Author |
Topic Search Topic Options
|
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#21 Posted: 26-May-2009 at 18:38 |
Навистина не знам што се обидува да каже човекот. Не ни знам улица Коле Канински во Битола...
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#22 Posted: 26-May-2009 at 18:56 |
Originally posted by гитардемон
Не сум знаел за источната обиколница!? Имаш ли некаде таква вест да ја видам? Инаку може битолски сообраќај, мислам дека има доволно вести, само расштркани се низ повеќе нишки.
|
Додуша не знам дали имаме регистрирано нешто за ова, но кога еден убав ден ќе се реализира автопат по должината на коридорот 10Д, веројатноста е голема тој да не оди внатре низ Битола туку да се оформи обиколница. Исто така гледам дека би имало и просторни проблеми за постоечкиот пат да се надгради до автопат, па нова траса прави логика барем за некои сегменти. Иначе океј за нишката, ќе прелистам и ќе издвојам што треба да оди во нејзе. Ако приметите нешто што е испуштено известете ме.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#23 Posted: 27-May-2009 at 03:46 |
Се
работи за нешто помалку од 2 километри каде оваа улица ќе биде
пробиена |
гитар, ова е многу повеќе од тоа што имаш обележано ај ако можеш дознај ја целата траса ...или евентуално да не се работи за новинарски промашај?
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#24 Posted: 27-May-2009 at 10:32 |
 На
задоволство на жителите на двете битолски населби Ушици и Г. Оризари
започна изградбата на улицата Кукуш . Оваа улица преставува поврзување
на двете населби и им го скратува патот до училиште на децата од
населбата Г. Оризари.Улицата се очекува да биде готова до крајот на
градежната сезона вели градоначалникот Владимир Талески.

Со
изградбата на оваа улица ќе се реши проблемот со улицата која ги
поврзува двете населби. Како што можете да видите овде е работи
интензивно .парите се обезбедени од биџетот на општината Битола. Овој
проект е втора Железничка – рече градоначалникот и додаде дека парите
се обезбедени од страна на општината и тие се во висина од 9 милиони
денари во кои не влегува осветлувањето кое дополнително ќе се поставува
по завршувањето на улицата која се очекува да биде готова до крајот на
градежната сезона . Од
интервенцијата на овој дел од градот се задоволни и граѓаните кои се
среќни што го дочекаа крајот на нивните маки околу улицата Кукуш. Се е убаво кога е прави и затоа изградбта на оваа улица ние ја поздравуваме и им благодариме за ова што досега го
нема направено ниту една власт досега .Затоа се за пофалба заедно со
ВМРО ДПМНЕ, ова тие што го прават досега никој го нема направено – вели
жител на улицата Кукуш. Малку подолу од оваа локација беше уште пофрекфрентно на делот на кружниот тека на сообраќајот. Работите
застанаа околу дислокацијата на водобвна цевк з која ќе треба да се
прави нова траса која ќе врви по тротоарот. Сето ов адојде непредвидено
и општината ќе ја чини повеќе пари – рече градоначалникот. Од сето ова може да се заклучи дека и годинава општината Битола ја очекува обемна градежна сезона. | Орбис ТВИнаку ќе се обидам да дознам која е трасата но не гарантирам. Знам само дека тие населби се одделени со еден рид, па веројатно ќе поминува низ ридот сето тоа.
Edited by гитардемон - 27-May-2009 at 10:33
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#25 Posted: 27-May-2009 at 19:37 |
На вчерашниот прес Грдаоначалникот Талески го најави почетокот на
изградбата на улица Кукуш со која ќе се поврзат двете населби Ушици и
Горно Оризари, а со тоа ќе им го скратат патот до училиште на децата од
двете населби. Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Битола во
висина од 9 милони денари во кои не влегува осветлувањето кое
дополнително ќе се поставува по завршувањето на улицата која се очекува
да биде готова до крајот на градежната сезона . Од интервенцијата
на овој дел од градот се задоволни и граѓаните кои се среќни што го
дочекаа крајот на нивните маки околу улицата Кукуш.
Градоначалникот Талески ја посети и локација кај Дулие каде интензивно се работи на кружниот тека на сообраќајот. Работите
застанаа околу дислокацијата на водоводна цевка за која ќе треба да се
прави нова траса која ќе врви по тротоарот. Сето ова дојде непредвидено
и општината ќе ја чини повеќе пари – рече градоначалникот.




| http://bitola.gordsys.net/?UlicaKukusIDulie
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#26 Posted: 12-Jun-2009 at 19:00 |
КРУЖНИОТ ТЕК КАЈ ДУЛИЕТО ПОДГОТВЕН ЗА АЛФАЛТИРАЊЕ | Хроника |
|  |
Уредувањето
на кружниот тек кај Дулието со што всушност треба да се заокружат двата
големи инфраструктурни проекти во тој дел на Битола, реконструкцијата
на улицата „Железничка“ и проектот М5 и кој треба да претставува
„круна“ на градежните зафати кои Општината ги направи во тој дел на
градот, се приближува кон крајот. Деновите веќе се тампонираше
просторот со што крстосницата е подговена за алфалтирање. Претходно
беше поставена комплетна подземна инсталација, нови водоводни и
канализациони цевки, а поставени се и електричните инсталации со кои
треба комплетно да се осветли крстосницата. По асфалтирањето на
крстосницата ќе бидат поставени и нови ивичници за кракот кон улиците
„Прилепска“ и „Железничка“. Иако во моментов додека се
изведуваат градежните зафати кај Дулието на крстосницата се создава
сообраќаен метеж и конфузија кај возачите во кој правец треба да се
движат заобиколувајќи го импровизираниот кружен тек, сепак, граѓаните
имаат разбирање и трпение за локалната власт. -Малку се создава
метеж и забуни кај возачите. Како таксист неколкупати во текот на денот
поминувам тука, и гледам дека некои од возачите не знаат каде треба да
се исклучат, а се случува иако има поставено неколку сообраќајни знаци
тие да не се почитуваат или да ги збунуваат возачите, па така се
создава хаос. Не се почитува првенство на минување, сите некаде брзаат
и може да се предизвика сообраќајна несреќа. Но треба да бидеме малку
трпеливи, зашто, сепак, важно е да се уреди оваа крстосница која се
наоѓа на влезот на Битола и која досега беше во катастрофална состојба
и беше срам за Битола. Локалната самоуправа работи континуирано и да
продолжи со ова темпо за што побрзо да се завршат работите, за да се
среди сообраќајниот хаос - вели Миле Стојановски, таксист од Битола. Инаку,
покрај асфалтирањето и уредувањето на крстосницата треба да се постави
и фонтана која дополнително ќе го разубави овој дел на Битола. По
уредувањето на кружниот тек кај Дулието треба да се уреди и влезот на
Битола до Оризари за што веќе се урнати дел од објектите на градежната
фирма „Бетон“ кај безнинската пумпа на „Макпетрол“, со цел да се
прошири улицата, а ќе треба да се урнат уште неколку времени објекти од
пумпата до влезот на населбата Стрелиште, затоа што новиот влез во
Битола треба да биде булеварски со четири ленти, по две за секој
правец. Со реализацијата на овој проект со помош на Владата на Р.
Македонија, Битола треба да добие еден современ влез како што и му
доликува на градот на конзулите. |
| http://www.bitolski.makmreza.com/FullInfo.aspx?NID=c6eed119-e325-4788-ad31-96290a0f9908
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#27 Posted: 20-Jun-2009 at 14:41 |
Aсфалтирање улица во село Трап
Петок, 19 Јуни 2009 17:42 |
Минатата
година АЛКА и Општина Могила, изработиле 2 проекти еден помал кој ги
офаќал месните заедници на селата Трап и Беранци и еден поголем проект
од 30 000 евра во кој влегувал предлог план за селото Добромири и
Општината Могила.И покрај четири годишната соработка меѓу АЛКА и Могила
дури сега се почна со реализација.
„Жителите
на овие села предложија асфалтирање на улица така да еве реализација на
тој проект каде што е предвидено асфалтирање во Трап една улица во
должина од 250 м вчера заврши асфалтирање на три улици во селото
Добрушево и утре односно денес и тре во Општина Могила и во село
Беранци каде е планирано изградба на едно спортско игралиште во рамките
на училишниот двор односно во основното училиште."-вели градоначалникот
Славко Велевски на Општина Могила.
Вредност
од 38 000 денари финансиска покриеност од Алка е улицата во Трап,
додека подготвителните работи се обврска на Општината.
„Подготвителните
работи тампонирањето бидејќи беше обврска на Општина Могила изборот на
фирмата го направи Општина Могила тоа е део транс од Демир Хисар додека
градежните работи во делот на асфалтирањето ги работи ГП Гранит нели
тоа АЛКА си прави посебен тендер тој дел во кој си ги финансира." -вели
градоначалникот Славко Велевски на Општина Могила.
Изборот
на локациите каде ќе се инвестира се правел со изработка на работилници
за месните заедници од сите села кои потпаѓаат под Општина Могила.
„Тоа
беше подолг процес кој што еден проект што го спроведуваше АЛКА реков
во заедничка сорабитка со Општина Могила што прво беа опфатени
населените места од сто до илјада жители беа повикани сите месни
заедници со повик да учествуваат на тие работилници.Учествуваа со
проект предлог за асфалтирање на улици во село Трап и со предлог проект
за изградба на спортско игралиште во село Беранци."-вели
градоначалникот Славко Велевски на Општина Могила.
Велевски
не бил задоволен од одзивот на претставбици на месните заедници, прво
биле само седум пријавени па со развојот на работилниците тој број
постепено се зголемувал.Вели народот мора да научи да ги користи
приликите за искажување и наметнување на своите проблеми. Втор
проект произлегол како резултат на успешени работилници за асфалтирање
на улици во Добрушево и Општина Могила, каде се конкурирало со готови
прокети..Вели тешко е сите села да сеопфатат но соработката ќе ја
продолжат, наскоро влегуваат во програмата и за рурален развој со два
проекти за кои се надева дека ќе бидат одобрени. |
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9187&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#28 Posted: 25-Jun-2009 at 11:30 |
Градежните работи на рaскрсницата кај Дулие
Среда, 24 Јуни 2009 17:20 |
Непредвидени
проблеми, ја кочат работата на кружниот тек, кој се гради на влезот на
Битола.Јавните набавки биле доделени на неколку фирми-изведувачи, кои
подетално на фази, делуваат врз овој проект. „Бидејќи е ова стара
раскрсница ,а сега ја прошируваме во многу поголем обем, најдени се
подземни инсталации со високонапонска мрежа едно десет киловолти кабел
кој што опфаќаше еден голем регион од градот и имавме проблеми за нивна
дислокација , а таа нивна дислокација беше условена со многу карпеста
средина која што бараше специјални машини за нејзино
отстранување."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности
Овој нов проблем го забавил и финансиски го оптеретил проектот.
„Иначинот
каде и местото ,локацијата каде да се постави тој кабел беше условен со
ново проектно решение во зависност од тој детал пет , се бараше да се
постави добра локација која што ќе ја опфати новата населба
Ушици."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности
Паралелно создавала проблеми и 40 години старата железна водоводна цевка која ги напојува населбите горно и долно Оризари.
„Исто
така течеше тендер за да го средиме бидејќи таа цевка не се наоѓа на
пазрот за да се купи и веднаш да се носи.Специјална фирма која што ја
изработува ,тој вид на цевка и условени сме од нејзино
поставување."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности
Ова наметнувало и измени на проектот односно поставување на нови шахти.Во моментов работи еден изведувач.
„интензивно
и денес бевме на лице место за некои работи односно ја отстранува
постоечката коловозна конструкција од асвалт и поставивме тампон и веќе
го оформивме тој кружен тек."-вели Зора Симјановска сектор за комунални
дејности
Изведбата на работите продолжувал до стариот авто-ремонт па следувало дислокацијата на бензиската пумпа Макпетрол.
„Сега
сме условени и од изградбата односно дислкацијата на пумпата Мкапетрол
која што ќе има е во тек на вадење на докуманетацијата за изградба на
истата."-вели Зора Симјановска сектор за комунални дејности
Следело
дислоцирање на времените објкети, а како проблем се наметнал и продорот
на водоводна инсталација под пругата,овде биле вклучени и Македонски
железници кои изработиле проектно и надзорно решение што исто било
времено условено.
„Овој
објект е од капитално значење и е голем во фаза е и наизградба и на
реконструкција значи сето тоа условува долг период на градба."-вели
Зора Симјановска сектор за комунални дејностис
Буџетско
покриетие бил овој проект за кого биле предвидени околу 45 милиони
денари, но новите препреки,финансиски се наметнале, за кои во моментов
вршеле детекција колку ќе чинат.Од општина предвидуваат дека се
работело за не многу висока сума ,но и напоменаа дека средствата кои
Државата им ги давала за влезот М5, во случај да неможат да ја
заокружат и покријат сумата со буџетските пари,ќе ги искористат овие
извори, зошто раскрсницата всушност и била дел од магистралниот пат М5. |
| http://www.tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9403&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#29 Posted: 25-Jun-2009 at 11:54 |
Де бре ништо не може да помине без „непредвидени“ проблеми и одлагања, мада не знам колку е непредвидено да налеташ на кабел кога за подземен катастар не сме ни чуле... Па барем тие главните кабли како овој да знаат кај се! Не знам што кажува ова за нас. Па евиденција и координација се базични работи за секоја држава. На кое ниво функционираме ние?
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#30 Posted: 25-Jun-2009 at 17:46 |
Пуштен во употреба пат во село Егри
Четврток, 25 Јуни 2009 17:53 |
Во
селото Егри денеска се пушти во употреба асфалтен пат со должина од
еден километар и 200 метри. Овој инфраструктурен проект е финансиран со
еден милион денари од буџетот на општината Битола, а еден милион и 600
илјади денари од Центарот за одржлив развој АЛКА. Според
градоначалникот Владимир Талески, овој проект е доказ дека општината
вложува и во руралните средини, а не само во сообраќајниците во
градското јадро.
-
Во соработка со нашите постојани партнери се обидовме да асфалтираме и
да придонесеме во делот на инфраструктурата и во руралните места. Егри
е прекрасно место. Се сеќавате во 2005 година со помош на европските
фондови пристапниот пат се стави во функција - вели градоначалникот
Талески.
Мештаните
се задоволни што овој пат конечно се асфалтира и што ќе го олесни
животот на 70 домаќинства, односно 296 жители од селот Егри.
-Тампон
беше овој пат, една третина порано беше готов, една третина сега се
асфалтира, жителите се благодарни и остануваат уште 800 метри да се
врзат сите улици во селото - вели Павле Митревски, претседател на МЗ.
Центарот
за оджлив развој АЛКА во изминатите години имаат реализирано околу 7
проекти во битолските села. Од нивната работа заклучиле дека уште треба
да се вложува за подобрување на условите за живот во селата.
-Ние секојдневно се среќаваме и велиме дека донаторите треба да ги продолжат своите активности, пред
се за инфраструктурата, таа е една болка и предуслов за иден економски
развој и од социјалната сфера треба да се вложува во реконструкција на
училиштата затоа што долго време не е вложено во нив - рече Жарко
Чипунов, извршен директор на АЛКА.
Следен
проект на АЛКА е во областа на енергетскта ефикасност, осносно замена
на дограмата во училиштето „Елпида Караманди" во село Доленци.
Наташа Чавдаровска
< ="" ="text/">
\n aktuel@tera.mk < ="" ="text/">
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
< ="" ="text/">
|
| http://tera.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=9445&Itemid=106
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#31 Posted: 25-Jun-2009 at 18:01 |
Na patot samo edna kola moze da projde a nde dve da se razminuvaat 
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#32 Posted: 25-Jun-2009 at 18:25 |
Абре село со 200 жители е, и тоа им е премија, 3 коли се во цело село. Инаку може да се разминат, не мора само на асфалт да биде разминувањето.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#33 Posted: 25-Jun-2009 at 20:15 |
Многу ми паѓа во очи неквалитетната изведба на овие локални патишта кај нас. Немаат ниту рабници, ниту одводи, ниту ознаки, банкини, да не збориме за тротоари. Сепак мислам дека се ново што правиме треба да го правиме максимално квалитетно и по сите модерни стандарди, за да ја надокнадиме разликата помеѓу Македонија и Западот, а не да ја продлабочуваме. Разлика меѓу наш локален и селски пат и таков во Словенија, општина Шенчур при Крању:
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#34 Posted: 25-Jun-2009 at 20:30 |
Друго е ова. Пример патот за Магарево и Трново е поголем и подобар од овај овде. Ама Егри е џенем од градот, и многу слаб сообраќај има. Не дека е оправдување, ама тие градот не можат да го суредат, не селата.
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#35 Posted: 12-Jul-2009 at 02:06 |
100 дена работа на терен на новата локална власт
Сабота, 11 Јули 2009 19:05 |

Денеска
градоначалникот на Битола работно ги прослави првите сто дена од
неговиот втор мандат. И во неговиот нов мандат продолжи со асфалтирање
на битолскиот улици. Денеска механизацијата беше во центарот на Bитола
кај Гроздот.
„
Завршена е целата процедура, тендерот е завршен, договорите се
потпишани, значи неколку улици меѓу кои прва денеска е Ѓуро Ѓаковиќ ќе
се асфалтира. Значи 100-те дена активностите на терен главно се со
подготовка и асфалтирање на улицата Ѓуро Ѓаковик" изјави
градоначалникот Владимир Талески.
Го
прашавме колку очекува дека новиот заменик министер за транспорт и
врски ќе помогне во лобирањето за повеќе средства од буџетот на
траснпорт и врски за инфраструктурни проекти во Битола.

„
Многу ми е мило што во Владата на Македонија има уште еден човек
битолчанец, посебно што е тоа нашиот советник Горан Михајловски, со кој
што имавме доста успешна соработка и убеден сум дека тој ќе ни ги
динамизира сите активности со министерството за транспорт и врски" вели
Талески.
Градското шеталиште кое беше негов најголем проект во претходниот мандат сега е во темница.
„
Значи во почетокот имавме ден прекрасен проект за градското шеталиште,
тој го финиширавме, го завршивме, меѓутоа како што знаете, на повеќе
места низ градот урбаната опрема се уништуваше. Ние секоја пролет или
лето имаме една програма за санирање на оштетените делови од нашата
урбана опрема. Овој пат се случи еден голем дел од сите канделабри кои
што ни беа на некој начин подарок или донација, да бидат уништени. Сега
е во тек тендер, распишавме тендер за друг вид на канделабри поинакви
поцрврсти со подруг материјал, јас сум убеден дека штом заврши целата
процедура ќе ги добиеме тие над 100 канделабри и сите ќе бидат
поставени на градското шеталиште" вели тој.
Ќе применат словенечко искуство за да си ја спасат урбаната опрема.

„
Видете полицијата во неколку наврати интервенираше, фати неколку групи,
но изгледа дека тоа не е доволно и покрај тоа што се обидуваме со разни
чуварски служби, сепак факт е дека она што беше поставено на градското
шеталиште е уништено. Значи ќе го засилиме делот на чување на нашата
урбана опрема, а да ви кажам искрено сега скоро се вратив од Словенија.
Мислам дека е тој добар пример иако многу ни забележуваа и велеа дека
не е коректно тоа да го направиме, ќе поставиме видео камери во секој
случај низ целиот простор на градското шеталиште, секаде онаму каде што
имаме урбана опрема, значи ќе оставиме на стручните луѓе да кажат каде
точно ние ќе ги поставиме мини камерите каде што ќе бидат невидливи за
голо око, а кои што ќе имаат за цел едноставно да ги чуваат односно да
ги држат под будно око практично оние простори каде што имаме урбана
опрема" вели градоначалникот на Битола.
Талески
ветува дека ќе продолжат со асфалтирање на улици не само во градот и
периферијата, туку и поодалечените населени места на територијата на
општина Битола.
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#36 Posted: 24-Jul-2009 at 14:10 |
Од изградбата на кружниот тек кај Дулие ( Битолчани засрамете се! Чекате Скопјанец да дојде да слика што се гради низ Битола  ) 1  2  3  4 
Edited by Cloverstack - 24-Jul-2009 at 14:10
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#37 Posted: 21-Aug-2009 at 03:08 |
Обиколницата без сигнализација
Битола - Новата обиколница „Железничка“ во Битола се' уште нема
сообраќајна сигнализација, иако од пролетоска, кога беше свечено
предадена во употреба, поминаа неколку месеци. Возачите, во отсуство на
сообраќајни знаци, се снаоѓаат како што знаат и умеат. Обиколницата
„Железничка“ го поврзува магистралниот пат М-5 со граничниот премин
Меџитлија на македонско-грчката граница и се изгради со намера да се
растоварат другите сообраќајници што поминуваат низ централното градско
подрачје. Од Општина Битола ја отфрлаат одговорноста дека тие се
единствено надлежни за комплетирање на сообраќајната сигнализација.
„Сите тендери се завршени и ќе се постават сообраќајни знаци секаде
каде што недостасуваат. Но, Општината е надлежна само во еден дел за
сигнализацијата, остатокот е на ’Македонија пат‘ и на Фондот за
патишта“, изјави градоначалникот Владимир Талески. Од Општината уште
велат дека се' уште се занимаваат со хоризонталната сигнализација низ
битолските сообраќајници, а дури потоа ќе започнеле со поставување на
вертикалната сигнализација.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=796D57534E9DE54BAC1BBBCAB299EA38 |
|
 |
jonny
Newbiе
Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#38 Posted: 12-Oct-2009 at 18:40 |
Има некој информации до каде е изградбата на обиколницата? 
Edited by jonny - 12-Oct-2009 at 18:40
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#39 Posted: 14-Oct-2009 at 02:10 |
Де бре, нема ли да се најде ни еден јунак од Битола што може да одговори на прашањево на jonny
|
 |
jonny
Newbiе
Joined: 12-Oct-2009
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#40 Posted: 24-Oct-2009 at 19:42 |
|
 |