![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 35> |
Author | ||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Државата продава повеќе локации за изградба на винарииДржавата преку електронско јавно наддавање нуди на продажба повеќе парцели со градежно неизградено земјиште во Кавадарци, Росоман и во Неготино, наменети за изградба на винарии. ![]() Преку повик на Министерството за транспорт и врски денеска се огласени 12 парцели во Кавадарци, 21 парцела во Неготино и осум во Росоман, по почетна цена од евро за метар квадаратен. Пријавите за наддавањата во Кавадарци може да се достават до 26 октомври, за во Росоман до 27 октомври, а за Неготоино до 28 октомври, сите во Министерството за транспорт и врски. Наддавањето за парцелите во Кавадарци ќе се одржи на 4 ноември, а за тие во Неготино и во Росоман на 8 ноември. |
||
![]() |
||
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
|
Во јавниот повик за продажба на државно земјиште за изградба на винарии се вели дека договорот е исполнет доколку се изгради во согласност со урбанистичкиот план. Зарем може во урбанистички план да се оди толку детално и да бде предвидена винарија? Конкретно за Росоман е предвидено: "Урбанистички план за вон населено место КО Паликура општина Росоман со намена за изградба на винарии-Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) компатибилна класа на намена Г4,Б1,30% (Г4-20% и Б1 -10%)"
Дали за да биде во согласност со урбанистичкиот план мора да се изгради на целосната предвидена површина за градба, или тоа е максимална површина на која може да се гради? И уште нешто, каде може да најдам урбанистички план, конкретно за КО Курија, општина Неготино? Фала, |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
На продажба државно земјиште во општина Карбинци Државно земјиште во општина Карбинци, наменето за изградба на стопански објекти, ставено е на продажба по пад на јавно наддавање. Конкурсот го распиша Министерството за транспорт и врски. „Градежните парцели кои се предмет на јавно наддавање се со површина од 732 до 2.685 метри квадратни. Почетната цена на јавното наддавање изнесува 61 денар од метар квадратен, а пријавите за учество на јавното наддавање може да се достават најдоцна до 31 октомври годинава“, стои во соопштението од Министерството. Јавното наддавање ќе биде електронско и ќе се одржи на 9 ноември годинава во 11 часот на специјалната наменска интернет-страница. http://www.time.mk/read/71fb1906fe/0e42ca87ba/index.html |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Се продава земјиште во Кадино
Јавното наддавање ќе се одржи електронски на интернетската страница www.gradezno-zemjiste.mk На денот на одржување на електронското јавно наддавање учесниците пристапуваат на интернетската страница со корисничкото име и шифрата која ја добиле на е-маил адресата доставена во прилог на пријавата за учество на јавното наддавање. Електронското јавното наддавање може да започне со најмалку еден учесник во јавното наддавање кое го следи комисија формирана од Министерот за транспорт и врски. Оваа објава е објавена и на страницата на Министерство за транспорт и врски, www.mtc.gov.mk.http://www.vecer.com.mk/?ItemID=5BFB4D7D56F1D74785483A3FFF9C95E2 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Австриjци ќе инвестираат во ВиницаАвстриската компанија Texsport, која произведува противпожарна опрема, ќе гради фабрика во Виница. Градоначалникот на Виница, Емил Дончев, за “Капитал“ вели дека фабриката треба да почне да се гради во март следната година, а инвестицијата се проценува на 3-5 милиони евра. Компанијата планира вработување на 250 лица. “Компанијата на неодамнешната лицитација за градежно државно земјиште купи 10.000 метри квадратни за цена од 9,5 евра од квадрат. Испочитувани се сите процедури и напролет го очекуваме стартот на новата фабрика“, вели Дончев. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/74875/avstrijci_kje_investiraat_vo_vinica.aspx?iId=2406 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
Догодина предвидени 500 милиони денари за изградба на ТИРЗ„Џонсон контролс“ за 10 дена почнува со префрлање на машините во постоечкиот објект на „Македонска“ во Штип и со пробно производство, информира на денешната отворена владина седница Виктор Мизо, директор на Технолошко индустриската развојна зона (ТИРЗ) Бунарџик. Тој најави дека од почетоткот на наредната година ќе бидат вработени 300 луѓе кои по обучувањето ќе се вклучат во производниот процес на фабриката на „Џонсон контролс“ во Штип. Во ноември треба да дојде опремата и на кинеската компанија „Хајер“ за склопување монитори и телевизори. Во изминатите денови се оджани состаноци со престваници на „Хајер“ за деталите на инвестицијата. На седницата беше укажано дека без проблеми течат работите и во врска со другите странски иневстиции кои се реализираат во Македонија. Мизо информира и дека за 10 дена ќе биде објавен повик за концеционер за јавно-приватно партнерство за ТИРЗ Тетово. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески рече дека во Буџетот за 2012 година се издвоени околу 500 милиони денари за ТИРЗ, или за 190 милиони денари повеќе од годинава. Тоа ќе овозможи да се интензивира тековната изградба и да почне реализацијата на планираните зони и другите градови. Такви зони, како што посочи премиерот Никола Груевски, се предвидени и во Гевегелија, Радовиш, Струга, Кичево, Прилеп, Струмица и Ранковце. http://www.time.mk/read/a27d4bc61f/b168dbb083/index.html |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
kakva oprema kakov hajer od kade sega ovoa?
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Па оптимисти сме сите дека е позитивна вест, претпоставувам. Речиси и да заборавивме на таа инвестиција што требаше да биде оддамна.
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
daj boze site sme za da se realizira i ovaa investicija.ama ne mi e jasno vo noemvri trebalo da dojde opremata,eve i da dojde kade ke ja smestat taa oprema,
|
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
ии абе ова поцна од тополница па железара па фабрика за био дизел,па ке поцне да им сметаат фабрики за чорапи,ццц абе не им се работи на лугјево само науциле да се залат а кога треба да се гради несто тие се против,нека ги градат тие фабрики во куманово ние со душа чекаме такви инвестиции
Велешани вознемирени од фабрика за био-гориво18 ноември 2011 19:47 GMTИзградбата
на фабрика за производство на био дизел гориво ги плаши жителите на
велешката населба Оризари, а екологистите и бизнисмените коишто ќе
бидат први соседи на фабриката протестираат. Инвеститорот „Град
екологи“, од своја страна тврди дека фабриката нема да загадува, ќе биде
од затворен тип и ќе биде градена според европските еколошки стандарди. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Со сета почит кон тебе, но ако навистина си од Куманово, тогаш очигледно не си запознаен со биохемискиот холокауст низ кој поминале велешани, а низ кој поминуваат и до денешен ден бидејќи никој не се нафаќа да ја отстрани депонијата со тешки метали која се наоѓа веднаш до велешката топилница МХК Злетово. Јас сум од Скопје и само еднаш досега сум бил во Велес, а тоа беше една или две години пред да престане со работа топилницата, и одлично помнам дека никогаш во животот не ми се вртело во главата толку силно како што ми се вртеше во Велес и никогаш во животот не ме штипеле очите толку силно како што ме штипеа во Велес. И ние во Скопје го имаме Охис кој не работи со полн капацитет бидејќи е загубар и бидејќи делумно работи со застарена технологија, но веќе се направени испитувања на почвата над која се наоѓа Охис и околу Охис, според кои, дури и да се урне Охис, таму ништо не смее ни да се изгради ни да се засади, бидејќи почвата е загадена во ненормални количини. Жителите на Миладиновци и околните села околу ОКТА секојдневно трпат труење со сулфур и други издувни гасови од ОКТА, а за бензинот кој им тече од чешмите па да не зборуваме. ![]() Одлична е идејата за изградба на било какви фабрики, се додека истите бидат изградени во изолирани и ненаселени места, а не во населени места каде што ќе ги трујат луѓето. Ни јас ни ти не сме трпеле 30 години труење со олово, цинк, кадмиум и други тешки метали, трпиме загадување од старите возила и од некои фабрики, но сето тоа се исклучиво издувни гасови, а не тешки метали, така да, ни јас ни ти не знаеме што се претрпеле и сеуште трпат велешани после 30 години работење на МХК Злетово и речиси 10 години откако топилницата престана да работи, но сеуште трпат, бидејќи тука се депонијата од топилницата и загадената почва, чиешто прочистување е долг и тежок процес, а градот не може да финансира од сопствени средства замена на почвата со нова почва. Грешка си, сите сакаме да работиме, и ако топилницата биде рестартирана, ќе има луѓе кои ќе работат во нејзе, истото важи и за оваа фабрика за производство на биодизел, ако биде изградена и ако почне со работа, ќе има луѓе кои ќе работат во нејзе, но веќе има луѓе кои трпеле масовно труење и тешко им е да веруваат на најразни ветувања дадени од инвеститори кои се занимаваат со хемикалии. Слободно нека ја рестартираат топилницата, но надвор од Велес и надвор од било кое населено место, а под тоа се подразбира не само надвор од било кое место населено со луѓе, туку се подразбира надвор од било кое место населено со било какви живи организми, и растителни и животински, истото важи и за оваа потенцијална фабрика за биодизел, слободно нека ја изградат и нека почне со работа, но надвор од било кое место населено со било какви живи растителни и животински организми. Но сепак, дури и да почнат со работа топилницата и оваа потенцијална фабрика за биодизел надвор од било кое место населено со било какви живи растителни и животински организми, сепак и таму каде што ќе почнат со работа овие фабрики, ќе мораат да исполнуваат најстроги еколошки стандарди, а не да си тераат бизнис истовремено загадувајќи ја околината како ќе им текне. А ова го велам јас, кој сум скопјанец, а само еднаш досега сум бил во Велес и само еднаш досега сум почувствувал масовно биохемиско труење на своја кожа. Edited by Dexter26 - 19-Nov-2011 at 13:00 |
||
![]() |
||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
декстер се слозувам со твојот став за топилницата лосо сме се разбрале,муабетот ми беше за железарата во дуброво и фабриката за биодизел,мн добро ги знам последиците од тополницата,мн време поминувам во велес,дедоми работеѓе во топилница во најлосиот погон во топилница во (синтер).истотака на братучедми му се роди керкичка со три прсти на едната рака,сето тоа поради топилница,и јас сум за дслокација на топилница надвор од населено место бидејки ако пак проработи топилницата ке нема живот во велес за велешани,исто така и ваквата статус кво ситуација најмалку им одговара на велешани,покрај топилницата има планина од тешки метали кои и понатаму го трујат велес.мислам дека сега се разбравме муабетот ми е за железарата и фабриката за биодизел,сум за да работи топилница за оловоцинкова руда бидејки македонија има потреба од таков индустриски капацитет само не на вакво место,мислам во град.
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() А јас го делам истиот став за дислокација и работење на топилницата надвор од населено место, но не го делам истиот тој став само за топилницата, туку го делам и за железарата и за фабриката за биодизел и за било кои други фабрики кои работат со топење или обработување на било какви метали, неметали или хемикалии. Жал ми е за последиците кои ги чувствува твојата фамилија поради работењето на топилницата, тоа не би му го посакал ни на најголемиот душман, а уште помалку на некој кој не го познавам. Но верувам дека стравовите на велешани за работењето на било какви фабрики кои работат со топење или обработување на било какви метали, неметали или хемикалии во населено место или во близина на населено место, се во целост оправдани, бидејќи велешани оправдано се плашат за своето здравје и за своите животи, како и за здравјето и за животите на своите блиски. Edited by Dexter26 - 19-Nov-2011 at 14:37 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Тоа што дојде до штрајк е најголемата е грешка што се дозволи во ситуацијата, зашто сега локални економски "врачеви" проповедаат вакви глупости и заведуваат население си бараат инетерсено да им биде, јас ви викам влезе во мода да се биде против некоја фабрик. Тоа што во Велес се дозволи да дојде до штрајк ситуацијата сега ги зема жртвите еве во Дуброво, тука, утре ќе се организира и на некое друго место. Да не се сватиме погрешно не застапувам теза дека треало полиција да ги врати дома со сила, туку заради тоа што се создаде амбиент дека е пред сам рестарт топилницата, а за волја на вистина и државата континуирано спроведува политика на мала врата да го поместува порагот кон рестартирање макар и без филтри, и ретериа како сега. Супер си е тоа еколошка свест, ама неможе интегрираните дозволи со пропишана процедура да ги замени вакви востанија и каде орда гази пред себе, зашто некој ја втрунал во позиција на страв.
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Можеби си во право за тоа што го велиш дека некој локален економски врач проповедува глупости и го заведува населението за да протестира против рестартирањето на некоја стара фабрика или против градењето на некоја нова фабрика. Но крвта на велешани говори нешто сосема спротивно, не верувам дека сите велешки лекари лажат кога велат дека во крвта на велешани има огромни количества на олово, цинк, кадмиум и други тешки метали повеќе од дозволеното, исто како што не верувам дека сите велешки екологисти лажат кога велат дека во почвата во Велес има огромни количества на олово, цинк, кадмиум и други тешки метали повеќе од дозволеното. На запад државите си тераат бизнис од глобалното затоплување, наместо да ги натераат фабриките да работат поеколошки, им дозволуваат да плаќаат казни, а во замена за тоа слободно можат да ја загадуваат околината колку им душа сака, а не зборувам само за загадување со јаглерод диоксид, јаглерод диоксид испуштаат сите живи организми, вклучувајќи не и нас луѓето, но на запад државите наплаќаат еколошки даноци и казни за сите фабрики кои испуштаат издувни гасови, а притоа им дозволуваат да продолжат со загадувањето, наместо да ги затворат се додека не преминат кон поеколошки пријателски решенија. А дека фабрика која топи или обработува метали, неметали или било какви хемикалии не смее да се наоѓа во населено место, тоа е мојот став и јас не го менувам. Edited by Dexter26 - 19-Nov-2011 at 15:46 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Ама ете гледаш дека и ти зборуваш од тоа иста позиција, каде ова (крвта на велешани говори нешто сосема спротивно) е обратно од мојот став. Покрај сувото гори и сировото. Државата со долгогодишната политика на лажиче пополека на мала врата малку по малку да се донесе чудовиштево до рестатирање во истата состојба само ја предизвика ваквата реакција која сега зема жртви како челичара во Дуброво или оваа другата фабрика. Па и не требаше баш малку време за да ретерираат.
Јас чекам да пројдат овие "симпатии", солидаризирања и слични идеолошки секири што висат над прашањево со малку поладна глава да се размислува, зашто премногу ми е некако сега ова како среедновековна орда што пали пред себе, дури и се претера со оцрнување и сегашните газди треба да го јадат стапот зашто загадувала топилницата некогаш до пред скоро деценија. Немаат врска они со тоа загадување дајте без притисок да им овозможиме од резидуалната вредност стара рѓава топилница да извадат профитабилна фабрика. Сега има само еден притисок на јавноста и ништо повеќе. Од друга страна да не мислат дека може да ја изневерат Македонската јавност инвеститорите, зашто дури тогаш ништо нема да направат. За воља на вистината мора да се каже дека кога се продаваше топилницава пред неколку години, колку што јас се сеќавам, се доставија две понуди на тендерот, еднава беше за рестатирање другат абеше од Турција за да направат трговски центар. Таа понуда беше одбиена зашто недостигале некои стотина евра за тендерската документација, за баналност. |
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Велешката топилница, потенцијалната фабрика за биодизел, железарницата и сите останати фабрики кои се занимаваат со топење или обработување на метали, неметали или хемикалии, слободно нека работат и нека тераат бизнис, но надвор од било кое населено место. Дали ова е средновековен предлог за тебе ? Јас знам дека е прифатлив за мене, а претпоставувам дека е прифатлив не само за велешани, туку и за жителите на било кои други населени места во Македонија. Edited by Dexter26 - 19-Nov-2011 at 17:20 |
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
Отсутност од населено место не е мерило за загадување. Што ако се надвор од градот значи ли дека може да загадуваат колку сакаат. Треба да се надвор, да, ама тоа не гарантира здрава животна средина на жителите, пак треба филтри.
|
||
![]() |
||
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
|
![]() Нормално. И тоа го спомнав во пост #212.
Истиот став го имам и за било кои други фабрики кои се занимаваат со топење или обработување на метали, неметали или хемикалии. Мораат да работат надвор од било кое населено место и да исполнуваат најстроги еколошки стандарди истовремено. Edited by Dexter26 - 19-Nov-2011 at 19:04 |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 910111213 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |