![]() |
![]() |
![]() |
Облакодери во Скопје (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 22232425> |
Author | |
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Најдобро решение би било зеленило од минимум 30% и максимална искористеност на парцелата од 40%, а висината на им се остави на ИЗИИС, инженерите и инвеститорот. Ако се способни да градат 100 ката и тлото тоа го дозволува, нека градат 100 ката.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ефтин ДУП од 1 денар за паркингот спроти Холидеј Ин со 60-катните згради на МПЦ може лошо да влијае врз животната средина и јавниот интерес за подобар живот
Слабости, неможност да се наплати штета, неверојатно ниска цена, опасност по животната средина и јавниот интерес на граѓаните, сето ова е најдено со анализа на ДКСК за изготвување на ДУП-от за просторот спроти Холидеј Ин во центарот на Скопје. Законот е испочитуван, но јавниот интерес паднал под приватниот интерес, оцени Антикорупциската комисија. Паркингот односно потенцијалното градилиште е во сопственост на МПЦ, а црквата заедно со приватна фирма влегува во градежниот бизнис со желба да гради згради високи 60 ката по ДУП кој е платен по неверојатно ниска цена од 1денар за метар квадратен простор на парцелата. Антикорупциската комисија по сопствена иницијатива го отворила и анализирала овој предмет крстен „1 денар м2“ кој се однесува на објавениот тендер за изработка на ДУП-ови во општина Центар. По донесена Одлука за набавка на услуги за изработување на детални урбанистички планови за потребите на општината, во декември 2017 година, била спроведена постапка за Јавна набавка со користење на отворена постапка. Постапката била спроведена согласно Законот, потоа била спроведена Е-аукција која траела два часа и 20 минути. На крајот од Е-аукцијата најповолна понуда поднел економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје, во износ од 1 (еден) денар за м2. -Поради висината на цената, Комисијата за јавни набавки до економскиот оператор доставила Барање за појаснување на невообичаено ниска цена. Од страна на Билд Урбан ДООЕЛ Скопје доставено е Појаснување во кое се дадени аргументи за таквото постапување и понудената цена. Појаснувањето е разгледано од страна на Комисијата за јавни набавки и оценето е како прифатливо, по што е доделен договор за јавна набавка на економскиот оператор ДТУ Билд Урбан ДООЕЛ Скопје во вкупна вредност од 1 денар. Со анализа на тендерската постапка не констатиравме слабости во спроведување на постапката спротивни на Законот за јавни набавки, но за одбележување е дека во поединечниот договор за јавна набавка на економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје предвидени се одредби со кои потребно е економскиот оператор да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во износ од 10 проценти од вкупната вредност на услугите предмет на истиот. Исто така предвидена е договорна казна во износ од 10 проценти од вкупната договорена цена на услугите предмет на единечниот договор за секој ден задоцнување, ако услугите не се завршат во предвидениот рок, која не може да надмине 5 отсто од вкупната вредност на договорот, појаснуваат од ДКСК. Имајќи ја предвид вредноста на договорот (1 денар), според Антикорупциска, произлегува дека во овој случај општината не располага со адекватни и ефикасни правни механизми за наплата на штета и сметаат дека постои ризик од ненавремено и неквалитетно извршување на договорот без сериозни правни и финансиски последици за економскиот оператор. Според ДКСК, се доведува во прашање квалитетот на уредувањето и хуманизацијата на просторот како и заштитата и унапредувањето на животната средина. -Оваа состојба, Комисијата за јавни набавки требало да ја согледа и земе предвид при оценувањето на прифатливоста на образложението за невообичаено ниска цена доставено од страна на економскиот оператор Билд Урбан ДООЕЛ Скопје, истакна Ивановска. Овој план го опфаќа и паркингот спроти Холидеј ин за чија продажба реализирана во време на мораториум кога ДУП-от се ревидира и може да претрпи измени, ДКСК веќе се произнесе и укажа дека постои реален ризик од влијанија на сопствениците на тоа земјиште врз натамошната постапка на ревидирање и донесување на ДУП от од страна Советот на општината. Од ДКСК препорачуваат органите на локалната самоуправа (Градоначалникот и Советот на општината) особено да водат сметка за квалитетот на плановите што ќе ги донесат при тоа имајќи ги предвид одредбите од Законот за просторно и урбанистичко планирање за хуман простор и за заштита на јавниот интерес во еколошка смисла за животната средина. ДКСК, потврди Ивановска, дека го работи и предметот за фабриката Треска каде во комисија за проценка, општина Центар избрала и сопственици на земјиштето што може да предизвика повтроно приватниот интерес да биде посилен од јавниот интерес. https://telma.com.mk/2020/11/09/ефтин-дуп-од-1-денар-за-паркингот-спроти/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сега можат да истуркаат изградба на три 60-катници бидејќи мораториумот е стопиран
![]() ![]() |
|
![]() |
|
David ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Feb-2020 Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
Се надевам не само на три 60 катници туку и по некоја 20-30 катница како што беше планирано.
Само клучно е да бидат различни една од друга односно вистински проект за модерен лик на градот,ако прават copy-paste на Џевахир четири исти балконџиски,ич нека не се мачат. |
|
![]() |
|
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
Искрено не верувам дека ќе се покаже храброст и тука да изникнат 60 катници, иако местото плаче за таа намена. Пет, шест згради со по барем 40 ката би створиле прекрасен skyline покрај реката. Нормално, имајќи предвид и за простор за зеленило и пристапност, а во зградите би се овозможило и по едно ниво за наплатен паркинг.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Просторов им нуди можност но прашање е како ќе ја искористат
![]() |
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Супер би било местово да е со висококатници, ама не премногу високи, некаде околу 30-35 ката. И нормално, неколку (три-четири), а не десет по 30-35 ката.
Edited by skopskodete - 21-Feb-2021 at 13:02 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Исчезнува последниот слободен простор во строгиот центар на Скопје
![]() ![]() Јавниот простор во еден град ги манифeстира културолошките процеси на општеството и треба да биде колективно право загаранитирано за сите граѓани. Наместо прогрес и ослободување на јавниот простор во град Скопје, сѐ се движи во обратна насока. Сите процеси што се случувале изминативе години секако влијаеле врз поимањето на тоа што е јавен простор. Прашањето денес е: Дали, кога се зборува за јавен градски простор, постојат компромиси? Поради значајноста на прашањето и одговорот, ќе се обидеме да ви ги доловиме минатото, сегашноста и иднината за слободниот простор пред хотелот „Холидеј Ин“. Паркингот пред ГТЦ/Холидеј Ин е едно од последните најголеми слободни јавни градски простори во централното подрачје на град Скопје. Ја има клучната позиција на поврзување на источниот дел на градот со центарот. На северната страна веднаш се граничи со кејот „13 Ноември“ и реката Вардар. На југоисток е близу до булеварот „Кочо Рацин“, на југозапад се врзува со блоковите и кулите на Градски ѕид, а на северозападната страна веднаш се наоѓаат хотелот „Холидеј Ин“ и Градскиот трговски центар. Значаен сегмент во предлог урбанистичкото решение на Кензо Танге По земјотресот во Скопје 1963 година, реконструкцијата на центарот на градот била од клучно значење. На меѓународниот конкурс за изработка на урбанистички план за централното градско подрачје, меѓу четирите меѓународни групи на автори бил и Кензо Танге од Токио, Јапонија кој добил најголем дел од наградата. Идејата на овој план (метаболички, футуристички, утописки, постфункционален, со симболичка, оптимистичка визија дека градот може да се развива) за конкретната локација била да се оформи Републичкиот плоштад, којшто каскадно се спушта и се отвора кон природата, кон реката Вардар. Тој се протега и на едната и на другата страна на реката со објекти кои како да го прегрнуваат плоштадот, со само една силна вертикала која треба да биде една урбана доминанта. Овде била предвидена познатата пешачка платформа која води од транспортниот центар, преку трговската зона сѐ до Градскиот плоштад, за да овозможи непрекинато движење и пристап, ставајќи голем акцент врз пешакот. ажно е да се напомена дека тенденцијата на планот била кон јавните простори (како што е ГТЦ), иако станува збор за големи структури што претставуваат парче урбанизам, транспарентност и достапност на објектот за секој минувач со различни потреби. Постои однос кон природата, не се затвора просторот за обичниот граѓанин, претставува јавен простор, кејот е оставен на јавноста. Истото се случува и на другата страна, еден огромен јавен простор којшто е на граѓаните, којшто амфитеатрално се отвора кон една широка платформа и каскадно се спушта кон реката, што е веројатно најдобриот пристап за планирање, најдобриот однос кон природата, реката, што некогаш го имало Скопје. Вредноста на планот е што предвидува јавни содржини што му служат на човекот, претставуваат хуман простор, тоа што објектите се ориентирани еден спрема друг, како се отвораат кон градот и имаат исклучителна вредност со нивната пропустливост и транспарентност. ![]() ![]() ![]() ![]() Предлог урбанистички план 2012 ![]() Во 2012 година, Општина Центар предложи детален урбанистички план за Голем ринг исток, којшто го третираше и просторот пред хотел „Холидеј Ин“. Првично во овој предлог- план, општината не го поимаше овој дел како јавен градски простор. Во овој реон постои мораториум, но прашањето е дали мораториумот е долгорочно решение или повторно замајување на вистината пред очите на жителите. Тој е можеби единствено нешто што го спречува градењето на овие мегаломански објекти, но урбанистичкото планирање не треба да биде за краток рок бидејќи е основа за тоа колку ќе биде хуман просторот за живеење, но постапката за донесување нов ДУП е прилично комплексна и долга. Локацијата се наоѓа во зона со највисока сеизмичка активност. Препораките по земјотресот биле оваа зона да остане неизградена, а тоа е целата зона по течението на реката Вардар. Зоната на подземните води околу Вардар е многу висока и сите објекти коишто се сега изградени имаат поплавени подруми. Кај нив постојано, 24 часа, работат пумпи што вадат вода надвор од причина што се изведени без да ги земат хидролошките услови во предвид. ГТЦ има два ката под земја, но никогаш не бил поплавен. ДУП Ц 08, 2012 наспроти ГУП на Град Скопје, 2012 – 2022 Разликата во решенијата помеѓу ГУП и ДУП од 2012 година е повеќе од евидентна. Недоследните спроведувања на законските решенија е, за жал, вистината за ова потпишување и одобрување на ДУП, а прекршувањето на начелата за урбанистичко планирање се чини како да не може да биде поголемо. ![]() ![]() Урбанистичко-планската документација за ова подрачје била направена за само 1 денар на м². Ова остава доволно простор да се запрашаме дали понатаму се води кон поинакви игри коишто се веќе предвидени во потесните кругови или претставува повторна соработка зад затворени врати на општините, планерските куќи и инвеститорите. Од друга страна, се јавува потребата од посочување на законските регулативи што ја одредуваат иднината на урбаното планирање и квалитетот на животот. По многупати докажаната нехумана состојба со деталните урбанистички планови, не само за овој регион, доаѓаме до заклучок дека постои и пропуст поради отсуство за докажување дека планерите постапиле по забелешките на Комисијата за урбанизам. Поради фактот дека е препуштено на очекувањата дека забелешките треба да бидат коригирани, планерските куќи ја користат ситуацијата во некаква полза. На оваа локација, ако се чита намената на површината која е приватизирана, определена со ДУП во 2012 година, предвидени се станбени и деловни објекти и нема никаков јавен интерес. Според законот, кога се продава едно земјиште, сопственоста што се стекнува над него не се однесува само за она што се наоѓа над земјата, туку и за тоа што се наоѓа, односно што е предвидено да се гради под земјата. Под површината на ова место приказната е сосема поинаква, како што покажува и самиот генерален урбанистички план; предвидено е да поминува подземна траса на трамвај и тоа не може да се промени со деталниот урбанистички план како план од понизок ранг. Јасно е дека јавниот градски превоз е прашање на јавен интерес и во самиот закон стои дека кога на едно земјиште се предвидува објект од јавен интерес, за продажба е потреба одлука на Владата, а не на Министерството за транспорт и врски. Законодавецот напишал дека објектот дури и не мора да постои, доволно е да биде предвиден со постојните планови. Интересите на бизнисот или на граѓаните за хуман простор Зачудувачки е фактот како ова предлог-решение било потпишано и одобрено од институции што треба да се стремат кон се подобар и подобар развој на градот, со формирање на визија и стратегија. Немаме никаква поврзаност и отвореност на објектите кон градот, нема однос кон природата, нема никаква интеграција на околината и таа е далеку од хуман простор за живеење. ![]() ![]() ![]() Потребите на градот Делувањата спротивно на законските регулативи секако не се потребата на градот. Инклузивноста, партиципативноста и јавноста во процесот на урбанистичко планирање, за жал, во моментов се утопија за која сите ние мечтаеме. Да нема недопирливи места и јавни простори да се појавуваат секаде. Тоа е она кон што треба да тежнееме, а не кон затворање простори; кон инклузивност, а не кон ексклузивност. Потребно е заедничко и транспарентно делување за иднината на градот, особено во овие простори како паркингот пред „Холидеј Ин“, Маџир Маало, Ново Маало итн. Кои имаат голем потенцијал, а конкурсите да бидат една од алатките за заедничкото делување. ![]() https://samoprasaj.mk/naacik/1916-2021-03-02-09-55-14 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе никне ли комплекс без идеја, без ентитет и далеку од размерите во секаква смисла во строгиот центар на Скопје?
Една од најатрактивните парцели во строгиот центар на Скопје – на паркингот спроти Холидеј Ин наместо во зелен појас, го чека својот ред да се претвори во огромно бетонско здание со згради и до 30 ката, алармираат архитектите, кои стравуваат дека со огромните мегаломански структури комплетно би се задушило Скопје. Денеска МАРХ, платформата посветена на промоција на македонската архитектура, во соработка со Институтот за комуникации објавија 3Д визуелизација од просторот, со што укажуваат на важноста за правењето сериозна опсервација пред да се направат било какви чекори кон градење на овој простор. Мартина Штериова, во комуникација со „Слободен печат“ откри дека тие ја подигнале 3Д визуелизацијата сѐ со цел да ја поттикнат јавноста да развие свесност за какви сѐ работи се кријат зад кулисите во институциите. Што сѐ се состои во поединечните ДУП-ови, конкретно во случајов, со ДУП-от донесен од Општина Центар во 2012 би се дозволиле градби што се сосема надвор од тоа што го дозволува Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Таа прецизира дека е сосем неопходно да се креира детална опсервација, да се направи сеопфатна анализа за потребите на граѓаните и воопшто, на градот Скопје, пред да се започне со интервенција на просторот. Додаде дека несогласувањата помеѓу Градот Скопје и Општина Центар се комплетно небулозни и дека нивната соработка треба да вроди плод во заедничкото планирање на функционални простори. „Загрижувачка е огромната летаргичност кога станува збор за дејствување во прилог на општественото и колективното добро. Еднакво загрижувачки е тоа што за локација како што е оваа во самото централно подрачје на главниот град со огромни потенцијални вредности и квалитети, се планира комплекс од таков вид, којшто претставува само комплекс што може да постои било каде на друга локација и ништо повеќе од тоа. Комплекс без идеја, без ентитет, далеку од размерите во секаква смисла, без однос кон контекстот, создаден без претходна опсервација и валоризација, создаден според некаков шаблон и без обмислување на консеквенциите што потоа. Со сето ова се доведуваме само до амнезија на градот“, пишуваат од МАРХ платформата. Тие сметаат дека „преземањето на одговорност за заедницата ни недостига сѐ повеќе, а со тоа е недостижно и созревањето во сите професионални определби“. -Неопходно е принципиелно поттикнување на културата на развојот, отвореност кон феномените на масовната култура, одговорност за општествениот развој и ширење еден јасен и позитивен став во каков град сакаме да живееме, децидни се од МАРХ. Инаку парцелата кај Холидеј Ин со месеци е под лупа на Антикорупциска комисија која смета дека деталните урбанистички планови треба да водат сметка за стандардите и нормативите со кои се обезбедува системот на хуманост на живеењето, со плански одредби кои ќе ја штитат приватната сопственост, но на начин на кој што нема да го повредат јавниот интерес. https://www.slobodenpecat.mk/ke-nikne-li-kompleks-bez-ideja-bez-entitet-i-daleku-od-razmerite-vo-sekakva-smisla-vo-strogiot-czentar-na-skopje/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://marh.mk/isceznuva-posledniot-sloboden-prostor-vo-centarot-na-skopje/ |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
на секои две години ни ја пуштаат водичкава за облакодериве, на секои две години се крева галама и пак ништо... уште побетер, мислам дека „рендериве“ беа идеја на некој од форумашите тука
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Dzeksi ![]() Senior Member ![]() Joined: 01-Apr-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 413 |
![]() ![]() |
dali ja pustaat na dve godini ne e vazno toa vazno e sto ke se igradat
![]() |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Повторно со овие нереални скици што треба само негативна реакција да предизвикаат. Штета што долго време СДС ќе биде на власт во Центар пошто не се способни со притисок од разно разни групи да се изборат и веројатно ќе ја смалат висината на маркицата.
|
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Ne veruvam deka ima firma so ima interes da vlozi vo vakov megalomanski proekt vo Skopje. So segasnite demografski tendencii Skopje do 2035 godina koga bi bil proektov realiziran bi spadnal na pod 600.000 ziteli od koi grotot postari i imotno zasiteni. Po realno mi e da ima 40 do 50 kada dve do tri zgradi so mnogu pomal gabarit i nikako spoeni kako dzid. No iskreno mislam deka ni za toa nema da ima interes.
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Инвеститорот најави една кула од 35 ката и неколку помали.
За ваков комплекс нема исплатливост, а веројатно не ни постои вон Азија. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Мислам дека скицата излезе од некој портал или фејсбук, не беше никаква официјална анимација од општина/влада.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
Ова ако се изгради ќе биде најгрдата и најмасивната зграда во цел свет. Не знам уопште дали е возможно било каде на светот вакво чудовиште да се изгради.
|
|
![]() |
|
Théoden ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2018 Location: Р. Македонија Online Status: Offline Posts: 580 |
![]() ![]() |
Би наликувала по малку во својот габарит на Абраџ ал-Баит. Ако се изгради Скопје би станал и буквално Мека на градежништвото. ![]() ![]() |
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Takvo nesto ubavo bi doslo za Skopje. Edna od 35 i dve so po 30 i 25 ke bide taman. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 22232425> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |