![]() |
![]() |
![]() |
Енергетика (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 27> |
Author | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
http://tocka.com.mk/index12.php?ID=28204 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пропуштена 2010 за инвестиции во енергетикатанедела, 09 јануари 2011, 12:33На хартија - искористена, на терен - пропуштена година. Вака заврши 2010-тата на енергетски план. Со години подготвуваните енергетски стратегии се усвоија- дури три. Предвидуваат инвестиции од десетина милиони евра. Прашина крена и идејата за изградба дури и на сопствена нуклеарка. Но, во реалноста е илузија и изградба на една мала хидроцентрала. Ниту една од вкупно 35-те за колку што договори потпиша министерството за економија не започна да се гради ниту во 2010-тата. Се пропушти и петтиот обид за наоѓање странски инвеститор за Чебрен и Галишта. Прва лопата се уште чекаат и хидроцентралите Бошков мост и Луково поле.Но и со кавов епилот, Владата смета дека учинокот во енергетиката минатата година е задоволителен. Задоволството на Владата не го делат експертите. Инсистираат на итна на реализацијата на инвестициите предвидени во енергетиските стратегии кои ќе го зголемат домашното производство на струја и ќе ја намалат зависноста на земјава од скапиот увоз кој удира по џебот на граѓаните. Наспроти ваквите пораки од експертите, активностите на Владата во секторот енергетика и за оваа година главно ќе бидат административни, наместо теренски. Во програмата на министеството за економија за 2011-тата стои- ќе се подготвува документација за изградба на гасоводна мрежа, ќе се комплетира документација за изградба на далеководите кон Србија, Албанија и Косово, ќе се распише нов оглас за доделување концесии за мали хидроцентрали, повторно ќе се бара инвеститор за Чебрен и Галишта и ќе се потпишува меморандум за физибилити студија за Вардарска долина. Судејки според ваквата програма, на крајот на годинава ефектот ќе биде ист како и минатата- богата на хартија, но сиромашна на терен. http://www.time.mk/read/NONE/4c07db96f6/index.html Edited by Cloverstack - 12-Jan-2011 at 22:26 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Топланата во Македонска Каменица пак ќе почне со работа![]()
Четири
интернационални компании заинтересирани за каменичката Топлана. На
меѓународниот тендер распишан за рестартирање на топланата преку јавно-
приватно партнерство, се јавиле две компании од САД, една од Италија и
една мешовита бугарско- чешка компанија. Топланата, сопственост на ЈП
„Доминг“, затворена е пред 10-ина години поради нерентабилност.
-Топланата се користеше 10 години за топлинска енергија и цел е таа да произведува и електрична енергија за потрошувачите, кои ќе се вклучат во системот, што ќе значи придобивка, економска оправданост на инвестицијата, вели Блажо Вангеловски, директор на ЈП „Доминг“. Ова е каменичката топлана, повеќе од 10 години е надвор од функција и инспиративна мета на крадците. Општината верува дека нејзиното рестартирање ќе биде рентабилено. -Топланата е сопственост на ЈП Доминг од Македонска Каменица, започнува со работа 1989 година, работела 8 години, затворена е 99-та поради нерентабилно работење, испитувањата покажале дека треба да биде користен јаглен од Македонска Каменица, а потоа се утврдува дека јагленот не е доволно испитан, и во тој период се користел јаглен од близината на Берово. Направивме студија заедно со италијанското Министерство за животна средина за искористување на биомаса, вели Дарко Митевски. Каменица беше втора општина во државава по Скопје која имаше централно парно греење, меѓутоа затворањето на рудникот во 1999 година , не плаќањето на сметките и иселувањето ја зедоа како данок. Граѓаните задоволни што радијаторите повторно ќе ги греат. -Ние ги плаќавме сметките, големците не ги плаќаа, вели жител на Каменица. -Многу е добро да проработи топланата, вели жител на Каменица. Која фирма ќе го добие тендерот ќе се знае кон крајот на месецов. Со постојната мрежа се опфатени околу 300 семејства во централниот дел на Каменица. Општината ќе ја обврзи компанијата со која ќе го потпише договорот за проширување на мрежата во цела Каменица. Даниела Такева- дописник од Делчево
02.02.2011, 09:23
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&egId=14&eventId=70803 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Граѓаните ќе избираат од каде ќе купуваат струја
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2181194433&id=10&prilog=0&setIzdanie=22210 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
АД МЕПСО И „Електромонтажа“ - Белград ќе потпишат договор за изградба на делекувод во БитолаМакедонскиот електропреносен систем оператор АД МЕПСО како инвеститор денеска напладне во Битола ќе потпише договор за изградба на 110 киловолтен далекувод со изведувачите „Електромонтажа“ и „Електроисток изградња“ од Белград. На промотивниот настан, проектот 110 kv двосистемски далекувод ТС „Битола 3“ – ТС „Битола 4“, ќе го презентира проект менаџерот Никола Битрак, а договорот ќе го потпише генералниот директор на АД МЕПСО Дејан Бошковски. - Потпишувањето на договорот за изградба на далекуводот ќе се одржи во просториите на општина Битола и во присуство на градоначалникот Владимир Талески, информираат од АД МЕПСО. http://daily.mk/cluster3/1d34efecf65ed8247f1f88efe76aca6e/605945 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
http://www.time.mk/read/7ae2141b66/3b75ed91a0/index.html |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=32271&Itemid=106
ицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски денеска потпиша договори за заем и гаранција со германската "Дојче Банка" во вредност од 16 милиони евра за проектот "Главен транспортен систем од Брод Гнеотино до Суводол". "Потпишувањето на овој договор ќе овозможи поголема стабилност на енергетскиот систем во Македонија и претставува значајна долгорочна инвестиција за подобрување на стопанството во земјава", изјави министерот Ставревски. Финансиската поддршка од "Дојче Банка" ќе се обезбеди преку кредити со рок на отплата од 10 години. Владата за овој проект издвои вкупно 18,5 милиони евра, од кои 16 милиони ќе обезбеди "Дојче Банка", а 2,5 милиони евра од сопствени извори ќе обезбеди ЕЛЕМ. "Овој проект претставува приоритет на нашата компанија за тековната 2011 година. Со ова ќе се овозможи брз и ефикасен пренос на јаглен од површинскиот коп "Брод - Гнеотино" до рудникот "Суводол" кој претставува главен транспортен систем за јаглен во РЕК "Битола", изјави Влатко Чинговски, директор на Електрани на Македонија. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Заем за транспортен систем за јаглен
![]() Вкупно се потребни 18,5 милиони евра, за реализација на овој проект, за кој ЕЛЕМ ќе вложи 2,6 милиони евра, а останатите се заем од „Дојче Банка“. „Овој капацитет ќе биде наменет за континуиран, брз и ефикасен транспорт на јаглен од извозната рампа во Брод Гнеотино до истоварното место во Суводол. Вкупна должина е 10 километри и ќе се заокружи процесот на производство и испорака на јаглен кои ќе го продолжи векот на работа на РЕК Битола во наредните 20-25 години“, изјави Влатко Чинговски, директор на ЕЛЕМ. Според, министерот за финансии, Зоран Ставрески, со овој договор ќе овозможи поголема стабилност на енергетскиот систем во Македонија и е значајна долгорочна инвестиција за подобрување на стопанството во земјата. http://daily.mk/cluster3/f8432e2b0276e3815aee790bccc38534/614379 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Означен почетокот на изградбата на главниот транспортен систем од Брод Гнеотино до Суводол
Битола, 4 март 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски и директорот на ЕЛЕМ Влатко Чингоски денеска го означија почетокот на изградбата на главен транспортен систем за јаглен од површинскиот коп Брод Гнеотино до јагленовиот систем во рудникот „Суводол“, почетокот со работа на вториот БТО систем за откоп на јаловина во површинскиот коп Брод - Гнеотино и крајот на првата фаза од модернизацијата и автоматизацијата на ТЕ „Битола“. Изградбата на главниот транспортен систем за јаглен, како што информира Груевски, е инвестиција со вредност од 18,6 милиони евра. - Модернизацијата е насочена пред се кон зголемување на сигурноста во работењето на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетскиот блок. Инвестицијата која ќе се одвива по принципот „клуч на рака“ и која е предвидено комплетно да заврши до крајот на 2012 година предвидува модернизација и автоматизација на преостанатите два енергетски блока со што ќе се овозможи зголемување на моќноста за дополнителни 8,32 мегавати по блок, односно 25 мегавати инсталирана моќност за трите блока, истакна Груевски. Тој појасни дека тоа ќе значи и зголемување на производството на електрична енергија од 160 до 200 гигават-часови на годишно ниво без зголемување на потрошувачката на јаглен. Премиерот Груевски потсети на веќе реализираните проекти кои, според него, придонесоа за енергетска стабилност и унапредување на енергетскиот систем. - Беше отворена подинската јагленова серија на рудникот „Суводол“ за што се набави и монтираше нов БТО систем составен од багер и од одлагач во кои се вложија 25 милиони евра, се зајакна производствениот процес на површинскиот коп Брод Гнеотино со два багери во вредност од 4,5 милиони евра, се изгради асфалтниот пат и рудничкиот круг, во употреба беше пуштена првата државна когенеративна електрана која може да се произведува годишно до 160 гигават-часа електрична енергија со едновремена можност за производство и до 200 гигават-часа топлинска енергија за стопанството и граѓаните. Во функција беше ставен и новиот Диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електрична енергија на АД ЕЛЕМ кој овозможува континуирано следење на временските промени, нивото на акумулациите и очекуваните количини на подземни дотоци, како и планирање на потребите за електрична енергија во земјата, истакна Груевски. Најави дека Владата и понатаму ќе продолжи посветено да работи на обезбедување на стабилна економска иднина на државата преку инвестирање во проекти кои имаат за цел ревитализација на дотраените енергетски капацитети, пронаоѓање нови извори на енергија, подобрување на енергетската ефикасност,... Проектот за модернизација на ТЕ „Битола“, според директорот на АД ЕЛЕМ Чингоски, е насочен кон зголемување на доверливоста на работа на термоелектраната и продолжување на експлоатациониот век на енергетските блокови за најумалку 120.000 работни часови. - Модернизацијата на енергетските блокови ќе ги редуцира динамиката и оперативните трошоци за ремонти и тековното одржување на термоелектраната во наредниот период, рече Чингоски, додавајќи дека со модернизацијата на термоелектраната имплементиран е и систем за автоматска регулација на производството. Површинскиот коп Брод Гнеотино располага со вкупно
108 милиони тони јаглен од кој за експлоатација се достапни 32 милиони
тони со годишен капацитет на ископ од два милиони тони јаглен. АД ЕЛЕМ
во овој коп досега инвестирал над 65,5 милиони евра од кои 42,8 се
сопствени средства, а остатокот е обезбеден преку кредити. сс/мт/15:24 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Пареата на РЕК „Битола“ може да грее три општини
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3141190146&id=10&prilog=0&setIzdanie=22230 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() Ова треба да се протурка што побргу. РЕК Битола нема неограничен рок на траење. Со секој изминат месец, проектов губи од својата исплатливост. Ако почекаме уште некоја година, воопшто нема да ни се исплати да го правиме. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Pa taa moze i da se upoterbi i za oranzerii vo pelagonija pa da ideme konkurentni so oranzeriski proizvodi
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Со над 200 илјади евра инвестиции во општината Студеничани, енергетската
компанија ЕВН во рок од три месеци ќе изгради два нови трансформатори
во село Студеничани и еден во Батинци. Трансформаторите ќе бидат со
капацитет од 400 киловати со можност да се зголеми до 800. Според ЕВН,
изградбата на трафостаниците ќе влијае жителите на оваа општина да имаат
редовно и квалитетно снабдување со електрична енергија
Градоначалникот на оваа општина, Фати Исени вели дека чекорот на ЕВН покажува за нивната посветеност за решавање на проблемите на жителите од Студеничани. Исени вели дека сега жителите треба да ги плаќаат редовно сметките. „Тие ќе почнат со инвестирање во Студеничани и Батинци, градејќи три трафостаници, две во Студеничани, и една во Батинци. Исто така, ќе се зајакне и мрежата на далноводот, верувам дека за неколку месеци, до есен жителите од општината ќе имаат доволно струја. Од друга страна ние земаме обврска да разговараме со жителите, да апелираме да се зголеми нивото на плаќање на сметките" Според австриската компанија, нивото на наплата на сметките за електрична енергија во општина Студеничани е многу ниска, додека жителите и општинските власти велат дека се плаќаат над 30 насто од сметките. Невзат Мамути http://daily.mk/cluster3/4ee87a674d542b48c9bddec71a186d33/651213 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Конска брана
<>@font-face {
font-family: "Calibri";
}p.MsoNormal, li.MsoNormal, div.MsoNormal { margin: 0cm 0cm 10pt; line-height: 115%; font-size: 11pt; font-family: "Calibri","sans-serif"; }.MsoChpDefault { }.MsoPapDefault { margin-bottom: 10pt; line-height: 115%; }div.Section1 { page: Section1; }
Во тек е иновирањето на проектот за изградба на Конска брана од страна на Градежниот институт на Македонија, кој понуди најповолна понуда на распишаниот тендер од страна на Министерството за замјоделство, шумарство и водостопанство.
Изградбата наовој капитален објект е од посебно значење за локалниот економски развој поради што е покренато реактивирање на овој проект. Неодамна заменик претседателот на Владата на РМ Владимир Пешевски изјави дека во Владата на РМ постои интерес за реализацијата на овој проект. Инаку, во рамките на приоритетната програма на Центарот за развој на Југоисточниот развоен регион веќе е извршена ревизија на основниот проект од страна на фирмата "Хидроенерго инжинеринг". Додека пак со иновирањето на проектот и внесувањето на нови посовршени елементи се очекува намалување на цената на овој капитален проект. |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Влатко Чингоски, директор на АД Електрани на Македонија-Имавте
крајно успешна и рекордна година, со извонредни постигнувања во
електропроизводството. По изминатите три месеци, каков е стартот на ЕЛЕМ
во оваа, евидентно, и политички и економски турболентна година?-
Изминатата 2010 година беше една од најуспешните и можеби најуспешна
година на АД „Електрани на Македонија“, со максимално производство, со
минимален увоз на струја, и со најголем процент на пласиран вишок на
електрична енергија. Нашата цел не беше да постигнуваме некакви рекорди,
значи можеше уште да се произведува, но не го правевме тоа, бидејќи
сакавме годинава да ја почнеме со нормално високи коти за тој период, со
цел да можеме да обезбедиме долгорочно квалитетно и економски
најприфатливо производство на електрична енергија. Според трендот, и годинава повторно имаме солидно електропроизводство, намален увоз на електрична енергија и, како што сега стојат работите, не очекува уште една успешна година. Ќе видиме како ќе се движат дотоците, хидрологијата, а засега, некаде 37 отсто од вкупното предвидено производство на хидроцентралите е веќе реализирано. Што значи, може да се надеваме на солидна година. - Ваквото рекордно електропроизводство лани влијаеше и за намалување на увозот на електрична енергија, а со тоа и за значителни финансиски заштеди. - Да, увозот на електрична енергија од година во година е се помал. Водиме политика на континуирано намалување на увозот. Тука зборувам само за увозот на електрична енергија за тарифните потрошувачи, бидејќи сме задолжени да увезуваме само за нивни потреби. И, можам да кажам дека од 2008 до денес, тој увоз е намален за преку 70 проценти. Ако во 2008 биле увезени над 950 гигаватчаса, 2010 ја завршивме само со 284 GWh, што е за 71% помало увезено количество електрична енергија. A, oд финансиска гледна точка, од околу 80 милиони евра, дадени во 2008 за увоз на електрична енергија за потребите на квалификуваните потрошувачи, минатата година ја завршивме само на 13 милиони евра. Тоа намалување од над 84 отсто резултираше со тоа што како компанија имавме незначително учество во новата цена на електричната енергија. Доколку имавме поголем увоз, тоа за жал, ќе се рефлектираше и на цената на киоловатчасот за граѓаните. Нашата цел е да го намалиме увозот на струја, да можеме од сопствена електрична енергија да ги задоволиме потребите и тоа да не влијае значително врз цената на произведениот киловатчас. - Истовремено, ЕЛЕМ успеа и да ја зголеми продажбата на произведените вишоци на електрична енергија од домашниот електроенергетски систем... - Паралелно со зголеменото производство на струја и намалувањето на увозот, имаме и зголемување на продажбата на вишоци електрична енергија, преку аукции, и тоа за последните три години за речиси 30 пати. Ако во 2008 сме продале само 22 GWh, во 2010 продадени се на пазарот во Република Македонија преку 670 GWh електрична енергија. Најголемиот дел повторно е пласиран во државата, на големите потрошувачи, кои сега купуваат електрична енергија слободно на пазарот. Индиректно, преку 10 проценти од вкупното производство на електрична енергија сме го пласирале повторно кај големите потрошувачи. Она што често се слуша како барање од квалификуваните потрошувачи, “сакаме дел од колачот на државните електрани“, значи тие го имаат тој дел, но не директно, туку индиректно преку трговците, бидејќи така бараат македонските закони и европските директиви. Тоа значително влијаеше за редуцирање на цените, зашто ако ја имате таа енергија на пазар, нема да се увезува и тоа значи дека ќе се стабилизираат цените на подолг рок. -Во каква кондиција е денес системот, со оглед на електропроизводствените резулати кои бараат големи напрегања? - Состојбата е стабилна, а тоа значи дека сите капацитети што ни се на располагање, се во функција и нормално ги извршуваат своите активности. Тоа ни дава за право да сметаме дека во текот на годинава ќе немаме поголеми проблеми со производството на електрична енергија за потребите на системот, односно за потребите на тарифните потрошувачи. Притоа, ги реализираме и ремонтите кои се дел од редовните активности и ги имаме земено предвид при изготвувањето на енергетскиот биланс. Однапред сме испланирале кој објект колкав период нема да е во функција, и заради тоа, таков енергетски биланс нудиме на пазарот. Годинава очекуваме да произведеме 6.075 GWh електрична енергија и тоа е пресметано врз основа на расположивоста на нашите производствени капацитети. Годинава ќе следат и ремонти. Во РЕК Осломеј, ќе имаме околу 15-дневна нега само на првиот блок на РЕК „Битола“.Што се однесува до ТЕ „Битола 2“, тој термоблок ќе биде во редовен модернизациски период од 90 дена надвор од функција, како што беше лани првиот блок, а ремонт ќе имаме и на третиот блок. Значи, генерално ќе ги завршиме сите планирани активности, предвидени со планот за ремонти и за модернизација во РЕК Битола. Ќе има ремонт во траење од 45 до 60 дена во Осломеј, а во хидроелектраните ќе ги реализираме неопходните зафати кои се појавуваат во текот на самата работа. Останатите зафати, на рударската опрема, на транспортните системи за јаглен, ќе течат во континуитет според воспоставениот план и динамика. -Во јавноста, и покрај успешните производствени резулати се вртат информации дека во енергетиката, вклучувајќи го и ЕЛЕМ, инвестициските активности не се на задоволително ниво. - Оваа теза често се слуша по медиумите. Инвестициите во енергетиката не се така брзо видливи, ниту, пак, се од таков карактер да може обичниот човек да ги забележи. А, дека не се инвестира во енергетиката, едноставно не е точно. Впрочем, тоа го докажува и податокот дека за минатата година ЕЛЕМ неодамна доби награда од Стопанската комора на Македонија за најголем инвеститор, со околу 55 милиони евра инвестирани во енергетиката. Некој ќе каже, во оваа област е инвестирано само кога ќе се види нов објект. Такви објекти во енергетиката не се градат за помалку од три години. Така што не може да се каже дали се инвестирало, или не, бидејќи станува збор за големи инвестиции, за чија реализација се потребни подолги рокови. Одговорно тврдам дека вакви инвестиции, како што сега има во ЕЛЕМ, немало со години. Сведоци сте дека направивме модернизација на првиот блок во РЕК Битола, што не е направено од почетокот на неговото пуштање во употреба. Значи, 1982 е пуштен првиот блок, а 1988 третиот блок и оттогаш досега, толку голема инвестиција во РЕК Битола за првпат е направена. Извршивме набавка на багери, сега го монтираме транспортниот систем, направивме модернизација на турбините во “Енергетика“, работиме на модернизација на хидроелектраните, неодамна излезе тендерот за надвишување на браната Леуново, со што ќе ја дигнеме работната кота на акумулацијата на Мавровското Езеро. Значи, инвестиции има. Генерално кажано, ЕЛЕМ инвестираат и ќе продолжат со тој циклус, бидејќи тоа е неопходно. Дојдено е време кога без инвестиции не можеме да обезбедиме сигурно и долгорочно снабудување со електрична енергија. Факт е дека овие добри производствени резултати ни овозможија, без поголем притисок врз цената на киловатчасот, да ги направиме овие силни инвестиции и понатаму ќе одиме во истата насока. Нашите планирани инвестиции се за секоја година најмалку 40 милиони евра, некогаш повеќе, некогаш помалку, зависно од тоа како ќе се реализираат тендерите, односно како ќе се изнајдат финансиски средства. Сепак, не зависиме само од наши пари, туку и од финансиските институции, кои ни помагаат преку поволни заеми. - ЕЛЕМ станува еден од клучните играчи кога е во прашање тендерот за реализација на проектот за изградба на ХЕЦ “Чебрен“ и “Галиште? - Oва е еден од најприоритетните проекти не само на ЕЛЕМ, туку и на Владата. Задоволни сме од тоа што имаме 16 понуди, и очекувам дека од нив ќе произлезат барем седум-осум сериозни кандидати. И, со нив ќе може да се оди во втората фаза, кога се очекуваат финансиските понуди, односно количеството акции кое ќе му се додели на ЕЛЕМ. Овој проект е многу значен и во поглед на стабилноста на енергетскиот сектор. Првпат ќе имаме реверзибилна електрана, која ќе може да ни помогне во балансирање на ноќни вишоци и дневни недостатоци на електрична енергија. Ќе може да правиме трансфер помеѓу вишоците, што сега ги продаваме по регулирана цена, а ноќната енергија секогаш има некоја пониска цена, и наместо тие вишоци да се продаваат, ќе се оптимира, со тоа што би се пумпала водата во “Чебрен“ и утредента, кога ни е потребна, наместо да ја увезуваме таа енергија, може да ја пласираме во системот. На тој начин, уште повеќе ќе се намали увозот, а ќе се избалансира и дневниот дијаграм во македонскиот електроенергетски сектор. - Како го оценувате моделот што го одбра Владата со тендерот? - Мислам дека тоа е еден од најдобрите модели. Не можеме да одиме сами и целосно да го исфинансираме овој проект, бидејќи станува збор за висока инвестиција, а од друга страна, добро е да имаме сериозен партнер, зашто овие проекти не се само од национално значење, туку се и регионални. Ни треба некој партнер, со кој ќе направиме компанија, која ќе излезе и надвор од границите на државата и ќе продава електрична енергија на локалниот, односно и на регионалниот балкански пазар. Затоа е добро со ваков проект да вклучиме и некоја реномирана странска компанија во тој бизнис. Владата не ги дели двете хидроелектрани при реализацијата, како што се слуша во јавноста, туку дава малку поголем простор во годините за реализација, за да може и двете електрани да се изградат. Тоа не значи дека инвеститорот би се откажал од градењето на “Галиште“, како што се шпекулира. Едноставно, станува збор за силна инвестиција во вакви, да речам, лоши економски услови на светско ниво, и не можете да очекувате дека некоја компанија ќе дојде и двете електрани веднаш ќе ги изгради. Владата тоа го антиципира и дава период по изградбата на “Чебрен“, со дел од средствата што ќе се генерираат од неговото производство, да се враќаат дел од кредитите, а останатото да се инвестира во “Галиште“. Никако не се форсира само градењето на “Чебрен“, а “Галиште“ да се реализира само по желба. Никој не е наивен, ако има профит од таа работа да не го гради “Галиште“ и да работи само со “Чебрен“. Условите на пазарот ќе ги дефинираат моментот и почетокот со градба на едната, или другата електрана. - Што предвидува годинешната инвестициска програма на ЕЛЕМ? - Годинава имаме амбициозна инвестициска програма. Пред се, да ги споменам: изградбата на главниот транспортен систем за јаглен од Брод–Гнеотино до Суводол, завршување на модернизацијата на вториот блок на РЕК Битола, завршување на ХЕЦ „Света Петка“, која планираме да биде реализирана до крајот на годината, а веќе почнуваме и со втора фаза на ревитализација на хидроелектраните. Тој проект стартува со тендерот за надградба на браната Леуново, а во мај-јуни че има тендери за нова опрема за нашите хидроелектрани. Истовремено, активно работиме на подготвување на тендерот, што го очекуваме есенва, за првата фарма на ветерници кај Богданци, потоа тендерот за изградба на ХЕЦ „Бошков мост“ и подготвителните работи и изборот на консултант за изработка на тендерска документација за акумулацијата Луково Поле. Тоа се неколку проекти, на кои сме годинава насочени и очекуваме дека ќе придонесат не само за стабилизирање и зголемува на електропроизводството, туку и за зголемување на инвестициите во делот на енергетиката, воопшто. - Последниве години се случија речиси сериски пропаѓања на тендерите за изградба на енергетски проекти. На што се должи тоа, и што да се направи за конечно да имаме нивна позитивна завршница? - Не би се согласил со таквата констатација, која се генерира и се врти тенденциозно во јавноста. Тука, најчесто е во игра “Чебрен“, но досега имавме само два тендери, кои се продолжуваа и секое продолжување некој го третира како да е нов тендер. Тоа не е така. Досега, за овој проект имавме еден тендер, кој беше неуспешен заради промената на Владата, кога во Министерството за економија, на местото на министерот Рафајловска дојде министерот Бесими. Вториот тендер беше оној што пропадна есеноска, поради економската криза и актуелниот, е трет тендер за “Чебрен“ и “Галиште“. Можам одговорно да кажам дека сите тендери што ги работи ЕЛЕМ, се успешни. Еден месец порано, или подоцна, ние ги реализираме тендерите. Зошто имаме неуспешни тендери? Станува збор за сериозно големи тендери, што многу ретко се прават во светот. На пример, да имаше ваков проект во Германија, за капацитети како “Чебрен“ и “Галиште“, никогаш немаше да има тендер. Едноставно, тамошната Влада ќе побараше стратешки партнер, или некоја од компаниите, кои се доволно финансиски моќни и ќе ги направеше двете електрани. Да имаше ЕЛЕМ ваков развоен тренд како сега, во еден период од десет години ние можевме сами да земеме кредити од 600 милиони евра и да ги изградиме “Чебрен“ и “Галиште“. Проблемот е, што долги години, прво цената на електричната енергија не е соодветна, да може да создаде акумулација на капитал што може да го обезбедиме сами, и второ, проблемот е дека банкарите поради економската криза станаа многу рестриктивни во финансирањето вакви проекти. Тешко ќе најдете некоја банка, која ќе ви даде 500 или 600 милиони евра за ваков проект. И тие два моменти доведоа до ситуација да немаме доволно заинтересирани партнери и нема доволно финансиски средства на пазарот за брзо и едноставно пласирање на пазарот на пари. - Цената на струјата е едно од најважните енергетски прашања, со пошироки имликации и за севкупните економски и општествени текови во државата. Пред крајот на минатата година, речиси сите енергетски компании искажаа незадоволство од одлуката на РКЕ и од одлагањето на корекцијата на цената на електричната енергија за овој период. Какви се Вашите очекувања и барања? - Цената е клучен фактор за обезбедување долгорочен стабилен и т.н. одржлив развој на електроенергетскиот сектор. Без реална цена на производот, не можете да опстанете во ниту еден економски бизнис, а најмалку во нашиот. Доколку немате соодветна цена, не можете да ги надоместите трошоците што ќе ги направите за да ја испорачате електричната енергија. Затоа, треба да се има цена која ќе овозможи развој, а не само поврат на капиталот на компанијата. Имавме случаи кога поврат на капиталот не можеше да се обезбеди. И ако тоа не се обезбеди, значи компанијата постепено се деградира и се доаѓа во безизлезна ситуација, во која не само што немате сила да изградите нов објект, туку немате финансиска моќ ни да го задржите она што веќе го имате. Не можете да ги задржите сегашните електрани, а не да градите нови. Електричната енергија мора да има таква цена, која ќе овозможи стабилно работење, обезбедување поврат на капитал и дел за инвестиции, за да може да ги одржувате на ниво, но и да ги надградувате и да градите нови објекти. Тоа, во овие 20 години го немаше во Република Македонија. Цело време електричната енергија се смета како некоја социјална категорија, со која треба да има мир во државата. Тоа е апсолутно погрешно, бидејќи на краток рок дава резултати, од надвор гледано луѓето имаат релативно евтина струја и сите се задоволни, но на долг рок може да доведе до ситуација во еден момент цената да се покачи двојно или тројно. Се трудиме минимално да правиме корекции во цената, бидејќи одиме, пред се, со намалување на трошоците до максимално ниво. - Сепак, реагиравте на малата корекција на цената? - Реагиравме во јануари и сега во март, кога се менуваше цената, затоа што сметаме дека дел од оние трошоци што ги имаме не ни ги призна РКЕ. Лани тоа беа трошоците во рударството, за откопот на јаловина и вадењето јаглен не ни беа признати онака како што навистина со фактури ги докажавме, туку беа признати како процент од вкупните трошоци. Годинава не ни се признаваат трошоците за сопствена потрошувачка. Не може да произведете електрична енергија ако немате и дел од сопствена потрошувачка. Тоа не е голема ставка, но мора да биде земена предвид при изготвувањето на самиот трошковник за работењето на компанијата. Во секој случај, промената на цената од страна на ЕЛЕМ е околу 0,54 проценти, што е апсолутно минимално кон граѓанството. Доаѓа некаде 0,01 денар промената на цената на киловатчасот, а тоа е резултат на оптималното работење. Тоа ни овозможи да немаме поголем притисок за покачување на цената. И тоа е, може да кажеме, најголемиот успех на компанијата. Имаме инвестиции, солидно производство, а не правиме притисок врз цената на киловатчасот. - Конечно минаа измените на Законот за енергетика. Каде се наоѓа во нив ЕЛЕМ и што очекувате корекциите? - Секој закон треба да е прилагоден на условите во кои се носи и во кои треба да е платформа за работа. Мора да повторам, во 2008 направивме револуционерен скок во пристапот на пазарот на електричната енергија, кој сега се покажува дека бил многу исправен. Со примената на тој закон, компаниите од енергетскиот сектор станаа ликвидни и стабилни. МЕПСО се исчисти од своите долгови, ЕЛЕМ стана профитабилна компанија, нема проблеми со снабдување електрична енергија на граѓанството, а очекувам, односно верувам, дека и кај ЕВН има позитивности во работењето. Edited by lslcrew - 30-Mar-2011 at 18:11 |
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 89101112 27> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |