build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Паркинзи и гаражи
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Гаражни објекти (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 36>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 02-Nov-2009 at 21:58
Катна гаража Парк (ваљда онаа за стадионот)


Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 02-Nov-2009 at 21:58
Катна со деловен центар (ова ми личи во Капишетец карши Дилајла, мислам дека и Дилајла се гледа на извадоков од ДУП)


Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 14-Nov-2009 at 04:33

Куманово ќе гради подземна гаража

КУМАНОВО - Подземна гаража вредна 30 милиони денари ќе се гради во Куманово, информираа од локалната самоуправа, презентирајќи ја програмата за уредување градежно земјиште која опфаќа реализација на повеќе проекти. За капитални инвестиции што ќе се реализираат во 2010 година, Општината ќе одвои околу 300 милиони денари.

„Меѓу најзначајните објекти е изградба на подземна катна гаража во централното градско подрачје за која се одвоени 30 милиони денари“, информира началникот на Секторот за урбанизам, Лидија Ланг Спасовска. За уредување на сообраќајниците во градот ќе се потрошат 25 милиони денари. (МИА)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=85D910B1B04D7B4B98CA8798200C56A7

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 16-Nov-2009 at 14:23

Монтажниот паркинг во Капиштец ќе се прави в година

Жителите на населбата порачуваат дека градоначалникот Тодоровиќ не смее да го заборави ова ветување бидејќи тој во предизборниот период проектот го најавуваше како приоритетен




„Решение за паркинг простор на улицата Народен фронт во населбата Капиштец“, беше натписот на огромен билборд со кој Владимир Тодоровиќ, градоначалникот на општината Центар, во предизборниот период привлекуваше гласови во овој дел од градот. Според илустрацијата, големото монтажно паркиралиште, од едниот до другиот крај на улицата, треба да го удвои капацитетот на сегашниот простор за оставање на автомобилите.

Овој проект беше еден од приоритетите во предизборната кампања на Тодоровиќ, но кога се промовираше буџетот на општината веќе беше утврден и во него немало доволно пари за да се направи уште оваа година. Затоа од неговиот кабинет велат дека решението ќе треба да ја почека својата реализација до наредната година. Но сé уште не се утврдени деталите за објектот, односно не се знае колку паркинг-места ќе има тој и дали ќе може да се користи бесплатно. Од општината велат дека засега не се планира наплата, но не се исклучува ниту можноста со платформата да стопанисува јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“.

- Целта е да овозможиме повеќе места за локалните жители бидејќи постои голем метеж од паркирани возила на улицата Народен фронт. Затоа во првите неколку месеци користењето ќе биде бесплатно. Но, ако таму се паркираат и возила од други населби и ако повторно се создава хаос, тогаш општинското претпријатие ќе го преземе раководењето и ќе се воспостави практиката во која жителите плаќаат минимално за месечни картички, а другите за секој час - објасни Јовица Ацковски, портпаролот на општината Центар.

И граѓаните на Капиштец го чекаат овој проект и велат дека нема да го заборават ветувањето од градоначалникот.

- Дури и ако се плаќа некоја минимална сума, по 200 денари како во другите места, ќе биде прифатливо за да се спасиме од овој хаос. По половина час вртиме со автомобилите за да најдеме место, многу често цел километар оддалечено од влезот на зградата. Паркирањето ни е најголем проблем во Капиштец, па затоа ова ветување не смее да остане само на хартија - вели Филип Митровски, жител на населбата.

Општината наскоро ќе распише конкурс за избор на идејно решение за паркингот, процедура што би требало да заврши до декември, а потоа ќе почне техничката изработка на елаборатот.

Капиштец е населба во која проблемот со паркирање е мошне изразен бидејќи таа е направена на мал простор, има високи згради со по педесетина станови, два трговски центри, повеќе супермаркети и други деловни и комерцијални објекти, а освен улицата Народен фронт и просторот до неа, има само уште неколку мали паркиралишта, од кои дел се преземени од јавните претпријатија за паркирање.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11169103991&id=14&prilog=0&setIzdanie=21838
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 19-Nov-2009 at 20:57
„Макоил“ ќе гради подземна гаража во центарот на Скопје
Автор: Александар Поповски     18:04 | 19 ноември 2009


Скопје

Компанијата „Макоил“ победи на аукцијата за користење на државно земјиште на 20 години и ќе гради подземно паркиралиште на површина од 2.432 м2, на територијата на Општина Центар во Скопје.

Ова е епилогот од јавното наддвање што во четвртокот се одржа во просторите на министерството за транспорт и врски.

Почетната цена на закупнината  за предметната градежна парцела на
изнесуваше 380 денари  по метар квадратен, а со статусот најповолен понудувач се стекна компанијата „Макоил“, која на наддавањето понуди највисока цена од 680 денари за метар квадратен .

Вкупната понудена цена изнесува 1.654.440 денари (околу 30.000 евра), кои ќе треба да се уплатат во рок од 15 дена од приемот на писменото известување.


http://www.makfax.com.mk/#_tools/article/94559/view

Макфакс има навистина подобар сајт сега, а и некако подобри вести.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 19-Nov-2009 at 21:17
Убава вест, но не ми текнува која локација беше ова. Знае некој?
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 20-Nov-2009 at 01:19


До Собранието ќе се гради подземна гаража

Компанијата „Макоил“ ја доби под закуп локацијата што се наоѓа во непосредна близина на Собранието на Македонија, а е наменета за изградба на подземен паркинг.

На вчерашното електронско јавно наддавање во Министерството за транспорт и врски, за земјиштето со површина од 2.432 квадратни метри, „Макоил“ понуди највисока цена од 680 денари за квадрат. Тоа значи дека за закупнина ќе треба да плаќа по 1.654.440 денари годишно. Компанијата е должна во рок од 15 дена откако ќе го прими писменото известување од ресорната комисија, да ги уплати средствата за едногодишна закупнина. Потоа има рок од шест месеци да обезбеди одобрение за градење, а објектот ќе треба да го изгради најмногу за две години.

Подземната гаража ќе се гради под постојниот паркинг и зеленилото меѓу задниот влез во Собранието и страничниот влез на Домот на АРМ, зад зградата на МНР. Земјиштето се издава под долготраен закуп на период од 20 години. Засега не е познато дали подземната гаража ќе биде на едно или на повеќе нивоа. (Б.А.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=C18784ADA73F5D4EAF179B7483D53F22
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 23-Nov-2009 at 16:19
Се си мислам дека Дневник е попрецизен за локацијата на „втората“ гаража. За капацитетот којзнае кој е попрецизен, ама се работи за разлика од 20 паркинг места, па не е ни битно.

Ќе се градат гаражи до Судската палата и до Парламентот





 

Сопственикот на „Макоил“, кој на лицитација ги добил двете локации, се надева дека сите потребни документи ќе ги собере до март и ќе почне да гради

 
 
%20  
Во март се очекува да почне да се гради новата подземна гаража на паркиралиштето зад Собранието на РМ. Мите Јовановски, сопственикот на компанијата за нафтени деривати „Макоил“, кој местото за изградба на подземна гаража го добил под закуп на 20 години од Министерството за транспорт и врски, истакна дека планира посериозно да навлезе во бизнисот со паркирање. Тој додаде и дека пред неколку месеци на лицитација добил и земјиште кај Судската палата, каде што е предвидено да изгради катна гаража.

- Мислам дека бизнисот со паркирањето ќе стане еден од најисплатливите бизниси во градов затоа што се води војна за паркинг-место. Сакам што побрзо да ги добијам сите потребни документи и да почнам со изградба на објектите. Планирам и двете гаражи да почнам да ги градам во исто време и побрзо да завршам - кажа Јовавовски.

Подземната гаража што ќе се наоѓа зад Собранието предвидено е да биде на три нивоа со капацитет од 225 паркинг места. Влезот во гаражата ќе биде меѓу Собранието и Домот на АРМ. Во подземниот паркинг нема да има поставено лифтови за возилата затоа што, според сопственикот, многу побезбедно е возилата да се спуштаат по свиоци, отколку со лифтови.

Проектот по кој ќе се прави подземната гаража сé уште не е целосно подготвен, но Јовановски вели дека сака да се консултира со некои јапонски експерти затоа што во Јапонија имало најмногу убави гаражи.

- Не се знае кога може да снема струја или да се случи некаков дефект, затоа се одлучив да не поставувам лифтови за кои ќе треба да се преземе голема одговорност. А за проектот не сакам да кажувам нешта што нема да се остварат. Постои голема можност да ангажирам експерти од Јапонија, кои ќе помогнат во изработката на проектот - додаде Јовановски.

Земјиштето под кое ќе се наоѓа гаражата градот ќе треба да го уреди и да го поплочи со бехатон-плочки, да постави клупи и да насади зеленило. Исто така, предвидено е и на сите четири агли да биде поставен по еден споменик, но сé уште не се знае кои споменици ќе бидат поставени.

Катната гаража, пак, кај Судска палата ќе треба да има место за да се паркираат 250 возила. Во неа планирано е поставување автосалон и автомијачница, каде што возачите ќе можат да ги средуваат своите автомобили.

Земјиштето за изградба на подземен паркинг кај Собранието опфаќа 2.432 метри квадратни, а Јовановски го доби под закуп на електронско наддавање во четвртокот. Почетната цена на земјиштето била 380 денари за метар квадратен, а Јовановски понудил 680 денари, со што секоја година тој ќе треба да и плаќа годишна кирија на државата од околу 27 илјада евра.
 
   
Автор: Александра Денковска, Радмила Заревска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11239102872&id=14&prilog=0&setIzdanie=21844


Истовремено ќе добиеме две подземни гаражи

Првата гаража ќе се гради на просторот помеѓу Собранието и Домот на АРМ, а втората ќе биде лоцирана до Народната библиотека „Свети Климент Охридски“. Инвеститор е „Макоил“

Скопје во исто време ќе добие две подземни гаражи. Едната ќе биде на просторот каде што сега е паркот меѓу зградата на Собранието, Домот на АРМ и киното „Култура“, а втората ќе се гради до Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“. Инвеститор е „Макоил“, кој на јавни лицитации во Министерството за транспорт и врски го доби правото на долготраен закуп на парцелите.

И двете гаражи ќе бидат на три нивоа и со ист капацитет - за околу 270 возила.

- Секое ниво ќе биде со површина од 2.200 до 2.400 квадратни метри, односно гаражите ќе имаат вкупна површина од 7.200 квадрати. Подготвени сме да почнеме со изградбата веднаш штом ќе се потпише договорот и ќе се обезбедат сите потребни документи - вели Мите Јовановски, директор и сопственик на „Макоил“.

Подземните гаражи ќе се градат осум месеци и би чинеле по 2,5 до 2,8 милиона евра за една. За изградбата ќе биде ангажирана некоја од поголемите македонски градежни фирми, „Бетон“, „Маврово“, „Пелагонија“ или „Илинден“.

- Откако ќе биде готов проектот, ќе ги повикам градежните фирми и од нивните понуди ќе ја изберам најповолната - вели Јовановски.

Земјиштето за подземната гаража зад Собранието е со површина од 2.432 квадратни метри. „Макоил“, на аукцијата што се одржа во четвртокот во Министерството за транспорт и врски, го доби земјиштето на долготраен закуп, на 20 години. Фирмата понуди највисока цена од 680 денари за квадратен метар, односно вкупно 1.654.440 денари (27.000 евра). Почетната цена на закупнината изнесуваше 380 денари.

Од Министерството за транспорт велат дека најповолниот понудувач „Макоил“ е должен во рок од 15 дена од приемот на писменото известување да ги уплати парите за едногодишна закупнина, во согласност со постигнатата крајна цена.

- Ако најповолниот понудувач не ги уплати парите во утврдениот рок, ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено и нема да се склучи договор за долготраен закуп - велат од Министерството за транспорт.

Со договорот „Макоил“ ќе биде обврзан во рок од шест месеци да обезбеди одобрение за градба за предвидениот објект и да го изгради во рок од две години.

Земјиштето на кое ќе се гради подземната гаража кај Народната библиотека „Свети Климент Охридски“, „Макоил“ го купи пред два месеца по цена од 300 евра за квадрат. Тоа е со површина од 2.200 квадратни метри. За ова парцела веќе е склучен договорот со Министерството за транспорт и е платена потребната сума.

Анела Петрова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=7D1DF8F436950E4780E168DC640B2D0E
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 23-Nov-2009 at 21:38
Исто така, предвидено е и на сите четири агли да биде поставен по еден споменик, но сé уште не се знае кои споменици ќе бидат поставени.

извинете за офтопик, ама јас стварно веќе не знам што им е проблемот со спомениците, не виделе споменик никогаш во животот?
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 24-Nov-2009 at 14:44
Aбе им кажал и на овие некој дека споменик и скулптура не е исто? Во Скопје сè уште нема ни еден споменик, сите оние глупости на улица Македонија се скулптури. Значи не дека солам памет, ама не е исто. Поарно што се скулптури, да беа споменици...
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 01-Dec-2009 at 13:43

Катна гража врз привремени објекти во Автокоманда

Куќарките во кои порано биле сместувани градежни работници, а каде што сега живеат триесетина семејства, можно е да се уриваат, но нивните жители не веруваат дека ваквите планови ќе се остварат



Гаража на шест ката, висока 21 метар, е предвидена да се гради на местото каде што сега се наоѓаат привремени објекти на улицата Јани Лукровски во населбата Автокоманда. Станува збор за куќарки што порано биле наменети за престој за работниците што ги граделе околните згради и кои подоцна останале да живеат во нив, правејќи надградби и доградби. Од општината Гази Баба велат дека катната гаража е внесена во новиот детален урбанистички план за населбата, но тие не знаеле кога таа ќе се изградела или кој ќе ја правел.

Жителите на овие објекти, пак, кои до пред десетина години беа куќарки со по најмногу две соби, не веруваат дека таквиот урбанистички план некогаш ќе се реализира.

- Дваесет години слушаме приказни дека нашите домови ќе се уриваат, а нас ќе не селат, но досега никој не дошол да помести ниту една тула, а камоли цела градба. Овие куќи се направени по земјотресот во 1963 година и во нив биле сместени градежни работници. Откако нивната работа завршила тука, никој не ги урнал привремените објекти, па работниците заедно со своите семејства од внатрешноста се преселиле овде. Пред речиси 20 години стигна првата најава за уривање. Тогаш слушавме дека ќе се прави зграда, а сега и катна гаража. Ниту досега не се случи нешто, ниту веруваме дека ќе се оствари и овој план. Ова веќе не се привремени објекти, туку домови во кои луѓето живеат со децении, некои имаат и по два ката. Тука живееме триесетина семејства - вели Борче, еден од жителите на овие објекти.

Општинарите од Гази Баба, пак, се категорични дека планот ќе се реализира.

- Куќите ќе се уриваат и на нивното место ќе се направи гаража на шест ката со капацитет од 304 возила. Не знаеме кога точно ќе почне да се реализира овој проект. Нема да има претходни акции за рушење, сето тоа ќе се направи со самата изградба - рекоа од Гази Баба.

Според Министерството за транспорт и врски, пак, овие жители не смееле да ги доградуваат објектите во кои се сместени, бидејќи тие се привремени и општината требало веднаш да ги регистрира и да ги отстранува доградбите.

- Законски не се дозволени доградби и надградби на привремени објекти. Инспекторите од општината треба да извршат контрола и да го урнат тоа што е додадено на градбите - вели Драган Симоновски, портпаролот на ова министерство.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1219103765&id=14&prilog=0&setIzdanie=21851
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Dec-2009 at 02:09

Катни гаражи и монтажни паркинзи ќе го решат паркирањето во Гази Баба

Во населбата Автокоманда е планирана изградба на две катни гаражи

Снежана Калабакова


Општината Гази Баба планира да го решава паркирањето со изградба на две катни гаражи во Автокоманда и монтажни паркиралишта на две нивоа во другите населби. Паркирањето е најголем проблем во Автокоманда и во населбата Ченто кај зеленото пазарче.

За Автокоманда веќе е донесен ДУП и во него се предвидува изградба на една катна гаража близу спортската сала меѓу булевар „Александар Македонски“ и улица „Јани Лукровски“. Втората, според планот, треба да се гради на улица „Бамбел“ во таканаречениот Бапчорски двор. Првата ќе биде на приземје и шест ката и капацитет за 304 паркинг-места со вкупна површина од 8.155 квадратни метри. Градежната парцела е со големина од 2.000 квадратни метри, а предвидената површина за градба опфаќа 1.165 квадрати. Од Општина Гази Баба велат дека на оваа локација има привремени објекти во приватна сопственост.

За втората катна гаража во ДУП е предвидена градежна парцела од 2.427 квадратни метри, од кои 1.339 квадрати се предвидени за градба. Објектот ќе има приземје и четири ката, а на вкупна површина од 6.695 квадратни метри се предвидени 240 паркинг-места. И оваа локација не е чиста и доколку Општината почне да гради, ќе треба најпрво да ги расчисти имотно-правните проблеми.

Од Гази Баба велат дека планот е донесен, но Општината засега нема пари за изградба на катните гаражи. Уште е нејасно кој и кога ќе почне да ги гради. Велат дека тешко се наоѓаат инвеститори за ваков тип објекти, се бара концесионер, а можно е да се изградат и со јавно приватно партнерство. Градоначалникот Тони Трајковски појаснува дека од тие причини проблемите со паркирањето ќе ги решава со монтажни паркиралишта на кат, како поевтина варијанта.

„ДУП за Автокоманда е донесен и доколку се обезбедат средства ќе почне и изградбата на катните гаражи. Ако се појави инвеститор, што е потешка варијанта, ќе го решиме тоа и ќе почнат активностите за расчистување на земјиштето. Сопствениците на куќите на локацијата зад спортската сала ќе ги обештети инвеститорот на новата станбена зграда што се изгради во близината, бидејќи тој таму треба да гради паркиралиште. Со реализација на ДУП-от ќе ги решаваме и привремените објекти, а постапката ќе ја допрецизираме со Министерството за транспорт и врски“, вели Тони Трајковски, градоначалник на Гази Баба.

Тој дообјасни дека паркиралиштата на монтажни конструкции, по примерот на Словенија, можат да имаат двојно поголем капацитет од обичните. Станува збор за оградени метални конструкции на кат, кои не чинат многу. Општинските служби веќе прават пресметки колку би чинела изградбата на едно такво паркиралиште, кое ургентно би се поставило на пазарчето во населбата Ченто.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=7631B896C48B504FA22269AD5C59C4B8
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Dec-2009 at 02:53
А зошто пример не се градат насекаде подземни гаражи со убави паркчиња над нив?
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Dec-2009 at 23:14
Originally posted by гитардемон

А зошто пример не се градат насекаде подземни гаражи со убави паркчиња над нив?
затоа што катните гаражи кај нас се лесна опција за деловен или трговски објект LOL, а и сеуште сме заостанати за се да ставаме под зџемја, како паркинзите, што е всушност убаво и насекаде се применува Smile
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 06-Jan-2010 at 00:29

Државата ќе даде локации за катни гаражи

Владата за без пари ќе отстапи седум локации на „Градски паркинг“ и на Јавното станбено претпријатие

Деспина Трајковска


Државата ќе се откаже од продажба на сопствените парцели наменети за изградба на катни гаражи во Скопје и без надомест ќе им ги отстапи на Градот, односно на ЈП „Градски паркинг“ и на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Владината намера со овој чекор е во Скопје, конечно, да се изгради вистинска катна гаража, откако се изградија неколку објекти од приватни лица кои повеќе личат на деловни центри отколку наменски објекти за паркирање што треба да решат еден од најгорливите проблеми во градот.

Оваа идеја, која никој од надлежните не сака официјално да ја потврди, но ниту ја демантира, неофицијално веќе е речиси ставена и на хартија. Од Министерството за транспорт и врски вчера очигледно во насока за реализација на замисленото, без никакво образложение, ја повлекоа објавата за продажба на локацијата наменета за катна гаража кај Судска палата. Од таму не ни одговорија дали тоа значи дека Владата дефинитивно ја менува политиката на отуѓување на државните парцели. Потврдуваат дека и двете претпријатија пројавиле интерес за изградба на катни гаражи но потенцираат дека отуѓувањето на земјиштата ќе се врши исклучиво согласно законот.

Инаку, токму парцелата кај Судска палата, како и оние кај Работнички дом, кај „Технометал Вардар“, потоа кај музејот на холокаустот, како и локациите на Јужен булевар, во Маџир Маало и една на левиот брег на Вардар под Кале, ќе се доделат на двете јавни претпријатија. Неофицијално, начелно е договорено ЈП „Градски паркинг“ да ги изгради катните гаражи кај „Технометал Вардар“ и кај Цветен пазар, а ЈПССДП онаа кај музејот на холокаустот и на просторот што ќе се утврди допрва со ДУП, помеѓу зградата на МЕПСО и „Т-хоум“.

Од ЈПССДП вчера речиси ги потврдија нашите сознанија. Велат дека со заклучок на Владата веќе се подготвуваат да ја почнат постапката за добивање на парцелата во близина на плоштадот „Македонија“.

„Точно е дека државата ќе ни ја отстапи посочената парцела, која наскоро со измени на планот ќе биде дефинирана за катна гаража. Инаку, за останатите локации не би сакал ништо да коментирам“, вели Владимир Бахчовановски, директор на Јавното станбено претпријатие.

Според него, парите потребни за изградба на овој и евентуално на другите објекти ќе бидат издвоени исклучиво од претпријатието кое и ќе стопанисува со катните гаражи.

Панче Стојановски, директор на ЈП „Градски паркинг“, вчера не сакаше да ги коментира нашите сознанија. Единствено потенцираше дека смета оти токму ова претпријатие е субјектот што треба да гради и да стопанисува со катни гаражи, за да се оформи целосно системот на паркирање во Скопје, покрај веќе воведеното зонско и затворено паркирање.

„Во секој случај, доколку државата навистина има намера да ни додели локации, тоа ќе значи дека таа ќе покаже слух за паркирањето во Скопје, што е еден од најгорливите проблеми на градот, а истовремено ќе стави крај на навидум изградените гаражи, односно заинтересирани субјекти кои досега изградија се', само не катна гаража“, вели Стојановски.

За шпекулациите и начелното отстапување на државните парцели, од кои дел ќе му припаднат на Градот преку претпријатието за паркиралишта, скопскиот градоначалник тврди дека нема никакви сознанија. „Верувајте, првпат слушам од вас“, тврдеше вчера Трајановски, во чија изборна програма е наведена и изградба на катни гаражи. Се чини токму добивањето локации од државата, без никаков надомест, е предуслов за реализација на неговите предизборни најави, бидејќи, реално, Градот, односно ЈП „Градски паркинг“, не е финансиски моќен да учествува на тендер кога евентуално би се отуѓувале парцela                                                                                                                                                                                                                                   http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E1C134ADA81F54792FADD7D8322E23A                                                                                 

Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 06-Jan-2010 at 02:01

Смешно е како државата не најде начин да го сакционира и стави ред во пренаменувањето на катните гаражи во деловни објекти.

Горнава варијанта можеби не е лоша,но со загубите што ги покажуваат овие претпријатија секоја година,не знам колку брзо ќе се реализираат градбиве.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 06-Jan-2010 at 02:16
Па мора од некаде да се почне. Крајно време е локациите за катна гаражи да бидат катни гаражи. А ова е за почеток еден добар потег. Кога приватниот сектор не успеа да се одважи ида не пренаменува локации редно време е да се стави малку ред, колку толку. И добро е што има воља, за разлика до сега што нималку ја немало. Може би по дефиницја се смета дека државата не е добар стопанственик но сепак мора општествено да се решава проблемот. Доколку ги добиеме овие неколку катни гаражи, веќе сосема друг ќе биде стандардот и полесно некој би се осудил да пренамени локација за катна гаража. Иако немора да значи но сепак друг ќе биде ефектот кога Скопје веќе ќе знае што е катна гаража, наспроти што е зебра или што е импексел, што е нлб, или слични случаеви. Сепак потегов ќе го оценам како добар.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 06-Jan-2010 at 02:48
Не ми пречи пристапов, ама на линија сум со овај_стариов. Смешно е и патетично што државата наводно не можела да најде друг начин да се справи со пренаменувањето на катни гаражи во деловни објекти.
Back to Top
Baze View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
  Quote Baze Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 08-Jan-2010 at 23:39

Ќе нема веќе приватни катни гаражи

Министерството за транспорт и врски деновиве ја повлече продажбата на парцелата наменета за изградба на катна гаража кај Судска палата, со површина од 4.300 квадратни метри. Од Министерството не кажуваат кои се причините за ваквата одлука. Но, претпријатието „Градски паркинг“ открива дека имале неформални разговори сите седум катни гаражи што треба да се градат во Скопје да ги изгради државата преку Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) и „Градски паркинг“.

Директорот на „Градски паркинг“, Панче Стојановски, изјави дека се воделе неформални разговори за локациите предвидени за катни гаражи да им се дадат на двете јавни претпријатија, за на тој начин да се прекине тенденцијата на парцелите предвидени за паркирање да никнуваат комерцијално-деловни објекти.

- Ја поздравувам оваа идеја и сметам дека кога ќе се спојат сите системи на паркирање, и отворените и затворените, ќе се создадат услови за решавање на овој проблем. Воедно, на тој начин ќе се воспостави поголема контрола на цените во катните гаражи. Тие тогаш би биле пониски за разлика од цените на зонското паркирање. Во суштина, со седум државни катни гаражи проблемот со паркирањето во Скопје ќе биде решен - вели Стојановски.

Тој информираше дека „Градски паркинг“ имал желба да конкурира на тендерите на Министерството за транспорт и врски, но немал доволно пари за самостојно да инвестира во изградба на катна гаража.

Директорот на ЈПССДП, Владимир Бахчовановски, потврди дека бил донесен заклучок на Владата, но само за изградба на катна гаража на просторот меѓу објектите на МЕПСО и телекомот. Тој истакна дека засега нема официјални податоци за другите паркинзи.

Бахчовановски не сакаше да коментира дали и другите локации за катни гаражи ќе им бидат доделени на двете јавни претпријатија, но рече дека се заинтересирани и понатаму, покрај основната дејност, да стопанисуваат и со катни гаражи.

- Тоа е доходовна работа. Имаме искуство затоа што стопанисуваме со најголемиот паркинг во Скопје, спроти хотелот „Холидеј ин“ и би сакале и во иднина да ја задржиме оваа дејност. Сметам дека е најдобро државни претпријатија како нашето и како „Градски паркинг“ да ги градат катните гаражи, бидејќи практиката со приватните фирми се покажа несоодветна. Ние ќе градиме објекти што ќе бидат исклучиво со намена катни гаражи. Во Скопје веќе нема каде да се паркира. Се градат згради, а не се води сметка за паркинг - вели Бахчовановски.

Од Министерството за транспорт потврдија дека „Градски паркинг“ и ЈПССДП имаат интерес да градат гаражи.

- За Министерството е најважно да се изградат катните гаражи, со цел да се реши паркирањето - велат оттаму.

Надлежните појаснуваат дека земјиштето наменето за гаражи ќе се оттуѓува, односно ќе се дава под закуп во согласност со Законот за градежното земјиште и Уредбата за начинот и постапката за оттуѓување на државното земјиште.

Парцели за катни гаражи, освен кај Судска палата, се предвидени и кај Работнички дом, кај „Технометал Вардар“, кај Музејот на холокаустот, на Јужен булевар, во Маџир Маало и под Кале.

Во Скопје засега функционира само катната гаража „Зебра“, која е комбинирана со трговско-деловни простории. Катната гаража во објектот на Тутунска банка до „Рамстор“ не се користи. Сега се градат две катни гаражи, зад Универзалната сала и пред поликлиниката „Идадија“. Сите се приватни.

Анела Петрова

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=954743C0EBC27A4D9A8E255FCB59555D
Дневник 08,01,2010
 
Неможев да најдам посебна нишка за катни гаражи ако има извинете
 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Jan-2010 at 06:16

Нова катна гаража и монтажни паркиралишта во Аеродром

Со монтажните паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“

Поставување на две монтажни паркиралишта, изградба на нова катна гаража и оспособување на подземните гаражи за паркирање, се проекти што ќе се реализираат на подрачјето на Општина Аеродром во текот на годинава, најавија вчера градоначалниците Ивица Коневски и Коце Трајановски. Целта е да се ублажи недостигот од паркинг-места во Општината. За таа намена, од тековниот општински буџет се обезбедени 700.000 евра, а финансиска поддршка ќе даде и Град Скопје.

Засега е сигурно дека со монтажните паркиралишта ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. Едното од нив најверојатно ќе се наоѓа во близина на дискотеката „Колосеум“ кај Железничка станица, а за паркирање ќе се плаќа симболично.

За ублажување на проблемот со паркирање, општинарите вчера стартуваа и со расчистување и осветлување на подземните гаражи во Аеродром, на вкупно пет локации со вкупен паркинг простор од околу 3.000 места.

„Се надевам дека овој наш потег ќе ги натера сопствениците на гаражите конечно да почнат да ги користат просторите за основната намена, а не за магацини и слични работи. Во тој случај дополнително ќе се отворат нови паркинг-места“, истакна Коневски и укажа дека во ниту еден случај зголемувањето на паркинг-местата во Аеродром нема да се случи на сметка на постојното зеленило. Имено, новата катна гаража, планирана да се гради дијагонално од новата пошта во Ново Лисиче и монтажните паркиралишта ќе се наоѓаат на празни неискористени локации.

Градоначалникот Трајановски, пак, информираше дека Градот освен што ќе помогне за обезбедување повеќе паркинг-места во Аеродром, презема активности и за ублажување на проблемите со паркирање и во централното градско подрачје. Во таа насока, во тек се преговори државата на ЈП „Градски паркинг“ бесплатно да му отстапи локации за изградба на катни гаражи.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=A22CE8574610CA4290057961949BD743
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 36>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.281 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.