![]() |
![]() |
![]() |
Привремени и напуштени објекти |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 14> |
Author | |||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81891031262&id=14&prilog=0&setIzdanie=21766 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Протест против новите киосци во Аеродром Сопствениците не сакаат да платат 10.000 евра за изработка на нов киоск и 400 евра месечна кирија без ДДВ, оти тоа е прескапо за нив, а немаат доверба во Општината, оти им нуди договори во времетраење од само две години Сопствениците на трафиките и на другите привремени објекти поставени на територијата на Аеродром вчера протестираа пред општинската зграда против одлуката на Советот која ги задолжува на свој трошок да набават нови типизирани киосци и за нив да плаќаат и до 400 евра месечна кирија без ДДВ. Марија Тасев |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||
Јас сум апсолутно ЗА типизација на времените објекти во Скопје но во ситуација кога секојдневно се измислуваат комбинации од овој тип за да мрзливите административци ги полнат своите каси, воопшто не го подржувам проектов.
Ајде да видиме некаков план од Општина Аеродром, една мапа на кои позиции се поставени времените објекти, кои се параметрите според кои се одредени локациите, каков е типизираниот киоск, имало ли конкурс за ова итн... На сајтот освен баналните вести од типот дека имало маскенбал на 1 април ![]() |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
ама овака стварно е смешно и луѓево се во право.
1.Општината решава да ги смени киосците (океј)
2.Трговциве треба да си платат изработка (и ваљда со самото тоа преоѓаат во нивна трајна сопственост)
3. Да плаќаат кирија (добро, ваљда за местото)
4.На користење од 2 години (!?) не разбирам што е со двеве години и што после нив?
Па зар е можно да си платил све и после 2 години, не ти го продолжуваат договорот и доаѓа друг место тебе да го работи објектот, а ти си лупнал 10.000 евра, кои сите понатаму (нови сопственици на секои 2 години кога би се менувале на пр.) не би плаќале.
![]() Па чекај ако е за 2 години тогаш зашто ја плаќаат изработката, нека ги плати општината, нека бидат во нејзина сопственост, а трговците нека плаќаат партиципација за користење на објектите, како што е киријата. Па макар бил тој износ додаден на тие 400. Не контам, не сум запознаен, коментирам на база на статијава (ама и нов е проблемов), ама најдискутабилен ми е временскиот рок 2 години.
Ова му доаѓа као ти градиш куќа со твои средства, живееш 2 години у нејзе и после ти си одиш, а во неа доаѓа да живее некој друг.
![]() |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
||||||||||
Која е гаранцијата дека новиот градоначелник за 2-3-4 години нема да му текне да прави нов унифициран дизајн? Значи ќе повторам, унифициран дизајн ДА, но како дел од еден сеопфатен план за подигање на стандардите во градов а не како дел од некакви ад хок решенија на локалните моќници за да го полнат буџетот.
Инаку ниту мене не ми се јасни математиките, верувам дека за 400ЕУР месечно може да се земе локал еден дуќан во Бисер или околината со површина на трафика и без никакви дополнителни инвестиции да се продолжи бизнисот без човек да го боли глава од бистрите идеи на локалната администрација. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Трафиките станаа луксузОпштина Аеродром им нареди на трафикантите да направат нови унифицирани трафики и им ги зголеми кириите20:00 | 01.04.2010 | Автор: Шпиц
Сопствениците на трафиките во општина Аеродром имаат два месеца да ги урнат постојните објекти и на нивно место да постават нови унифицирани за кои треба самите да платат. Покрај тоа, на општината месечно треба да и плаќаат кирија од 50 евра по квадратен метар за земјиштето. Така, месечно ќе им дојде кирија од 400 до 600 евра. Ова досега се регулирало на годишно ниво и изнесувало околу 21. 000 денари.
Револтираните сопственици вчера се собраа пред општинската зграда. - Нема никаква потреба да се унифицираат повторно објектите кога веќе се такви. Пред дваесетина години добивме локации и според тогашниот договор купивме и поставивме објекти од фирмата „Плопласт“ од Струга. Сами плативме за инфраструктурата и со години плаќаме нормален надоместок за земјиштето. Ова е апсурдно, не може за користење земја да се плаќа месечно, тоа секогаш се регулирало годишно - вели Борис Димитров, сопственик на трафика. Според градоначалникот на Аеродром, Ивица Коневски, трафиките 10 години работат со нерегулиран статус зашто договорите им истекле. - Киосците на главните булевари ќе треба да плаќаат 400 евра, додека тие на споредните улици по 200 евра закупнина за месец. Сакаме на сегашните корисници да им дадеме предност и да склучиме договор со нив, но ако некому не му одговара цената, тогаш општината ќе издаде оглас за киосците за кои веќе постојат заинтересирани - рече Коневски. Засегнатите велат дека одлуката на Советот на општината е противуставна бидејќи земјиштето на кое се поставени трафиките е државно, а не општинско. Сопствениците треба до 9 април да се изјаснат дали се согласуваат со новите услови. - Ова навистина е нечесна игра и веројатно се оди кон тоа да се откажеме од објектите за да ги земе некој друг. Дури ни бараат да плаќаме кирија два месеца однапред. Ова ни е велигденската честитка од нашиот градоначалник - гневно вели една сопственичка. Од оваа дејност егзистираат над 170 семејства. Edited by SkyBoy - 07-Apr-2010 at 23:46 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Новата кирија за трафиките во Аеродром пред Уставен
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
||||||||||
Новите киосци отворија стари макиИзградбата на новите киосци во Аеродром ќе чини од 9.000 до 14.000 евра.09:00 | 16.04.2010 | Автор: Шпиц
фирма, туку ќе можат самостојно да ги изработат според
проект од општината. кирија од 200
евра. Како е можно тоа? - прашуваат револтираните трафиканти. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Високата закупнина ќе го остави Аеродром без трафики?!Корисниците на трафики досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра по квадрат, плус 14.000 евра за нов киоск
Последната одлука на советот на општината Аеродром за зголемување на киријата за времените објекти, односно за трафиките што се наоѓаат на нејзино подрачје, ги револтира сегашните кираџии. Покрај ова, постојните трафики ќе се менуваат со новодизајнирани, за што закупувачите на киосците ќе треба на општината да и платат по 14.000 евра. Закупувачите велат дека досега плаќале најмногу 30.000 денари годишно, а според новата одлука треба да даваат од 400 до 800 евра месечно, односно 50 евра од квадратен метар. Неможејќи да ги прифатат новите услови за работа што им ги понуди општината, сопствениците организираат и протести пред општинската зграда. Како што нé информираа претставниците на трафикантите, договорите за новите услови на изнајмување се подготвени на 12 април, а одлуката на советот е донесена еден ден подоцна. Некои од нив во времените објекти работат веќе 25 години. Во тоа време изгледот на трафиките во градот, а и во тогашната општина Кисела Вода, од која неодамна се одвои Аеродром, беа унифицирани во зелена боја, а производство на фирмата „Полипласт Струга“. За закупнината велат дека според сите законски прописи би требало да плаќаат од 8 до 15 евра за квадрат, колку што изнесува и цената за поставување урбана опрема во градот. Истовремено, сметаат дека со оваа одлука се повредени и Законот за градење, како и одлуката на градот за поставување опрема како што се и трафиките.
- Повеќе не знаеме што да правиме, испративме претставки до сите надлежни и ненадлежни институции и сега чекаме одговори. До Министерството за транспорт и врски испративме и писмо со наш предлог како овој проблем да се реши побезболно за сите. Киосците се на државно земјиште, па закупнина за користење на трафиките би требало да плаќаме не само на општината, туку и на градот- објаснуваа претставниците. Во писмото испратено до Министерството за транспорт и врски се вели дека сегашните закупувачи сакаат да ги продолжат договорите склучени со оваа институција, практика каква што постоеше до 2005 година. Дуќанџиите додаваат дека уште пред пет години барале им се продолжат договорите, но дека тогаш и општината Кисела Вода, па и градот и Министерството за транспорт се прогласиле како ненадлежни за целата ситуација. - Се согласуваме ако треба и ретроактивно да си ги платиме заостанатите кирии, па дури и да ги пребојуваме трафиките, но сé друго е тотално неприфатливо. Од овие трафики живеат многу семејства, а ако ни ги срушат сите ќе завршиме во Бирото за вработување. Дури и да се сложиме да плаќаме закупнина од 50 евра за квадрат, пак нема да можеме да се прехраниме затоа што во трафиките се продаваат производи од кои баш и нема некоја голема заработка. Многумина од нас нема да ги потпишат новите договори за закуп, но има и такви кои како партиски војници и послушници ќе потпишат - ни изјавија претставниците на закупците на трафики од Аеродром. Од општината велат дека веќе се потпишани дваесетина договори, а најверојатно ќе следат и нови. Според најновата одлука на советот на општината Аеродром, за закуп на трафика ќе се плаќа 50 евра за квадратен метар со ДДВ, а новите киосци треба да се постават до средината на идната година. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
||||||||||
Почна чистката на трафиките во Аеродром
![]() Сопствениците на сите привремени објекти во Аеродром деновиве добиле решенија од Општината во рок од 15 дена да ги отстранат своите трафики од локациите каде што се поставени. Вакви решенија добиле сите сопственици на киосци, без разлика дали ги потпишале новите договори за закуп со Општината. Тие се револтирани од, како што велат, нехуманиот однос на Општината, која ги брка на улица во период додека чекаат Уставниот суд да реши за нивната жалба на новите правила за поставување трафики во Аеродром. - Добивме решенија за селење на киосците што досега ги користевме. Мораме да се иселиме во рок од 15 дена, иако ги поседуваме сите документи. Тие ни се издадени во различни периоди, но сепак во нив експлицитно е потенцирано дека киосците се привремени објекти кои остануваат на таа и таа локација се до реализација на детаљниот урбанистички план, а не додека на некој не му текне да си донесе одлука за поставување нов киоск на нашите места, ама со друга боја - вели еден од сопствениците на киосци. Граѓаните, кои со години работат во киосците, велат дека околу 200 луѓе, односно 50 фамилии ќе останат без основни приходи, поради неразумната одлука на Советот на Општина Аеродром. - Ни велат да се жалиме до Министерството за транспорт и врски, но ние знаеме дека и таму се нивни луѓе, па кое фајде од такво нешто. Веројатно нашите права ќе ги бараме на суд, но знаеме дека додека процесот заврши, ќе поминат години. И ако излеземе во право, обесштетувањето нема да го плати градоначалникот Ивица Коневски или советниците од свој џеб, туку ќе плати Општината со парите на граѓаните - велат револтираните граѓани. Општина Аеродром неодамна најави дека ќе ја спроведе одлуката за поставување привремени објекти, според која сите трафики ќе бидат со унифициран изглед. Целта била да се стави ред во оваа област и да се разубави општината. Тие во новите договори за изнајмување на трафиките на сопствениците им бараат по 400 евра месечно за кирија. Од општината, кога ја носеа одлуката се пожалија и дека голем дел од сопствениците со години не плаќале закуп, оти работите не биле до крај регулирани. Сепак, останува нејасно што ако навистина сите трафики во Аеродром бидат отстранети во следниве две недели. Општината не објасни каде граѓаните ќе купуваат списанија, цигари и дребулии додека не се изработат новите киосци. Во Општината велат дека нема да отстранат ниту еден привремен објект се' додека не се испочитуваат сите законски рокови за жалба. - На територијата на Аеродром има околу 50 трафики, а близу половина од нив ги потпишаа новите договори за закуп. Општина Аеродром донесе решенија за отстранување на привремените објекти, но не само на оние што не ги потпишуваат договорите за закуп, туку на сите, бидејќи старите решенија за поставување подолго време им се истечени - велат од одделението за односи со јавноста. Според одлуката на Аеродром, новите киосци ќе имаат површина од 8 квадратни метри. Општината го утврди нивниот изглед, а сопствениците што потпишале договор за закуп треба самите да ги изработат на сопствен трошок. Поради оваа одлука и скапата кирија тие во минатиот месец излегоа и на протест. |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
NorthWind ![]() Infraction Group ![]() Joined: 28-Sep-2010 Location: Neighborhood Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||
Киосците во Аеродром остануваат Основниот суд го поништи решението на Општина Аеродром за отстранување на привремените објекти од нејзината територија. Општинарите пред неколку месеци побарале од сопствениците на привремените киосци да ги дислоцираат и во иднина да ги заменат со нови, унифицирани. Сопствениците ги обжалиле доставените решенија, а деновиве завршил и судскиот процес. Моментално пред Управниот суд се води и спор против решението на Општината Аердором за унификација на киосците на нејзината територија, а одлуката ќе биде позната наскоро.
Одлична вест
![]() |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
Вооптшто не е одлична. Неможе ред да се воспостави. Од трафики за цигари и весници се направија ресторани, ќебапчилници, сендвичари, кај мене во маало дури и шнајдер и адвокат има во вакви трафики.
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
||||||||||
Јас сум за унификација и ред на овие привремени објекти, нивно средување и уредување, а секако и прецизирање на намените кои можат да ги имаат.... Но мислам дека 400 евра месечно за квадрат е многу.... Мислам дека многу подобро може да биде со 50 евра или пак фиксна цена за целиот објект од 100-200 евра месечно.... |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
NorthWind ![]() Infraction Group ![]() Joined: 28-Sep-2010 Location: Neighborhood Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||
Ми пречеше по мене силеџискиот начин на кој се сакаше да се "среди" проблемот. Очигледно се направи само поголем проблем, во кој општината излезе губитник. За средување, унифицирање итн и јас сум, само со партнерски приод, заедничко решавање на проблем, со поволни можности за откуп и слично, а не со стап. Требаше да постигнат позитивен фидбек и добра воља од страна на трафикаџиите, а не тужби и пенали. Сега времето и парите фрлени во ветер ке бидат веројатно исти, со опцијата ако се пристапеше цивилизирано.
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
Мора понекогаш на мускули да се тераат работите. Тоа не е никакво силеџитво, иако така се сака да се прикаже од оние што имаат бизнис интерес во случајов. Не на тој начин е позната фраза што само ги одлага работите. Не верувам дека општината е будала да турка нешто на сила, ако имало начин да оди со лесно. Трафикаџиите во секој случај се врзани цврсто до статус кво-то. Немаат причина да сакаат да се среди нешто кога тоа во секој случај значи губење "освоена територија" со лимови, фрижидери, кафемати, изложена стока и слично. Цели супер-маркети и ресторани се имаат распослано. Еден фрижидер да сака да го отстрани општината, не поради друг, макар и да е само да се ослободи тротоар, пак ќе наиде на проблем.
Edited by lslcrew - 30-Sep-2010 at 15:08 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
NorthWind ![]() Infraction Group ![]() Joined: 28-Sep-2010 Location: Neighborhood Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||||||||||
Не се слагам, признавам не сум суштински запознаен, само од медиуми, ама не гледам решение на проблем ако
- наметнеш купување на трафики по цени од 9-14.000 евра (дали неможеше поефтини!?)
- дали ако мора да биде таа цена, неможе да се обезбедат олеснителни околности за плаќање
- зашто во исто време покрај споменатиот одлив на средства за набавка на трафики, драстично се зголемува цената на закупнината, која ако веќе не се намали во интерес на набавка на нови трафики, тогаш барем да остане иста.
Со мускули проблем не се решава, само се плаќаат отштетувања. За вакво нешто во цивилизирана земја се дава оставка, му падна одлуката/проектот. Еве еден добар пост
![]()
|
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
Ако е ова добар пост, тогаш што со патиштата што треба после 30 години да станат државни, што со хидроцентрали што треба да станат државни, што со земјишта на 99 години? Логиката е дека ако има стопанственик што има економска исплатлива пресметка во две години да ја исплати изградбата и притоа да направи задоволителен профит да прифати. Ако нема интерес тогаш се намалуваат критериумите и се иде на нова понуда. Може да се сложиме дека може би општината немала сериозна пресметка и анализа што би било економски оправдано и за што би имало интерес кај стопанствениците и понудила превисоки стандарди, но дека нема логика нешто да се гради и после некој период да стане општествена сопственост тука неможеме да се сложиме. Проверено е тоа низ свет и функционира, не измислила Општина Аеродром топла вода. Допрва ние треба да навикнеме на вакви пазарни принципи што ни се апсолутно ново и непознато и тешко доаѓа на сцена.
А тоа што паднала одлука не го земај многу за релевантно. Знаеме како функционира тоа. Прашање е колку има објективност во таква одлука. Може некоја повисока инстанца ќе ја преиначи таа одлука. И уште една доста важна работа. Не мора истите што предходно ги држеле трафиките, да продолжат да бидат пак тие истите и општината се да направи само за нив да биде прифатливо. Ќе дојде некој што ќе може економски да го издржи тоа, а општината ќе наплати највеќе што може. Ова не е како јас предлагам дека треба да биде, ова е едноставна психологија на секоја општина. Десетина илјади евра вака по слободна проценка и не изгледа многу за сериозен стопанственик што мисли трафиката да му биде примарна дејност на атрактивна прометна локација. Олеснителните околности за плаќање не се нешто што го дава државата, туку банките, лизинг компании и слично. И за закупнината исто, ќе се пресмета во севкупната слика за економска оправданост како и другите давачки. Пак ќе повторам, тие што сега се сопственици немаат причина било каков потег да направат. Што и да се направи за нив е неповолно. Што и да се направи во себе вклучува расчистување на распослани елементи по зеленила, плочници и тротоари. Мускули се неизбежен алат. Edited by lslcrew - 30-Sep-2010 at 16:22 |
|||||||||||
![]() |
|||||||||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
||||||||||
|
|||||||||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 14> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |