![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 202122 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ ВО НАРЕДНИТЕ 5 МЕСЕЦИ ЌЕ ЈА РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ КАЈ КЛУБ НА ПРАТЕНИЦИ
Град Скопје денеска почна со градежни работи за реконструкција на улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници. Градежните работи според најавите на градоначалничката Данела Арсовска ќе траат 5 месеци, а ќе се работи на потегот од кружниот тек кај Католичка црква до крстосницата со булеварот Климент Охридски. „Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 метри квадратни, велосипедска патека и тротоари од 4.500 метри квадратни, нови рабници, нова фекална канализација Ф600, изведба на нова водоводна мрежа и, ново улично осветлување со лед светилки. Реконструкцијата чини 43 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Бауер“, кажа Арсовска. На прашањето зошто досега не се почна со реконструкцијата на улицата со оглед дека целата постапка беше завршена уште лани во септември кога минатото раководство на Градот го потпиша договорот за овој проект со фирмата „Бауер“, Арсовска кажа дека ги чекале одобренијата за воведување на посебен режим на сообраќај од Министерството за внатрешни работи. Додека траат градежните работи на оваа фреквентна сообраќајница ќе биде воведен посебен режим на движење, а автобуските линии 5 и 4А нема да минуваат на овој потег. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/grad-skopje-vo-narednite-5-mesetsi-ke-ja-rekonstruira-ulitsata-teodosij-gologanov-kaj-klub-na-pratenitsi/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
До толку чаре да немаат за уште една лента?
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() Нема место, ќе треба да се крати од тротоарите кои и без тоа се тесни и окупирани со возила, дрвја, автобуски постојки и сл. |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
од твитер
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
твитер
![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
od fb
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сообраќаен колапс: Реконструкцијата на Теодосиј Гологанов стартуваше есенва, ја тера зимата, ќе ја дочека ли и пролетта?
![]() ![]() ![]() Веќе четврти месец сообраќајот колабира во строгиот центар на Скопје поради реконструкцијата на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Откако неодамна беше завршена работата на лентата која води кон ценарот на градот, сега е раскопана и затворена за сообраќај другата лента, на потегот од крстосницата со булевар Свети Климент Охридски, па сѐ до кружниот тек со раскрсницата на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин. Скопјани во часовите кога сообраќајниот метеж го достигнува врвот, заглавуваат со автомобилите токму на оваа крстосница, а според динамиката на работите на терен, нервозите сигурно ќе им потрајат уште месец – два. Од Град Скопје, веќе вообичаено, нема одговор до каде е реконструкцијата и дали поради тоа што поради градежните зафати на улицата сериозно се отежнува одвивањето на сообраќајот во овој дел од градот, постои можност обновата на улицата порано да заврши. Со оглед дека едната лента се работеше до скоро, повеќе очигледно е, дека работите ќе потрајат. На почетокот на реконструкцијата, градоначалничката Данела Арсовска најави дека рокот на изведба е пет месеци, а дека Градот за обновата на булеварот ќе потроши 43 милиони денари. Но, како што рече, со овој проект се решава еден голем проблем за жителите кои редовно транзитираат на овој дел на центарот на градот и дополнително се зголемува безбедноста и сигурноста за учесниците во сообраќајот. Реконструираниот булевар треба да има и нови пешачки и велосипедски патеки и дополнителни велосипедски ленти на коловозот. Реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5350 м2, велосипедска патека и тротоари од 4500 м2, нови рабници, градежни работи на нова фекална канализација Ф600 мм, изведба на нова водоводна мрежа, ново улично осветлување со лед светилки со контролери – истакна Арсовска на почетокот на градежните работи. Но, додека не заврши изведбата скопјани ќе заглавуваат во тесното сообраќајно „грло“, со надеж дека добрите временски услови ќе потрајат и дека нема да падне снег па реконструкцијата да се оптегне до пролет. Друго ништо не им преостанува https://www.slobodenpecat.mk/soobrakjaen-kolaps-rekonstrukcijata-na-teodosij-gologanov-startuvashe-esenva-ja-tera-zimata-kje-ja-docheka-li-i-proletta/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Две машини и тројца работници – никако да заврши реконструкцијата на 500 метри од булеварот Теодосиј Гологанов (Фото+Видео)
https://24info.mk/2023/03/14/две-машини-и-тројца-работници-никако-д/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КРИВ ДРВОРЕД НА УЛИЦАТА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ КОЈА ГРАД СКОПЈЕ ЈА ГРАДИ ПОЛА ГОДИНА
![]() Пола година се реконструира улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници во центарот на Скопје. Градежните работи на потегот од кружниот тек кај Католичка црква до крстосницата со булеварот Климент Охридски почнаа во септември лани и тогаш градоначалничката Данела Арсовска кажа дека ќе се завршат за 5 месеци. Но. поминати се 6 месеци, а улицата уште се гради. Во моментов, на улицата се поставува вториот слој на асфалт и се уредуваат пешачките патеки. Долж патеките се садат и нови дрвја. Дел од новиот дрворед е крив, односно нерамномерно се распоредени квадратите кои се изведени во асфалтот за во нив да се насадат дрвја. Според проектот, реконструкцијата опфаќа градежни работи на коловозот од 5.350 метри квадратни, изведба на велосипедска патека и тротоари од 4.500 метри квадратни, нови рабници, нова фекална канализација Ф600, изведба на нова водоводна мрежа и ново улично осветлување. Реконструкцијата чини околу 700.000 евра, а градежните работи ги изведува фирмата „Бауер“. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kriv-drvored-na-ulitsata-teodosij-gologanov-koja-grad-skopje-ja-gradi-pola-godina/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
сериозно треба да се прекине со популистичкото ставање на велосипедски на коловоз и кратење на истиот, пред претходно добро да се осмисли целовкупната градска инфраструктура
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Навиките тешко се „реконструираат“: И ѓубреџии и автомобили се паркираат на новата велосипедска патека на Гологанов
![]() ![]() ![]() ![]() Шест месеци траеше реконструкцијата на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и конечно на неа е повторно воспоставен нормален сообраќај, а како што беше најавено, изведени се две нови велосипедски патеки. Едната поминува среде пешачката патека на потегот од Клуб на пратеници кон крстосницата со булевар Св. Климент Охридски, на која се оставени старите плочки, а другата се наоѓа на коловозот, покрај асфалтираниот тротоар и е одделена од лентата за возила со заштитни столпчиња, а ненадејно завршува после бензиската кај АМСМ. Она што е интересно е што големите контејнери, чие празнење можат да го извршат само специјални возила што им приоѓаат од коловозната лента, се ставени на работ на тротоарот, кој од лентата за сообраќај е разделен со велосипедска патека. Тоа значи дека возилата за собирање ѓубре од контејнерите ќе мора да се паркираат на велосипедска лента. Не е јасно дали воопшто некој размислил за овој проблем кога се подготвувал проектот за реконструкција, но повторно ништо не е решено со габаритните садови за отпад. Големите контејнери беа набавени во мандатот на Петре Шилегов и заради нивниот специфичен начин на празнење мораа да бидат поставени на самиот крај на тротоарот, покрај улицата, па така тие и ден денес покрај целиот булевар Партизански одреди се поставени на велосипедските патеки. Своевремено, тогашното градското раководство тврдеше дека тоа е само привремено решение, а околу контејнерите со жолти ленти беше исцртана велосипедска патека, таа пак врз просторот наменет за пешаци. На Гологанов, пак, контејнерите не се на велосипедската патека, но затоа возилата за собирање ѓубре ќе застануваат на неа. Велосипедистите, пак, посочуваат уште еден проблем со новата велосипедска патека, а тоа е дека заштитните столпчиња се поставени на преголемо растојание што овозможува на неа да се паркираат автомобили, можност што веќе ја користат несовесните возачи. И на само на велосипедската патека, туку и понатаму има паркирани возила на тротоарот, кои исто така се протнуваат низ широко поставените столпчиња. Новата велосипедска лента, од креативните возачи на автомобили веднаш е пренаменета во бесплатен паркинг-простор за возила. Имајќи ги предвид досегашните искуства со постојните вело-ленти во градов (булевар Св. Климент Охридски, Центар, улица Московска, Тафталиџе, улица Борис Сарафов, Ѓорче Петров и други), кои поради големиот простор помеѓу две заштитни столшчиња овозможуваат косо паркирање возила на велосипедската лента, евидентно е дека надлежните не водат сметка за лошите/нефункционални пракси од минатото и истите ги повторуваат – посочуваат од „На точак“. Оттаму тврдат дека доколку оваа пракса воспоставена веднаш по пуштањето во употреба на новата вело лента на почеток не се искорени, функционалноста, безбедноста и сигурноста што ги заговара градоначалничката Данела Арсовска ќе бидат уништени. Апелираме пред да се штиклира оваа вело-делница од Градот како завршена, надлежните да ја обезбедат нејзината функционалност и да овозможат непречено движење на велосипедистите. Толерирањето на паркирање возила на вело-лента го прави Градот соучесник во стимулирањето небезбедност и несигурност во велосипедскиот сообраќај – велат велосипедистите. https://www.slobodenpecat.mk/navikite-teshko-se-rekonstruiraat-i-gjubredzhii-i-avtomobili-se-parkiraat-na-novata-velosipedska-pateka-na-gologanov/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Зошто тие контејнери не се преместат во споредните улици, пример позади Кузман во случајов?
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ГРАД СКОПЈЕ СО НОВО БУЛЕВАРСКО РЕШЕНИЕ ОД БУЛЕВАРОТ МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ ДО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
![]() Градот Скопје отпочна со проектирање на ново сообраќајно решение, како реализација на уште едно ветување од програмата „За модерно Скопје“. Станува збор за проект кој пред граѓаните бил ветуван со децении, а за истиот досега не била изготвена ниту проектна документација. Проектот за проширување на булеварот „Теодосиј Гологанов“ од крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Тафталиџе, ќе се протега преку улица Војвода Васил Чакаларов до крстосницата со булеварот „Ѓорче Петров“ кај Порта Влае. Новиот урбанистички проект за линиска инфраструктура предвидува изработка на проект во сите фази, поточно сообраќаен проект, инсталации за јавно осветлување, водоводна, фекална и атмосферска канализација, со сите подземни и надземни инсталации. Со проширувањето и изградбата на булеварско решение со 4 коловозни ленти и изградба на нов мост на реката Вардар, сообраќајниот метеж на оваа делница значително ќе се намали, а воедно ќе се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Ова е од исклучителна важност за сите граѓани, бидејќи бул. Митрополит Теодосиј Гологанов заедно со бул. Партизански одреди се главните сообраќајни артерии во овој дел од градот, како и главната влезна артерија кон централното градско подрачје од западниот влез на Скопје. Со реализацијата на овој проект се исполнува уште едно децениско барање на граѓаните кое досега не е ниту отпочнато со проектирање. Град Скопје како имплементација на проектите од програмата ја реализираше и изградбата на водоводна и канализациона мрежа и целосна реконструкција на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов од раскрсница со бул. Св. Климент Охридски до кружниот тек кај Католичката црква. https://www.facebook.com/CityofSkopje |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 202122 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |