![]() |
![]() |
![]() |
Интернет и телекомуникации |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2223242526 28> |
Author | |
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=93F73B639F705949BC55CC88660E75ED |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
4G технологија кај нас
![]() |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
иако не сеработи за инфраструктурен нити било каков објект,сепак е вредно да се напомене оваа инормација
ОД 1 ОКТОМВРИ 2012 Единствена претплата од 6,5 евра во фиксната телефонија АЕК му наложи на Македонски телеком висината на месечната претплата да биде еднаква, како за резиденцијалните, така и за деловните корисници, бидејќи иста услуга им се обезбедува и на едните и на другите Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) по препорака на Европската комисија му предложи на Македонски телеком да ја изедначи месечната претплата за фиксна телефонија што им ја наплатува на своите корисници, односно и домаќинствата и фирмите да плаќаат по 399 денари. Тоа ќе претставува двојно намалување на претплатата на бизнис-корисниците, која сега изнесува 699 денари и ќе почне да се применува од 1 октомври 2012 година. Барањето за изедначување на претплатата произлезе од анализата на пазарите за резиденцијални и за деловни корисници на фиксната телефонија во земјава, што ја направи АЕК, и во основа покажа дека иста услуга им се обезбедува и на едните и на другите и затоа и цената треба да биде иста. Ова е прв пат од приватизацијата на Телекомот во 2001 година до денес едно регулаторно тело во земјава да влијае на цените на месечната телефонска претплата што ги наплаќа најголемиот фиксен оператор, а кој како доминантен оператор е под контрола на АЕК. Од Агенцијата немаат надлежност да влијаат или да побараат корекции на цените на услугите или на месечната претплата на другите оператори што нудат фиксна телефонија во земјава (ОНЕ или кабелските), бидејќи не се оператори со значителна пазарна моќ во тој сегмент, но очекуваат дека и тие ќе ги коригираат цените на месечната претплата. Во изминатиот период познато е дрка покрај фирмите и граѓаните реагираа дека премногу е скапа месечната претплата за фиксен телефон, поради што бараа таа или да се укине или да може да се користи за одредена минутажа на телефонски разговори. Од АЕК објаснуваат дека нема потреба да се интервенира кај месечната претплата за граѓаните, бидејќи пазарот е либерализиран и може да се води конкурентска трка за корисници со различните цени што ги нудат операторите. -Висината на претплатата операторот ја утврдува врз основа на трошоците што ги има за поврзување и за одржување на телекомуникациската мрежа. И секаде во регионот и во Европа операторите наплатуваат месечна претплата, бидејќи имаат такви трошоци - истакнуваат од АЕК. Најскапа месечна претплата за фиксна телефонија се плаќа во Хрватска - 10,1 евро, во Косово таа е 8 евра, Турција - 7, Македонија - 6,5 евра, Црна Гора - 6, Босна - 4,9, Србија - 2,6, додека најевтина е месечната претплата во Албанија 2,3 евра. (С.Бл.) Нема купување СИМ припејд картичка без лична карта Агенцијата за електронски комуникации наложи од 15 октомври 2012 година да биде идентификуван имателот на секој припејд телефонски број во мобилната телефонија земјава. Според директорот на АЕК, Роберт Орданоски, секој продавач на СИМ картичка од кој било мобилен оператор ќе мора да побара од купувачот лична карта за да го евидентира матичниот број на носителот на телефонскиот број. Ова, вели Орданоски, се прави за да се елиминираат непријатните ситуации што се прават на граѓаните од одредени несовесни лица кои ги вознемируваат по телефон, а за нив нема никакви податоци во базата на операторите, бидејќи СИМ припејд картичка може да се купи како што се купуваат, на пример цигари. СМС за известување во погранична зона АЕК воведе уште една новина за заштита на корисниците на мобилната телефонија. Имено, операторите се задолжуваат со СМС да го известат корисникот дека кога се наоѓаат во погранична зона нивниот телефон е приклучен на странска мрежа (иако се во Македонија), поради што сите разговори ќе им бидат тарифирани како да се во роаминг. -Ако операторот не ве извести со СМС дека сте приклучени на странска мрежа, тогаш не сте должни да му платите за разговорите што сте ги воделе како да сте во роаминг. Ако сепак ви побараат од операторот да платите, можете да се пожалите во АЕК и ние тоа ќе го провериме - вели Роберт Орданоски, директор во АЕК. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=6FF892978C72354D81FDDBF764BE7985 Edited by gjoko - 23-Sep-2012 at 22:23 |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Ајде честито, па следните пет оператори да се викаат Туркфон, Влахфон, Србфон, Ромафон и Боснафон.
„Албафон“ - нов мобилен оператор Ќе почне да работи од следниот месец, а целна група се македонските Албанци ![]() 01/07/2013 - 17:25 „Албафон“ - нов мобилен оператор Ќе почне да работи од следниот месец, а целна група се македонските Албанци Роберт Орданоски, Адриан Хоџа (Фото: Утрински весник) „Албафон“ е новиот, четврти мобилен оператор во Македонија. Ќе почне да работи од август како виртуелен мобилен оператор, ќе ги користи мрежата и антените на „Оне“. Префиксот за повикување ќе биде 073. Целна група се граѓаните во Македонија од албанско етничко потекло. - Сметам дека сите три оператори во земјава се дел од европски компании што во матичните држави даваат услуги и сервиси на многу повисоко ниво. Тоа е практика и во другите индустрии – светски брендови кога ќе дојдат да работат во друга држава, ги спуштаат стандардите. Верувам дека со услугите и со стандардот што ќе ги понудиме ќе ги разбудиме од сонот. Ќе настојуваме да ги донесат услугите и продуктите што им ги даваат на корисниците во Германија, Австрија и во Словенија, притоа третирајќи ги Македонците како европски граѓани – рече Адриан Хоџа, извршен директор и претседател на Бордот на директори. Агенцијата за електронски комуникации му додели милион броја на „Албафон“ за да работи на македонскиот пазар. (Телеграф.мк/МИА) |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Мислам дека ова од маркетиншки аспект е одлично, само уште поголема работа ќе завршеле со некое име на операторот како „смрт за каури фон„ „голема албанија фон„ или така нешто подобро звучи а и таргет муштериите мислам дека повеќе се палат на поагресивен маркетиншки пристап вака некако многу млитаво звучи.
Edited by kultuzin - 01-Jul-2013 at 17:31 |
|
![]() |
|
alexsend ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2011 Location: Скопје, Центар Online Status: Offline Posts: 2086 |
![]() ![]() |
Мизерија.
|
|
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Е сеа што треба? МакОне? ВипМак? Т-Македоници? Мислам која е потребата од името и „целната група“, кое впрочем делува дискриминарчки.
Верувам дека со услугите и со стандардот што ќе ги понудиме ќе ги разбудиме од сонот. Ќе настојуваме да ги донесат услугите и продуктите што им ги даваат на корисниците во Германија, Австрија и во Словенија, притоа третирајќи ги Македонците како европски граѓани – рече Адриан Хоџа Како виртуелен оператор кој ќе ги користи мрежите на Оне, што мисли истиов Адриан Хоџа дека ќе понуди? 4Г интернет? Подобар квалитет од постоечкиот на Оне? Кој им ги спрема говорите стварно не знам, ама многу жално. |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Операторите ќе добијат одобренија за фреквенции за 4Г
Трите мобилни оператори ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции од четвртата генерација на мобилни комуникациски услуги. По уплатата на еднократниот надоместок во висина од 10,3 милиони евра, операторите ќе добијат одобренија за користење радиофреквенции со кои ќе можат да обезбедат услуги од четвртата генерација на мобилна телефонија. Компаниите беа избрани на денешното јавно наддавање во Агенцијата за електронски комуникации. Со доделувањето на фреквенции од 4Г, Агенцијата очекува поголеми брзини на мобилниот широкопојасен интернет, пониски цени, поголема иновација, нови инвестиции и подобра покриеност. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2E8890AC809A3F4CA46FEFFDD1290323 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Кога најбрзо може да се очекува? ![]() Т-Мобајл, Оне, па Вип по некоја логика. |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Цените на мобилната телефонија ќе паднат за најмалку 50 отсто
Агенцијата за електронски комуникации го подготвува известувањето до трите мобилни оператори за намалување на цените за интерконекција, што би требало да повлече и намалени цени за мобилната телефонија и за сите други услуги што ги нудат операторите. Ова ќе значи дека цените на СМС-пораките и на телефонските разговори веќе од наредниот месец најверојатно ќе бидат намалени за околу 50 отсто. Со оваа препорака од АЕК, се очекува дека разговорите во мобилната телефонија меѓу трите оператори ќе се изедначени, односно цените на повик кон која било мрежа ќе бидат исти. После ова се очекува уште поголема борба меѓу операторите во освојување на пазарот со разни пакети и комбинации од бесплатни разговори, СМС-пораки и интернет за пониски цени од сегашните. http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-mobilnata-telefonija-kje-padnat-za-najmalku-50-otsto |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
не ми се верува дека ќе ги намалат цените.ќе дадат поповолни пакети со повеќе минути разговор и повеќе пораки,и тоа е тоа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Во Македонија на 100 жители има 108 мобилни телефони
Најголем број мобилни телефони во регионот имаат Црногорците, каде што на 100 жители има 178 претплатници, а по нив следат Хрватите со 113 претплатници на 100 жители, покажуваат податоците од глобалниот индекс на конкурентност на Светскиот економски форум. На овој начин Црногорците се најдоа во друштво со Русите, Финците и Австријците, кои најмногу користат мобилни. Македонија и Албанија се наоѓаат на трето место со по 108 претплатници на 100 жители, додека најмал број корисници на мобилни телефони е забележан во Србија и БиХ, каде што има значителен број на граѓани кои немаат мобилен телефон. Србија има 93 корисници на 100 жители, а БиХ – 89. Ако се погледне пошироко на Балканот, мобилните телефони најмногу ги користат Бугарите, каде што има 146 претплатници на 100 жители. Најголем број на мобилни телефони во светот се користат во Хонгконг, каде што има 228 претплатници на 100 жители. http://www.utrinski.mk/?ItemID=2C166DDC0F1F6F488EF6456D1EA7C50D |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
„Т-мобиле“ овозможи пристап до 4Г-мрежа
„Т-мобиле Македонија“ информира дека на своите корисници им овозможува пристап до 4Г-мрежа. Мрежата, во прво време ќе биде овозможена во поголемиот дел на Скопје (Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода) и во Маврово. Во иднина, информираат од компанијата, 4Г-мрежата ќе се надградува со цел да им биде достапна на сите корисници. Пристапот до 4Г зависи од поддршката на самите мобилни уреди, затоа ќе може да ја користат само оние кои имаат апарати што ја поддржуваат. Исто така, корисниците кои имаат СИМ-картички набавени пред 2009 година ќе треба да ги заменат со нови за да можат да го користат 4Г-пристапот. Мрежата овозможува побрз и поквалитетен пренос на податоци преку мобилните уреди, како и услуги кои сегашната технологија не може да ги овозможи со доволно добар квалитет. http://www.utrinski.mk/?ItemID=95FC1524447BA344BD5BDAB4E4CEFBE8 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
ЛТЕ?
|
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Danndy ![]() Senior Member ![]() Joined: 03-Sep-2010 Online Status: Offline Posts: 410 |
![]() ![]() |
Аахаххахаха е па не знам ![]() I'm on the good shit, don't mind me ![]() |
|
Traveling.
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Македонците сè повеќе купуваат онлајн
Зголемена е свеста за купување преку интернет во Македонија, но од друга страна се уште има граѓани кои се скептични кон овој тип набавка на производи, пред се поради интернет измамите. Истражувањата покажуваат дека приближно 60 проценти од населението во Македонија користи интернет што е првиот предуслов за онлајн купување. Во 2013 година се извршени околу шест проценти трансакции преку интернет што е зголемување за петпати за разлика од 2010 година кога се регистрирани само еден процент онлајн трансакции. Денес се повеќе се отвораат веб страници кои нудат различни производи по многу атрактивни цени. Постојано се зголемува нивниот број така што сега има над 250 е-продавници за разлика од 2010 година кога функционирале околу 10 вакви продавници. Оние кои купуваат преку интернет велат дека позитивната работа е тоа што со ваквиот начин на набавка на производи се заштедува време, а од друга страна на веб сајтовите кои нудат купување преку интернет, има поголем избор на производи. За македонските потрошувачи е интересно онлајн купувањето и поради големите попусти и атрактивните понуди што се нудат на овие сајтови или е-продавници, како и можноста купениот производ да им биде доставен до дома. Резултатите од истражувањата укажуваат дека младата популација најчесто го користи онлајн купувањето, а најмногу се купува облека, обувки, производи за здравје и убавина, како и купони за патувања. http://www.utrinski.mk/?ItemID=A7437A678007C54DB8C5189A3997C753 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ИМАМЕ ПОВЕЌЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ОТКОЛКУ БАНКАРСКИ КАРТИЧКИ
Во земјава има околу 2,2 милиони активни претплатници на мобилните оператори, како и 1,5 милиони платежни картички Мобилен телефон или банкарска картичка? Или и двете? Како мобилните, така и картичките веќе не се само статусен симбол, туку и секојдневна потреба. Но, ако се суди според бројот на активни претплатници во земјава и на иматели на банкарски картички, произлегува дека македонските граѓани повеќе сакаат во џебот да имаат мобилен телефон отколку некоја картичка со која би плаќале. Во земјава има околу 2,2 милиони активни претплатници на мобилните оператори, како и 1,5 милиони платежни картички. Според овој сооднос, не се разликуваме многу од другите земји во регионот. Повеќе на http://www.utrinski.mk/?ItemID=A520C3A1C36708429782AF3BE778160E Edited by Џоле - 21-Feb-2014 at 08:04 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ПОТПИШАНА СПОГОДБАТА ЗА ПОЕВТИН РОАМИНГ ВО РЕГИОНОТ
Пет пати пониски услуги на цените во роаминг за разговори, СМС и интернет меѓу Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, треба да овозможи денеска потпишаната Спогодба за намалување на цените на услугите во роамингот во јавните мобилни комуникациски мрежи. Спогодбата, во Будва, ја потпишаа заменик министерот за информатичко општество и администрација на Македонија Марта Арсовска Томовска, босанскиот министер за комуникации Дамир Хаџиќ, црногорскиот министер за инфирматичко општество и телекомункации Вујица Лазовиќ и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Расим Љајиќ. Реализацијата на спогодбата ќе ја координира тело основано од претставници на регулаторите на државите потписнички. Спогодбата е отворена, што значи дека во иднина, секоја заинтересирана земја, која не е опфатена со неа, може да се приклучи кон иницијативата. - Цените во роаминг за говорни услуги во мобилната телефонија, за смс пораки и интернет сообраќај, ќе бидат намалени, односно нивелирани на нивото на земјите од ЕУ. Услугите ќе бидат за петпати пониски од досегашните, што ќе овозможи граѓаните полесно и почесто да патуваат во земјите од регионот, заради туризам или креирање бизнис, рече по потпишувањето на спогодбата заменик министерката Арсовска. Нашите мобилни оператори, додаде, ја разбираат потребата за овој чин, ќе ги вклучиме во координативното тело и со тоа ќе имаат влијание во неговата работа. Врз основа на разговорите со нив ќе ја направиме динамиката и начинот на кој ќе се намалат цените. - Очекуваме овој потег да влијае и на подобрување на стандардот на граѓаните, истакна Томовска. Со спогодбата е предвидено етапно усогласување на цените на роаминг услугите со цените во земјите од ЕУ. За реализација на спогодбата се надлежни регулаторните тела за електронски комуникации. Надлежните министерства на земјите потписнички на договорот треба да почнат процедура за дополнување на законот за електронски комуникации, со што цените за услугата ќе се регулираат на реципрочна основа. http://www.utrinski.mk/?ItemID=41D9B005BE4ADC48853A42F30CD84989 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
тешко ќе оди ова.ќе има некои скриени работи за да го задржат профитот
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2223242526 28> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |