![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 152153154155156 159> |
Author | |
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Три и пол години поточно. Од 2019-та негде се копа и прекопува тука. Може да се види во архивските снимки на google earth од 08/2019 дека е раскопана раскрсницата и сообраќајот заобиколува. |
|
![]() |
|
Bridgeburner ![]() Groupie ![]() Joined: 17-Jan-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 97 |
![]() ![]() |
User8642
Луѓево имаат платено 95евра м2 комуналии за градба. Плацовите се движеа од 10-40 евра за м2 со лицитација од општината. |
|
![]() |
|
makedamnsure ![]() Groupie ![]() Joined: 30-Aug-2022 Online Status: Offline Posts: 43 |
![]() ![]() |
Арсовска чепка нешто?
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Ништо
|
|
![]() |
|
Semir ![]() Newbie ![]() Joined: 16-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 21 |
![]() ![]() |
Додека Шилегов беше градоначалник, форумов беше жив и секогаш имаше нови теми и риплаи со updates на подтоечки или идни проекти. Сега кога и да влезам нема што да читам.. досадно..мртво.. Мислам дека тоа е најобјективен показател колку Арсовска ништо не работи. Секоја чест на моите сограѓани кои немаат вештини за критичко размислување и не знаат да одвојат партија од политичар/човек и го изгласаа најнеспособниот графоначалник во историјата на Скопје.
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
1. Требаше прво Шилегов да се одлепи од партијата и од дневнополитички пресметки на секоја можна тема, за да го гледаат како градоначалник на изборите. Дури и Коце знаеше кај му е место и дека неградски теми само лошо му влијаат на рејтинг.
2. Во Скопје градоначалник функционира добро кога е на позиција во исто време со централна власт, неколку пати веќе докажано. Данела се испокара со сите, што и не е оправдување, бидејќи веројатно е и неспособна. И Шилегов го немаше никаде првите 2, 2 ипол години, освен со довршување некој наследен проект. 3. Тоа што послабо се коментира повеќе се должи на невидена апатија кај луѓето. Истите глупости ги гледаме со ДУП-ови, со загадување, со башибозук по институции. Ако гледаш по активност, во време на СК2014 најактивен беше, така да таа метрика не ти е валидна. |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Забележав значаен напредок на булеварот Киро Глигоров. Не можев да сликам но од она што видов речиси цела траса е доведена пред асвалтирање со втор слој, освен раскрсницата кај Фон универзитет. Исто така извршено е целосно преасвалтирање на едната страна од мост близнак во насока од Аеродром према Гази Баба. Ако послужи времето не би требало повеќе од 2-3 недели за целосно комплетирање. Ако се сака може и за една ама тоа друга тема е...
|
|
![]() |
|
Phiko ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Aug-2020 Online Status: Offline Posts: 209 |
![]() ![]() |
Не знам дали е за тука или има посебна нишка за Ленинова, не успеав да најдам: Герасимовски: Утре започнува реконструкцијата на „Ленинова“Утре, среда, 15.2.2023, започнува реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од раскрсницата со булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митролополит Теодосиј Гологанов“. Со проектот за реконструкција ќе се постави нов горен и долен строј на асфалт, целосна замена на водоводната и атмосферска канализациона мрежа, ќе се реконструираат старите и оштетени тротоари, ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата, со нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување. Во првата фаза на рекоснтрукцијата ќе се изведуваат градежни активности на потегот од раскрсницата со улицата „Киро Крстевски Платник“, до раскрсницата со улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Утре (15.2.2023) Општина Центар започнува со реконструкцијата на улицата „Ленинова“, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“.
Зафатот ќе опфати поставување на нов горен и долен слој на асфалт, водоводна и атмосферска канализациона мрежа, нови тротоари и рабници, а ќе се воведе резидентен паркинг по цела должина на улицата. „Ленинова“ ќе добие и нова урбана опрема и еколошки ефикасно ЛЕД улично осветлување по цела должина на потегот. Со оваа реконструкција Општина Центар им излегува во пресрет на жителите, кои на крајот ќе добијат улица со нов лик и повеќе зеленило, безбедна и квалитетна, изведена во согласност со сите современи стандарди за функционалност. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Конечно нешто позитивно да изненади.
Ако е до последна 57, тогаш ова би требало да е делницата: ![]() Edited by <Fresno> - 17-Feb-2023 at 17:47 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Каблите на „Ленинова“ ќе бидат подземни, за да не се испреплетуваат во крошните на дрвјата
![]() ![]() Градежните зафати на улицата „Ленинова“ течат со интензивна динамика. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски беше на увид при поставувањето на атмосферската канализација која досега не постоеше. -Во моментов за првпат се поставува атмосферска канализација во должина од 516 метри која досега улицата „Ленинова“ ја немаше и поради која често имаше поплави. По ова ќе биде поставена и нова водоводна мрежа во должина од 411 м2. Водиме сметка и за резидентните паркинг места на станарите кои ќе бидат со агол од 45 степени за да се ослободат тротоарите, на кои сега има коли. Планираме и нова велосипедска патека од едната страна на улицата, нови рабници, осветлување, нови канделабри. Каблите кои сега се испреплетени во дивите костени ќе бидат спуштени подземно и во договор со ЈП „Паркови и зеленило“ крошните на дрвјата ќе бидат искроени со цел да не ја попречуваат светлината од канделабрите и не удираат во фасадите на зградите. Исто така по насока на претпријатието старите и исушени дрвја ќе бидат отстранети, рече Герасимовски при увидот. Улицата „Ленинова“ е долга 510м поради што ќе биде поставен нов асфалт од 4000м2. Ќе има нови пешачки патеки од 4100м2 каде ќе биде поставена нова урбана опрема од клупи и канти за отпадоци, паркинзи за велосипеди на обележана вело-патека на ниво на коловоз од едната страна. За побезбеден сообраќај на две места на коловозот ќе има подигнувања т.н бариери за намалување на брзината. Општина Центар, како што истакнуваат оттаму, по улицата „Орце Николов“ прави уште една модерна сообраќајница која е и една од главните артерии кон булеварот „Метрополит Теодосиј Гологанов“. По реконструкцијата граѓаните ќе добијат значително намалување на сообраќајниот хаос особено во попладневните часови. https://nezavisen.mk/kablite-na-leninova-kje-bidat-podzemni-za-da-ne-se-isprepletuvaat-vo-kroshnite-na-drvjata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Хаосот по бул.Киро Глигоров кон Бриколаж кој трае 2-3 години
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/145337166272043 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Со Данела Арсовска има уште 3 да трае...
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФИРМАТА КОЈА ГИ АСФАЛТИРАШЕ ШАХТИТЕ НА УЛИЦА КОЗАРА, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГЕРАСИМОВСКИ ЈА ИЗБРА ДА ЈА РЕКОНСТРУИРА ЛЕНИНОВА ЗА 670.000 ЕВРА
![]() Фирмата „Гама градба“, која ги асфалтираше шахтите на улица Козара во скопски Капиштец и во повеќе наврати ја раскопуваше целата улица оти не беше добро изведена, ќе ја реконструира улицата Ленинова. Истата фирма и по второто асфалтирање несоодветно ја изведе улицата Козара и таа сега пак е полна со дупки. И градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во неколку наврати, по реакциите на граѓаните и објавите во медиумите, велеше дека изведувачот не ја асфалтирал улицата квалитетно и најавуваше казни за него. Но, и покрај toa, не само што нема казни за изведувачот туку доби уште еден тендер од Општина Центар за 670.000 евра. Реконструкцијата чини 35 милиони денари без ДДВ. Изведувач на работите е компанијата „Гама градба“. Рокот за завршување на работите е 180 денови, односно 6 месеци од почетокот на реконструкцијата“, ни одговорија од Општина Центар на нашите прашања кој ја реконструира улица Ленинова. Градоначалникот Горан Герасимовски денеска не одговараше на нашите повици ниту на прашањата испратени преку вибер, зошто „Гама градба“ е избрана за изведувач и покрај катастрофалното работење и големиот број поплаки од граѓани, но и зошто не добиле негативна референца за да не можат да конкурираат на тендери? Градежните работи на Ленинова почнаа минатата недела на потегот од булеварот Партизански одреди со крстосницата со Теодосиј Гологанов. Тогаш градоначалникот Горан Герасимовски не кажа колку ќе чини изведувањето и која фирма ќе ја реконструира. „Гама градба“ за реконструкцијата на Козара доби 220.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/firmata-koja-gi-asfaltirashe-shahtite-na-ulitsa-kozara-gradonachalnikot-gerasimovski-ja-izbra-da-ja-rekonstruira-leninova-za-670-000-evra/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
Незнам каде точно да прашам, па еве ќе прашам овде.
Пробувам да пристапам кон ГУП - от на Град Скопје, поточно GIS системот / порталот, но веќе извесен период нешто не ми дава. Одам овде: https://skopje.gov.mk/mk/gup-na-gradot/ па после кликам на тоа последното каде што пишува ГУП, но кога ќе отворам ми се појавува ова: ![]() la multi ani gif Тоа е на страната: https://gisportal.skopje.gov.mk/gup/ Пробано на доста различни пребарувачи, и секаде ист проблем. На почетокот ми даваше да одберам некакви си 3 сертификати на сајтот, но со ниеден од нив не успеав да ја вчитам страната, т.е. GIS порталот. Знае некој некое чаре? Дали и кај вас е ист проблемот? Извинете за off-topic, неможев да најдам друга по - соодветна тема за ова. Сакав да погледнам како се планирани некои од улиците, но веќе подолг период неможам да го направам тоа ![]() |
|
![]() |
|
Citizen ![]() Groupie ![]() Joined: 18-Mar-2020 Online Status: Offline Posts: 49 |
![]() ![]() |
До тебе е. Кај мене работи. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
УЛИЦАТА КОЗАРА ВО СКОПСКИ КАПИШТЕЦ ОДНОВО ЌЕ СЕ АСФАЛТИРА ОТИ АСФАЛТОТ ПАК ИСПУКА
Улицата Козара во скопски Капиштец повторно ќе се асфалтира, бидејќи е несоодветно изведена. Ова е трето асфалтирање на улицата која изминативе неколку години е постојано раскопана поради големиот број нови згради кои се градат. Изведувачот, фирмата „Гама градба“, најпрво летоска при поставување на првиот слој асфалт ги асфалтираше и шахтите. По реакцијата на жителите, го корнеше асфалтот. Потоа, во ноември беше поставен втор слој долж целата улица. Но, само две недели по асфалтирањето фирмата по налог на Општината почна да го корне асфалтот оти улицата беше несоодветно изведена. Сега Козара пак е со дупки и распукан асфалт и изведувачот одново ќе треба да ја прави. „Општина Центар неколку пати досега информираше дека поради асфалтирање во лоши временски услови и ниски температури дојде до оштетување на асфалтот, кој ќе биде заменет. За грешките настанати при изведбата, изведувачот сам си ги сноси трошоците и нема да му биде исплатено сѐ додека улицата не биде изведена согласно сите постоечки стандарди. Со граѓаните одржани се неколку средби, на кои побаравме разбирање за состојбата, информирани се за пречките во изведбата, дискутирано е за проблемот и истиот ќе се реши во најкус можен рок“, велат од Општина Центар. Казни за фирмата изведувач нема. Тендерот за реконструкција на Козара чини 150.000 евра. И покрај неквалитетната изведба, Општина Центар склучи договор со истата фирма „Гама градба“ и за реконструкција на улицата Ленинова во вредност од 670.000 евра. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/ulitsata-kozara-vo-skopski-kapishtets-odnovo-ke-se-asfaltira-oti-asfaltot-pak-ispuka/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Козара ќе се асфалтира и по третпат, „Гама градба“ ќе ги добие договорените 130 000 евра ако „зафатот“ помине успешно
![]() Улицата Козара во Капиштец ќе остане запаметена како улица која за половина година трипати се асфалтира. Двапати поставувањето на асфалтот беше неуспешно, па така по принципот „стави-извади“ реконструкцијата која започна минатото лето можеби ќе финишира до крајот на месецов, доколку фирмата „Гама градба“ конечно успее да ја асфалтира како што треба. Жителите на Козара во изминативе месеци видоа сѐ – од затрупани сливници и шахти со асфалт, до нерамен асфалт под нивото на шахтите, за после второто асфалтирање да посведочат и на оштетувања на коловозот кои се појавија по првиот пообилен дожд. Нивните реакции и револт разбирливо се насочени кон Општина Центар, во чија надлежност е оваа улица, од каде пак очекуваат дека третото асфалтирање ќе биде успешно, за на фирмата да и бидат исплатени договорените пари за реконструкцијата. Денеска градоначалникот Горан Герасимовски, посочи дека фирмата е избрана на јавен повик уште пред неговото доаѓање на чело на Општината и дека досега „Гама градба“ веќе има завршено две улици во Дебар Маало и ја изведува реконструкцијата на Козара. Надзорот си ја врши својата работа, има направено грешка во изведбата во поставувањето на асфалтот. Технички прием не е направен на улицата, во моментов не е исплатена фирмата. Чекаме до крајот на месецот улицата да биде завршена. За тоа како ја добиле јавната набавка гледам одредени написи дека градоначалникот ја дал јавната набавка. Градоначалникот не дава јавна набавка, тоа си оди на тендер, си има одредени услови, има наддавање и слично. Во моментов е почната улицата Ленинова, која што ја прави истата фирма, има одличен надзор кој секојдневно е на терен, за во иднина да не се повтори каква било грешка. Доколку грешките на Козара не се коригираат, при правење на технички прием на улицата ќе и се даде негативна референца – рече Герасимовски. Тој нагласи дека парите на граѓаните се заштитетни со тоа што фирмата не е исплатена, а исплатата ќе се изврши кога ќе биде улицата целосно реконструирана и доколку надзорот покаже дека сѐ е во ред. Пред еден месец, во одговор на коментар на жител на оваа улица, Герасимовски рече дека се бара начин да се изврши нова набавка, за нов изведувач, а дека постапката со „Гама градба“ ќе продолжи на суд. Излеговме на терен, констатирано беше дека асфалтот не е квалитетен и, согласно договорот, укажано беше да се повтори постапката односно да се асфалтира од почеток, меѓутоа и вториот асфалт не беше во ред. Затоа Општината нема да исплати средства по тој основ, па сега бараме начин да направиме нова набавка и да се јави друг изведувач, а постапката ние со него на суд да ја продолжиме. Ништо не исполни согласно договорот и друг начин освен неплаќање и продолжување на судска постапка немаме – објасни тогаш Герасимовски. Сепак, работата нема да се „тера“ на суд и на „Гама градба“ ќе и се даде и трета шанса на Козара, за чија реконструкција, според договорот, ќе треба на крајот и се исплатат 130 000 евра. Во меѓувреме, на почетокот на февруари, Општина Центар со фирмата склучила и анекс на договорот во вредност од 22 000 евра, според кој фирмата треба да ги направи и краците на улицата. Неодамна „Гама градба“ започна да ја реконструира и улицата Ленинова. Останува да се види дали асфалтирањето на оваа улица ќе „помине од прва“. https://www.slobodenpecat.mk/kozara-kje-se-asfaltira-i-po-tretpat-gama-gradba-kje-gi-dobie-dogovorenite-130-000-evra-ako-zafatot-pomine-uspeshno/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Започнуваме со целосна реконструкција на улицата Александар Урдаревски која е под надлежност на Град Скопје
Се реконструира коловозот на улицата на површина од 9600 м2 и должина од 1270 метри, изработка на банкини од тампонски материјал и нови рабници, ![]() ![]() https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
FiLo ![]() Senior Member ![]() Joined: 26-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 148 |
![]() ![]() |
Фала богу, оваа калдрма сигурно е од времето на Римјаните поставена.
Сум кружел и преку обиколница само да не ја возам оваа улица. Подобро 1 литро гориво плус отколку испокршено цело подвозје на колата. Edited by FiLo - 03-Mar-2023 at 23:26 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 152153154155156 159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |