![]() |
![]() |
![]() |
Од регионот (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 69> |
Author | |||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
Заштото това ке дел дел от скоростниот пат Софиja-Гуешево. Софиja-Кустендил (през Радомир и Перник) имаш некаде от прилика 80 км, а ако минеш през Дупница имаш около 100 км. От Кустендил до Дупница исто ке има скоростен пат,коj ке се поврзва со автопатот "Струма", но ке продолжува и ке заобиколува Софиja и ке се поврзува директно со автопатот "Тракиja" и со "Хемус". Целта е трасата от Гуешево преку Дупница па директно поврзуване со автопатот "Тракиja" да избегнува Софиja. Сите кои одат да речим от Скопje за Истамбул ке преминуват оттамо заштото како километри ке е помалце, па и да не влегуват во Софиja за да се разтовари трафикот. Еве за да видиш како ке изгледа(и ако това е малце постара мапа). Со виолетовата боja са скоростни патишта. ![]() Edited by ink - 28-Feb-2012 at 14:45 |
|||
![]() |
|||
pavche ![]() Senior Member ![]() Joined: 17-Jun-2009 Online Status: Offline Posts: 431 |
![]() ![]() |
||
Скоро сите делови на Струма ке бидат во изградба, без наj-тежкиот - лот 3 Благоевград - Сандански - 65.5 км, коj ке остане за следниoт програмен период - след 2014.
http://stroitelstvo.info/show.php?storyid=1780302 Edited by pavche - 08-Mar-2012 at 09:03 |
|||
![]() |
|||
JloKyM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Софийска обилазница от begleca
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Обиколница
![]() Кога треба да се отвори целосно? |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
JloKyM ![]() Newbiе ![]() Joined: 21-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
I see what I did here! ![]()
август-септември по план ![]() |
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Би сакал да ви претставам еден многу сериозен документ, кој гласи Приоритети за изградба на патната инфраструктура на Република Бугарија до 2020 година, за патишта од национално и европско значење.
Овој стратешки документ е направен во крајот на 2010 година и опфаќа 10 годишен стратешки развој на автопатската мрежа во земјата, изградба и анализа на сите предвидени делници, проследени со многу сериозни истражувања и интересни наоди. Основни карактеристики на патната мрежа на Бугарија (во 2010 година): ![]() Според оваа графика, во 2010 година, во Р. Бугарија имало: 421 км автопати 2960 км магистрални патишта (обележани како патишта од Први клас), помеѓу кои 252 км со најмалку 4 ленти за сообраќај (не е спомнато колку од овие делници се 1x4 или 2x2) 4012 км регионални патишта (обележани како патишта од Втори клас), помеѓу кои 146 км со најмалку 4 ленти за сообраќај (не е спомнато колку од овие делници се 1x4 или 2x2) 11750 км локални патишта (обележани како патишта од Трети клас), помеѓу кои 60 км со најмалку 4 ленти за сообраќај (не е спомнато колку од овие делници се 1x4 или 2x2) 250 км патни јазли и врски Според оваа статистика, кон 2010 година, освен 421 километри автопат, во Бугарија се изградени и завиден број на експресни или брзи патишта, кои се во различна форма. Така, има околу 458 километри брзи или експресни патишта, кои заради немањето на критериуми во минатото, се граделе со различен стандард. Така имаме делници кои целосно кореспондираат со денешните стадарди за експресни патишта (како Тетово-Гостивар, значи 2*2 со вкрстувања на различни нивоа и проектирана брзина од над 100 км/час), па делници чии коловози се физички одвоени, но вкрстувањата се извршуваат на едно ниво, се до делници кои не се ниту физички одвоени, ниту вкрстувањата се извршуваат на различни нива (1*4). Што се однесува до густината на автопатската и мрежа и онаа на експресните патишта, во документот е наведено дека Бугарија сериозно изостанува во споредба со некои европски земји. Така Бугарија кон 2010 година има густина на автопатите од само 3,8 км на 1000 метри квадратни, додека тие бројки за германија се 32, за Италија 28, за Словенија 19 и за Литванија 6. Следуваат податоците за квалитетот на самата патна мрежа, кој упорно деградирал во последните 20 години, но во последните неколку години е присутен силен напредок и обрат на процесот. Така расте делот на патиштата кои се означени со добар квалитет, за сметка на оние кои се означени со лош: ![]() плаво - добар квалитет жолто - среден квалитет портокалово - лош квалитет Следуваат голм број на информации за развојот и растот на самиот сообраќај во Бугарија (број на регистрирани моторни возила по години), при што особен интерес се посветува на растот и развојот на товарниот патен сообраќај, како главен фактор за амортизација на патната мрежа. Бројот на регистрираните возила по години: ![]() *Падот во 2006 година е заради воведувањето на нови стандарди при што голем број на старите возила веќе не се во можност да бидат регистрирани и соодветно употребувани. Се наведуваат неколку многу интересни тенденции во патниот сообраќај, при што споредбите се правени во периодот 1990 - 2009 година: - Транзитниот (патнички и товарен) сообраќај од 1990 до 2010 година низ Бугарија се зголемил неколкукратно, особено по влезот на земјата во ЕУ. - Бројот на тешките товарни возила нараснал двојно, од околу 146 000 во 1990 година, до 291 000 во 2009 година (раст од 199%). - Бројот на лесните автомобили има исто така довен раст, главно за сметка на моторите и мопедите. Тенденции за развојот на вкупниот број на моторни превозни средства во Бугарија по видови: ![]() црвено - товарни автомобили лила - специални автомобили портокалово - влекачи зелено - автобуси плаво - автомобили Edited by Andrej_LJ - 14-Mar-2012 at 16:41 |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Автомобилскиот, односно патниот транспорт во Бугарија игра клучна улога во превозот на патници и товари во земјата, е основен фактор за мобилноста на граѓаните и важен сопатник на економскиот напредок на земјата. Така, уделот на патниот сообраќај во превозот на стоки и товари е 2/3 (64%, што е еднакво на 64 милиони тони годишно), додека уделот во превозот на патници е исто така 2/3 (66%, што е еднакво на 640 милиони патници годишно), при што во овие бројки не се вклучени патниците превезени со електричен траспорт (тролејбуси, трамваи и метро) и патувањата со лесни автомобили. Тука треба да се нагласи дека оваа бројка не е за занемарување, ако се знае дека во над 15 бугарски града има тролејбусни мрежи, а во Софија има и трамвајна и метро мрежа.
Распределба на товарите според видови на транспорт за периодот 2003 - 2009 (во илјади тони): ![]() Превезени патници по видови на општествен (јавен) транспорт за периодот 2003 -2009 (во илјади патници): ![]() Инвестиции во патната мрежа по години (2001-2013), во рехабилитација и нова изградба, во милиови лева (2 лева = 1 евро): ![]() Се забележува силниот раст на инвестициите во патната мрежа по 2010 година, од кога се во изградба голем дел на автопатските и патните делници во земјата. Многу интересни се податоците кои ја разгледуваат мобилноста на населението и неговара достапност на ниво на општина до областен центар (локален главен град или регионален најголем економски, општествен и културен центар). Достап до областен центар на ниво на општина пред реализација на проектите за автопати и експресни патишта (во минути): ![]() Достап до областен центар на ниво на општина по реализација на проектите за автопати и експресни патишта (во минути): ![]() 10-20 минути 20-30 минути 30-45 минути 45-60 минути над 60 минути За крај има еден прекрасен пресек на сите автопати, експресни патишта и брзи патишта, според сите критериуми (ширина на коловозите, број на лентите во насока, размери на една лента за движење, размери на лентите за запирање, ивици, банкини и разделителна ивица). Автопатите варираат помеѓу следниве габарити: А35 2x(3+2), se do A25,5 2x(2+1). Eкспресните патишта имаат габарит Г20 (2x2, без ленти за запирање), и понатаму сите останати патишта од пониска вредност и превозен капацитет: ![]() Edited by Andrej_LJ - 14-Mar-2012 at 16:40 |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
||
Београдска обиколница Завршување на дел од обиколницата се очекува во Мај, а целосно во 2014. Edited by N23 - 17-Mar-2012 at 18:49 |
|||
![]() |
|||
WiccanWitch ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 10-Feb-2012 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
||
Bravos za Bugarive!
|
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Мислам дека треба да се проверува информацијата пред да се пушта, затоа што настанува контра-ефект на темелно и квалитетно информирање, односно дезинформација. Обиколницата на Белград, како што и се гледа не горната слика се гради разделена на многу мали подфази, со цел да се симулира вршење на голема работа, особено пред нивните избори кои се пролетва. Купишта на нереални изјави и ветувања беа дадени последниве неколку месеци од страна на нивните политичари, на кои ни самите срби не веруваат и гледаат со гадење. Што се одесува до обиколницата, единствената отсечка која моментално се гради во цел профил е онаа кратката помеѓу Добановци и Батајница (која ги сврзува автопатите Белград-Загреб и Белград-Будимпешта). Само еден коловоз (односно полу-автопат како што токму србите го измислија и го нарекуваат) од оваа делница ќе се пушти во Мај годинава, како предизборен маркетинг, додека за другиот коловоз нема рокови (како и за огромен дел од автопатиштата кои се градат моментално во Србија, или ако ги има тие се спектакуларно пробивани). Останатиот дел од трасата кој моментално е во изградба е само краткиот сегмент помеѓу Орловача и Авалски пат, исто така во форма на полу-автопат (сега се градат мостовите само за еден коловоз, па после ќе се додаваат втори мостови, како што беше случајот со децениското градење на мостот Бешка 2). Како што се гледа на самата карта, најтешкиот дел од Авалски пат до Бубањ поток (што треба Обиколницата да ја изведе на автопатот Белград-Ниш-Скопје/Софија) нема ни абер од градење, затоа што сеуште не се започнати ниту тендерите, ниту е завршен откупот на земјиштето. Значи кон 2014 година Белград ќе има само еден Кружен пат со по една лента во насока (впрочем тоа го имаат и сега - Kružni put), кој нема да биде довршен, додека од вторите коловози и последната делница нема ни абер и доколку се започне со изградба годинава тогаш според досегашното искуство ќе требаат најмалку 3-4 години да се комплетира. |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
Со затоплувањето на времето дојде и новата градежна сезона, а со неа и раздвижување на бројни патни инфраструктурни проекти во Бугарија. Подготвив една карта и малку информации во врска со секој покрупен патен проект во Бугарија, кој моментално се гради или е во фаза на тендер. СИте овие патишта треба да се завршат до вкл. со 2015 година, што мислам дека поставува една добра основа за понатамошна надградба на патната мрежа со помош на новиот програмен период од ЕУ кој ќе започне во 2014 и трае до 2020, кога треба да се заврши целосната основна и помошна автопатска мрежа на земјата.
![]() Зелено - изградении во експолатација (дебело - автопати, тенко - експресни патишта) Црвено - во изградба (дебело - автопати, тенко - експресни патишта) Лила - во тендерска постапка (дебело - автопати, тенко - експресни патишта) 1) Автопат Сандански - Кулата (GR), ЛОТ 4 на автопатот Струма (А6 Е79). L = 15km € 28 mil. Изградбата на оваа 15 километри долга отсечка (од км 423+500 до км 438+500) започнува на 5ти Април годинава, при што работата е доделена на грчката фирма Актор. Цената на проектот е 56 милиона лева (околу 28 милиона евра или под 2 милиона евра на километар), а рокот за изведба е 23 месеци (соодветно треба да се пушти во сообраќај кон Март 2014 година). Цената на километар автопат е 1,86 мил. евра/км. Интересно е што индикативната вредност на проектот била 86 милиона лева, а при сериозната конкуренција од страна на градежните фирми е постигната цена пониска за дури 30 милиона лева, кои можат да бидат пренасочени во други проекти на Опертивната програма Транспорт. Проектот вклучува голем број на премини и тунели специално направени за заштита на животинскиот свет бидејќи автопатот минува низ заштитените европски зони Натура 2000. 2) Автопат Дупница - Благоевград , ЛОТ 2 на автопатот Струма (А6 Е79). L = 37km € 100 mil. Тендерот за изградба на втората делница од автопатот Струма моментално тече, крајот за доставување на понудите е 4 Мај, при што реалната изградба треба да започне кон крајот на годинава и да се заврши кон крајот на 2014 година. Се работи за релативно тешка делница (од км 322+000 до км 359+000), при што рокот за изведба на објектот е 27 месеци од потпишување на договорот. На оваа патна отсечка ќе има 4 патни јазли и тоа: Дупница-југ, Бобошево, Кочериново и Благоевград. 3) Автопат Долна Диканја - Дупница , ЛОТ 1 на автопатот Струма (А6 Е79). L = 17km € 30 mil. Изградбата на оваа делница долга скоро 17 километри (од км 305+220 до км 322+000) започна во Октомври 2011 година, при што изградбата треба да финишира во Октомври 2013 година. На оваа делница ќе има 2 патни јазли и тоа Долна Диканја и Дупница-север. Интересното е што повторно прогнозираната вредност на проектот беше доста повисока од реализираната вредност, при што повторно се заштедија средства кои се пренаменети за други проекти. Така индикативната вредност на проектот беше 100 милиона лева, додека реалната е 59 милиона евра (заштеда од околу 20 милиони евра). Цената за километар автопат е 1, 76 мил. евра/км. Малку пресни слики од изградбата (mandjasgrozde, SSC): ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Со тоа кон крајот на оваа 2012 година ситуацијата на автопатот Струма (Софија - Кулата - Солун) ќе биде следната: Завршени L = 37km Во изградба L = 69 За следниот програмен период (по 2014) L = 64km (ЛОТ 3 Благоевград-Сандански). |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
4) Софиска обиколница, јужна страна бул. Симеоновско шосе - бул. Ал. Малинов/Младост (I-1, I-6 E871) L = 3,6km
Изградбата на оваа исклучително важна за градот Софија и многу сложна за изведба отсечка е кон својот крај. Делницата треба да се пушти во Август 2012 година, со што скоро целиот дел на јужниот ринг на Софија ќе биде комплетиран. Оваа отсечка е многу важна затоа што минува низ густо-населени региони на градот, каде секогаш има големи гужви и го сврзува вториот по големина кварт на Софија - Младост. На делницата ќе има два патни јазли и тоа: бул. Бистришко Шосе и бул. Александар Малинов. !ОБНОВЕНО! 5) Софиска обиколница, западна страна АМ Лјулин - бул.Сливница - Северна тангента (II-18, II-55, E79, E80) L = 3km Кратката делница (од км 59+400 до км 61+629.18 и од км 0+000 до км 0+780) е продолжение на автопатот Лјулин кон големиот бул. Сливница, од каде ќе почнува и автопатот Софија - Калотина (RS), како и Северната експресна тангента на Софија. Токму таму е предвидено да се изгради голем патен јазол, кој ќе биде направен со цел да го олесни транзитот околу главниот град на Бугарија. Бидејќи се работи за јазол каде се вкрстуваат 4 важни патни правци, потребен е откуп на околното земјиште, со цел да се изгради патниот јазол Словница кој ќе биде на 3 нива. Тендерот е во тек, а понудите можат да се достават до 26 Март годинава, при што изградбата треба да започне до крајот на годинава и биде готова до крајот на 2014 година. Високата цена за трите километри (37 милиони евра или по 12,33 милиони евра по километар) произлегува од сложноста на самата траса и големите и сложни патни јазли. Тендерот е завршен, при што цените се отвораат на 15 Април, а изградбата треба да започне во втората половина на годината. 2 патни јазли се предвидени и тоа со бул. Царица Јоанна и со бул. Сливница! Патен јазол Сливница: ![]() !ОБНОВЕНО! 6) Изградба на Софиската Северна Експресна Тангента (II-18, II-55, E79, E80) и автопатот Софија - Калотина (RS) I-8E80 L = 16,5km L = 50km * Моментално се изработуваат тендерските документи за изградбата на северната експресна обиколница на Софија (со габарит 2*(3+2)), кој треба да биде објавен до крајот на месец Април 2012 година. Исто така се подготвуваат проектите и тендерската документација за изградбата на автопат кој ќе ја поврзе Софија со Ниш преку граничниот премин Калотина. Северната тангента е многу сложен проект кој опфаќа и изградба на 5 патни јазли во формата на детелини или дијаманти и неговата цел е да го превземе трназитот на возила во северните делови на градот. Самата тангента ќе биде долга 17 километри, при што индикативната вредност е 151 милиони евра (или по 9 милиони евра на километар). Тендерите се очекуваат оваа година, додека реалната изградба треба да започне на почетокот на 2013 година и заврши во 2015 година. Северна експресна тангента /Северна скоростна тангента: ![]() Што се однесува до автопатот Софија - Калотина, тој е многу важен за целата земја, бидејќи е најкраткиот пат на Бугарија со Европа. Таму секој ден минуваат околу 20 000 автомобила и 3 000 тешки возила. *Средствата 380 милиони евра се наменети за неколку патни објекти околу Софија и тоа: Софиска обиколница - западен ринг L = 8,5km Софиска обиколница - северен ринг L = 16km Автопат Софија - Калотина L = 50km Вкупно се работи за автопатски делници во должина од L = 74,5, при што излегува дека просечната вредност за изградба на нов километар автопат е 5,1 милиони евра. Високата цена е поради фактот што Софискиот ринг се гради со по 5 ленти во еден правец (вкупно 10 ленти, од кои 6 за транзитен сообраќај и 4 за локален), сложните патни јазли, како и високата откупна цена на земјиштето. Edited by Andrej_LJ - 27-Mar-2012 at 18:46 |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
||
![]() 7) Експресен пат Ботевград - Мездра, дел од експресниот пат Софија - Ботевград - Видин (I-1, E79) L=33km Делницата моментално се гради како дел од Коридорот 4, кој ги сврзува Грција, Бугарија и Романија со Унгарија и Европа. Целиот патен правец од Ботевград до Видин (RO) е поделен на неколку фази, при што во овој програмен период ќе се гради експресниот пат Ботевград - Мездра, ќе се реконструира постоечкиот експресен пат Мездра-Враца и ќе се изградат експресни обиколници на градовите Монтана и Враца. Сите останати отсечки ќе се градат во следниот програмен период, односно до 2020 година и тоа како експресни патишта (проектирана брзина од 110 км/час и пресекувања само на 2 нива). Трасата на експресниот пат Ботевград - Мездра максимално ќе го следи постоечкиот пат, при што ќе излегува од трасата само при тешките делници и пресекувањата со идната планирана брза железница Софија-Видин, за чија цел ќе се изгради и тунел на експресниот пат под железничката линија. ![]() 8) Експресен обиколници на градовите Враца и Монтана, дел од експресниот пат Софија - Ботевград - Видин (I-1, E79) L=7+13km Обиколницата на Враца е долга 7 километри и се планирани неколку патни јазли и пресекувања со локални и регионални патишта. Рокот за изведба е 20 месеци, т.е. првата половина на 2014 година. Обиколницата на Монтана пак е долга околу 13 километри, каде се планирани неколку бесконфликтни патни јазли. Рокот за изведба е 22 месеци, т.е. првата половина на 2014 година. Двете делници се со габарит Г20 (експресен пат 2*2, проектирана брзина од 110 км/час) и се во тендерска процедура, која треба да заврши на 16 Март 2012 година. ![]() 9) Експресен пат околу Видин и Дунав мост 2, дел од експресниот пат Софија - Ботевград - Видин (I-1, E79) L=6+2km Мостот, експресната обиколница на Видин, како и железничката инфраструктура треба да бидат завршени кон крајот на годинава (демек делумно ќе биде отворен мостот, како и целата патна и железничка инфраструктура), додека мостот со сите свои функции треба да влезе во експолатација во 2013 година. Слики од Март 2012: ![]() ![]() ![]() ![]() Edited by Andrej_LJ - 22-Mar-2012 at 16:27 |
|||
"Тaм, където глупостта е образец, разумът е безумие." Гьоте
|
|||
![]() |
|||
kenzo_fan ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2011 Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
||
Ќе се поврзат ли некогаш Скопје и Софија со автопат? На мапава не гледам предвидени активности кон македонска граница. Има ли некои поголеми препреки за тоа во физичка смисла? Немам претстава за теренот, ќе требаат ли тунели и слични комплицирани зафати? Делницата не ми се чини голема.
|
|||
![]() |
|||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
Андреj имаш пропуштил си мегу Стара Загора и Казанлак има веке скоростен пат 2/2. Мегу Димитровград и Хасково имаш 2+1/2+1 (но вклучуването во патот не е на друго ниво). От Карджали надоле имаш исто 2+1/2+1. Edited by ink - 23-Mar-2012 at 19:08 |
|||
![]() |
|||
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
||
Мал осврт за обиколницата околу Белград.
Прво, херојски се напорите на Србија во врска со изградбата на Автопатишта во вакви услов. Да не се заборави, не зема ефтини кредите (или како Бугарија и Грција џабе пари), туку со 3 4 % каматни. Заота се оди полека со изградбата, државате е на горниот лимит на задолжување ткаа да е тешко да се подигаат нови средстава. А исто така се гради коридорот 10 према Бугарија и Македонија. Да не навлегуваме во приротетите, тоа е прашање е отворено за дискусија. Картата која ја постира Н23 се кажува. сега се гради целиот профил од батајница до Добановци, нависум лесна делница, но имаше големи проблеми со експропријација на земјиште. Тука бил вмешан и организиран криминал, некои фаци купиле земјисте на трасата па парале огромни пари и сл. работи. Тој дел е мн важен. досега возилата кои одеа према југ, како и према запад кој Загреб мораа да влегуваат во градот, каде ги чекаат 5 - 6 бавни семафори па да излезат на автопатот. реално е таа делница да се заврши во Мај-Јуни. се градии секторот 5, кој е најтежок од градежна гледна точка, 2 големи моста, еден голем тунел, многу клизишта, кои посебно се комплицирани, подземини води, кои бараат длабокофундирање со шипови. таа делница се гради во полупрофил. Кој што поминал на кружниот пат во Белград знае дека овој дел е најголемото тесно грло. иако краток (секторот 5 многи ке растерети. Малку е незгодно што се гради во полупрофил, но ако се глрадеше во цел профил, тогаш сите пари ке одеа на тој дел. Подобро врапче во рака, откоку гулаб на гранка. Секторот 6 не е компликуваан воопшто. мислам дека беа наколку помали мостови и еден тунел во ископ, едно поголемо клизиште и неколку мали. но тој не е толку ни итен, кружниот пат на тој дел е сосема доволен да го опслужи сообраќајот. Секако и тој ќе почне да се гради во полупрофил прво па потоа сукцесивно и втората лента. Логиката на оваа обиколница е да се измести товарниот сообраќај од центарот на центарот на Белград. посебно ги отоварауваше мостовите. ако јас се прашувам ваквата изградба е ОК. подобро да се изгради полупрофил на целата делница, да се реши горечкиот проблем, па потоа да се потполнува со уште една лента. секако е подобро веднаш целиот да биде авотпатско реени, но како што реков пружи се до каде ти е чергичето. п.С. не ми е јасно како они лопови од Терна,добиваат лотови на К10? |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Можеби некогаш во многу далечна иднина... Засега Бугарите испланираа да градат само експресен пат кон Македонија, а ние ионака „плановите“ ги менуваме константно, колку да помине времето, и всушност одамна ништо не градиме. Така да Скопје и Софија ќе останат меѓусебно прилично изолирани. Еве ја мапата на бугарската моментална автопатска мрежа (изградено - во изградба - планирано), како и планираните експресни патишта обележани со виолетово:
А еве го и нашиот најнов „план“... изградено - планирано
Edited by Cloverstack - 24-Mar-2012 at 23:15 |
|||
![]() |
|||
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
||
Од Програмата на Владата:
Коридор VIII – Романовце – Крива Паланка (постапката за концесија е во тек, 2013-2018 доколку има заинтересиран концесионер; 2014-2015 рехабилитација, надградба и проширување доколку не се добијат прифатливи услови за концесија). Концесионирањето пропадна по што требаше да се пристапи кон планот Б. Наместо тоа, Владата продолжува со трошење пари за нова консултантска студија и покрај тоа што таква студија е веќе платена и добиена. Истата е изготвена од страна на реномирана компанија - „Луис Бeргер“, во 2007. И додека за „Луис Бергер“, како проектант на мостот на Сава во Белград, Discovery сними документарец за серијата Extreme Еngineering, нашето министерче Миле не убедува дека друга консултантска куќа ќе дојде до магични резултати кои ќе ги натераат приватните инвеститори да го изградат Коридорот 8. |
|||
![]() |
|||
ink ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Dec-2010 Location: Bulgaria Online Status: Offline Posts: 530 |
![]() ![]() |
||
Има ли некаква причина за този автопат Скопje-Штип? Ке продолжува ли ком Радовиш и Струмица? |
|||
![]() |
|||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
||
Всушност прво се занесуваа дека ќе го продолжат накај Кочани - Делчево - бугарска граница. Автопат до Штип реално треба да има, бидејќи Штип е сообраќаен центар на источна Македонија и од тој автопат полза ќе имаат многу поголем број граѓани, а не само оние од Штип. Проблемот е што долго време има само план, а рок нема. До Кочани односно Виница сообраќајот е солиден, а од она што имам читано планираната траса е прилично ефтина за изградба, па не е вон памет во некоја догледна иднина да се планира изградба на автопат (или експресен пат) и до Кочани/Виница. Исто така постојниот пат поминува низ повеќе села, а имам впечаток дека во Кочанската котлина има и доста локален „земјоделски“ сообраќај кој нема алтернативен пат па мора да го користи сегашниот магистрален. Мислам дека овие се два значајни фактори кога се размислува дали помеѓу Штип и Кочани да се гради автопат или експресен пат, а магистралниот пат да остане за чисто локални потреби. Кон Македонска Каменица, Делчево и понатака, сообраќајот е ужасно слаб, преголем потенцијал за пораст јас не гледам, а теренот е незгоден за изградба, па планирање на автопат дури и долгорочно не прави никаква смисла. Според мене еден добар магистрален пат со две (и три ленти таму каде што е потребно), со добри стандарди по целата должина и добро одржуван, ќе биде сосема адекватен во наредните децении. Струмица беше изоставена од автопатската мрежа дури и во првичните мегаломански ветувања на актуелната власт, кога цела мапа на државава ја нашкрабаа со автопати. Edited by Cloverstack - 25-Mar-2012 at 16:34 |
|||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2122232425 69> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |