![]() |
![]() |
![]() |
Луна Парк - Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910> |
Author | ||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
|
Прашањето е дали е планиран паркинг за Луна Паркот или ќе биде опслужен со веќе постоечките во околината, бидејќи ако е планиран и паркинг претпоставувам дека тој би бил во непосредна негова близина, што значи зголемување на автомобилскиот сообраќајот и метеж внатре во Паркот, што значи зголемено загадување, бучава и пејзаж од гужва на паркирани автомобили околу Луна Паркот односно во внатрешноста на Градскиот парк, а не дај боже и сечење на дрва и асфалтирање на зелени површини со цел да се добие тоа во неговата внатрешност или непосредна околина! Инаку, Луна Паркот според мене е промашена инвестиција и комплетно непотребен, поготово сега, во оваа политичка, економска и социјална ситуацијата во која се наоѓа нашата држава, па и градот а и останатите градови во Мк! Луна Парк не треба да биде приоритет, исто како што не треба да биде приоритет ни Панорамско тркало. Има многу многу поважни работи сега во кои треба да бидат насочени инвестициите и вниманието на градот и државата. Edited by HugoGoulding - 23-Apr-2017 at 11:36 |
||
![]() |
||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
Јас ќе кажам нешто само... Не треба да го прават во парк, а треба да го изградат кај Аква паркот и СЦ Борис Трајковски, таму има широк простор... и искрено мило ќе ми биде кога ќе му залепат Луна парк на Тодоровиќ, фраерот на кој му текнало да изгради куќа (која во ДУП се води како викендица) во сред град што се вика...
Edited by FoSsiL - 23-Apr-2017 at 11:56 |
||
Македонија - Земја на чудата!
|
||
![]() |
||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
|
Насловот е претеран но текстот е реален. Еве на што мислев.
http://sdk.mk/index.php/uncategorized/noviot-luna-park-so-barok-ke-go-izede-gradski-park/ ЗА БАРОК ВО НОВИОТ ЛУНА ПАРК ЌЕ СЕ ИСЕЧАТ ПОЛА ОД ДРВЈАТА ВО ГРАДСКИ ПАРК Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот Коце Трајановски најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини. Новиот Луна парк ќе уништи дел од зеленилото во вториот дел од Градски парк, сегашните улички кои водат до него ќе ги претвори во сообраќајници и на голема врата ќе овозможи ширење на барокот дури и во паркот. Ова се накусо реакциите на скопјани откако вчера градоначалникот на Скопје Коце Трајановски првпат јавно го покажа планот за изгледот на новиот Луна парк.Од презентираните слики и видео снимки се гледа барокна влезна партија, 27 нови реквизити за кои треба да се преполоват сегашните дрвја, а градоначалникот најави дека во Луна паркот ќе бидат изградени ресторани, театар и административни објекти, но не покажа ново сообраќајно решение за пристап до сите овие содржини. Иако во паркот веќе е почната сечата на дрвјата, градоначалникот воопшто не даде објаснување за намалувањето на зеленилото но детално објасни дека ќе бидат поставени вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити и дека во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави. Градскиот парк во Скопје, кој е во строгиот центар на градот, е стар 200 години, и изминативе години е постојно на удар на градежната експанзија. Голем број граѓани и граѓански еко иницијативи реагираат дека градење нов Луна парк на сметка на зеленилото и среде центар е криминална катастрофа за град кој има голем проблем со загадувањето на воздухот. Ист така, повеќе граѓански иницијативи ја оспоруваат одлуката на градот да потроши 6,5 милиони евра за Луна парк, а има огормни и горливи нерешени инфраструктурни проблеми кои сериозно го загрозуваат квалитетот на живот. Новиот Луна парк ќе се гради по идеен проект изработен од „Билд урбан“ ДООЕЛ Скопје. Ќе го гради фирмата „Жикол“ одбрана на јавен оглас минатата година. „Жикол“ доби рок од 22 месеци за завршување на градежните работи за 1,6 милиони евра. Реквизитите ќе ги набават и ќе ги монтираат фирмите „Боминг Оливер“ и „Ивама трејд“ за вкупна цена од 130.485.698 денари со ДДВ, односно 2,1 милиони евра. За шест месеци треба да бидат монтирани првите седум реквизити во новиот забавен парк. Во текот на реконструкцијата, во интерес на безбедна и квалитетна изведба на градежните работи и инсталацијата на новите реквизити, од Град Скопје најавуваат дека останатите содржини нема да бидат во функција на надворешните корисници. Проектот кој вчера го презентираа градските власти не е прв проект за нов изглед на скопскиот Луна парк. Во 2011 шпанската фирма „Идом“ изработи два проекти, едниот предвидуваше нови содржини на сегашната локација од 25.000 квадратни метри и како поевтина варијанта претпоставка беше дека ќе чини 12 милиони евра и ќе има 40 детски реквизити, а вториот предлог бил да се гради на површина од 40.000 квадратни метри за што би биле потребни 18 милиони евра. Градот, во тој период, се одлучи за варијантата на поголема површина, но по неколку неуспешни меѓународни тендери за јавно-приватни партнерство, одлучи од сопствениот буџет да го обнови Луна паркот, а за тоа направи и нов проект, оној што вчера беше презентиран. Повеќе на горенаведениот линк. Edited by HugoGoulding - 23-Apr-2017 at 13:37 |
||
![]() |
||
maximus_001 ![]() Newbiе ![]() Joined: 22-Apr-2017 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Мислам дека посочениот новинар е поприлично политички обоен и претпоставува што би било кога би било. Фактите пак кои ги изнесува велат: луна паркот останува во постоечката ограда и нема дополнителни паркинзи ни други предвидени активности надвор од постоечката ограда. Ако е така, добро е. Се уште останува да видиме што ќе се прави. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Јас, пак, мислам дека Луна паркот е повеќе од потребен (не мора да остане на старата локација, празниот простор кај Водениот парк е една добра потенцијална местоположба). Ако подобро размислиме, за децата не останаа речиси никакви забавни содржини (трговските центри како Сити мол не ги сметам за такви). Се согласувам со тебе кога велиш дека има и други приоритети, но во случајов и Луна паркот претставува еден од нив. Најважно е што во новиот Луна парк децата ќе се возат во нови и безбедни реквизити, а сигурно и содржините ќе бидат разновидни. Исто така, се надевам дека со новиот Луна парк ќе ги отстранат вртелешката и останатите панаѓурски глупости од кеј, па тој дел ќе заличи на нешто попристојно. Што се однесува до вниманието на градот и на државата... мислам дека видовме кои им се приоритетите последниве години, така што најдобро е да не се очекува ништо паметно од нив. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
|
КОЦЕ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ДА УНИШТУВА ЗЕЛЕНИЛО ВО ГРАДСКИ ПАРК, НЕ ЈА КОМЕНТИРА СЕЧАТА НА ДРВЈА ВО ЛУНА ПАРК Од градежни активности во Луна паркот може да видат само сеча на дрвјата во делот каде што се малиот и големиот автодрoм. Исечени се десетина дрвја, а трупците и гранките стојат околу корењата кои се уште не се извадени од земја ![]() Повеќе на http://sdk.mk/index.php/sakam-zeleno/kotse-tvrdi-deka-nema-da-unishtuva-zelenilo-vo-gradski-park-ne-ja-komentira-sechata-na-drvja-vo-luna-park/ - Инаку, во Градскиот парк односно во внатрешноста на Луна паркот по неговата перифиерија непосредно до оградата е исечен дрворед со 10ина дрва кои беа децениски стари, високи и убави дрва! Браво! ![]() Edited by HugoGoulding - 24-Apr-2017 at 08:47 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
ќе отиде во неповрат забавен парк во кој израснале неколку генерациии во кој имаше барем неколку карактеристични реквизити... ова се ствари во кои се состои културата на една урбана средина, и не знам зошто кај нас тоа мора упорно да се уништува
...затоа немаме историја и традиција со која може да се гордееме се што требаше е да се реновира паркот и да се збогати со нешто ново, чисто колку да му се избрише чернобилскиот лик |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
|
Многу ме интересира како ќе го решат проблемот со ѓубре односно со контенјнери за Луна Парков. Луна парк со вакви огромни димензии и со бројот на посетители ќе има и носи и многу ѓубре и смет, и доколку тоа се реши со поставување на контејнери околу неговиот периметар и ограда, како што е сега слично со дискотеките тоа ќе значи смрдеа и смет во внатрешноста на Паркот односно непосредната околина каде што е.
Дискотеките кои сеуште се таму имаат контејнери кои смрдат на 10-15 метри радиус и тоа се поставени на две места. Дискотеките не се ни 20% во површина од планираниот Луна Парк. Осеќам дека околината односно Градскиот Парк ќе се претвори во место каде што ќе се стационираат големи контејнери покрај Луна Паркот и ќе го пратат тој дел на паркот и зеленилото во историја засекогаш. Се надевам дека тоа нема да биде така, но од друга старана чисто се сомневам дека ќе остане само на мали мини канти за ѓубре во внатрешноста на Луна Паркот. Edited by HugoGoulding - 10-Aug-2017 at 15:13 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Фотките се превземени од фејсбук
![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Ова е некаде кај влезот...
![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Zelenikovo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Oct-2017 Online Status: Offline Posts: 1631 |
![]() ![]() |
|
кој вели дека не мислат надлежните и при стагнација за дечињата, бар вака може да се доживее оследната интервенција со урбана опрема во влезот на Градски Парк [1] интересно е дека и од граѓаните и овој дел од паркот се доживува неформално, каде и помлади и постари си играатвака или онака, бреј колку ко Дете фонтатаната Лотосов Цвет ја доживував како рингишпил со вселенски авиончина но неможев т.е. не смеев да се испентарам на листовите, што сигурно е и денес мотивација на многу дечиња, а ќе беше убо ако ова од време на време некако им го дозволуваа доколку ја гуменизираат како лизгалка понекогаш ... вака видено цел Градски Парк, а не само Луна Парк затворено, може да биде осмислен ко отворено детско катче во посебни прилики, ете лани во вториот дел имаше Балансирачки Јажиња за то ивентот Скопје Балансира, сигурно за некој Детски КУД е шанса така некаде кај Гоце и да си промовира репертоарот како би бил привлечен изворниот танц и за други Деца, а потем и интермецо музичко катче може да има каде ќе поднаучат и некој акустичен инструмент да свират ... но културно што е забораен паркот е едно, а бар околу хортикултирата да можеа да впрегнат максимум сили за сите да се радуваат и без ништо, што се' додека не се направи озбилна Ботаничка Градина после золошка, а не индустриски расадник на јпПЗ, нема ни да се случи, а не пак да размислуваме за некакво Поубаво Детско Катче како интегрирана маршута за една влезна карта и за Луна Парк и за Золошка и за Ботанички Епицентар ... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=403&PID=196477#196477 само вака може да се надеваме дека и понудата и безбедноста на Градски Парк ќе бидат оптимални, но во кој случај ќе се наметне гајрет за озбилен паркинг, а за што треба час поскоро градските татковци да фатат од то бараките штрафта, и така имаат нели нова зграда, а кај старите бараки да кренат голема подземна гаража која би угостувала и автобуси, а како катниот дел од неа бидне место за БиоСлаткарници и ЕкоСендвичарници а зошто не и МакСувенирници ... Луна Паркот мислам сам по себе е интересен, но со тоа мултипрактик пристапот, мотивира инстант деца и на дискотека вајб, она минувајќи редовно крај тие со катанци затворени чудни врати уште од мали љубопитноста да им завози повеќе таму него онаму каде им е отворено, а заради што би требало Град Скопје да размисли некако да ги префрли сите нив кај Лизгалиште под Кале јасно уредувајќи го тој дел парковски и отповеќе за да не приплакуваат ѕенѕаџиите дека немале дебела сенка, бидејќи реално сега таму се' е тепсија, ем така паралелно од време на време ќе ги закачует Благодат од Манастирот Свети Ѓорѓија та и младите нема скроз да се аздисуваат, иако ко што треба и духовна заштита, треба и земна а за која добро ќе биде онаа зградата на Водовод пола да му ја дадат на МВР како чекпоинт за интервентните единици, можеби то куполата на кровот за да можат се на дланка да имаат ем креативни да бидат така ко комшии на голем македонски сликар, а може и по некоја соба да им пуштат во МСУ за да имаат надзор и на Градскиот Парк освен под калето, што ќе биде особено неопходно доколку навистина скопјани сконтаат дека почетна станица за Жичницата треба да биде токму кај ваква монументална Тврдина ... ... во тој случај може некому ќе му текне и за Zip траса за спуштање по јажиња од Кале до Луна Парк, но што би било интересно единствено за на Козјак [1] но нели бидејќи мора да го пробаме ефектот и на мало ем немаме многу пари, та и со ова може ќе си поиграат без компас во однос урбаните визури, синкир им треба и во Влада вакво нешто за да имаат повеќе начини за евакуација во зорт прилики ![]() Edited by Zelenikovo - 17-Jul-2018 at 10:10 |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Во Скопје ќе се гради Меџик парк, како оној во Солун
Скопје е современ град и граѓаните мора да живеат согласно најсовремените европски стандарди. Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината, појасни градоначалникот Петре Шилегов. Луна паркот во Градскиот парк ќе се гради согласно нов проект кој освен содржини за забава ќе има и ресторани. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, одговарајќи на советнички прашања истакна дека проектот кој е во изработка предвидува на поголема површина од сегашната да се направи тематски забавен парк по примерот на оној во Солун. – Скопје е современ град и граѓаните мора да живеат согласно најсовремените европски стандарди. Концептот да го донесете вашето дете или внуче на лулашки е надминат концепт. Она на што работиме во Градот е концепт на тематски забавен парк кој регионално не постои и ќе го има во нашиот град со што Скопје ќе го стави на туристичката мапа во регионот. Тематски забавен парк има во Солун и никаде во околината – појасни Шилегов. Во градската каса за оваа намена за 2019 година се предвидени вкупно 1,3 милиони денари од кои 4 милиони денари за изработка на проектот, 26 милиони денари за набавка на реквизити и нивно монтирање и 50 милиони денари за изградба на паркот. – Тематските забавни паркови сами по себе позразбираат дека надвор од забавните содржини треба да има и постоење на поинакви места, како ресторани и други забавни содржини за сите возрасти. Тоа се места каде семејството може пријатно да си помине. Она за што јас водам сметка е што средствата што овој град ги потроши за набавка на апаратите, само милион евра е партерното уредување според стариот проект, да бидат вклопени во новиот проект, значи да не трошиме дополнително пари – рече Шилегов. Пред една година Шилегов ја стопираше изградбата на Луна паркот според проектот на неговиот претходник Коце Трајановски. Шилегов тогаш рече дека се стопираат градежните работи додека не се одлучи како ќе се продолжи бидејќи новото раководство имало нов концепт за изгледот и содржините. Според проектот на Коце Трајановски, во паркот требаше да се постават вкупно 27 реквизити, од кои 3 адреналински реквизити, 6 семејни и 18 детски реквизити, како и разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забави. Граѓаните бараат забавниот парк да биде завршен побрзо, бидејќи децата и возрасните имаат потреба од забава. Стариот Луна парк не беше реновиран цели 45 години, односно од времето кога бил изграден, во 1973 година. (С.Бл.) https://vecer.press/во-скопје-ќе-се-гради-меџик-парк-како-о/ |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]()
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Треба да излезат од Град Скопје и да објаснат на која површина планираат да го градат Луна паркот. Јас жалам што сум „под ембарго“ за информации од Град Скопје во моментов, но ете нека биде некој нивен медиум каде што ќе го кажат овој податок. |
||
![]() |
||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
|
Таа локација кај градски парк е соодветна за забавен парк од помал калибар и без големи и грандиозни реквизити, затоа што е премногу во центар на град. Сите прописни и големи забавни/ тематски парков и се на периферија односно надвор од градови.
Треба да се решат или ќе прават постаромоден тип на тематски парк или тоа ќе се преобрази во регуларен парк кој навистина физички ќе ги поврзува стариот и новиот дел од градски парк, а ќе се обезбеди простор некаде на страна за забавен парк со поголем капацитет, каде што ќе им доволно паркинг простор за фамилиите да го посетуваат. Истиот проблем со сообраќајно решение што го има клиника на водно, го има и таа локација на бившиот Луна Парк. |
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Меџик паркот во Солун е 7.41 хектари и нема можност да се изведе на местото на Луна паркот во Скопје без да се искасапи природното. Мислам дека многу подобро би било да го направат кај Борис Трајковски или Ново Лисиче, а сегашниот Луна парк да се реновира и да си остане старомоден како спомен на едно време.
Во меѓувреме да се испита како Тодоровиќ (?) изградил куќа онаму каде што треба да има јавни рекреативни содржини. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Staro Skopje - 28-Feb-2019 at 15:47 |
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Што се случува со Луна паркот во Скопје?
На местото на некогашниот Лина парк, во срцето на скопскиот Градски парк, сега има само ѓубре и едвај започнати градби. За време на нашата посета на ова место се врткаа неколку работници кои чистеа во околниот простор. Старите објекти се веќе срушени, а започната е изградбата на нови, но очигледно е дека има застој во активностите. Единствено што се забележува се новите пешачки патеки, дел од новото осветлување и една барокна карабина. ![]() Со појавата на новиот забавен парк во градов, во близина на салата „Борис Трајковски“ се актуелизираше проблемот со изградбата на новиот Луна парк во Скопје. Градежните работи беа започнати пред повеќе од 2 години. Тој требаше да го замени стариот, дотраен и веќе нефункционален забавен парк. На прашањето до каде е изградбата на Луна паркот, од Град Скопје велат дека работат на тоа граѓаните да добијат модерен парк во кој треба да се инкорпорираат идеите од стариот проект, но и да се направат одредени исправки. „ Со новиот концепт, покрај реквизити за најмладите, треба да има и места за забава за сите генерации (целото семејство), во вид на посебни јавни површини и ресторани, поточно да се прави во вид на тематски забавен парк, кој не постои во нашиот регион освен во Солун и со тоа на еден начин ќе го стави Скопје на туристичката мапа. Во моментот кога ќе се финализира идејниот проект, ќе се прејде на наредната фаза и ќе се има целосна слика за тоа како ќе изгледа забавниот парк, како и за роковите за негово завршување“, стои во одговорот на Град Скопје за Радио МОФ. Не прецизираат кога е во план да се отвори новиот забавен парк, колкави средства се потрошени за досегашните градежни работи, како и колку пари планираат да се одвојат за целиот проект. ![]() По распишаниот тендер од страна на Град Скопје и поранешниот градоначалник Коце Трајановски, пред повеќе од 2 години започна отстранувањето на старите реквизти и градење инфраструктурата за нови, модерни содржини. Стариот проект беше прекинат веднаш по смената на градоначалниците, кога на местото на Коце Трајановски, дојде новиот татко на градот Петре Шилегов. На негова иницијатива изградбата беше прекината, постоечкиот договор беше раскинат и се распиша нов тендер за наоѓање на фирма која ќе ја доврши реконструкцијата. Според првичните најави, забавниот парк требаше да биде отворен уште пред една година. ![]() Според досегашните информации за јавните набавки и изјави од страна на Град Скопје, проектот за новиот парк беше изработен од страна на фирмата „Билд Урбан“ д.о.о.е.л., а градежните работи требаше да ги изведува фирмата „Жикол“. Тој проект требаше да чини од 6.5 милиони евра. Луна паркот во Скопје беше единствено место од ваков тип кое го посетуваа огромен број луѓе од сите возрасти. Беше изграден во 1973 година. Идејата за негово реновирање во модерен забавен парк со повеќе реквизити беше примена со огромно задоволство од граѓаните, кои освен празни ветувања, се уште не го добија својот Луна парк. Георги Божиновски https://www.radiomof.mk/shto-se-sluchuva-so-luna-parkot-vo-skopje/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Скопје конечно ќе добие забавен парк, како ќе изгледа тој?
Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри. Денеска во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба. Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст. Заради тоа, проектирано е во паркот да има три зони, детска, фамилијарна и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини. Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк, а во паркот нема да биде исечено ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата. Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања. http://skopjeinfo.mk/skopje-konechno-kje-dobie-zabaven-park-kako-kje-izgleda-toj ------------------------------------------------------------------------------ Од фб ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 678910> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |