Фонтаната со споменик на Александар
Македонски што ќе се гради на плоштадот „Македонија“ ќе биде музичка, а
во неа ќе бидат вградени и две песни од Тоше Проески.
Не гледам како ова се поклопува со остатокот од текстот и ставот на Трифун:
Гледате, јас сум градоначалник на главниот
град, а не добивам никакви информации за таа фонтана. Сега првпат
слушам дека ќе била музичка. Едно е јасно. Ние сме владетели на
плоштадот и без наша согласност никој нема право да го узурпира. Не
знам само зошто бевме целосно исклучени од целиот проект, за разлика од
општината. Ако фонтаната е предворје на Александар Македонски, тогаш
јас сум против. Ако се посвети на Тоше, ќе се согласам - нагласи
Костовски.
Инаку идејата за „компромис“ е до толку дебилна што не вреди да се коментира подетално... Какви ликови таков компромис!
А баш фино вака што им текнало да дека им фалел дијалог и да почнат со него на месец дена до крајот на мандатите
Ви текнува ли за нова година како звучеше она "ПРИМА фото ве вика....дрн дрн дрн"и така loop-от иде до бесвест. Баш на последниот митинг го пцуевме!!! Ете така ќе изгледа и оваа глупост!
Na plostad, srede ovoj grad, dedo mraz ve vika, prima foto so sankite decata gi slika... Извинете за офтопикот, морав!
ЕДИТ: еве да не биде тотално офтопик, мислам дека никој нема да дозволи ова да се реализира и ќе се заборави оваа идеја... Ова е премногу идиотско дури и за наши стандарди
Edited by La Linea - 11-Feb-2009 at 21:33
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Тука она што боли е што работава не е компромис на концепти па да се бара некој асредина. Хипотетички, ај да речеме дека градот бил граден во два стила, два концепта па тука да се сретнуваат и тогаш да се бара некаков компромис. Ама проблемот е што споеникот е компромис помеѓу личните хирови на скопски гадоначалници и блада! Значи тука веќе не е во прашање уметност. Доколкку предходно имаше тронка уметност, сега веќе се сведува на бележење територија!
да не пеат и тоа фонтаните во Вардар, добро би било да стават и џубокс како опција, ем ќе ги има сите претставителни македонски автори и песни, ем ете прилив за одржување на споменикот туку еве и видео размисли околу спомениците, кои досега ги имаме само текстуално покриено.
Abe, sto pravat ovie? Si raseuvat skulpturi kako trevka, malku vam, malku tam. ?? Smetam deka bi bilo podobro da se pogrizat starite ruinirani iscrtani so grafiti ITN. da gi odrzavaat. Mislam, ne e poentata da se stave sekoja godina novi skulpturi, tuku da se odrzuvat i starite skulpuri. Naprimer, srcata vo centar kaj Palata Makedonija celi se grafiti, kako '' Newborn '' vo Kosovo
Го облагородуваат ли просторот или ја инструментализираат културата?
Автор: Весна Дамчевска
Премногу
споменици во единица време - вака стручната јавност ја третира акцијата
на Министерството за култура и општината Центар за поставување повеќе
од педесет скулптури, меѓу кои дваесетина споменици на историски
личности од Александар, преку царот Самуил до Киро Глигоров (кој меѓу
другото сè уште е жив) и триесетина модерни скулпторски дела.
Ова
е јавна акција на создавање „уметност“, а кога нешто се одвива како
акција се добива квантитативен производ, предупредуваат познавачите.
Дали од квантитетот може да произлезе уметнички квалитет, дали
споменикот треба да има приказна зад себе, дали е потребно време
граѓанинот да се навикне на новата интервенција во јавниот простор -
ова се некои од дилемите што ги предизвика интензивната акција за
облагородување на јавниот простор.
- Уметноста не се мери со
квантитет. Без оглед на нашите желби, квантитетот не носи уметничка
вредност. Затоа сум скептик за можноста од таа масовност да произлезат
навистина уметнички дела – вели Минас Бакалчев, професор на
Архитектонскиот факултет.
Според Бакалчев, многу е важна временската димензија, зашто скулптурата е одраз на едно време.
-
Елементарно е да се постапува искуствено, да се види како ќе
функционира еден пример, а потоа да се оди на друг. Проектите од ваков
тип, исто така, мора да имаат апсолутна транспарентност. Секој граѓанин
да знае што се планира, а не да дознава посредно. Треба да постои
макета, па сите да можеме да ја видиме. Не е во ред вакво водење на
политиката на јавниот простор - тоа важи за архитектурата, но и за
секоја друга интервенција во јавниот простор. Неопходна е демократска
поставка што ќе отвори професионални дебати. Тоа би го препорачал –
вели Бакалчев.
Според него, позитивни се желбите да се донесе
уметност во градот, да се гради градот, но не на ваков нетранспарентен
начин и масовно, по секоја цена.
И скулпторот Илија Аџиевски има сличен став.
-
Вакви сериозни проекти за осмислување на јавниот простор, особено за
додавање уметност во него, се прават во подолг временски период.
Неопходно е опстојно разгледување на пристапот – кусо одговара
Аџиевски, не сакајќи многу да коментира, иако, како што вели, има свој
став за тоа.
Од помладата генерација скулптори, со две свои
дела во проектот на Министерството за култура учествува Сашо Саздовски.
И тој смета дека проектите од ваков тип треба да се реализираат
постепено.
- Треба да се работи поплански, вака се чини дека
работата е малку избрзана. И во Фиренца не се ставиле наеднаш сите
скулптури. Скулптурите и спомениците се одраз на времето во кое се
правеле, затоа мислам дека денес да се прави реална скулптура е
апсурдно. Да се враќаме назад во историјата изгледа како правење
мртвородени дела. Треба да се внимава скулптурите да бидат одраз на
времето – вели Саздовски.
Досега се поставени петте скулптури: „Мачка“, „Шмизла“, „Девојче“, „Вљубени“ и „Дрво“.
Општината Центар, пак, подготвува изработка на 20 споменици на историски личности и настани.
Професорката
Билјана Ванковска за овој проект на својот блог пишува: „Спомениците се
обично одраз на едно време, на една култура и уметнички дострел на една
нација, а најчесто биле градени заради овековечување на великаните на
тоа време или биле израз на прогресот на државата. Во случајот на
забрзано градење на споменици, не само во Скопје, туку и низ
Републиката, се случува нешто многу апсурдно: во време на најсериозна
социјална, економска, политичка и морална криза, кај нас никнуваат
споменици како печурки по дожд. Овде културата се инструментализира, а
спомениците се супститут за една инстант-голема историја на еден мал
народ“.
Професорот Бакалчев се согласува со ваквата позиција.
-
Проектите за јавниот простор треба да претставуваат визија, некоја цел
што некогаш ќе биде постигната, не мора сега и веднаш. Некогаш може да
се направи прекин поради економските услови. Секоја финансиска
конструкција не мора да се реализира. Ќе се чека подобро време. Тоа е
жива политика – вели Бакалчев.
Проектот на Тони Мазневски ќе се постави следната недела
Проектот
на Тони Мазневски „Космо интеграла 2008“, кој идната недела ќе биде
поставен во рамките на акцијата на Министерството за култура, е
просторно најголем и бара површина од стоттина квадратни метри.
-
Се работи за истата идеја на вкрстувања од последната изложба во „Мала
станица“. Искористени се истите модуси, но во поголеми димензии и со
друг материјал - вели авторот Мазневски.
Делото нема да биде поставено на постамент, туку во пешачка линија, а се состои од 3 елементи.
-
„Космо интеграла“ е композиција од три елементи, со дијаметар од 3
метри и со висина од 80 см, 1,60 м и 3 м, поставени на меѓусебно
растојание од 3 метри - вели Мазневски.
За „Космо интеграла
2008“ авторот користи етернит - австриски материјал за покривни
површини, кој, како што кажува и неговиот назив, е особено издржлив
(етернити - вечност) и им се спротивставува на сите влијанија.
Општината
Центар планира споменици на: Александар Македонски, св. Кирил и
Методиј, св. Климент и Наум, цар Самуил, Ченто, Гоце Делчев, Даме
Груев, Никола Карев, президиумот на АСНОМ, Михајло Апостолски,
основачите на ВМРО, Јустинијан, гемиџиите, бранителите од 2001 година.
Досега се избрани авторите на четири труда:
- светите Кирил и Методиј ќе ги прави Жарко Башевски - Првото заседание на АСНОМ - Слободан Милошевски - св. Климент и Наум Охридски - Перо Кованчилиев - споменикот на основачите на ВМРО - Ангел Корунов
Конкурсот за споменикот на македонските бранители е поништен и ќе се повтори.
Гоце
Делчев и Даме Груев, качени на коњи, деноноќно ќе го набљудуваат
скопскиот плоштад. Спомениците високи околу 5 метри се веќе изработени
во глина, но се чуваат во строга тајност на непозната локација во
земјава.
Наскоро се планира да патуваат во странство за да го добијат својот конечен изглед. Треба уште да се бидат излиени во бронза.
Ќе бидат поставени веднаш по изборите.
Споменици ќе бидат првите од 17-те што општина Центар има намера да ги постави во потесното градско подрачје.
Веднаш
до нив ќе има уште два споменика од Илинденскиот период. До Гоце Делчев
ќе стојат Гемиџиите, а до Даме Груев основачите на историското ВМРО.
Од
спротивната страна на Камениот мост ќе бидат поставени споменици на
словенските просветители - на Климент, на Наум, на Кирил и на Методиј.
Споменикот
на Александар Македонски, кој според информациите се уште се изработува
во Фиренца, Италија, ќе биде поставен на средината од плоштадот
Македонија.
Податоците за неговиот изглед се уште не се откриваат, но според
одредени информации, тој ќе биде висок 18 метри, поставен на
неколкуметарски постамент.
На се уште неодредени локации ќе се
постават и споменици на Јустинијан, Цар Самоил, Карпош, Никола Карев,
Ченто, президиумот на АСНОМ и на Бранителите.
Спомениците ќе чинат околу 8 милиони евра. Ги обезбеди Владата.
„Спомениците
коишто ќе бидат изградени, чинат онолку колку што беше сумата за која
вршителот на должност претседател на СДСМ Зоран Заев беше аболиран од
неговиот партиски шеф Црвенковски“, изјави Панде Лазаревски од
ВМРО-ДПМНЕ.
Опозицијата и дел од невладиниот сектор ги критикуваа
одлуките за поставувањето на споменици. Сметаат дека во време на
светска криза, парите треба да се трошат за намалување на последиците
од очекуваното зголемување на невработеноста и сиромаштијата, а во
случајот со споменикот на Александар и за да не се провоцира Грција.
а зашто гоце е качен на коњ? тој колку што знам немал коњ
Забеган, не знам од каде информацијата дека Гоце немал коњ, мислам, во тоа време сигурно Гоце немал кола. Но, да речеме дека немал, тоа не е поентата. Се работи за Equestrian статуа, каде што некој херој се претставува на коњ, и зависно од начинот како умрел, коњот завзема посебна положба. Да не должам многу, да видиме што има википедија да каже:
A common belief is that if the horse is rampant, that is with both
front legs in the air, the rider died in battle. If the horse has one
front leg up, the rider was wounded in battle or died of wounds
sustained in battle, and if all four hooves are on the ground, the
rider died of causes other than combat. Although some statues in
commemoration of the Battle of Gettysburg follow this practice, it is generally not true.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum