![]() |
![]() |
![]() |
ТИРЗ Прилеп |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | ||
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
|
Дoвoлнo е дa им се види екипaтa зaдoлженa зa инвестиции. Нo и oнaкa тaa гaрнитурa не верува вo отварање нa рaбoтни местa вo идустријата и приватниот сектoр. Тие се децa учени нa фoтељa и ништo другo не ги интересирa. Фирмите кaде штo требa дa се работи и прoизведувa им се aпстрaктен пoим. |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Што убава политикантска дискусија.
Нема поголем непријател на приватниот сектор од претходната гарнитура. ТИРЗовите се убава приказна, на тоа секако стојам, но тие се капка во море. Такво превработување во јавен сектор, такво бескрупулозно трошење на јавни пари за социјален мир, такво спроведување на клиентелизам е без преседан. Особено би се задржал на првите две точки кои се одлика на комунистички економски систем а не на политики кои би ги очекувал од десничарска партија. Јавниот сектор требаше да се преполови во однос на 2006 не да се мултиплицира. Културата на „чекање решение во државно како доживотно решение“ требаше да се сузбие не да се негува и надгради. Инаку ме зачудува зошто Култузин не го применува принципот „почекајте да видиме како ќе искочи па после критикувајте“ и „секој што критикува не е патриот“ повеќе. |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
Ако добро памтам ти работиш во некоја од институтициите задолжени за привлекување инвестиции. Можеш ли да го доловиш подобро амбиентот, ова што го кажа е дефинитивно лузерски муабет и нема да резултира со ништо, но дали е муабет останат од кампањата или нешто што веќе се спроведува како пристап кон нови инвестиции? Дали воопшто се има нешто променето во институциите за привлекување на странски инвестиции, бидејќи мислам дека беа под радарот од кога се смени власта, колку што знам нема ниту нови кадровски решенија на клучни позиции. |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Ако се паметни ќе задржат некои клучни луѓе во тој сектор. Добра слика беше да се види како Заев и Мизо заедно сечат лента.
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Реално, треба да го задржат и импулсот не само луѓето. Видов дека доста се скратиле буџетите токму за овие неколку агенции за странски инвестиции. Во ред, не треба да бидат бунари без дно, но мора да се задржи квалитетно функционирање и развој на зоните. Иако реално се отворија веќе 8-9 зони во кои имаме барем по една активна фабрика, факт е дека не повеќе од 4 зони може да се наречат такви, другите се обични ливади и немаат основна инфраструктура за нормално функционирање (патишта, пристап до енергенси, телекомуникациски пристап итн....) |
||
![]() |
||
Kid_A ![]() Senior Member ![]() Joined: 24-Nov-2014 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
|
Реално гледано ТИРЗовите можат да профункционираат во поголеми градови каде што демографски не се пустош и има колку толку млада популација. Не можеш да развиваш економски зони во градови/села каде што само старци останале да живеат.
|
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Па и не може секое село да има свој ТИРЗ. Мислам дека и вака е прилично амбициозен планот со ТИРЗови иако искуството кажува дека кога ќе се пробие мразот со една фабрика, порано или подоцна другите ќе дојдат. А тоа е добар резултат. - Скопје - Штип - Прилеп - Струмица - Струга - Кичево - Тетово |
||
![]() |
||
iGi_PoP ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Apr-2015 Online Status: Offline Posts: 213 |
![]() ![]() |
|
Ke se skinam od smeenje... Zaev i Mizo... Mizo od promoviranje na noknji klubovi otide da brka stranski investicii... covekot e izguben slucaj ![]() |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
![]() Патот кој го изоде РМ беше многу тежок и релативно долг заради неколку работи. Немањето свест и познавања кај инвеститорите за Македонија, големата конкуренција од државите од регионот, нивното претходно искуство, големината на пазарот (во конзумерска смисла и во смисла на пазар на труд), политички предрасуди, итн. Тимот за СДИ работеше на одговори на овие предизвици и успеа да убеди, според мене, убав број на компании да почнат со работа тука. Еден од неуспесите на тој тим беше неотворањето на барем една фабрика во секој формиран ТИРЗ, пред се мислам на Гевгелија и Радовиш. Ако зборуваме за новата влада и нивната визија за процесот, мое мислење, изградено врз фидбек од внатре од институциите е дека сеуште не им е јасен процесот и како се прави тоа. Тие се пред дилема дали на инвеститорите "да им се покажат заби" или да ги продолжат почнатите проекти. Вице-премиерот кокетира со двете опции, од една страна јавно порачува дека инвеститорите се добредојдени и ќе ја имаат целосната поддршка, а од друга најавува отворање на секој договор поединечно и наметнување на нови услови. Условите што ги најавува звучат супер и разумно, особено за електоратот, за луѓето кои не го разбираат процесот. Ама за компаниите тоа ќе биде deal breaker. Немој да мислиш дека странските фирми не сакаат да соработуваат со домашните. Напротив, повеќе им одговара и има смисла за нив, пред се од логистички аспект. Проблемот е што за еден куп работи тие немаат со кого да соработуваат и од кого да набавуваат. И не е проблем само условот за соработка со домашни фирми. Тука е и декласифицирањето на договорите. Не сум сигурен дека 1 од 10 компании ќе се сложи нивната државна помош да биде јавно познат износ. Тука има 2 проблема: конкуренција и тензија меѓу инвеститорите во иста зона или ист регион и притисокот од купувачите на корисникот на државна помош за поефитини производи заради добиената помош. Впрочем, која земја ги објавува договорите со компании кои вложуваат 10-20-30 милиони евра. Се објавуваат само оние големи пакети на помош, на пример за производител на возила, и тоа по неколку години откако ќе заврши проектот и после многу, многу притисок најчесто од ЕК. И уште во однос на кадровските решенија. Точно е дека засега нема смена во институциите надлежни за СДИ, иако во Агенцијата за СДИ директорот е од ДУИ и не очекувам промена. Единствено останува решение за Мизо. Јас лично мислам дека Мизо е одличен кадар со долго искуство на ова поле и ќе биде загуба за процесот и за државата ако се случи промена. И тука е веројатно дилемата на новата власт. Во однос на министрите, што да кажам, доволно е да се видат нивните биографии. Тоа може сериозно да го закочи процесот. Од она што го имам како инфо, сите претходни министри и ги предале активните проекти на министерката Апостолска, затоа што веројатно не виделе ни грам надеж кај Мерко и Ќахил. Во секој случај, несреќни решенија кои немаат директна врска со кадровски менаџмент, туку се чисто политички одлуки. |
||
![]() |
||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|
![]() Мојот коментар беше во правец дека надоврзавте неколку паушални пост-а кои може да се толкуваат исклучиво политички и кои не генерираат продуктивна дискусија. Особено не сакам двојни стандарди каде до вчера критиката беше предавнички чин (колку и да беше аргументирана) а од денеска е нормална работа. Но тој дел јасно го адресирав и не беше до тебе.. А те прашав бидејќи мислам дека имаш што да кажеш. Еве овој пост е навистина содржаен и неможам да кажам дека е политикантски. Сите аргументи ми звучат разумни и во најголема мерка се согласувам. Ако во 2006 година (основано) се плашев што ќе стане со евроинтегративните процеси, и сето она што се случи ги оправда моите стравови, со оваа смена на власт се плашам што ќе стане токму со овој сегмент на развојот. Сепак се надевам дека основата од 7 (или административно 8) активни развојни зони, ќе и олесни на новата власт да продолжи со привлекување на инвестициите. Пред се како капитал при убедувањето во врска со подолу цитираните проблеми кои ги наброја.
|
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
![]() Околу зоните, колку и да звучи чудно и непоимливо за широката јавност (заради купот поволности, нели), тие не се компаративна предност за РМ. Такви зони, во нешто поразлична форма, постојат во сите држави конкуренти на Македонија во овој процес. Така што, да се има зона со фискални поволности е задолжително за држава која решила да привелкува инвеститори. Други се факторите што носат инвестиции. Пред се, чувството на поддршка од страна на највисоките претставници на владата кон компанијата. И тоа е нормално, затоа што се работи за комплетно непозната средина за странската компанија и за одлуки од најчесто десетици милиони евра. Затоа односот на претхнодната власт се чинише како премногу близок со инвеститорите. Јас се надевам дека, за доброто на државата, и новата власт ќе го разбере тоа и ќе се однесува слично. Во спротивно би им било повеќе од тешко да реализираат проекти од ваков обем. |
||
![]() |
||
Navigator ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-May-2014 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 678 |
![]() ![]() |
|
Германската компанија „Акомпласт“ започна со работа во ТИРЗ Прилеп
![]() Денеска свечено беше отворен погонот на германската компанија „Акомпласт“, која преку својата фирма ќерка „Инџекшн Молдинг Прилеп“, започна со работа во ТИРЗ Прилеп. Станува збор за реномирана германска компанија која што е специјализиран производител за пластично моделирани делови за автомобили. Ова е единствена фабрика од ваков вид во Западен Балкан. Погонот се простира на околу 1.000 м2, а „Инџекшн Молдинг Прилеп“ произведува делови за најпознатите брендови на автомобили како : Јагуар, Бентли, Волво, Волксваген, Шкода, Крајслер и други. Инвестицијата треба да изнесува неколку милиони евра. „Од поставувањето на камен темелникот поминаа скоро година и половина интензивна работа. Ни беше потребна многу сила за да се состават сите парчиња и во текот на работата стекнавме нови добри искуства. Тука се произведуваат делови од пластика и метал наменети за автомобилската индустрија. Во моментов се планира и отворање на уште една хала „Инџекшн Молдинг Прилеп“. Им благодариме на нашиот сопственик г-динот Алфред Штиглер и управителот Франк Штефан за отворањето на оваа фабрика. Исто така и благодариме на македонската Влада која отвори доста можности за нас како инвеститори. Исто така голема благодарност и до локалната самоуправа на Прилеп за постојаната поддршка и помош која што ја добивавме“, истакна Инес Андре, управител на „Инџекшн Молдинг Прилеп“. „Би сакале да им се заблагодариме на поранешниот министер за привлекување на странски инвестиции г-динот Бил Павлески и локалната самоуправа на Прилеп кои ни помогнаа со своите тимови. Со помош на Акомпласт групата и Прокредит банка која ја финансираше нашата опрема и со помош на нашите високо мотивирани вработени почетокот е успешен. Исто така сакам да изразам посебна благодарност на сите кои помогнаа и ќе продолжат да помагаат тука. Како што може да видите има доволно простор за нашите возбудливи идеи и ова е уште една пресвртница на нашата компанија во поновата историја на Македонија. Парите се инвестирани, вработените се обучени и направени се првите нарачки“, кажа Франк Михаелис управител на „Инџекшн Молдинг Прилеп“. Од германската стопанска комора истакнаа дека Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија и дека германските инвестиции тука биле постојано во пораст. „Македонија е една од ретките земји со трговски суфицит со Германија, односот е 2 : 1. Минатата година обемот на трговија помеѓу Македонија и Германија изнесуваше 2,8 милијарди евра. Стока во вредност од 2,1 милијарди евра била извезена од Македонија во Германија, а стока во вредност од 750 милиони евра била извезена од Германија во Македонија. Бројот на германските инвеститори значително се зголеми во последните години. Многу германски компании го нашле својот пат во Македонија, односно во Македонија има повеќе од 200 компании со германски капитал, кои вработуваат опколу 15.000 лица“, изјави Патрик Мартинс, претставник на германската стопанска комора. На свеченото отворање присуствуваше и заменик амабасадорот на Германија во Македонија, Марко Акватичи, кој истакна дека Македонија е многу привлечна дестинација за германските инвеститори. „Ангажманот на „Акомпласт“ тука е само уште еден показател на позитивното мислење на германските компании за Македонија, како локација за инвестирање. Една анкета на деловната клима на германско-македонската стопанска комора покажа дека 85% од германските инвеститори повторно би инвестирале во Македонија. Не е тајна дека македонско-германските односи се добри на секое поле, не само во однос на економијата и некои статистики покажуваат дека околу 100.000 Македонци живеат во Германија“, изјави Марко Акватичи, заменик амабасадор на Германија во Македонија Инаку „Инџекшн Молдинг Прилеп“ е втора фабрика која веќе започнува со работа во ТИРЗ Прилеп, претходно тука започна да работи американскиот гигант во автомобилската индустрија „Гентерм“, каде работат околу 1.300 лица, а во тек на градба е и погонот на германскиот ВИК, кој со работа според планот треба да започне на почетокот од идната година. |
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Нова клучка за поврзување на ТИРЗ Прилеп
![]() од фб профилот на З. Заев |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
https://www.facebook.com/SugareskiGoran |
||
![]() |
||
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
|
Бензиската малку ги изменила плановите. ![]() ![]() ![]() |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Извадоци од видео
https://www.facebook.com/SugareskiGoran/videos/179827966794793/?__tn__=%2Cd%2CP-R&eid=ARCr5KTAFjgexyruHme48uBe26mzgf66Ywd02I8vZb6pz_YX3k029TPIykqwkybjcDwQtt9XvT4HPeE_ ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/SugareskiGoran/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/fabrikakarposh/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/SugareskiGoran/ |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Со доизградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“ и понатаму се доцни
Кога конечно ќе биде готова клучката кај ТИРЗ „Прилеп“ со чија изградба се започна уште во јуни 2018-та година?! Тогашните најави беа дека овој капитален проект, со кој требаше да се забраза привлекувањето на нови странски инвестиции, треба да биде готов за 15 месеци. Меѓутоа, и по две години оттогаш, градежните работи се уште траат, а нема и ниту еден нов странски инвеститор. Министерот Горан Сугарески, вели дека во моментов немал конкретна информација зошто и понатаму се доцни, а не знаел и дали некој ќе сноси одговорност заради пробиените рокови. Инаку, изградбата на клучката кај ТИРЗ „Прилеп“, која чини околу 4 милиони евра, во изминативе две години, беше интересна за посета и фалба на безмалку цел државен врв, вклучително и на Зоран Заев. Во меѓувреме, се погласни стануваат и пелагониските стопанственици, кои реагираат на лошата патна инфраструктура во овој регион, нарекувајќи ја Пелагонија „слепо црево“. Тие бараат новата влада, ургентно да се зафатела со решавањето на овој проблем. Инаку, доцнење има и во изградбата на Експресниот пат Прилеп-Градско. Министерот Сугарески, за наредноиот месец најави распишување на два тендери за овој пат, иако во мај беше најавувано дека тендерите ќе бидат завршени најдоцна во јуни. https://alfa.mk/so-doizgradbata-na-kluchkata-kaj-tirz-prilep-i-ponatamu-se-docni/ |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |