![]() |
![]() |
![]() |
Клинички центар Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 18> |
Author | |||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
Ја колку што разбрав се мисли на зелезнило карши новата гинекологија. Десно од портата.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
ArchiTechTone ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2009 Online Status: Offline Posts: 280 |
![]() ![]() |
||||||||
Знам дека е офтопик, но решавањето на проблемот со паркирањето кај клинички, можда ќе ја подобри состојбата, но клинички никако не смее да продолжи да се развива во правецот кој го има сега. Павилјонско градење на клиники сметам дека е крајно несоодветно, особено кога секоја клиника не ја поседува потребната опрема за соодветна дијагностика. Недопустливо е пациенти со сериозно компромитирано здравје да се шетаат по улици, само затоа што клиниката во која се сместени не ја поседува соодветната апаратура. Штета што нема ни иницијатива(или можеби има ама не сум запознаен), за клинички да се смести во ЕДНА зграда, каде операционите сали, дијагностика и одделенија би биле врзани само по вертикала, со строго контролирана хигиена, а паркингот и сообраќајот во ниеден момент да не биде врзан со пациентите. Со самото тоа што клиниките се “растурени“, подразбира дека ќе има шетање на пациенти, посетители и кадар, шетање на возила за дотур на санитетски материјал и сл, потреба за паркирање.....
Сфаќам дека е Водно, и дека на времето изгледало како добра идеја, пациентите да се шетаат на чист воздух, и се слагам со тоа, ама денеска состојбата е толку многу променета, што го прави овој модел на уредување бааѓи несоодветен... Прашање е колку квалитетно може да се реши паркирањето тука, но дефинитивно мора нешто да се направи. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
Архитектоне забелешката ти е многу на место. И мене ми изгледало тоа како не во ред, но колку што знам јас клинички не е дигнат цел оддеднаш него постепено. Башка една од постарите згради е градена со донации од иселеници, што премногу кажува за состојбата финансиска во здравството. Еве денес сведоци сме дека едвај еден апарат се купува, а не да се гради нова клиника. Но доколку би се градела би требало сериозно обмислување на формата на ЕДИНСТВЕНИОТ објект и како би биле распределени одделенијата. Нормално мора детални консултации со стручниот медицински кадар и да се утврди кои клиники имаат најмногу заеднички потреби, кои имаат специфични потреби кои немаат заеднички потреби, кои имаат потреба од ургентен и цело време слободен влез, акои не. После таква сериозна анализа може да се пристапи кон обмислување и проектирање на зградата. Башка тука цело време ми виси над глава како би се решил проблемот со дневна светлина во еден таков голем објетк. Дали тоа би биле атриуми или штознам, но мора и тоа да се мисли.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
И да се надополнам. Дефинитивно ни треба некоја попристапна локација кога веќе јужен булевар не се става ни под разно!
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||
го лоцира лсл, 41°59'21.6"N 21°25'10.4"E тоа е тоа... |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
@ beton
Иако прави логика од повеќе аспекти, полошо место мислам сепак не можеше да избереш. Ова е практично двор на болницата за туберкулоза, од другата страна на уличката се интерните клиники и тоа баш пулмологија е истурена навака, а кардиологија и гинекологија се само шлагот за оваа локација. Такво окружување во никој случај не е вистинскиот простор за решавање на сообраќајни и паркинг проблеми. Паркчето можеби е запуштено, но решението за тоа е едноставно - да се среди. @ Architechtone Сосема си во право, но мислам дека веќе предлабоко сме загазиле со овој концепт и дека е доцна да размислуваме за таква коренита реорганизација, барем до некој момент во иднината кога ќе бидеме навистина богата земја која што би можела да истурка таква скапа и комплицирана претумбација. Во меѓувреме, поголема и посоодветна опременост на клиниките може и треба да реши добар дел од проблемот што го наведуваш. Се најавуваат и некакви топли врски, но прв рефлекс ми е дека тоа тешко дека добро би се извело, а плус тоа некои клиники се толку расфрлани што ни тоа не е опција. Edited by Cloverstack - 17-Mar-2009 at 01:08 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
||||||||
чисто го посочив како локација но не и како најидеално решение. тоа е затворено и запуштено паркче долж едноспратните згради на клиниката за патофизиологија и пулмологија, кое не дека ептен нешто многу ќе се уништи со катна гаража, но проблем е повеќе можеби самата местоположба бидејќи реално и многу гужва ќе има на самиот булевар. можеби тука може да се направат само пововлечени постојки за таксисти и автобуси, но не и гаража. инаку комбинации за паркинзи има повеќе како што спомнавме погоре, испуштивме можеби да посочиме на долниот паркинг под стоматологија кој може да се прошири кон медицинско тоа старата зграда (некогаш мртовечница во државна) која има поголем запуштен двор, а пристап до неа ќе имаат и од министерството и од клиниките и од водњанска, но тука проблем би била галамата која би се создавала тука пред хируршките клиники, особено проблематично е што од оваа страна е сместен карил (интензивна). затоа најдобро решение е она со котларата до инфективна, тука можат да се турнат и тоа бараките на фармацевтскиот факултет и гаражите за амбулантните коли кои се на потегот пред и помеѓу инфективна и погоните на МАК Спорт.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
Ова е зградата на Токсикологија во склоп на клиничкиот центар. Се работи за стар објект кој е реновиран и делумно зголемен 2002 година. Според мене влага во конкуренција за "транзициони" објекти, а со округлестиот прозор може да конкурира и за наградата "Вангел на годината".
![]() Edited by lslcrew - 21-Apr-2009 at 09:45 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
Денеска во клиничкиов центар во рок од 10-тина минути два пати присуствував на сообраќаен циркус кој резултираше со заглавување на брза помош.
Еднаш низ тесните улички каде неколку автомобили беа приморани да одат во рикверц, да се качуваат по тротоари и да се буткаат кој кај најде било каков простор, за конечно да помине болничкото возило. Вториот пат кај главниот влез, каде брза помош со вклучени сирени беше приморана да чека во ред на паркинг-рампата дур влезат сите што беа пред нејзе и си земат талонче... Кога стигна на ред, рампата се разбира се спушти и за нејзе ![]() Најавената трансформација на градската болница во ургентен центар сигурно ќе ја олесни состојбата, но сообраќајниот хаос во клинички центар никако не треба да биде оставен нерешен. Не можам да сватам како цел сообраќај во комплексот е подреден на желбата на приватен концесионер да си го максимизира профитот. Па сепак се работи за болница побогу! |
|||||||||
![]() |
|||||||||
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
||||||||
навистина тоа е најголем проблем во комплексот, да исцрка човек додека да го однесат до ургентен или било којаа друга зграда
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=1821&ArticleID=122375 Edited by Cloverstack - 24-Sep-2009 at 15:55 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
Да потсетам, со изградба се почна во 2001
![]()
Edited by Cloverstack - 18-Dec-2009 at 22:07 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
Ајде јавачи на "статус кво"-то! Ако може ништо да не се случува, ниту да се растура ниту да се реновира. Све да си стои така четириеститина години, па после што сака нека биде. Главна узречаица "Кај па сега..?!"
Не викам дека неможе ова да се прави кат по кат, или клиника по клиника, или крило по крило. Ама кога веќе зградава пола век седи така и конечно има некој воља да тоа го смени, редно е да му се остави простор и да не добива медиумски клизачи па дури и да постои подобар начин да тоа се направи. Edited by lslcrew - 23-Mar-2010 at 15:11 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
![]() Ај да не мешаме добра или лоша воља, тоа е многу релативно и субјективно, а на цела планета нема доволно добра воља која може да оправда правење на глупости од ваков калибар и поигрување со здравјето и животот на толкав број луѓе. Овде се работи за колосална неодговорност. Зарем некој нормален може да помисли дека сите интерни клиники може да се набутаат во старата зграда на гинекологија (која меѓудругото беше претесна и за досегашната намена) и тоа да не предизвика страшни последици? Па сега испадна за греота таму некој се трудел да ги опраи работиве, а добивал медиумски клизачи... Па што треба да следи за ваков „брилијантен“ план? Аплауз? Всушност баш би сакал да слушнам каков орган од министерството за здравство го испланирал ова и кој ќе понесе одговорност доколку се случи хаос (а извесно ќе се случи). Мислам ќе преовлада разум и ќе се најде друг модус за реновирање на интерните клиники. Дали фазно, дали некое друго решение, не знам, ама мислам до толку ненормална работа како планов со целосна селидба во стара гинекологија не може да помине дури ни во Македонија. Edited by Cloverstack - 23-Mar-2010 at 23:28 |
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
Е браво за реченицава! Токму така е! |
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
![]() А да бидам безобразен па да те прашам како би ти се допаднало тебе да ти притреба здравствена помош во услови кога интерните клиники ќе ги напикаат во објектот на старата гинекологија? Или се е океј додека не сме лично засегнати? До тогаш можеме да бистриме политика? Имаш ли некакво објаснување зошто е ваков планот или нема потреба од објаснување и образложување, пошто нели, имало добра воља... |
|||||||||
![]() |
|||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||
Не дај боже да имам, на никого не му пожелувам да има потреба. Скоро пред некој месец дена имаше текст дека капацитетите на болниците и се нешто повисоки од тоа што има Македонија потреба. Нели Воена е сега трансформирана? Нели имаме дисперзирано здравство. Скоро читавме дека државна е пребукирана со пациенти што можат да завршат работа по градските болници. Сигурно е дека има пресметки и има план за логистика како и што каде ќе се пренасочува и како тоа ќе се одвива. Не верувам дека некој се осудил на ваква маневра без да има проверено такви параметри.
Не располагам јас со детаљи со бројки колку пациенти има тамо дневно, колку се капацитетите на сите простории тамо па да знам како можело тоа да се одвива. Меѓутоа неможе секоја иницијатива и секој обид уште непочнат и недокрај разбран, па макар бил и во фаза на иницијатива, редовно ни се случува да добива клизачи, како главни два аргумента да бидат "Сега не е време" и "Не на тој начин". Мора веќе да имаме одговорност за јавно искажан збор. Ако весникот тврди и личноста позади тој напис дека клинички центар нема капацитет да затвори една зграда нека го поткрепи тоа со факти, не со фразеологија. Никој во државава нема службена должност да до медиуми доставува проекти освен доколку тоа не е побарано. Ако требаше горниов текст да биде сериозен ќе имаше барем две бројки што ќе покажат дека тамо капацитет нема. Ова ми личи на сувопарно критизерство, исто како оноа што требаше ден пред отварање на северната трибина да се исплаши јавноста дека ќе падне стадионот. Така сега се плаши јавноста дека ќе нема каде да се лечи и неосновано се пласираат тези. Јас на проектите априори гледам со одобрување, па после тоа барам дали има елементи што не ми се допаѓаат, за разлика од тебе па и повеќето тука што основниот пристап е негативен па после тоа треба да има убедување дека всушност се работи за позитивен проект. |
|||||||||
![]() |
|||||||||
46&2 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Jan-2008 Location: Куманово Online Status: Offline Posts: 347 |
![]() ![]() |
||||||||
Како прво не знам дали ја знаете приказната за Современиот клинички центар кој што се палнирал во седумдесетите (мислам, не ме фаќајте за збор) да се гради на Зајчев Рид по примерот на оној во Белград и Загреб. За жал и тогаш се појавиле душебрижници меѓу професори на медицинскиот факултет кои сметале дека нема потреба да се менува локацијата затоа што повеќето имале веќе изградено куќи на Водно или планирале да градат. Денес некои од нив и ги издаваат. И како секој поголем проект во Скопје и овој остана на хартија за демек подобри времиња. Денес ако анализираме што добивме и што имаме за клинички центар е очајно, жално, срамотно. Не би навлегувал во сите тие недостатоци, може во некоја посодветна нишка. Би кажал само дека еден таков објект би требало да биде заеднички за сите клиники каде пациентот не би излегувал надвор доколку се движи меѓу клиниките. Нешто како воена болница, ама па неа упорно ја расцепкуваат. Значи владава сакала да реновира здравствени установи, а сите знаеме колу пари се слеваат од нашето солидарно здравство каде сите се осигурани а голем дел не плаќаат. Колку и да викаат дека ќе биде темелно реновирањето ја сепак мислам дека ќе завршиме со некои течки импровизации и замачкувања. Она што најмногу сакам да го истакнам е до кога ќе одиме со импровизации упорно во секоја сфера па и во здравството. Да се фрлат толкави пари првенствено за зграда која има многу лош сообраќаен пристап, без паркинг простор, со котларница која чади до просториите на првиот спрат итн. итн. е лудост.
Околу преминот на интерна на гинекологија, би сакал само да му честитам на оној кој што го испланирал ова. Зградата е три пати помала и стварно не знам како планираат да ги сместат таму.
|
|||||||||
I use public toilets and I piss on the seat.
|
|||||||||
![]() |
|||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||
Нема ништо чудно една ваква луда идеја да добие „клизачи“. (мада за жал проценката ти е погрешна и идејава ни од далеку не добила такви клизачи какви што заслужува)
![]()
![]() Инаку овој случај е доволно крупен и осетлив, за да не мора никој да ги прозива господата од министерството, туку треба самите да излезат и да објаснат како побогу планираат да функционира нивната замисла!
http://www.build.com.mk/forum/forum_posts.asp?TID=12&PID=44305#44305 Затоа не ставај се во ист кош.
Инаку те молам не ме класифицирај во некакви си негативисти, демек сум критикувал по дифолт, без причина и без образложение. Ниту пак има таков пристап кој може да ме убеди да сменам став за нешто што очигледно не го бива. Не знам како воопшто испадна оваа бизарна дискусија. Ете ако некој баш запне, и во Фичо може да набута 8 души, ама доколку некој рече дека тоа е ненормално, никој нема да му бара бројки и анализи да поткрепи зошто е тоа ненормално. Секој разумен ќе праша што бараат 8 души набутани во Фичо. А овде ситуацијата е многу посериозна - се работи за здравјето и животот на многу граѓани. Накратко - господата во министерството нека бараат поинаков модус за реновирање на интерните клиники. |
|||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 18> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |