![]() |
![]() |
![]() |
Индустриски објекти и зони (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 35> |
Author | |||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Навистина содржајна реченица. Економската ситуација во Србија била катастрофална...
![]() Во Србија во последниве 3-4 години во свои фабрики инвестираа или во моментов инвестираат - Фиат - Мишелин - Сваровски - Горење Да не зборам колку фабрики од профилот на скопски Џонсон Контролс се отворија во Ниш и Крагујевац пред се. Бугарија само што доби производител на коли со амбициозни планови, но во таа земја уште поинтересни се развојните центри кои ги имаат отворено многу глобални компании каде се запослува високо квалификуван кадар (пред се инженерски). Џонсон Контролс на пример во Бугарија има инженерски центар каде се работи на развој на продукти додека во Македонија отвара фабрика за шиење на навлаки. Значи ако разговараме, да разговараме со аргументи... Edited by pbanks - 30-Jan-2012 at 01:02 |
|||
![]() |
|||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||
Секако дека светската криза игра улога во сето ова, но гледајќи што се случува пред се во Србија во последно време (во Бугарија тоа се случува од поодамна, но и земјата е во друга позиција во споредба со МК и СРБ) човек сепак се прашува.... Независно од се, мојот пост е всушнот позитивен во врска со ова прашање. Работите не можат да се гледаат ниту вон контекст. На пример Србија имаше капитал во фабриката Застава која Фиат ја превзема и модернизира, а инвестицијата на Фиат пак беше катализатор за влез на еден куп други добавувачи на авто делови со свои погони. Македонија сепак во некои сфери почнува од 0. Сепак на ТИРЗ Скопје 1 можеме да гледаме како на успешна приказна која дефинитивно ќе има среќен крај а до пред неколку години беше само една голема ливада со која што не мафтаа една по друга влада. Добро е што мрдна работата и во Штип и Битола. Ете овие денови имаме најави и за други градови, држиме палци ![]() |
|||
![]() |
|||
Mravka_terorist ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Аз се радвам за инвестициите в Македония.Така е когато започваш от 0.И в България в началото БВП и износа се дължеше главно на леката промишленост.Тоест хран-вкусовата,шивашката промишленост.Доста български шивачки работят за жълти стотинки на гръцки бизнесмени докато шият за известни марки.Сега малко се поизчистика,но все още има такива цехове в по-слабо развитите райони.Иначе сега покрай заводи за автомобили в съседните ни страни Румъния и най-вече Турция,а и доброто ни географско положение се изградиха едно 15-20 завода за различни автомобилни части и софтуер.А това за ИТ-сектора в България през последните 3 години бележи всяка година двуцифрени растежи.Повечето компании в началото направиха колл центрове и въпреки,че не е кой знае колко високо квалифицирана работата средните заплати са 2-3 повече от колкото е средната заплата за страната.А тука говорим за хиляди заети.Сега вече започнаха да се правят и офиси за по-квалифицирана работна ръка с още по-големи заплати като Hewlett Packard, IBM, SAP.johnson controls electronics bulgaria и още доста такива.А и завода за автомобили в Баховица е доста добро начало за родното автопроизводство.
|
|||
Съединението прави силата !
|
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Се сеќава ли некој на најавата за „Вардарска силиконска долина“, индустриска зона во сферата на информатичката технологија? Денешна „Нова Македонија“ пишува за овој заборавен проект.
|
|||
![]() |
|||
Mravka_terorist ![]() Newbiе ![]() Joined: 30-Jan-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Ами какво да ти кажа,може би е трябвало повече да се постараете да докажете,че имате специалисти в тази област.То не е само,до това да кажем тука може да правите технологичен парк и до там,и да чакаме инвеститорите да дойдат.В това отношение България има късмет,защото през комунизма и договора СИВ на България й се е падало да произвежда голяма част от електрониката на Източният Блок.Може да потърсиш за българските компютри разработвани тогава Правец и друга изчислителна техника.В тази област имаме опит и добре подготвени кадри. |
|||
Съединението прави силата !
|
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во општина Богданци се подготвува нов стопански комплекс за винарија![]() Изведувач на планскиот документ ќе биде Институтот за урбанизам, сообраќај и екологија „ИНПУМА“ од Скопје, кој има рок во текот на годината да изготви Урбанистички план за земјиштето, со цел сегашното земјоделско земјиште да се трансформира во градежно. Планот предвидува изградба на лесна индустрија – винарија во околина со земјоделско земјиште, западно од населеното место Стојаково, на растојание од околу 1.500 метри, опфаќајќи ги катастарските парцели 3.320 и 3.326, до место викано „Каменот“. Урбанизацијата на околното земјоделско земјиште нема да предизвика негативни ефекти врз животната средина, бидејќи се работи за ридски терени и пасиште обраснато со трева и грмушести растенија. Се очекуваат позитивни економски влијанија, пораст на вработеноста во локални рамки, зголемување на бруто домашниот производ, подобрување на животниот стандард, придонес во развојот на индустријата и локалната економија. По донесување на Урбанистичкиот план надвор од населено место и спроведената постапка за стратешка оцена на влијание врз животната средина, ќе се пристапи кон изработка на архитектонско урбанистички проект и основен проект за изградба на винаријата. http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/38552/vo_opshtina_bogdanci_se_podgotvuva_nov_stopanski_kompleks_za_vinarija.aspx |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во чест на лопатите: Странските инвестиции се позитивни, но не се спас за економијата и невработеноста - АНАЛИЗАМакедонија лани беше предмет на засилен итнерес на странските инвеститори. Според податоците на Агенцијата за странски инвесции (АСИ), во 2011 во земјава дојдоа 12 странски инвеститори, од кои 10 се гринфилд инвестиции, додека за другите две во едниот случај станува збор за зграда земена под лизинг, а во другиот за рестартирање на постоечка фабрика. Според најавите, овие странски инвестиции треба да донесат 2.065 работни места во првата фаза, а понатаму постои можност оваа бројка да се зголеми и до 5.090 вработувања. Вкупната вредност на сите овие инвестиции, исто, според официјалните податоци, изнесува 102,25 милиони евра, кои би требало да се потрошат лани, годинава и идната година. Подеталните податоци можете да ги најдете долу во табелата што ја подготви Плусинф.мк Бизнис.
И да не сакаш ќе ти дојдат Странските инвестиции во денешниот свет ги има насекаде. Речиси во секоја земја постои некој бизнис кој сака да биде подобар од конкуренцијата со тоа што ќе ги намали трошоците и бара друга држава каде што може да го постигне тоа. Современата преселба на производството од развиените во земјите во развој започна уште пред падот на комунизмот (преку тнр. втора глобализација – првата се случи кон крајот на 19-иот век и траеше до Правата светска војна) и во последната деценија од минатиот век таа се рашири низ целиот свет. Како што е познато, денес стотици милиони работници во Кина работат на производство за потребите за САД и Европа, а компанијата „Фокскон“, на пример, која меѓу другите западни компании, работи и за „Епл,“ произведувајќи ги и Ајпадот и Ајфонот, има 800 илјади вработени. „Џенерал Моторс“ има 12 фабрики во Кина. Дури и во земји каде што демократијата е во најмала рака сомнителна, како во Русија, странските инвестиции се насекаде. Нив ги има дури и во Лоас и Бурма, земји за кои без резерва може да се каже дека се тоталитарни (особено втората). Ист е случајот и со Иран, кој е под меѓународни санкции, а веројатно единствени исклучоци се Северна Кореја и Куба. И во регионов странските инвестиции се насекаде околу нас. За Бугарија, која е членка на Европската унија, и не вреди да се зборува. Само турски „Шишеџам“ во североисточна Бугарија, во својот комплекс од шест фабрики вработува 1.500 лица сосе дополнителни дејности и само лани вложи 400 милиони долари во уште две со кои бројот на вработените во овој комплекс ќе го надмине вкупниот број на предвидени вработени од сите странски инвеститори во земјава од 2011. И во Србија, и покрај долготрајното владеење на Милошевиќ, странските инвестиции се на сите страни. Нив ги има толку многу што белградска „Политика“ информира за отворање на нова фабрика за чевли која ќе обезбеди 400 работни места на долниот ќош од некоја од средните страници.
Важноста на лопатите Кога лани кинеска компанија потпиша договор за изградба на соларна електрана во Врање, вредна стотици милиони долари, после која ќе следи и фабрика за соларни панели, српската влада не испрати никого, а при отворањето на фабрика за ЛЦД телевизори во Белград овој месец, за инвестиција вредна 6 милиони евра, државата испрати званично лице од рангот на заменик министер. Од друга страна, кога беше објавена инвестицијата на руски „Протек“ од 5 милиони евра и 140 вработени, таму се појави целиот државен врв, а МТВ цел дел најавуваше директен пренос од поставувањето на камен-темелникот. Конечно, доволно е да се погледнат инвестираните суми во регионот, според кои сме на последно место по вкупните суми, а на претпоследно место по жител пред Босна, па веднаш да стане јасно зошто во земјава странските инвестиции изгледаат како спас од небото и зошто им се придава толку голема важност, иако во самата држава имаме приватни компании кои вработуваат далеку повеќе лица од сите странски инвестиции најавени лани. Она што треба да се има на ум кога се гледаат инвестициските бројки е точно да се знае што тие значат, а исто така, треба и да се имаат предвид и оние бројки кои се директно поврзани со странските инвестиции, а кои воопшто не се објавуваат. Така, на пример, за инвестицијата на „Кемет Електроникс,“ треба да се знае дека бројката од 12 милиони евра ја вклучува и опремата која компанијата ја носи со себе од Белгија, каде што претходно беше лоцирана фабриката на оваа компанија за Европа, но која сега се сели на Бунарџик заради далеку пониските трошоци, пред се, за плати. И, во најголем дел од овие инвестиции, како што и може да се претпостави, опремата за производство ќе дојде надвор од Македонија, така што прашање е дали од вкупната бројка од 102,25 милиони евра, 25-35 отсто всушност ќе бидат потрошени во земјава.
Тајните договори Но, уште поважни се бројките кои власта не ги објавува. За разлика повторно, од Србија, каде со објавувањето на секоја инвестиција се објавува и колку средства државата му дала на инвеститорот или во вид на кредит, или едноставно како подарок или во вид на друга погодност, во Македонија тие бројки воопшто не се објавуваат и тие договори меѓу Владата и инвеститорите се третираат како деловна тајна. Премиерот Груевски за време на инвестицискиот караван во Турција спомна дека инвеститорите во земјава добиваат до 500 илјади евра за „рамнење на земјиштето,“ но којзнае уште какви конкретни поволности се добиваат при договарањето со секој инвеститор посебно, покрај оние познатите во слободните зони какви што се приклучоците на струја, вода, пристапни патишта, речиси бесплатна кирија на 99 години и ослободување од даноци во период од 10 години. Од друга страна, пак, и ако ја погледнеме бројката од 2.065 вработувања за кои има цврсти најави, па дури и онаа можната од 5.090 вработувања во рок од неколку години, веднаш станува јасно дека тие бројки се многу мали во однос на армијата невработени во земјава од околу 300 илјади. И за годинава Владата најавува сличен, па дури и поголем број странски инвеститори, така што дури и да се удвои оваа бројка од 2.065 вработувања и тоа да биде така и во следните 10 години, сепак, не може да се стигне ни до една десетина од бројот на невработените во земјава. Се разбира, илузорно е да се очекува странските инвеститори да ги вработат сите невработени во државава. Тешко дека некој ќе изгради фабрика во Мариово, надевајќи се на работна сила од тамошните расцепкани и полупразни села. Но, и покрај се, овие ветени бројки во однос на вработувањето се премногу мали за да направат позначителна разлика. За такво нешто би биле потребни 10-20 години, но тоа е период кој Македонија го нема, зашто земјава, сепак, не е ниту Африка, ниту Далечниот Исток. Дотогаш, новиот демократски Тунис, на пример, кој во моментов закрепува од минатогодишната демократска револуција и кој има далеку побројна работна сила, како и редица други поголеми земји од нашава, исто во развој, доволно ќе се демократизираат за да станат и интересни и поевтини за странските инвеститори од нас. Па, така, ништо чудно „Кемет,“ исто како што ја напушти Белгија за да дојде кај нас, да ја напушти и Македонија за 5-10 години (токму во моментот кога ќе истече бенефицијата за неплаќање даноци) и да замине за Тунис. Патем, извршниот директор на „Кромберг и Шуберт,“ д-р Ханс Ото Кромберг, веќе беше проглсен за почесен граѓанин на Медиас, градот во чија близина се наоѓа фабриката на германската компанија во Тунис.
Немаме работна сила, ниту време до недоглед Лонодонски „Економист“ пред само неколку недели објави напис според кој огромната работна сила на Кина веќе не е подготвена да работи за суми од 100-120 долари, како и дека бројот на мигранти од северот на земјата пополека пресушува, па во следните години странските работодавци ќе мораат да ги кренат платите, ако сакаат нови рабтоници. Тоа и нам ќе ни се случи после извесен период од 5-10 години и тогаш ќе ја изгубиме единствената компаративна предност – евтината работна сила. И директорот на „Ван Хул,“ кој деновиве објави дека ќе произведува автобуси во земјава, и директорот на словенечки „Бисол“, кој се уште размислува дали да отвори фабрика за соларни панели на Бунарџик или во Словенија, во своите изјави како еден од главните аргументи ги ставија ниските плати од 250-300 евра за работник. Се разбира, овие плати не можат да се одржуваат на вакво ниво до недоглед. Како што е познато, и просечната нето плата, платите во администрацијата и во редица други стопански гранки веќе се повисоки од овие цифри. Нивото на расположлива работна сила веќе го натера турскиот инвеститор Бунвамин Атик, сопственик на „Борал Алуминиум“ да се одлучи за Србија како локација за својата инвестиција, иако, како што самиот вели, потекнува од Скопје. Месечникот „Атлантик Мантли“ во одличен напис, кој анализира зошто работната сила се сели од САД во Кина, следи една жена работник во автомобилска фабрика за делови, за која се вели дека работното место го држи само зашто роботот што би можел да ја замени чини над 100 илјади долари, што за сопствениците е неисплатливо. Но, како што е познато, технологијата денес постојано поевтинува и сигурно еден дена ќе стане поевтина дури и од македонските мизерни плати, особено што тие со напливот на странските инвестиции поплека ќе се движат нагоре. Странските инвестиции се бездруго позитивни за македонската економија и тоа, пред се, за огромната безработица, која е резултат на хроничниот недостиг на било какви инвестиции во земјава, како и во целиот регион. Но, кон нив треба да се пријде трезвено и да се сфати дека тие не можат да бидат замена ниту за домицилните инвестиции, ниту, пак, националната економија може целосно да се потпре на нив. Но, тие во моментов се во мода. И нив им се придава далеку поголемо значење од она што го имаат – од политички причини, се разбира. Еден податок, кој веднаш паѓа во очи е што долните бројки покажуваат дека едно работно место странските инвеститори во просек ги чини 49,5 илјади евра. Од друга страна, во земјава од државата како помош за вработување преку Агенцијата за вработување може да се добие кредит од само 3.000 евра.
В. Петрески
P.S.: Податоците од долната табела се земени речиси во целост од официјалните информации на сајтот на Агенцијата за странски инвестиции со два исклучоци, каде што Агенцијата премногу се „возбудила“ во налетот на ентузијазам. Првиот се однесува на бројот на вработени кој е предвиден во „Кемет Електроникс,“ американскиот производител на кондензатори, каде што АСИ вели дека ќе имало 400 вработени, додека, во соопштението на компанијата, кое можете да го прочитате овде, јасно се вели дека бројката ќе биде 200, без никакви други додатоци. Вториот исклучок се однесува на малтешката софтверска компанија „6 пм“ каде што сите медиуми во земјава наведоа дека станува збор за 10 до 12 софтверски инженери, кои треба да се дополнат до бројката од 25. АСИ говори за 50 вработувања, така што во табелата се ставени и двете бројки. Првата се однесува на 25 основни вработувања, а втората на преостанатите 25 можни до вкупната бројка од 50. |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
e ovoa e za pozdravuvanje
Економска зона за домашни фирми во Гази БабаНова економска зона само за домашни фирми ќе никне во општина Гази Баба. ![]() Сител дознава дека ќе биде двојно поголема од Бунарџик, ќе се простира на околу 300 хектари. Согласно Законот за технолошки индустриски развојни зони, и домашните како и странски компании ги имаат истите поволности за инвестирање во слободните зони. Целосно ослободување од персонален данок на доход, ослободување од данок на добивка и данок на имот првите 10 години. Компаниите кои ќе инвестираат во слободните зони не плаќаат надоместоци, такси и други давачки за користење на градежното земјиште. Ослободени се и од трошоците за приклучување кон канализација, водоводна мрежа, топлинска, гасоводна и енергетска мрежа. Бизнис заедницата неколку пати бараше од Владата локации за слободни зони и за домашни фирми. Според нивните проценки околу 100 компании би ги искористиле поволностите кои се нудат во зоните.http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ekonomska-zona-za-domashni-firmi-vo-gazi-baba |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во Богданци почна изградбата на откупно - дистрибутивен пункт, најавена и фабрика за помфрит
Ова прво странско вложување во Богданци по 22 години, ќе претставува комплекс со површина од над 4.000 метри квадратни, а ќе содржи современ ладилник, магацински простор, товарна рампа и административни простории. - Задоволство ми е што како сопственик на фирмите „Шварц“ од Германија, на фирмата „Салата Фармс“ од Дубаи и фирмата „Таурус Шварц“ од Германија можам да инвестирам во изградбата на нов откупно-дистрибутивен и преработувачки пункт во Богданци, истакна Шварц. Изразувајќи задоволство од, како што рече, поволната бизнис клима во Македонија, Шварц најави нови вложувања во објект за обработка на 250 илјади тони компир годишно и произведување 100 илјади тони помфрит, како и инвестиции од страна на негови деловни партнери во милионски износи. Тој се осврна и на донацијата за локалната заедница - изградба на детска градинка во Богданци, како и на донација за изградба на црквата Свети Апостол и Павле кај месноста Паљурци. Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски во своето обраќање ја поздрави инвестицијата на „Таурус Шварц“, втора по големина агро-инвестиција во Македонија по влезот на хрватски „Агрокор“. - Оваа инвестиција ќе овозможи поголема вредност на квалитетните македонски земјоделски производи, заложби кои во континуитет ги овозможува Владата со финансиска поддршка на земјоделското производство, од седум милиони евра во 2005 година до 130 милиони евра во 2012 година. Ова е доказ дека чекориме по вистински пат за развој на земјоделското производство и поддршката што ја овозможуваме преку својата аграрна политика, истакна заменикот министер Коњановски. Тој им порача на инвеститорите да ги негуваат односите со земјоделците преку понуда на фер договори за да можат тие да им возвратат со квалитетни производи, а за земјоделците, нагласи, ова инвестиција е добра шанса да реализираат дополнителна вредност за своите земјоделски производи. Според градоначалникот Ристо Ичков, новата инвестиција ќе овозможи откуп и дистрибуција на производите од богданскиот крај и пошироко, но бенефит ќе биде и подготвеноста на фирмата „Таурус Шварц“ да вложи во бесплатна едукација на земјоделците за правилно одгледување на културите. http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=91708540&lId=1&pmId=504 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Василево стана македонската Инџијаimitrov@kapital.com.mk">Петре Димитров![]() На
руралната струмичка општина Василево по бројот на инвестиции може да ѝ
позавиди и Бунарџик. За шест години општината привлече над 125 фирми од
земјава и од странство, а веќе создава место и за нови. Во општината,
која по многу работи наликува на војводинската Инџија, одат и чекор
понапред. Наголемо се прават планови за развој на туризмот Деновиве во општината Василево наголемо е започната пролетната сезона на садење домати и зелка. На ретко кој од овој крај земјоделската работа, која важи за прилично тешка, му носи некое задоволство и исполнување. Сите сакаат да работат нешто друго. 30% од населението во општина Василево да биде вработено во новоотворените фирми, услов за инвеститорите кои сакаат да инвестираат во индустриските зони 4 индустриски зони, од кои две веќе функционираат, има во општина Василево85фирми, од кои 70% веќе работат, има во првата индустриска зона 30% од фирмите кои функционираат во индустриските зони се занимаваат со земјоделска дејност 200 илјади евра се проектираните приходи на општината Василево за 2012 година 1,5 милиони евра се планираните капитални инвестиции на општината за годинава „Кој би сакал да се пече на сонце по цел ден за ситни пари? Секако дека сакам да работам во некоја фирма. Што било, само да не е мотика во прашање“, вели Горан, кој како и неговата фамилија, цел живот се занимава со земјоделство. Индустријализацијата на оваа општина, во која влегуваат 18 струмички села со 12.122 жители (според последниот попис), која почна пред шест години, им нуди одлична можност од земјоделци да се преквалификуваат во нешто друго. Овде веќе неколку години функционира индустриска зона со 85 фирми, од кои 70% веќе функционираат, па жителите на Василево имаат шанса да се испробаат како работници во фирми од дрвната и од текстилната индустрија, во фирми кои преработуваат земјоделски производи или произведуваат бојлери, сечат метални плочи, на бензинска, во хотел... Индустриската зона навреме ги обезбеди сите потребни инфраструктурни нишани, а тоа, комбинирано со добрата позиција, на селото Василево му донесе еден куп инвеститори од земјата и од странство. „Многу сме задоволни од соработката со општината. Ни излезе во пресрет за сè што имавме потреба“, вели Сања Смилјановска од фармата во која се одгледуваат мисирки, нетипични домашни животни за овој крај. Месото од мисирките е наменето 80% за извоз во Албанија, а фармата моментално има околу 60.000 мисирки. Еден од условите за инвеститорите, кои од менаџментот на зоната добија 30% попуст за комуналии и имаа можност да ги купат парцелите за едно евро по метар квадратен, е во фирмите 30% од вработените да бидат од локалното население. „Секако дека тие фирми ќе имаат потреба од инженери и од експерти, зависно од дејноста. Во тоа не им се мешаме. Нека донесат луѓе од каде сакаат. За нас како општина е важно да биде работно ангажирано и локалното население“, вели Ванчо Стојанов, градоначалник на Василево. Упорниот градоначалник не останал само на првата зона, која е проектирана од неговиот претходник, туку продолжил понатаму. Во оваа рурална општина, која слободно може да им парира и на најурбаните и го држи рекордот од 168% наплата на данок на имот, веќе функционира и втора зона, во која се продадени парцели за 40 фирми, од кои две веќе функционираат, а останатите се во изградба или во процес на добивање градежна дозвола. И овде не завршува успешната приказна за Василево. Во урбанистичкиот план веќе се внесени уште две индустриски зони. Првата нуди девет парцели за продажба, распослани на 35 хектари, а втората е проектирана на пет хектари. „Интересот за инвестирање континуирано расте. Затоа се решивме за уште две нови зони. Сакаме уште повеќе да го исфорсираме интересот за преработка на земјоделски производи и овошје, бидејќи овој крај е земјоделски. Секоја заработка од добрата наплата на даноци општината ја троши на подобрување на инфраструктурата, која е еден од главните предуслови за да дојдат инвеститорите. Тие инвестиции добро ни се исплатија“, вели Стојанов. ![]() „Најголемите струмички фирми го селат производството овде. Тоа ми е посебно ќеф.“ Во општината наголемо се размислува и за развој на вински туризам и на туризам воопшто. Во план е изградба на винарница, која најверојатно ќе ја гради Васе Митев, струмичкиот бизнисмен и директор на ЗИК Струмица, комбинат кој има сопствени винови насади. Овде веќе функционира хотелот Мистон, а два нови проекти, преадаптацијата на касарната во селото Владевци (комбинација од хотелски и здравствени услуги) и реновирање на угостителскиот објект Карбино, во близина на селото Добршинци, кој треба да прерасне во хотелски комплекс со базен и спортски игралишта, треба да обезбедат сместувачки капацитет. За хотелскиот комплекс, како што веќе пишуваше „Капитал“, е заинтересиран кардиохирургот Жан Митрев, сопственик на Филип Втори. Интерес за инвестирање од Агрокор до МПЦ
Како што веќе објави „Капитал“, интрес за инвестирање во општина Василево изрази и хрватскиот гигант Агрокор, кој сака овде да изгради откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи. Претставници на компанијата веќе разгледале парцела. Интерес за градење погони овде сè повеќе има и од големите струмички фирми, кои сакаат да го преселат своето производство, а се зголемува интересот за инвестирање и од грчки фирми, кои веќе се присутни овде. Неодамна дојде интерес за градење во општина Василево и од Македонската православна црква, која сака да гради манастир. http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/81268/vasilevo_stana_makedonskata_indzhija.aspx?iId=2640 |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Во општина Новаци нова индустриска зонаОпштина Новаци ја почна постапката за изработка на потребната урбанистичка документација за изградба на нова индустриска зона на подрачјето на оваа локална самоуправа.![]() Проектот е поддржан и од Советот за развој на Пелагонискиот плански регион и се очекува зоната да профункционира во првата половина од оваа година, истакна градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски. - Индустриската зона е проектирана на површина од 10 хектари, во непосредна близина на реката Црна, на левата страна од патниот правец Битола-Новаци. Нашата индустриска зона се вика „Жабарник“ и во неа е предвидена градба на повеќе објекти наменети за преработувачки капацитети, мали компании за преработка на млеко и сирење, но и други производи, истакна Котевски.Индустриската зона „Жабарник“ ќе биде лоцирана до манастирскиот комплекс „Св. Мала Богородица“ каде се гради сала за разни свечености, свадби, венчавки, крштевки... Од општина Новаци очекуваат со поддршка на Министерството за транспорт и врски да се изврши уредување на земјиштето, а во следната фаза распишување оглас за јавно наддавање и за купување на парцели за домашни или странски инвеститори. http://kurir.mk/republika/opstini/63731-Vo-opstina-Novaci-nova-industriska-zona |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Врапчиште магнет за странски инвеститори Во индустриската зона на село Зубовце, Чеси ќе изградат четири фабрики, а се заинтересирани и неколку фирми од Турција и од Германија Киро Кипроски |
|||
![]() |
|||
Alex ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 17-Jun-2009 Location: Paris / Ohrid Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Фабрики за авто-индустрија во Скопје, Тетово и Струга Нови фабрики во Скопје, Тетово и Гостивар наменети за производство на делови за автомобилската индустрија, најави премиерот Никола Груевски. Според премиерот, две американски и една германска компанија донеле интерна одлука за изградба на фабрики за делови или кабли за автомобилска индустрија, кои треба да бидат стационирани. - Фабриките во Тетово, Струга и Скопје, сите заедно, ќе вработат околу 4.000 луѓе. Во фабриката во Тетово е најавено 2.000, во Струга околу 1.500 и до 500 лица во фабриката во близина на Скопје - рече Груевски посочувајќи дека се работи за раздвижување на пазарот. Најава за влез и на јапонски и италијански бизнисмени Груевски потсети дека веќе е објавен оглас за изградба на фабрика за изработка на кабли за автомобилската индустрија, која што ќе има 4.000 вработувања во период од неколку години во близина на кавадаречкиот регион. - Имаме најава и од поголем број други компании како јапонско-италијанска групација, која е една од најголемите производители на автомобилски делови во светот од Јапонија, која заедно со италијанска компанија планираат фабрика за автомобилски делови во Македонија - рече Груевски. Тој додаде дека веќе постои и интерна одлука за изградба на фабрика за автомобилски делови во близина на Скопје од страна на британска компанија, која ќе инвестира околу 60 милиони евра, како и најавата за изградба на фабрика за хемиска индустрија во Струга за што наскоро треба да биде донесена интерна одлука. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9FD22AFA6429954080DB42BB135960C3 |
|||
![]() |
|||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
||
Со мало задоцнување, гледам непишал никој за реконстуркицајта на Битолска пивара.
повеке слики на овај линк http://www.bitolskasema.org/portal/component/content/article/50-komercijalni-tekstovi/3686-foto-bitolsko-i-kenbach-za-site Edited by JOE - 05-Apr-2012 at 15:09 |
|||
![]() |
|||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
||
Во ГУП доминираат индустриските зони На Прилеп, со измените на законот за просторно планирање, му претстои интензивна урбанизација. Урбанизмот е основа за развој на било кој град. Има сегрегација на урбанизирањето - од просторен план, генерален урбанистички план кој се изработува за градот и е основен стратешки документ за развој на градот. Урбанистичката документација не е догма која е дадена еднаш за секогаш, таа се менува постојано и лоша проекција на ГУП, може далекусежно да се одрази лошо на следните генерации. Некогаш се ограничува развојот на градот. Преважни се тие плански одредби. Добар ГУП дава предуслов за изработка на коректни и издржани ДУП-ови. ГУП-от третира наменски зони. Во тие наменски зони се креира зона за домување, зона за индустрија, зона за трговија, зона за јавни објекти. Сега со новиот ГУП, повеќе е нагласена индустриската зона, согледувајќи ги потребите на нашиот град. Прилеп 1 е првата индустриска зона во близина на Металец? - Со стапката на невработеност природно се наметнува потребата дека треба да се форсираат напорите да се направи предуслов за изградба на нови стопански зони, во кои ќе се градат мали, големи и средни стопански капацитети кои ќе интегрираат во себе работна сила. ГУП-от беше проширен за 400 хектари, а од крајот на 80-те години нема продадена градежна парцела за индивидуално домување. Со измените, со добивањето на располагање на државното неискористено градежно земјиште на локалната самоуправа се создадоа услови за продажба на ова градежно земјиште. Градот оттуѓува земјиштето за градба на објекти кои се предвидени по овие урбанистички документи. Претстои продажба на парцели кај фабриката Металец. Во тек е тендерот. Во “игра” се 21 парцела со 15,6 хектари. Тоа ќе е добар инпут за стопанството, што во најмала рака ќе ја ублажи невработеноста. Се наметна природно, на тој дел да се изградат индустриски капацитети. Ќе “никне” индустриска зона и кај Сточниот пазар на 2 хектари. Стопанска зона ќе има и спроти Жито Прилеп. http://www.zenitprilep.com.mk |
|||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
Три нови фабрики во Бунарџик ќе проработат до есен
„Текнохосе“ е во завршна фаза и од јуни се очекува да почне со производство, „Кемет електроникс“ идниот месец ќе почне да ја монтира опремата, а во слична фаза е и фабриката на „Протек“ ![]() они активно се работи „Текнохосе“, „Кемет електроникс“, „Протек“ се трите нови големи фабрики што ќе се отворат во технолошко-индустриски развојната зона Скопје 1. Од дирекцијата за технолошко-индустриски зони информираат дека објектите на овие три светски бренда се во завршна фаза и дека есенва и официјално ќе бидат отворени. - „Текнохосе“ е во завршна фаза. Се монтира опремата за работа, а објектот е готов. Од јуни очекуваме да почнат со производство. „Кемет електроникс“ идниот месец ќе почне да ги монтира опремата и машините, а веќе има и триесетина вработени што одат на обука и кои први ќе го почнат процесот на производство. Во слична фаза е и фабриката на „Протек“, кои при крајот на летото ќе почнат да произведуваат, а за што веќе се бараат вработени - ни изјави Виктор Мизо, директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски зони. Зоната Скопје 1, или популарно викана Бунарџик, сѐ уште е најатрактивната од седумте индустриски зони. Во зоната во Штип работи „Џонсон контролс“, кој моментално ги користи погоните на поранешна „Македонка“, додека не го оспособи комплетно својот објект. Во најава е оформување индустриска зона во Кичево, за што веќе се прават подготовки. - Минатата недела распишавме тендер за изградба на инфраструктура во зоната во Кичево, по што ќе ја пуштиме како понуда до инвеститорите - вели Мизо. Засега плацеви за градба во Скопје 1 купиле или, пак, веќе градат и „НН Фибер“, „Монтхерсо и груп“, како и „Ван Хул“, кој ќе прави автобуси. Фабриката од Македонија ќе ги работи 300-те автобуси што се нарачани од американска компанија. „Ван Хул“ е белгиски производител на автобуси, приколки и индустриски возила. Најголем дел од производството е наменет за Европа и за САД. Компанијата има 4.000 вработени во светот, но најголем дел од производството е стационирано во Белгија. Од дирекцијата одговорна за зоните велат дека, освен зоните во Скопје, очекуваат да се развијат и да бидат атрактивни и оние што се околу другите градови во внатрешноста на државата, пред сѐ поради поголемата конкурентност на работната сила, како и поради веќе развиените трудоинтензивни дејности специфични за градовите. Токму поради овој факт „Џонсон контролс“, кој шие текстилни производи за автомобилската индустрија, се позиционира во Штип, каде што и досега текстилната индустрија беше развиена, па и има обучен кадар за таа дејност. Планирани ТИР-зони Прилеп Гевгелија Кичево Струмица Ранковце Струга Радовиш Карактеристики на постојните ТИР-зони ТИРЗ Големина Скопје 1 140 хектари Скопје 2 95 хектари Штип 208 хектари Тетово 94,74 хектари Автор: Жарко Василевски http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=51812859522&id=10&prilog=0&setIzdanie=22583 |
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИТОР ВО БЛИЗИНА НА ВЕЛЕС Ќе гради фабрика за биодизел гориво ![]() Во индустриската зона во близина на поранешна "Свилара", недалеку од селото Горно Оризари во Велес, германска фирма сака да гради фабрика за производство на биодизел гориво. Во затворен систем со преработка на согорено моторно масло ќе се произведува биодизелот и дестилирана вода. Инвеститорите уверуваат дека производствениот процес нема да емитува опасни материи во воздухот и почвата. -Ние ќе го правиме сосема спротивното. Нема да произведуваме никакви штетни гасови и нема воопшто да ја загадуваме животната средина. Ние работиме со зелена технологија, значи еколошка - рече Мено Мулер, германски инвеститор. Постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек. Инвеститорите очекуваат за месец до два да ги добијат сите потреби документи и да почнат да ја градат постројката. Велат дека имаат поддршка од надлежните институции и доколку се биде во ред за шест месеци ќе почне изградбата. Инвеститорите од Германија се сретнаа и со претседателот на Советот на општина Велес, Славчо Чадиев. -Очекуваме поголема поддршка од општината и од граѓаните на Велес и околината. Досега од Владата имаме голема поддршка и отстранети се голем број препреки за отпочнување на целиот процес - рече Мулер Во почетокот се планира да се отворат триесетина работни места со тенденција за зголемување на бројот на нови вработувања. Германската инвестиција вреди 12 милиони евра. (С.А.) вечер |
|||
![]() |
|||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||
Германска фирма ќе гради фабрика за био-дизел гориво кај ОризариПреку затворен систем со преработка на стари дотраени масла од разни фирми во Македонија, германски инвеститори денеска на прес-конференција информираа дека сакаат да градат фабрика за производство на био-дизел гориво во индустриската зона кај велешкото село Оризари.![]() - Ние работиме со зелена еколошка технологија, која подразбира потполно чист производствен процес со заштита на животната средина според европски стандарди, рече Мулер. Инвеститорите очекуваат за месец до два да ги добијат сите потребни документи и да почнат да ја градат постројката вредна 12 милиони евра, која според нив ќе биде готова за шест месеци. Тие воедно информираа дека постапката за пренамена на земјоделското земјиште во градежно е во тек и за тоа веќе разговарале со надлежните во општина Велес од каде ја добиле првичната поддршка за изградба на фабриката. - Имавме информативни средби и со граѓаните на Велес, со жителите на селото Оризари и населбата Превалец и ја очекуваме нивната поддршка, потенцира вториот инвеститор, Антон Корчак, кој вели дека инвестира во Македонија затоа што неговите корени се од велешко. Воедно информира дека првично ќе вработат 30-тина работници,со можност за зголемување на бројот на вработените. http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=6263 |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
|
|||
![]() |
|||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
||
ОНЛАЈН ВЕСТИ 26.09.2012, 15:39 Холанѓани градат фабрика за заштитна облека ![]() Компанијата „Ван Пајнброк текстил“ ќе инвестира два милиона евра во нов капацитет во општина Илинден Холандската компанија „Ван Пајнброк текстил“, во новата фабрика која денеска почна да се гради во индустриската зона во општина Илинден, ќе произведува заштитна работна облека. Новата фабрика е инвестиција од два милиона евра, а ќе се гради на површина од 2.500 квадратни метри. Заштитната работна облека ќе биде наменета за извоз во земјите на Бенелукс. Со инвестицијата во следните две години ќе се отворат нови 180 работни места. На поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика во Илинден вчера присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески и амбасадорката на Холандија, Мариен Шурман. Компанијата „Ван Пајнброк текстил“ е присутна на македонскиот пазар од 1968 година. За холандскиот инвеститор, Хјуб Зехвелд, пресудна одлука да се почне со изградба на производствен погон биле добрите услови за инвестирање. „Добрите услови за инвестирање, локација блиску до аеродромот и до главниот град, ни овозможуваат да изградиме капацитет каде што веќе однапред е договорен пласман на производите. Нашата компанија во Македонија е целосно ориентирана на извоз на европскиот пазар, пред се' во земјите на Бенелукс. Новиот производен објект ќе биде оспособен за брзо да се приспособува на променливите барања на европските пазари“, истакна Зехвелд. Се очекува изградбата на фабриката да заврши следното лето. Во моментов компанијата е присутна на македонскиот пазар со три производствени капацитети. (С.Н.) http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=EC0AEC820007AB4FA99180FE3494A6D3 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 35> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |