![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 153154155156157 159> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Одлична вест за сите што живеат во селата Бразда, Глуво, Бањани и Чучер Сандево, а мораат да одат преку Бутел. Е сега, уште да го исчистат и ѓубрето покрај патот и под обиколницата... ама, па, да не барам премногу ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
НА ЖИТЕЛИТЕ НА КИСЕЛА ВОДА ИМ ЗБОКТИСАА БАГЕРИТЕ Улицата Димо Хаџи Димов веќе 6 месеци е раскопана, Град Скопје не дава одговори
![]() Што се случува со реконструкцијата на улицата Димо Хаџи Димов во скопската населба Кисела Вода, прашуваат збунето граѓаните, иако скопската градоначалничка Данела Арсовска им вети дека ќе го реши деценискиот проблем. Сепак, тие со месеци цапаат во кал и дишат прашина. Во разговор за Плусинфо жителите од оваа улица велат дека интервенциите започнале во септември минатата година, а како што ни кажаа работните задачи требало да бидат готови во октомври, како што и впрочем пишува на информациската табла на која како инвеститор е наведен Град Скопје. Ја раскопаа улицата еднаш од едната страна, па таа страна ја покрија со песок за да се копа другата страна. Откако двете страни ги ископаа и ги покрија со песок, на големо изненадување на граѓаните, улицата повторно беше раскопана. На прашање до работниците кога планираат да завршат, одговорот што го добивавме беше „ехеее има време до декември“. По второто копање, улицата беше повторно затрупана со песок за повторно да ја раскопаат на одредени делови – вели револтирано Марија. Жителите ни откриваат дека кога завршила и третата интервенција, некаде околу Новата година, на улицата бил поставен „времен асфалт“, на што работниците им одговориле дека тоа е „колку да помине зимата“. Сега, новиот асфалт се копа еднаш неделно. Работниците прават дупка и чекаат со денови, раскажуваат нашите соговорници. Бекатон блочките од тротоарот се извадени, дупките се затрупани со песок и бекатон плочките никој досега не ги поставил повторно. – Буквално секој ден се отвора нова дупка во „времениот асфалт“ и наводно рокот до декември бил продолжен за март, без никој да ги извести граѓаните коишто не можат да пристапат до своите живеалишта, а за калта и прашината што ја дишат, тоа е друга работа – ни вели Драги. Според моменталната состојба на терен која ја забележавме, и покрај тоа што веќе сме во втората недела на март, работите како да тапкаат во место, па поради тоа тешко дека и овој рок ќе биде исполнет, бидејќи треба повторно да се промени целиот асфалт и тротоарите. Инаку, улицата Димо Хаџи Димов е една од главните артерии во населбата Кисела Вода по која минува и автобусот со број 24, а исто така ја користат и жителите од Пржино. ![]() За потсетување, на 28 септември минатата година градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изврши увид на почетокот на градежните работи за реконструкција на улицата Димо Хаџи Димов. – Градот Скопје ја реконструира улицата Димо Хаџи Димов, на потегот од крстосницата со улицата Антон Попов до улицата Народни Херои, која е една од најфреквентните улици во општината Кисела Вода. Барањето за реконструкција е истакнато како децениски проблем од страна на жителите кои редовно транзитираат по овој дел на градот, при што со проектот дополнително се зголемува безбедноста на учесниците во сообраќајот. Улицата Димо Хаџи Димов целосно се реконструира во вкупна површина од 6.520 метри квадратни на должина од 800 метри, се заменуваат оштетените рабници, се нивелираат шахти и сливници, планирано е и соодветно хортикултурно уредување. Истовремено, Град Скопје инвестира и во нова атмосферска канализација во должина од 900 метри, а се врши и целосна реконструкција на водоводната мрежа – изјави тогаш градоначалничката Арсовска. https://plusinfo.mk/arsovska-veti-reshava-e-deceniski-problem-a-im-ostavi-kal-i-prashina-zhitelite-na-kisela-voda-so-meseci-chekaat-ulicata-dimo-ha-i-dimov-da-bide-rekonstruirana/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се гради кружен тек на влезот во општината Илинден
![]() Започна изградбата на кружен тек на влезот во општината Илинден. Како што информираат општинските власти, станува збор за нов кружен тек на важна крстосница, кој ги опфаќа главните улици ,,2“, ,,8“, „9“ и новопроектирана улица ,,10“ на влезот во Илинден. – Со изградбата на овој кружен тек ќе се растовари сообраќајниот метеж во овој фреквентен дел од општината, а наедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамките на проектот е планирана изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување, како и јавно осветлување на просторот – истакна градоначалникот Александар Георгиевски. Како што нагласи тој, улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани во согласност со сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај. https://novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/se-gradi-kruzhen-tek-na-vlezot-vo-opshtinata-ilinden/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БУЛЕВАРОТ БОЦА ИВАНОВА ВО БУТЕЛ Е КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ И ЌЕ СЕ ГРАДИ, А СЕДУМТЕ ЗГРАДИ ГИ НАЦРТА ВМРО-ДМПНЕ, РЕЧЕ АРСОВСКА
Булеварот Боца Иванова во Општина Бутел е капитален проект за Скопје и затоа мора да гради, рече денеска на прес-конференција градоначалничката Данела Арсовска откако изминатите два дена жители од овој дел на градот заедно со градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски протестираа против проектот. Тие велат дека булеварот ќе им минува пред куќите односно за изградба на сообраќајницата ќе им биде одземено дворното место. Заедно со Костовски обвинија дека Арсовска го прави булеварот за да може да никнат седум нови згради. Арсовска денеска на граѓаните им одговори дека земјиштето каде ќе минува булеварот е државно и дека овој проект е стар со години односно предвиден со Генералниот урбанистички план 2012-2022 кој го правеше ексградоначалникот Коце Трајановски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. „Булеварот се простира на државно земјиште, но сепак, во еден дел од трасата каде што треба да се изгради овој булевар постојат десетина семејства кои ги прошириле своите дворови на тоа државното земјиште врз кое е предвидена изградбата на овој булевар, а со тоа и го узурпирале земјиштето, што според член 225 став 1 од Кривичниот законик е казниво дело. Градот Скопје нема намера да врши кривичен прогон на граѓани, но сакам да апелирам до граѓаните во овој дел на општина Бутел да не потпаѓаат под политичките игри и манипулации на политиканти кои се обидуваат да ги инструментализираат во својата нечесна политика. На крајот, одговорноста за узурпацијата на земјиштето нема да биде на градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски, туку на оние кои го узурпирале земјиштето“, рече Арсовска. Арсовска кажа дека градоначалникот Дарко Костовски во изборната кампања додека шетале заедно им ветувал на граѓаните исполнување на сите проекти од програмата „Модерно Скопје“ во која е и овој проект. „Деталниот урбанистички план на Општина Бутел со кој се предвидува изградба на седум згради кои излегуваат на булеварот Боца Иванова го направил тогашниот градоначалник Петре Латиновски, а го изгласале во 2015 токму советниците во советот на Општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Овој ДУП за изградба на 7 згради кој го изгласале токму од ВМРО-ДПМНЕ е сè уште на сила и во ниту еден момент во оваа измината година Дарко Костовски не реагирал да ги поништи овие 7 објекти ниту на вцртувањето на нови згради во Бутел. Ова значи дека, ВМРО-ДПМНЕ не само што дозволиле да се впишат за изградба седум згради на овој булевар, туку тие и го донеле планот за изградба на овие згради“, додаде Арсовска. Арсовска кажа дека булеварот ќе почне да се гради во текот на овој месец. Според проектот на трасата ќе биде изведена нова водоводна и атмосферска мрежа како и ново улично осветлување. На булеварот се проектирани и велосипедска патека, пешачка патека и соодветно партерно уредување по целата негова должина. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/bulevarot-botsa-ivanova-vo-butel-e-kapitalen-proekt-i-ke-se-gradi-a-sedumte-zgradi-gi-natsrta-vmro-dmpne-reche-arsovska/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ ПОЧНА ДА МЕНУВА АСФАЛТ НА РУЗВЕЛТОВА БЕЗ ДА НАЈАВИ ДЕКА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА Е ЗАТВОРЕН
![]() Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на улицата Рузвелтова. Градежна механизација од неколку камиони од утрово работи на корнење на стариот асфалт на потегот од крстосницата со булеварот Илинден до крстосницата со улицата Орце Николов. Заради градежните работи на овој потег затворена е една коловозна лента. Од Град Скопје вчера не најавија ниту денеска информираа дека се почнува со реновирање на оваа улица и дека ќе биде воведен посебен режим на сообраќај. Информации нема на веб страната на Град Скопје, ниту на фејсбук профилите на Градот и на градоначалничката Данела Арсовска. Град Скопје во моментов во центарот на градот ја реновира и улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници. Градежните работи на оваа делница почнаа во 22 септември и тогаш градоначалничката Арсовска кажа дека ќе биде готова за пет месеци. Рокот е поминат, а улицата уште не е пуштена и дел од неа е затворен за сообраќај. На овој потег истовремено и Општина Центар работи на реновирање на улицата Ленинова, со што секојдневно се создава метеж. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-pochna-da-menuva-asfalt-na-ruzveltova-bez-da-najavi-deka-del-od-ulitsata-e-zatvoren/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе се изгради ли источната порта од пограмата „За модерно Скопје“ на Арсовска?!
Во програмата „За модерно Скопје“, Арсовска има решение со стратешки проект „Изградба на источната порта на Скопје“, кое се состои во изградба на улици, клучка Хиподром – Инџиково, натпатник за пешаци кај „Велково меанче“, детелинка на мостот кај „Агросервис“, проширување на делот од „Агросервис“ до АСУЦ (трета лента) и раскрсница на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ со булеварот „Александар Македонски“, за која, пред извесно време, се вршеа испитувања и мерења на протокот на возила. Дали има некакво придвижување и какво во однос на овие наведени проекти, од кабинетот на Арсовска за весникот ВЕЧЕР одговорија дека сите проекти што се ветени во програмата „За модерно Скопје“ без исклучок се работат, со цел да бидат реализирани во овој мандат и дека во моментот се работи на проектната фаза, бидејќи досега немало никаков проект, ниту била започната некаква постапка за овие проекти Ниту еден скопски градоначалник досега, иако предизборно ветуваа, не го реши проблемот со приклучувањето од автопатот на булеварот „Александар Македонски“, кој води кон Автокоманда. На приклучокот кај „Агросервис“, секое утро има невиден сообраќаен метеж. Колони возила, нервозни возачи, лазејќи, едвај се пробиваат низ тоа тесно грло за да стигнат до Автокоманда, бидејќи рој возила од автопатот, кои доаѓаат и од другите делови на градот, но и од други градови, се слеваат кон булеварот„Александар Македонски“. Ниту од скопската градоначалничка Данела Арсовска, барем засега, нема навестување за скоро решавање, иако во нејзината програма „За модерно Скопје“, како стратешки проект, се наведува „изградба на источната порта на Скопје“, во рамките на кој, при влез во градот, се предлага генерално сообраќајно решение што ќе го намали сообраќајниот метеж. При тоа, како што се наведува, решението е со изградба на улици, клучка Хиподром – Инџиково, натпатник за пешаци кај „Велково меанче“, детелинка на мостот кај „Агросервис“, проширување на делот од „Агросервис“ до АСУЦ (трета лента) и раскрсница на улицата „Шеснаесетта македонска бригада“ со булеварот „Александар Македонски“, за која, пред извесно време, се вршеа испитувања и мерења на протокот на возила. Освен тоа, во програмата, Арсовска предвидува дека и на влезoвите од градот ќе се обезбедат големи паркинг- простори за паркирање возила што доаѓаат од околните градови. При тоа, ќе се обезбеди редовна автобуска линија до секој паркинг. Дали има некакво придвижување и какво во однос на овие наведени проекти, од кабинетот на Арсовска за весникот ВЕЧЕР одговорија дека сите проекти што се ветени во програмата „За модерно Скопје“ без исклучок се работат, со цел да бидат реализирани во овој мандат. – Што се однесува за конкретните проекти, во овој момент се работи на проектната фаза, бидејќи досега немало никаков проект, ниту била започната некаква постапка за овие проекти. Проектната фаза, бидејќи се проекти од капитален карактер, трае 230 дена, при што со изработка на проектна документација за дел од наведените проекти е започнато во 2022 година, согласно со можностите на буџетот, а за останатите – во оваа година. По завршувањето на проектната документација, ќе се започне со реализација на проектите – велат од кабинетот на Арсовска. https://www.vecer.press/ќе-се-изгради-ли-источната-порта-од-пог/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршени 60% од реконструкцијата на улицата „Ленинова“!
На улицата се поставува нова атмосферска и водоводна канализација, нови тротоари и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување, а ќе се воведе и резидентно паркирање. ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
„Рузвелтова“ ќе се реконструира два месеца
![]() Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска изврши увид во градежните работи на ул.„Рузвелтова“, која се реконструира на потегот од булевар „Илинден“ до булевар „Партизански одреди“. Реконструкцијата на „Рузвелтова“ во оваа фаза е со рок на изведба од два месеци, се простира на површина од 7.350 м2 и должина од 600 метри, со што ќе се овозможи зголемена безбедност и сигурност на сите учесници во сообраќајот. Покрај нов коловоз, се работи на стабилизирање на основата на улицата со што се избегнува неквалитетна изведба која може да доведе до пропаѓање на истата, а пешачката зона ќе добие нов, модерен лик со соодветно хортикултурно уредување, соопшти прес-службата на Град Скопје. https://nezavisen.mk/ruzveltova-kje-se-rekonstruira-dva-meseca/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
бул.Киро Глигоров раскрсница кај Бриколаж(од твитер)
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Радишанска:
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ШТО „УВИДЕ“ АРСОВСКА НА ДИМО ХАЏИ ДИМОВ? Мал дожд, улицата и подрумите повторно поплавени!
По седуммесечна реконструкција на улицата Димо Хаџи Димов од вчера се раскопуваат и тротоарите, а граѓаните револтирано коментираат дека и по не толку интензивниот дожд улицата повторно беше полна со вода. Поради тоа прашуваат што увиде градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која пред два дена вршеше увид на градежните работи, токму на оваа улица. Новата атмосферска канализација што беше причина за раскопување на улицата Димо Хаџи Димов во скопска Кисела Вода и „скапиот“ асфалт за којшто се чекаше потопло време, не го издржаа првиот дожд, а дел од сопствениците на куќи повторно се бореа со поплавените подруми. – Тамам се израдувавме дека повеќе нема да слушаме багери, барем на овој дел од улицата, кога заврна и пак поплава! И еве, од вчера повторно багери. Сега ни ги раскопуваат тротоарите кои веќе беа готови. Што ли се прави овој пат – прашува чичко Благоја. Скопјанката Билјана, која живее на оваа улица, револтирано вели дека малку им била прашината што ја дишеле 7 месеци од копањето на улицата, местењето и преместувањето на шахтите. – Еве втор ден како ги раскопуваат тротоарите. Не ни е јасно што се случува? Ние како граѓани бараме одговори од градот, зошто улицата беше пола со вода и зошто сега се копаат тротоарите – вели Билјана. ![]() Градоначалничката на Град Скопје пред два дена изврши увид во завршните работи на улицата Димо Хаџи Димов каде се реконструира коловозот со што се овозможува зголемена безбедност за жителите на овој потег, но и за прв пат по целата должина и поврзаните краци се изгради атмосферска канализација. Во моментот на вториот дел од трасата се реконструира и водоводната мрежа. „По секое невреме на оваа траса детектирани се поплави, а со сериозна инвестиција и изградбата на атмосферската канализација се отстрануваат овие недостатоци во интерес на граѓаните, со цел да се превенираат во иднина несакани последици предизвикани од невреме“ – информираа од Град Скопје по посетата на Арсовска на оваа улица, која важи за сообраќајна артерија за населбата Кисела Вода. Претходно Плусинфо пишуваше токму за оваа улица бидејќи загрижените граѓани прашуваа што се случува со реконструкцијата на улицата Димо Хаџи Димов, иако скопската градоначалничка Арсовска им вети дека ќе го реши деценискиот проблем. Жители од оваа улица ни рекоа дека интервенциите започнале во септември лани, а работите требало да бидат завршени во октомври, како и што пишува на информативната табла на која како инвеститор е наведен Град Скопје. ![]() – Ја раскопаа улицата еднаш од едната страна, па таа страна ја покрија со песок за да се копа другата страна. Откако двете страни ги ископаа и ги покрија со песок, на големо изненадување на граѓаните, улицата повторно беше раскопана. На прашање до работниците кога планираат да завршат, одговорот што го добивавме беше „ехеее има време до декември“. По второто копање, улицата беше повторно затрупана со песок за повторно да ја раскопаат на одредени делови – ни кажаа тогаш жителите на оваа улица. Како одговор на нашите прашања, градските власти нѐ информираа дека на посочената улица се извршувале неколку зафати, па поради тоа се одложил рокот за завршување на проектот, а и временските услови не биле на нивна страна за нанесување на завршниот слој асфалт. – На улицата Димо Хаџи Димов не се работеше само на реконструкција на коловозот туку и на комплетна изведба на атмосферска канализација и нов водовод, при што се завршени и сите водоводни приклучоци кон околните објекти кои беа многу на број. Следи асфалтирање на улицата и тоа предвиден е завршен слој асфалт СМА за чие вградување, согласно техничките стандарди, потребно е суво, неврнежливо време, и температурата на воздухот и на тлото над 15 степени Целзиусови во текот на денот – рекоа од Град Скопје за Плусинфо. За целосната реконструкција на улицата Димо Хаџи Димов, како што изјави градоначалничката Арсовска во септември лани, Градот ќе издвои 41 милион денари. Жителите на оваа улица повторно се прашуваат за што точно биле потрошени овие пари, бидејќи Арсовска вети ќе им го реши деценискиот проблем, но при најмал дожд улицата Димо Хаџи Димов повторно беше поплавена. Тие стравуваат што ќе се случи со улицата и нивните домови при интензивен дожд, дали повторно ќе мораат со кофи да ја вадат водата од своите домови и подруми? https://plusinfo.mk/shto-uvide-arsovska-na-dimo-ha-i-dimov-mal-dozhd-ulicata-i-podrumite-povtorno-poplaveni/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДЕЛ ОД УЛИЦАТА ДАМЕ ГРУЕВ Е РАСКОПАН И ЗАТВОРЕН, ГРАД СКОПЈЕ БЕЗ НАЈАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА
![]() Улицата Даме Груев во Скопје, на потегот кај ТЦ „Палома Бјанка“ кон Градски ѕид, од денеска е раскопана и во дел затворена за сообраќај поради реконструкција. Но, иако станува збор за прометна улица во строгиот центар на градот, Град Скопје не информираше за овој зафат. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не испратија соопштение ниту свикаа прес-конференција. Градежните работи на терен ги изведува ЈП „Улици и патишта“, но ни оттаму нема информација за режимот на сообраќај додека трае реконструкцијата и за колку време ќе биде завршена. Улицата Даме Груев е полна со дупки, долж цела улица се паркирани коли, а дополнителнo секојдневно се раскопува поради градилиштето на хотелот ТЦЦ „Плаза“, за кој нема дозвола за градба, но сепак повремено се изведуваат градежни работи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/raskopana-i-zatvorena-del-od-ulitsata-dame-gruev-grad-skopje-bez-najava-za-rekonstruktsijata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Радишанска
![]() ![]() ![]() Edited by <Fresno> - 08-May-2023 at 15:57 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() https://twitter.com/Giotto_mkd/status/1656643006240370688?cxt=HHwWgMC9qa6Cyv0tAAAA Edited by Џоле - 12-May-2023 at 16:12 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
JovanOdGjorche ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 518 |
![]() ![]() |
Ваму бекатонче, на Гологанов асфалт за тротоари, хаос.
|
|
And something, somewhere was lost in 1938...
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Како што гледам до сега од кога раководи Данела Арсовска со градот... ни еден нов голем инфраструктурен проект, ама баш ни еден (не зборам за оние планирани за време кога Шилегов беше градоначалник) нема започнато.
Се плашам дека сите оние кои што треба да ги започне, сите оние кои што ги успори / закочи (намерно), сите оние кои што ги прекина, ќе ги реализира во еден куп, сите од еднаш или пред избори, или неколу месеци наназад пред избори. Па така ќе каже, нешто во стил на еве гледајте колку масовно се гради во градот (епска музика во позадина), градиме (троцифрен број) на километри патишта, улици, булевари низ Скопје, никогаш во историјата на градот, ни еден градоначалник до сега ова го нема направено... И ќе почне да кажува како тоа претходниот го заглавил градот во проблеми, до толку што она со години го одглавувала градот, и демек сега нешто работи (проекти кои што највеќе беа закочени / прекинати заради чист политички реваншизам, политички игри, и не ставање приоритет на интересот на граѓаните). Слушајте ми го зборот, јас сум сигурен дека така нешто ќе биде. Неможе она градот да го остави со волку проблеми, волку недовршени / нереализирани инфраструктурни проекти. Луѓе вработени во град Скопје немаат плата земено, еве сега дури и вработени во ЈСП се закануваат дека ќе престанат да возат (Скопје буквално е на работ да си го изгуби и основниот јавен превоз), едноставно ситуацијата е Хаос... Ако не направи ништо со овие проекти, тогаш таа сама ќе си ја зацементира иднината, и ќе си го "закопа гробот". А ја видоа и од ВМРО многу убаво каква е, затоа и не ја подржуваат веќе... И сега она ќе гледа поддршката на народот да и остане, бидејки секако следни локални избори ВМРО ќе се појават со нивен кандидат. Еј, независен кандидат за градоначалник на Скопје... До ова дереџе да го донесеше градот, не ми ми беше на помисла јас и сите други кога ја гласавме. Секој очекуваше конечно да се тргнеме од тој пијаницата Шилегов... што успеа (заради тоа и беше гласана), но сега испадна поголем проблем и од Него. Градот во проблеми и хаос од независен кандидат. Буквално Милан Бандич сценарио. |
|
![]() |
|
Semir ![]() Newbie ![]() Joined: 16-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
![]() ![]() |
Никогаш нема да ми биде јасно што толку лошо направил Шилегов за да не добие втор мандат кога градоначалници пред него, кои беа 10 пати полоши, добиваа повеќе отколку што заслужуваа.. А уште помалку ми е јасно како Арсовска ја сметавте за "независен кандидат" кога цела кампања и' беше финансирана од вмро.. Кловн од кандидат беше, со нај meme-worthy изјави икад..
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТОЛТЕНБЕРГОВА: Ќе замине ли коцката кај Градскиот стадион во историјата?
![]() Улицата Столтенбергова која поминува покрај Градскиот стадион и салата и фудбалските игралишта на Работнички во Градскиот парк конечно ќе се реконструира. Оваа фреквентна улица е делумно пропадната, искршена и целата е со дупки. Советот на Општина Центар на последната седница ја прифати одлуката на Град Скопје за меѓуопштинска соработка, односно за реконструкција на Столтенбергова. За поправка и санирање од градската каса ќе бидат издвоени околу 5 милиони денари, а работите ќе ги изведе ЈП Улици и Патишта-Скопје. Засега нема најави кога ќе отпочне реконструкцијата иако таа е дел од подпрограмата Ј6-одржување на улици летно. Дали со оваа реконструкција коцката на улицата ќе биде тргната и замената со асфалт се уште не се знае. Општина Центар ќе треба да ги решава и можните имотно правни спорови како и да издаде решение за реконструкција. https://091info.mk/2023/05/24/5-милиони-денари-за-реконструкција-на-с/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 153154155156157 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |