build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Вести

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 46>
Author
Message
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 05-Apr-2011 at 10:33

Во Крушево ќе никне луксузна туристичка населба

Во%20Крушево%20ќе%20никне%20луксузна%20туристичка%20населбаДваесетина луксузни викенд-куќи, ресторани и мини хотел, ќе се градат во близина на манастирот Свето Преображение во Крушево, дознава "Капитал".

Министерството за транспорт и врски објави јавен оглас преку кој ќе продава државно земјиште со површина од речиси 10.000 метри квадратни. Од вкупно 24 парцели, 21 се наменети за модерни викенд куќи, додека на останатите три парцели ќе се гради мини хотел и два големи ресторани.

Земјиштето за изградба на викенд куќи е со почетна цена од 10 евра, додека почетната цена на парцелите за угостителски објекти, се движи од 20 до 30 евра.

Од општина Крушево велат дека ова би помогнало при развој на туризмот, но бараат државата да се погрижи и околу инфраструктурните проблеми со кои се соочува овој град.

"Стравуваме од инфраструктурни и проблеми со водоводот и канализацијата. Ваквите потешкотии не спречуваат да понудиме комунални олеснувања на идните инвеститори. Комуналиите ќе бидат превисоки, па единствен спас би била одредена помош од страна на државата. Викенд-куќите кои ќе се градат, ќе бидат модерни и висококвалитетни. Се планира нивниот надворешен изглед да биде сличен, за населбата да добие препознатлив карактер. Куќите ќе имаат најмногу до три спрата", објаснуваат за "Капитал" од општината.

Оттаму коментираат дека поголем дел од инвеститорите кои ќе се јават на јавното наддавање, ќе бидат од Скопје, но се надеваат дека за дел од парцелите ќе се заинтересираат и странски бизнисмени. Засега, велат бизнисмени од крушевскиот регион не пројавиле интерес за ваков бизнис.

Министерството за транспорт и врски, периодов активно распродава атрактивно
државно земјиште во повеќе градови. Во моментов, во тек е и постапка за продавање на државни парцели во најатрактивниот дел од Гевгелија, во непосредна близина на граничниот премин Богородица.

http://www.kapital.com.mk/MK/makedonija/26848/vo_krushevo_kje_nikne_luksuzna_turistichka_naselba.aspx
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 05-Apr-2011 at 11:12

Хунзи пред две недели во тајна посета на Богданци

Не се открива дали повод за доаѓањето на кралскиот претставник е камен- темелникот на резиденцијата

Билјана Јовановска


Синот на кралот Мир Газанфар Али Кан пред две недели дошол во тајна посета на Македонија, за која мисли дека тоа е земјата од која потекнуваат неговите предци, античките Македонци. Како што објави „Утрински весник“ пред четири месеци, општината Богданци му подари на кралското семејство од Пакистан 37.000 квадрати државно земјиште за таму да градат кралска резиденција и придружни објекти.

Дали сега е на повидок камен-темелник на резиденцијата или претставникот на лозата дошол само да го види локалитетот, никој не соопштува.

Марина Дојчиновска, која е застапничка на кралот од Пакистан, на прашањето кој бил поводот за посета на принцот на Богданци, вчера само кусо ни одговори: „Погрешни ви се информациите. Пак сакате да правите сензација. Не беше дојден принцот. И што има ’Утрински‘ да се интересира за една приватна посета. Кога ќе се гради, ќе бидете информирани на прес- конференција“, рече Дојчиновска.

Кој и да бил од тројцата синови на Газанфер - Али Кан - Салим, Шерјар или Салман или, пак, кој било друг од семејството, во моментов и не е најважно. Но, факт е дека на 20 март во Богданци имало исклучително високи мерки на безбедност околу Општината. Небаре пристигнал претставник од британската кралска лоза, кој посакал во Македонија да прошета без медиумска помпа.

Богданчани со кои разговаравме велат дека дента бил пазарен ден, тогаш раздвиженоста е многу поголема, но овој пат не можело ни да се приближат до Општината. Биле обезбедувани половина километар наоколу, а оние што сакале да фотографираат биле најгрубо попречувани од локалното обезбедување. Всушност, населението мислело дека некој „многу значаен“ дошол во посета на општината, ама дознале кој бил дури откако гостинот си заминал.

Дојденецот од Пакистан ја посетил „земјата на своите предци“ на покана од здружението „Антички Македонци“ од Богданци. Отишол на локалитетот што неговото семејство великодушно го доби на подарок од државата, а му се допаднала и браната во Паљурци. Неофицијално, бил примен и од повардарскиот митрополит Агатангел, кој му беше придружба на кралот Мир Газанфер Али Кан и при неговата прва посета на Македонија. Наводно, принцот посакал да се сретне и со поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој дури го отстапи и својот „мерцедес“ за развезување на кралот по „Св. Наум“, но додека едни тврдат дека средбата се случила, а други ја негираат.

Меѓутоа, инкогнито посетата на Пакистанецот, кој доаѓа од народот Хунза, кои, пак, според бурушката легенда, се наследници од селото Балтир, основано од војник останат од походите на Александар Македонски, и оттаму се сметаат за негови наследници, има подебели причини.

Тајноста на мисијата се должела на судскиот процес во Хаг, кој Македонија го поведе против Грција, каде што нашите јужни соседи во негативен контекст го спомнале и нашето наводно присвојување на Хунзите. Демек, гостинот од Пакистан не сакал да им наштети на позициите на Македонија во судскиот процес.

Идејата за населување на припадниците на семејството со „сина крв“, кои се чувствуваат како наследници на Александар Велики, е домашен изум. Или, барем, здушно ја турка Марина Дојчиновска, која се претставува како нивен застапник и која во општината го доставила чудното барање. А тоа, кралското барање, било напишано на обично пусулче. Иако луѓе од локалната власт се понадевале дека ете - барем ќе имаат можност да видат кралски печат, добиле барање на 11 реда што не поминува ни во најзафрлена месна заедница. Но, во Општина Богданци, барањето што било доставено од Дојчиновска пред околу една година, а кое ниту имало меморандум, ниту печат ниту, пак, судски доказ дека таа е застапник на кралското семејство, го земале како најсериозен акт. Во него, пак, буквално пишува: „Мир Газанфар Али Кан, Маргала Роуд – Хунза хаус Исламабад, Кралска резиденција Хунза. Ве молиме да не' планирате во Урбанистичкиот план населено место м.в. Болован, Паљурци, КО Богданци, за изградба на кралска резиденција и хотелско-угостителски комплекс на кралското семејство од Хунза со површина од три хектари. Важноста од овој потег најмногу би се отсликала во подобрувањето на врските што ги воспоставивме со народот Хунзи - Македонци од Хималаи, а во интерес на натамошно непречено комуницирање на културен, економски, македонистички план. Воспоставените врски ќе значат и можност за идни натамошни заеднички проекти и од областа на туризмот, со што кралското семејство се занимава неколку години наназад“, стои во писмото.

Индикативно е што Советот на Општината експресно, на 19 мај лани донесе одлука за дополнување на Урбанистичкиот план, на која параф ставил градоначалникот Ристо Ичков од ВМРО-ДПМНЕ. Биле толку ажурни што на 27 мај таа одлука се нашла и во општинскиот „Службен гласник“.

Земјиштето во Паљурци има посебно значење, бидејќи Католичката црква во Македонија веќе деветта година води битка за да ги добие деветте милиони квадрати за кои имаат и тестамент и 30 тапии. Сега жалбата на апостолскиот егзарх г. Киро Стојанов е во Врховен суд и доколку изостане позитивниот исход, случајот ќе стаса до Судот за човекови права во Стразбур. Не коментираат како на Хунзите од Пакистан туку-така Општина Богданци им подари цели 37.000 квадрати државно земјиште, а тие не можат да го добијат своето, но познато е дека за целиот проблем е информиран Ватикан. Дали ваквиот однос ќе ги расипе односите на Македонија со Светиот престолнина, ќе се види многу скоро. Бидејќи, без позитивен исчекор, тешко дека ќе се случи вообичаената аудиенција кај папата, што секоја година ја ужива македонската државна делегација на манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“ во Рим. (Б.Ј.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=022FB868FB04EC439F7AA1AB2938F65C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 07-Apr-2011 at 12:23

zarem akva parkot pocna da se gradi?

Како кошаркарот Пеце Наумовски ја шири градежната империја?!

Александра Спасевска
Како%20кошаркарот%20Пеце%20Наумовски%20ја%20шири%20градежната%20империја?!%20

Со последното државно земјиште, кое минатата недела како единствен купувач го доби фирмата Манд интернационал, кошаркарот Пеце Наумовски си оформи парцела од вкупно 33.553 метри квадратни, на која за неколку години треба да изгради огромен спортски комплекс. Откако минатата година фирмата на Наумовски купи две парцели на кејот на Вардар во населбата Аеродром, на кои веќе почна да се гради аквапарк, во петокот Манд интернационал ја купи и соседната парцела, на која ќе гради спортски центар. Земјиштето се простира на површина од 11.408 метри квадратни, а Наумовски го купи за 2.000 денари за метар квадратен. Наумовски треба да плати само 370.000 евра за државната парцела.

Земјиштето каде што сега се гради аквапаркот Наумовски лани го купи во јавното наддавање на кое ја победи фирмата на неговиот татко, Михајло Наумовски. Двете парцели, со вкупна површина од 32.145 метри квадратни, Манд интернационал, фирмата чија основна дејност е трговија на големо и производи со тутун, ги купи по цена од 2.000 денари за метар квадратен, со почетната цена од 1.900 денари, односно за околу еден милион евра.

Дали случајно при јавното наддавање за овие државни парцели нема други заинтересирани купувачи?! Уште повеќе што на крајот од минатата година општина Аеродром одлучила да го смени деталниот урбанистички план со цел на земјиштето да дозволи изградба на спортско-рекреативен центар наместо сала за хокеј.

И покрај сиве овие околности, Наумовски тврди дека нема ништо спорно во тоа што ја купил соседната парцела на местото каде што веќе го гради аквапаркот

“Тоа беше јавна лицитација на земјиште, каде што јас се јавив како единствен заинтересиран и ја купив парцелата. Ако некој мисли дека сум ја купил евтино и дека било договорено, нека се пријави и нека ја купи, нека инвестира или ако сака, може да биде партнер во инвестицијата”, изјави Наумовски за “Капитал”.

Тој објаснува дека парцелата ја купил за да се комплетира просторот, бидејќи, како што појаснува, на тој начин инвестицијата во аквапаркот ќе биде целосна. Наумовски не сакаше да каже за колкава инвестиција станува збор, ниту, пак, на кој начин и од кои извори ќе ја финансира изградбата на комплексот. Само информираше дека поради сложеноста на зафатот и на уредувањето на земјиштето ќе им бидат потребни многу повеќе пари од првично планираните.

“Досега за пополнување на земјиштето каде што ќе се гради аквапаркот имаме инвестирано повеќе од еден милион евра. Дупката мораше да се пополни со квалитетна земја за да може да се изгради објектот според стандардите, со оглед на тоа што парцелата е на кејот на Вардар. Не би сакал засега во јавноста да излегувам со бројка за вкупна инвестиција, бидејќи тоа се деловни планови на компанијата”, објаснува Наумовски.

Но, со него се поврзуваат и неколку градежни афери. Наумовски е сопственик на неколку атрактивни парцели на Водно, од кои две купи во 2002 година, а една како на заслужен граѓанин му ја подари Владата. Првата афера беше кога фирмата на Наумовски го купи земјиштето во 2002 година за само 25 евра по метар квадратен, додека пазарната цена на парцелите на Водно беше од 200 до 400 евра.

Тој на овој простор, непосредно до поранешниот хотел Панорама, најавуваше дека ќе изгради голем кошаркарски тренинг-центар, наречен Петарленд, но наместо тоа, со неговиот партнер, Зоран Азманов, направија резиденцијални објекти во кои продаваат станови по цена од 1.538 евра за квадрат.

На другата парцела, пак, веднаш до станбената зграда, Наумовски планира да изгради хотел. На оваа локација првично била предвидена изградба на семејна куќа во висина од осум метри, а во 2008 година планот бил ставен на јавна анкета и маркичката на куќата била пренаменета во хотел висок 11 метри.

Скандал изби и со земјиштето во Дебар Маало, кое му го продала поранешната градоначалничка на Центар, Виолета Аларова, во 2002 година иако на него постоел времен објект кој бил сопственост на приватни лица. Земјиштето државата го продавала на фирмата ЦДМ Комин-Душан, зад која стојат Михајло и Петар-Пеце Наумовски, за 535.000 денари, а старите сопственици не можеле да го откупат од општината затоа што веќе било продадено без нивно знаење. По судскиот спор земјиштето го доби фирмата на Наумовски и на него е предвидена изградба на зграда.

Петар Наумовски беше и пратеник од 2002 до 2006 година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а во целиот мандат само четири пати се појави во Собранието.

Во последните неколку месеци Министерството за транспорт продаде неколку атрактивни државни парцели на јавна лицитација на кои се јави само една компанија

Само во последните неколку недели, освен земјиштето во Аеродром на Пеце Наумовски, беше продадено и државно земјиште на неколку други атрактивни локации. Пред две недели државна парцела во Аеродром купи и семејството на Златко Калеников, претседателот на Сојузот на стопански комори и сопственик на автокуќата Кадис. Тој на кејот на Вардар, веднаш до салата МЗТ, каде што Наумовски го гради аквапаркот, ќе гради базен. Земјиштето го купи фирмата Т-Рекс Стојна и други, која е во сопственост на неговите родители. И оваа компанија беше единствена заинтересирана на јавното наддавање и парцелата од 23.624 метри квадратни ја купи за 2.200 денари за метар квадратен, односно вкупно плати околу 850.000 евра.

Пред две недели две атрактивни парцели на плоштадот Македонија Министерството за транспорт & продаде на грчката компанија Демко прајм пропертис на грчкиот милијардер Димитрис Кондоминас. На лицитацијата за парцелите на кои треба да се изгради Офицерскиот дом и хотел фирмата на Кондоминас беше единствен понудувач и стана сопственик на 6.300 квадрати земјиште по цена од 6.100 денари за метар квадратен, односно за околу 630.000 евра.

Како една од најконтроверзните државни парцели кои ги продаде Минситерството за транспорт беше земјиштето под Кале за изградба на хотел, кое го купи Марјан Јованов, тогаш директор на Дирекцијата за нафтени резерви. Иако од Министерството сметаа дека продажбата на земјиштето била транспарентна, Јованов, сепак, си даде оставка од функцијата.

Инаку, Јованов на лицитација, на која учествуваа повеќе понудувачи за парцелата за хотел, за која почетна цена од квадрат изнесуваше едно евро, понуди најмногу, односно 2.500 денари и за 8.745 квадрати плати 358.400 евра.

Јавна лицитација успешна и со еден учесник

Минатата година Министерството за транспорт и врски ја измени уредбата, со што дозволи јавната лицитација да биде успешна и доколку се пријави само еден учесник. Ова практички би значело дека пријавениот само треба да понуди цена повисока од едно евро, макар и за еден евроцент.

Експертите тогаш коментираа дека ваквата законска можност остава голем простор за злоупотреби, особено во време кога државното земјиште се продава по почетна цена од само едно евро за квадрат, а се продаваат атрактивни локации во главниот град. Министерот Јанакиески одлуката ја правдаше како мерка за поттикнување на инвестициите, односно да не пропадне наддавањето доколку се јави само еден заинтересиран инвеститор.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik/25657/kako_kosharkarot_pece_naumovski_ja_shiri_gradezhnata_imperija_!.aspx
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 07-Apr-2011 at 12:32
Originally posted by toasumjas

Забележав дека ја расклопуваат куќава(на хаџиманови беше мислам) изглеа ја спремаат за рушење а мене ми беше слатка



Денес пројдов и забележав дека сепак се работи за реновирање на куќата. Ставаа ПВЦ прозорци кој изглеадаат стопати полоши од предходните. Прозорите и вратата ја правеа оваа куќа.

Edited by toasumjas - 07-Apr-2011 at 12:32
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 11-Apr-2011 at 11:22

Стануваме модерна општина од бетон и од зеленило


Важиме за една од најурбаните општини во земјава, што подразбира многу бетон, но Аеродром сепак е најзелена општина. Во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило по жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8,5 квадратни метри

 
 
%20  

Разговор со Ивица Коневски, градоначалник на Аеродром

Аеродром со забрзано темпо се движи во модерна општина со многу урбани содржини, современи објекти и паркови, вели градоначалникот Ивица Коневски, со кого разговаравме по повод шестиот роденден на општината Аеродром, кој ќе биде одбележан на 12 април. Тој е задоволен од остварувањето на неговата изборна програма за градоначалник, во која на аеродромци им вети гасификација во општината, изградба на индустриски зони, станови за млади брачни двојки, нови градинки и нов културен дом.

- Повеќето од проектите, односно 90 отсто, од нив станаа реалност. Создадовме услови за тие да можат да се остварат. Во ДУП предвидовме изградба на три нови детски градинки, во реонскиот центар Аеродром, Мичурин и Горно Лисиче, од кои едната веќе почна да се гради. Што се однесува до реконструкцијата на училиштата, на едно веќе го сменивме покривот од азбест, повеќето од училиштата добија нови прозорци и опрема, додека во две училишта се отворени нови кабинети по роботика. Поголем број станови за млади брачни двојки се вселени. Гасификацијата, пак, е проект во надлежност на градот Скопје, кој треба да се реализира во соработка со општините и верувам дека тоа ќе се случи во претстојниот период. Во ДУП на локации во Горно и Долно Лисиче предвидовме индустриски зони за лесна индустрија - вели Конески.

Меѓу првите настапивте со видеопрезентирање во 3Д-анимација на проектите за идниот изглед на Аеродром, што предвидува изградба на игралишта, хотели, хелиодром, висококатници. Дали има заинтересирани во привлекувањето домашни или странски инвестиции и, доколку има, кои се тие?
- Со ЗД-презентацијата сакавме да им ги отвориме вратите на потенцијалните инвеститори и да им ги доближиме можностите за инвестирање. Максимално сме задоволни од постигнатиот ефект, бидејќи сите парцели што досега се продадоа ги предвидовме во деталните урбанистички планови. Станува збор за земјиште на кое ќе почнат или почнале да се градат затворен олимписки базен, трговски центар, хотел, висококатници, аквапарк, спортска сала и над 20 згради.

Според наши видувања, Аеродром е предвидена како градска високоурбана средина, што би значело многу бетон и асфалт. Како се грижите за задржувањето на природниот амбиент и зачувувањето на животната средина на граѓаните?
- За нас како општина зеленилото претставува исклучително важен сегмент, на кој му посветуваме максимално внимание. Постојното зеленило го одржуваме, а создаваме и голем број нови зелени површини. Во моментов се гради огромен зелен парк од 35 хектари, кој по Градскиот парк ќе биде втор најголем парк во Скопје. Наскоро ќе почне да се гради нов зелен парк и во населбата Јане Сандански, со плоштад и споменик на овој народен херој. Неодамна, во реонскиот центар изградивме голем зелен парк и помали паркови во другите делови во општината. Иако важиме за една од најурбаните општини во земјава, што подразбира многу бетон, како што кажавте, Аеродром сепак е најзелена општина. Во неа има 28 квадратни метри блоковско зеленило по жител, во споредба со европскиот проектантски стандард од 8,5 квадратни метри.

Дали доволно се ангажирате за подобрување на инфраструктурните и комуналните услови во руралните средини, бидејќи несвојствено е во таква градска општина да има делови од населби со недоизградена комунална инфраструктура.
- Ние сме горди на овој епитет градска општина и за да го оправдаме не ги запоставуваме ниту руралните делови. Вложуваме големи финансиски средства во инфраструктурата за и тие да се урбанизираат. Почнавме изградба на препумпна станица, која се очекува да заврши до крајот на годинава. Работиме на проект за изградба на голем колектор што ќе поминува низ Горно Лисиче. Оваа населба е со 70-процентна покриеност со канализациска инфраструктура. Во тек се подготовки за почнување изградба на уште 20 километри канализациска мрежа во Горно и Долно Лисиче. Покрај канализацијата, асфалтиравме и неколку улици во руралниот дел, како што се Тодор Чангов, Ѓорѓи Капчев, Божин Николов и Горноврановска.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=41111915546&id=14&setIzdanie=22254
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 13-Apr-2011 at 09:02

Чоробенско Ќоше ќе стане модерен комплекс

Изградба на голем административно-комерцијален објект во центарот на Куманово, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски

Откочена е изградбата на административно-комерцијален објект на локалитетот Чоробенско Ќоше во центарот на Куманово, тврди градоначалникот Зоран Дамјановски. Реализацијата на овој проект, кој е најавуван од порано, досега наидувала на пречки, како што се договори за уривање на старите и руинирани објекти, кои го нагрдуваат централното градско јадро.

- Сега е откочена работата. Објектот се планира со подземна гаража со 600-700 паркинг-места, административна зграда, општински административен центар и подрачни министерства, ако имаат желба да се преселат тука. Градежната парцела е 4.800 квадратни метри, а маркицата околу 3.000 квадрати, со седум ката, од кои првите два ката ќе бидат комерцијален центар, за изградбата да има економска оправданост - вели Дамјановски.

Инвестицијата за целиот комплекс, според првичните пресметки е околу седум милиони евра, а средствата, како што вели Дамјановски, ќе се обезбедуваат со обврзници или со кредитно задолжување во банки за 3,5 до 4 милиони евра. Остатокот ќе се обезбедува според принцип на соинвеститорство.

Изградбата на овој објект се очекува да почне во септември или во октомври годинава, во зависност од завршувањето на другите подготовки, како што е договарање со сопствениците на постојните објекти, со надлежните во државава за забрзување на отстапување на државното земјиште на општината. Дамјановски вели дека не треба да се грижат сопствениците на старите објекти во кои се сместени неколку трговски дуќани.

- Во фаза сме на договарање бидејќи за околу 400 квадрати површина има имотни листови. Со сопствениците сме во преговори и поголем дел од нив се вклопени во дел од проектот да им се даде соодветна површина на нови деловни простори со што ќе бидат задоволени нивните потреби. Комплексот треба да биде завршен за 18 до 24 месеци - вели Дамјановски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C5814CC1FB32C748ADA5C0E0F2F0AC5C
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 21-Apr-2011 at 18:25
Скопје добива луксузни мини-градови skopje_luksuzni_mini_gradovi_thumb.jpgАктуелна е изградбата на модерни станбени комплекси кои наликуваат на град во град. Освен централното градско подрачје градилишта се отворија и во Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош 3, Аеродром, каде се градат објекти кои исполнуваат високи стандарди во градежништвото и кои на станарите ќе им ги нудат сите удобности.

Трендот за изградба на нови станбени објекти досега беше видно забележан во централното градско подрачје. На удар најмногу беа Дебар маало, Центар, Карпош, Тафталиџе, па дури и влезот на Кисела Вода. Станбени згради од по четири или пет ката никнуваа на местото на секоја шупа или барака. Зградите во различна боја, модерна фасада, доближени една до друга и со „ѕиркачки“ ефекти во комшиските спални соби сега се обележје на градот. И таман се мислеше дека народот веќе се задоволи од купувањето на станови, настана нов градежен станбен бум во Скопје. Животот во куќа која има убаво уреден двор, со голем тревник остана лезет само за оние вистинските љубители на живот во индивидуално домување. Останатите сакаат да уживаат во домувањето во станови. И токму тука се отвори пазарот и потребата од уште и уште станови. Освен централното градско подрачје актуелни станаа и Ќерамидница, Ново Лисиче, Карпош 3, Аеродром. skopje_luksuzni_mini_gradovi_1.jpgСето она земјиште што досега беше засадено со некои градинарски култури или, пак, беше депонија, сега е градилиште. Трендот да се гради една зграда измина. Сега е актуелна изградбата на модерни станбени комплекси кои наликуваат на град во град. Но, не само тоа и не само тука се гради. Убавините на Водно полека ги снемува. Ако до пред неколку години Основното училиште „Кочо Рацин“ беше еден од поголемите објекти во подножјето на Водно, сега веќе е меѓу најмалите. Тој сѐ уште е во подножјето, но сега веќе не на планината туку на повеќе станбени комплекси кои и натаму се шират како ластик. Ексклузивитетот што го имаше животот на Водно веќе го нема. Сега таму ќе станува борба за паркинг-плац повеќе, а и убавата глетка е нарушена. Погледот сега е насочен во градот што се гради како лего коцки. Масовната изградба на станбени комплекси од страна на приватни инвеститори и фирми ја смени ситуацијата и во поглед на цената на становите. Во модерен и објект изграден со висококвалитетни материјали цената на квадратен метар е пониска или, пак, иста како и во објект стар 20-ина години. Цената на станбениот квадрат во централното градско подрачје изнесува од 900 до 1.100 евра, а во пооддалечените, но поатрактивни населби од 750 до 850 евра. Оваа цена за квадрат воопшто не е причина да се презасити пазарот, барем во текот на оваа година. Приватните фирми велат дека се задоволни од тоа како оди продажбата на становите, а како причина за тоа го наведуваат токму квалитетот на животот што го нудат нивните објекти. Последниве месеци особено се актуелни изградбите на станбени комплекси во Горно Лисиче и во Ќерамидница. skopje_luksuzni_mini_gradovi_2.jpg

Во населбата Горно Лисиче веќе се градат осум станбени објекти. Станува збор за локација на која во деталниот урбанистички план општина Аеродром предвиде изградба на 14 станбени објекти со вкупна површина од над 22 илјади квадратни метри. Но, засега само четири инвеститори ги градат своите објекти. Фирмите „Настел“, „Диас констракшн“, „Глиц“ и „Адора“ ќе изградат 412 станбени единици и 14 деловни простори. Марјан Наков од фирмата „Настел“ вели дека се компанија која сама се финансира и нивните четири објекти ќе бидат изградени без разлика на тоа дали становите се продадени или не.

„Нашата фирма четирите свои објекти до 31 октомври годинава ќе ги изгради до фазата клуч на рака без разлика дали становите ќе се продадат или не. Но, мора да признаам дека досега има голем интерес и добар дел од становите се продадени. За сето тоа придонесува квалитетот на градбата што го нудиме. За првпат во овој дел од градот се градат вака луксузни станови кои се продаваат по не многу висока цена од 945 евра за квадрат. Тоа е цена која може да си ја дозволат и оние луѓе што немаат многу пари, како и тие поимотните. Во нашите четири згради може да се најдат станови од 41,5 квадратни метри, па сѐ до 77 квадрати на приземје“, вели Наков. Според него овој тренд на изградба на многу станбени објекти ќе трае најмногу до крајот на оваа година. Потоа, пазарот ќе се засити, ќе има многу станови за продажба и ќе треба да помине време додека повторно да се јави потребата. И изградбата на луксузниот станбено-деловен центар „Космос“ е во полн ек. Сместен покрај реката Вардар, во населбата Ќерамидница, комплексот е предвидено да биде како град во град. Големата зграда- седумнаесеткатница од комплексот, ќе биде поделена на пет ламели, а ќе има повеќе посебни влезови. Ќе има и помала зграда, која ќе биде поставена полукружно. Двете згради заедно ќе имаат околу 560 стана. Поголемата зграда зафаќа бруто-површина од околу 80.000, а помалата околу 40.000 квадратни метри. Изградбата на комплексот ќе чини околу 30 милиони евра. „Постои навистина голем интерес за купување станови во „Космос“. Тоа причинува големо задоволство затоа што целиот објект се гради по многу високи стандарди, со квалитетни материјали и добро е што купувачите тоа го ценат и покажуваат интерес за живот во ваков мини град.

Целиот комплекс ќе биде готов до крајот на идната година“, вели Ивана Јаневска од фирмата „Фине“ која е инвеститор во „Космос“. Во долниот дел од големата зграда на „Космос“ ќе има деловни простории и шопинг-центар, а на последниот кат ќе има луксузен ресторан, кој ќе ротира и ќе биде со површина од 1.500 до 2.000 квадратни метри. Од него ќе може да се гледа целата панорама на Скопје. Во средишниот дел на овој последен кат ќе бидат сместени и фитнес-центар, базен и сауна за рекреација на станарите, а ќе има и детска градинка. Меѓу двете згради, кои ќе бидат оддалечени 120 метри, ќе има парк и шеталиште. Паркирањето е решено со две подземни гаражи од по два ката под подрумите на зградите, а странично од комплексот е предвидена и гаража на два ката со околу 562 паркинг-плацови, така што ќе бидат задоволени потребите на станарите. skopje_luksuzni_mini_gradovi_3.jpg

Иако големи комплекси, во овие два нема големи висококатници. Но, за градот да не остане покус од таквото задоволство се најде градител заинтересиран да го направи аеродромскиот „Менхетн“, како што се нарекува предвидениот комплекс од три облакодери покрај булеварот Србија во општината Аеродром. Турскиот холдинг „Џевахир“, преку својата локална фирма „Турк мак“ доби градежна парцела од 21.150 квадратни метри, со површина за градење од 14.873 квадрати. Трите висококатници, кои не смеат да бидат пониски од 33 ката, а чија максимална предвидена висина изнесува импресивни 500 метри или 126 ката, ќе се наоѓаат на празното место меѓу касарната „Гоце Делчев“ и бензинската пумпа „Макоил“, покрај булеварот Србија. Градителот сам треба да реши на колку ката ќе ги направи зградите, во рамките на предвидените димензии, но ќе треба внатре во нив да обезбеди 3.167 паркинг- плацови за идните станари. Општина Аеродром, како најмлада во градот, по се изгледа е и најатрактивна за инвеститорите. И фирмата „Адора инженеринг“ инвестира, проектира, изведува и вселува по принцип имотен лист со клуч на рака два нови станбено деловни објекти во Аеродром- Ново Лисиче. Двата објекта ќе имаат вкупно 5.300 квадратни метри станбен простор, 2.026 квадрати паркинг. Овие станбено- деловни објекти се очекува да бидат пуштени во употреба во 2012 година. Претставуваат модерни зданја кои ќе ги подигнат стандардите во градежништвото на повисоко ниво за колективно современо домување. Околу објектите ќе има широк зелен појас до булеварот АСНОМ, зградите се со висока сеизмичност на градба, применети се високи стандарди за енергетска ефикасност и квалитет на вградените материјали. Освен приватни фирми во општина Аеродром гради и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. На булеварот Трета македонска бригада ЈПССДП гради објект со вкупно 152 стана.

Големи станбени згради е предвидено да се градат и на другиот крај од градот, во населбата Тафталиџе. На местото на поранешната фабрика „Алумина“ треба да никнат ексклузивни трговски центри, киносали, галерии, станбени згради, со максимална висина до 30 метри. Исто така, станбено-деловни комплекси ќе имаат и словенечки „Меркатор“ и „Импекс-Л“, која ќе вложи во зграда на местото на бараките на „Гранит“ во Карпош 4. Атрактивни станови се градат и на падините на Водно. „Соравиа Ресорт“ нуди осум вили, секоја од нив со четири до осум станови. Во коплексот спаѓа и една поголема мултифункционална зграда, каде што има ексклузивни апартмани. Во комплексот е предвидено да има и ресторан, базен, сауна и продавници. Објектите имаат сопствен систем за греење и ладење со геотермални пумпи и колектори за сонце како и централно регулирана топла вода. Ваквиот систем е практичен, еколошки и економски исплатлив. Големината на становите се движи од 75 до 190 квадрати, вклучувајќи ги двојните апартмани на два ката. Поголемиот дел од апартманите имаат величествен поглед на Скопје и кон Водно.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2972&Itemid=122
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 04-May-2011 at 09:11

ГРАЃАНИ СО ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ЗАКОНОТ ЗА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ

Да не се градат згради во населби со куќи

Членот 32 од Законот, сметаат подносителите, меѓу кои и пратеничката Лилјана Поповска, отвора можност градоначалниците да се договараат со инвеститорите и да склучуваат коруптивни договори

Група граѓани поднесоа иницијатива до Уставниот суд за преиспитување на уставноста и законитоста на членот 31 од Законот за просторното и урбанистичко планирање. Станува збор за одредбата која дозволува индивидуална градба да се смета дури и објект во кој има осум стана, и тоа со по 250 квадратни метри. Овој член од Законот, сметаат подносителите, досега успеал да ја деградира животната средина во цела метропола. Без разлика на фактот дали урбанистичкиот план е дециден околу индивидуално домување во некоја населба, инвеститори, благодарение на оваа одредба успеваат на местата на малите трошни куќарки легално да изградат висококатници.

Како подносител на иницијативата се јавува пратеничката Лилјана Поповска, но и Стамен Филипов, правник во пензија, кој досега соборил над 200 законски одредби. Поповска вели дека со сегашниот начин на градење се наметнува спротивно правило и затоа на местото на малите куќи се градат повеќекатници. Со тоа се оштетени и урбаните населби и руралните средини. На мали површини се подигаат големи објекти, без доволно простор околу нив за зеленило, паркинг, движење на луѓето.

- Тоа не е индивидуална градба, куќа, тоа е зграда. Тоа е скандалозно и неодржливо. Со тоа се повредува основната поставка на Уставот, во кој се вели дека секој човек има право на здрава животна средина - вели Поповска.

Оспорениот член од Законот за просторното и урбанистичко планирање, потенцира таа, отвора можност локалните градоначалници да се договараат со инвеститорите и да склучуваат коруптивни договори.

Стамен Филипов, исто така подносител на оваа иницијатива, дополни дека пред Уставниот суд го оспориле и целиот Правилник за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање донесен минатата година. Причината за такво нешто е што не може да ги регулира правата и обврските на граѓаните.

- Тоа треба да се направи со Законот. И како второ, Правилникот не е усогласен со европските стандарди, затоа и бараме Уставниот суд да се изјасни и за него -изјави Филипов.

Советниците во општинските совети ги нарекуваат машинерија која ги гласа плановите, без притоа да знае точно што се предвидува и случува. Реагираат и поради кратките рокови на јавни расправи, во кои на граѓаните не им се остава можност да дознаат што се подготвува со плановите.

- Граѓаните дознаваат за вистината дури откако пред нивните куќи, и тоа преку ноќ, ќе изникне дупка, која многу брзо ќе се претвори во висококатница, бидејќи се гради и во саботи и во недели, па и за празници, во недостиг на трудовата инспекција - реагира Поповска.

Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставниот суд, изјави дека предметот е во прва фаза, односно прибираат докази пред да донесат конечна одлука.

Анела Петрова


Градежниот хаос почна од Дебар Маало

Ѓорче Петров, Карпош, Дебар Маало во Центар и Кисела Вода се населбите кои изминативе години се најоштетени од членот 31 од Законот за просторното и урбанистичкото планирање, кој дозволува изградба на згради на местата на мали куќи, сметаат подносителите на иницијативата до Уставниот суд за преиспитување на неговата законитост и уставност.

- С` започна со Дебар Маало во времето кога градоначалник беше Мирослав Грчев. Тоа како модел веќе почна да се пресликува и во другите населби од градот. На градоначалниците тоа убаво им дојде - вели жителка на Хром, една од потписничките на Иницијативата за преиспитување на законитоста на овој член пред Уставниот суд. Вели дека само во Хром, во тесни улици до 3 метри, на повидок е изградба на висококатници на местата на мали куќи, и тоа на повеќе улици меѓу кои Тодор Циповски Мерџан, Воин Драшковци.

- Дали е тоа возможно? Инфраструктурата за електрична енергија, за водата нема да го издржат тоа, исто како во Дебар Маало и во Кисела Вода - додава таа.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=5C666D06358CF04EAE60B0D03CB37E85
Back to Top
daniels View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 09-May-2011
Location: Kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote daniels Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 09-May-2011 at 15:10
Originally posted by axel

<span id="ArticleTitle" ="WB_DNEVNIK_Naslov">Чоробенско Ќоше ќе стане модерен комплекс</span>



<span id="ArticleSummary" ="WB_DNEVNIK_Podnaslov">Изградба на голем административно-комерцијален објект во центарот на Куманово, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски</span>


Откочена е изградбата на административно-комерцијален објект на
локалитетот Чоробенско Ќоше во центарот на Куманово, тврди
градоначалникот Зоран Дамјановски. Реализацијата на овој проект, кој е
најавуван од порано, досега наидувала на пречки, како што се договори за
уривање на старите и руинирани објекти, кои го нагрдуваат централното
градско јадро. - Сега е откочена работата. Објектот се планира
со подземна гаража со 600-700 паркинг-места, административна зграда,
општински административен центар и подрачни министерства, ако имаат
желба да се преселат тука. Градежната парцела е 4.800 квадратни метри, а
маркицата околу 3.000 квадрати, со седум ката, од кои првите два ката
ќе бидат комерцијален центар, за изградбата да има економска оправданост
- вели Дамјановски.Инвестицијата за целиот комплекс, според
првичните пресметки е околу седум милиони евра, а средствата, како што
вели Дамјановски, ќе се обезбедуваат со обврзници или со кредитно
задолжување во банки за 3,5 до 4 милиони евра. Остатокот ќе се
обезбедува според принцип на соинвеститорство. Изградбата на
овој објект се очекува да почне во септември или во октомври годинава,
во зависност од завршувањето на другите подготовки, како што е
договарање со сопствениците на постојните објекти, со надлежните во
државава за забрзување на отстапување на државното земјиште на
општината. Дамјановски вели дека не треба да се грижат сопствениците на
старите објекти во кои се сместени неколку трговски дуќани.- Во
фаза сме на договарање бидејќи за околу 400 квадрати површина има имотни
листови. Со сопствениците сме во преговори и поголем дел од нив се
вклопени во дел од проектот да им се даде соодветна површина на нови
деловни простори со што ќе бидат задоволени нивните потреби. Комплексот
треба да биде завршен за 18 до 24 месеци - вели Дамјановски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C5814CC1FB32C748ADA5C0E0F2F0AC5C


Bi bilo ubavo ako nekoj ima sliki ili plus informacii od proektot da stavi da vidime kako ke izgleda kompleksot.

pozdrav
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 21-May-2011 at 13:23
Македонскиот Лас Вегас ќе се шири

Првокласни хотели, урнебесни казина, трговски и спа центри, бензински станици. Мал луксузен град ќе никне кај Гевгелија. 150 хектари, најголем дел во приватна сопственост, како и државно земјиште. Толкава површина урбанизираше општината за изградба на скапиот комплекс.

Инвеститори веќе преговараат за локациите, а градежната експанзија треба да почне до крајот на годината.

Елитните забави не се ништо ново за македонскиот Лас Вегас. Казино хотелите Фламинго и Принцес, се причина илјадници гости претежно Грци, секојдневно да доаѓаат во Македонија.

- Најмногу гости имаме од Грција, тие се на прво место. Втора земја е Турција. За нив организираме автобуски или авионски тури. Еве и во моментов имаме 120 гости од Турција, рече Ченгиз Текин- генерелаен менаџер на Принцес Рамада Плаза хотел.

Генералниот менаџер на Принцес, Ченгиз Текин, зборува и за економските придобивки на Гевгелија и воопшто на земјата, од работењето на нивниот хотел.

- Месечно трошиме илјадници евра само за храна и пијалоци, половина од вработените, околу 300 се од Гевгелијја, без разлика дали имаме профит или загуба плаќаме фиксни такси, ние работиме за Македонија, вели Ченгиз Текин.

Од отворањето на хотелот Принцес, пред половина година, бројот на грчки посетители во земјата е зголемен за дваесет проценти, споредено со истиот период минатата година.

Казината кај границата, но и кризата во Грција, се причини поради кои гевгеличани очекуваат се повеќе грчки посетители во топлата Гевгелија.

Сузана Мицева
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=75413
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 01-Sep-2011 at 15:33
Државата продава локации за винарии, фабрики и за трговски центри



Во првата половина од овој месец државата ќе понуди на продажба околу 50 локации за изградба на винарии, односно на т.н. вински пат, во Кавадарци, Неготино, Демир Капија и во уште неколку други општини, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески по денешниот состанок на Комитетот за градежна експанзија.

Објави на комплекс локации ќе има и во Петровец за изградба на индустриски објекти, трговски центри, како и локации низ цела Македонија.

- Целта на Владата е привлекување што поголем број домашни и странски инвестиции, како и отворање нови работни места, рече Јанакиески.

Комитетот досега расчисти 1.300 локации кои беа предмет на јавно наддавање. Во најголем дел од нив веќе се почнати градби.

Во ова владино тело со кое претседава премиерот Никола Груевски, освен од транспорт и врски, членуваат и претставници од секторите земјоделство, животна средина, катастар, ... Комитетот ќе им помага, како што истакна Јанакиески, пред се на општините кои ќе продолжат со управување на градежното земјиште.

http://www.time.mk/read/c4fd335093/8829e2884c/index.html
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 17-Sep-2011 at 21:03
Vo cair se slucuva nesto, se nadevam deka kje bide golema zgrada i kje gi skrie kucarkite pozadi



I sproti amerikanskata ambasada




od SSC SRDJAN ADAMOVIC
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 17-Sep-2011 at 22:54
Е оваа спроти американска амбасада ми е сомнителна. Смрди нешто.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 17-Sep-2011 at 23:13
можеби почнале за америте да им дадат `непристоен предлог`
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 22-Sep-2011 at 11:36

Вкупно 175 земјоделски парцели пренаменети во градежни

Владата донесе одлука за пренаменување на 175 парцели земјоделско земјиште во градежно. Според одлука на Владата, објавена во Службен весник, пренаменето е земјоделско земјиште во неколку општини, во голем дел за изградба на бензиски станици и енергетски објекти и за индустриски објекти за изградба на фабрики. Пренаменето е земјоделско во градежно земјиште наменето за изградба на бензиски станици во Боговиње, Велес, Градско, Демир Капија и Свети Николе.

Во Ростуше, Крива Паланка и Пехчево пренаменето е земјоделско земјиште за изградба на мали хидроелектрани. Две земјоделски парцели се оформени за индустриски објекти, едната за изградба на фабрики и мали стопанства, а другата за складишта и магацини. Во Ранковце, Кумановско, Владата донела одлука да се пренамни земјоделско земјиште за изградба на викенд-населби, а во Струга на 30 хектари земјоделско земјиште ќе се гради технолошко-развојна индустриска зона (ТИРЗ).

На почетокот на годината Владата донесе пакет-мерки за поттикнување на градежната експанзија, во која беа предвидени неколку законски измени во делот на пренаменување на земјоделското земјиште во градежно.

Според законските измени, преку либерализацијата на постапката за пренаменување на земјоделското земјиште во градежно се предвидува пренаменување и на трета и четврта класа земјоделско земјиште, со што ќе се зголемат можните места за градење објекти за неземјоделски цели.

http://www.kapital.com.mk/mk/dneven_vesnik.aspx/73844/vkupno_175_zemjodelski_parceli_prenameneti_vo_gradezhni.aspx?iId=2359
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 28-Sep-2011 at 11:35

Се гради зграда среде улица


Ниту соседите ниту од општината Чаир не знаат каков објект никнува на пешачки остров меѓу коловози, иако градбата е веќе стигната до вториот кат

 
 
%20  
Дури ни општината не знае што се гради

Меѓу булеварот Никола Карев и улицата Топанска во Чаир, во средишниот дел на пешачкиот остров, се гради објект. Местото меѓу улиците, кое обично е предвидено за зеленило, мал парк, фонтана, сега е претворено во градилиште. Изградбата се одвива мошне брзо, веќе се кренати два ката.

Граѓаните не знаат што се гради во нивната општина и гласно се прашуваат како е можно да се дозволи градба меѓу улиците. Неколку пати прашувале во општината, но не добиле одговор. Меѓу нив се зборува дека се гради салон за автомобили, некои велат дека ќе биде споменик на некој од албанските борци, но никој не знае што точно се гради во непосредна близина на американската амбасада.

Тие се зачудени како е дозволена градба на толку мал простор, заобиколен со улици.

- Не знаеме кој дозволил вакво нешто. Прво од безбедносни причини овде не може да се гради. Овој дел е фреквентен, има крстосница, постојано има сообраќаен метеж. Недостига уште објект на средина. Не веруваме дека ова е предвидено во плановите - коментираат жителите на овој дел од градот.

Дури ни во општината не се запознаени што точно се гради. Претпоставуваат дека е станбен објект, бидејки тоа е предвидено во деталниот урбанистички план.

- Нашиот референт отиде на терен да види што се случува. На инвеститорот му доставивме писмо да донесе документи за да добие дозвола за градење. Не знаеме што се гради, ама претпоставуваме дека ќе биде станбено-деловен простор, затоа што според деталниот урбанистички план „Стара Топаана“ од 2008 година, на ова место е предвидено колективно домување со деловен простор, и тоа приземје, со три ката и потпокрив - соопштија од општината.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=92811919346&id=14&prilog=0&setIzdanie=22392
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 03-Oct-2011 at 08:02

ВО ТОПААНА, НА НЕКОЛКУ МЕТРИ ОД АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА

Фантомски објект на пешачки остров

На малиот пешачки остров спроти американската амбасада, поточно меѓу булеварот Никола Карев и улицата Топаана никнува градба за која никој не знае во што прерасне. Се работи за локации што ги има речиси на секоја сообраќајница во Скопје и служат за уредување со зеленило или се оградени во вид на жардиниери.

Жители што живеат на улицата Самоилова на Кале се чудат кој дозволил на толку мал простор да се гради што и да е. Веќе неколку недели се обидуваат да добијат информација од Општина Чаир дали с` е законски, дали објектот има дозвола, дали е зацртан во урбанистички план или се работи сепак за дивоградба. Доколку е така, бараат интервенција од Градежниот инспекторат, но не дошле ни до секретарката, камоли до надлежните раководни лица од Чаир. Барале средби, испраќале дописи, но досега никој не ги удостоил со одговор.

Поради тоа се потпираат на шпекулации и кажуваат дека начуле дека градбата ќе биде станбено-деловна зграда.

- Како може на такво место да се предвиди маркичка за објект? Пешачките острови се предвидени само за зеленило. Мое мислење е дека на овој мал плац не би смеело да се дозволи да се гради од безбедносни причини. Не ми е јасно и како се гради спроти амбасада, а никој не реагира - вели Тихомир С., кој живее во близина на мистериозниот објект.

На споменатата локација секојдневно може да се видат работници кои работат со полна пареа. Просторот е ограден и веќе може да се види како е изграден еден, а во ек е изградбата на вториот кат. Според работниците ангажирани на градбата, а кои ги затекнавме на самото место, станува збор за верски објект.

Од Општина Чаир, и по една недела инсистирање на одговор, не излегоа со официјален став за каква градба станува збор. Не даде одговор ни градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, а ни раководителот на Секторот за урбанизам, Џингис Хани. Оправдувањето беше дека се постојано зафатени. Хани, кој е задолжен за урбанистичкото планирање во општината и за издавање градежни дозволи, се огради од одговорност. Изјави дека му треба повеќе од една недела за да провери што е предвидено на оваа локација според урбанистичкиот план.

- Референтот кој е одговорен за тој предмет е на годишен одмор. Што се случува на терен најдобро знае тој - изјави Хани.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=77ED2F5AE8B05D4FACD497EA4BA7611A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 03-Oct-2011 at 08:21

Ќе се гради пензионерски дом во Охрид

Охрид - Локалната самоуправа од Охрид неодамна го донесе урбанистичкиот план со што ја утврди локацијата за изградба на дом за пензионери. Парцелата се наоѓа на брегот на Охридско Езеро во близина на хотелот „Магнус“, така што објектот, најверојатно, ќе биде користен и од лица надвор од Охрид. Вкупната површина на локацијата изнесува 8.500 квадратни метри, додека објектот во основа ќе има 1.000 квадрати. За изградба на овој објект веќе покажале интерес повеќе странски инвеститори, а се очекува проектот да почне да се реализира набрзо.

Информацијата на пензионерите им ја соопшти претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, за што, како повод, ја искористи прославата на 65-годишнината на Пензионерската организација и 20 години од независноста на Македонија.

Со оглед на тоа дека во последните 40 години не е изграден ниту еден таков објект, а засега ги има само во Скопје и во Битола и ниту еден во источна Македонија, веста е примена со симпатии не само меѓу охридските, туку и меѓу пензионерите од целата земја. Овие луѓе сами велат дека го плаќаат данокот на транзицијата и дека минуваат низ најдолгиот тунел во Европа, бидејќи со тоа што се затвораат работни места, постојано се регрутираат нови пензионери, кои се се' посиромашни, но и помлади.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B8F7BF4AEC3E3D48A7C575CF34AF8B7D
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 11-Nov-2011 at 13:37

За сè што е изградено не му должиме никому


Тендерот за подземната сообраќајница треба да излезе деновиве и нејзината траса ќе поминува покрај кејот и покрај плоштадот

 
 
%20  

Рано е да размислувам за нов мандат

Коце Трајановски, градоначалник

Нови улици и булевари, изградба на подземна сообраќајница и трамвај, скијачки патеки на Водно, нов Луна-парк итн. Во пресрет на 13 ноември денот на ослободување на Скопје Градоначалникот, Коце Трајановски, ветува ударничко темпо и во следниот период до крајот на мандатот. За нов вели дека сé уште е рано да размислува, зашто кога има резултати изборите си доаѓаат сами од себе. Како свој најдраг проект го издвојува булеварот Илинденска, кој по повеќе од една година од отворањето не загубил од своето значење и атрактивност.

Да почнеме со границите на нашата метропола, до каде би се ширеле тие во иднина и кои се вашите размислувања?
- Ширењето и границите на градот од аспект на генералниот урбанистички план се одредени со Законот на градот Скопје, со границите на општините и катастарските области на населените места, така што практично не можеме да ги смалуваме. Од аспект на генералниот урбанистички план, до каде се протега ГУП, имаше одредени проблеми, во смисла дали сте во рамките на ГУП или надвор од него, иако ние настојуваме тие различности и услови на живеење да ги доближиме и сите граѓани да имаат исти или слични услови на живеење. Тоа со комунална хигиена веќе го остваруваме, и со изградба на патишта, водоводи, осветлување итн. Границите на ГУП заземаат една од приоритетните задачи што треба да се решат со следниот ГУП. Општините веќе дадоа свои мислења и нема големи отстапувања со сегашните граници од ГУП. Сепак во текот на оваа или идната недела ќе ги поканиме сите градоначалници и раководители на сектори да дискутираме токму за границите и заеднички да се договориме и да ги дефинираме идните граници на генералниот урбанистички план. Често и самите граѓани не сакаат да бидат во генералниот урбанистички план затоа што треба да плаќаат повисоки комуналии.

До каде се активностите за подземната сообраќајница и трамвајот?

- За подземната сообраќајница тендерот треба да излезе овие денови и тоа ќе биде тендер за проектирање на подземната сообраќајница на претходно изработена студија од шпанската компанија „Идо“, при што се дефинира трасата на идната подземна улица што треба да поминува покрај кејот и покрај плоштадот. Проектирањето зависи од компанијата, и тоа трае од шест месеци до најмногу девет месеци, по што треба да направиме тендер за изработка на подземната сообраќајница. Со Владата веќе потпишавме меморандум за соработка, со кој две третини ќе финансира владата, додека една третина градот Скопје. Тендерот треба да биде објавен оваа недела и некаде во јануари би требало да имаме избрано проектант.

Кои се другите проекти и планови за идната година?

- Идната година е булеварот Првомајска, кој би требало да се почне во февруари и неговата градба да заврши за осум месеци, така што кон крајот на идната година ние очекуваме да добиеме булевар од рампата во Кисела Вода до почетокот на „Охис“, гледано од Скопје кон Драчево, со што ќе се подобрат условите за комуникација на општината Кисела Вода со централното градско подрачје. Планираме проширување и на Христијан Тодоровски-Карпош, како и продолжување на Теодосиј Гологанов и на Илинденска и завршување на кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ во Ѓорче Петров. Идната година се надеваме дека ќе имаме и нов Луна-парк, како и да се почне со изградба на скијачките патеки на Водно, што исто така е значаен проект. Во јануари ќе отвориме и тендер за концесионер за изградба на трамвајот во градот Скопје. Идната година ќе го решиме и проблемот со билбордите во градот Скопје, со што градот ќе биде поделен на четири дела и секој од нив ќе има концесионер на билборди.

Во досегашниот период реализиравте многу активности што целосно го изменија ликот на градот. Може ли да издвоите некој проект на кој најмногу се гордеете?
- Сé уште мене како најдобар проект ми е Илинденска, бидејќи повеќе од една година од нејзината изградба не се намалија значењето и атрактивноста на Илинденска, со оглед на тоа што е еден од најпроточните булевари во градот Скопје. Нормално, сега и кружниот тек на Теодосиј Гологанов е нешто ново во градот Скопје, што остави и ќе остава белег.

Имаше одредени тврдења дека градот премногу се задолжува. Каков е кредитниот рејтинг на Скопје?
- Општината има еден од најдобрите кредитни рејтинзи во Република Македонија. Досега на никого не му должиме и нема да должиме. За ова што досега е изградено и се гради ние практично не сме задолжени. Градот Скопје зема кредит за катните гаражи, но не за целосна нивна изградба, бидејќи еден дел ќе биде од буџетот на градот, дел ќе биде од продажба на деловниот простор и преостанатиот дел е од кредитот. Исто така зедовме кредит за набавка на камиони за „Комунална хигиена“, а сега земаме кредит за Првомајска. Овие кредити се со грејс-период од три години и со отплата од околу 10 години. Сега ни останува да издадеме обврзници за делот што треба градот да го плати за подземната сообраќајница за 50 проценти, и тоа е околу 5 милиони евра. Сакам да напомена дека кредитот од ЕБРД е прв заем што банката и го дала на некоја општина, што го докажува добриот кредитен рејтинг на градот.

Какви се проекциите за буџетот за идната година?

- Јас го гледам тековно оперативниот буџет, кој со ребалансот достигна некаде околу 3,4 милијарди денари, додека буџетот за идната година ќе биде 3,95 милијарди денари, што значи зголемување за околу 16 проценти.

 Граѓаните препознаваат изборен маркетинг

Иако до локалните избори има уште време, уште отсега како да се чувствува почетокот на кампањата. Дали размислувате за нов мандат и кои се вашите политички амбиции?

- Сé уште се далеку локалните избори и сé уште има време да дискутираме за плановите. Мене ми е најважно да се остварат ветувањата што се дадени пред граѓаните. Треба повеќе да мислиме на работа, помалку на избори. Изборите си доаѓаат доколку имате резултати сами од себе. Помина она време кога пред изборите во државата се правеа многу активности, многу проекти се почнуваа и завршуваа последните неколку месеци и граѓаните препознаа дека е тоа изборен маркетинг. Мене ме радува што тоа веќе не е практика во Македонија.

 
 

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111111717135&id=14&prilog=0&setIzdanie=22428
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 06-Dec-2011 at 23:25

Од врата право на улица

Чаир е густо населена општина на еден квадратен километар живеат повеќе од 18 илјади жители, па затоа граѓаните имаат потреба од нови градби и проширување на старите, велат од општината




Старите чаирчани велат дека никогаш досега не се градело толку многу

Нови куќи, згради, деловни објекти, доградби, надградби изминатиов период најмногу можат да се видат во општината Чаир, која доживува експанзија во градењето. Старите чаирчани велат дека никогаш досега не се градело толку многу. Но бидејќи просторот е мал, а потребите за градење големи, објекти често се прилепуваат и до самата улица

- На секој чекор се гради, некои прават надградби на стара куќа, а други прават доградби. Не се сеќавам да сум видел толку градежна механизација. Најстрашно е тоа што најчесто новите градби се прават директно на тротоарите, па од оградите со кои се заштитени градилиштата не може да се помине на тротоарите и мора да се движиме на улица - вели Џемшит Ибраими, жител на Чаир.

Граѓаните велат дека и цената на квадратот не била иста како порано. Со зголемувањето на градежните активности се зголемила и цената по квадратен метар станбен простор, односно пред две години бил 500, а сега е околу 700 евра квадратен метар.

Градежниците што ги затекнавме на терен сметаат дека се гради во целиот град, а не само во Чаир, но признаваат дека оваа година има повеќе градежни активности отколку порано.

Од општината Чаир велат дека им пристигнуваат барања за градежни дозволи, но многу повеќе барања имале за промена на деталните урбанистички планови, односно за промена на веќе постојни маркички.
Џингис Хани, раководител на секторот за урбанизам во општината, вели дека Чаир е многу мала општина, но многу густо населена, па затоа луѓето бараат дозволи за нови градби и за проширување.

- Во последно време има многу интерес кај жителите, како за нови градби, така и за проширување на веќе постојните. Бараат да им ги зголемиме габаритот и катноста на објектот. Барањата на жителите се разбирливи затоа што територијата на оваа општина е само 3,52 квадратни километри, а со последниот попис има регистрирано околу 65 илјади жители, што значи дека на квадратен километар живеат повеќе од 18 илјади жители. Чаир е густо населена општина, па затоа граѓаните имаат потреба од нови и проширување на старите градби - објасни Хани.

Омерфејзи Биљали, раководител на инспекциската служба во општината, вели дека инспекторите секојдневно се на терен, каде што проценуваат дали се работи според прописите и добиената дозвола.
- Ако некој сопственик на земјиште или на објект што се гради, не постапува според критериумите и според законските прописи, тие добиваат предупредување од инспекторите, а ако не постапат според предупредувањето, тогаш се казнуваат - објаснува Биљали.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12611948329&id=14&prilog=0&setIzdanie=22449
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 46>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.830 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.