![]() |
![]() |
![]() |
Општинска зграда Јегуновце |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() Posted: 11-Nov-2010 at 08:32 |
Изработен е проект за нова општинска зградаЗа потребите на седиштето на локалната самоуправа на Општина Јегуновце, Рударскиот институт – Инженеринг,Скопје изработи проект за административен објект – општинска зграда. Објектот е предвидено да биде изграден до новата амбуланта во општинскиот центар во Јегуновце. Истиот ќе биде со габарит 14.40 / 16.40 м и со вкупна бруто површина од 421м². Во приземјето ќе бидат сместени приемното одделение со центарот за информации, главна сала за состаноци како и едно од двете работни одделенија. На првиот кат ќе се наоѓаат канцалариите на градоначалникот со салата за состаноци, секретарот на општината и второто работно одделение со сите придружни простории.Одделениата на општината се концепирани како океански простории, каде што секој вработен има по 6 м² работна површина, додека раководителите се сместени во канцеларии кои се во дирекна врска со одделението. Изградбата на административен објект-општинска зграда ќе биде оправдана инвестиција бидејки локалната самоуправа на Општина Јегуновце во моментов е сместена во приватен објект за кој плаќа кирија. ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.inserver.info/jegunovce/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Започнаа градежните работи за изградба на нова општинска зграда
Среда, 21 Септември 2011 Јегуновце, 21септември 2011 – Започнаа градежните работи за изградба на нова општинска зграда, со изградбата на овој објект ќе се добие нов, современ и многу поголем простор за локалната самоуправа на Општина Јегуновце, со што ќе се реши долгогодишниот проблем со обезбедување на простор и услови за работа на општинската администрација. Проектот за административен објект – општинска зграда го изработи Рударскиот институт – Инженеринг, Скопје. Куќата на општината се гради на парцела од 1911 м² со вкупна бруто површина од 421м². Истиот е со габарит 14.40 / 16.40 м., лоциран наспроти новата амбуланта во општинскиот центар Јегуновце. Во приземјето се сместени приемното одделение со центарот за информации, главна сала за состаноци како и едно од двете работни одделенија. На првиот кат се наоѓаат канцалариите на градоначалникот со салата за состаноци, секретарот на општината и второто работно одделение со сите придружни простории. Одделениата на општината се концепирани како океански простории, каде што секој вработен има по 6 м² работна површина, додека раководителите се сместени во канцеларии кои се во дирекна врска со одделението. Архитектонски и урбанистички објект - општинска зграда во целост ќе се вклопи во духот на новата слика за општинскиот центар Јегуновце со сите останати објекти во непосредна близина. Рокот за извршување на градежните активности е 90 дена, а целокупната инвестиција на овој капитален објект изнесува 9.590.340,93 денари со вклучен ДДВ, средства се обезбедени од Буџетот на Општина Јегуновце. По претходна спроведена постапка за јавна набавка за најповолен понудувач е избрана фирмата Трговско друштво за производство, проектирање и инженеринг Вардарградба – Скопје. Изградбата на административен објект - општинска зграда ќе биде оправдана инвестиција бидејќи локалната самоуправа на Општина Јегуновце во моментов е сместена во приватен објект за кој плаќа кирија. http://inserver.info/jegunovce/index.php?option=com_content&view=article&id=284%3A2011-09-21-13-27-08&catid=37%3Arealiziraniproekti&Itemid=29 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Во центарот на Јегуновце привршува изградбата на нова
административна зграда наменета за службите и одделенијата на локалната
самоуправа
20.03.2012 Можностите за зголемување на ефикасноста во работењето и разрешувањето на комуналните и други проблеми во населените места претставува трајна определба и приоритетна задача на Општина Јегуновце. Проектот за изградба на регионален водоснабдителен систем преку чиј главен цевобвод дотечува чиста и здрава вода во 11 села, успешно е преточен во дело. Во тековните инвестициони зафати приоритетно место има разрешувањето на просторниот проблем на оваа оваа рурална општина која 15 години функционира во изнајмени простории. Во центарот на Јегуновце интензивирани се работите околу изградба на нова општинска зграда. Со овој најнов инвестиционен зафат не само што трајно и успешно ќе биде разрешен еден од најгорливите проблеми на Општиан јегуновце, туку ќе бидат заштедени и финансиски средства со целосното елиминирање на плаќањето закупнина. Изјави градоначалникот на Јегуновце, Тони Коцески. За конечната изградба на објектот ќе бидат инвестирани 9 милиони и 600 илјади денари, обезбедени од буџетот на Општѕина Јегуновце. Изградбата на овој административен објект претставаува оправдана и приоритетна инвестиција, затоа што Општина Јегуновце функционира во објект во приватна сопственост , чија закупнина ги товари трошоците на работењето. Изведувач на работите е трговското друштво за производство, проектирање и инженеринг Вардар градба од Скопје , кое понуди најповолни услови и најкус рок за изградба. Се очекува објектот целосно да биде изграден и предаден во употреба до почетокот на мај, годинава. http://www.kiss.com.mk/mak/novosti1.asp?id=14886 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Во завршна фаза е изградбата на нов административен објект – општинска зграда
Интензивно привршуваат завршните работи околу изградбата на новата административна зграда на Локалната самоуправа на Општина Јегуновце. Со изградбата на овој објект ќе се добие нов, современ и многу поголем простор на седиштето Општина Јегуновце, со што ќе се реши долгогодишниот проблем со обезбедување на простор и услови за работа на општинската администрација. Проектот за административен објект – општинска зграда го изработи Рударскиот институт – Инженеринг, Скопје. Куќата на општината се гради на парцела од 1911 м² со вкупна бруто површина од 421м². Истиот е со габарит 14.40 / 16.40 м., лоциран наспроти новата амбуланта во општинскиот центар Јегуновце. Во приземјето се сместени приемното одделение со центарот за информации, главна сала за состаноци како и едно од двете работни одделенија. На првиот кат се наоѓаат канцалариите на градоначалникот со салата за состаноци, секретарот на општината и второто работно одделение со сите придружни простории. Одделенијата на општината се концепирани како океански простории, каде што секој вработен има по 6 м² работна површина, додека раководителите се сместени во канцеларии кои се во дирекна врска со одделението. Архитектонски и урбанистички - општинска зграда во целост се вклопи во духот на новата слика за општинскиот центар Јегуновце со сите останати објекти во непосредна близина. Вкупната инвестиција на овој капитален објект изнесува 170.000 евра, средства обезбедени од Буџетот на Општина Јегуновце. Изведувач на работите е Трговско друштво за производство, проектирање и инженеринг Вардарградба – Скопје. Изградбата на административниот објект - општинска зграда е оправдана инвестиција бидејќи локалната самоуправа на Општина Јегуновце во моментов е сместена во приватен објект за кој плаќа кирија. ![]() ФАЗИ НА ИЗГРАДБА НА НОВА ОПШТИНСКА ЗГРАДА ![]() www.opstinajegunovce.gov.mk |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
Пуштена во употреба новата општинска зграда на ЈегуновцеНа 18 Декември (2012) во присуство на голем број на граѓани и гости на свечен и симболичен начин, на празникот на општина Јегуновце со пресекување на црвена лента беше пуштена во употреба новоизградената општинска зграда. Чинот на денешното пуштање во употреба на новоизградената општинска зграда на празникот на општина Јегуновце на 18 Декември, претставува значаен настан за сите граѓани од општината, бидејќи оваа зграда во иднина ќе претставува дом за сите граѓани од општина Јегуновце, дом во кој ќе се изработуваат и понатаму нови проекти, разрешуваат настанатите проблеми и дом во кој граѓаните ќе добијат подобри и поквалитетни услуги “, изјави градоначалникот Коцески. Поговорот на градоначалникот Коцески и официјалното пуштење во употреба на новоизградената општинска зграда, граѓаните ги разгледаа работните канцеларии на државните службеници кои во иднина треба да овозможат, навремена услуга кон граѓаните и унапредување на меѓусебната комуникација. Современата и модерна градба на општинска зграда, претставува една функционална целина која обединува цели одделенија на општината и се концепирани како океански простории, каде што секој вработен има по 6 м² работна површина, додека раководителите се сместени во канцеларии кои се во дирекна врска со одделението. Општинската зграда е со бруто површина од 421 метар квадратен, а целокупната инвестиција на овој капитален објект изнесува 9.590.340,93 денари со вклучен ДДВ, средства се обезбедени од Буџетот на општина Јегуновце. Новата општинска зграда е оправдана инвестиција бидејќи Локалната самоуправа на општина Јегуновце беше сместена во приватен објект за кој плаќаше кирија. http://regioni.mk/new_site/%D0%BF%D1%83%D1%88%D1%82%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D0%BF%D0%BE%D1%82%D1%80%D0%B5%D0%B1%D0%B0-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B0/ |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Стаклениов дел напред треба да даде чувство на ЈАПИзам и да сокрие дека се работи за обична селска управа во обична коцка. Мада, не знам што очекуваш... Јегуновце е, не е Ротердам.
![]() |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 755 |
![]() ![]() |
Таблата е преголема и непотребна, инаку за таква општина објектот не е убав но е сосема коректен.
|
|
![]() |
|
Newone ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 15-Oct-2015 Location: Male Online Status: Offline Posts: 33 |
![]() ![]() |
Можеле да ја нагласат хоризонталата на објектот, преку поставување на огледални прозорци со минимални рамки на местото на постојните со што ќе се воедначи визуелниот впечаток од централниот дел, или пак да поставеле метални жалузини(сонцобрани) по хоризонтала преку сегашниве прозорци.
И бојата, во најмала рака можела да биде црвена, кафена или жолта. За сега објектов е срам за секој Архитект и факултетот/тите кој им дава/ат дипломи на вакви лица. Edited by Newone - 27-Jan-2016 at 10:43 |
|
Архитектурата го отелотворува сонот на луѓето.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |