build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Културни
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Реставрациja / Реконструкциja

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 24>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #181 Posted: 31-Jul-2009 at 13:28
Се рони Долни Сарај

Дол­ни Сарај во Охрид, отворената фестивалска сцена, но и значаен кул­ту­рен и историски локалитет, од предната страна почна да се рони. Од бедемот се одронуваат камења и паѓаат во неговото подножје. Од ле­ва­та страна на Сарајот, кој е сместен меѓу Сараиште и Канео, на го­ле­ма­та стена се проширува и пукнатината која со години не е санирана.
"Имам впечаток дека по силните дождови во текот на го­ди­на­ва, оваа пукнатина како да се зголемува. Ја гледам со години, би­деј­ќи оттука со чамец превезувам туристи", вели еден кајчар кој по­ве­ќе­па­ти во текот на денот со чамец поминува под Долни Сарај, пре­ве­зу­вај­ќи туристи до Канео.
Во Завод и Музеј во Охрид засега најавуваат санација само на предниот ѕид на Долни Сарај, а за големата пукнатина на карпата немаат кон­кре­тен одговор.
"Ние имаме проект за Долни Сарај, посебно за предниот дел од ѕидот ка­де што се одронуваат камења и ние тоа сме го кон­ста­ти­ра­ле. Реализацијата на проектот ќе почне кога ќе обезбедиме пари. За пук­на­ти­на­та за која ме прашувате во овој момент немам што да ви ка­жам", вели Тања Паскали - Бунташеска, директорка на Охридскиот за­вод и музеј.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=986BE8DAFE28224D8384CDFF2A0E17AF
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #182 Posted: 31-Jul-2009 at 14:14
E ova poslednava vest lsl e istata rabota sto ja spomnavme vo pod forumot za ohrid
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #183 Posted: 07-Aug-2009 at 13:51

Кам­ба­на­та на штипскиот часовник по 3 века веќе не бие

По 3 века престана да чука градскиот часовник од Саат кулата во Штип, изградена во 18 век. Градската камбана на секој час означуваше точ­но време. Од Заводот и музеј во Штип велат дека се реализира про­ект за целосна санација на Саат кулата.
"Са­ат кулата ќе ја задржи старата архитектура, но ќе се вградат нови елек­трон­ски часовници", вели Зоран Читкушев, директор на Заводот и му­зеј во Штип.
Кам­ба­на­та и целиот механизам на часовникот не се веќе во функција, а би­е­ње­то на секој час веќе им недостига на штипјани. "Со градското ѕво­но живееше градот, а живеевме и ние", велат Цвета и Ристе Бо­го­е­ви, кои живеат веднаш до Саат кулата во Штип

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2597CD7E3F5C9E4296A925B3FC683B8C
Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #184 Posted: 07-Aug-2009 at 13:57
bash mi e krivo sto stavaat elektricni casovnici , sekade niz svetot gi cuvat tie starite saati samo tuka kaj nas gi vadat za da stavat elektricni , ista prica e i so skopskata saat kula kade sto saatot posle zemjotresot iscezna , nikoj ne znae kaj e, nitu pak koj go ukral , valjda imal nekoja golema vrednost, inace jas poznavam eden star casovnicar koj ima sposobnosti da gi poprava duri i tie starite casovnici , normalno dokolku mu bide plateno
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #185 Posted: 10-Aug-2009 at 03:51

Донација од 800.000 евра за црквата во Старо Нагоричане

Куманово - Советот на Европа преку Комисијата за развој деновиве и' додели 836.000 евра донаторски средства на локалната самоуправа во Старо Нагоричане за санација на објектите на познатата црква „Свети Ѓорѓи“. Средствата ќе се дистрибуираат преку Министерството за култура, а ќе бидат вложени во зафати за поправка на фасадата и покривот на храмот „Св. Ѓорѓи“, како и останатите објекти во црковниот комплекс.

Ова е прва поголема меѓународна донација за овој светски познат средновековен културно-историски споменик, за кој во минатото државата издвојуваше одредени средства, но никогаш доволно за целосно да се заштитат објектите од пропаѓање, велат во локалната самоуправа на Општина Старо Нагоричане.

Со завршување на проектот за конзерваторско-реставрирачки зафати на фрескозаписите и сакралните предмети, како и санацијата на црковното предворје, црквата ќе им го отвори сиот раскош на овој византиски споменик од 14 век на посетители од цел свет.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AA54387647DBB444BCC51132DA36E5CF
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #186 Posted: 20-Aug-2009 at 06:02

Истражувања за реконструкција на Римската терма во Банско

Програмата опфаќа детални археолошки и статистички истражувања

Стручните лица од Регионалниот завод за заштита на спомениците на културата и Музеј во Струмица работат на проектот за комплетна реконструкција на Римската терма во бања - Банско.

Славица Тасева, директорка на Заводот-музеј во Струмица, информира дека археолозите и оваа година вршат систематски истражувања на локалитетот, на кој активно се работи три децении. Планот за реконструкција, според Тасева, е мошне обемен.

„Програмата опфаќа детални археолошки и статистички истражувања, испитувања на носивоста на тлото, анализа на објектот и изготвување проект за негова комплетна реконструкција. Се надевам дека до крајот на годинава ќе имаме опипливи резултати кои ќе ги презентираме пред јавноста“, изјави Тасева.

Во досегашните истражувања на овој бањски комплекс, кој е уникатен на Балканот според начинот на загревање со топла вода од природен извор, се откриени 11 простории со вкупна површина од 623 квадратни метри. Откопани се и бројни артефакти, како што се мермерна статуа и бронзени статуетки на богот Меркур, делови од уникатен мозаик, предмети од керамика, како и уште еден градежен комплекс во непосредна близина на термата.

Сегашните истражувања и реконструкцијата, кои се целосно поддржани од Владата на Република Македонија односно од Управата за заштита на спомениците на културата при Министерството за култура, ќе придонесат за целосно дефинирање на лекувалиштето од доцниот римски период кое било изградено пред 16 века.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=26EC024EEDBFEA428B629F382A1E54F6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #187 Posted: 20-Aug-2009 at 06:03
Би било добро доколку дел се користи исто како што се користел односно како бања. Па да може кој сака да искуси автентична римска бања!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #188 Posted: 26-Aug-2009 at 00:32
Се обновува механизмот на Градскиот часовник во Битола Битола - По иницијатива на градоначалникот Владимир Талески деновиве се обновува механизмот на градскиот часовник во Битола.

„Кон иницијативата се придружија амбасадата на Германија и Здружението за македонско-германско пријателство, што останаа верни на традицијата почната во 1936 година кога Германија за часовникот во Битола подари механизам кој, покрај тоа што покажува точно време, ги емитува и најубавите македонски песни, вклучувајќи ја и химната на градот ’Битола мој роден крај‘“, изјави градоначалникот Талески.

Тој информира дека според динамиката на активностите, работите што ги извршува мајсторот Михаил Дитман, од германската фирма „Корфхаге“, треба да завршат на 29 август, кога се очекува да се одржи свечена церемонија на иницијаторите за обновување на механизмот на Градскиот часовник во Битола.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1AB0632179A7F84299310A34F94F60DE
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #189 Posted: 15-Sep-2009 at 13:32
Се средува фасадата на Пионерскиот дом Thumbs%20Up

1.


2.

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #190 Posted: 15-Sep-2009 at 13:39
Конечно после 10 празни најави и одложувања.

Сепак  Cheers

А за најавите... ќе треба да се навикнеме во вакви случаи првите 7-8 да ги игнорираме Stern%20Smile
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #191 Posted: 15-Sep-2009 at 18:26
Applause
Се надевам дека и оградата со околината  ќе се уреди.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #192 Posted: 15-Sep-2009 at 22:15

СО ГРАНТОТ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА


Даут пашин амам ќе се реставрира


Градежните работи ќе се изведуваат во три фази, а во првата ќе се изврши заштита на амамот од влага. Националната галерија на Македонија и Американската амбасада денеска ќе го официјализираат договорот за грантот во висина од 60 000 долари


Со грантот од Американска амбасада во Република Македонија во висина од 60 000 американски долари наскоро ќе започне санација на Даут пашиниот амам, историски монумент и одличен пример на исламската архитектура и култура. Овој објект, лоциран на влезот во Старата скопска чаршија во кој е сместена и Националната галерија, во наредните две години целосно ќе се реставрира, санира и конзервира. Националната галерија на Македонија, во чија надлежност е објектот и Американската амбасада во Република Македонија денеска ќе потпишат договор со кој ќе се официјализира грантот.
-Проектот ќе се одвива во три фази. Првата која треба да започне од 30 септември ќе опфати санација на објектот од влага што во моментот е и најгорлив проблем. Испитувањата се веќе извршени и најдоцна за една година би требало да завршат градежните активности, вели Маја Крстевска, директор на Националната галерија.

Донацијата од Американската амбасада ќе ги покрие трошоците за градежните работи чија цел ќе биде отстранување на влагата од овој објект. Исто така ќе се изврши и чистење и отстранување на деградираните површини. Градежните работи предвидуваат и заштита од капиларна влага, санација на покривот од бакарен лим, поставување на дренажен канал и друго.
Во денешното свечено потпишување на грантот ќе учествуваат Министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа Милевска, Амбасадорот на САД, Филип Рикер и директорката на Националната галерија на Македонија, Маја Крстевска.

За амамот на Даут паша
Даут-пашиниот амам е изграден од пашата Даут во втората половина на 15-от век. Објектот оригинално бил поделен на машки и женски дел и покривал простор од 900 метри квадратни. Во 1948 амамот е реставриран и адаптиран за неговата нова функција- уметничка галерија. Редизајнот на ентериерот е направен меѓу 1982 и 1999 година.

Првата перманентна поставка на галеријата, од 1951, вклучувала македонски икони (од 14-ти до 19-ти век), копии на стари фрески и модели од средновековни македонски цркви, како и дела од првата генерација на македонските современи уметници од пред Втората светска војна и уметници од поранешна Југославија. Сегашната постојана поставка била поставена во 2001 година, како ревија на развојот на македонската ликовна уметност од 14-ти до 20-ти век.

(Д.Т.)


http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=5BE7808A5CD11D40B77EE49F1867DCEA

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #193 Posted: 29-Sep-2009 at 18:57
1

2

3

Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #194 Posted: 29-Sep-2009 at 20:25


Денешниов апдејт да го дополниме и со тазе вест:

ЗА ДА ГО ДОБИЕ АВТЕНТИЧНИОТ ИЗГЛЕД

Пионерскиот дом пожолте

Фасадата се реставрира во нејзината автентична боја, односно во три ни­јан­си на жолто. Темножолта боја се ѕидовите, а со посветли тонови ќе се бојосуваат капители на прозорците и за венците, кои се декор на фа­са­да­та

Пи­о­нер­ски­от дом "Карпош" до крајот на наредниот месец ќе го добие сво­јот автентичен надворешен изглед. Градските власти почнаа со градежни ак­тив­нос­ти за реставрација на фасадата на овој објект. Фасадата ќе се рес­тав­ри­ра во нејзината автентична боја, односно во три нијанси на жол­то. Темножолта боја ќе бидат ѕидовите, а со посветли тонови ќе се бо­ја­ди­су­ва­ат капителите на прозорците и венците, кои се декор на самата фа­са­да.
"Пред да почнеме со градежните работи, направивме анализа за ав­тен­тич­на­та боја која ја имал Пионерскиот дом кога бил изграден, а добивме доз­во­ла од Конзерваторскиот завод. Фасадата опфаќа 920 квадратни метри, а веќе е извршена реставрацијата на ентериерот од внатрешните ѕидови на Домот. Реализацијата на овој проект ќе чини околу седум милиони де­на­ри, а градежните работи ги изведува фирмата 'Ивкопром'. Комплетната рес­тав­ра­ци­ја на фасадата на Домот се очекува да заврши за еден месец", ве­лат од Град Скопје.
Во просториите на ДКЦ "Карпош", поранешниот градоначалник на Скопје Три­фун Костовски имаше иницијатива да биде префрлена матичната служ­ба, бидејќи бараката на сегашното матично е пред распаѓање. Но од Гра­дот велат дека засега матичното ќе си остане до општинските бараки на Центар. (А.А.)


http://vest.com.mk/?ItemID=3866EA766D16D34095663ECF2F6D8F0F
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #195 Posted: 29-Sep-2009 at 20:35
обава боја има, од тоа што го имам видено при реставрација на вакви објекти, оригиналната боја кога е нова е многу нападна, но ова ми се допаѓа
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #196 Posted: 29-Sep-2009 at 20:41


веројатно се работи за навика. Ми текнува кога ги реставрираа Ристиќева, Настеви.... Ми изгледаше чудно, ми недостасуваше дотогашното сивило.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #197 Posted: 10-Oct-2009 at 16:29
ПР­ВИ­ОТ СКОП­СКИ ВО­ДО­ВОД СЕ РАС­ПА­ЃА

Ак­ва­дук­тот за­ро­бен во рим­ско­то вре­ме

Езе­ра­та кои по се­кој дожд се пра­ват око­лу те­ме­ли­те на стол­бо­ви­те на Ак­ва­дук­тот се вид­ли­ви и на Гугл ерт, но над­леж­ни­те ин­сти­ту­ции мес­то да из­ле­зат на те­рен и да го поп­ра­ват, со го­ди­ни пра­ват са­мо пла­но­ви за поп­рав­ки­те И го­ди­на­ва од Кон­зер­ва­тор­ски­от цен­тар ве­лат де­ка пра­ват про­ект за рес­тав­ра­ци­ја на во­до­во­дот, но на не­го сe уш­те се ра­бо­ти, а до­пр­ва тре­ба да се ба­ра­ат па­ри за об­но­ва­та Ак­ва­дук­тот е из­гра­ден во 535 го­ди­на, а низ не­го во­да те­че­ла до 1914, ко­га пре­су­шил, и од то­гаш поч­на­ло не­го­во­то униш­ту­ва­ње

Ако не се ча­со­ви­те по ис­то­ри­ја во ос­нов­но учи­лиш­те и ако де­нес го не­мав­ме Ин­тер­не­тот, теш­ко кој би­ло мо­же да по­ве­ру­ва де­ка ру­и­ни­ра­ни­от им­по­зан­тен об­јект на 2,5 ки­ло­мет­ри се­ве­ро­за­пад­но од цен­та­рот на Скоп­је, во нај­по­вол­на­та до­ли­на во Бу­тел, бил пр­ви­от скоп­ски ак­ва­дукт кој, пре­ку чис­ти из­во­ри од пла­ни­на­та Скоп­ска Цр­на Го­ра, го снаб­ду­вал гра­дот со бис­тра и пив­ка во­да.
Ме­ѓу­тоа, со жи­во­пис­на­та и из­вит­ка­на град­ба, Скоп­је мо­же­ло да се по­фа­ли во 6 век. Со де­неш­ни­от из­глед на го­ли ѕи­до­ви од ре­чен ка­мен и од ту­ла, пре­су­ше­ни­от во­до­вод ос­та­ва впе­ча­ток на не­до­ѕи­дан мост.
Од 42 олес­ну­вач­ки зас­во­де­ни от­во­ри на 385 мет­ри дол­ги­от ед­но­ка­тен ак­ва­дукт, де­нес 32 се со ур­на­ти чел­ни ѕи­до­ви и ош­те­те­ни или ру­и­ни­ра­ни пер­ва­зи и че­ла на сво­до­ви, до­де­ка 10 има­ат че­ла на свод од ту­ла во ва­ров мал­тер и из­ме­ша­на ѕи­да­ри­ја.
За да по­то­не во­до­во­дот во то­тал­на ано­ним­ност и не­ат­рак­тив­ност, пр­вин при­до­не­ле де­монс­тра­ци­и­те по Вто­ра­та свет­ска вој­на, ко­га би­ле ми­ни­ра­ни и ур­на­ти сво­до­ви­те и ош­те­те­ни стол­бо­ви­те.
Мо­чу­риш­та­та, пак, кои по се­кој дожд го поп­ла­ву­ва­ат дно­то на Ак­ва­дук­тот и кои мо­жат да се ви­дат ду­ри и на Гугл ерт, од ден на ден сe по­ве­ќе го за­бр­зу­ва­ат при­зем­ју­ва­ње­то на пр­во­бит­ни­от рим­ски во­до­вод.
За про­пас­та на гор­дос­та на Скоп­је, Уп­ра­ва­та за заш­ти­та на кул­тур­но нас­лед­ство не­ма ко­мен­тар.
"Свес­ни сме во как­ва сос­тој­ба се на­о­ѓа овој кул­ту­рен спо­ме­ник, а зош­то тоа се доз­во­ли­ло, не са­кам да ко­мен­ти­рам. Бит­но е де­ка ние ра­бо­ти­ме на ова по­ле. Во мо­мен­тот Кон­зер­ва­тор­ски­от цен­тар под­гот­ву­ва ела­бо­рат за не­го­ва ре­ва­ло­ри­за­ци­ја, сог­лас­но кој ќе под­гот­ви­ме про­ект за кон­зер­ва­ци­ја и рес­тав­ра­ци­ја на Ак­ва­дук­тот", ве­ли Крис­ти­на Би­це­ва, со­вет­ник за умет­ност и ис­то­ри­ско нас­лед­ство во Уп­ра­ва­та.
Спо­ред за­чу­ва­ни­те до­ку­мен­ти во град­ски­от Кон­зер­ва­то­ри­ум, пр­во­бит­на­та гра­деж­на фа­за на Ак­ва­дук­тот би­ла за­вр­ше­на до ап­рил 535 го­ди­на. Во сред­но­ве­ков­ни­от пер­и­од и во пер­и­о­дот на тур­ско вла­де­е­ње би­ле поп­ра­ве­ни чел­ни­те ѕи­до­ви, а ду­ри на по­че­то­кот на 20 век, во 1905 го­ди­на би­ла из­гра­де­на бе­тон­ска­та чеш­ма. Фун­кци­о­ни­ра­ла до 1914 го­ди­на, ко­га пре­су­ши­ла и, прак­тич­но, прес­та­на­ло во­дос­наб­ду­ва­ње­то.
От­то­гаш единс­тве­на вид­ли­ва про­ме­на ко­ја скоп­ја­ни и све­тот има­ле мож­ност да ја за­бе­ле­жат на Ак­ва­дук­тот се пле­тен­ки­те од ису­ше­ни гран­ки и ог­ром­ни гр­муш­ки из­рас­на­ти око­лу не­го.
Во 1968 го­ди­на, то­гаш­ни­от За­вод за заш­ти­та на спо­ме­ни­ци­те на кул­ту­ра­та на Град Скоп­је ( се­га НУ Кон­зер­ва­тор­ски цен­тар - Скоп­је) из­вр­шил крај­но нес­труч­но об­но­ву­ва­ње на ур­на­ти­те сво­до­ви и стол­бо­ви, при што мес­то по при­ме­рот на ори­ги­нал­ни­те по­лук­руж­ни сво­до­ви, би­ле из­ве­де­ни пре­кр­ше­ни.
"На Ак­ва­дук­тот под ит­но му е пот­реб­на кон­зер­ва­ци­ја и рес­тав­ра­ци­ја. За жал, до­се­га не му е пос­ве­те­но до­вол­но вни­ма­ние. За­тоа мо­же­би е пот­реб­на и по­го­ле­ма еду­ци­ра­ност. Но тоа е друг проб­лем, во кој не са­кам да нав­ле­гу­вам. Ние под­гот­ву­ва­ме про­ект и ко­га ќе би­де го­тов, ќе по­ба­ра­ме од Ми­нис­терс­тво­то за кул­ту­ра па­ри за не­го­ва по­пу­ла­ри­за­ци­ја. До­то­гаш ни ос­та­ну­ва единс­тве­но да че­ка­ме и да се на­де­ва­ме", об­јас­ну­ва Љи­ља­на Стој­чев­ска, ар­хи­тект кон­зер­ва­тор во Цен­та­рот.
Со спек­та­ку­лар­ни нај­а­ви за уре­ду­ва­ње на око­ли­на­та на раз­ур­на­ти­от во­до­вод по­ве­ќе од пет го­ди­ни се рас­фр­ла­ше и Оп­шти­на Бу­тел, на чи­ја те­ри­то­ри­ја се на­о­ѓа кул­тур­ни­от спо­ме­ник.
"Оп­шти­на­та и де­нес стои зад нај­а­ве­ни­те ак­тив­нос­ти. До­кол­ку со над­леж­ни­те ин­сти­ту­ции за заш­ти­та на кул­тур­но­то нас­лед­ство се до­го­во­ри­ме за ак­ци­ја, ние сме вед­наш под­гот­ве­ни да из­гра­ди­ме две прис­тап­ни па­те­ки од бу­ле­вар Сло­ве­ни­ја, хор­ти­кул­тур­но да го уре­ди­ме под­нож­је­то на во­до­во­дот и да из­гра­ди­ме па­те­ки за пе­ша­че­ње пок­рај не­го. А спе­ци­јал­но за бу­тел­ча­ни са­ка­ме да из­гра­ди­ме и лет­на сце­на за одр­жу­ва­ње на кул­тур­ни ма­ни­фес­та­ции", ве­ли Сне­жа­на Клин­ча­ро­ва, пор­тпа­рол на Оп­шти­на Бу­тел.
И до­де­ка др­жа­ва­та се рас­фр­ла со ми­ли­о­ни ев­ра за из­град­ба на но­ви спо­ме­ни­ци, за шмиз­ли, би­ко­ви, мач­ки и што ли уш­те не, ни­кој не во­ди смет­ка за ста­ри­те спо­ме­ни­ци. Се поп­ра­ва­ат са­мо на хар­ти­ја, па ќе по­ми­не уш­те мно­гу вре­ме за да мо­же Скоп­је да го по­ну­ди Ак­ва­дук­тот ка­ко ту­рис­тич­ка ат­рак­ци­ја до ко­ја ќе мо­же да се дој­де по ас­фал­ти­ран или поп­ло­чен пат. До не­го се­га во­ди без­мал­ку коз­ја па­те­ка, ко­ја не­ко­гаш ло­кал­но­то на­се­ле­ние, за да не га­зи кал, ја по­си­па­ло со кр­ше­ни ту­ли. Има и так­ви што си заг­ра­ди­ле бав­чи вед­наш до ѕи­до­ви­те на ак­ва­дук­тот, па не­кол­ку сво­до­ви мо­же да се ви­дат са­мо од ед­на стра­на.
И на стран­ци­те, а и нам ни пре­ос­та­ну­ва рим­ски­от во­до­вод да го гле­да­ме са­мо ка­ко го­ла рек­ла­ма во ту­рис­тич­ки­от град­ски во­дич и на ту­рис­тич­ки­те сај­то­ви за Ма­ке­до­ни­ја.

Ми­ле­на Ѓор­ѓи­ев­ска
фо­то:Б.Гр­да­нов­ски


http://vest.com.mk/?ItemID=1703E6BCFF2760498AA4AF6890E5EE10
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #198 Posted: 31-Oct-2009 at 00:16
„Св. Богородица Перивлепта“ ќе се обновува четири години

„Состојбата со оштетениот фрескоживопис е алармантна“, изјави архитектот Мирка Илоска

Катерина Богоева

Црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид еден од најубавите и најрепрезентативни споменици од 13 век, која е дел од Светското културно наследство на Охридскиот регион на листата на УНЕСКО е објект чија што лоша состојба на фреско - сликарството ја иницираше потребата од итни конзерваторско - реставраторски интервенции. Американската влада од амбасадорскиот фонд издвои 650.000 долари што ги донира за реализација на дел од работите од изготвениот проект, физибилити студија за целиот комплекс. Четири години се предвидени за негова комплетна реализација и 1.111.800 евра, од кои 833.850 евра, се очекувани донации, спонзорства, средства од фондации, додека 277.950 евра ќе треба да бидат обезбедени од националниот буџет.

Со проектот ќе управува Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, со стручна помош на Националниот конзерваторски центар како партнер .Партнери се и сопственикот на комплексот, Македонската православна црква и локалната самоуправа на Охрид.

Работниот тим го чинат архитектите: Мирка Илоска од Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид, и Цветанка Хаџи Пецова од Националниот конзерваторски центар, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија Тимотеј и претставникот на општината, Антонио Балески.

Освен заштитата на фасцинантниот фрескоживопис (оштетен од несоодветна интервенција на кровниот покривач, од евидентираните оштетувања на фасадните фуги и непостоење на дренажен систем), е предвидена и конзервација и реставрација на другите градби кои се дел од комплексот:напуштениот северен конак, камбанаријата и зградата на некогашниот Музеј на словенска писменост, по што истите ќе добијат можност повторно да бидат ставени во употреба, да бидат подобро туристички презентирани, а комплексот подобро да биде и одржуван.

„Св. Богородица Перивлепта“ е изградена во 1295 година по налог на византискиот воен заповедник Прогон Згур, зет на императорот Андроник II Палеолог. Проучувачите ја сметаат архитектонската концепција на централниот простор на оваа крстообразна црква со куполи, нартекс и трем на запад, како и ќерамо-пластичната декорација на источната фасада, за сведоштво за посебниот однос на нејзините ктитори и градители кои настојувале да ја негуваат традицијата за градење на репрезентативни византиски храмови.

Прочуените солунски сликари Михајло и Евтихиј во наосот и нартексот го документирале своето прво дело, а со особен пиетет се потенцира дека нивното сликарство се вбројува меѓу најзначајните достигнувања на т.н. Ренесанса на Палеолозите. Подоцна, во 1364/65 година учениците на познатиот охридски сликар од првата половина на XIV век Јован Теоријан, ги сликале страничните параклиси и отворениот трем: Во XV век црквата станала седиште на Охридската архиепископија, а во неа се чуваа и моштите на Свети Климент. Во Галеријата во дворот е сместена една од најрепрезентативните колекции на византиските икони на светот, а во рамките на оваа посебна културно -туристичка целина, влегуваат и гробот на преродбеникот и поет Григор Прличев, трите кипарисни дрвја, вредно природно наследство ( засадени на источната страна на црквата), како и чешмата од 1935 година, донација од семејството Чобановиќ.

„За секој од објектите на кои што ќе се работи, ќе се изготвуваат посебни потпроекти“, изјави архитектот Мирка Илоска, која потенцираше дека сеуште не е дефинирана динамиката на работата во црковниот комплекс, но и дека истата ќе зависи од учеството на соработници - стручни лица за архитектура и фрескоживопис и од странство. „ Состојбата со оштетувањето на фрескоживописот е алармантна, но најпрвин ќе се работи на отстранување на причините. Ако не ги санираме констатираните проблеми на архитектурата на објектот, ќе имаме сизифовска работа, но тоа не значи дека нема паралелно да се одвиваат и работите на фрескоживописот на црквата, но и на другите објекти. Со години наназад се занимававме со утврдување на состојбата и заштита на црквата и самата физибилити студија што ја изработивме го опфаќа целиот комплекс“.

Архитектот посочува дека за заштитата на вредниот објект досега државата не можеше да обезбеди доволно средства, но и дека за нивно обезбедување се лобира на различни страни и на различни нивоа.

Комплексот ќе остане отворен за посетителите и ќе продолжи да функционира како активен црковен објект. Планирано е северниот конак да биде претворен во објект за продажба на сувенири, во него ќе има и депо и канцеларија на Дебарско - кичевската епархија. Во зградата на Музејот на словенска писменост ќе биде сместено седиштето на Епархијата, а комплексот во целина треба да добие осветлување, хортикултурно уредување на дворот и инфраструктура за краткотраен престој на посетители.

 


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=87897002C05D6E49807740B155284B56

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #199 Posted: 31-Oct-2009 at 13:41
Ќе се реставрира куќата на некогашниот Британски конзулат
Среда, 21 Октомври 2009 16:18

CVETANKA%20stara%20kuka%203

Во непосредна близина на Широк Сокак, наспроти универзитетската библиотека Свети Климент Охридски споменик од времето на конзулска Битола останал жртва на ударите на времето. Во куќата некогашен британски конзулат живеат луѓе, но поради тоа што објектот е заштитен со закон за културно наследство, на семејството не му било дозволено ништо да преземе. Неодамна едниот кат на објектот бил опожарен:

CVETANKA%20stara%20kuka%20zoran

,,Тој објект е под владение на сизот за домување, сизот располага со тој простор , а едно семејство таму живее под наем, а другиот дел е невселив, оштетен и не е за домување, вели Зоран Николовски, директор на Завод и музеј.

После културното богатство на Широк Сокак ќе дојде редот за реставрација и на поодалечените објекти во кои се вбројува и поранешниот британски конзулатот :

CVETANKA%20stara%20kuka%201

,,Аплициравме од нашата институција за да го дозавршиме капиталниот проект реставрација и конзервација на фасади на Широк Сокак во поблиското или подалечното централно јадро, вели Николовски.

Голем е бројот на објекти со историско значење на кои им е потребна реставрација, но Николовски вели дека е корисно што ќе се започне со некои од нив затоа што така ќе им дојде редот и на другите:

CVETANKA%20stara%20kuka%202

,,Дел од средствата ќе ги обезбеди Владата на РМ преку министерството за култура, а останатиот дел општината од свои извори. Ќе се реставрира пристојна бројка на најзначајни и најоштетени историски објекти, вели Николовски.

CVETANKA%20stara%20kuka%204

Апликациите кои заводот и музеј ги имаше за 2010 во министерството за култура ќе се разгледуваат кон крајот на годинава, во март и април ќе се изработуваат проекти, по што ќе биде потребна дозвола од управата за културно наследство и по завршувањето на тендерскиот избор на фирми ќе започне реставрацијата на објектите. Според поставеноста на работите се очекува тоа да не биде подоцна од почетокот на летото.

Цветанка Ристевска



http://tera.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=13748:2009-10-21-15-20-57&catid=48:2008-10-22-13-36-33&Itemid=106


Edited by гитардемон - 31-Oct-2009 at 13:42
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #200 Posted: 03-Nov-2009 at 02:16

Златкова кула ќе се обновува со 239.850 евра

Објектот треба да се вклучи во процесот на одржлив економски развој во регионот

Златковата кула во Кратово која како и останатите два споменика на културата, црквите „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид и „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, неодамна го доби долгоочекуваниот проект за обнова, како дел од имплементацијата на Регионалната програма за културното наследство на Југоисточна Европа (заедничка програма на Советот на Европа и Европската комисија), што во Македонија се спроведува од 2003 година. На Кулата, која е дел од градот познат по своето уникатно, урбано јадро, по традиционалната архитектура што датира од крајот на XIX и почетокот на XX век , планирано е да се работи две години. Според направените стручни проценки ќе бидат потребни 239.850 евра за реализација и подготовка на проектот, за вредниот објект да биде соодветно заштитен, обновен, да служи за потребите на локалната самоуправа и да овозможи развој на туризмот на локално, национално и меѓународно ниво.

Со проектот кој ги содржи и веќе изработените документи за промоција на вредностите што Кулата ги поседува, вклучувајќи и бизнис-план за рехабилитација, со што ќе треба да се презентира пред потенцијалните инвеститори и донатори, ќе управуваат архитектот Цветанка Хаџи Пецова од Националниот конзерваторски центар, Цане Анчов, раководител од на одделението за урбанизам од општината Кратово и Драган Георгиевски, директор на Музејот на градот.

Златковата кула се смета за значајно сведоштво за средновековниот живот на познатиот рударски центар. Заедно со другите пет зачувани средновековни кули (Симиќевата, Крстевата, Хаџикостовата, Емин беговата и Саат кулата) е сместена во близина на Ајдучката чаршија и средновековните мостови на Табачка река, кои се сметаат за заштитен знак на урбаното јадро. Градени се од XVI до XIX век, опкружени со градби од традиционална архитектура, изградени од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Планираната ревитализација на овој споменик на овој културата што подолго време е надвор од функција, се смета за можна токму поради зачуваноста на неговата автентичност во просторната организација и поради архитектонските специфики. Ревитализацијата, сметаат стручните лица, треба да придонесе за одржлив економски развој на регионот, а освен интервенциите на кулата планирано е и уредување на нејзината околина и поставување на патна сигнализација и информативни табли. По адаптацијата, приземјето ќе функционира како туристички информативен центар, а во горниот кат треба да се смести музејска поставка, со постојана етнолошка изложба. Подрумот на некогашната средновековна кула ќе биде наменет за организирање на видео - проекции.

Богатото наследство на Кратово кое во голем дел е резултат на рудното богатство на регионот (олово-цинк, бакар, злато), се смета и денеска за значаен потенцијал за економски развој на општината. Конзервацијата, реставрација и адаптацијата, односно ревитализацијата на Златковата кула се потенцира како дел од континуираната заложба на локалната и националната стратегија за вклучување на специфичниот градителски комплекс на Кратовските кули во процесот на одржлив економски развој во регионот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BF911AEA8D816A4F8C8A25FB266DB1F0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 89101112 24>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.207 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.