![]() |
![]() |
![]() |
Такси превоз |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 16> |
Author | |||||||||||||||
Дуле ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 17-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Таксистите на потстрижување
Градот одреди и дрес-код: такси-возачот мора да е чист, потстрижен, избричен, со чиста облека, културно да се однесува, не смее да пуши во возилото, а лете не може да вози со шортс или маичка без ракави Од јануари 2012 година, такси-возилата во Скопје конечно ќе добијат унифициран изглед. Предлог-одлуката за автотакси-превозот, која конечно ќе се најде на дневен ред пред Советот на Град Скопје, предвидува сите да бидат во една боја. Исто така, сите таксисти ќе мора да издаваат фискални сметки, а во возилото на видно место треба да ја истакнат лиценцата, потпишана од градоначалникот Коце Трајановски. Мора да бидат уредни и културни. - Такси-возачот кога работи мора да е чист, потстрижен, избричен или со негувана брада и мустаќи, со чиста облека, да се однесува културно и достоинствено кон патниците и не смее да пуши во возилото. Лете не може да вози облечен во куси пантолани, шортс, маичка без ракави. Не смее да вози гол до појасот и бос, Градот одреди т.н. дрес-код за таксистите. На оваа одлука се чекаше долго, бидејќи такси-групациите постојано наоѓаа забелешки и протестираа. Градската власт очекува да воведе ред во хаосот кој владее со години и кој го создаваат нелегалните таксисти во Скопје, чија точна бројка никој не ја знае, но се претпоставува дека е околу 5.000, односно двојно од легалните. Бојата на возилата ќе биде бела, освен предната или задната хауба, кои ќе бидат бојосани жолто. Ќе имаат и жолта табла, дадена од Градот, на која со црни букви ќе пишува „taxi“. Сите останати одредби ќе стапат во сила 60 дена од нејзиното објавување во „Службениот гласник на Град Скопје“. Фиксно ќе бидат одредени и такси-стојалиштата, а не како досега, кога секој создаваше станица каде што ќе посака. Максималниот број лиценцирани таксисти е утврден на 3.000. Ќе поевтини т.н.старт - од 50 на 40 денари, а за секој изминат километар цената ќе се покачи од 20 на 25 денари. - Во многу случаи цената за километар сега е флексибилна, некаде 20, на друго место 22 денара бидејќи многу такси-компании сами си ја одредуваат, а за тоа никој не ги казнува, што придонесува за уште поголем хаос - вели таксистот Иван Ј.. Дозволеното рекламирање ќе се ограничи само на предни и задни врати, на светлосна табла на покривот, како и на потпирките на предните седишта. Дали правилата се почитуваат, ќе надгледува администрацијата на Градот, во чиј делокруг се работите од областа на автотакси-превозот. Инспекциски надзор ќе вршат овластени инспектори за патен сообраќај. За непочитување на оваа одлука, таксистите ќе се казнуваат според Законот за превозот во патниот сообраќај. Јорданка Ивановска Групациите против унифицирање на бојата на возилата Претседателот на Групацијата за автотакси-превоз при Стопанската комора на Македонија, Сашо Рајчановски, е задоволен од првичните сознанија за предолг-одлуката за такси-превоз. Сепак, смета дека бојата и таблата не треба да бидат исти за сите компании заради препознатливост. - Денес ќе имаме средба со членовите на Групацијата. Материјалот ќе им биде поделен, а нашиот официјален став ќе биде дополнително соопштен на јавноста. Од првичните информации што ги имам, некои наши предлози се прифатени. Јас предлогот го немам темелно прочитано, но не се сомневам дека е добар бидејќи долго се подготвуваше - изјави Рајчановски. Тој додаде дека како групација соработувале со Градот. И Марјан Спасовски од Групацијата на автотакси-превоз при Регионалната комора на Град Скопје вели дека, главно, се задоволни. - Вклучени бевме при подготовката на одлуката. Се' уште ја немам добиено конечната верзија, но поголем дел од нашите забелешки и предлози се прифатени - вели Спасовски. И од оваа групација не се согласуваат со исти боја и табла, која ќе ја издава Градот. Имаат забелешки и за новата цена. - Ќе ја прифатиме само ако Градот гарантира дека ќе најде начин да се запрат оние што нема да ја применуваат - порача тој. (А.П.) |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Дуле ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 17-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Се е супер, али неможе ли да се убрза работава?
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Пак кукање. Овдека мора инвазивно на мускули да се професионализира дејноста таксист. Мора да почне слој по слој да се средува транспортот во Македонија. До кога ќе биде сектор за купување социјален мир и учесник во сивата економија. Подобро 3000 нормални, одколку 10000 "шиткачи" и "тезгари". И во Охрид префарбувањето беше болна точка, и тука ќе биде, не е тоа ништо ново. Само да им биде јасно на таксистите и здруженијата, дека порано или подоцна ќе си легнат на брашното и ќе треба да ги спроведат одлуките, а што порано ги прифатат толку помалку "болно" за нив. Кога можеше оваа држава да протурка еден закон против пушење и овој народ како-така да го прифати, може 3000 таксисти да се средат без проблем. И да престанат да си играат инспекција и да поставуваат услови и да бараат гаранции дека ќе се запрат оние што нема да ја применуваат. Ги поддржувам во потребата да се почитува од сите, но нека ги остават градските власти да си вршат работа како сметаат дека треба. Нека не бидат како оној што држеше трафика на Илинденска па изиграваше инспекција и толкуваше урбанистички план му кажа на градот дека не треба улица да прави, туку паркинг, а него лично тоа не го тангира и така треба да се тргне. Така и тука. Вакво поставување услови во работата на градските власти само кочи, што побрзо ја применат одлуката, толку побрзо ќе придонесат и кај други да се примени.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Фала богу редно е да се унифицираат и да се воведе ред. Навистина со децении наназад во оваа сфера владееше и владее хаос диви возачи без лиценци. Со унификацијата такси превозот ќе добие еден препознатлив и модерен лик за Скопје. Во однос на поскапувањето полека доаѓаат времињата кога такси превозот ќе стане луксуз што повторно ја поддржувам оваа идеја пред се повеќе ќе се користи јавен превоз ќе има помалку такси возила и нормално помалку возила. Тука има многу придобивки али на крај све се сведува на свеста.
|
|||||||||||||||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Дуле ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 17-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Јас пример што сум видел во Будимпешта, таму таксистите сите во одела, стрикно Мерцедеси или Шкоди имаше, позади на стаклото огромна самолеплива лиценца, нешо жолта боја беше, и нормално стакло што го одделува возачот со патникот. Но, колку што знам, во појаките земји таксито е луксуз, односно се знае кој се вози у такси, а кој се вози по автобуси и трамваи и ред ствари... тоа е друга работа веќе. Но, да се знае мајко му кој те вози у такси а не вака влагаме кај кого стигаме, возат као нездрави ! и плус да се направи едно место кај што сите таксисти ќе се собираат ! во Бисер пример кај Прч, треба ли автобус да застане да остави/собере патници тоа е лудница значи !
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
theMac3donian ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 30-Mar-2010 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Линк -------------------------------------------------------------------------------------------------- „Па, не дај боже да изгубите паричник нема шанси да си го најдете доколку сите коли се унифицирани.“ ![]() Исто така неможам да поднесам кога вика да се „да се рашетат во Австрија и Швајцарија да видат како е...“. Па добро ќе бидеме ли некогаш доволно способни да направиме нешто различно и сами? Зарем ако е од Швајцарија и злато е? Јас ја ценам Швајцарската напредност во однос на таа „култура“, но да не забравиме дека овие се истите што ги забранија и минарињата. Како и да е, ред треба да се има и барем во Скопје тоа може да се постигне. Како може во Гевгелија сите таксиња да се жолти а во Богданци Бело-Зелени... така може и во Скопје. Мислам дека најголем исход од ваков потег ќе биде или изумирање на некои такси компании или фузирање на други. BTW Ако гледаме „на запад“ тогаш може да кажам дека во Мелбурн сите таксиња се исти. Има неколку такси компании и истите се распознаваат по тоа дали на нив пишува 13CABS или SilverTop. Бојата им е жолта на сите и на кровот кај што пишува TAXI го пишува и името на компанијата со доста ситни букви. (само колку при влегување во таксито да ја видиш копманијата, која исто така ја пишува и на вратата). Единствена разлика помеѓу таксињата е бојата на кровот. На некои е жолта, на некои зелена. Но ова не е разлика во копмании, туку едноставо разлика во легалното ограничување на таксито. Односно „зелените“ кровови смеат да оперираат само во „peak-hour“ помеѓу 15 и 19 часот. Edited by theMac3donian - 16-Oct-2010 at 14:29 |
|||||||||||||||
(НУ)МНМБЗДИСМНВИМНЖНКР
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Во Германија се сите такси возила се светло беж боја, ако веќе сака да се споредува со западна вропа.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
http://vest.com.mk/?ItemID=F231B06722B37E409CF314348D316615 _______________________ Еве дознавме како ќе изгледаат такси возилата. Сè е супер, освен: * „Ако имало поголема заинтересираност, ќе се доделеле нови лиценци“. Глупости. Се знае колку таксисти требаат, толку лиценци и ќе има. * Никаде да не го пиши името на фирмата. Колку што знам законот вика дека името на фирмата мора да биде уредно истакнато било да си фирма за земјоделско ѓубриво, или фирма што се занимава нанотехнологија. Во случај на незадоволителна услуга, или загубен предмет, би било добро патникот да знае каде да се обрати. Навистина ќе имаат сите таксисти реден број, ама треба да се знае и фирмата. Тоа нормално, со мини/средни букви во возилото или на него, ама не со табла или џиновски натпис! * Никаде не е наведен како критериум моторот на возилото, па воопшто и севкупниот квалитет. Со ова исто право на лиценца имаат една стара Лада и едно Порше Панамера, или еден Приус хибрид и еден дизел Мерцедес од 1992. Edited by гитардемон - 17-Nov-2010 at 16:12 |
|||||||||||||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Овие изгледа сакаат да воспостават монопол во такси групациите, ама тешко доколку вака се краде од лиценци ,и од разни безвезни казни или даноци за истакнување на фирма или наплатување на лиценци, што е работата со тие што веке ја платиле значи ке им ја поништат,па сега други, и секој пат едно исто само да се полни буџетот, ова е срамота за градот, таксистите никогаш нема да успее градот да ги контролира,како што се некои компании кои на големо ги рекламират своите фирми ,и инвестирале над 1 милион евра, па некој сега да им го наруши бизнисот навистина е една голема глупост.
|
|||||||||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Незнам за бизнисите на некој луѓе али знам дека мора под хитно да се унифицираат сите таксисти (сосе нив и приватните аутобуси) и ко у секој нормален град да биддат у една боја или две(жолто бела). Једино што и мене ме нервира е што не гледам критериум за возилата, не може више скапаници да се возат по градов на што личи тоа!Мора под хитно закон и за тоа ако не донеле.
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
А кој е твојот предлог? Како мислиш дека сакаат да воспотават монопол? Ако сите се исти, односно не се разликуват во изгледот, тоа значи дека малите компании ќе имаат исти шанси како и големите. Единствен фактор кој ќе одлучува за изборот на колата во која би влегол потенцијалниот патник би бил атрактивноста на колата. Тоа значи дека ќе се овозможи пофер конкуренција, што е спротивно на монопол. Тоа што викаш дека целта со новите лиценци било да се наполни градскиот буџет е чиста глупост. Па 3000 денари чини да се направи само такси таблицата. Дека до сега некои инвестирале многу пари во рекламирање (баш рекламирање, а не маркетинг, затоа што кај нас зделки за "рекламирање" се прават во кафана со "газдите на "медиумите""), и понатаму ќе имаат "корист" од тоа бидејќи и понатаму компаниите ќе си имаат сопствени броеви за повик. Единствено што не се сложувам со новите правила е што не се воведени стандарди за колите и за облекувањето и однесувањето на возачите. Ако можеше во Софија и Белград(претпоставувам) да воведат стандарди може и Скопје. Доказ дека такси бизнисот е исплатлив се новите компании кои влегоа со нови и солидни коли, што значи дека сите може да инвестираат во подновување на возниот парк. Не е проблем за просечен таксист да инвестира во нова кола, бидејќи со 13000 евра може да се купи сосем солидна кола за балкански услови, проблемот е во тоа што кај некои таксисти нема иницијатива и едноставно се трудат пасивно да донесат некоја пара дома. Впрочем повеќето коли се ОК, но несмее да се дозволи тие 5-6% Лади и Варбурзи да продолжат да возат низ градот. Исто така треба да се воведе и кодекс за облекување и однесување. Неможе во град кој се темели на европски вредности да има таксисти по влечки и маици со циркони. Не би бил некој проблем ако се пропише бела кошула и пристојни панталони. П.С. Верувам дека налепниците ќе ги напраат со некој жиг или нешто слино за да неможе да се фалсификуваат. Edited by nylon - 17-Nov-2010 at 21:31 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Е да ти кажам на што поконкретно мислев МОНОПОЛ, не така како што сфакаш ти, јас знам што значи монопол али не ми ја сфати поентата, монопол во смисла на тоа дека ке зависиш од нив, они како ке кажат така ти ке работиш во твоја фирма, не смееш ова, не смееш тоа, не смееш вака,за тебе 3000 денари не се ништо али иди прашај ги нив колку се,па не е така лесно да кажеш они тие 3000 илјади досега 10 пати ги земале зошто ништо не направија досега ако сакаш да го чуеш одговорот е дека се ЛОПОВИ, и не ги интересира такси превозот , не ги интересира дали ке бидат зелени црвени плави или било каква боја нив ги интересира само нивниот интерес, како да се полни буџетот.
А како да се направи ефикасен такси превоз....... ее тоа сега за сега сме далеку али ке ти го кажам и мојот предлог. 1.Да се одстранат сите диви таксисти. 2.Да се воведе такси службата во скопје во ограничен број. 3.Да се создадат услови за работа, па после да се бараат други услови за униформирање и доделување на табли. 4.Не може градот да изиграва такси компанија ,не може само да става услови,треба и да исполнува. 5.Треба да се почитуваат сите такси компании и да се дојде до едно решение во кое сите компании ке бидат задоволни ,зборам за тие компании кои постојат од кружниот ток на таксисти. 6.Во скопје скоро сите такси станици се узурпирани и не се почитува нивната постојка од дивите таксисти, или од несовесни грагани кои се паркираат таму. 7.Да се помагаат тие компании во униформирањето ,да се скратат надоместите, бидејки од една компанија повеке луге вадат леб,а државата не ја интересира само бара давачки. 8.Да се воведе систем во кој што нема да има никакви верски, национални ,икони и ред др работи во кои што муштериите би се чуствувале дискриминирани,или неугодни во такси превозот. 9.Да се постават услови таксистите што ке ги добијат тие дозволи за работа, нивните коли да имаат услови како што е пример: Абс,клима, серво, еуро2 итн. идр... има многу за зборување али сега немам време да ги напоменам сите. Од времето на СФРЈ такси службата фунскионирала ТОП , и такси превозот бил ЛУКСУЗ , после 90-тите години се поремети униформата и таблите кои беа сите жолти. |
|||||||||||||||
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Ова што го кажуваш е ОК од социјална гледна точка. Но незаборавај дека државата функционира со зафаќање на дел од доходот на граѓаните (значи тоа е зафаќање, а не земање, бидејќи тие пари се наменети по дефиниција за општокорисни работи). Впрочем тоа е и обврска на секој граѓанин.
А не ли мислиш дека зголемувањето на цената на такси превозот оди во корист на таксистите? Досега такси превозот беше премногу евтин. Според мене треба барем двојно да се згоелеми цената, што покрај другото би допринело и за намалување на бројот на таксистите а со тоа и хаосот во сообраќајот. Мора да разбереме дека таксизмот треба да ја преброди оваа фаза на хонорарност и дополнителен приход. Сепак тоа е сериозна работа и треба да се третира како и сите други. Неможе сеуште таксистите да одбиваат да стават фискални каси, затоа што ако стават нема да можат после со парите да одат во кафана, туку ќе треба да ги стават на својата сметка во банка. Дали мислиш ти дека таксистите треба да бидат привилигирани во однос на другите правни лица? Дали мислиш дека градот треба да ги ослободи од давачките? Па градот, де факто, на нив им дава франшиза за да ја вршат таа дејност. Незнам сега колку изнесува лиценцата, но секако дека треба да биде барем 10% од приходот на таксистот. Градот им дава ексклузивна можост со лиценцата да превезуваат патници остварувајќи приход. Како мислиш дека ќе се направат такси станици и ќе се средат дивите таксисти ако градот нема пари во буџетот? Или ние можеби сме В.Британија во времето на Викторија па ќе го земе златото од Индија ![]() |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
8. @Митат апсолутно се сложувам дека иако е непотребно и нетипично градот да покрива туѓи торшоци сепак како прагматичен пристап е задоволително тоа што ќе им покрие делови од трошоците, табли, фолии и слично. Државни фасади и слични појави се се на товар на овој пристап. Не дека не дава резултати, ама пак е импровизација во некои транзициони услови на што ќе му дојде времето да не биде така веќе.
9. Ако туѓите етнички/верски симболи те прават да се чувствуваш неугодно и ако таксито во кое ќе влезеш ова ти е критериум тогаш може би и дискриминација да потекнува од себе дискриминирајки ги таксистите. Едноставно влагам и десете минути ми се апсолутно небитни што имал закачено таксистот во кола. Сепак и тамо има некоја слобода. Што знам може би и некоја такси компанија и ова ќе го спроведе, но ова не е работа на градот. Кодекс на облакање да, но ова е веќе лична слобода и избор. Па крај краева и имаме избор, а изборот демократски е да се употреби и за дискриминација и избор во кое такси ќе влезам. -------- И овие услови за кои цело време зборуваме. Најлесно да речеме тука да се тргнат дивите таксисти, ама ај иди биди тој што ќе ги тргне. Не е ни тоа лесно да се спроведе. Нема решенија преку ноќ, системтски пристап ќе донесе резултати и добро е конечно некој мисли и на ова. Бројот на таксисти секако бара ограничување, ама и тоа треба да е динамичен и да се корегира на година, две, три, сепак и градот се шири и потребите исто. |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Мислам дека трудот на градските власти за воспоставување на ред во такси превозот нема да промени ништо. Покрај дивите таксисти, самите такси здруженија се поделени на 2-3 групи, при што таман едната ќе постигне договор со градот, другата се решава да штрајкува и обратно.
Овде работата треба да си ја превземе инспекторатот и полицијата со одземање на регистрациите и привремено на патничките возила. Просто е неверојатно како овој проблем не може да се надмине. Edited by BOJAN - 18-Nov-2010 at 12:29 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Инаку потпоно сум на линија со nylon Edited by Cloverstack - 18-Nov-2010 at 12:49 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Јас мислам дека треба да се професионални како и сите други професии, и да овозможат најдобра услуга за клиентите. На крајот тие ги зимаат парите, а за тие пари треба да си ја завршат својата должност. Денес профитот и услугата, мислам дека се над чуствата, емоциите, и определбата.
Нека ги покачат цените, но да се подобри услугата. А околу унифицирањето јас сум против. Нека се постават обрвски за возилото, какво треба да биде и кои критериуми да ги исполнува, под што се подразбира да е ново, средено, функционално и чисто. Нека се постават налепници на македонски, албански и англиски на прозорците и шофершајбната со која ќе се информираат клиентите за лиценцираноста, цената и безбедноста на услугата. Нека се воведе систем на контрола на возењето на такси-возилата и каде тие се наоѓаат, за што веќе мислам дека има во некои такси-компании. Има уште многу за дискутирање на оваа тема, сега не би пишувал.... Но во никој случај да не се наметнува некоја боја или пак незнам возило, што и да е унифицираност од страна на држата или градот. Во секој случај во една професионална, сериозна и лиценцирана такси-компанија сигурен сум дека возилата ќе бидат унифицирани, и нема да има разнобојност и различни видови возила.... |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Само уште на кратко. Може и да се воведи и софтвер на секако соодветен хардвер за во такси-возила. Софтвер кој би им го покажувал најкраткиот и најбрзиот пат до одредена дестинација, и секако приближната цена за услугата.
Секако и моменталната позиција на такси-возилото на зацртаниот пат, што би функционирало преку GPS, и уште колку има останато до дестинацијата.... Ова е од бенефит и за возачите, кои ќе немаат потреба да бараат дестинации на слепо, или преку радио-станица, но и за клиентите кои нема да можат да бидат излажани, поготово зборот ми е за луѓе кои не живеат во Скопје. Едноставно, навигациони уреди, но со мали модифиации.... |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
А конкретно по однос на верско-националните симболи треба да си разграничиме што е демонстрација на припадност и не загрозува и не навредувава, а што е национализам што загрозува и навредува. Не може така прост пристап и комплет се да ставаме во иста кошница па со својот национализам дури и туѓата демонстрација на припадноста да ја толкуваме како национализам од другата страна. Тоа е недозволиво, а најмалку па градот да биде посредник што тоа ќе го уредува. Најлибералниот пристап каде што што сопственикот на таксито (компанијата, таксистот) ќе уредува како ќе му биде уредена колата и каде муштеријата ќе влезе во кое такси сака. Edited by lslcrew - 18-Nov-2010 at 15:40 |
|||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||||||
Ако збориме за религиозни обележја, мислам дека за да бидеш верник треба да обврнеш внимание на други работи, а не на крстови во возила или слично. Според мене е чисто суеверие. И секако не задира во уставот, случајот да не се поставуваат вакви обележја, бидеќи уставот ти гарантира право на религиозна определеност, како и да се чуствуваш или веруваш без никој да ти го одземе тоа право, но сигурно не задира во сферата на истакнувања или изразувања на секоја религиозна определеност до ова ниво. Тука ама баш воопшто не се прекршуваат никакви права. Мене воопшто не ми смета а не го гледам проблем за другите. Но мислам дека професионалноста ја ограничува оваа можност. Од друга страна пак толеранцијата кон која било религија од страна на патникот не би требало да предизвика тој да се чуствува непријатно. Незнам, премногу е субјективно. Но дали би го жртвувал за бизнис, сигурно да. Незнам ни зошто воопшто разговараме.
Истото важи и за националистички симболи. Не сме мали деца, за да се задоволуваме од вакви апсурдни потреби, кои воопшто не се ни потреби. А во никој случај права. |
|||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 45678 16> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |