![]() |
![]() |
![]() |
Фасади (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 160161162163164 165> |
Author | ||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Којзнае дали ова е правилна одлука?!
![]() ![]() |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
![]() за која куќа станува збор? не ми се отвараат фотографиите |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
За оваа https://www.google.mk/maps/@42.0033037,21.423963,3a,75y,162.57h,101.26t/data=!3m6!1e1!3m4!1st6w8O-u8nCBHpR5LB4hAvQ!2e0!7i13312!8i6656?hl=en Има и приземен хотел што отстапува од линијата, а и не гледам потреба од директна врска меѓу стадионот и бул. Илинден, кога и онака стадионот се полни 2-3 пати во годината. А куќата (т.е. вила) е заштитена со закон и е редок пример на преживеана вила од 1920-те или 1930-те години во тој дел на Скопје. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Аеродромци бараат решение за старите фасади со азбесни плочки
![]() Аеродромци реагираат на старите и дотраени фасади на дел од зградите во општината и бараат од локалнат самоуправа, која од неодамна ја предводи Тимчо Муцунски, да се фатат за решавање на ова прашање. Освен од естетски аспект, многу поважно е што со санација на старите фасади ќе се добијат и енергетски ефикасни објекти. Жителка на Аеродром директно му се обрати на првиот човек на општината во однос на ова парашње: -Сериозно размислете за потегот на Вашиот колега Стевчо од општина Карпош и неговиот потег за замена на дотраените и стари фасади. Во Ново Лисиче и Аеродром имате стари згради со азбестни, штетни по здравје, плочи кои цел свет веќе ги отстрани од употреба. Во тие згради живеат и смрзнуваат поради дотраена изолација и фасада пензионери со ниски примања кои впрочем се најголемото гласачко тело, пишува таа. Таа додава: - Ве молам да се потрудите да го решите овој проблем. Господинот Стевчо Јакимовски три мандата, а сега уште еден добива благодарение на тоа што буквално карпошани го сакаат, ценат и почитуваат баш поради овие работи меѓудругото, а постави и лифтови во старите згради. Повеќето згради во Општина Аеродром датираат од осумдесеттите години на минатиот век. Фасадите и покривите се дотраени, па граѓаните се соочуваат со загуба на енергија, појава на мувла во становите, протекување од покривите, а замената или обновата на овие делови чини многу, констатираат граѓаните кои бараат со помош на општината заеднички да се реши ова прашање. https://skopjeinfo.mk/aerodromci-baraat-reshenie-za-starite-fasadi-so-azbesni-plochki |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
од твитер
![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Скопјани за фасадите во Центар: Од напред ул. Македонија, а од позади Бангладеш
Еден од корисниците на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија од фасадата на една од зградите коишто се наоѓаат на ул. Македонија, во строгиот центар на Скопје, но од онаа страна којашто не се гледа. – Од напред ул. Македонија, а од позади Бангладеш. Фасадите у Центар, пишува тој. ![]() https://www.slobodenpecat.mk/skopjani-za-fasadite-vo-centar-od-napred-ul-makedonija-a-od-pozadi-bangladesh/ |
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Само кај нас има ситуација да во центарот живеат сиромашни слоеви на населението...неможе општината или градот да им ги среди терасите и да им стави нови прозорци.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЗГРАДАТА НА ЕСМ ДЕВЕТ ГОДИНИ Е ГРДОТИЈА – ВЛАСТА НА СДСМ НЕ ТРГНА НИТУ ЕДНА БАРОКНА ФАСАДА НИТУ ПАК ГИ НАПРАВИ ОНИЕ КОИ СЕ СПАСИЈА
![]() Девет години, зградата на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) која до пред две години ја делеше со ЕВН, во строгиот центар на Скопје стои без фасада, како грдотија. Оваа зграда беше еден од најзначајните објекти на модерната архитектура од 1960-тите и 1970-тите години, а сега повеќе личи на разурнат и напуштен објект отколку значајно архитектонско дело и седиште на државна компанија. Уништувањето на зградата почна во 2013 година. На барање на тогашниот премиер Никола Груевски, за да се вклопи во неговиот контроверзен проект „Скопје 2014“, австриската компанија ЕВН почна со отстранување на стаклената фасада за да прави барок од стиропор од 4,3 милиони евра. Проектот во целост не успеа да се реализира и беше стопирано обвивањето во барок со доаѓањето на власт на СДСМ. Но, само тоа и беше направено. Почнува шестата година од нивното владеење, а зградата зјае без фасада. Нема најави за нејзина обнова, ниту е избран проект, а камо ли наскоро да почнат градежни работи. Дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК постави прашање до државната компанија ЕСМ дали има намера да ја направи фасадата на зградата во центарот на Скопје во која се сместени и која стои како грдотија или ќе чека ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт и да ја направи барокна, како што беше првичниот план кога почна реконструкцијата? Од ЕСМ ни одговорија дека во изминатите години се работело да се овозможи нивно преселување во зградата спроти Музеј на Град Скопје, а овој објект да го преземе друга инстуција и таа да ја доврши фасадата. „За жал, сите обиди АД ЕСМ да може да ја користи новата зграда и да ја продаде или отстапи старата, не вродија со плод, односно и покрај повеќето најави дека настаната правна состојба може да се реши, истата сè уште не е разрешена односно зградата да не може да добие употребна дозвола и да не може да се изврши технички прием. Од тие причини, АД ЕСМ е изложен и на трошок за инвестиција во нова зграда која не може да ја користи, и на трошок за санирање и уредување на старата зграда во која нема соодветни услови за работа внатре, ниту соодветна фасада и изглед од надвор. Исто така, Град Скопје, Општина Центар и АД ЕСМ бараа ново урбанистичко решение за зградата, но се наиде на различни толкувања околу надлежностите“, ги објаснуваат причините зошто зградата е грдотија од државната компанија ЕСМ. Како дополнителни причини поради кои фасадата не можела да се обнови ги наведуваат и пандемијата на ковид-19 и енергетската криза во која се наоѓа сега земјава. „Веруваме дека по завршувањето на оваа грејна сезона, во која АД ЕСМ доби и дополнителни обврски со менаџирање и на парното греење во Скопје, брзо ќе го вратиме во фокусот прашањето кое се однесува на фасадата на зградата на плоштадот“, додаваат од ЕСМ. Зградата е изградена 1962 и беше еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура. Автор на идејното решение е белградскиот архитект Бранко Петричиќ. Фасада ја дизајнираше и реализираше покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски кон крајот на 1970-тите години и тој целосно го испочитувал делото на колегата кој е автор на првичниот проект. Втор пат фасадата е реконструирана во 2000 година. Тогаш е додадено стаклото и е полиран мермерот. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/zgradata-na-esm-devet-godini-e-grdotija-vlasta-na-sdsm-ne-trgna-nitu-edna-barokna-fasada-nitu-pak-gi-napravi-onie-koi-se-spasija/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Фасадите на зградите на ЕСМ и на „Пелагонија“ чекаат обновување
Градските власти ги повикуваат раководствата на ЕСМ и на „Пелагонија“ да си ги обноват фасадите на објектите. Од ЕСМ велат дека фокусот на фасадата на зградата на плоштадот ќе ја вратат откако ќе заврши грејната сезона во Скопје бидејќи оваа компанија менаџира со топлификацискиот систем во градот. Слична е состојбата со фасадата на „Пелагонија“. Од новото градско раководство велат дека во повеќе наврати има испратено дописи до АД „Пелагонија“ да им достави проект или проектна програма за изгледот на фасадата, но засега тоа не се случило Ниту старото, ниту пак новото градско раководство не го решија проблемот со грдата слика која ја создаваат руинираните фасади на зградите на ЕСМ и на „Пелагонија“ во центарот на градот. Пандемијата, економската и енергетската криза поради која имало кратење на трошоците во АД ЕСМ за сите проекти што не се поврзани со производството на електрична енергија се причините поради кои сè уште не дошло на ред обновувањето на фасадата на зградата на оваа компанија на плоштадот „Македонија“, во која се сместени нивните вработени. Ова е објаснувањето од ЕСМ за одолговлекувањето на активностите кои ги најавуваше и претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, а сегашното градско раководство надлежноста ја префрла на компанијата. Оттаму веруваат дека по завршувањето на оваа грејна сезона, во која како што велат добиле и дополнителни обврски со менаџирање и на парното греење во Скопје, брзо ќе го вратат во фокусот прашањето кое се однесува на фасадата на зградата на плоштадот. Инаку, ЕВН Македонија и АД ЕСМ Скопје уште во 2013 година склучиле договор со градежната фирма „Бетон“ од Скопје како изведувач за реконструкција и доградба на фасада за управната зграда тогаш на ЕВН и ЕЛЕМ, на улица „11 Октомври“, број 9. Притоа, како што информираат од ЕСМ нова фасада било предвидено да чини 4,3 милиони евра. – На 16. 2. 2016 година настана застој на градежните активности откако беше евидентиран пожар, поради што договорот е раскинат и од двете компании во 2018 година. Постапката за раскинување на договорот, по неколкугодишниот застој, одзеде подолго време во текот на кое се бараше правен модел за објаснување на основот за раскинување, со кој АД ЕСМ нема да плаќа пенали на изведувачот за прекинување на договорот. По раскинување на договорот дотогашниот изведувач на работите ги отстрани градежните скелиња и заштитни огради на зградата и просторот во околината беше привремено партерно уреден – објаснуваат од ЕСМ. Веќе во 2020 година ЕСМ, по задолжение од Владата, го откупи делот од зградата кој беше во сопственост на АД ЕВН, (кој му припаднал на ЕВН со распределбата на имотот по раздружувањето на поранешното државно Електростопанство). – ЕВН располагаше со 50 проценти од зградата, кои АД ЕСМ ги откупи за 2.375.100 евра, по што зградата премина во целосна сопственост на ЕСМ. Дооформувањето на сопственоста на објектот беше еден од условите за да може непречено да се продолжи кон финансирање на реализација на фасадата од страна на сопственикот. Паралелно со тоа се разгледуваше можноста АД ЕСМ да се пресели во новата управна зграда на улица „Македонија“, а реализацијата на фасадата на постојната управна зграда да ја преземе институција за која ќе одлучи Владата, како основач и сопственик на АД ЕСМ, а со тоа и сопственик на имотот на ЕСМ – велат од ЕСМ. Од компанијата додаваат дека, за жал, сите обиди да можат да ја користат новата зграда, да ја продадат или отстапат старата, не вродиле со плод, односно и покрај повеќето најави дека настаната правна состојба може да се реши, таа сè уште не е разрешена, така што АД ЕСМ во последните години остана во зградата на плоштадот во постојана подготвеност за пренесување на дирекцијата на компанијата. – Имено, настанатите измени во градба на новата зграда, кои не биле навремено обезбедени со писмени дозволи од Министерството за транспорт и врски, довеле до тоа зградата да не може да добие употребна дозвола и да не може да се изврши технички прием. Од тие причини, АД ЕСМ е изложен и на трошок за инвестиција во нова зграда која не може да ја користи, и на трошок за санирање и уредување на старата зграда во која нема соодветни услови за работа внатре, ниту соодветна фасада и изглед однадвор – нагласуваат од компанијата. Воедно, Град Скопје, општина Центар и АД ЕСМ барале ново урбанистичко решение за зградата, но се наишло на различни толкувања околу надлежностите врз проектот. Зградата на ЕСМ е изградена 1962 година и беше еден од најзначајните објекти на македонската модерна архитектура. Автор на идејното решение е белградскиот архитект Бранко Петричиќ. Фасада ја дизајнираше и реализираше покојниот архитект Ѕвонимир Никуљски, кон крајот на 1970-тите години, и тој целосно го испочитувал делото на колегата кој е автор на првичниот проект. Втор пат фасадата е реконструирана во 2000 година. Тогаш е додадено стаклото и е полиран мермерот. На повидок нема активности ниту за реконструкцијата на АД „Пелагонија“, за која исто така имаше најави од претходното градско раководство дека ќе биде обновена. Од новото градско раководство велат дека во повеќе наврати има испратено дописи до АД „Пелагонија“ да им достави проект или проектна програма за изгледот на фасадата, но засега тоа не се случило. https://www.vecer.press/фасадите-на-зградите-на-есм-и-на-пела/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Ами шо чекат,нека ги напрат ко што бил плано ЕСМ и Пелагонија,поарно отколку да стоја така рушевини....
Инаку денес поминвав низ плоштад и видов до Сити Галери зградата со скелиња беше и едни батиња носеја стакла,знајт некој шо е плано ? |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Би било убаво фасадата на „Пелагонија“ да се заврши според планираното, а другата да си ја врати првобитната фасада, ефектот на контраст што би се добил вака ќе биде интересен, особено затоа што поранешната зграда на ЕВН се истакнува од околината и по поставеноста и по висината.
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
|
да не заборавиме дека не е дека се касапи изгледот на објектот само, туку се касапат прозори, влезови, прооди... а финалниот продукт на изглед се окна од лифтови и затворени простори на скалилила кои штрчат како тумори на фасадата на пример да не заборавиме дека „рендерите“ за овие фасади беа безвезно залепени сликички на полигон и дека не беа воошшто поврзани со реалноста... пази, не збориме за измени како кај приватните објекти каде менуваат материјали и бои на фасада, туку за сликички комплетно отсечени од реалноста |
||
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Точно,па само прозорине види ги на сликите од пелагонија претставени демек како ќе изгледат,и во живо,врска немат !
Инаку за зградана видов поубо,СТАКЛАРНИК РЕДИТ ДАНЕЛА ![]() Сега имате чкарт барок,до него стакларник,а пред ними бавча со гробо на мајка тереза ![]() ![]() Па ова да му го кажваш на некој ќе ричи лажиш,претерваш..... Жими се поарно ќе беше ќутејќи да земеше со квалитетни материјали ко шо требит да го догради барокон отколку вака,добро има некој шо знај кај тера во скопје ? |
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Галиите и менувањето на фасадата на ЕВН/ЕЛЕМ зградата се едни од најголемите глупости на Скопје 2014.
Edited by skopskodete - 15-May-2022 at 15:25 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЦЕНТАРЦИ ЖИВЕАТ ВО БАРОКНИ ФАСАДИ, А ЗГРАДИТЕ ИМ СЕ ДАВАТ ВО ФЕКАЛИИ
При изведба на фасадата на делот од градскиот плоштад, во договор со тогашниот градоначалник на град Скопје Коце Трајановски станарите потпишале договор во кој градоначалникот се обврзал да ја направи канализацијата од подрумскиот дел до влезот на градската канализациона мрежа за да се реши овој проблем кој е преку 10 години , кој станал уште поголем по отварање на кафаната. Но, договорот ниту за фасадата ниту за канализацијата не се спровел.Имаат упатено голем број на приговори, поплаки, укажувања, пријави и до општина Центар и до град Скопје но меѓутоа никој не преземал одговорност да го реши овој проблем. Од општината Центар се оградија за одговорноста за овој проблем, а побаравме став од ЈП Водовод и канализација. И од градот Скопје тврдат дека тие не се надлежни за проблемот, иако станарите покажуваат валиден договор склучен со тогашниот градоначалник Трајановски. Додека очигледно институциите играат пинг - понг со одговорноста за овој граѓански проблем, луѓето кои живеат во овој дел на скопски Центар ќе продолжат да се борат со смрдеата и водата кои се кријат зад гипсените барокни фасади. https://24.mk/details/centarci-zhiveat-vo-barokni-fasadi-a-zgradite-im-se-davat-vo-fekalii |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
на аголот меѓу ул.Петар Ацев и Анастас Митрев во Мичурин
![]() |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Те бендисва ова ? |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Јас сум повеќе по барокот, така што...
![]() П.С. Никаде не спомнав дека ме „бендисва“. Само ја регистрирам промената. Во случај на претходната запуштеност на зградава, е промена на подобро. |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Денес ![]() |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 160161162163164 165> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |