![]() |
![]() |
![]() |
Од регионот - Софија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 26> |
Author | ||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Денеска се избраа конечните проекти за две од новите метро станици во Софија. Се работи за станици од линијата М1. Станицата 1-20 Дружба, ќе се работи според бугарски проект. Оваа станица е во изградба и се очекува да се заврши до крајот на 2014 година. Втората станица е станицата 1-20 Софијски Ринг, која се наоѓа во населбата Лјулин. Таа ќе биде дел од проширувањето на линијата М1 во насеелбата со цел подобар опфат на истата и ќе биде исполнето со разгранување на линијата. Освен покривање на најмногубројната населба на Софија, оваа станоица ќе има и голем P+R центар каде ќе можат комутерите од предградијата и градовите (Перник, Радомир, Дупница. Ќустендил) да го користат метрото. Се наоѓа близу новиот влез на Софија од насока Скопје. Инаку проектот е британски.
Мапа со локација на новите станици: ![]() Станица 1-20 Дружба: ![]() ![]() ![]() ![]() Станица 1-17 Софијски Ринг: ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
|
Во Бургас пристигнаха првите 6 двоjни автобуси Соларис(oд общо 28) со дизелови мотори. До месец се очекува да пристигнат и првите броjки од 39-те единични Соларис автобуси, со двигатели на метан, кои са исто дел од европскиот проект за обнова на градскиот транспорт.
|
||
![]() |
||
Nemorosus ![]() Newbie ![]() ![]() Joined: 25-Oct-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 24 |
![]() ![]() |
|
Опа бато... Многу добри автобуси се Соларис, штета што нема кај нас ни еден ![]() |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Софија гради 9 нови метро станици до 2015
Многу добри вести се обзнанија вчера. Имено тендерот за проширување на линијата М1 до Младост 4 заврши и цените повторно се далеку под прогнозните вредности. Наместо предвидените 60+ милиони евра за овој 3 километарски подземен отсек, кој содржи 3 станици и подземен буферен П+Р Паркинг на крајната станица во Младост 4, победникот бара само околу 45, така што со заштедените околу 20 милиони евра ќе се гради едно продолжување на линијата М2 на југ кон Хладилника и Парадајз Мол. Еве ги приоритетите за градење до 2015 година: М1 (Цариградско шосе - Аеродром Софија, 4 станици, 5 километри) е веќе неколку месеци во изградба, при што се очекува да заврши кон крајот на 2014 година. Предивдена е и изградба на железничка станица Искар, акде што ќе биде првиот трансфер на метрото за патниците кои доаѓаат од источна насока (источните предградија, Пловдив, Бургас). Проценките се дека отсеков ќе привлече додатни 60 000 патници на ден во мрежата. М1 (Младост 1 - Малдост 4, 3 станици, 2,7 километри), како што напоменав тендерот заврши, а изградбата би требало да започне на пролет и да заврши во почетокот на 2015 година. Буферниот паркинг ќе биде оддалечен од Обиколницата само неколку стотини метри, при што ќе биде многу полезен за регионот. Околу 90 000 патници на ден се очекува да го користат овој нов сегмент. М2 (Джејмс Баучер - Хладилника, 1,5 километри и 1 станица). Ова е многу важно продолжување бидејќи ја поврзува Хладилника и новиот најголем за Софија Парадајз Мол. Ќе биде изградено и подземно странично мини депо за поправка и чување на возила. После оваа станица во иднина линијата ќе се разгранува на југ кон Драгалевци и исток кон Студентскиот град. М1 (додавање на станицата призрак Модерното предградие). Сум пишувал и порано - оваа станица е зависна од изградбата на надземна железничка станица од страна на БДЖ, за да се прави најблиска врска помеѓу метрото и возовите од западна насока (Грција/Перник/Србија и да се надеваме во догледна иднина Скопје). Двете станици (железничката и метро) треба да се пуштат следната година. ![]() Со овие 9 нови станици вкупната мрежа на метрото во Софија до 2015 година ќе има 36 станици и ќе вози по помеѓу 600 и 700 илјади патници на ден. Ќе има директен трансфер со железницата на 3 станици и директна врска со Аеродромот. Секако се работи и на мега-проектот за линијата М3. Проектот во последниве денови се ревидираше и линијата се измести во еден свој мал дел за да направи врска со обиколницата близу влезот на автопатот Лјулин (од Перник/Солун/Скопје), како и со друга железничка станица. Тука ќе се гради огромен буферен паркинг за неколку илјади возила, така што овој сегмент на М3 беше ставен под земја, наместо досегашната надземна траса. Измената на трасата, при што со зелено се обележани подземните делови: ![]() Линијата треба да почне да се гради следната година и да биде пуштана помеѓу 2017/8 и 2020 година во зависност од сегментите. Таа ќе биде долга околу 18 километри и ќе има исто толку станици (10 подземни и 8 надземни и наземни). |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|
Огромни проекти! ![]() Не престанувам да се изненадувам која е разликата во плановите и размислувањето на тие што ја водат Софија и челниците на Скопје. Продолжувањата ќе имаат надземен дел?
![]() Edited by kiriOK - 07-Feb-2013 at 03:25 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Полската фирма PESA го доби тендерот за нови 25 трамваи за Софија! Засега не се познати други детали, но возилата ќе пристигнуваат до крајот на следната година: ![]() ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
|
Овие трамваи изгледаат супер. Колку чини едно парче од полјациве?
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Информацијава не е потврдена од Софија, туку ја пренесоа софорумците од Полска. Добиена е од ново интервју на директорот на ПЕСА кој се фали дека го добиле тендерот во Софија. Не се знае колку чинат, ниту кога ќе се заврши доставката.
Инаку се предвидува да возат на линиите 5, 7 (претстои реконструкција) и 18 (претстои 4 километарско продолжување кон Дрвеница). |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Софија објави тендер за 126 нови двојни автобуси на гас
Вкупната вредност на порачката е нешто над 50 милион евра, или по 403 000 евра по парче. Се бараат 126 нископодни двојни автобус на гас со по 4 двојни врати, CNG уредби, Евро 6 стандард на мотори и се разбира климатизирани. Понудите ќе се отвараат на 3 Април, а доставувачот има рок од 6 месеци за доставка на првите 20 возила, а сите останати треба да стигнат до крајот на година дена од потпишување на договорот, значи кој средината на идната година доколку нема притужби. http://www.kamioni.bg/menu/10/post/7128/126-novi-sychl%D0%B5n%D0%B5ni-gazovi-avtobusi-kupuva-Sofiq ЕДИТ: Моја грешка, сум ја пренел сумата без ДДВ, така што порачката е за 100 милиона лева или околу 50 милиона евра, што прави по 403 000 евра по автобус максимална цена! Edited by Andrej_LJ - 16-Feb-2013 at 23:45 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
JloKyM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Sofia Airport Metro Station
![]() |
||
![]() |
||
JloKyM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
Още рендъри
![]()
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Изградбата на М1 кон Аеродромот почнува да зема залет:
Во Дружба: ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Кон Аеродромот: ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Еве ги плановите на Софија за обнова на трамвајските траси и линии во следните неколку години, поделени во две фази. Опфаќаат како темелна реконструкција на постоечките траси и нивно автономизирање (во портокалово), така и изградба на неви траси и линии (во лилаво), пред се со цел за подобра поврзаност на трамвајскит систем со метрото.
ФАЗА 1: ![]() Оваа фаза треба да се споведе во следите две години, т.е. заклучно со 2014 година. Следиве проекти се вклучени: -продолжување на трасата на трамвај 23 од нас. Дружба до метро станицата Младост 3, со цел поврзување на оваа населба со метрото, преку изградба на нов бул. Копенхаген. Трамвајот ќе биде во средишното зеленило на булеварот, со што се постигнува поголема автономност. -изградба на нова трамвајска линија од Семинаријата, преку квартот Изгрев и Студентски град се до Дрвеница, со попатна станица на метро станицата Героги Димитров. Повторно целта е да се сврзат повеќе населби како со метрото, така и со центарот на градот. -реконструкција на трамвајните траси долж бул. Кнјаз Дондуков во самиот центар на градот, каде поминуваат линиите 20, 22 и 23. Реконструкцијата подразбира и подигнување и одвојување на трамвајската траса (која се наоѓа во централниот дел на булеварот) од коловозите. -реконструкција и модернизација на трамвајската траса долж бул. Булгарија, каде поминува линијата 7. Ова е една од најважните лнии во градот, која ги поврзува јужните населби со центарот и метрото М2 кај НДК. Целта е да се постигне ЛРТ линија во должина од 5 километри. Ќе се реконструираат шините, мрежата, коловозите, станиците и подземните премини кои водат до нив, а паралелно се работи и на две раскрсници на две нива каде трамвајот ќе минува без конфликти. ФАЗА 2: ![]() Оваа фаза ќе се спроведува по 2014 година и носи многу важни промени и проширување на мрежата кон квартови кои до сега немаа трамвајски транспорт. -продолжување на трамвајската линија од Дрвеница до целиот Студентски град, со цел поврзување на овој голем, младо населен и мобилен кварт со метрото на Г.М. Димитров. -изградба на 1435мм трамвај од депото Красна полјана до Овча Купел и негово врзување со станиците на метрото на новата линија М3. Ова е многу важен проект бидејќи Овча Купел е еден од најголемите квратови, а единствен кој нема друг транспорт освен автобуси. -изградба на трамвајска линија од Лјулин преку нас. Модерното предградие до нас. Захарна фабрика. Повторно нови квартови се врзуваат во мрежата, а се бара и интермодалност со метрото. Оваа линија е паралелна на М1, но оди 1-2 километри северно од истата. -реконструкција на повеќе трамвајски делници како што се онаа во Иван Вазов (Тр. 1), по ул. Граф Игнатиев (Тр. 10, 12, 18), крај Западен парк (Тр. 10), околу Централна гара (Тр. 2, 4, 12) и по бул. Никола Мушанов (Тр. 11, 19, 22). |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Бојане, веќе можам да ти одговорам од официјален извор и со сигурни информации. Значи полската ПЕСА навистина го спечели договорот за доставка на 20 (+2) трамвајски возила за Софија. Еве некои параметри на порачката: Должина: 31 820 mm Секции: 5 Распоред на врати: 1-2-2-2-2-1 Колосек: 1009 mm Цена: 34 милиони евра без ДДВ или 41 милион со ДДВ Цена на трамвај: 1,65 милиони евра Еве ја веројатната колор шема за Софија: ![]() Што се однесува до другите тендери во сферата на јавниот транспорт за оваа година, еве ја ситуацијата: * набавка на 20+2 нови трамваи - ЗАВРШЕНО (победник ПЕСА) * набавка на 10 нови метро возови - ЗАВРШЕНО (победник МВМ МетроВагонМаш) * набавка на 50 нови двојни тролејбус - ВО ТЕНДЕРСКА ПРОЦЕДУРА (фаворит Соларис) * набавка на 126 нископодни двојни автобуси на метан - ПРЕД ОБЈАВА НА ТЕНДЕР = ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ПРОЕКТИТЕ - 295 милиони лева или околу 150 милиони евра И за крај да напоменам дека Софија ги очекува и 30те трамваи од Базел кои се подарок за градот, откако ќе почне замената на тамошниот состав со нови Бомбардие-ровци. Edited by Andrej_LJ - 06-Apr-2013 at 20:21 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Започна изградбата на линијата М1 кон Младост 4!
Изградбата на јужниот крак на линијата М1 во Софија од станицата Младост 1 до Младост 4 започна на 25 Април. Овој сегмент содржи 2,7 километри двопатни тунели и три подземни станици со странични перони. На последната станица Младост 4/Бизнес Парк Софија ќе има и голем буферен терминал за паркирање и каде се планира да завршуваат дел од јужните приградски линии, наместо да навлегуваат во градот. Заедно со изградбата на метрото ќе се прошири и реконструира булеварот Александар Малинов, под кого ќе поминува булеварот. Интересно е што уште во времето на комунизмот овој булевар во еден дел е скоро целосно изграден, но никогаш пуштен во употреба. Заедно со него се изградени и подземни премини (исто така никогаш пуштени), кои ќе бидат дел од последната станица Младост 4 и ќе имаат функција на излези. Еве дел од трасата каде неодамна започна изградбата: ![]() ![]() ![]() Локација на излези на станицата 1-16 (Младост 4): ![]() ![]() И никогаш пуштениот подземен премин, кој ќе биде дел од станицата 1-16: ![]() ![]() ![]() ЕДИТ: И пазете сега: цената за изградба на скоро 3 километри подземно метро со три станици и подземен паркинг за стотици возила, како и целосна реконструкција и проширување на постоечкиот булевар чинат вкупно 45 милиони евра. Скопје сака да гради трамвај на трета лента за 260 милиони евра! Е ако ова не е корупција и некомпетентност, тогаш незнам што е! Edited by Andrej_LJ - 06-May-2013 at 14:16 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Изградбата на северниот крак на линијата М1 кон Аеродромот напредува одлично (сликите се околу месец-дена стари):
![]() ![]() ![]() Метро и АЕРОФЛОТ авион во позадина (ќе биде одлично место за спотинг кога ќе се заврши изградбата): ![]() ![]() Еве мапа и табела на проектите во Софија во наредниов период. Целите се следните: 2012 - 27 станици 2015 - 36 станици 2017/8 - 55 станици ![]() ![]() Трансферната станица Сердика 2 е доказ колку јавниот превоз/метрото помага за подигање на квалитетот на живот во даден град: ![]() ![]() Edited by Andrej_LJ - 06-May-2013 at 14:23 |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Tiveriopol ![]() Newbiе ![]() Joined: 18-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
|
- Ова е еден од најголемите проекти во градот Скопје што досега е преземен. Проценката на изработувачите на проектот е дека ќе чини помеѓу 40 и 45 милиони евра. Досега 20-тина фирми имаат подигнато документација, но има време уште да подигнат, има и домашни и странски фирми. Очигледно проектот е интересен за сите, вели премиерот. Edited by Tiveriopol - 07-May-2013 at 15:59 |
||
![]() |
||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
|
Новините поврзани со изградбата на Софијското метро.
Urbanrail веќе го одбележа почетокот на работата на изградбата на линијата М1 кон Малдост 4. Исто така линијата М3 е корегирана, да соодветствува со новиот план: ![]() Рендер на вестибјулот за станицата МС I-16, односно крајната станица на линијата М1-југ онаа кај Бизнес парк Софија и Младост 4. ![]() Изградбата на крајната станица на М1-север, до Терминал 2 на Аеродромот во Софија: Трасата се приближува кон станицата, при што истата е во отворен ров, кој веќе е конструктивно завршен: ![]() Потоа трасата полека се издигнува на ескада, за да ја достигне висината на станицата МС I-23 кај Т2, при што ќе биде на исто ниво со самиот терминал. Веќе се започнати фундаментите на ескадата, кои се прилично масивни: ![]() ![]() ![]() ![]() Исто така скоро завршени се самите основи на станицата, веројатно многу скоро ќе се започне со надземната конструкција: ![]() ![]() И малку слики од опкружувањето на станицата: ![]() Дирекцијата за цивилно воздухопловство: ![]() Терминал 2: ![]() ![]() |
||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
||
![]() |
||
Macedonicus ![]() Senior Member ![]() ![]() Google Maps: Regional Expert Joined: 29-May-2011 Location: Czech Republic Online Status: Offline Posts: 398 |
![]() ![]() |
|
Преjако. Пукам од љубомора
![]() |
||
ಠ_ಠ
|
||
![]() |
||
Supervisor ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Jan-2008 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 1220 |
![]() ![]() |
|
Софија уште од времето на комунизмот имаше планови за метро системов. Сега со ова што го изгради прерасна во велеград. И непотребни се споредби со други градови сепак Софија е огромна и е главен град на една стабилна држава која нема национални и етнички проблеми. Такашто не гледам простор да нема страшен напредок.
|
||
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1415161718 26> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |