![]() |
![]() |
![]() |
Спортска сала Соколана - Куманово |
![]() |
Post Reply ![]() |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() Posted: 04-Feb-2021 at 09:24 |
Соколана ќе заживее повторно: Започната реконструкцијата на спортскиот комплекс
![]() Спортскиот комплекс „Соколана“ во Куманово по години распаѓање, конечно ќе го добие ликот што го заслужува. Во тек се градежни активности, а како што информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, станува збор за прва фаза реконструкција на игралиштето и реконструкција на трибините. Проектот се реализира од страна на Општина Куманово и Агенција за млади и спорт. Преку Буџетот на државата и јавен повик преку Агенцијата за млади и спорт се обезбедени 7,5 милиони денари за реконструкција на Соколана. Предвидено Соколана да го зачува целиот свој автентичен изглед. Се предвидува партерно уредување на игралиштето, целосна реконструкција на постоечкото игралиште, теренот за мал фудбал со комплетна реконструкција на трибините како и уредувањето на паркинг просторот. https://kumanovskimuabeti.mk/sokolana-kje-zazhivee-povtorno-zapochnata-rekonstrukcijata-na-sportskiot-kompleks-foto/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=sokolana-kje-zazhivee-povtorno-zapochnata-rekonstrukcijata-na-sportskiot-kompleks-foto |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОПШТИНА КУМАНОВО ЌЕ ЈА РЕКОНСТРУИРА СПОРТСКАТА САЛА СОКОЛАНА
![]() До крајот на месецов ќе започне реконструкцијата на спортската сала Соколана, која е една од најубавите и највредни архитектонски зданија во Куманово, изградена во 1930-тите. Реконструкцијата на објектот следува откако Министерството за транспорт и врски издаде ја дозволата за градба, а Конзерваторскиот центар даде позитивно мислење дека на објектот може да се работи и завршена е тендерската постапка. Работите ќе се извршуваат етапно, а за почеток Општина Куманово издвои 130 илјади евра. „Ние од буџетот обезбедивме приближно 8 милиони денари. Интервенцијата на овој објект е поделена во 4 фази. Првиот дел е зајакнување на статиката на објектот и санација на поправка на кровот. Во втората фаза е планирано да се работи на фасадата и да се менува столаријата. Во третата фаза е целосно завршување од внатрешноста на објектот и негова адаптација за истите содржини за кои е изградена. Последно е партерното уредување на дворот. До крајот на годината се надеваме дека ќе се завршат половина од работите и веќе следната година ќе размислуваме за другите две фази“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски. Минатата година, Владата одобри 9 милиони денари за реконструкција на салата, но биле повлечени откако не биле потрошени во разумен рок. Градоначалникот очекува државата повторно да издвои средства за таа намена, работите да завршат побрзо, бидејќи Соколана не е само од значење на Општината, туку и за државата. Во 2019, Владата по 20 години ги врати на Куманово комплексот Соколана, Градскиот стадион, стрелиштето и спортската сала, а најави е дека ќе помогне финсиски за нивна реконструкција. Овие објекти беа дадени на стопанисување на приватни фирми во времето на владењето на ВМРО-ДПМНЕ. Сега сите се руинирани и во очајна состојба. Општината најави дека ќе ги обнови и ќе ги стави во функција на граѓаните. Спортската сала Соколана е симбол на богатиот спортски и забавен живот на Куманово од минатиот век, и граѓаните со нетрпение очекуваат да и се врати некогашниот сјај. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/opshtina-kumanovo-ke-ja-rekonstruira-sportskata-sala-sokolana/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Почна реконструкцијата на внатрешноста на Соколана под стручен надзор на конзерватори
![]() Во тек се активности за зајакнување на столбовите, по што ќе се премине на замена на кровната конструкција и фасадата. Градежните работи се одвиваат под контрола на стручни лица. „Се работи интензивно, се зајакнуваат внатрешните столбови, а реконструкција на кровот предвидува скоро целосна замена. Се работи строго по препораки и насоки на експерети од Националниот конзерваторски центар, затоа што тоа е споменик на културата. Сепак се чекаат подобри временски услови и поубаво време за работа на екстериерот, иако и внатре е многу студено“, изјави претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска. За реконструкција на кровот се обезбедени 12 милиони денари, а за другите две фази ќе се предвидат по завршување на изборниот процес. Изведувачот планира проектот да го заврши до септември годинава. Ѓорѓиевска е малку скептична што се однесува на крајниот рок, затоа што постојано излегуваа непредвидени работи на конструкцијата. „Би била пресреќна доколку се се заврши до крајот на годината. Има реални шанси, но оставам простор за непредвидени ситуации“, потенцира Ѓорѓиевска. Истовремено продолжува и средувањето на околината на комплексот- поставена е нова тартан подлога на новоизградениот спортски терен во партерниот дел, веќе се работи на разеленување на паркот, се средуваат тротоарите на улицата „Тонко Димков“, планирана е и средување на паркинг просторот кај самиот објект. Реконструкцијата на Соколана започна кон крајот на октомври минатата година. Во првата фаза од реконструкцијата беше предвидено зајакнување на статиката на објектот и санација на кровот, а вкупната проектирана сума изнесува 130 илјади евра. ![]() Во втората фаза ќе се работи на фасадата и замена на столаријата. Во третата фаза е целосно завршување од внатрешноста на објектот и негова адаптација за истите содржини за кои е изградена. Последно е партерното уредување на дворот. Реконструкцијата на објектот следува откако Министерството за транспорт и врски издаде ја дозволата за градба, а Конзерваторскиот центар даде позитивно мислење дека на објектот може да се работи. Спортската сала Соколана е симбол на богатиот спортски и забавен живот на Куманово од минатиот век, и граѓаните со нетрпение очекуваат да ѝ се врати некогашниот сјај. https://www.kumanovonews.mk/vesti/sokolana-se-rekonstruira-pod-strucen-nadzor-na-nacionalniot-konzervatorski-centar |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
od fb-06.05.2024 ![]() ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Се реконструира кровот на спортската сала Соколана, првата фаза од проектот ќе чини 240.000 евра
![]() радежните работи започнале на крајот на минатиот месец, а ги изведува фирмата „Филип инженеринг“ од село Бразда, скопко. Целокупната вредност на договорот за овој дел од работата е 14.763 милиони денари или 240.000 евра. Реконструкцијата на Соколана започнаа кон средината на 2023 година, со претходно обезбедени дозволи од Министерството за транспорт и врски и согласност од Конзерваторскиот центар. Работите на кровот се во рамките на првата фаза кога се работеше на зајакнување на статиката на објектот и кровната конструкција. Во втората фаза е предвидено да се работи на фасадата и замена на столаријата, третата е резервирана за внатрешно уредување и адаптација на просториите за намената за која е и изградена. ![]() Како последно беше најавено партерно уредување на објектот, но локалната власт веќе вложи и 14,96 милиони денари за реконструкција на паркот, како и за обновување на постоечките и изградба на спортски терени веднаш до Соколана, со вредност од 4,49 милиони денари. Во 2019 Владата по 20 години ги врати на Општина Куманово комплексот Соколана, Градскиот стадион, стрелиштето и спортската сала. Спортската сала Соколана е симбол на богатиот спортски и забавен живот на Куманово од минатиот век, и граѓаните со нетрпение очекуваат да и се врати некогашниот сјај. https://www.kumanovonews.mk/vesti/se-rekonstruira-krovot-na-sportskata-sala-sokolana |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во тек е завршна фаза на промена на кровниот покривач на најстарата спортска сала во Куманово "Соколана".
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=1190215659130969&set=pcb.1190215852464283 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |