![]() |
![]() |
![]() |
Македонски железници низ слика и видео |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 35> |
Author | |
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Но при седнувањето приметувам нешто типично наше, веќе некој гасел цигари на корпата за отпадоци.
![]() Додека возот тутни кон Велес не застнанувајќи во попатните станици погледот го кревам нагоре и повторно, на некого и завесата не му била по негов вкус па морал да интервенира. ![]() Тоа ме натера да прошетам и да погледам низ другите вагони, и веке нашите „дизајнери“ ги створиле нивните креции. ![]() Кој стварно бева зачудувачки, и испишани покрај самиот ценовник за штети направени од страна на патници, но веќе е излишно понатаму да ги постирам во оваја репортажа. ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Точно во 17:42 веќе сме во станицата Велес.
![]() И само само 42 минути или поточно во 18:25 веќе сум во прекрасната станица и место Богомила на надморска височина од ~500 м, во областа Азот што потекнува од турскиот збор Асии што значи „непокорлив“ но за нашата локомотива 661 или „Кенеди“ не беже провлем да ја покори таа височина. ![]() Се појавува и послената станица на која застануваме во 19:16 часот - Прилеп. ![]() И тука се укрстуваме со патничкиот воз i-R 4904 кој очигледно сеуште го има проблемот со истекот на топлата пареа помеѓу локомотивата и вагоните. ![]() И мојата за жал крајна дестинација од ова прекрасно поминато време - Битола. ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Токму вчера бев во Битола, и истиот проблем со парното се појави во мојот вагон, пареа на сите страни околу вагонот, само во него немаше. Додуша, другите вагони беа стоплени, ама нечисти. Она што ме изненади е тоа што утринскиот воз во Битола пристигна повеќе од 10 минути порано од предвидениот возен ред. Назад во патничкиот воз имаше нов вагон кој мирисаше на боја и во кој од јакото парно мораше да се отвори прозорец. Зачудувачки, во Скопје возот пристигна во 21:52, наместо во 21:55 часот, според предвидениот возен ред.
Да резимирам, до Битола и назад патничките возови можат да се движат и по 3 и пол часа, доколку се сакало. |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Бојане сме се разминале
![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
![]() Бакарно Гумно - Сопотница Или зошто не е изградена трасата Бакарно Гумно - Кичево ![]() Одобрувањето на техничките карактеристики на пругата е на 14-08-1952 год. и е проектирана како индустриска или линија од 2 ред за искористување на многуте рудни богатства нарочно во областа на Демир Хисар (од турски - Железна Планина) т.е. Жван кој е богат со железна руда. На 07-06-1953 год. комисијата ја одобрува трасата Кичево - Сопотница - Бакарно Гумно. Но со промената на локацијата на железарата од Кичево* во Скопје се ограничува линијата само од Бакарно Гумно до Сопотница во должина од 29.950 м . (* политичка одлука) Трасата почнува со изградба во 1953 година а нејзино свечано пуштање е на 05-06-1957 година. ![]() Тогаш се изградени следните железнички станици Бакарно Гумно, Воѓани, Бигла, постојка Демир Хисар, Прибилци и Сопотница со постројка за товарење руда. ![]() Веќе по првите метри од распутницата од Коридор Xd кон Сопотница може да се забележи во каква состојба е самата пруга. ![]() Потполно запуштена и обрасната во коров пругата продолжува по Пелагониското поле во праволиниски пред да удри во Бушевската планина. ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Одејќи по праговите на оваја пруга, мислам дека го здогледав најсвежо заменетиот праг на кој беше утиснато 1971 година.
![]() Продолжува монотонијата на оваја делница, извадени штрафови, пропаднати прагови, пруга која времето буквално ја јаде. ![]() Пелагониската рамница нема крај, го поминувам стојалиштето во село Обршани. ![]() Поминуваќи ги во далечината селата Бела Црква и Крушеани, најпосле после приближно 8 км. промена во пејсажот, објект!. ![]() Тоа е железничка станица Воѓани изградена ко товариште, или подобро речено она што останало од нејзе. Пустелијата на станицата е во радиус од 3.5 км до најблиските неколку села. ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
После станицата завршува долгиот правец на пругата која скоро под прав агол го менува правецот кон запад напуштјќи ја Пелагонија и навлегува во Демир Хисарската клисура.
![]() Следната место е Бучин со неговото стојалиште на самиот влез во клисурата искачувајќи ја пругата со 12 ‰ за планираната брана на Црна Река. ![]() Во непосредна близина на Бучин е Алкомена, засега сеуште мистичен антички град изграден на бучинското Кале кое според пишаните извори, датира од 4 век пр. н. е. ![]() Пругата продолжува паралелно со патот и Црна Река која е најголема десна притока на Вардар. Нејзината должина изнесува цели 207 км. ![]() И ја здогледувам првата пречка. ![]() |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
Обраснат тунел на оваја делница од трите кој се со вкупна должина од 500 м.
![]() Морам или да го заобиколам тунелот неспремен да влезам и да пројдан низ него а и нис следиот кој е во близина на овој, лизгавиот терен на ридовите ме принудува да се спуштам се до патот. ![]() Во далечината го здогледувам стојалиштето или неговите остатоци, Бигла некогаш железничка станица која го добива името по планината, одалечено 500 м од селото Света које има 300-тини жители. ![]() Следува стојалиштето Единаковци, пред последниот тунел на оваја траса, во близина на Граиште, на Граишка чука, каде во античко време се наоѓал градот Брианион, голема тврдина преку целиот рид, а подоцна средновековниот град Добрун. ![]() И повторно стојалиште Демир Хисар одалечено од самит град и потоа после само 3.4 км стојалиштето Прибилци. ![]() Edited by Vladimir P - 07-Jan-2011 at 10:06 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
И на задната дестинација до која за жал не дојдов згазен од времето, но затоа тука ги имам сликите на мојот приател Слободан - GANZ а тоа е железничката станица Сопотница
![]() Некогашната утоварна станица на железната руда од рудникот Жван. ![]() И за жал самиот крај на пругата која никогаш не се приклучи до Кичево. ![]() Во близината на оваја последна дестинација е изворот Црна Дупка во близина на селото Железнец на надморска височина од 760м. на Црна Река или тракиското име Erigon. Е една од најславните приватни библиотеки АЛ-БИ основана во 1882 год. со преку 20 илјади наслови на старословенски, турско-отомански, пишани и вредни документи, книги,текстови, ракописи, сместена во пазувите на Плакенска планина нис која се протега туристичко-рекреативниот центар Бабино. До следното патешествие. |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Уште една прекрасна репортажа за предели кои прв пат ги запознавам благодарение на тебе Владимир
![]() Имам неколку прашања, доколку можеш да ги одговориш ти или било кој: 1. Кога последен пат се одвивал железнички сообраќај по оваа пруга (посебно за патнички а посебно за товарен доколку не се прекинати во исто време)? 2. Која била максималната брзина? 3. Поради кои причини била донесена таква политичка одлука за изградба на железарницата во Скопје наместо Кичево? 4. До кога работел рудникот Жван, дали е затворен поради исцрпеност и дали во околината постојат други рудни лежишта кои можат да дадат импулс за обнова на оваа пруга? 5. Како се вика спомнатата планирана брана на Црна Река, каде би била нејзината точна локација и дали има некакви подетални информации за нејзината намена и карактеристики? |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
![]() научив нешто ново денеска... |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
![]() Мала исправка... Прибилци, не Прибавци ![]() |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Владимир, прекрасна репортажа од твоја страна, навистина секоја чест!
Инаку на форумов дискутиравме околу патничкиот сообраќај на оваа пруга, мислам дека во возниот ред од 1989 година сеуште сообраќале по два возови дневно за Битола од Сапотница. За жал, градот Демир Хисар и целата околина изумираат поради недоизградената пруга до Кичево. Некогаш, да се надеваме дека ќе ја довршат до Кичево. Инаку дел од пругата поминува покрај патот за Битола-Крушево, ако добро се сеќавам. ![]() |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Да ги видеа сите работите како Владимир можеби нашата железница ке имаше голем напредок. Сепак секогаш раководители се тие што не се љубеници на пругите.
Иначе за репортажата но комент, прекрасни детали кои досега можеби никогаш немаше да ги расправавме. И јас сметам дека има други варијанти кои навистина од политички причини не се искористени. |
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
dejan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Australia Online Status: Offline Posts: 672 |
![]() ![]() |
Браво за сликите Владимир! Интересно е што се има такви пруги низ Македонија кој веќе не се користат..посебно таа со тунелот.
|
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
@Cloverstack
1. Кога последен пат се одвивал железнички сообраќај по оваа пруга (посебно за патнички а посебно за товарен доколку не се прекинати во исто време)? - Мислам дека последниот воз е во 2006 година, претходно има неколку повремени возења „благодарение“ на еден пратеник од тие краишта. А транспорт на рудата мислам дека е прекината 1992-93 год. со укинувањето на ископ на рудата. 2. Која била максималната брзина? - Сега можда би можело 30 km, а тогаш како пруга од 2 ред би требало брзините да биле макс. до 60/50 км.? Иначе на таа релација порано редовно сообраќал шинобус за патнички сообраќај и секако товарниот. 3. Поради кои причини била донесена таква политичка одлука за изградба на железарницата во Скопје наместо Кичево? - Извлекување на железара далеку од изворот може да направи само политика а тогашниот „изговор“ развој на главниот град, 4. До кога работел рудникот Жван, дали е затворен поради исцрпеност и дали во околината постојат други рудни лежишта кои можат да дадат импулс за обнова на оваа пруга? - Рудникот имал утврдени резерви од 10.000.000 тон. на површина од 2.2 км2, мислам но не и сигурен дека и сега „работи“ но на минимум за потребите на погонот за производство на челични сачми за а.д. „Железник“ од село Сопотница. Иначе има во регионот и големи количини на калциум-карбонат, каолинска глина како и травертин. 5. Како се вика спомнатата планирана брана на Црна Река, каде би била нејзината точна локација и дали има некакви подетални информации за нејзината намена и карактеристики? - Браната кај с. Бучин во влезот на Демир Хисарската клисура требало да послужи за мелиорациони цели, затоа тогаш е издигната пругата на повисоко ниво, но за жал никогаш не е изградена. (сетете се на сорешните поплави баш во тие предели) @Danielbtmk Бо право си, моја грешка е воден од железнички распоред каде очито направиле печатарска грешка. Корегирано во Прибилци @BOJAN Да ги има во повеќе возни редови, но точната дата кога е прекинат е немам. (И повторно она мое веќе досадно повторување - Немајќи музеј немаме каде да оставиме податоци а со тоа и да добиеме) Edited by Vladimir P - 07-Jan-2011 at 11:11 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Супер репортажа ,Владимир
![]() Инаку,(дел од) рудникот е уште во функција,купен од истиот газда на фирмата за електроника ПАП-Охрид (www.pap.com.mk)и мислам дека работат прилично задоволително.Е сега не верувам дека е доволна искористеноста за обнова на пругата,ама ако гледаме на подалечни патеки би требало да ја обноват и продолжат до Кичево,ако е можно со поблиска станица за Демир Хисар. А возот Битола-Сопотница возеше некаде до 2002-2003 година колку шо памтам;често имам патувано со воз натака и знам дека се укрстуваа во Бакарно Гумно. И едно прашање до Владимир,скоро сум сигурен дека до пред десетина години одеше воз и до Бељаковце (од Скопје во 3:33)ама некако ми е матна таа меморија.Дали стварно имаше воз на таа линија до кај шо е изградена пругата? |
|
![]() |
|
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
![]() Еве некој возни редови от тоа време 1969-70 воз 3612 Куманово - Перо Чичо 3:42 воз 3632 Куманово - Бењаковци 5:31 воз 3614 Куманово - Бењаковци 16:44 1974-75 воз 5800 Скопје - Перо Чичо 2:58 воз 2804 Скопје - Бењаковци 14:55 1990-91 воз 2930 Скопје - Бењаковци 4:51 воз 2932 Скопје - Бењаковци 14:23 1992-93 воз 2930 Скопје - Бењаковци 5:25 воз 2932 Скопје - Бењаковци 14:33 |
|
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Цитирам извадок од еден извештај на здружение Екосвест: "...
![]() ![]() ![]() Сопотница, од каде што во времето на индустрискиот и стопанскиот развој на Македонија се вршело товарање на железна руда за потребите на Железарницата во Скопје. Денес, сообраќај на оваа пруга се врши само инцидентно, според потребите на погонот за производство на челични сачми а.д. „Железник“ од село Сопотница." Се и сешто се пишува ... ![]() Edited by Danielbtmk - 07-Jan-2011 at 12:43 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |