на гроб вкопан во оркестрата во Скупи. ![]() Таму е во тек трета фаза од истражувањето, кое треба да резултира со реконструкција на театарот и гледалиштето со 10.000 седишта, што се очекува да заврши во 2017 година. Локалитетот вчера го посетија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Управата за заштита на културното наследство Виктор Лилчиќ, кој рече дека сега ќе работат на откривање на подот на оркестрата, со што ќе завршат археолошките истражувања во Скупи. ![]() Ова е навистина возбудливо. Тимот откри една некропола која засега содржи два-три гроба, најверојатно од 4-5 век кога Теодосиј Втори го издигнал христијанството на ранг на главна, врвна религија во Римското царство. Нас не интересира кои се овие христијани - дали се луѓе кои пострадале или се роднини на луѓето кои пострадале во оркестрата. Во доцната антика, во текот на 3-ти и 4 век, христијаните биле жртвувани во театрите, изјави Лилчиќ. Тој очекува да бидат откриени и други делови од пронајдената конструкција. - Главно, тоа е бел, ситнозрнест мермер од некое ателје, можеби од скулпторска работилница која работела тука, во Скупи, или во познатата скулпторска работилница во Стибера, на пример, па да е пренесен, додаде директорот на Управата за заштита на културното наследство. ![]() Министерката Канческа-Милевска, пак, информираше дека се се одвива според планираната динамика - целосно е завршено истражувањето на сценската зграда, на гледалиштето, а во тек е истражувањето на оркестрата. Се подготвува тендерската документација за избор на фирма која ќе продолжи со целосна конзервација на сценската зграда. Тендерот е планирано да се објави до крајот на април и веднаш започнуваме со реконструкција и конзервација на сценската зграда. Гледалиштето е истражено и до крај на јуни треба да се изготви и проектот за него за да се пристапи кон тендер. Во оркестрата, како што видовме денеска, има богати наоди. Тука се откриени уште неколку гробови, што претпоставува дека се очекува да се открие некропола од 4-5 век наша ера. Ќе видиме како ќе тече динамиката откако ќе ги избереме фирмите и ако таа се запази - во 2017-та можеме да го отвориме за јавноста театарот во овој локалитет кој е најголем кај нас, изјави Канческа-Милевска. http://vecer.mk/kultura/retka-statua-od-2-vek-otkriena-na-skupi-0 |
||||||||
![]() |
||||||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||||||
Рендер за театарот
![]() |
||||||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||||||
![]() |
||||||||
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
|||||||
Конечно добра локација за концертите на Аца Лукас и ко.
![]() |
||||||||
![]() |
||||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|||||||
пак ќе се прави „реконструкција“ на база на препоставки... ок
значи некој ни колосеумот во Рим го нема целосно реконструирано поради најосновна почит спрема неговата оригиналност, а ние го правиме ова... |
||||||||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page 123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |