![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 35> |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
http://novinite.com/view_news.php?id=134222 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Македонија во конкуренција со 4 земји за голема инвестиција на БАСФ![]() Германската хемиска корпорација БАСФ врши проценка на пет земји, меѓу кои и Македонија, како потенцијална локација за нов голем индустриски погон. Новата фабрика на БАСФ би требало да произведува катализатори за автомобили и камиони, јави бугарскиот дневник „Капитал.“ Како што е познато, британската компанија „Џонсон Мети,“ во технолошката и индустриска зона Бунарџик во близина на Скопје, произведува слични катализатори, исто така, за автомобили. Информацијата, чии извори не се наведени, открива дека во конкуренција, како локации за потенцијалната инвестиција, се Македонија, Романија, Словачка, Чешката Република и Бугарија, . БАСФ се очекува да избере една од овие пет држави во првиот квартал од 2012 година. Валентина Диканска, шеф на одделот за финансии и администрација на БАСФ Бугарија, изјави дека земјата е на листата на БАСФ за помала потенцијална инвестиција во износ од 5-50 милиони евра. Диканска, сепак, одби да ги потврди или да негира информациите дека Бугарија и другите земји се на скратената листа на локации за нова и далеку поголема фабрика. БАСФ на бугарскиот пазар е од 1968 година кога отвори претставништво во земјата. Компанијата продава висококвалитетни хемикалии за индустријата и земјоделството. http://www.plusinfo.mk/vest/23828/Makedonija-vo-konkurencija-so-4-zemji-za-golema-investicija-na-BASF |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Продадени пет локации за винарници во НеготиноОд вкупно 41 локација кои Владата ги продава по едно евро за метар квадратен за изградба на винарници во Кавадарци, Неготино, Росоман, за кои имаше јавни наддавања, продадени се пет локации во Неготино. Како што информираат од Министерството за транспорт и врски, купувач на една од локациите е фирмата Балкан тим, една локација купило лицето Војислав Младеновиќ, две Далибор Лазов и две локации Русинот Зибрак Игор Генрихович. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/76978/prodadeni_pet_lokacii_za_vinarnici_vo_negotino.aspx?iId=2483 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Турска компанија ќе инвестира во Охрид
Среда, 30 Ноември 2011 17:13
Градоначалникот Александар Петрески рече дека возможно е да се најде
постојан објект од фабриките , кој можат да го откупат и да го
адаптираат за ново производство. На средбата , градоначалникот Петрески
им понуди и слободни локации за инвестирање и во други сектори. http://bukvar.mk/news/turska-kompanija-kje-investira-vo-ohrid?newsid=fW_m |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Нова странска директна инвестиција од 2 милиона евра во oпштина Илинден
Земјиштето, со површина од 7.239 метри квадратни, на кое ќе се гради фабриката компанијата го купи на електронско јавно наддавање за градежно земјиште сопственост на Република Македонија. Договорот денеска ќе биде потпишан со градоначалникот на општината Жика Стојановски. Фирмата „Хавеп Импех“ се занимава со производство на професионална, индустриска и заштитна облека изработена од високо квалитетни текстилни ткаенини. Оваа компанија наредниот период во општина Илинден ќе реализира инвестиција од 2 милиона евра, во првата фаза, при што ќе бидат отворени сто нови вработувања, со перспектива за двојно зголемување на капацитетите. Од општина Илинден информираат дека следејќи ја определбата на Владата на Република Македонија за зголемен економски раст, продолжуваат со заложбата за привлекување на нови странски директни инвестиции, како и поддршка на постоечките стопански капацитети се со цел овозможување на услови за отворање на нови работни места и подобрување на квалитетот на живеење во оваа локална самоуправа. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89111151&lId=1&pmId=504 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
СПОРНА ЛОKАЦИЈА ЗА НОВ KАПАЦИТЕТ Велешани не сакаат фабрика за преработка на опасни материи Најавата за
отворање фабрика за производство на биодизел-гориво наиде на отпор во
Велес, но и кај стопанствениците со кои таа ќе се граничи. Најавено е
дека треба да се гради на просторот меѓу некогашните економски гиганти „Порцеланка“ и „Нокатекс“ во близина на селото Горно Оризари, во кое има околу 3.000 жители. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4EB2DD53FF709A4999812DB1A491F090 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Голем интерес за индустриската зона ВасилевоРасте интерест за инвестирање во индустриските зони во општина Василево. Владините мерки за продажба на низградено градежно земјиште за 1 евро од метар квадратен, намалените комуналии за 30% од страна на општината и поволната местоположба на парцелите направија Василево да стане една од најатрактивните локации за нови инвестиции во регионот. ![]() Сите 60 парцели со вкупна површина од 88 хектари веке се продадени и во најголемиот дел од нив интензивно се гради. Ќе бидат застапени повеке дејности, а најголемиот дел од новоизградените објекти се наменети за откуп и преработка на земјоделски производи. ,,Оваа зона која неодамна е продадена е наменета за изградба на индустриски капацитети за откуп и преработка на земјоделски производи. Со самото тоа сакаме да привлечеме повеке инвеститори овде во општината,а од друга страна сакаме д аим помогнеме и на самите земјоделси знаејки дека претежно нашиот крај е земјоделски крај и со тоа ке им овозможиме подобри услови на самите земјоделци да ги пласираат своите производи.,, вели Ване Стојанов - градоначалник на општина Василево Со цел да се одговори на што поголем број заинтересирани инвеститори Василево веке подготвува нови урбанистички планови за индустриски зони. Еден со површина од 10 хектари повторно ке биде наменет за изградба на откупно дистрибутивни центри,а другиот од 50 хектари ке биде за изградба на мали винарии кои треба да придонесат за подобар пласманот на грозјето кое токму во ова општина го има засадено на големи површини. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/golem-interes-za-industriskata-zona-vasilevo |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Инвестициски бум во општина Петровец!Голем одзив на инвеститорите за секој достапен квадрат во општината Петровец. 17 парцели или вкупно 55 хектари државно земјиште се продадоа на оглас на кој се јавија преку дваесет компании. ![]() Погони од лесна незагадувачка индустрија ќе градат неколку странски и осум македонски фирми во кои ќе се отворат над 500 работни места. Градоначалникот Борче Митевски вели дека оваа до пред неколку години заборавена општина денес станува најатрактивна инвестициска локација во Македонија. Заради огромниот интерес на компаниите во следниве неколку месеци на продажба ќе се дадат уште сто и дваесет хектари со кои во близината на аеродромот ќе никне нов индустриски град, вели градоначалникот. Станува збор за локацијата на кое своевремено странска компанија сакаше да гради голф терени. Но, по долгото време без реализиција, општината решила да го измени урбанистичкиот план и да го подели земјиштето на помали парцели. Најголемиот дел од парите од продажбата одат во општинската каса со што општината наместо долгови сега има четири пати поголем буџет. Парцели на огласот купија хрватска, грчка, а уште неколку инвестиции планира италијанската компанија Еуро Италија која таму веќе гради трговски центар. Некои од домашните фирми што ќе инвестираат се Тинекс, Жикол, Југоекспорт, Унион, Дис Монтажа, Бета Шпед, Универзал Комерц. Освен земјиште за индустриски објекти, на следните огласи ќе се
понудат и парцели непосредно до автопатот за изградба на хотел,
рекреативни објекти и бензински станици. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/investiciski-bum-vo-opshtina-petrovec |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
СТАТИСТИKАТА KОНТРА ИНВЕСТИЦИСKИОТ БУМ Странските инвестиции останаа на темелите Ниту една од компаниите што влегоа во земјава годинава не почна со производство иако, според првичните најави, дел од нив веќе требаше да извезуваат од Македонија Седум камен-темелници на фабрики, едно официјално почнување со работа
и многу помал прилив на пари од очекуваното, е резултатот од владините
напори за привлекување странски инвестиции годинава. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=54F832DDF95DFA459EBAF98F47F8F301 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
нели ја пуштија фабриката за лужење уште во август ???
Нов погон за лужење и катоден бакар во Бучим, инвестиција од 11 милиони евра
Новиот погон, со чија работа се отвораат 70 работни места, годишно треба да продуцира над 2.500 тони катоден бакар за првпат како финален производ наменет за извоз. За работа ќе се користи оксидна бакарна руда, како и постојната јаловина. Освен економски бенефиции, со отворањето на погонот се вложува многу и во заштита на животната средина бидејќи се решава проблемот со отпадните води. Во Македонија постојат околу 100 рудници во кои се вработени над 8.000 лица. Рударството зафаќа скоро третина од индустриското производство во земјава. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=89999443&lId=1&pmId=504 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
„Бучим“ го произведе првиот македонски катоден бакар, инвестицијата 11 милиони евра
- Оваа нова фабрика за производство на катоден бакар ќе придонесе за подобрување на македонското производство, потоа за индустријата, но и за извозот. Околу 17 милиони долари ќе биде вкупниот годишен ефект од производството на овој погон. Отворени се 65 нови работни места, а сето тоа зборува за квалитетот и развојот на рудникот Бучим, рече Ставрески. Според него нема друг начин да се намали невработеноста освен преку инвестиции и очекува и други домашни компании да продолжат со инвестициите. Намалувањето на стапката на невработеноста за 0,5 отсто, што го објави Државниот завод за статистика, смета министерот е умерено, но сепак значајно бидејќи се случува во време кога во светот има сериозна економска криза. Тој забележа дека рудникот Бучим е водечки во инвестирањето во секторот рударство, а позитивно ја оцени и веста за новата инвестиција на рудникот Бучим во општина Пехчево, каде што ќе се отвори нов рудник за Бакар. Инвестицијата во новиот рудник ќе изнесува околу 100 милиони евра. Заменик менаџерот на рудникот Николајчо Николов истакна дека годишниот капацитет за производство на новата фабрика, во која по пат на електролиза ќе се произведува катодниот бакар, е над 2.500 тони. Во фабриката ќе се обработува јеловината, но и сортискиот отпад од сиромашната бакарна руда. - Новата фабрика за производство на катоден бакар е еколошки проект, еколошка инвестиција, а токму со оваа инвестиција веќе ја нема сино зелената боја по Меденеска Река, вели Николов. Фабриката за лужење и производство на катоден бакар
во моментов работи со една третина од сопствениот капацитет со што
раководството најави дека наредната година ќе се реализира производство
на 2.500 тони катоден бакар кое е наменет исклучиво за извоз. вд/скс/14:48 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=90005262&lId=1&pmId=501 |
|
![]() |
|
oTeget ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 09-Nov-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Тогаш ја пуштија во пробно производство и тоа е во ред, ама ова што се научија да сечат ленти и да се сликаат на секое пуштање, тоа не чини ЛОЛ |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во Велес ќе се градат две нови индустриски зониВо Велес ќе се градат две нови индустриски зони. Локалната власт ја подготвува документацијата за урбанизација на просторот. Кај селото караслари на автопатот градско Велес и кај реката Бабуна ќе се градат индустриските зони. Во нив ќе нема парцели помали од две илјади метри квадратни. Моментално, најинтересна за стопанствениците е индустриската зона во населбата речани. Новите индустриски зони ќе бидат готови до почетокот на летото. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/vo-veles-ke-se-gradat-dve-novi-industriski-zoni |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Индустрискиве зони изникнуваат како печурки, ама никако да видиме индустриски капацитети во нив. Работава, сите со нетрпение чекаат да инвестираат, но некој ги држи врзани, даваат гас во прва брзина, но никако да тргнат ногата од квачилото за конечно да тргнат. ![]() Edited by Dexter26 - 03-Jan-2012 at 18:47 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
највероватно тие што имаат пари настрана си ги инвестираат вп плацеви кои `ќе се најдат за подобри денови`.јас лично има дадено согласности( за ППЗ) за неколку индустриски објекти во зоните во Кичево(Кичево и Другово) ама ги гледам `газдите` си шетаат низ град со луксузни џипови,а на плацевите растат капини и коров.
треба поозбилно да се зафати државата со едземање на парцелите ако не се почитуваат роковите.сега само ги заплашува како децата со бабарога |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
нешто се гради веќе на индустриската зона во Кичево кај новата спосртска сала.два објекти се изградени а третиот е во столбови
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Da gjoko, vekje 32 Objekti ili mali fabriki se gradat, golemiot del vo ivani dol
![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
знам дека сакаат да градат,но во Македонија од најава па до градба има голема разлика.на еден од инвеститорите му помогнав околу проектот(проектантите му бараа многу пари) ама дали ќе почни со градба е прашање.лично јас спаѓам во оние кои веруваат во дела на лице место а не во најави.за ногу од најавите за инвестиции по разни медиуми ги читам само првите 2-3 реченици колку да знам што е.кога има нешто поозбилно на терен,тогаш е друга приказна.сме се наслушале за долини,брда и палати ама...
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Денеска во Штип се одржа електронска лицитација за индустриската зона "Македонка"
Петок, 20 Јануари 2012 16:48
На електронската лицитација се продаде и првата градежната парцела од 3.289 метри квадратни се продаде по цена од 201 денар по метар квадратен, односно сопственик треба да плати 661.089 денари. Од Одделението за градежно земјиште при Општина Штип велат дека оваа парцела покрај тоа што е погодна за стопански објект, или пак може да се изгради и агро берза. Надлежните се задоволни од денешната лицитација и резултатите од електронско наддавање. http://daily.mk/cluster3/6c0382b6681ccd532f798bd11392a85a/1103604/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1011121314 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |