![]() |
![]() |
![]() |
Демографија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 24> |
Author | ||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Заедно со дијаспората, Македонци 62%, Албанци 29,5% – ТВ21 ги дознава првите резултати од пописот на население
Уште четири дена нѐ делат од објавувањето на резултатите од Пописот на население. ТВ21 од извори во Заводот за статистика дознава дел од резултатите во однос на бројот на резидентното и нерезидентното население. Неофицијално дознаваме дека во Северна Македонија живеат 1 милион и 800 илјади граѓани. Заедно со дијаспората сме 2.1 милион, што значи дека околу 300 илјади живеат во странство. Вкупниот број граѓани кои имаат матичен број е 2,5 милиони. Во однос на етничките заедници во земјава, согласно информациите до кои дојдовме, од 1,8 милиони резиденти околу 63 до 65% се Македонци, околу 29,5 Албанци, и 10-12% други заедници кои живеат во земјава. Процентите варираат доколку во вкупниот број на население се вбројат и оние кои живеат во дијаспора, како што е предвидено со закон. Заедно со дијаспората, според неофицијални извори, Македонците би излегле од 60 до 62%, Албанците 29,5%, а припадниците на останатите етнички заедници од 8 до 10%. Не се знае дали овие бројки ја предизвикаа изјавата од пред неколку дена на директорот на ДЗС, Апостол Симовски, кој рече дека ќе биде прогласен за „државен непријател“. Ваквата изјава на Симовски, првиот вицепремиер, Артан Груби, во емисијата „Клик Плус“, ја нарече „за жалење“, истовремено уверувајќи дека нема да дојде до никакви манипулации со бројките. „Убеден сум дека сите тие тврдења ќе бидат отфрлени, ќе бидат демантирани до крајот на март, кога ќе бидат објавени резултатите. Сакам да им олеснам на граѓаните, нека бидат мирни бидејќи бројките се такви какви што се. Задоволен сум од целиот спроведен процес“, истакна Артан Груби. ТВ21 дознава дека пред неколку дена, Заводот за статистика добил закани од група граѓани дека ќе предизвикаат инцидент на денот на објавувањето на резултатите. Но, од МВР ни рекоа дека досега не добиле никаква пријава од заводот. Покрај тоа, друго прашање за кое дознава ТВ21 е и повлекувањето на поканата која ДЗС му ја достави на рускиот амбасадор, Сергеј Баздникин за учество на денот на презентирањето на резултатите. Откако рускиот амбасадор го потврдил своето присуство, штом дознале за тоа, заменикот-директор на Заводот, Селами го информирал вицепремиерот Груби, а тој пак премиерот Ковачевски, кој побарал од директорот на ДЗС да изнајде начин како рускиот амбасадор да не учествува на настанот по повод презентирањето на резултатите. ТВ21 дознава дека деновиве до Руската амбасада е испратен допис, изготвен во МНР во кој дипломатски е побарано амбасадорот Баздникин да не присуствува на настанот. Во однос на ова прашање, побаравме став и од директорот на Заводот, Симовски, кој потврди дека „поканети биле сите амбасади согласно протоколите, пред земјата да ги замрзне релациите со руската“. Кога тоа се случи, ја повлековме поканата, заклучува Симовски. https://mk.tv21.tv/zaedno-so-dijasporata-makedontsi-62-albantsi-29-5-tv21-gi-doznava-prvite-rezultati-od-popisot-na-naselenie/ |
||||
Carpe diem
|
||||
![]() |
||||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|||
ДСЗ ги демантираше бројктие, иако се поклопуваат со моите прогнози па мене ми делуваат реални. Мислам на оние за резидентно население.
|
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
![]() 63% + 29% +12% = 104% Затоа треба да се причекаат официјалните резултати. Edited by Џоле - 28-Mar-2022 at 11:39 |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
|||
Се сложувам со демантот на ДСЗ. Ова 29% воопшто не е реално. Стави 25% и може да пројде. Али да не шпекулираме за 2 дена ќе имаме презентација. ![]() |
||||
![]() |
||||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|||
Суровата истина, тврдата политичка реалност, во контекст на резултатите од пописот, е дека бројките зависат директно од постигнувањето на договор со Бугарија. Односно, зависат од таканаречениот интегриран сеопфатен документ за финално затворање на сите прашања. И тоа бројките се ставени на маса како пазар за македонската страна. Да упростам, дадеш Гоце Делчев, добијаш 17% албанци. Сакале ние да е тоа така или не, верувален или не, тоа Е така!
|
||||
![]() |
||||
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
|||
Значи треба да одбереме или блокада или граѓанска војна дома(бидејки Албанците дефинитивно нема да бидат задоволни со 17%)? |
||||
![]() |
||||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|||
Кога се гледа дека албанците имаат по 2-4 деца а еве пример јас имам 8 тетки со по 4 деца а и тие имаат веќе по 1-3 деца мислам дека со диаспората минимално 25% ќе биде. 17% не верувам дека ќе биде.
Во следните 10 години не верувам дека ќе има голем плус кај албанците ама старите генерации многу биле и породиле мин. два деца. Таков тренд го мема пример кај македонците 1-2 деца тоа е. А после 10-20 години ромите ќе бидат добра тема, скоро секоја фамилија има најмалку 5 деца. Edited by my Macedonia - 28-Mar-2022 at 23:01 |
||||
![]() |
||||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
ОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ: Во Македонија живеат 58,44 отсто Македонци, 24,3 проценти Албанци, непопишани 132.260
Државниот завод за статистика ги објави резултатите од националниот попис во 2021. Во Македонија живеат 1.073.299 Македонци или 58,44 проценти, 446.245 Албанци или 24,3 отсто, 70.961 Турци (3,86%), 46.433 Роми (2,53%), 23.847 Срби (1,30 %), 16.042 Бошњаци (0,87), 8.714 Власи (0,47) и 18.912 останати (1,03) како резидентно население. 132.260-мина не се попишале, а тоа се 7,2 отсто граѓани. Заедно со дијаспората како вкупно население се попишале 1.137.030 Македонци (54,21%), 619.187 Албанци (29,52%), 83.443 Турци (3,98), 49,104 Роми (2,34), 24.759 Срби (1,18), 18.163 Бошњаци (0,87), 9.208 Власи (0,44), 24.165 останати (1,16). Во дијаспората се попишале речиси три пати повеќе Албанци од Македонци. 63.731 биле Македонци, а 172.942 биле Албанци. Во Скопје има 309.107 Македонци, а 120.293 се попишале како Албанци. 44.175-мина не се попишале. https://faktor.mk/oficijalni-rezultati-5421-otsto-makedonci-2952-procenti-albanci-nepopishani-132260 |
||||
Carpe diem
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
Македонија во дебел минус
ОБЈАВЕН ПРВИОТ СЕТ НА РЕЗУЛТАТИ ОД СКРИНИНГОТ НА НАСЕЛЕНИЕТО Вкупното резидентно население во Македонија на петти септември 2021 година изнесувало 1.836.713 жители, што е за 185.834 луѓе помалку во споредба со резултатите од претходниот попис на населението во 2002 година, кога имало 2.022.547 жители. Забележани се 207 празни „населени“ места. Бројката од 132.269 лица што не се попишале и за нив биле преземени податоци од базите на други институции, според директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, делумно би можела да биде и резултат на бојкотот на пописот. – Да не беа црните кампањи дека работиме надвор од стандардните на ЕУ, дека веќе претходно сме се договориле, ќе беше многу помала оваа бројка. Ќе сфатат дека згрешиле тие што ја злоупотребија кампањата. Мое мислење е дека никој не треба да биде казнет што не се попишал. Не знаеме дали не се попишале поради отворен бојкот – изјави Симовски, објаснувајќи дека во периодот на попис голем број граѓани биле на годишни одмори и дека имало и многу други фактори што ја диктирале оваа бројка. За да ја увери јавноста дека при собирањето и обработката на податоците се почитувани сите меѓународни стандарди, Симовски за нивна презентација одржа прес-конференција во салата на Македонската филхармонија, пред претставници на државни институции, на Евростат, на дипломатскиот кор, на заводите за статистика од земјите од регионот, а претходно им додели благодарници на институциите што придонеле за успешното спроведување на статистичката операција. Но, како што се очекуваше, при презентацијата на резултатите, приоритет им беше даден на податоците за националната структура на населението, така што, според вчерашната објава на Државниот завод за статистика, 58,44 проценти од населението се изјасниле како Македонци, 24,30 отсто како Албанци, 3,86 отсто како Турци, 2,53 отсто како Роми, 1,30 отсто како Срби, 0,47 отсто како Власи, 0,87 отсто како Бошњаци, а тука влегуваат и околу осум проценти од категориите: други неспомнати, не се изјасниле, непознато и за кои податоците се преземени од административни извори. На тоа се надоврзуваат и податоците според кои 61,38 процент од попишаното население се изјасниле дека мајчин јазик им е македонскиот, 24,34 проценти – албанскиот, 3,41 отсто – турскиот, 1,73 отсто – ромскиот, 0,17 – влашкиот, 0,61 отсто – српскиот, 0,85 – босанскиот… Со оглед на претходните шпекулации со значително повисок процент на Албанци, за обележување е изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како коалициски партнер во власта, кој меѓу првите упати честитки за успешно спроведениот попис. – Им честитам на сите институции што беа вклучени и го помогнаа пописот како процес, кој започна во март минатата година со дијаспората во земјата и заврши во септември со пописот во државата, процес и предизвик нималку лесен, но успеавме да биде завршен успешно – рече Ахмети. Инаку, според религиската припадност, 46,14 проценти се изјасниле како православни, 32,17 проценти како муслимани (ислам), 0,37 проценти како католици, а во овој, според објаснувањето, се појавиле и други религиски заедници што ги немаше во претходните пописи, а какви што се евангелско-протестантски христијани, будисти… Во однос на родовата структура, пописот покажал дека 50,4 отсто се жени, а 49,6 отсто се мажи. Според возрасната структура, најголем процент од населението е во возрасната група од 40 до 44 години, а како куриозитет беше наведен податокот дека се попишани 51 лицe на возраст од над 100 години. Бројот на домаќинства изнесува 598.632, а просечниот број на членови на домаќинствата е 3,06. Основна цел на пописот е да се утврдат бројот на населението и неговиот територијален распоред, да се добијат податоци за виталните, образовните, економските, етничките, миграциските и другите белези на населението. Пописот е основа за процена на бројот и на движењето на населението во меѓупописниот период, како и за долгорочни проекции на бројот на населението во иднина. Со пописот на населението, домаќинствата и становите се обезбедуваат податоци за: вкупниот број и за територијалната разместеност на основните единици на пописот (лица, домаќинства и станови), карактеристиките на основните единици на пописот (лица, домаќинства и станови) со нивните белези и за утврдување на промените што настанале во периодот од спроведувањето на последниот попис на населението, домаќинствата и становите во 2002 година. Во дијаспората соодносот Македонци – Албанци е обратен Во рамките на пописот 2021 беше овозможено македонските државјани што живеат и престојуваат во странство повеќе од една година да се самопопишат преку веб-апликација, која беше достапна на веб-страницата за попис. Оваа можност ја искористија 258.932 наши сонародници, од кои 24,55 отсто се изјаснија како Македонци, 66,42 отсто како Албанци, 4,78 отсто како Турци… Оваа категорија граѓани не влегуваат во вкупното резидентно население на Македонија. Исчезнаа луѓе колку за два града како Куманово Кусокот од 185.834 луѓе во Македонија во однос на пописот од 2002 година е за двојно поголем од бројот на жителите што во септември беа попишани во Куманово. Имено, во таа најмногубројна општина, според овој попис, има 98.104 жители што значи дека помеѓу двата пописа исчезнале луѓе што би можеле да населат два града какво што е Куманово. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/makedonija-vo-debel-minus/ |
||||
Carpe diem
|
||||
![]() |
||||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|||
ГОСТИВАР, КИЧЕВО, СТРУГА И БИТОЛА ИЗГУБИЛЕ ПО ЦЕЛ ЕДЕН „МАЛ“ ГРАД - скопските општини генерално пораснале - ПОПИС 2021 ГОДИНА
Податоците од најголемата статистичка операција во земјава вчера беа објавени од Заводот за статистика, а покрај податоците за тоа колку проценти има Македонци и Албанци, колку христијанско, а колку муслиманско население, и колку има резиденти и нерезиденти, како и бројните политички реакции за објавените резултати, Фактор направи анализа за тоа какви биле промените за период од 19 години во поголемите градови во земјава, но и во скопските општини. Како споредбена основа ги користевме податоците од претходно спроведениот попис од 2002 година, врз основа на преброеното резидентно население во земјава. Главниот град на земјава Скопје има зголемување за околу 20 илјади жители. Или, ако во 2002 година сме имале 506.926 скопјани, сега таа бројка се искачила на 526.502 граѓани на метрополата, што значи дека има зголемување за точно 19.576 жители. Како стојат работите во скопските општини? Аеродром е скопска општина во која се зголемил бројот на граѓани за близу 6.000 лица, или, од 72.009 колку што биле во 2002 година, во 2021 тие биле 77.735, што значи дека зголемувањето е за точно 5.726 граѓани. Бутел, пак, има само мал број на дополнителни граѓани за овие 19 години, или, од 37.371 во 2002, сега има 37.968 бутелчани, или бележат зголемување за точно 597 лица. Гази Баба не само што нема зголемување, туку има и намалување за околу 3.000 лица, така штоп бројот на жители во таа општина сега е 69.628, наспроти 72.617 во 2002 година. Ѓорчепетровци, пак, се зголемиле како население, за околу 3.000, или, од 41.634 лица пред 19 години, сега се 44.844 жители. И во Карпош пораснал бројот на граѓани. Таму сега живеат 63.760 лица, што е пораст за над 4.000 граѓани во споредба со 19 години претходно. Кисела Вода исто така го зголемила бројот на своите жители, достигнувајќи сега 61.965 граѓани, или има пораст за близу 5.000 граѓани во таа скопска општина. И Сарај бележи зголемување на бројките за околу 3.000 лица, така што сега во таа општина живеат 38.399 граѓани. Затоа, пак, во Центар се намалил бројот на граѓани, па со 43.893 граѓани според најновиот попис од 2021 година, Центар забележал пад за околу 1.500 граѓани. Намалување има и во Чаир, за над 2.000 граѓани, така што сега нивниот број изнесува 62.586 жители. Затоа во Шуто Оризари има зголемување за близу 5.000 граѓани, па сега таму живеат 25.726 лица. Ова значи дека од скопските општини, бројот на жители ги зголемил Аеродром, Бутел, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, и Шуто Оризари, додека, пак тие се намалиле во Гази баба, Центар и Чаир. Една општина која не е скопска, но е во близината на Скопје, е Арачиново, и таму има пораст на жителите за околу 1.000, па сега нивниот број е 12.676. Како се изменила ситуацијата во поголемите градови во земјава, Фактор анализира врз основа на споредба на бројките сега и оние од претходниот попис. Во сите поголеми градови се намалил бројот на жители, покажува нашата анализа. Но, предничат Гостивар, Кичево, Струга и Битола, кои изгубиле по цел еден мал град во однос на претходниот попис од 2002 година. Според последниов попис, во Битола сега живеат 85.164 граѓани, наспроти 95.385 во 2002 година, што значи дека за 19 години градот на конзулите има намалување за над 10.000 граѓани. И Велес регистрирал пад, сега тој брои 48.463 жители, што во однос на 2002 е намалување за 6.645 граѓани. Она што е фрапантно, е колку се намалил бројот на населението во Гостивар. Па така, овој град пред 19 години имал 81.042, а сега само 59.770 лица, што значи дека бројот на жители се намалил за над 21.000 граѓани. Неочекувано, ама и кавадарчани се „изретчиле“. Таму сега има 35.733 жители, што е за 3.000 жители помалку во однос на пред 19 години. Во Кочани, пак, има уште подрастичен пад на бројот на жители. Таму сега живеат 31.602 лица, што е минус за близу 6.500 граѓани. Големото Куманово, сега е исто така помало отколку пред 19 години. Тогаш имало над 100 илјади жители, или 105.484, но сега се спушти под стотката, на 98.104 кумановчани, што значи дека има пад за близу 7.400 граѓани. И прилепчани се намалиле во споредба со 2002 година, сега се 69.025 граѓани, или се помалку за над 7.700 граѓани. Убавиот Охрид сепак не можел да ги задржи сите свои жители низ годините. Сега се 51.428, намалени за над 4.300 граѓани. Драстичен пад на бројот на жители има и во Кичево, од 56.739, тие се намалиле на 39.666, што е пад за над 17 илјади, што е огромен пад за вака мала градска средина. И Струга има голем минус, сега се 50.980 стружани, или падот за 19 години изнесува над 12.000 граѓани. Струмица исто така влегува во редот на општини чии број на жители се намалил, па сега се изброени близу 50 илјади или точно 49.996 струмичани, или има намалување за околу 4.700 жители. Тетово има пад, но во споредба со другите градови тој воопшто не е толку драматичен. Со последниот попис се изброени 84.770 граѓани на тој град, што е намалување за нецели 2.000 граѓани. И во Штип, исто така има пад, сега се 44.866 штипјани, што во однос на 19 години претходнио е намалување за безмалку 3.000 граѓани. https://faktor.mk/gostivar-kichevo-struga-i-bitola-izgubile-po-cel-eden-mal-grad---skopskite-opshtini-generalno-porasnale---popis-2021 |
||||
Carpe diem
|
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Само 20к+ во Скопје?
|
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
kiriOK ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-Apr-2012 Location: Tamworth,UK Online Status: Offline Posts: 1023 |
![]() ![]() |
|||
Сепак делумно бев во право ![]() Edited by kiriOK - 31-Mar-2022 at 15:04 |
||||
![]() |
||||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|||
Па, кога ќе земеш колку луѓе се отселија во странство, и не е за чудење. Edited by Џоле - 31-Mar-2022 at 15:05 |
||||
За сè има вторпат
|
||||
![]() |
||||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|||
Ако досега неможеше да им се објасни на наци-жмро-фашистите каква штета прават по Македонија, ако имаа ментална интелектуална бариера да сватат што значи нивната простоќа, тогаш ова е најдобриот начин после многу децении да разберат! Баш на нивни јазик (етничко пребројување) им се удри шлаканицата, а како колатерална штета за жал трпат сите Македонци кои така се чувствуваат.
Сега преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија би требало да гласи: "Македонците, Албанците, Лицата за кои податоците се превземени од административни извори, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите, Торбешите, Бугарите, Египјаните, Хрватите, Муслиманите, Црногорците.....", јер сега се најголемото малцинство во Македонија. Edited by user8642 - 31-Mar-2022 at 17:03 |
||||
![]() |
||||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|||
Ако не си можел на 7% да им ги поставиш основните прашања за народност, религиозна припадност и мајчин јазик, тогаш ти не си успеал во операцијата наречена Попис. Јас не викам дали се едно или друго, туку формално правно операцијата Попис 2021 е неуспешна, бидејќи 7% е преголема бројка да немаш информации.
|
||||
![]() |
||||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|||
Не прифаќа рамковен, па после вика бил реалност, не прифаќа северна па била реалност, не прифаќа договор со бугарија па после се освестуваат дека сите се со бугарски пасош и предци, не прифаќа територијална органзиација па после и тоа станува реалност. Завчера на тв слушнав еден мафтач со знаме после фудбалот како вика "не ми е гајле што изгубиле, за мене се победници", иако реланост е сосема поинаква. Па уште ќе ти се налутат и ќе те прогласат за предавник ако не сакаш и ти да влагаш у нивниот филм. Е така и ова ќе биде, за многу брзо време ќе сватат дека и ова е ралност кога ќе почнат по етнички основ да се бркаат македонци од јавна администрација да се чисти, а тоа ќе бидат баш тие тврдокорните наци-фашисти бутани со години по институции. По џебот ќе ги удри оваа бојкотирачка операција што и ја приредуваат на Македонија на секои неколку години, а можда и треба да ги удри. Нека не ве лаже Мицко у партија со електорнски пописи и со "не признаваме" филмови, направена е штетата! Сега може да само да се кае вмро 10 години до следната шанса да се исправи грешката, а меѓувремено за доброто на Македонија пожелно е и да се распаднат, па барем да не постојат веќе. Да нема кој да турка во политичка халуцинација реслови од македонскиот народ што се слаборазумни и склони на ментални етно-растројства. Edited by user8642 - 31-Mar-2022 at 21:07 |
||||
![]() |
||||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|||
Нема некоја голема разлика во застапеноста на Административни по општини, така да немаат голем удел во соодносот на етникуми; на сите горе-долу исто им одзеле. Можеби малку повеќе на Ромите, имајќи предвид дека Шуто Оризари предводи со Административно попишани - 17%.
|
||||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||||
![]() |
||||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|||
Не може да ме убедуваш дека фалинката наречена „лица без податоци“ говори за успешност на пописот. Јас пописот го прифаќам и сум попишан првиот ден и не го спорам како операција, ниту ме интересираат партии, но не можеш да ме убедиш дека ако во држава како Македонија каде од мајчиниот јазик зависат основање на паралелки, од етничките припадности зависат работни места, имаш над 7% лица за кои самоиницијативно си ги внел во вкупниот број, а не си ги внел во другите категории кои се важни за самата држава, да викаш дека тоа е успешен попис.
Некој ти го бојкотирал пописот и реално успеал во тоа, 7% од целокупното резидентно население е голема бројка и со тоа е нарушено се во држава која зависи од проценти по сите основи. И на пописот во 1991 година имало бојкот од Албанците, па ДЗС тогаш не земал матични евиденции, туку пишал дека „дел од населението го бојкотирал пописот“. Фалинката „лица без податоци“, па уште разводнета дека не била поради бојкот, туку дека луѓето биле на одмор или биле земјоделци се смешка само по себе. За религиозната определба да не зборувам воопшто. Пописот е ок само од една работа, а тоа е дека нуди можност за вкупното население и тоа ќе беше ок, да бевме држава во која не постојат уставни и законски квоти за останатото. |
||||
![]() |
||||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|||
|
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 1819202122 24> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |