|
![]() |
|
Енергетика (општо) |
|
Post Reply
|
Page <1 7891011 27> |
| Author | |||||||||||||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#161 Posted: 13-Jul-2010 at 14:08 |
||||||||||||||||
|
Малешевијата со трафостаница на далечинско
управување
Делчево, 13 јули - Малешевскиот крај доби трафостаница на
далечинско управување, со што се зголемува сигурноста во управување на
мрежата во источниот дел на земјата, соопштуваат од „EVN Македонија“.Трафостаницата „Делчево“ е со јачина од 110 kV и е вклучена во централниот систем за далечинско управување на високо и среднонапонската електроенергетска мрежа. Со тоа, како и со зголемување на мобилноста на екипите во беровско и Македонска Каменица, се подобрува сигурноста во управување со мрежата во источниот дел на земјава. „Со софистицираниот „СКАДА“ систем овозможено е постојано далечинско набљудување на работата на трафостаниците, преглед на оптоварувањата во секој момент, реагирањето на заштитите, како и контрола на прекинувачите. Тоа овозможува помалите прекини во снабдувањето со електрична енергија да бидат санирани веднаш, а времето за лоцирање на поголемите прекини да се сведе на минимум“, соопштуваат од „ЕВН Македонија“. Далечински се управуваат и скопските трафостаници на високо и средно напонско ниво, како и 110 kV трафостаница „Теарце“. По Делчево, наскоро во системот ќе бидат влучени и 110kv трафостаници „Полог“ – гостиварско и „Овче поле“ – штипско. / Журнал МК / http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208181242&s=251209112732&ID=1371014139 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
Quote Reply
#162 Posted: 19-Jul-2010 at 17:56 |
||||||||||||||||
|
Проект за Постројка за производство на
когенеративна енергија од биомаса во Кочани
Место на реализација : Хартија КО - Кочани На основа на постапката за верификација за ЦДМ проект ЕУРЕЦНА- Италија ја става на јавен увид ПДД документацијат а. Јавна расправа по истата ќе се одржи на ден 23.07.2010 год. со почеток во 11 часот во сала на Совет на Општина Кочани. Сите коментари за истата можат да се поднесат по писмен пат до едношалтерска канцеларија на Општина Кочани до 05.08.2010г. За детални информации : Тел 072 275 629 Координатор Гоце Серафимов http://www.kocani.gov.mk/pdf,%20ppt/biomasa/prevod%20PDD-CDM%20biomass-fed%20plant%20kocani%20-%20steam%20and%20electricity%20production%20-%20version%203%200.pdfNe razbrav baš no kolku što razbrav ke pravat stanica za proizvodstvo na energija od bio masa, so koja ke se snabdeva fabrikata i ostanototo omrežje. |
|||||||||||||||||
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#163 Posted: 11-Aug-2010 at 14:42 |
||||||||||||||||
Започна модернизацијата во Термоелелктраната на РЕК „Битола“
Со инвеситиција тешка 56 милиони евра, Државните електрани на Македонија ја започнаа модернизацијата на турбоагрегатите во Термоелектраната на РЕК „Битола“. Пристигната е опремата за целосна ревитализација и модернизација на првиот блок и по демонтажата на старата опрема и постројки, до 25-ти октомври се очекува да биде инсталирана и ставена во функција, велат менаџерите на ЕЛЕМ, кои денеска го посетија најголемиот производител на електрична енергија во Македонија. „Со овој проект очекуваме да го продолжиме работниот век на РЕК „Битола“ најмалку за дваесет години. Тука зборувам, пред се, на Термоелелктраната, зашто очекуваме да добиеме нови турбини, како за низо, така за среден и висок притисок, понатака, целосна модернизација на генераторите, а со тоа, ќе добиеме нови 120.000 работни сати за целата турбина од целиот блок“, рече денеска директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски. Во наредните две години, ќе се пристапи кон модернизација и на вториот и третиот блок, со што, покрај продолжувањето на работниот век на термоелелктраната за две децении, инсталираната моќност на трите блока ќе се зголеми за 25 мегавати со зголемување на производството на електрична енергија за 200 гигават часови годишно, без зголемување потрошувачката на јаглен. Паралелно со оваа инвестиција, ќе се обезбедат и потребните количества на јаглен, вели првиот човек на ЕЛЕМ. „Активно работиме на сериозно отпочнување со експлоатација на јагленокопот „Брод- Гнеотино“, од каде што првите количества на јаглен веќе доаѓаат оваа година. Со тоа, ќе го релаксираме рудникот „Суводол“: Понатаму, започнавме со отворањето на подинските јагленови серии, од каде што очекуваме идната година да започнат да течат првите количества на јаглен, и на тој начин, со една комбинирана експлоатација на трите рудници, во наредните дваесет години РЕК „Битола“ да биде стожер на електроенергетскиот сектор во Македонија“, рече првиот човек на државните електрани. Последниве четири години, во развојот на РЕК „Битола“ се инвестираат 100 милиони евра или 60% од вкупните инвестиции на ЕЛЕМ, велат менаџерите на оваа државна компанија. http://www.time.mk/read/f4f3d118fa/91cbc356e0/index.html |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#164 Posted: 11-Aug-2010 at 16:01 |
||||||||||||||||
АД ЕЛЕМ годинава вложи 100 милиони евра во РЕК БитолаАД „Електрани на Македонија“ и годинава продолжи да инвестира во нови енергетски проекти кои ќе придонесат за солидна енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем на Република Македонија. Во таа насока, како што соопштуваат од ЕЛЕМ, во РЕК Битола започна реализацијата на модернизација и автоматизација на турбоагрегатите на термоелектраните „Битола“, најголемата инвестиција од завршувањето на изградбата на комбинатот во 1988 година. - Според договорот, руската компанија „Силовие машини“, која е избрана како најповолен понудувач, по принципот „клуч на рака“, почнувајќи од годинава па заклучно со 2012 година, ќе ја реализира оваа инвестиција вредна 55,9 милиони евра, од кои 30 милиони евра се кредитно задолжување од Стопанска банка АД Скопје, додека останатите 25,9 милиони евра се сопствени средства на АД „Електрани на Македонија“, истакнуваат од компанијата. Модернизацијата на турбоагрегатите на ТЕ „Битола“, која е во тек, како што се посочува, е насочена пред се` кон зголемување на доверливоста во работа на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетските блокови за најмалку уште 120.000 работни часови. - Инвестицијата ќе ја зголеми инсталираната моќност на секој од трите агрегати во ТЕ „Битола“ за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно вкупно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока. Тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават часови на годишно ниво, без зголемување на специфичната потрошувачка на јаглен, се истакнува во соопштението од ЕЛЕМ и се додава дека со модернизацијата на енергетските блокови ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековно одржување на термоелектраната во наредниот период. Годинава АД ЕЛЕМ со отворањето на подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“ и набавката и монтажата на еден нов БТО систем составен од багер СРс 1050 и одлагач А2РСБ 5500 во кој се вложени 25 милиони евра, како и зајакнувањето на производниот процес на површинскиот коп Брод – Гнеотино со два багери дреглајни еш 10/70 вредни 4,5 милиони евра како и изградбата на асфалтниот пат од село Новаци до рудничкиот круг во Брод - Гнеотино, инвестира повеќе од 100 милиони евра во нашиот најголем електроенергетски капацитет. - Потпишан е и договорот со германската компанија „Тисен Крупп“ за набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод – Гнеотино до рудникот „Суводол“ во должина од 10 километри, што претставува инвестиција вредна 17,3 милиони евра, која ќе се реализира во наредните 12 месеци, потсетуваат од АД ЕЛЕМ и нагласуваат дека последните инвестиции ќе придонесат за продолжување на векот на експлоатација на РЕК„Битола“ и за стабилно производство на електрична енергија во наредните 20 до 25 години. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ad-elem-godinava-vlozi-100-milioni-evra-vo-rek-bitola |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#165 Posted: 20-Aug-2010 at 16:09 |
||||||||||||||||
ЕВН ја осовременува електрична мрежаНеколку милиони евра инвестирала ЕВН во реконструкција на застарената мрежа во државата на која повеќе од дваесет години не се интрвенирало.
Во Куманово, последните две години интензивно се работи на подобрување во снабдувањето со електрична енергија.
Според Ковачевски, сите тие инвестиции покажуваат дека во 2010 година немало поголеми проблеми. Во наредниот период најавуваат реконструкција и дислокација на неколку трафостаници во градот каде што почесто се јавуваат проблеми, но и замена на дрвените електрични столбови како и ставање на нови кабли со поголем пречник. Од подрачната единица во Куманово известуваат дека според планираното,снабдувањето и наплатата до сега се задоволителни. http://www.kumanovonews.com/vesti/vesti/evn-ja-osovremenuva-elektricna-mreza.html |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#166 Posted: 01-Sep-2010 at 17:35 |
||||||||||||||||
МЕПСО купи опрема вредна над два милиони евраАвтор: Александар Поповски 01 септември 2010, 16:04 Извор: Макфакс Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) објави дека купува опрема во вредност од над два милиони евра за 400 kV (киловолтно) и 110 kV (киловолтно) напонско ниво. За таа цел претставници на АД МЕПСО и на АББ, реномиран шведски производител на електро-опрема, денеска склучија договор за купопродажба, испорака и инсталација на високонапонска опрема за 16 трафостаници. Во рамки на овој проект финансиран со кредитна линија од Светската банка набавени се прекинувачи, одводници на пренапон и мерни трансформатори за далеководни полиња на 400 kV и на 110 kV напонско ниво, раставувачи за 110 kV напонско ниво и друга дополнителна опрема, се појаснува во соопштението на МЕПСО. Инсталацијата на новата опрема АББ ќе треба да ја изврши во наредните пет месеци. /крај/со/ап/ http://www.time.mk/read/72314c0fa7/d633b350ef/index.html |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#167 Posted: 15-Sep-2010 at 05:52 |
||||||||||||||||
![]() ![]() ![]() ![]() МИА фото Edited by lslcrew - 15-Sep-2010 at 05:55 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
Quote Reply
#168 Posted: 23-Sep-2010 at 13:29 |
||||||||||||||||
За Македонија е подобро што побрзо да ја поскапи енергијатаНиските цени сами по себе не се лоша работа, сè додека ги одразуваат фактичките трошоци и ги поттикнуваат компаниите и понатаму да инвестираат во одржувањето на мрежите и во проширувањето, како и во постоечките или во нови електрични централи. Секогаш кога принципот на рефлектирање на трошоците не се следи, земјата неизбежно се упатува кон енергетска криза со снабдувањето. За Македонија, ова најверојатно значи дека енергетските цени ќе се зголемат порано или подоцна. И колку и да изгледа чудно, ако ова се случи поскоро, на крајот ќе биде подобро за населението Традиционалните извори на енергија во светски рамки сè повеќе се исцрпуваат, наспроти нараснатите енергетски потреби. Во една таква ситуација, на кои алтернативни извори, според Вас, треба да биде ставен акцентот? - Тоа е една позната погрешна претстава: дека ги исцрпуваме конвенционалните извори на енергија, како што се јагленот, нафтата или гасот. Вистината е дека сè уште имаме релативно изобилство на фосилни горива за следните неколку стотици години.
Но, сепак, имаме предвид дека овие горива не може целосно да ги
искористиме, бидејќи глобалната клима не може да се справи со
резултирачките емисии на CO2, без притоа да се јави значително
зголемување на температурата. Од друга страна, пак, мора да ја зголемиме искористеноста на обновливите извори на енергија, иако и овде достапноста - по разумни цени - е ограничена. Кога се користат обновливи извори на енергија, примарниот акцент треба да биде ставен на исплатливите потенцијали коишто се достапни во една земја, како што се хидроенергијата за електрична енергија и биомасата за греење во Австрија. На транспортот му се потребни други решенија освен оние за
топлинската или електричната енергија. Не постои златно правило, но
вообичаено секоја земја се обидува да спроведе комбинација од сите овие
мерки и технологии, во зависност од својата ситуација. Земјите кои се поблизу до Северното Море, се обидуваат да го
промовираат ветерот што дува кон морето, додека, пак, земјите на југ
повеќе се насочени кон искористувањето на сончевата енергија. Многу земји-членки на Европската унија имаат релевантен удел на
нуклеарна енергија во својата енергетска комбинација. Во рамките на ЕУ,
нуклеарната енергија придонесува со речиси 30 проценти во производството
на електричната енергија. Се очекува овој удел да се намали, иако голем
број земји ќе ги заменат нуклеарните централи што полека застаруваат. Но, сепак, секогаш е неопходно сите политички мерки да се засноваат на добра информативна основа, т.е. структурата на енергетската потрошувачка и нејзината природа мора да се анализираат, за да се утврди каде се јавуваат ризиците што и се закануваат на ефикасноста. Таквите информации потоа водат кон заклучоци за потенцијали, и тоа не
само кога станува збор за потрошувачката, туку и за производството.
Токму тоа го направи и E-Control при изработката на т.н. Зелена книга за
енергетска ефикасност во 2008 година, по барање на Владата. Оваа книга
сега содржи низа конкретни политички мерки предложени за Австрија,
трошоците што ќе бидат вклучени, како и количината на енергија којашто
може да се заштеди. Секогаш кога принципот на рефлектирање на трошоците не се следи, земјата неизбежно се упатува кон енергетска криза со снабдувањето. Впрочем, трошоците на економијата за секој киловатчас којшто не е снабден се на крајот многу пати поголеми од трошоците за негово производство. Алтернативниот пристап би бил субвенционирање на енергетските цени со државни средства и нивно одржување на вештачко ниско ниво. Онаму каде што се случува ова, останува фактот дека, на крајот,
потрошувачите ја плаќаат целата цена. Кога станува збор за ваков систем,
тоа е само индиректно наплаќање; и се разбира, ова е спротивно на
принципите на модерната економија. Од кој било аспект да се разгледува
ова, мора да биде јасно дека трошоците мора да се покријат. Досега, дури и енергетската индустрија ја прифати либерализацијата и егзистира - вообичаено релативно добро – со неа низ цела Европа. Иако се остварија многу придобивки за бизнисите и за домаќинствата, сепак, сè уште има многу активности што треба да се реализираат. Многу од научените лекции се вклучени во третиот пакет. Тој е навистина сеопфатен и поединечните аспекти се поврзани едни со
други, но клучните предности коишто ќе се постигнат се подобри и
усогласени правила за прекугранично тргување, потоа ефикасна поделба кај
системот за пренос и зајакнување на правата на потрошувачите. Истовремено, очекуваме соопштение од Европската комисија за интегрирање на регионалниот пазар, а беше најавен и предлог за транспарентност и интегритет на тргувањето на пазарот на големо. Тој ќе воспостави соодветни правила за однесување на пазарот и регулаторна рамка за следење и надзор на овие пазари. Притоа ќе биде опфатен секторот електрична енергија и гас, но можеби и
пазарот на CO2. Уште една точка што се наоѓа на агендата на Генералниот
директорат за енергетика е ревидирањето на акцискиот план за енергетска
ефикасност, којшто ги промовира целите 20-20-20. И, се разбира, сето
тоа е придружено од фокусот на Европската комисија на спроведувањето на
третиот пакет. И во случај кога е неопходно, координирање на нивните активности. Во
продолжение на тоа, Агенцијата има задачи поврзани со ENTSO
(нововоспоставената Европска мрежа на оператори на системите за пренос
на електрична енергија и на гас), следење на и известување за пазарите
на електрична енергија и на гас, како и задачи поврзани со условите и
барањата за пристап до и оперативната безбедност на прекуграничната
инфраструктура. Агенцијата ќе работи на еден навистина транспарентен
начин и ќе се потпира на јасната, правна основа од Регулативата за
Агенцијата во рамките на третиот пакет. Што се однесува до ситуацијата во Македонија, би рекол дека не е од клучна важност кој орган ќе ги објави промените на цените, сè додека тие се резултат на пресметки направени од страна на регулаторниот орган, врз основа на транспарентна и конзистентна методологија, којашто соодветствува со принципите на добра и стабилна регулаторна рамка за енергетските видови поврзани со мрежите. http://www.time.mk/read/9639e614b4/5d64f7e711/index.html |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#169 Posted: 23-Sep-2010 at 19:12 |
||||||||||||||||
![]() Најмалку што треба е да се ослониваме на анализите на некакво си австриско лоби
|
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#170 Posted: 23-Sep-2010 at 21:23 |
||||||||||||||||
|
Апсолутно се залагам за една непопуларна опција и малку проблематична. Државата да го откупу назад ЕСМ, да го либерализира потполно енергетскиот сектор и да понуди на тендер чисти субјекти, со јасни долгови и граници на имот, со прецизирани обврски и права без матни сиви зони. Како што го расцепкаа ПТТ на пошта, мт, мт-нет и мобимак, така и тука. Може изгледа премногу сложено но дури и после пет години сеуште да не можеме да ја отплеткаме мрежата, мислам дека треба да се пресече јазолот.
Edited by lslcrew - 23-Sep-2010 at 21:25 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#171 Posted: 23-Sep-2010 at 23:01 |
||||||||||||||||
|
Не е работата во тоа дали е таа опција популарна или не, туку колку е реална. Можноста за такво нешто е отприлика 0%
|
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#172 Posted: 23-Sep-2010 at 23:08 |
||||||||||||||||
|
Па реална е. Колку толку се прочистија односите. Се донесе закон кој предвидуваше експропријација на енергетски објекти без посебна причина во комбинација со судскиот спор што се отвори ги ставија на маса односите и се дојде до некои резултати. Сег аова не знам што е детално со новиот закон, но монополизам и привилигирани позиции не смее да се доделува на приватни субјекти по никоја цена.
|
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#173 Posted: 23-Sep-2010 at 23:24 |
||||||||||||||||
|
Што од ова кое што го кажуваш ја прави таа опција пореална? Всушност целиов развој на настаните е комплетна спротивност на тоа. Политиката е театар, но нема место на форумов, па нема да навлегувам во тоа како ЕВН од лош инвеститор за кој се најавуваше дека буквално се спрема да биде национализиран, наеднаш дотурка до вакви завидливи позиции. Можам да кажам само дека повторно купување на фирмата од страна на државата е далеку помалку веројатно отколку кога беше прв пат лиферувано, а и тогаш веројатноста се движеше околу 0%, па види ти сеа...
Edited by Cloverstack - 23-Sep-2010 at 23:26 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
Quote Reply
#174 Posted: 14-Oct-2010 at 13:17 |
||||||||||||||||
Edited by Мартин - 14-Oct-2010 at 13:17 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#175 Posted: 19-Oct-2010 at 02:09 |
||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009 Location: Tetovo Online Status: Offline Posts: 1172 |
Quote Reply
#176 Posted: 26-Oct-2010 at 16:01 |
||||||||||||||||
|
Еве вчера пак немаше електрична енергија во тетово, од 22:00 па се до денеска до 8:00, ако не се направи нешто Полошкиот регион ( или само тетово со околина ) пак ќе има проблеми
Edited by Dragan - 26-Oct-2010 at 16:02 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#177 Posted: 09-Nov-2010 at 02:38 |
||||||||||||||||
Edited by Cloverstack - 09-Nov-2010 at 02:39 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
Quote Reply
#178 Posted: 09-Nov-2010 at 03:19 |
||||||||||||||||
|
Тривијално е да се занимаваме и некои да ловат политички поени на тема кај треба да биде седиштето на идно можно министерство. Капа на нероден Петко. Ова прашање затворено со Член 6 од Устав на РМ "Главен град на Република Македонија е Скопје". Не дека сум против дисперзирани министерства, само што за вака мала држава ова е стварно непотребно, а од друга страна сосема возможно и не неупотребливо.
Во однос на потребата пред многу време мислам дека гоимавме ова дискутирано, идејата за министерство за енергетика ми се допаѓа, само што во тој случај ионака во Македонски услови најќество повеќето проекти се управуваат од некакви неформални совети од неколку надлежни министри и директори и практично не се знае на кого што му е ингеренција пасе собираат сите што е можно да им е ингеренција како гарант дека ингеренцијата е тука некаде измеѓу присутна. Така да не дека нешто многу ќе значи, освен што од Министерство за Транспорт и Врски и Министерство за економија ќе повлеќе многу ингеренции и ќе биде второто скапо министерство после Министерство за Транспорт и Врски. Освен што ќе послужи како добар поткусурувач во формирање коалиции, некоја посебна примена нема. Или па мотив за уште една барокна зграда во Скопје. Или Битола.Edited by lslcrew - 09-Nov-2010 at 03:41 |
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
Quote Reply
#179 Posted: 11-Nov-2010 at 03:07 |
||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Мартин
Senior Member
Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
Quote Reply
#180 Posted: 10-Dec-2010 at 15:23 |
||||||||||||||||
Германија ќе го финансира далноводот Албанија- Македонија | Германската влада ќе ја финансира изградбата на 400 киловолтниот далновод Албанија- Македонија. Во известувањето до албанското министерството за надворешни работи стои дека германската влада преку банката за развој, КФВ одобрила многу поволен кредит во износ од 30 милиони евра, во рамките на добрата германско- албанска соработка. Оваа линија од висок напон е прва меѓу двете земји која ќе овозможува директен пренос на енергија меѓу двете земји. Истовремено овој проект ќе ја подобри поврзаноста на Албанија со регионалниот енергетски систем и ќе ја прошири интерконекциската линија исток- запад до Грција. -Изградбата на далноводот Албанија- Македонија ќе придонесе не само во економски развој на Албанија туку и во консолидацијата на регионалната соработка во регионот во енергетскиот сектор, во гаранцијата за редовно снабдување со електрична енергија како и интензивирањето на регионалните услуги во енергетскиот сектор меѓу двете земји, стои во соопштението. Вера Тодоровска |
||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||
Post Reply
|
Page <1 7891011 27> |
| Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |