![]() |
![]() |
![]() |
Плажи и бродови на Вардар |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5960616263 64> |
Author | |
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Колку беа по врба 150.000 евра ?
Малку му е на народов. |
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Врбата со назив „надеж“. Па, ако некој верува во знаци на судбината, ова е тоа.
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НАРЕДНАТА НЕДЕЛА АПЕЛАЦИЈА ЌЕ ОДГОВОРИ НА ПРИГОВОРИТЕ ЗА ГАЛИИТЕ, ПА ЌЕ ГИ УРИВАМЕ, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ
Град Скопје не се откажува од најавата за уривање на две од трите галии во реката Вардар, во центарот на градот. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека наредната недела Апелациониот суд треба да одговори на приговорите кои ги доставиле сопствениците на бродовите, по што ќе се овозможи отстранување на објектите од коритото на Вардар. „Доставено е решението од извршителот до должниците во таа извршна постапка. Вчера, извршителот од страна на судот е известен дека е искористено правото на приговор. Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот. Јас очекувам дека до крајот на наредната недела ќе заврши таа постапка, бидејќи се кратки роковите, по што ќе можеме да влеземе кон отстранување на галиите“, рече денеска градоначалникот Шилегов одговарајќи на новинарско прашање на стартот на градежните работи за реконструкција на улицата Македонско-Косовска бригада. Град Скопје има налог за отстранување на галијата пред МЕПСО, и онаа кај хотелот „Холидеј ин“. На 9 март на прес-конфренција, градоначалникот Шилегов кажа дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Шилегов тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела и не плаќала кирија иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност. Кон крајот на јуни Град Скопје го раскина договорот и за галијата кај „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. Договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/narednata-nedela-apelatsija-ke-odgovori-na-prigovorite-za-galiite-pa-ke-gi-urivame-reche-shilegov/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нема куртул за галиите кај „Холидеј ин“ и МЕПСО
Во завршна фаза е најавеното отстранување на двете галии од коритото на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и пред МЕПСО. Од Град Скопје информираат дека доставено е решението од извршителот до должниците, а во понеделникот судот известил дека е искористено правото на приговор. – Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот, објаснија градските власти Во завршна фаза е најавеното отстранување на двете галии од коритото на реката Вардар, кај хотелот „Холидеј ин“ и пред МЕПСО. Од Град Скопје информираат дека доставено е решението од извршителот до должниците, а во понеделникот судот известил дека е искористено правото на приговор. – Треба да се даде соодветен одговор од извршителот на приговорот до крајот на оваа недела, по што Апелациониот суд во рок од два-три дена ќе се изјасни по приговорот – објаснија градските власти. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се надева дека до крајот на наредната седмица ќе заврши тоа, бидејќи се куси роковите во извршната постапка, па како што истакна, ќе може да се спроведе отстранувањето на галиите. Во јуни годинава, Градот го раскина договорот со сопственикот на галијата кај хотелот „Холидеј ин“, фирмата „Сервис АД“. Тогаш Шилегов информираше дека се создадени правни услови за нејзино отстранување и поради тоа дал налог да се раскине договорот и да се наплати банкарската гаранција и за втората од трите галии. Шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Никола Наумовски, тогаш за медиумите изјави дека основа за раскинување на договорот е тоа што закупецот на галијата четири месеци не платил закупнина/кирија. Претходно пак, во март, на прес-конференција, Шилегов соопшти дека го раскинува договорот со првиот брод кај МЕПСО, во сопственост на Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски. Тој тогаш потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност, а до ден-денеска таа не е отстранета. Отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, како што напомена тогаш Шилегов ќе немаат никаква импликација по буџетот на Град Скопје, односно ќе се врши на сметка на закупецот. Со тоа останува уште една галија, онаа меѓу двата пешачки моста на фирмата „Воденица“, за која како што се изјасни во јуни Наумоски сè уште не се создадени правни услови да биде отстранета, па ќе се чека или да заврши договорот или да се изнајде начин Градот да се ослободи од неа. Градските власти сега не одговорија дали се создадени потребните услови и оваа галија да се отстрани. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. Според Студијата за намалување на ризикот од поплави која ја изготви УНДП заедно со Градот и Центарот за управување со кризи ако коритото на Вардар не се ослободи од препреките, штетите при евентуална голема поплава би можеле да бидат од 30 до 130 милиони евра. (А.П.) https://www.vecer.press/нема-куртул-за-галиите-кај-холидеј-и/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Не издржа врбата во Вардар – една од трите што чинеа 250 илјади евра
![]() Една од трите врби што беа поставени во 2012 година во реката Вардар во центарот на Скопје, е оштетена. Имено, се работи за врбата која се наоѓа во средина, а нема информации како дошло до оштетувањето. Врбата е оштетена уште од август кога имаше чести дождови пропратени со ветар си го направија своето. Поставувањето три стебла во три армирано-бетонски жардиниери во форма на квадратни призми, под агол од 45 степени во однос на течението на Вардар, обложени од надворешната страна и горната површина на ѕидовите со полиран инокс, предизвика полемика во јавноста за нејзината основаност и оправданост. Тие се водат како скулптури и своевремено авторката Искра Димитрова тврдеше дека тие се уметничко дело, а не садници, 250.000 колку што чинеа, не биле дадени само за садници, туку за целиот проект. https://nezavisen.mk/ne-izdrzha-vrbata-vo-vardar-edna-od-trite-shto-chinea-250-iljadi-evra/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И ова е Скопје…и ова е Вардар…
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.porta3.mk/i-ova-e-skopje-i-ova-e-vardar/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Шилегов: Две од трите галии ќе бидат тргнати
https://mk.tv21.tv/shilegov-dve-od-trite-galii-ke-bidat-trgnati/ |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Пушти му го на Шилегов искомплексираниот коњ видеово да види дека странец к не го боли за тоа кој ги изградил,барок шмарок,итн итн доживљај му е и ужива.
|
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Реално сите видеа им се позитивни за Македонија и имаат снимено онака може десетина. Се гледа дека си прават да им е интересно.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Се може да се спакува како добра приказна. Во комбинација со легализирана марихуана, Скопје може добро да се позиционира во пост-ковид периодот дури и за масовен туризам. Но, треба визија и програма по која ќе се работи на тој пакет.
За почеток доволно е барем средување на Мал ринг како што треба: хигиена, санација на пешачки површини, средување на коритото на Вардар, тековно одржување на споменици и објекти, довршување на заглавените обејкти, отстранување на оној одвратен брод кај Мепсо, раззеленување со нови дрва и жардињери итн. Понатаму, зелен кров на ГТЦ + некаков проект за санација, Чуповски пешачка зона, проект за карши Холидеј Ин. За жал, ништо од ова не мрда од почетна точка, освен најавата за реконструкција на кејот кај ГТЦ во 2021. |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Дај не летај, не гледаш дека FAKE изгледа е сега тамам и марихуана треба 😂. Некаков Sexshop или Услуги вброд како би било? Нема гајле важно туристи да си имаме
![]() Скопје има дефинитивно други подобри атракции наместо факеброд. Edited by my Macedonia - 26-Nov-2020 at 23:27 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ај изгледај ги сите видеа на паров и ќе видиш дека се општо фасцинирани од Скопје, ама никој не ги прошетал асално да им покаже знаменитости, храна и интересни факти на турист можеш да му продадеш било што, една од големите грешки е што многу луѓе мислеа дека Скопје треба да се гради за туристи, а не за неговите жители, затоа и добивме вакви бљувотини како бродовиве |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Галиите купуваат време, сè уште стојат во коритото на Вардар
Град Скопје очекува известување за исходот од судската постапка и ќе постапи во согласност со правосилните судски одлуки. Доколку одлуките бидат за отстранување и сопствениците не постапат по истите, во тој случај Град Скопје ќе ги дислоцира, а финансиските трошоци ќе ги сносат сопствениците, образлагаат градските власти Иако, отстранувањето на галијата кај МЕПСО, чиј сопственик е Ниче Димовски-Македон, шура на скопскиот ексградоначалник Коце Трајановски, Шилегов го најави на 9 март годинава, а отстранувањето на галијата кај хотелот „Холидеј ин“, на фирмата „Сервис АД“, бидејќи е раскинат поради тоа што четири месеци не била плаќана кирија, беше најавено на 1 јули 2020 година, тие сè уште се во коритото на реката Вардар. За тоа која е причината што до сега не се отстранија галиите, од Градот кусо одговорија дека постапката се уште била во судска процедура. – Град Скопје очекува известување за исходот од судската постапка и ќе постапи согласно правосилните судски одлуки. Доколку одлуките бидат за отстранување и сопствениците не постапат по истите, во тој случај Град Скопје ќе ги дислоцира, а финансиските трошоци ќе ги сносат сопствениците – образлагаат градските власти. Како што објасни шефот на кабинетот на скопскиот градоначалник, Никола Наумовски, извршната постапка е правна и таа е обжалена и сега се чека на исходот од судската постапка. – Ќе постапиме во зависност од правосилните одлуки на судот. Доколку во нив е наведено дека галиите треба да бидат отстранети, тоа ќе биде сторено и тоа на трошок на нивните сопственици – изјави Наумовски. На последната прес конференција на која Наумовски го најави раскинувањето на договорот со сопственикот на галијата кај „Холидеј ин“, тој нагласи дека неплаќањето на кирија од страна на сопственикот е основа да се раскине договорот, односно скопскиот градоначалник Петре Шилегов да потпише акт со кој му соопштува на закупецот дека го раскинува договорот и очекува да ја отстрани галијата во рокот предвиден со договорот. Наумовски тогаш истакна дека сопственикот е должен сам да ја отстрани галијата и дека бидејќи веќе започнуваат извршителите со работа, се отвора можноста да се отстрани и галијата кај МЕПСО, за што има извршно решение. Инаку, на 9 март годинава, Шилегов потпиша решение со кое фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ се задолжува да ја тргне галијата во рок од 30 дена, бидејќи не работела иако Град Скопје ѝ доставил решение во 2018 година дека треба да почне да врши дејност. Доколку самите закупци не ги отстранат галиите, извршителот ќе повика градежна фирма која ќе ги отстрани. Отстранувањето на галиите и раскинувањето на договорите, ќе немаат никаква импликација по буџетот на Град Скопје. – Отстранувањето на галиите ќе се врши на сметка на закупецот. Извршителот ќе треба од сметките на закупците да ја наплати градежната активност. Рокот за отстранување на галиите зависи од нивните закупци и тоа може да биде за една недела, за еден месец, зависно од тоа дали закупците самите ќе ја завршат работата или ќе чекаат тоа да го стори извршителот – објасни тогаш Наумоски. Тој тогаш додаде дека каде ќе бидат однесени галиите по нивното отстранување зависи од закупците. – Што ќе се случува со галиите не можам да кажам, тие се приватна сопственост, закупците имаат право да ги однесат онаму каде што сакаат, само не повторно во коритото на реката Вардар, се разбира врз основ на издадена дозвола – истакна тогаш Наумоски. Од Градот не одговорија за тоа дали се создадени услови за отстранување на третата галија, онаа меѓу двата пешачки моста, на фирмата „Воденица“. На последната прес-конференција, Наумовски потенцираше дека ќе се чека или да заврши договорот или да се изнајде начин Градот да се ослободи од неа. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. Според Студијата за намалување на ризикот од поплави, која ја изготви УНДП заедно со Град Скопје и Центарот за управување со кризи, ако коритото на Вардар не се ослободи од препреките, штетите можат да бидат од 30 до 130 милиони евра. https://www.vecer.press/галиите-купуваат-време-сe-уште-стојат-в/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од твитер
![]() |
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
. ![]() Мислам дека е ова постара слика, се гледаат темелите за панорамското тркало кои подоцна беа отстранети.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БРОДОВИТЕ ВО ВАРДАР СТОЈАТ НЕЧЕПНАТИ, ШИЛЕГОВ ВЕЛИ ЗА 40 ДЕНА ЌЕ ТРГНЕ ЕДЕН
Ниту еден од трите бродовите во реката Вардар не е отстранет, а градоначалникот Петре Шилегов најави нивно уривање од самото доаѓање на градоначалничката функција пред три години. Помина речиси една година откако на прес-конференцијата одржана на 9 март, Шилегов пред новинарите и камерите го потпиша решението за отстранување на галијата кај МЕПСО. Тогаш кажа дека го раскинува договорот за бродот бидејќи не работел и не била плаќала кирија иако Град Скопје ѝ доставил решение на фирмата „Фаланга Херонеа ДООЕЛ“ во 2018 година дека треба да почне да врши дејност. Кон крајот на јуни, градоначалникот објави дека е раскинат договорот и за галијата кај „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“ поради неплатена кирија за 4 месеци. Но, досега ниту една од двете галии не е тргната, а Шилегов неколку пати изјавуваше дека работите се одложиле поради судски постапки односно сопствениците поднеле тужби на решението на Градот за раскинување на договорите. Сега најавува наскоро уривање на еден од бродовите. „Целосно се исполнети условите за да почне постапката за отстранување на бродот кај ‘Холидеј ин‘. Наредната недела ќе се утврди динамиката и за 40 до 60 дена ќе биде отстранет. За бродот кај МЕПСО сè уште не се завршени судските постапки“, вели Шилегов. Галиите во Вардар се дел од проектот „Скопје 2014“. При една од многуте измени на Деталниот урбанистички план (ДУП) Мал Ринг, кога градоначалник на Општина Центар беше Владимир Тодоровиќ, во коритото беа вцртани маркички за 6 сплавови, 4 од десната страна и два од левата страна на Вардар. На јавното наддавање во Град Скопје во февурари 2012 беа продадени само две локации на фирмата „Фаланга“, кај зградата на МЕПСО и кај хотелот „Холидеј ин“. Во декември истата година, беше продадена уште една локација на фирмата „Воденица“ меѓу двата пешачки моста. Останатите локации за сплавови кои потоа прераснаа во бродови, никој не сакаше да ги купи и тие не се продадоа. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/brodovite-vo-vardar-stojat-nechepnati-shilegov-veli-za-40-dena-ke-trgne-eden/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Ќе стојат до пред локални избори, кога ќе треба матерјал за да се прават на ТВ глупи перформанси како ќе се кине скалпот на претходниците. Ќе мора некаква ритуална жртва од СК14 да падне, па може неможе триумфална да ја сруши, ама затоа еден брод ќе почне да го руши. Дури и нема цел да го сруши, зашто ќе поминат изборите. И ако се се грди, после тоа уште погрд ќе биде полусрушен.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Галиите ќе „отпловат“ од Вардар – за два месеца се очекува да се отстрани едниот брод
https://mk.tv21.tv/galiite-ke-otplovat-od-vardar-za-dva-mesetsa-se-ochekuva-da-se-otstrani-edniot-brod/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 5960616263 64> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |