build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Железници
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Железници (општо)
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Железници (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 69>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #341 Posted: 29-Mar-2010 at 23:44

Возовите на крив колосек

Македонската железница тапка во место во развојот, а патниците нека се држат за рачката за сопирање за да реагираат навреме ако има потреба. Ова не е шега, туку таков совет произлегува од изјавата на директорот на „Македонски железници - Транспорт“, кој по последната железничка несреќа кај Чашка, во која, за среќа, никој не беше повреден, рече дека ако имало опасност патниците можеле сами да кренат рачна и да спречат поголема катастрофа.

Додека во светот се инвестира во возови „побрзи од звукот“, возниот парк на нашата железница се состои од локомотиви и вагони за музејски поставки, стари и по 40 години. Со години се штеди и на одржување на шините и на возовите. Како резултат на тоа за 60 години е изградена само една пруга во земјава. Единствена пруга што е изградена е Скопје-Кичево, долга околу 110 километри. Од осамостојувањето на земјава досега се инвестирани и 123 милиони долари за изградба на пруга од 30 километри кон Бугарија, но се' уште не е во функција.

За краток период на македонските пруги се случија три несреќи, за среќа, без човечки жртви. Последната се случи завчера, кај велешката населба Чашка, кога излетаа од шините две тркала од претпоследниот вагон со патничкиот воз за Битола. Возот бил преполн со патници, но, за среќа, е избегната голема катастрофа. Возот се движел бавно и машиновозачот откако почувствувал тресење веднаш запрел.

Овој инцидент се случи по само неколку дена од предупредувањето од синдикатот на машиновозачите и на машинскиот персонал дека нема да биде ништо чудно ако во блиска иднина се случи катастрофа со тешки последици, бидејќи безбедноста во железничкиот сообраќај е сведена на нула.

- Јавноста нека не биде изненадена ако се случат несреќи како во Хрватска и во Црна Гора, каде што имаше слизнување на вагони со човечки жртви. Укажуваме на недостатоците и на неисправноста на возилата. Ако одговорните не ги засега оваа ситуација, нека не ве чуди ако се случи потешка несреќа и кај нас - рече Ристо Пејовски, претседател на Независниот синдикатот на машинскиот персонал на „Македонски железници“ АД „Транспорт“.

Синдикалците веќе почнаа да организираат штрајк бидејќи раководството не се огласи на нивните барања да се обезбедат минимални услови за работа на машиновозачите и персоналот и да се инвестира во пругите и вагоните. Пејовски предупреди дека се загрозени нивните како и животите на патниците.

- Машиновозачите немаат соодветни услови за работа, нема соодветно осветление, има провев, прашина. Не работат сите влечни машини, а тоа создава тешкотии при кочењето. Нема заштитни средства за работа, маневристите немаат ниту батерии, не се одржува редовно инфраструктурата, не се надгледуваат пругите, не се одржуваат редовно локомотивите. Што се однесува до безбедноста на локомотивите, најдобар показател е тоа што кај нас локомотивите не се осигурени, а мерило за нивна техничка исправност е дали е таа осигурена - вели Пејовски.

Според директорот на „Македонски железници - Транспорт“, Благоја Крстевски, не е загрозена безбедноста во железничкиот сообраќај.

- Завчера кај Чашка не излета целиот воз од шините, туку само две тркала од претпоследниот вагон. Персоналот реагирал навремено. Кога насетил тресење веднаш го запреле возот. Потоа патниците се префрлени во друг воз и продолжија за Битола. Не можело да дојде до поголема катастрофа, односно да се превртат двата вагона, бидејќи има рачка за сопирање, која можат да ја повлечат и самите патници во случај на опасност - вели Крстевски.

Тој тврди дека возовите се безбедни бидејќи „лани железницата превезла 1,5 милион патници и на ниту еден влакно не му фалело“. Крстевски признава дека возниот парк на железницата е постар и од 35 години, но тврди дека се инвестира и дека локомотивите редовно се одржуваат.

- Лани се инвестирани 2-3 милиони евра за возниот парк, а годинава околу половина милион евра за негово одржување - тврди Крстевски.

За синдикалците е спорно и неодржувањето на инфраструктурата. Тврдат дека пругите мора да се надгледуваат, а тоа во последно време не се прави.

- Прашајте го раководството каде се парите од кредитот од Светска банка тежок 12 милиони долари, со кој требаше да се подновиме со нови шини и прагови и да инвестираме во машини - вели Пејковски.

Црна дупка на Балканот

Македонија е црна дупка на Балканот во однос на развојот на железничкиот сообраќај. Инвестициите во развојот на железничкиот сообраќај кај нашите соседи се бројат во стотици милиони евра.

Во Хрватска, четири-пет денари од литар гориво одат за развој на железницата, плус инвестираат за нови возови, кои ги поврзуваат со Европа, а вложуваат и во пругата кон Јадранското приморје. Српските железници, освен по 100 милиони евра годишно, колку што добиваат од буџетот, користат и 140 милиони од ЕБРД.

Бугарите планираат да вложат 11 милијарди евра за развој на железницата за пет години, кои веќе течат, а Грците само за време на Олимпијадата во 2004 година вложија околу 3 милијарди евра.

За пругите 3 милиони евра

За три години се вложени 20-ина милиони евра за одржување на инфраструктурата и на возниот парк на железницата, информираат од Министерството за транспорт и врски.

За одржување на железничката инфраструктура во 2008 година биле вложени 5,5 милиони евра, лани 3 милиони евра, а годинава се предвидени 3,2 милиони евра. Со проектот за реформа на железницата потрошени се и дополнителни 9 милиони евра.

Затворена Катедрата за железница

Освен што не се инвестира во железничкиот сообраќај, во земјава нема експерт за железнички сообраќај. И покрај заложбите за развој на образованието и отварањето нови факултети, катедрата за железнички сообраќај на битолскиот факултет веќе неколку години не работи и не обучува нови идни експерти. Последниот професор од таму замина пред три години на факултетот во Нови Сад, Србија.

Александра Филиповска

Пеколни минути кај Чашка

Пеколни минути доживеаја патниците во преполниот воз од Скопје за Битола завчеравечер, околу 20 часот, на влезот од железничката станица во населба Чашка. Возот почнал силно да се тресе, а багажот да паѓа од преградите.

- Беше страшно, бидејќи од чиста мира возот почна силно да се тресе и да бучи. Не знаевме што се случува и инстинктивно легнавме на подот. Со раце ги сокривме главите, родителите ги фатија децата за да ги кријат, а тие врескаа. Многу мачна и неизвесна ситуација бидејќи помисливме на најлошото, дека или е несреќа или возот излета од шините - велат преплашените патници. Откако возот некако сопрел, се видело дека е пукната осовина од патничкиот вагон. Во таква состојба тој се движел еден километар, при што се оштетени праговите на пругата. Од вчера утро, железничкиот сообраќај на релацијата Велес- Битола е нормализиран. (П.П.)
 


Edited by SkyBoy - 29-Mar-2010 at 23:49
Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #342 Posted: 30-Mar-2010 at 00:09
Originally posted by SkyBoy

Бугарите планираат да вложат 11 милијарди евра за развој на железницата за пет години, кои веќе течат, а Грците само за време на Олимпијадата во 2004 година вложија околу 3 милијарди евра.


Информациjата на "Дневник" за Бугариjа не е точна. 11 милијарди евра се сите пари од европските фондови за Бугариjа за периодот 2007-2013 г. Податоци за плановите за железниците:

Общо за железопътния транспорт чрез средствата по оперативна програма "Транспорт" през програмния период 2007 - 2013 г. са предвидени около 620 млн. евро...

Извор: http://sg.stroitelstvo.info/show.php?storyid=850717
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #343 Posted: 30-Mar-2010 at 00:31

Nisto cudno,nasive novinari cesto go pravat,citale-nedoprocitale.

build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Andrej_LJ View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
  Quote Andrej_LJ Quote  Post ReplyReply #344 Posted: 30-Mar-2010 at 00:45
Е прав си, нема шанси да станува за 11 млрд., но сепак станува збор не за целосната инвестициска програма во железниците, туку само парите кои се добиени од ОП Транспорт на ЕУ. А и таа е околу 800 милиони евра до 2013. Прашање е колку од тие пари ќе успеат да усвојат. Засега им оди релативно добро што се однесува до железницата. Друго се кредити, државно финансирање итн.

Како и да е де, ние сме црна дупка, немам коментар!
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #345 Posted: 30-Mar-2010 at 02:34
Бидејки Korsis ја даде сварната ситуација за Бугарија да ја постирам и правата вест за Србија.
EBRD: Železnici 100 mil. EUR zajma?
16. mart 2010. | 18:30 | Izvor: Beta
Beograd -- Evropska banka za obnovu i razvoj (EBRD) saopštila je danas da razmatra davanje zajma Železnici Srbije od 100 miliona evra.

Zajam bi bio namenjen za obnovu pruge duž Koridora 10 i kupovinu do 15 lokomotiva i rezervnih delova za lokomotive koje su u upotrebi.

Vrednost projekta je 296,4 miliona evra, a EBRD bi trebalo da obezbedi 100 miliona evra, dok će Evropska investiciona banka (EIB) dati 150 miliona evra, piše u saopštenju.

EIB će se, kako je navedeno, posebno baviti finansiranjem modernizacije pruge od Beograda do Novog Sada, što je ključna deonica Koridora 10.
http://www.b92.net/biz/vesti/srbija.php ... _id=418184

И неколку споредбени податоци



Така да колку да сум, сме незадоволни од железницата во Македонија секако не сме Црна дупка на Балканот како велат „новинарите“ на кој со еден час истражување би го добиле ова.

Тука фалат и просечните брзини и влечни средства со нивната старост, но резултатите се тука.
Па новинари истражувајте!

Edited by Vladimir P - 30-Mar-2010 at 02:36
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #346 Posted: 30-Mar-2010 at 11:24

Со Кенеди и Горбачов по пругата на Тито

Чиста среќа е што досега немало несреќа со жртви, вели членството на Син­ди­ка­тот на машинскиот персонал во Железници, кој тврди дека линијата до Битола и до Кичево се одржува со локомотиви "кенеди" од шеесеттите години на минатиот век, а линијата до Гевгелија со машини од времето на прет­се­да­те­лот на Советскиот Сојуз Михаил Горбачов

Ло­ко­мо­ти­ви стари и до педесет години ги влечат вагоните на "Македонски же­лез­ни­ци" во кои секојдневно се возат стотици луѓе. Чиста среќа е што досега не­ма­ло несреќа со жртви, вели членството на Синдикатот на машинскиот пер­со­нал во Железници, кое минатата недела на прес -конференција го повика ра­ко­водс­тво­то и државата итно да ја подобри безбедноста на железничкиот со­об­ра­ќај во државава. За 20 години независност, Македонија нема изградено ни метар нова пруга. Целата железничка мрежа е поставена уште во време на СФРЈ, а се подновува само кога кога се крадат шините. Според Синдикатот, и во­зо­ви­те и шините се распаѓаат, а дел од локомотивите, кои се стари по по­ло­ви­на век, слободно може да бидат музејски примероци.
"'Ке­не­ди' вози до Битола и Кичево. Тоа е дизел-локомотива, стара педесетина го­ди­ни, од времето на американскиот претстедател Кенеди. Само оваа ма­ши­на може да ги искачи висините до двата града бидејќи железницата на овој дел од Македонија не е електрифицирана. Оваа локомотива има и парен по­гон кој зиме треба да ги затоплува вагоните, но бадијала што го има бидејќи не функционира оти цевките низ кои треба да поминува пареата се за­тнатни од 'рѓа. 'Горбачов', пак, кој од СССР од времето на Горбачов, сообраќа од Та­ба­нов­це до Скопје и од Скопје до Гевгелија по коридорот 10 кој води до ЕУ. И 'кенеди' и 'горбачов' локомотивите се во очајна состојба и ако под итно не се обноват, не дај боже може да бидат кобни", ни рекоа вчера членовите на Син­ди­ка­тот.
Тие не беа сигурни кога последен пат компанијата купила нови вагони, но ве­лат дека лани било направено репарација на неколку локомотиви. Ма­ши­но­во­за­чи­те објаснуваат дека за нивна лична безбедност и безбедност на пат­ни­ци­те, иако предвидената максимална брзина за возовите во земјава е 100 км на час, ретко кога ја постигнуваат.
Ра­ко­водс­тво­то на "Македонски железници АД Транспорт" вчера не одговори на прашањето на "Вест" кога последен пат се купени нови локомотиви и ва­го­ни. Генералниот директор Благоја Крстевски во неговиот писмен одговор об­јас­ну­ва дека за проектот "Реформи во железницата" досега се вложени 9 ми­ли­о­ни евра.
"Нап­ра­ве­на е модернизација на две електрични локомотиви на кои им е вгра­ден нов систем на кочење, а 4 маневарски машини добија екомотори и систем за кочење. До крајот на годината сите четири треба да пристигнат за екс­пло­а­та­ци­ја", вели Крстевски.
Крс­тев­ски најавува дека е во тек и набавка на 36 плато вагони, а во 2010 го­ди­на е предвидена поправка на дизел-моторен воз и 10 патнички вагони, за која се предвидени 68 милиони денари. (И.С.)

Се лизна вагон кај Чашка поради пукната оска

Ва­гон на патнички, воз кој прексиноќа сообраќаше од Скопје кон Би­то­ла, излезе од шините на еден и пол километар пред Железничката станица во Чашка. За среќа, нема повредени патници, иако дефектот на вагонот пре­диз­ви­ка паника кај патниците. Возот, кој бил полн со патници, вед­наш бил запрен.
"Пук­на­та оска на двете тркала на вагонот била причина за де­фек­тот кој го предизвикал лизнувањето", соопштија првично од увид­на­та екипа на ЈП "Македонски железници", која на полноќ стигна на са­мо­то место. Откачениот вагон околу половина километар се движел по др­ве­ни­те прагови, но тоа не предизвикало оштетување на же­лез­нич­ка­та пруга, уверуваа од увидната екипа на ЈП. Тие тврдеа дека возовите ќе продолжат да се движат по пругата, на оштетениот дел ќе возат со на­ма­ле­на брзина, и тоа ќе било безбедно за патниците. Вчераутро де­фек­тни­от вагон од битолскиот патнички воз беше однесен до депото на "Ма­ке­дон­ски железници" во Лисиче. "По извршеното вештачење, ќе се знае зошто се лизнале двете тркала на вагонот од шините", изјави ди­рек­то­рот на МЖ - Транспорт Благоја Крстевски. (У. Ј.)                                                                                                                                                   http://www.vest.com.mk/?ItemID=20A75380AA21AE45BF83230D4AAC5CA5  

Back to Top
Korsis View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 09-Feb-2010
Location: Бугарија
Online Status: Offline
Posts: 102
  Quote Korsis Quote  Post ReplyReply #347 Posted: 30-Mar-2010 at 12:20
Originally posted by Vladimir P

Бидејки Korsis ја даде сварната ситуација за Бугарија да ја постирам и правата вест за Србија.

EBRD: Železnici 100 mil. EUR zajma?
16. mart 2010. | 18:30 | Izvor: Beta
Beograd -- Evropska banka za obnovu i razvoj (EBRD) saopštila je danas da razmatra davanje zajma Železnici Srbije od 100 miliona evra.

Zajam bi bio namenjen za obnovu pruge duž Koridora 10 i kupovinu do 15 lokomotiva i rezervnih delova za lokomotive koje su u upotrebi.

Vrednost projekta je 296,4 miliona evra, a EBRD bi trebalo da obezbedi 100 miliona evra, dok će Evropska investiciona banka (EIB) dati 150 miliona evra, piše u saopštenju.

EIB će se, kako je navedeno, posebno baviti finansiranjem modernizacije pruge od Beograda do Novog Sada, što je ključna deonica Koridora 10.
http://www.b92.net/biz/vesti/srbija.php ... _id=418184


И уште нешто за Србиjа:

Ruskih 800 mil. USD stiže u Srbiju

16. mart 2010. | 18:02 | Izvor: B92, Beta

Beograd -- „A od Rusa milijarda“ – bio je samo jedan od novinskih naslova krajem oktobra prošle godine kada je na sva zvona najavljivan ruski krediti od milijardu dolara.

Od tada do danas, međutim, još uvek nema odgovora na pitanje u kojoj je fazi taj aranžman i kada bi mogao stići. Ministarka finansija kaže da je prvi deo kredita 200 miliona dolara za pomoć srpskom budžetu u finalnoj fazi, dok se o drugom delu kredita namenjenom za infrastrukturu i dalje vode tehnički pregovori.

U ruskoj ambasadi u Beogradu je za B92 precizirano da je tih 800 miliona dolara namenjeno isključivo za Železnicu Srbije...


Извор.
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #348 Posted: 30-Mar-2010 at 21:13
ТРИ ЖЕЛЕЗНИЧКИ НЕСРЕЌИ ЗА САМО ЕДЕН МЕСЕЦ
Железницата на слеп колосек
Елена Костовска

„Македонски железници“ со години не инвестирале во железничката инфраструктура, не купувале нови локомотиви, а старите се дотраени и небезбедни. За неполн месец во земјава се случија три железнички несреќи во кои осум патници беа повредени. Две од нив се случија на пругата Скопје - Кичево, а третата завчера на пругата Скопје - Битола.

Независниот синдикат на машиновозачите, кој постојано предупредува дека железницата е во целосен хаос и дека не може да им гарантира безбедност на патниците, минатата недела се закани дека ќе ги изнесе своите членови на штрајк. Нивни главни барања, како што велат, ќе бидат да се зголеми безбедноста на возовите и да им се вратат старите услови за бенефициран стаж. - Безбедноста е загрозена поради неисправноста на локомотивите на кои не им работи системот за сопирање и кои немаат соодветни средства за заштита. Ако наскоро не почнеме преговори со МЖ „Транспорт“, ќе одиме на штрајк бидејќи ситуацијата ги загрозува нашите живото и животите на патниците - вели Ристе Пејовски, претседателот на независниот синдикат на машиновозачите. Повеќето од локомотивите што ги користат „Македонски железници“ се застарени и амортизирани. Од вкупно 13 локомотиви само пет до седум се едвај исправни, а и тие често се расипуваат. Веќе 35 години МЖ „Транспорт“ немаат купено нова дизел-локомотива. Единствената инвестиција е направена во електрични локомотиви, кои возат само на пругата од Табановце до Гевгелија. Во 2002 година биле набавени две локомотиви од Загреб, а им биле сменети моторите на четири локомотиви со нови екомотори. Оттогаш, велат во синдикатот, многу малку се инвестира во железницата, а речиси сите приходи одат на плати за вработените.

Колку е критична состојбата со локомотивите говори и информацијата дека некогаш се одложува патувањето на линијата Скопје - Кичево, додека не се врати возот од Битола зашто немало друга исправна локомотива. Дефектите на отворена пруга се чести. Се случува возовите што ќе се расипат, да ги растоварат патниците на некоја споредна селска станица и да ги остават сами да се снаоѓаат, да бараат такси и слично. Не се памети железницата да презела одговорност или да платила некому отштета за доцнење или затоа што не го превезла патникот до крајната дестинација. Посебен проблем е железничката сигнализација. Сигналните светла на многу места се расипани и со месеци не се поправаат. Таков е случајот на релацијата Миладиновце - Романовце. На некои гранични премини не функционираат ниту автоматските рампи, како кај Велес, што може да го загрози животот на локалното население. Освен на безбедноста, патниците се жалат на големата нехигиена во возовите, слабото греење, а никаквото ладење.

Возовите се толку ретки, а кога ги има се преполни, така што патниците мора да се туркаат по ходници. Ако на ова се додадат и честите одрони на земјиште покрај пругите, поради врнежите, но и поради недоволното обезбедување на теренот околу пругите, сликата станува уште помрачна. Не се ретки и саботажите од локалното население. На пругите Скопје - Кичево, или Скопје - Куманово се случува да бидат ставени камења, дрвја, па дури и предмети, како шпорети. Во еден случај кај кумановското село Черкези на пругата бил оставен украден трактор! Често се случува млади луѓе од необјасниви мотиви да фрлаат камења на возовите доведувајќи ги патниците во опасност. Во јавните претпријатија МЖ „Транспорт“ и МЖ „Инфраструктура“, пак, убедуваат дека ја контролираат ситуацијата и дека нема причина за загриженост. - Во последната несреќа осовината на вагонот не беше скршена, туку се испаднати две тркала, што и порано се случувало. Ги отфрламе обвинувањата за неисправноста на системот за сопирање зашто локомотива без исправни сопирачки не може да излезе од депо. На подигнување на техничката исправност работат 700 вработени, а локомотивите редовно се носат на дневни, полмесечни, месечни, тримесечни и на полугодишни прегледи - вели Благоја Крстевски, директорот на МЖ „Транспорт“. Тој додава дека МЖ „Транспорт“ на секои четири години ги носи на ремонт сите локомотиви, што чини од 150.000 до 200.000 евра, за секоја од нив. Во МЖ „Инфраструктура“ велат дека несреќите се предизвикани од природни непогоди, а инфраструктурата на пругите е безбедна за возење. - Пругите редовно се одржуваат и подмачкуваат.

Нашите екипи на терен имаат преземено мерки на критичните места и се дадени упатства за намалување на брзината и застанување каде што е потребно. Во првите две несреќи причина е одрон на земјиштето, додека за третата се уште се чека на утврдување на причината. Во фаза сме на обезбедување средства за модернизација на шините во земјава - објаснува Бесим Деари, претседател на МЖ „Инфраструктура“.

Не чинела осовината, а не МЖ?

Инцидентот што се случи на пругата Скопје – Битола бил предизвикан од лизгање на осовината на еден од вагоните на возот на шините при што нема повредени, соопшти Министерството за транспорт и за врски.
Оттаму велат дека по брзата интервенција на екипите на МЖ „Транспорт“, кои веднаш излегле на лице место, возот го продолжил патувањето до својата дестинација, а вагонот бил задржан на сервисирање. Патниците, пак, со четири автобуси биле префрлени до железничката станица во Велес.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1982&ArticleID=137477
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #349 Posted: 30-Mar-2010 at 22:02
mislam deka ne e korektno odnesuvanjeto na novinarive,realno gledano samo posldniot incident e po vina na MZ.
Zatoa ova plasenje na narodot deka patuvanjeto so voz e nebezbedno ne e tocno i samo steti kako na MZ taka i na celata drzava.
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #350 Posted: 30-Mar-2010 at 22:32

Во право си за однесувањето на новинарите и нивото на ваквите текстови. Наместо вниманието да се сврти кон точните проблеми, текстовиве се дезорјентирачки, дезинформирачки и полни со генерички глупости.
Мој омилен цитат:

Пругите редовно се одржуваат и подмачкуваат


   Crazy


Сепак безбедноста е во огромен дел поврзана со нивото на вложување. Во тој дел мислам ите како може да се прашуваме како стојат работите. Фактот што „само“ еден од последните инциденти може директно да се препише на состојбата во која е железницата, воопшто не ме теши. Што не чека во иднина доколку се продолжи на ваков начин? Добро е новинарите да копаат по оваа тема, ама тоа да го прават многу поквалитетно и поодговорно.

Edited by Cloverstack - 30-Mar-2010 at 22:34
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #351 Posted: 31-Mar-2010 at 10:20
Се јави и Македонски Железници за пишувањата на медиумите:

МЖ се оградува од инцидентите на македонските пруги

Скопје, 30 март (МИА) - „Македонски железници транспорт АД Скопје“, денеска по неколкуте инциденти соопшти дека првите две несреќи што се случија на пругите се должат на природни катастрофи поради лизгање на земјиштето, а оти не се откриени недостатоци кај вагонот кој исклизна со една осовина во близина на Чашка.

- Во врска со последниот инцидент, при првичен преглед на вагонот кој исклизна со едната осовина, не се констатирани никакви недостатоци при прегледот во работилницата. Возот се движел при настанот со брзина од околу 50 километри на час. Согласно Законот за железници, безбедноста на пругите е во надлежност на ЈП МЖ „Инфраструктура Скопје“, додека надлежноста на исправноста на возните средства кои сообраќаат на пругите е во надлежност на МЖ „Транспорт“ АД-Скопје, се вели во соопштението.

Оттаму велат дека се посветува посебно внимание на редовното одржување на безбедноста на возните средства и на оние средства на кои ќе се забележи неисправност во поглед на безбедност и веднаш се презема исклучување на истите од сообраќај.

Во однос на прашањето за инвестиции за модернизација на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението, во рамки од проектот „Реформи во железницата“ се вложуваат девет милиони евра за модернизација и територизација на две електрични локомотови, како и на четири маневарски локомотиви на кои се вградени еко мотор и нов систем за кочење, а во тек е набавка на 36 нови плато вагони. лѓ/ев/17:13


Извор:http://www.mia.com.mk/default.aspx?mId=34&vId=72723924&lId=1&title=%D0%9C%D0%90%D0%9A%D0%95%D0%94%D0%9E%D0%9D%D0%98%D0%88%D0%90+-+%D0%A1%D0%9E%D0%9E%D0%91%D0%A0%D0%90%D0%8C%D0%90%D0%88+%D0%98+%D0%92%D0%A0%D0%A1%D0%9A%D0%98


Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #352 Posted: 31-Mar-2010 at 10:31
Еве и уште еден текст поврзан со Македонски Железници, но и тешка глупост искажана од пратеник, очигледно дека за текстовите не се бараат меродавни лица:

ИАКО СЕ ПРАВИ ЗАКОН ЗА РАЗБИВАЊЕ НА МОНОПОЛОТ ВО ЖЕЛЕЗНИЦАТА
Старите пруги ги бркаат инвеститорите

Елена Костовска

Дотраените пруги и честите несреќи може да ги одвратат малкуте приватни инвеститори кои, со измените на законот кои наскоро треба да се донесат, ќе можат да вршат железнички транспорт. Законот напразно ќе се донесе ако во меѓувреме не се инвестира во поголема безбедност на пругите и ако не се овозможи по нив да се вози со поголема брзина, велат упатените во овој сектор.
Со новиот Закон за железничкиот сообраќај, кој наскоро треба да се најде во Собранието, ќе се либерализира железничкиот транспорт, во кој досега монопол има државата и нејзините јавни претпријатија. Со Законот се предвидува приватни странски и домашни фирми да можат да превезуваат стока и патници, а инфраструктурата ќе ја одржува посебно јавно претпријатие. За таа цел некогашното „Македонски железници“ беше поделено на „МЖ - транспорт“ и „МЖ - инфраструктура“. Се очекува таквата поставеност да внесе конкуренција на пазарот и подобрување на транспортните услуги во железничкиот сообраќај.
Сепак, главен услов, велат познавачите, е инфраструктурата да биде квалитетно одржувана и безбедна. Според европските директиви, одржувачот на инфраструктурата мора да овозможи возовите безбедно да се движат по пругите со брзина до 120 километри на час, а кај нас таа брзина не е поголема од 100 километри на час. Државата им преземено обврска да го стори тоа, но нема доволно пари за реновирање на пругите. Без овој услов тешко дека странски инвеститори ќе се нафатат да инвестираат во македонскиот железнички транспорт.
Засега само една домашна компанија, „Делта реил карго“, пројавува интерес да организира товарен транспорт, а за патнички сообраќај засега нема никаков интерес. Откако ќе се донесе Законот, за товарниот сообраќај се очекува да се заинтересираат и компании од соседството, но за патничкиот потешко. Упатените велат дека патничкиот сообраќај станува се понеисплатлив, па во некои земји дури и се субвенционира.
Косопственик на „Делта реил карго“, Иван Илиевски, вели дека нивната компанија е подготвена да инвестира иако е свесна за ризикот.
- Инфраструктурата не се одржува, а колосеците се дотраени. По несреќите што се случија во последниот период се знак дека „МЖ - инфраструктура“ мора да дејствува. Со влезот на приватните оператори тие ќе мора да плаќаат пенали ако поради нивна грешка дојде до некоја несреќа. Ова ќе ги принуди да инвестираат. Ние сме свесни за ситуацијата, но нема бизнис без ризик - вели Илиевски.
Според опозициската СДСМ, овие железнички несреќи можеле да се очекуваат зашто државата веќе четири години нема инвестирано ни денар во железничката инфраструктура, ниту, пак, во обнова на возниот парк.
- Со новиот закон, ако дојдат странски оператори со брзи машини, секојдневно ќе има несреќи зашто поради неприспособената брзина ќе излетуваат надвор од шините. Конкурентските куќи од Србија, Бугарија и од Грција ќе се јават за товарниот сообраќај кој е исплатлив, но со тоа си ја сечеме гранката на која седиме зашто ќе се намали работата на „Македонски железници“, кои поради тоа ќе отпуштаат работници – вели пратеникот Томе Чинговски.


Штрајкуваат грчките железничари


Вработените во грчки железници од вчера се во генерален штрајк. Поради прекинатиот возен ред, возовите кои преку Гевгелија сообраќаат кон Грција ќе ги превезуваат патниците само до македонската граница. За време на ваквите штрајкови, вообичаено е обезбеден автобуски превоз од последната железничка станица до која вози возот, до крајната дестинација.


Извор: Време, http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1983&ArticleID=137551


Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #353 Posted: 31-Mar-2010 at 16:56

Ситуацијата во железница не е најдобра но патувањето со воз е безбедно- тврди Јанакиевски

Нема одговорност барем засега за првите луѓе на железничкиот транспорт, вели Министерот Јанакиевски, откако за само еден месец два патнички возови излетаа од пругата. Ситуацијата во железницата не е најдобра, но железничкиот систем е безбеден за патување тврди Јанакиевски. Патничкиот вагон кој пред неколку дена излета од шините се уште е во железничкото депо и се вештачи. Извештајот за тоа што го предизвика несреќниот инцидент ќе биде готов за неколку денови.

Тонско Миле Јанакиевски - Министер за тарснпорт вели: Не велам дека состојбата во железницата е розова и најдобра, но се прават напори за подобрување на состојбата на Коридорот 10. Во јуни годинава ќе пристигне експертски тим од ЕБРД за да направи физибилити студија за делот од железницата од Коридорот 8, што на некој начин е почеток за можноста за негова изградба.

Долго најавуван, но засега само на хартија. Изградбата на коридорот 8 е клучен за македонскиот транспорт. Поврзување на исток и отворање на нови пазари, на запад излез на албанските пристаништа.
Се погласни се предупредувањата и на бизнисмените дека мора да се побрза со инвестициите во коридорот 10, главниот правец што Македонија ја отвора кон западните развиени земји. Ако ова навреме не се изгради постои опасност, Македонија да се изгуби во европската транспортната мрежа што засега и носи девизни приливи на земјата.
  31.03.2010, 16:20                                                                                             http://www.time.mk/read/e803c11b63/0224985822/index.html   
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #354 Posted: 31-Mar-2010 at 22:55
Коментарите на министерот на транспорт Јанакиевски и директорот на МЖ-Трансорт Крстевски



Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #355 Posted: 02-Apr-2010 at 18:13
И од Вест
ПО ТРИТЕ ЛИЗГАЊА НА ВАГОНИ

Јанакиески: Безбедно е да се патува со воз

Не треба одреден случај, кој бил предизвикан од природна појава, да се поврзува со општата безбедност, вели министерот Јанакиески.

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески тврди дека е безбедно да се патува со воз во Македонија, и покрај трите лизгања на вагони што се случија за неполн месец.

"Патувањето со железница во Македонија е безбедно, не треба одреден случај кој бил последица на природна појава, да се поврзува со општата безбедност", изјави вчера Јанакиески.

Тој вели дека за последниот случај кај Чашка, Велешко, специјална комисија веќе прави истрага со која ќе се утврдат причините за лизгањето на вагонот од шините.

Министерот Јанакиески вели дека за тоа дали директорот на "Македонски железници" Благоја Крстевски треба да понесе одговорност поради зачестените инциденти на пругите, Владата ќе се изјасни по завршувањето на истрагата.

Јанакиески вчера објасни дека во последните три години во железницата само од Буџетот се инвестирани 12 милиони евра. За подигнување на брзината и безбедноста на Коридорот 10, вели министерот за транспорт, веќе се обезбедени 17 милиони евра, со што наскоро на оваа делница возовите ќе се движат со брзина од 80 до 100 км на час.

Според тврдењето на Синдикатот на машинскиот персонал на "Македонски желелзници", во моментот низ македонските пруги се движат локомотиви стари и повеќе од 50 години. Електрични локомотиви влечат само на Коридорот 10, а на другите делници сe уште сообраќаат дизел-машини. Машиновозачи­те на прес-конференција минатата недела предупредија дека со старите машини се загрозува и нивниот и животите на патниците. (И.С.)
четврток 01.04.2010
http://www.vest.com.mk/?ItemID=1C7E943E7F6EFF4E8848E80120B8BD54
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #356 Posted: 07-Apr-2010 at 00:12

Велосипед побрз од возот

Повеќе стотици патници вчера останаа на железничките станици меѓу Прилеп и Велес и беа принудени да бараат алтернативен превоз, бидејќи возот од Битола кон Скопје покрај тоа што доцнеше, немаше ни доволно вагони за да ги прими сите што купиле карти

Неколку стотици патници завчера попладне останаа на повеќе железнички станици да се снаоѓаат како знаат и умеат бидејќи неколкуте вагони на возот од Битола за Скопје беа премалку за да ги примат сите што се враќаа од прослава на Велигден. Возот беше преполн и бавен. Побрз од возот на македонски железници беше и велосипедистот Андреј Ристовски, кој откако не успеал да најде место од станицата во Богомила, возел со велосипедот до Велес во надеж дека таму ќе најде празно место и ќе се врати во Скопје. Тргнал истовремено со возот од Богомила и за 80 минути стигнал до Велес, а имаше и време да здивне и да го почека возот, но повторно немаше среќа да се качи. Композицијата која доаѓаше од Битола беше преполна, па стотината патници од железничката станица од Велес, меѓу нив и Ристевски, останаа да го чекаат следниот воз.

- Купив карта во Богомила, а кога стигна возот, по цел час задоцнување, немаше место. Беше страшно тоа што стари луѓе и семејства со деца останаа на железничката станица, бидејќи не постоеше физичка можност тие да се качат во возот. Тој беше преполн со патници, вратата не се отвораше. Па решив да возам до Велес, педесетина километри, со надеж дека тука ќе се симнат некои и јас ќе се качам, но и овде состојбата е иста. Го чекам следниот воз за да си отидам дома - вели Ристовски.

Патниците, кои како сардини се туркаа во тесните и задушливи ходници и преполните купиња, беа гневни, лути, нервозни... Во возот една старица се качила од станицата во Гостиражни, а се симна во Велес. Таа имала среќа да ја примат во кабината на машиновозачот.

- Срамота е на Велигден да се пуштат четири коли на релацијата Битола - Скопје, а возот уште во Битола бил преполн. Имав среќа што кондуктерот ме пушти кај машинистот и така дојдов до дома. Знаете ли колку луѓе останаа по станиците, во пустелија, бидејќи не ги качија. Тие мора да чекаат пет саати за да се качат на вечерниот воз - рече старицата, на која не и' пречело да седи кај машинистот само да стигне дома.

Според патниците, само во Богомила останале седумдесетина лица, исто толку во Чашка, стотина во Велес, плус десетици по малите станици и постојки на релацијата од Прилеп до Велес. Ова, велат, не бил прв случај патниците да останат по станиците, бидејќи железницата знаела да утне на празник со бројот на патнички коли. Посочуваат дека за жителите од Азот таа е единствениот избор, нема автобуски линии за да стигнат до кој било дел до земјава. Во Прилеп, поради незадоволството од патниците што не можеле да се качат на возот, морала и полицијата да ги смирува луѓето. За нив беше несфатливо каква била оценката на ЈП „Македонски железници - Транспорт“ што на толку голем празник, кога голем број луѓе заминаа од Скопје кон внатрешноста, при што тогаш имало по осум патнички коли, сега истиот број луѓе да се врати со четири. Среќна околност е што вечерниот воз од Битола бил со шест коли, иако со задоцнување од еден час, сепак патниците од регионот на Азот стигнале во Скопје пред полноќ. Дел од нив, кои останаа на железничката во Велес, спас за да заминат во Скопје побараа на автобуската станица. Но и таму слична слика. Малкуте автобуси што влегувале во Велес примале само по два-три патници, колку што имало слободни места. Доцнењето на возот од Битола со 80 минути предизвика верижна реакција и други возови да не тргнат навреме. Таков беше случајот со возот за Кочани, кој иако стигна навреме на железничката во Велес во 16.40, тука чекаше се' додека не дојде тој до Битола. Ова ги разлути многубројните патници, кои 50 минути стоеја во место.

- Катастрофа е благ збор. Ни рекоа дека мора да го чекаме возот од Битола бидејќи имало голем број наши колеги-студенти од Битола и од Прилеп кои тука се префрлаат за да заминеме во Штип на факултет. Ни фалеше уште патниците да почнат да ги качуваат на покривот како во Индија. Ете толку простор има во возовите за патниците на Велигден. Длабоко сме разочарани бидејќи не не' третираат како луѓе, туку како стока - вели студентка од Скопје која учи во Штип. Од ЈП „МЖ-Транспорт“ доаѓаат смирувачки тонови, дека сите патници се превезени.

- Патниците што не биле превезени со пладневниот воз, биле прифатени со вечерниот. Никој не останал на станица. Толкави ни се можностите, што да правиме. Шест патнички вагони во велешка Колска веќе два месеца се на поправка и ги чекаме за да се пополни бројот на коли - велат од раководството на ЈП МЖ - Транспорт.

Од Колска, пак, одговараат дека за да се изврши поправка, железницата треба да префрли пари за неопходните делови.

Петар Печков

 
 
Во контекст на постот на Владимир - веројатно министерот е единствениот што сеуште има оптимистично мислење за МЖ. Се надевам ќе го видиме наскоро како се вози во некој од возовиве, па сам да осети како е и да почне да дава порелевантни изјави.


Edited by SkyBoy - 07-Apr-2010 at 00:18
Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #357 Posted: 07-Apr-2010 at 19:15

Отказ за работникот на железница кој предупреди на безбедноста





 


Отказ за машиновозачот Ристо Пејовски кој предупреди дека состојбите во железницата се алармантни. Отстранет е од работа и во меѓувреме го чека отказното решение. Неговиот синдикат не бил репрезентативен, а со изјавите нанел материјална штета и го нарушил угледот на железницата.

Но и без ова МЖ е во незавидна позиција, за само десетина дена се соочи со три железнички несреќи. Но тоа за раководството биле само вонредни настани. Менаџментот не чувствува, а Владата од нив не побара одговорност.

„Јас жалам за тие инциденти и не се чувствувам баш пријатно за истите, зашто бев повикуван, а јас неможам да кажам дека ние како транспортна компанија и јас лично како прв човек на транспортната компанија би чувствувал некаква одговорност, ако се најдат некакви пропусти, на пример во инфраструктурата“, рече Благоја Крстевски, директор на МЖ Транспорт.

Возовите доцнат, се расипуваат на пола пат, состојбата внатре застрашувачка. Ладни и дотраени вагони, стари повеќе од 40 години се уште сообраќаат. Владата засега нема намера да купи нови патнички вагони, но убедува - сообраќајот бил безбеден.

Синдикалецот кој предупреди дека ситуацијата е алармантна експресно е отстранет од работа - но изостана експресна реакција во утврдувањето на одговорноста за несреќите.

Владата и по неколку недели откако вагоните полни со патници излета од пругите се уште ги чека извештаите за несреќите за да каже ќе побара ли одговорност од раководството.


http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=121817

Edited by zookisk - 07-Apr-2010 at 23:57
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #358 Posted: 09-Apr-2010 at 11:38

Директорот на железницата излезе од колосек

Синдикалецот Пејовски тврди дека решението за отстранување од работа го добил како казна оти предупредил дека железничкиот сообраќај во земјава е небезбеден

Синдикалецот Ристо Пејовски, кој јавно предупреди дека возовите во земјава се небезбедни и навести можна железничка несреќа, која потоа се случи, завчера е отстранет од работа со можност да добие и отказ. Решението е со потпис од директорот на „Македонски железници - Транспорт“, Благоја Крстевски, кој помина без последици за трите несреќи за десет дена и за препораката до патниците да се држат за рачните сопирачки за да спречат железничка катастрофа. Според образложението на директорот, Пејовски, кој има 25-годишен стаж како машиновозач, бил отстранет од работа бидејќи со своите изјави го нарушил угледот на железничкото претпријатие.

Пејовски, кој е претседател на Независниот синдикат на машинскиот персонал во железничкото транспортно претпријатие, тврди дека решението го добил како казна оти предупредил дека железничкиот сообраќај во земјава е небезбеден. Тој го повика генералниот директор на претпријатието да каже колку локомотивите се технички исправни и дали е почитувана безбедноста на вработените и на патниците.

- Решението на директорот се коси со Законот за работните односи и со колективниот договор на претпријатието каде синдикалниот работник е заштитен по три основи. Решението е директен атак врз мене како синдикален лидер. Безбедноста не може да биде табу-тема. За неа треба да се зборува и јавноста да биде запознаена - изјави Пејовски на вчерашната конференција за печат.

Тој додаде дека се испочитувани само минималните услови за безбедност во железничкиот сообраќајот бидејќи тековните и инвестициските одржувања се целосно запоставени.

Тој информира дека дел од вработените во МЖ почнале да собираат петиција во негова одбрана и го повика раководството на компанијата на разговор за да се надминат недоразбирањата.

Од „Македонски железници - Транспорт“ вчера не сакаа да коментираат за причините зошто Пејовски е отстранет од работа.

Неколкуте железнички инциденти последниов период, во кој, за среќа, немаше жртви, не ги загрижи властите, ниту надлежните во „Македонски железници“. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој е надлежен за овој сектор јавно побара медиумите да не се повикуваат на изјави од, како што рече, нерепрезентативни синдикалци и изјави дека железницата во земјава биле безбедна.

За краток период имаше три железнички несреќи во земјава од кои во една имаше и осум повредени лица. Состојбата во железница е повеќе од застрашувачка.

Локомотиви и вагони стари и по 40 години, кои често се расипуваат. Инвестициите во железница со години се сведени на минимум и наместо за подновување на возниот парк и инфраструктурата, парите најчесто завршуваат за плати на вработените. За изминатите 60 години е изградена само една пруга во земјава на релација Скопје- Кичево.

Директорот на транспортното претпријатие на железница, Крстевски, се амнестира од одговорност и ги повика патниците да имаат предвид дека во вагоните има рачни сопирачки во случај да им притребаат за да спречат тешка катастрофа.

Владата и по неколку недели откако вагони полни со патници излетаа од пругата кај населбата Чашка, се' уште ги чека извештаите за несреќите за да каже дали ќе побара одговорност и од кого.

Izvor: Dnevnik, http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=42A7032C183E354DB494EC36425202E9

Back to Top
zookisk View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 26-Dec-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 334
  Quote zookisk Quote  Post ReplyReply #359 Posted: 09-Apr-2010 at 23:33
09-04-2010 год. ден на македонските железничари а воедно и 137 години Македонски Железници...Па нека е честито!!!




Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #360 Posted: 09-Apr-2010 at 23:52
Cheers честито
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1617181920 69>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.258 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.