![]() |
![]() |
![]() |
Скопски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 156157158159> |
Author | |
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Цел проект:
![]() Од запад накај исток: ![]() ![]() ![]() ![]() Не знам дали има тема за Јужен булевар / булевар Македонија. Може треба да се префрли се таму за проектов од оваа тема и темите за Лимак и урбани автопати. |
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Значи ќе треба 57мица (кон Центар) да ја префрлат на Народен Фронт, пошто Васил Ѓоргов ми личи како излез од кружниот, не и влез.
|
|
![]() |
|
SkMk ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 18-Jul-2023 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 25 |
![]() ![]() |
На сликава личи дека од Народен Фронт само ќе може да се излезе на кружниот (не може од кружниот на Народен Фронт),а на Васил Ѓоргов само да се влезе од кружниот (не може од Васил Ѓоргов на кружниот).
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТО Дупките и отворените шахти низ скопските улици
Овие фотографии се направени на потегот од полициската станица Пролет, дел од нив се и кај зградата на ЗОИЛ Македонија, потоа на улицата улицата „Стив Наумов“ (поранешна Ленинградска) која денес се вика „Славко Јаневски“. ![]() ![]() ![]() ![]() https://gradska.mk/foto-dupkite-i-otvorenite-shahti-niz-skopskite-uliczi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Финализиран договорот за реконструкција на улицата „Елисие Поповски“ во Капиштец.
Целта е да го намалиме сообраќајниот метеж и да ја подобриме безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Улицата „Елисие Поповски“ ќе добие нов асфалт и рабници, а постојните шахти ќе бидат подигнати и нивелирани. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
(Видео) Булеварите во Скопје кој од кој пооштетен
Стотици илјади автомобили секојдневно минуваат низ скопските улици и булевари, а патната инфраструктура е далеку од завидно ниво. Коловози со дупки, крпеници, вдлабнатини, често пати и неосветлени е секојдневието на возачите низ Скопје. Најфреквентните булевари се и најоштетени. Еден од нив е булеварот „Партизански одреди“ бучевар кој низ речиси целата должина (од Влае па се до Соборниот храм) е со вдлабнатини и искривувања првата лента по која најчесто возат автобусите. Ништо подобар не е ниту булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ (оној од Народна Банка до Железничка станица). Нерамнини, дупки, пропаднати шахти има и на булеварите „Митрополит Теодосиј Гологанов“ „Александар Македонски“ „Јане Сандански“… Од главните артерии во градот во добра состојба се уште се „Трета Македонска Бригада“ „Илинденска“ како булеварите „Словенија“ и „Босна и Херцеговина“. Но ваквата очајна состојба на најважните сообраќајници во главниот град очигледно не ги загрижува надлежните во Град Скопје. Ова лето (период кога треба да има офанзива) не е реконструиран ниту метар од некој булевар во Скопје. 24инфо.мк се обрати до службите во Град Скопје за информација за тоа колку булевари и главни улици се реконструирани во овој период, но оттаму до овој момент се уште немаме одговор. И додека Град Скопје молчи граѓаните на Скопје, туристите, оние кои транзитираат низ градот продолжуваат да возат по лоши, небезбедни улици и булевари кои не доликуваат на град што себеси се смета за метропола. https://24info.mk/2024/08/08/видео-булеварите-во-скопје-кој-од/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Целосно ја реконструираме улицата ,,Христо Татарчев” со површина од околу 7000м2!
Денес се наоѓаме на улицата ,,Христо Татарчев”, каде ќе се врши целосна реконструкција на потегот од бензинската ,,Мечкаров” па сѐ до кружниот тек на последната станица на автобусот со бр.24. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=1041931267560162&set=pcb.1041934824226473 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Денешни ![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФИНИШИРААТ РЕКОНСТРУКТИВНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦАТА „БЛАЖЕ ТОДОРОВСКИ“ ВО НОВО МААЛО
Во финалната фаза е асфалтирањето на коловозот на улицата „Блаже Тодоровски“ кој е во должина од 135 метри и површина од 742 метри квадратни. На улицата изградивме атмосферска, водоводна и фекална мрежа, со што го решивме горливиот проблем на жителите во населбата. Со градежните активности завршуваме целосно за десетина дена, по што улицата ќе биде пуштена во употреба. За утре најавувам почеток на реконструкција на улицата „Елисие Поповски“ во Капиштец. Есенската градежна офанзива продолжува со реконструкција на улиците „Светозар Марковиќ“, „Донбас“, „ Алберт Ајнштајн“, „Андон Дуков“ и „Дебарца“ која од Ленинова води до задната страна на студентскиот Кузман Јосифовски Питу. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo/?fbid=492725756800247&set=pcb.492726003466889 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СТАРТУВАМЕ СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЕЛИСИЕ ПОПОВСКИ“ ВО КАПИШТЕЦ
Започнавме со реконструкција на „Елисие Поповски“ каде целосно ќе го обновиме асфалтот на површина од 4.822 метри квадратни, ќе ги нивелираме шахтите, ќе поставиме нови рабници и ќе ги поплочиме тротоарите со павер елементи. На овој потег ќе работиме со забрзана динамика бидејќи станува збор за фреквентна улица преку која се пристапува до Клинички центар. ![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=945171280956648&set=pcb.945173667623076 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сообраќајот во Скопје колабира на три капки дожд, не се изградија ни булевари ни кружни текови
![]() ![]() Во градов подолго време не се прошируваат улици, не се градат булевари, иако градоначалниците честопати најавуваат „градежни офанзиви“ за реконструкција на улиците. Тие подновувања најчесто опфаќаат поставување нов асфалт што го олеснува движењето на жителите на населбите, но на ниво на град не решаваат ништо. И најмал дожд во Скопје предизвикува вистински сообраќаен хаос, кога улиците се преполни со автомобили, автобусите доцнат, а колоните возила едвај се движат дури и по булеварите. Три капки дожд во главниот град ги предизвикуваат скопјани да ги остават велосипедите и да се откажат од пешачењето, па дури и од користењето градски превоз, стравувајќи дека автобусите што вообичаено долго се чекаат, на таков ден ќе се чекаат со часови. Но, исто така, секој дожд покажува дека сообраќајната инфраструктура во Скопје одамна ги надмина потребите на граѓаните и го надживеа времето кога улиците беа проектирани за едно возило на семејство. Во градов подолго време не се прошируваат улици, не се градат булевари, иако градоначалниците честопати најавуваат „градежни офанзиви“ за реконструкција на улиците. Тие подновувања најчесто опфаќаат поставување нов асфалт што го олеснува движењето на жителите на населбите, но на ниво на град не решаваат ништо. Актуелната градоначалничка Данела Арсовска пред да го добие мандатот ветуваше изградба на пет нови булевари за Скопје да стане модерен и урбан град со брзи конекции меѓу населбите во градот. Предвидуваме отпочнување на изградба на булеварот Хрватска (во соработка со централната власт), продолжување на булеварот Борис Трајковски до Драчево, продолжување на булевар Словенија до Ѓорче Петров, како и продолжување на булевар Митрополит Теодосиј гологанов од студентскиот дом „Гоце Делчев“ до кракот со булевар Ѓорче Петров со 4 ленти. Предвидуваме и подземни сообраќајници под кружниот тек кај „Нова Македонија“ со влез од кај Кисела Вода и излез кон кружниот тек кај католичка црква – стои зацртано во програмата „За модерно Скопје“. Ниту се изградија булеварите што требаше да го забрзаат протокот на сообраќај, ниту се изведе кружниот тек кај „Нова Македонија“, а продолжувањето на булеварот Борис Трајковски до Драчево тапка во место затоа што на овој потег Град Скопје треба да реши повеќе имотноправни проблеми за да се овозможи проширувањето. Поради нерешени имотноправни проблеми и мостот „Генерал Михајло Апостолски“, кој требаше сообраќајно да го поврзе Аеродром со Автокоманда, иако изграден завршува до куќите во Ќерамидница. Од Град Скопје овој проект веќе одамна не го споменуваат. На неполна година пред истекот на мандатот на Арсовска нема ништо ниту од ставањето на подземната улица под комплексот на „Лимак“ во сообраќај. За такво нешто потребно е улицата што веќе е завршена, да се поврзе со излези, што е обврска на Град Скопје. Амбициозниот проект што се најавува со години, предвидува сообраќаен коридор, кој од кај Тутунски комбинат ќе се спојува со подземната улица под комплексот на „Лимак“, со излез кај „Нова Македонија“. Овој коридор треба да овозможи да се растовари центарот на градот и граѓаните што се движат од Карпош, од Ѓорче Петров, побрзо да стигнат до Кисела Вода или Аеродром и обратно. Арсовска минатата година посочи дека од едната страна кај Тутунски комбинат треба да има булеварско решение со еден кружен тек, а од страната на „Нова Македонија“ треба да има огромен турбо кружен тек, на нивоа, со чија изведба во централното градско подрачје сообраќајот ќе тече брзо и без застој. Проблемот за кружниот тек кај поранешниот НИП биле бараките на компјутерскиот центар на Македонски железници, кои треба да се урнат заедно со постојните куќи во тој дел. Досега тоа не е направено. Пред неколку месеци, пак, Град Скопје соопшти дека почнува со изградба на булеварот Македонија, голем сообраќаен проект со кој треба да се растовари сообраќајот во центарот на градот особено на улицата Јордан Мијалков, улицата Павел Шатев, улицата Св. Кирил и Методиј и булеварот Кочо Рацин. Градското раководство почнува со изградба на сообраќајницата на потегот од Тутунски комбинат во Кисела Вода која завршува во централното градско подрачје и во првата фаза се опфатени булеварот и три крстосници, првата меѓу булевар Крушевска Република и улица 11 Октомври, втората меѓу булевар Борис Трајковски и булевар Македонија и третата на двата краци на булевар Македонија кон втората фаза од булеварот што се поврзуваат со подземната сообраќајница кај „Лимак“ – информираа од Град Скопје. Во меѓувреме, скопјани со часови ќе патуваат од еден до друг крај на градот, пробивајќи се низ тесните сообраќајни грла низ Скопје, со надеж дека некогаш можеби ќе се спроведе сето она што засега е само проект на хартија. https://www.slobodenpecat.mk/soobrakjajot-vo-skopje-kolabira-na-tri-kapki-dozhd-ne-se-izgradija-ni-bulevari-ni-kruzhni-tekovi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Град Скопје денеска до Министерството за локална самоуправа ги достави проектите согласно објавениот јавен повик на Владата за поддршка на општините, со цел унапредување на квалитетот на живот на жителите на Скопје.
Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, се аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за обнова на градежната механизација. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Кој и да е надлежен, работите мора да продолжат: Два месеца нема автобуси по „Христо Татарчев“, улицата остана раскопана
![]() ![]() Иако граѓаните бараат одговорност од Град Скопје, реконструкцијата на крајот од август ја најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој тогаш нагласи дека продолжува градежната офанзива за обнова на патната инфраструктура низ општината. Граѓани од Кисела Вода се жалат дека улицата Христо Татарчев два месеца стои раскопана, поточно со изгребан асфалт, без градежни работи и без најава ниту од Град Скопје ниту од Општина Кисела Вода кога повторно ќе биде во функција. Жителите, особено повозрасните, особено се вознемирени затоа што по улицата повеќе не минуваат автобуси, па поради тоа мораат да пешачат и по половина километар до најблиската станица. Реконструкција на улицата се изведува на потегот од бензинската „Мечкаров“ до кружниот тек на последната станица на автобусот со број 24, но досега освен што е изгребан асфалтот ништо друго не се случува па граѓаните прашуваат дали надлежните чекаат да дојде зима или ги чекаат локалните избори за да асфалтираат, посочувајќи дека ги „искршиле“ автомобилите по дупките, но наведуваат и други проблеми. Повозрасен граѓанин што реагираше во нашата редакција вели дека се обратиле во општината за да прашаат кога ќе продолжат градежните работи за конечно улицата да се асфалтира и да престанат нивните маки, но оттаму ги препратиле во Град Скопје со објаснување дека оваа улица е во градска надлежност. Во чија надлежност е улицата Христо Татарчев, која претходно се викаше Сава Ковачевиќ, не е докрај јасно. Таа како Христо Татарчев е наведена на списокот на улици за кој е надлежен Град Скопје, а како Сава Ковачевиќ на списокот на улици за кои е одговорна Општина Кисела Вода. Но, ниту од една од овие две институции не одговорија на нашите прашања кој ја изведува реконструкцијата, кога ќе продолжи работата и кога ќе заврши реконструкцијата на улицата. Градежните работи за реконструкција на 19 август ги најави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, што е необично доколку улицата ја обновува Град Скопје. Тој тогаш нагласи дека продолжува градежната офанзива за обнова на патната инфраструктура низ општина Кисела Вода. Еден месец потоа, Ѓорѓиевски информираше дека нов асфалт ќе добијат и четири краци на оваа улица, односно краците 1, 7, 9 и 11, кои, како што рече, со децении биле заборавени од минатите локални власти. Инаку, веднаш штом почна реконструкцијата на Христо Татарчев, од ЈСП „Скопје“ соопштија дека поради градежни активности на улицата во Кисела Вода кај сервисот „Мечкаров“ линиите 13, 24, 58, 58а, 58б ќе бидат се пренасочени по булевар Борис Трајковски, кај Цементарница по улицата134, кон Кружниот тек во Кисела Вода. Пренасочувањето трае речиси два месеца. Зошто во моментов ништо не се работи на улицата и кога ќе заврши реконструкцијата е одговорот што со нетрпение го чекаат жителите на Кисела Вода и кој локалните власти треба да им го дадат на своите граѓани. Независно од тоа кој е надлежен и кој ја извршува реконструкцијата, оти тоа граѓаните најмалку ги интересира. Ним им е најбитно повторно да имаат функционална улица и – автобуси. https://www.slobodenpecat.mk/koj-i-da-e-nadlezhen-rabotite-mora-da-prodolzhat-dva-meseca-nema-avtobusi-po-hristo-tatarchev-ulicata-ostana-raskopana/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДЕСЕТ КОМПАНИИ Ѝ ПИШАА ПИСМО НА АРСОВСКА КОЈА ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ЈА РАСКОПА УЛИЦАТА 808 ВО ГАЗИ БАБА И ЈА ОСТАВИ ДА СЕ ВОЗИ ПО ДУПКИ
![]() Десет компании кои се лоцирани на улицата 808 во индустриската зона во Општина Гази Баба бараат од Град Скопје итно да ја доврши улицата која стои раскопана една година. Во писмото испратено до Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ се потпишани компаниите „Европа“, „Алкалоид“, „Пивара Скопје“, „Меркур“, „Вилиџер“, „Алфи Техноцентар“, „Бурт Македонија“, „Клевер МК“, „Симакс шпедиција“ и „Годсмин“. Велат дека тие, но и граѓаните секојдневно трпат штети поради тоа што Град Скопје една година ја остави улицата раскопана, со дупки и отворени шахти. Реконструкцијата на улицата 808 почна на 22 август 2023. Беше раскопана, односно беше отстранет стариот оштетен асфалт, но уште не е завршена. „Оваа улица е една од најфреквентните сообраќајници во овој дел од општината, а по истата се движат и голем број товарни возила бидејќи се работи за индустриска зона и е една од улиците за влез во градот. Ние како правни субјекти кои работиме и се движиме секојдневно по оваа улица сме дирекно засегнати бидејќи имаме секојдневни пријави од купувачи и вработени за оштетени возила, трпиме штети и на службените возила и на крај, сето тоа влијае и на прометите. Сметаме дека надлежните институции треба во најкус можен рок да пристапат кон довшрување на улицата 808 заради доброто на градот, граѓаните и компаниите“, се вели во писмото на компаниите испратено до Арсовска на 17 октовмри. Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска не добивме одговор зошто улицата една година не е направена и како е можно ваква фреквентна сообраќајница, во која се наоѓаат едни од најголемите компании во земјава, да стои раскопана една година. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/deset-kompanii-pishaa-pismo-na-arsovska-koja-pred-edna-godina-ja-raskopa-ulitsata-808-vo-gazi-baba-i-ja-ostavi-da-se-vozi-po-dupki/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДВА МЕСЕЦA СТОИ РАСКОПАНА И НЕДОВРШЕНА УЛИЦАТА „ХРИСТО ТАТАРЧЕВ“ ВО КИСЕЛА ВОДА
![]() Улицата Христо Татарчев во скопската Општина Кисела Вода два месеца стои раскопана и недовршена. Општината во август годинава почна со реконструкцијата на потегот од бензинската „Мечкаров“ до кружниот тек на последната автобуска станица на линијата 24. Во должина од 7.000 метри квадратни беше извададен стариот оштетен асфалт, и поставен само еден слој. Два месеца на улицата нема никаква градежни работи, па граѓаните возат по нерамен асфалт, а шахтите се издигнати бидејќи не е поставен завршниот слој асфалт. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, во објава на својот официјален фејсбук профил на 19 август кога започнаа градежните работи се заблагодари на Светска банка и на Владата односно Министерството за транспорт и врски „кои ја препознаа и финансиски ја поддржаа нашата визија, што ја овозможи реализацијата на овој проект“. Од Општина Кисела Вода не добивме одговор на нашите прашање зошто улицата стои недовршена, нема никакви градежни работи и кога се планира да се асфалтира со оглед на тоа дека наскоро временските услови нема да дозволуваат вакви зафати. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dva-mesetsa-stoi-raskopana-i-nedovrshena-ulitsata-hristo-tatarchev-vo-kisela-voda/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
На Арсовска, очигледно и се бројат деновите пред да си замине доживотно на пензија во Шутка.
Edited by The Wild Boy - 24-Oct-2024 at 01:54 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ВИДЕО | Булеварот пред Народна банка како изорана нива, итно му треба нова реконструкција
![]() Арсовска се пофали дека булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ е реконструиран по светски стандарди, но слабостите се покажаа после 8-9 месеци кога започна избраздувањето на новиот асфалт. По неполни две години откако е реконструиран, на булеварот Кузман Јосифовски Питу итно му е потребна нова реконструкција. Граѓаните што секојдневно ја минуваат оваа делница, на потегот од Железничка станица па покрај Народна банка до крстосницата со булеварот Кочо Рацин, велат дека состојбата на асфалтот е ужасна, исто каква што беше пред обновата, можеби со некоја дупка помалку, но со бразди како изорана нива. Што реконструкција ќе беше ова, асфалтот да не издржи ниту година. Или не знаат да работат или користат неквалитетни материјали, друго нема. Ај што ги искршивме колите, туку и камења од бубрезите извадивме секојдневно минувајќи тука. Шегата настрана, Град Скопје потроши еден куп пари, два месеца го кочеа сообраќајот и резултатот е нула. Сега пак нека си се фатат за работа, кога веќе не може од првпат како што треба да се сработи – реагираше во нашата редакција Мартин Д. Булеварот, кој е во надлежност на Град Скопје, последен пат се реконструираше есента во 2022 година, а градежните работи повеќе од два месеца предизвикуваа колапс на сообраќајот, колони возила и нервози кај граѓаните што се обидуваа со автомобили да стигнат од Аеродром до центарот на градот. Заглавуваа и автобусите, кои и онака не доаѓаа ниту тогаш ниту сега навреме. Доколку Градот се реши за нова реконструкција, истите маки повторно ги чекаат скопјани. Реконструкцијата се изведе во мандатот на градоначалничката Данела Арсовска, а во декември, кога заврши, таа се пофали дека обновениот булевар ги исполнува сите светски стандарди. Скопје мора да биде метропола со широки, безбедни и стандардизирани булевари и улици. Патната инфраструктура на која досега реагираа граѓаните дека е деформирана и небезбедна, сега целосно и темелно се реконструира. Овој булевар се реализираше по цена од 17 милиони денари, со постапка на јавна набавка на која учествуваа 11 компании, со што се постигна заштеда на градскиот буџет од над 40%, заштеда што ќе се искористи за реализација на друг проект. Модерно Скопје значи посветена работа, стандардизација и системски решенија – тврдеше Арсовска. „Светските стандарди“ што ги истакнуваше градоначалничката, ги покажаа своите слабости за осум-девет месеци кога почна избраздувањето на новиот асфалт, а се отвори и дупка што во знак на предупредување кон возачите, некој граѓанин ја украси со цвеќе. Лентата што води покрај Народна банка беше реконструирана и во 2014 години во времето на ексградоначалникот Коце Трајановски. Таа обнова траеше малку подолго. Скопјани посакуваат да се движат по безбедни, широки и средени улици, не сакаат секојдневно да заглавуваат во сообраќајот по улиците што само се асфалтираат и тоа лошо, а не се работи на проширување за да се овозможи поголем проток на сообраќај. Се разбира, сакаат реконструкции и подновување на патната мрежа, но тоа да се изведува квалитетно и навистина по стандарди. Затоа што трошењето милиони денари од градскиот буџет, кој го полнат скопјани, за зафати со рок на траење од неколку месеци, е далеку од она што би требало да биде модерно Скопје. И надвор е од сите стандарди, светски или балкански сеедно. https://www.slobodenpecat.mk/video-bulevarot-pred-narodna-banka-kako-izorana-niva-itno-mu-treba-nova-rekonstrukcija |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФОТОВЕСТ: Свиткани столпчиња на улицата „Водњанска“ опасност за возачите и пешаците
![]() Свиткани столпчиња, чија функција најверојатно била да се спречи непрописно паркирање, сега се оставени така на коловозот на улицата „Водњанска“. Од фотографиите се гледа дека тие претставуваат сериозна пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Со оглед на тоа дека се работи за фреквентна улица по која секојдневно се движат многу возила, не само од Скопје, туку и од другите градови во државата, бидејќи во непосредна близина се наоѓа Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, постои опасност некој сериозно да настрада, било да е тоа некое возило или случаен минувач. Прашањето е: Треба ли да се случи незгода за да интервенираат надлежните. https://www.vecer.press/fotovest-svitkani-stolpcinja-na-ulicata/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Завршуваме со реконструкцијата на улицата „Елисие Поповски“ и продолжуваме со три нови улици.
Ставен е првиот слој асфалт, поставени се бетонски рабници, а предвидено е поплочување на тротоарите со павер елементи и нивно делумно проширување. Втората фаза започнува наредната недела, со финално асфалтирање и завршно уредување на просторот. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/OpstinaCentar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 156157158159> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |