![]() |
![]() |
![]() |
Наука и технологија (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 11> |
Author | ||||||||||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Што мислите за новава идеја,електронски гласање на избори.
|
||||||||||||||
build.mk, гради форумска историја
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Јас сум апсолутно за, само доколку апаратите се баждарени од независна светска организација која се занимава со избори! Како на пример што се eVoting.cc или слични. Тоа не се приватни или па некои си невладини, него тоа се светски асоцијации и ггрупации кои што протажираат електронско гласање. Ја не би оставил на домашниве шарлатани сами да спроведат вакви избори, барем не сеуште!
Инаку, тие апаратите се слични на оние што ги монтираат по автобусите за карти. Edited by lslcrew - 09-Jan-2009 at 16:31 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Само нешто не ми е јасно,најавуваат ако влезе тоа гласање ќе може да се гласа и преку интернет.
Од една страна,тоа ми се гледа интересно,затоа што ќе може да се гласа и надвор од Македонија,но пак од друга страна,со тоа се можни многу неправилности,затоа што голем дел од нашиот народ не видел компјутер,па ќе треба да гласа синот наместо мајка ти и слични неправилности. |
||||||||||||||
build.mk, гради форумска историја
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
![]() ![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
dzabe praite muabet ja batalija idejata za elektronsko glasanje
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Да де, да не се најдат загрозени битангите задолжени за кршење гласачки кутии. Изгледа не чека исто сценарио... @gotso - ја имам таа книга(мемоарите на ајнштајн) и татко ми го познава тој човек... Толку знам ![]() |
||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
за Кире имаше интервју за фокус уште лани во март. го имате целото во Македонски пронајдоци и патенти... КИРЕ ИЛИЕВСКИ
РУСКИТЕ НАУЧНИЦИ ЈА ПОТВРДИЈА МОЈАТА РЕВУЛУЦИОНЕРНА ТЕОРИЈА ЗА ГРАВИТАЦИЈА скромен човек со големи мотиви и лесна мисла! ова интервју за фокус е феноменално, претпоставувам дека и кај Слободан во ГНН имал сличен настап, ако не и подобар бидејќи таму има простор да изрецитира сто печатени интервјуа... __________________________________ аха! и владимир дал линк за истото интервју, сега дури го проследив линкот... Edited by beTon - 10-Jan-2009 at 01:24 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
gotsomekicks ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Планирам деновиве да ја купам книгата. Инаку само што го прочитав интервјуто со Илиевски. Отприлика тоа беше тоа што го кажа и во емисијата. Што се однесува до физиката, далеку од тоа дека сум компетентен да коментирам или пак да проценувам дали теоријата му држи вода. Но едно нешто што не ми е по ќејф е тоа константо да се форсираат тие теории на заговор. Па зарем не е довлно заговор да дојде човек како Хитлер на власт и да убеди цела нација да оди во војна против светот, па сега ајде копаме теории дека бил наместен од Американците. Али можеби па и јас сум премногу narrow-minded па работите ги гледам така како што биле... А можеби човекот е генијален па сега овие работи кои за него се очигледни на нас ни се чинат луди, или пак од толкава генијалност е и малце чукнат ![]() Али затоа коментарот за образованието му е сосема на место. ![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
![]() Ако малку психолошки го проанализираме ќе видиме дека човекот по природа има вештина да убеди. Нафрлање еден куп информации од кои некоја ќе упали, зборење малку погласно исто така делува убедувачки. Зборување количински многу што исто така иде у прилог. Нема ни срам ни перде да плука познати светски научници, а сеуште нема барем една дисертација спакована комплетно. Може да видите дека освен вокално, ги потенцирате тезите и со потези со главата и рацете. Мене на прв поглед ми изгледа како жива превара со малку памет. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
па гестикаулации со рацете односно говорот на телото кажува многу, но прилично лошо го имаш прочитано од тој аспект лсл, оној што се користи со телесна гестикулација или тоа го прави како би потенцирал нешто или пак од преголемо количество на информации кои ги канализира жонглирајќи "S честички" со рацете, најверојатно Кире користел комбинација од двете а дека има право тој на некој научник или некоја научна теорија да гледа како недоквакана тоа е негово право(наводно плукал), уште повеќе што тоа право не го темели на интуиција туку на постоечки теории, кои за разлика од нашите тези се далеку поаргументирани и прецизно поткрепени! конкретно Кире вели дека на Алберт му недостасуваат некои муабети во равенката, не го негира анјштајн а ниту пак има нагласено врз основа на што ја темели сопствената теорија и што му оспорува на еврејот(од печатено интервју и не треба да се очекува повеќе, можеби кај Слободан во емисија кажал нешто повеќе, но само доколку имал отворен простор за симултанка со гледачите) инаку ја немам прочитано неговата книга ниту знам како и на кој начин удира врз постоечките теории, како што и самиот напоменува дека постојат само за да оправдаат некое случување, а не самите да бидат случување како што повеќето би сакале односно одма бараат доказ од некаков експеримент! најверојатно тој е во онаа група физичари која од ден на ден се повеќе приврзаници добива, ако е така, она што е во моментов точно е дека човеков според новата string theory дефинитивно е во право за она што го зборува дека на ајнштајн и компанија им фалат доста потпирачи во теоријата, исто има право кога вели дека магнетизмот е насекаде па дури и во атомите, а тоа му е признато и од русите, незнам каде точно и кој точно му ја признал теоријата, но колку што разбрав тоа било некој научен институт, што мислам не е мала работа... инаку за да малку ви биде појасно зошто тоа string теоријата го смета релативитетот како недоквакан треба да ја погледнете на PBS NOVA емисијатa за стринг теоријата The Elegant Universe која е во три дела и ја има на магарето, а еве го на гугл вториот дел за новата теорија Strings the Thing . пак ќе повторам незнам дали за истава теорија зборува, или за дел кој би влегол во склоп со оваа теорија, но дефинитивно не е сам и луд штом вели дека на ајнштајн нешто му скубнало, исто како што ајнштајн велел за њутн... инаку оној став што го има лсл за човеков сигурно го имаат и повеќето, но проблемот е мислам што сите се обидуваат да си ги објаснат по свое убедување тие теории, а штом тоа неможат да го направат веднаш ги квалификуваат тие теории како глупост, небаре од сркање мед пчелари станале и без да виделе кошница во животот макар била таа и на телевизија... ова важи и за сите оние научници кои секирите ги закопале како небаре ајнштајн објаснил се, што не е ни блиску до вистината, но навистина тешко е да си пораснат и да живееш цел живот со главата во еден правец и преку ноќ да се натераш да го смениш правецот, но како велат Seeing is Believing можеби ќе се задлабочат малку повеќе луѓето како би дошле и самите до таа вистина околу недореченоста на теоријата за релативитет и со тек на време тој факт ќе го прифатат, ова јасно, важи и за можни теории кои во иднина можат да произлезат како пореволуционерни и од жичаната теорија! ___________________________________________
@ готсо мислам дека за муабетот со хитлер човеков не измисли некоја нова топла вода, факт е дека лончињата се редат постојано низ историјата, но после француската револуција работите фаќаат еден предетерминиран ред т.е. се се одвива со прецизна цел и од еден центар. а тоа што луѓето се фаќаат само за репортажите на cnn и врз основа на тој информациски адвертајзинг се раководат и ја генерираат сопствената слика за тоа што е реално а што фикција, тоа е сосем друга работа. конкретно за хитлер и врската со америте има неколку документарци кои ја доловуваат целата ситуација почисто, еве ти еден Banking With Hitler
инаку што е тоа конспирација, здружување на одредени субјекти за да спроведат одредена цел без знаење на мнозинството или без нивна дозвола, или намерно или не искривување или затајување на некоја вистина. тука би влегле шаховските игри на западниот империјализам низ светот, каде секоја војна до вчера ја оправдуваа со борба против комунизмот а денес со борба против тероризмот, а самиот тој западен свет ги измисли и едните и другите само за да ги оправда сопствените потреби за експанзија и експлоатација, нешта што му се потребни како би го одржал сопствениот "фиктивен" економски раст, а воедно како би ја одржале во кондиција сопствената воена машинерија која добива средства за одржување и модернизација само доколку за тоа има оправдани причини... гледано економски истото се случува и во науката, односно се додека не се исцеди една теорија и нејзината примена, нема да се дозволи некоја друга да завладее практично, бар нема да излезе од националните и универзитетските лабаратории со оглед дека истите се и најопремени, евентуално ќе јават дека нешто откриле но само на тоа и ќе остане, зборувам за фундаментални пронајдоци како физија или магнетизам. но сега веќе има и исклучоци бидејќи се почесто и приватни компании имаат сопствени лабаратории па некои работи и не можат толку директно да ги контролираат, но има начини како да се заќутат или пролонгираат истите, така било и со Тесла и со Ајнштан, им го земаат(одобруваат) она што им треба, а другото во бункер! Edited by beTon - 22-Oct-2014 at 20:04 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
gotsomekicks ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 305 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
@beTon: Фала за документарецов, баш ќе го ѕирнам.
Инаку со ова што го спомнуваш на крај и јас се имав опседнато едно време. Се додека не се наполнат фармацевтските комапнии со пари од скапи лекови нема да инвестираат во тоа да се пронајде ефтин лек за одредена болест. Со оглед на тоа колку се сурови и материјалисти оние CEOa што ги контролираат поголемите компании, не би ме чудило и да затајуваат битни отркритија. (бтв. фисијата веќе се експлоатира на големо во нуклеарните централи, она што сега треба да го совладаме е фузијата) Back on topic. Сосема е во право за тоа дека има дупка во научното разбирање на универзумот. Постојат две разединети теории кои не се совпаѓаат (релативитетот и квантната физика) кои се многу успешни при објаснувањето на макро (релативитетот) и микро (квантната физика) појави. Проблемот е во тоа што не се компатибилни, односно не знаеме што има измеѓу. Тука улетуваат различните стринг теории за колку-толку да појаснат некои работи али само станува се позбунувачки. @lsl: Не знам колку си читал за овие етаблираните теории кои денеска се учат по школите, али веќе ништо неможе да ме изненади. Кога афирмирани научници ќе почнат да зборат за мултиверзум, Ајнштајн-Подолски-Розен парадокс и сл. работи, после се тоа ништо веќе ни ми се чини како научна фантастика ![]() |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
ок лапсус во брзање да фузија, физија е цепење а ова е соединување, но во принцип мислам дека ги имаат информациите како само чекаат да се исцрпат сите останати средства кои овозможуваат да остане во живот постоечкиов систем на економија кој прилично многу зависи од постојниве енергенси... инаку околу стринг теоријата во право си дека e нешто измеѓу релативината и квантната теорија, но дека е само обид тука си најверојатно грешка, бидејќи баш тој односно таа теорија доста научници ја прифаќаат, бидејќи досега е и најиздржана, види навистина е тешко да споиш нешто вакво wikipedia.ws/wikipedia/pa/Parallel_universes.html со теоријата на релативитетот! мене повеќе ми личи дека жичаната теорија пополнува многу недоумици за постојнава физика за кои досега или немаше објаснување или истото е лабаво, но колку и до каде успева да го премости јазот помеѓу постојниве "заглавени" теории тоа незнам, попрво мислам дека се наметнува како нова самостојна теорија независна од овие две, но истата може да послужи како оправдување за постоењето на досегашниве главни(заглавени) две теории. еве едно интересно гледање на вербалната тепачка помеѓу релативците и квантичарите
останува уште да видиме зад што стои Кире и дали е врзан со жичариве или има некоја своја теорија!!! Edited by beTon - 12-Jan-2009 at 19:44 |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
@Бетон; Русите ги споменуваш со доза на величање, небаре они го создадоа светот и сега го имаат ексклузивното права да ги верификуваат природните законистости. Патем не ми треба Кире да ми каже дека магнетизмот е насекаде. Него ај да не полемизираме на ван-теми. Јас нити сакам да ги обесхрабрам ваквите луќе па нити сакам да им дадам безрезервна поддршка. Кире нека си ја тера неговата работа и нека не се труди да објаснува виша физика на јавноста него нека го стори тоа пред релеватни факултети. Отсуството на одѕив од стручни лица воопшто не се должи на непобибливоста на Киревите теории, него на тоа што воопшто и овие теории сеуште не се достојни да бидат разгледани од лаборатории. А не се достојни пошто се една обична гранапска размисла за виша физика. Нека повели господинот нека пише равенка, тоа го бара денес науката. Равенка која ќе ја замени досегашната! Изволте хартија изволте плавецот, па пиши! Никому од физичари не му се слуша киша око Крагујевца нити па киша око Крагујевца може да биде корисна, него егзактност.
Ти малку погрешно си ме сватил дека имам нешто против човеков, па мислиш дека имам некоја потреба да го негирам пошто наводно не ми бил доволно јасен! Човеков ми е многу повеќе јасен него тебе, или па него вечина од луѓето. Јас незнам од каде толку безрезервна поддршка во тебе за човеков. Неможам да потклекнам пред законитостите на околинава пошто некој решил од науката да си прави ветрометина. Пак ќе повторам: Му посакувам на човеков успешна работа, да дојде до конкретни резултати, да покаже дека е во право. Се дотогаш ќе бидам општ наблудувач. Се додека човеков со своите теории не пецне некои познати лаборатории и научници, се додека сериозно не загрози некои досегашни теории, се дотогаш мене ова ќе ми изгледа само една сци-фи приказка. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
лсл што е достојно а што не времето ќе покажа, може и навистина е така но ти како што настапи во првата реакција одма го отпиша човеков, иако и јас незнам што точно напишал во книгата а што точно му спореле и го одбранил во австралија а што му признале во русија, сепак не го жигосав како фантазер! а дека ги глорифицирам русите тоа не е точно, но ако веќе бараш мое мислење за нив сметам дека се далеку помалку исфрустрирани научници, бидејќи не се замараат со маркетинг и сензационализам, од секогаш било така, и никогаш не ставиле некоја идеја под тепих како што може да се види од горе посочениот документарец како тоа што го правеле америте кога жичарите се труделе да ја исфрлат новата теорија на површина, а самиот тој дали само таму го пратил својот труд на еваулација, и тоа не го знаеме! значи премногу бесмислено нагаѓаме и врз основа на тоа пробуваме да пресечеме! инаку во принцип она што го прават овие теории е само обид математички да се оправда некои макро или микро појави, значи игра на равенки, а ако велат физичарите дека во таа игра ајнштајн некаде заглавил негледам зошто тоа да не е и така, не дека се на ајнштајн треба да му се оспори, но веќе истиот тој не е оној што беше досега најглорифицираниот научник на човештвото! значи се уште не знаеме што и каде Кире Илиевски презентирал, но според впечатокот кој го остава тврдејќи дека безусловно до сега не е побиен, тоа ми остава голем простор бар сега да верувам дека и навистина човеков нешто и постигнал на полето на теориската физика! инаку не ми пречи што ти го доживуваш како дилетантска напаст, но треба да имаш во предвид дека го анализираме според печатено интервју, затоа треба да оставиш простор бар малку околу тоа што го зборува а не уште веднаш да го отераш во некоја канализација! |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
![]()
Повеќе |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Интересна работа до каде оди ова согорувањево на водород и кислород во науката. До пред неколку години воопшто и да не се применуваше, а денеска веќе во Германија има и бензински каде може да наточиш водород. Единствено ме плаши можноста за оргомни хаварии.
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Чудо дете
Марко Чаласан најмлад мајкрософт администратор во светот
Најмладиот мајкрософт администратор во светот кој во весникот „Тајмс“ е претставен како Моцарт на компјутер, е Марко Чаласан, со само 8 години. Во групата на ентузијасти од целиот свет кои имаат сертификат од „Мајкрософт“ за администратори, Мајкл Јосеф дипломата ја добил на 17 години, а Андреј Хастинг на 24. Со последниот сертификат што го доби од „Мајкрософт“, Марко е способен да заработува од одржување на компјутерската мрежа. Додека неговите врсници читаа лектири како „Пипи долгиот чорап“ или „Хајди“, тој чита книги на англиски јазик за компјутерските мрежи. Слободното време го поминува во игра со другарчињата. „Најмногу сакаме да играме монопол... Фудбал, брканица, жмурка... Марко е многу добар другар. Си игра со сите. некогаш кога нешто не ни е јасно, тој ни кажува“, велат другарчињата на Марко. Неговата наставничка Александра Камчевска постојано го фали својот ученик-генијалец. „Секогаш се труди сето она што го пропуштил на некој начин додека бил на испити или се подготвувал за нив, да го надокнади“, вели Камчевска. Времето пред и по часовите го минува во својата компјутерска работилница. Таму Марко ни ги опиша своите способности со кои и ја стекнал таа диплома.
„Тој сертификат опфаќа многу технологии што се поврзани со администрација на големи мрежи, не опфаќа базични технологии“, вели Марко. Со Марко можете да разговарате и за области надвор од виртуелниот свет. Омилена тема за дебата во домашна атмосфера му е астрономијата. „После 5.000 години Сонцето ќе ги потроши сите резерви на водород и хелиум, така што ќе се зголеми двојно и ќе ја проголта земјината атмосфера, ќе ги привлече нејзините гасови“, вели Марко. Потребите на Марко се поинакви од другите деца. „Покрај секојдневните трошоци за храна и сето останато, другиот дел оди за Марко, му требало нов сервер, нов компјутеј, подобар монитор поради неговите очи. Секогаш кога купуваме, гледаме тоа да е добро и за неговото здравје“, изјави мајката на Марко, Радица Чаласан. Марко својата енергија ја троши кога вежба тајландски бокс. Тој наскоро ќе оди во Словенија да се запознае со директорот на „Мајкрософт“ за Југоисточна Европа. |
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
Кога ќе му дадат сертификат од RedHat за линукс мрежна администрација, тогаш ќе видиме чудо од дете. Засега, не е ништо посебно
![]() |
||||||||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
La Linea ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 07-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2067 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
@gitardemon
![]() Ama погрешно е да мислиш дека би му било нешто многу потешко да го направи истото со RedHat, па и било кој оперативен систем. Без заебавање, честитки до Марко Чаласан. П.С. Најверојатно е новинарска грешка, но далеку од тоа дека Сонцето ќе ја голтне земјата за 5000 години. Тоа ќе се случи за 5 милијарди години. |
||||||||||||||
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
||||||||||||||
![]() |
||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||||||||||||
![]() Да и јас сум убеден дека таа грешка поверојатно ја направил новинарот отколку малиот Марко. Најсериозно. ![]() |
||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 23456 11> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |