![]() |
![]() |
![]() |
Реставрациja / Реконструкциja |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 24> |
Author | ||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Странски стручњаци советуваат како да се спасат фреските во црквата Перивлепта
Деновиве во посета на Македонија се врвни меѓународни стручњаци од Италија за заштита на културното наследство. Целта на посетата е да се изврши увид во состојбата на архитектурата и фрескоживописот во средновековните цркви во Македонија, меѓу кои спаѓа и црквата Света Богородица Перивлепта. Од стручњаците се очекува да дадат насоки како треба да се постапи за да се спасат загрозените фрески. Минатиот октомври амбасадата на САД и Министерството за култура потпишаа договор за доделување грант во висина од 6650. 000 американски долари за заштита и конзервација на црквата. Потпишан е и договор со европската комисија за ревитализација и заживување на целиот комплекс. Инаку, црквата Св. Богородица Перивлепта се смета за врвно дело на византиската архитектура. Ја изградил војсководецот Прогон Згур во 1295 година. Особено е значајна поради уникатните фрески насликани од врвните мајстори Михаил и Евтихиј Астрапа од Солун, кои поради оштетувањата на покривот и фасадата сега се во многу лоша состојба. http://ohridnews.com |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Започнаа археолошките истражувања врз црквата Св. Богородица Перивлепта
Екипи составени од стручни лица од Управата за заштита на културното наследство, вчера, ги започнаа археолошките истражувања на црквата Света Богородица- Перивлепта. Тие се дел од низата подготвителни активности кои се превземаат пред да започнат конзерваторско- реставраторските работи на црквата. Стручните екипи веќе извршија геомагнетно снимање на просторот, а се изврши и комплетно скенирање на објектот од надворешната и внатрешната страна. Моментално се изработува и документацијата на фрескоживописот, а се работаат и пресеци на објектот за да се санираат сите оштетувања, вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали- Бунташеска. Сите активности течат според планот кој бил утврден пред два месеци на заедничкиот состанок на кој присуствувал тим од Управата за заштита на културното наследство и архитекти, историчари на уметноста и конзерватори од УНЕСКО кои ќе учествуваат во зафатите за конзервација и заштита на фрескоживописот. Во текот на овој месец се реализира еден голем дел од работите- се изработи нова техничка документација за целиот објект. Монтирана е скела од источната и северната страна на објектот со цел кога ќе дојдат експертите од УНЕСКО веднаш да се почне со истражувачките активности, почнувајќи од кровот па надолу, објаснува Бунташеска. Предвидени се конзерваторско- реставраторски работи на црквата, на камбанаријата и манастирскиот конак.Проектот се реализира со средства доделени од страна на Амбасадата на Америка во Македонија во висина од 650. 000 долари. http://ohridnews.com |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Занетчискиот дом ке остане репрезантивен објект - Куманово
До крајот на годината треба да започне реконструкцијата на Занатски дом во Куманово. Идејниот проект го изработија млади кумановски архитекти кои сакаат на овој културно-историски објект да му го вратат некогашниот сјај. Главени акцент ќе биде ставен на свечената сала и галеријата, музеј на чевларската индустрија , а ќе се реновираат и останатите простории. Проектот за санација и адаптација на Занатскиот дом се однесува на 650 метри квадратни корисна површина, која како таква треба да одговори на зголемените потреби на локалната самоуправа од аспект на протоколарни средби, семинари конгреси, различни културни манифестации. Што се однесува до надворешната обработка предвидуваме само промена на столаријата,бојадисување и амбиетално осветлување на објектот со максимално почитување на препознатливиот карактер и изглед на објектот, земајки го во предвид културно историското значење што го има - вели архитектот Стефан Лазаревски. Средства за реновирањето ќе обезбеди Општината, а дел ќе се бараат од донации и странски фондации. Според првичните пресметки проект ќе чини од 400-500 иљади евра. Занатскиот дом, по кој Куманово е препознатливо во подледниве 20 години е занапуштен. Во дел од него се сместени неколку трговски дукани и Историскиот архив. Домот е изграден во 1930 година, на 21 ноември ќе се навршат 80 години од неговото постоење. ![]() 27.9.2010 http://www.kumanovonews.com Edited by Makedonij - 29-Sep-2010 at 08:32 |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Уште една пречка во реконструкцијата на штипската Саат Кула
Никако да започне реконструкцијата на Беговата кула или меѓу штипјани позната како Саат Кулата.Ако до пред извесно време причина за тоа беше електричниот столб кој што мораше да го дислоцира ЕВН, сега на реконструкцијата се противи сосетката чија што куќа е позади Кулата. За реконструкцијата е обезбедена е донација од сопственикот на конфекцијата ,,Албатрос,, во висина од 3,5 милиони денари.Но иако парите се на располагање стартот на работите од ден на ден се понеизвесен. Со реконструкцијата се планира Кулата да го добие својот автентичен изглед.Ќе се постават три часовници.Враќањето во првобитната форма ќе значи издигање на Саат кулата за 11,80 метри со тоа што таа ќе ја има својата првобитна висина од 29,65 метри. Дел од куќата бил урнат во 1934 година од тогашната власт. Историјата кажува дека кулата била изградена од турски бег кој живеел во Штип но неговото име не останало запишано .Тој ја направил кулата за да го заштити своето семејство во кризни времиња .На објектот имало и пушкарница и балкон.Еден век подоцна на култа бил поставен и часовник . Постои и уште една приказан поврзана со кулата.Некој Турски бег се заљубил во убавата штипјанка Ана .Сакал да ја потурчи и во тоа бил многу упорен.Таа за да го одврати еднаш рекла дека ќе се потурчи но тој за возврат на градот како сеќавање да остави убав спомен на пример една кула која ќе биде градски саат. Анка мислела дека бегот ќе се откаже, меѓутоа бидејќи турчинот бил многу заљубен , за сосема кусо време ја изградил кулата и ја одвел со себе младата штипјанка. ![]() http://www.kanal77.com.mk |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
Манастирот на дедо Иљо Малешевски пропаѓа
Манастирот е стар од турско време, тоа е документ за нашиот живот што треба да го чуваме и да го пазиме да не пропадне оти тогаш нема за што и ние да сме Христијани ако го испуштиме тоа дело, вели сестра Михаела. Ова е апелот до надлежните на старата монахиња Михаела од манастирот „Архангел Михаил” која 30 години живее во него, а денес гледа како пропаѓа манастирот, дело на Дедо Иљо Малешевски, во кој е испреплетено револуционерното и духовното во Малешевијата. Оваа малешевска гордост е единствениот манастир во Македонија кој има два века континуиран живот во него. Во нејзината црква се чува единствената икона од Дедо Ное и иконата каде за првпат стои името Македонец, како потпис на зоографот. Тече кровот од сите страни, во сите соби, вели сестра Михаела.Од Министерството за култура уште лани најавија дека во 2010 планирана е санација и реконструкција на манастирот, но и пред прагот на уште една зима, ништо нема од најавениот проект. Струмичката епархија, која е една од најсиромашните епархии, очекува надлежните да си ја завршат работата. Проблем е влагата и кровот, таму се правеше проект, но ќе дојде на ред и овој манастир на списокот на Министерството за култура, бидејќи манастирот е ставен под заштита, вели владиката Наум. Денес Малешевијата стана побогата за уште една црква. На 4 километри источно од Берово, во туристичката населба Абланица, беше осветена црквата „Св. Недела и св. Петка” градена од донации на Малешевци. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() http://www.malesh-net.com |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
||
OKA ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Dec-2009 Location: Yenni Maalе Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
|
![]() Edited by OKA - 12-Oct-2010 at 14:38 |
||
Врзи два поста без СК2014 и освој трет гратис!!!
|
||
![]() |
||
Makedonij ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Apr-2009 Location: Celje - Виница Online Status: Offline Posts: 2190 |
![]() ![]() |
|
![]() Проектот за запирање на навалувањето на прилепската Саат кула ќе ја чека 2011 година ![]() ![]() Прилепската Саат кула, еден од заштитните знаци на градот под Марковите кули, како да ја следи италијанската во Пиза. Продолжува инклинацијата односно навалувањето на оваа уникатна градба споменик на културата изграден во 1858 година од тајфата на познатиот прилепски мајстор Петре Лауцо. Откако се започнати мерењата од страна на Институтот за земјотресно инженерство ИЗИС во 1998 година продолжува поместувањето на вертикалната оска на Саат кулата во однос на вертикалата во правец на југозапад и моментната инклинација е 863 милиметри или 9 повеќе од последното мерење пред 4 години. Ваквата состојба ја налага неопходната потреба од проект за конструктивна консолидација односно зафати за спречување на навалувањето. Проектот вреден 3,5 милиони денари беше прифатен од Министерството за култура. Директорката на прилепскиот Завод и музеј Гордана Данилоска-Спироска се надева дека санацијата ќе биде приоритет за 2011 година: Се навалува кон онаа страна на која се скалите затоа што тие се мермерни и по цела висина на кулата. А причината за навалувањето:старите прилепчани знаат дека тука некогаш имало река која е покриена. Долу е песочно тло и онаа тежина која ја носи саатот со целата конструкција и темелите, доколку ги има, нормално во тој песок, во тој чакал, тонат. Чукањето на саатот не е секогаш означување на времето. За животот и времето што минува саатот жали и вика ах!, е натписот над влезната врата на Саат кулата напишан од Ахмед Сири. Таа има шестостран облик и со крстот е висока 38,76 метри, со што е втора по висина во Македонија по кулата во Скопје, висока 39,8 метри. Иако никој со сигурност не може да каже кога започнало навалувањето првата фотографиоја на која тоа се забележува датира од 1935 година. Како и да е ако Пиза ја има кривата кула, тогаш Прилеп го има накривениот Градски Саат, со кој неговите граѓани се гордеат но истовремено сите очекуваат тоа да биде запрено. http://www.kanal77.com.mk |
||
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
||
![]() |
||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
|
Се реставрираат последните фасади на Широк Сокак пред ![]() Потоа ![]() ![]() Edited by JOE - 03-Nov-2010 at 13:45 |
||
![]() |
||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
|
Уште две помали фасади се при крај
![]() ![]() |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
А за аероклубот (ова десно на последната слика), кој ќе одговара за поткровјето и без врска уништеното приземје?
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Feb-2008 Location: Lerinsko Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Инаку имав и јас две-три слики (од текот на реставрацијата), имав заборавено да ги постирам:
![]() ![]() ![]() |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
JOE ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2010 Location: Bitola Online Status: Offline Posts: 226 |
![]() ![]() |
|
Па таа таква беше и пред да почнат да ја прават оваа со синава фасада.Ваљда и неа ке ја направат како и сите останати,фактички мислам дека уште таа и остана ненапраена |
||
![]() |
||
Мартин ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 366 |
![]() ![]() |
|
Супер изгледаат, но нема ли начин да се тргнат климиве, и да се стават на место каде што нема да се гледаат?
|
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
go bitola!
![]() |
||
![]() |
||
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
![]() |
||
ovaj_stariov ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2008 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 1321 |
![]() ![]() |
|
http://vest.com.mk/?ItemID=7F99DB2770585147908CE192F2114F96 |
||
build.mk, гради форумска историја
|
||
![]() |
||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1213141516 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |