![]() |
![]() |
![]() |
Урбанистички планови и парцели (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 66> |
Author | ||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Не е урбанистички поим и баш напротив обично се работи за поголеми објекти за колективно домување. Главните разлики во однос на колективните станбени објекти што преовладуваат кај нас се во имотно-правните односи и следствено во функционирањето. Без разлика дали се работи за апартмани за купување или изнајмување, како станар имаш јасно дефинирани обврски регулирани со договор кој го потпишуваш со субјект кој е задолжен и заинтересиран да го спроведува редот (обично инвеститорот на објектот, кој ја задржува сопственоста врз сите негови колективни делови... дури и ако си го купил апартманот, го поседуваш само просторот за живеење, а објектот припаѓа на субјектот што го спомнав). Заедничките трошоци си се јасно дфинирани и мора да се намируваат, а не фарсата со куќните совети што се случува кај нас. Како станар реално си доста ограничен и превземаш доста обврски, но крајниот резултат е значително поголем квалитет на домување. Мислам дека со нашиот менталитет нема друг начин да се воведе ред во колективното домување и да се спречат разноразни доградби, надградби, рушења, стакларници, „шминкања“, реклами итн итн. Исто така мислам дека е најдобар начин барем да се „запознаеме“ со концептот на тековно одржување на колективни станбени објекти. Edited by Cloverstack - 15-May-2009 at 15:39 |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
![]() Малку ми е чуден начинов на стопанисување со објектите. Не ми е јасно зошто некој инвеститор би имал потреба од сопственост врз влезовите во згради кои веќе целосно ги распродал. ![]() ![]() Неможам да се сложам дека генезата на проблемот е комплетно во менталитетот и све да оставиме на ова ниво. Доколоку знаеме дека колективната свест ни е ахилова пета тогаш треба да си најдеме модели за функционирање и да си го заобиколиме проблемот и да си обезбедиме функционалност на зградите. Меѓутоа дури ни со средено колективно домување неможеме да ги спречиме овие појави кои ги наброја зашто најчесто најголемите огрдувања на зградата и узурпирање на просторот се прават токму колективно па доаѓаме до ситуација кога општината е таа што веќе го има проблемот на свој грб. |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
http://images.google.com/images?q=condominium
|
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
А тогаш пак кој би бил интересот на закупецот да "купи" (де факто изнајми на долг рок) стан кој не би го имал во суверено владение?! Вакви недокарј расчистени односи повеќе би генерирале спорови одколку квалитетно владеење. Моделот не ми е докрај јасен и дали има законска подлога кај нас за нешто вакво?! Сепак мислам дека треба се отвори можноста куќните совети да не ги вршат должностиите кон влезот на, де факто доброволно, оддржување, опдносно куќниот совет да биде само тело кое ќе избере фирма за комплетно оддржување на влезот ќе постигнеме доста големи резултати. Односно да свториме простор за фирми на пазарот како Securcom (да не вршам реклама, него само таа ми позната) кои ќе ги превземат сите активности во влезот од хигиена, лифт, фасада, колективни инсталации и прозори, кречење и ситедруги останати работи и на крај на месец на куќниот совет ќе му испорачаат фактура и плус за ова оддржување да биде нампалета услугата, односно нема да ги оставаме зградите на добра воља на станарите. Ова може да биде многу успешен модел за оддржување на зградите. Односно државата да издава лиценци на фирми кои се оспособени да вршат оддржување на влезови, секој куќен совет да има законска должност да именува лиценнцирана фирма, а во договорите законски да биде обврзувачко фасадата да се оддржува, а сите други домени да бидат оставени на воља на куќниот совет. Исто така и цената која би се плакала по стан за влезот да не биде некоја паушална од двеста-триста денари него да биде тоа некоја цена пресметана по законски утврдена формула која ќе ги опфаќа буквално сите параметри и на станот и на зградата (квадратура на стан, катност, има/нема лифт, има/нема кровна тераса, има/нема подрум, на кој кат е станост, жители по стан и буквално сите ситници). Ваквиот модел некој може да го протолкува како централизација и ставање шака врз влезовите од страна на државата, но мораме да бараме модели да го средиме овој хаос кој веќе е општествен проблем. Едноставно чекање граќаните да се свстат нема да се случи. Еден ваков модел може и да го воведеме како преоден додека стапи на терен то граќанско освестување.
|
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Исто така неколку надополнувања. Значи освен пресметаната цена, нормално, се остава простор и за дополнително собирање средства како вонредни оддржувања (пример скап квар на лифт или слично). Средствата да се уплаќаат со уплатница со назнака на трансакциска сметка на влезот и од таа сметка да се исплаќа фактурата кон фирмата сервисер или доколку има акумулација на средсвтва да си остануваат за нареден месец или па да воопшто да се чуваат за некој иден голем квар. Така ќе има и транспарентно работење на куќните совети, ем ќе се одтргне сомнежот за проневерени средства. Значи идејата е буквално да се релаксира и управувањето на зградата, а и на граќаните дали поради презафатеност или негрижа да не им се оставаат главните грижи за влезот. Нормално не значи ова дека некој друг треба да им се грижи за нивните проблеми, него едноставно да се купи услугата оддржување. Ова ќе остави голем простор за нови фирми и вработувања на пазарот, а и тие фирми пак ќе имаат можност да набават современа технологија и за фарбање фасади и за хигиени, односно технологија која обичен чистач на три влеза неможе да си дозволи повеќе од метла. Вака тој чистач ем ќе добие работо место во фирми каде има социјална закрила, а и граќаните посредени влезови. Исто така се створа и можноста за брза санација на помали кварови зашто ваквите фирми доколку имаат под управа сто влеза ќе им се исплати да имаат на располагање, на готвос, и водоводџија и електричар и молер и масјтор за лифт и мајсотри од сите области. За жал кај нас услугуте на неколкуте вакви фирми ги користат само некои појаки фирми кои наместо свои вработени чистачи и хаус-мајсотри ги користат ваквите услуги.
Edited by lslcrew - 16-May-2009 at 01:03 |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
И зошто за купување викаш „де факто да изнајми на долг рок“? Нема дилеми, ако си го купиш, станбениот простор си е твој и никој не може да ти го земе. Што ти е гајле како легалистички е дефиниран бетонот во ѕидот? На крајот на краиштата како е тоа дефинирано во една обична зграда кај нас? Чив е на пример ѕидот помеѓу два соседни стана? Прашуваш кој би бил интересот да се купи стан во кондоминиум... Еве тргам од себе - јас многу порадо би купил таков стан отколку во обична станбена зграда, затоа што знам дека ќе има јасно дефиниран ред и дека ќе има кој доследно да го спроведува. Не сум заинтересиран за граедежни интервенции, но многу ми е важно да бидам сигурен дека ни на некој друг од соседството нема да му биде дозволено своеволие. „Суверенитет“ од терасата да направам шпајз не ме интересира, ниту ме интересира правната дефиниција на ѕидот, зад која сигурно има логика и потреба. За фарбање или за закачување слика сигурно дека си е регулирано и дека никој не ти брани
Плус тоа јасно е дека и без ова кај нас секако требаат интервенции во законите што го тангираат колективното домување за да се стави крај на постоечкиот хаос и правење кој што сака.
|
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Па нормално носечките ѕидови не станува тука збор под суверено владение, него мислев на обврзувачки одредби кои се дополнителни за законот колективно домување и кои генерираат дополнителни обврски за купецот на стан во кондоминум. Односно голем број дополнителни финеси околу сопственост на колективниот имот кој доколку остне во сопственост на инвеститорот не знам какви дополнителни улуги би им нудел?! (Може би премин) Обично сега колку што знам во процес се и постапки за одкупување на земјиштето на кое е изградена зградата од страна на станарите, па така и земјиштето и влезот сега се во ahred сопственост пропорционално на сите станари. Барем јас кога би купувал стан не би осстапил од ова да немам удел во сопственоста.
Околу регулативата..денеска барем на терен се покажува дека или немаме регулатива или не е спроведена. Очигледно треба да направиме некој добар закон па да го спороведеме масовно зашто сега ситуацијата ни е повеќе од очајна. |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Во однос на тоа од што не си подгорвен да отстапиш при купување на стан мислам дека премногу акцент ставаш на формата а ја запоставуваш суштината. Наједноставна проценка на квалитетот на моделите можеме да направиме со директна споредба на тоа како се покажале и како функционираат.
|
||||
![]() |
||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||
извозевте малку на сите страни, па изгледа преблокирано. en.wiktionary.org/wiki/condominium всушност куќен совет е кондоминиум, значи организирано управување со заеднички простор! дали за таквото управување ќе се ангажира трето лице или фирма тоа е веќе работа на договор, но на запад претежно под овој термин се класифицираат мислам, објекти односно одредена зона, каде поорганизирано се домувањето.
односно имаат затворен систем, каде има и чуварска служба, неретко и кодирана рампа на влез, хортикултурно уреден комплекс, заедничка теретана и базен за секој блок итн. кај нас мислам од ваков тип се она новите комплекси на водно, злокуќани или хот-хот населбата... е сега кој не спречува нас да се организираме поозбилно? поентата е како ќе се постават правилата од почеток, и како некој со договор ќе се обврзи да ги почитува и спроведува! значи досега по куќните совети се пристапуваше претежно според совест и доброволно, и иако постои закон за куќен совет, незнам со каков механизам некого ќе го натераш истиот да го прифати и почитува безусловно, освен да покрене советот приватна судска парница, која посекако ќе чини десет до дваесет пати повеќе него што би чинеле долговите на одреден непослушен станар. сетне имаш случаи каде еден станар има повеќе станови а не сака да плаќа за сите одржување или газдата бил во странство, па аналогно бидејќи не го користи ни влезот ни лифтот нема што да плаќа за нивно одржување... она што го наведовте со рушењето на ѕидовите, или пак проширување или затворањето на терасите, мислам дека е исклучиво со одобрение од општината! но реноваторот е обврзан законски да добие одобрение за ваквата интервенција минимум од 51% од станарите и воедно за се да има проект итн. лично од овие дубиози како најнезаконска мислам дека е проширувањето на станот во самиот влез, односно заземањето на ходниците од поедини станари, мислам дека дури и сите станови на еден спрат да се на еден сопственик, истиот не смее во никој случај да го окупира ходникот во зградата, со оглед дека истиот е заеднички простор. друга споредна но исто така спорна работа е начинот на изведување на одредени градежни активности, не ми е познато дали и како е ова регулирано, но мислам дека е коретно интервенциите да се најават и за истите да постои точно одредено време, а не и за викенди и за празници да се дрма комшилукот... а она што велиш лсл машини за кречење, за тоа буквално треба фирма која ќе покрива цела месна заедница или општина, но немора машина доволно е и мобилно скеле! во секој случај поедноставно е соработката да се одвива со еден субјект кој ќе понуди комплетна програма за одржување него за секое штрафче да се бара нова компанија, и со секоја да се градат нови односи на соработка. |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Бетон ова идејава за 51 посто незнам од кај ти дошла, ама најголемите унаказувања се направени со косензус, однсосно не е најголема грдосија некоја заградена тераса, него најголемите грешки се со доѕиданите спратвои и продолжените балкони.
Идејата цела на моделот што го нафрлив горе е да обезбеди ефикасност на влезовите и да не бидат повеќе куќните совети некои солидарни фондови со паушална фиксна цена. Всушност фиксната цена е и најголемата причина зошто некои сопственици не плаќаат, односно се чувствуваат обесправени во плаќањето иста цена за празен стан за разлика од некој со населен стан. Исто така и за милион други фактори. Мора да се најде унифицџирана формула по која ќе се засметува цената за куќен совет по стан, а не паушално. Исто така и евентуалните спорови кои ги наведе. Мораме ваквите спорови да ги дислоцираме од судовите, односно барем првата правна инстанца да не биде судот. Дали некое медијаторство или мандатни казни преку општина и слично. |
||||
![]() |
||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||
олеснување денес се управните судови и извршителите во однос на главењето и неможноста да се воведе ред, но во секој случај тоа повлекува омраза и инает итн. значи мора да постои нешто како договор за куќен ред и заеднички трошоци кои безусловно ќе мора да ги потпише станарот при вселување, бар ако ништо друго по кратка постапка да се завршуваат рочиштата како би се извршила наплатата експресно. не е во ред цела зграда да трпи и плаќа екстра заради инаетот на двајца или тројца. можеби е решение да влечат овие пари преку сметката за комуналии а општината подоцна да им ги распределува на куќните совети или пак да има можност таа да се грижи целосно за наплатата и одржувањето, јасно за се со одобрение од куќниот совет.
што е до процентот, јас до пред некое време знам мораше да се добие согласност од сите станари, но сега брзо налетав на инфо во весник каде општина издала градежна дозвола врз основа на согласност од 51% од станарите на зградата (мислам се однесува строго на зграда, без разлика колку влеза има) покрај други потребни услови, како проекти и комуналии...
патем, мислам дека цела оваа дискусија околу кондоминиум треба да оди во новата нишка одржување на згради или може и да се дуплира. |
||||
![]() |
||||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|||
Тера Телевизија |
||||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Уште еден ДУП презентиран на сајтот на општина Аеродром. Нема информација каков му е статусот.
http://aerodrom.gov.mk/Images/dup/crkvaB.wmf |
||||
![]() |
||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||
па ова нели го изгласаа само малку касно ги качуваат има и поназад во нишкава http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=904848CCEECA4E4D8705CC6671AF3CAF
инаку и скопјанка-а е усвоен но го немаат качено, а што е до оваа последнава сликичка сега што е качена, незнам што да кажам, подобро воопшто да не ја закачувале, ако ова е урнек за во иднина тогаш отиде јабана транспарентноста на општината, бар што е до информативниот дел, околу сајтот и весникот! за јазиците нејќам ни да нагаѓам ќе загине најкреативната појава на локално ниво ![]() |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||
што ако зумираш кога легендата е саде мртви линии, треба да ги качуваат во полна резолуција и детални како што е примерот со дупот на мичурин! велам сликичка бидејќи повеќе е шарена отколку информативна, тоа убаво што се сетиле и на поколиритни верзии на дуповите да прават, но бар да бидат во поголема резолуција и со вистинска легенда, ова му доаѓа како за општа јавност може само скица, а кој си плати ќе добие и детален план...
сега уште и црно-бел весник на жолта хартија да почнат да печатат и екстра, ќе заштедат и на средства освен на време како што е случајот со дупов! абе ај нека се аклиматизираат како се вели бар едно тромесечие фор, колку би се испеглало до последно превземањето и воведувањето куќен ред и мир, што во голема мера ќе зависи од авторитетот на градоначалникот, кој ќе треба и да го надмине реално комплексот на годините, оди терај и викај на постари сограѓани во советот ![]() |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Не знам за какви мртви линии збориш, ниту со каков софтвер го отвараш фајлот, ниту како зумираш. Ни мене не ми се допаѓа вака во wmf формат, ама планот не е ништо помалку детален од другите што ни се сервираат.
|
||||
![]() |
||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||
добро боите се воочливи, но легенда има некаде, мртви линии велам за неа, не можеш да прочиташ кој објект каква намена има, за другото каде и како завршуваат парцелите и маркиците помалку или повеќе и не ми е битно, но во секој случај сакам да знам што ќе имам во комшилук.
според формата на првата зграда што излегува на булеварот кузман јо. питу станува збор за проектот за трговски центар со кој победија на саемот во минхен претходната гарнитура www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=353&PID=22611#22611 ова мислам требаше побомбастично да го објават или најават на сајтот бар ако ништо друго! Edited by beTon - 26-May-2009 at 03:38 |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Си ги помешал лончињата - зградата челно на бул. К.Ј.Питу е „Порта Аеродром“, а општинската зграда е планирана за Реонски Центар Аеродром. Два различни проекти кои беа презентирани во две различни години на саемот, но ти во постот што го линкаш си нафрлал што ти дошло под рака, па сега токму тој твој пост те збркал тебе самиот.
Исто така ниту едниот ниту другиот проект не победил на саемот (зарем ти сериозно мислиш дека со онакви рендери може да се победи макар некаде во субсахарска Африка?!?), тоа не верувам дека негде го спомнале ни од општината и покрај сите креативни формулации за со кои истапија за „успехот“ на нивното претставување на саемот. За планот веќе по трет пат ти укажувам дека ги има сите вообичаени детали и дека проблемот е кај тебе и твојот компјутер/софтвер. Јас за гледање слики користам ACDSee и најнормално ми го отвори фајлов. Си има и јасна легенда и табели со податоци за сите објекти, вклучувајќи ја се разбира и намената. Еве ти скриншотови, па ваљда конечно ќе бидеш убеден, иако кај тебе ни вака не е загарантирано... ![]() --------------------- ![]() --------------------- ![]() Edited by Cloverstack - 26-May-2009 at 04:01 |
||||
![]() |
||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|||
незнам зошто, но кај мене во вистава на windows picture galery и picture manager не ги вади како што треба!
![]() инаку за зградата да лапсус беше по инерција пишав општинска зграда, го корегирав штом забележав, се работи за трговски, а штом велат дека победиле, особено ако зад тоа стојат и ГТЗ како официјална германска фондација во државава (тие го промовирале таму) негледам зошто би лажеле, а капак истото никој и да не го демантира !?! инаку сликите од веста на линкот погоре, се извадени од оригиналната вест, не дека јас сум ги сложил така, па капак и заради тоа сум се збркал. Edited by beTon - 26-May-2009 at 04:17 |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1112131415 66> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |